11508/85

WyrokETPCz1989-02-22ECLI:CE:ECHR:1989:0222JUD001150885

Analiza orzeczenia

Sekcja wygenerowana przez AI na podstawie treści orzeczenia — nie stanowi cytatu.

Zagadnienie prawne
Czy skazanie skarżącego za zniesławienie sędziów ławników, których niezawisłość zakwestionował w artykule prasowym, stanowiło naruszenie jego prawa do wolności wyrażania opinii z art. 10 Konwencji?
Ratio decidendi
Trybunał uznał, że skazanie skarżącego za zniesławienie stanowiło ingerencję w jego prawo do wolności wyrażania opinii, która była przewidziana prawem i służyła uzasadnionym celom ochrony reputacji innych osób oraz autorytetu i bezstronności wymiaru sprawiedliwości. Kluczowe było ustalenie, czy ingerencja była "niezbędna w społeczeństwie demokratycznym". Trybunał stwierdził, że skarżący miał prawo krytykować skład sądu, ale jego wypowiedź poszła dalej, oskarżając sędziów ławników o osobistą stronniczość i działanie jako pracownicy władz lokalnych, a nie niezawiśli sędziowie. Ponieważ oskarżenia te nie były poparte dowodami, a sąd krajowy uznał je za poważne i szkodliwe dla reputacji, Trybunał uznał, że państwo miało uzasadniony interes w ochronie reputacji sędziów. Trybunał odrzucił argument, że wypowiedź mieściła się w szerszych granicach debaty politycznej, ponieważ dotyczyła osobistego zniesławienia sędziów pełniących funkcje sądowe.
Stan faktyczny
Skarżący, Bjørn Barfod, duński obywatel mieszkający na Grenlandii, opublikował w sierpniu 1982 roku artykuł w czasopiśmie "Dansk Grønland". W artykule tym skrytykował skład Sądu Najwyższego Grenlandii w sprawie podatkowej z 1981 roku, kwestionując bezstronność dwóch sędziów ławników, którzy byli jednocześnie urzędnikami władz lokalnych, będących stroną w tej sprawie. Skarżący sugerował, że sędziowie ci głosowali jako pracownicy, a nie niezawiśli sędziowie. W wyniku tego został oskarżony o zniesławienie i skazany na grzywnę w wysokości 2000 koron duńskich na podstawie art. 71 ust. 1 grenlandzkiego kodeksu karnego. Wyrok ten został utrzymany w instancjach krajowych.
Rozstrzygnięcie
Trybunał, sześcioma głosami do jednego, stwierdza, że nie doszło do naruszenia artykułu 10 Konwencji.

Pełny tekst orzeczenia

СОВЕТ НА ЕВРОПА   ЕВРОПСКИ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА   СУД (СОВЕТ)   СЛУЧАЈ   BARFOD против ДАНСКА   (Жалба бр.11508/85)   ПРЕСУДА   СТРАЗБУР   февруари 1989 година   BARFOD против ДАНСКА - ПРЕСУДА   Во случајот Barfod, ∗   Европскиот суд за човекови права,формиран, во согласност со член 43 (член 43)   од Конвенцијата за заштита на човековите права и основни слободи   ("Конвенција") и релевантните одредби од неговиот правилник, во совет составен   од судиите чие име следува:   ММ. Р RYSSDAL, претседател,   Ј Cremona,   Г-ѓа Д BINDSCHEDLER-Robert   ММ. Ф GÖLCÜKLÜ,   F. MATSCHER,   B.Walsh,   B GOMARD, ад хок судија   како и ММ. M.-A. EISSEN, секретар, и H.Petzold, заменик-секретар,   Расправајќи на затворена седница на 26 октомври 1988 година и 28 јануари 1989   година,   Ја донесе следнава пресуда, која беше усвоена на истиот датум:   _______________________________*   • Забелешка на секретарот: Случајот носи број 13/1987/136/190. Двете први цифри   го означуваат неговиот ранг во годината на поднесување, двете последни неговото   место на листата на случаи пред Судот од неговото формирање и на оние на   иницијалните жалби ( до Комисијата)   BARFOD против ДАНСКА - ПРЕСУДА   ПОСТАПКА   1. Случајот беше изнесен пред Судот на 16 октомври 1987 година од страна на   Европската комисија за човекови права ("Комисија") и на 4 ноември од страна на   Владата на Кралството Данска ("Влада"), во рок од три месеци утврден во член 32   став 1 и 47 (чл. 32-1, чл. 47) од Конвенцијата. Тој е инициран со жалба (бр.   11508/85) против Данска и нeјзиниот државјанин, г-дин Bjørn Barfod, поднесена до   Комисијата во 1985 година во согласност со член 25 (чл. 25).   Барањето на Комисијата се однесува на членовите 44 и 48 (чл. 44, чл. 48), како и   на данската декларација за признавање на задолжителната надлежност на судот   (член 46) (чл. 46). Како жалба на Владата, нејзината цел е да се донесе одлука за   тоа дали фактите на случајот укажуваат или не на неизвршување на обврските   кои произлегуваат од член 10 (чл. 10) од страна на Државата жалител.   2. Како одговор на поканата предвидена во член 33 став. 3 г) од Правилникот,   подносителот на барањето изрази желба да учествува во постапката што се води   пред судот и го определи неговиот совет (член 30).   3. Советот се конституира по службена должност од г-дин Ј Gersing, избран судија   со данско државјанство (член 43 од Конвенцијата) (чл. 43), и г-дин R.Ryssdal,   претседател на Судот (член 21 став. 3 б) од Правилникот). На 30 ноември 1987   година, тој беше избран со ждрепка од страна на другите пет членови , имено г-   дин Ј Кремона, г-ѓа Д Bindschedler-Robert, г-дин F. Gölcüklü, г-дин B,walch и Г. А.М   Донер, во присуство на секретарот (членови 43 од Конвенцијата и 21 од   Правилникот) (чл. 43).   Потоа, професор B Gomard, назначен од страна на Владата на 28 Септември,   година, во својство на ад хок судија, и Г. F. Matscher, заменик, го замени   соодветно Gersing М, koj почина, и Г. Donner, кој поднесе оставка и чиј наследник   BARFOD против ДАНСКА - ПРЕСУДА   во Судот ја презеде функцијата пред расправата (член 2 став. 3, 22. Став 1, 23   став 1 и 24.став 1 од Правилникот).   4. Откако го презема претседавањето со советот (член 21 став. 5), Г. Ryssdal,   преку секретарот, го консултира Владиниот агент, претставникот на Комисијата и   адвокатот на жалителот за потребата од спроведување на писмена постапка   (член 37 став. 1). На 12 октомври секретарот ја прими претставката на Владата, а   потоа на 25 октомври и 10 ноември, тврдењата на жалителот во врска со член 50   (чл. 50) од Конвенцијата.   5. Со писмо од 27 мај 1988, Владиниот агент го извести Судот за обидот за   меѓусебен договор со жалителот. На 15 јуни, по добивањето на мислењето на   страните со посредство на секретарот, претседателот одлучи усната постапка да   биде отворена на 24 октомври (член 38 од Правилникот), освен ако претходно не   завршат преговорите. На 28 септември, Владиниот агент го информираше Судот   за нивниот неуспех.   6. Јавната расправата се одржа на споменатиот ден, во Палатата на човекови   права во Стразбур. Судот веднаш одржа подготвителен состанок .   Се појавија:   - За Владата   ММ. Т Lehmann, заменик-директор за правни работи,   Министерство за надворешни работи,   агент,   I. FOIGHEL, професор,   совет,   BARFOD против ДАНСКА - ПРЕСУДА   Ј Bernhard, раководител на сектор,   Министерство за надворешни работи,   F : ABRAHAMSEN, заменик-раководител на сектор,   Министерството за надворешни работи,   К.Hagel-SORENSEN, Министерство за правда,   Г-ѓа N.Holst Christensen, раководител на одделение,   Министерство за правда,   советници;   - за Комисијата   Г-дин S. TRECHSEL,   претставник;   - За жалителот   Г-ѓа Korso JENSEN, адвокат   советник.   Судот ги сослуша нивните изјави, како и нивните одговори на поставените   прашања, ММ. Lehman и Foighel за Владата, г-дин Trechsel за Комисијата и Г-ѓа   Korso JENSEN за жалителот.   BARFOD против ДАНСКА - ПРЕСУДА   ФАКТИ   I. ОКОЛНОСТИ НА СЛУЧАЈОТ   7. Дански државјанин роден во 1919 година, жалителот е изработувач на   скапоцени камења и живее во Narssaq, Гренланд.   8. Во 1979 година, Владата на островот одлучи да им наметне данок на данските   државјани кои работат на американските бази инсталирани на островот. Повеќе   од заинтересираните, меѓу кои не e г-дин Barfod, ја нападнаа нејзината одлука   пред Врховниот суд на Гренланд (Grönlands Landsret); тие го сметаа тоа за   нелегално поради тоа што, меѓу другото, немале право на глас при локалните   избори и не добиле никаква поткрепа од Гренландските власти. При разгледување   на спорот, Врховниот суд одлучуваше во состав од еден професионален судија и   двајца непрофесионални поротници, и двајцата функционери на локалната власт.   Судот, едногласно одлучи во корист на овој последниот, со пресуда од 28 јануари   година, која Апелациониот суд на источна Данска (Østre Landsret), ја потврди   на 8 септември 1983 година ("даночен спор од1981 година ").   9. Откако бил известен за оваа одлука на судот, жалителот и посветил една   статија која беше објавена во август 1982 година во списанието "Dansk Grønland".   Во неа, тој го изнесе своето мислење дека двајцата непрофесионални судии   поротници биле дисквалификувани, во согласност со член 62 од Данскиот Устав (   став 15 подолу), и ја оспори нивната способност непристрасно да се произнесат   во случајот против нивниот работодавач.   Во статијата е содржано следното (превод):   "Повеќето членови на локалната власт имале (...) време да се уверат како   BARFOD против ДАНСКА - ПРЕСУДА   двајцата непрофесионални судии поротници на Гренланд - вработени од него,   еден како директор на музеј, а другиот како советник за урбано живееење – ја   вршеле својата должност. Пресудата била донесена со два гласа за и еден против   [комп на.став 13 подолу] во корист на локалната власт и, со оглед на составот на   судиите, лесно може да се замисли кој како гласал. "   10. Професионалниот судија на Врховниот суд оцени дека овие коментари можат   да и наштетат на репутацијата на неговите двајца помошници и оттаму, да ја   поткопаат довербата на граѓаните во правдата. Во својство на шеф на судската   власт на Гренланд, тој го повика началникот на полицијата на островот да   спроведе кривична истрага. Потоа, Г-дин Barfod беше обвинет за клевета, во   смисла на член 71. Став 1 од Кривичниот законик на Гренланд (Grønland за   Kriminalloven, став 17 подолу), пред Окружниот суд (Kredsret) на Narssaq.   11. По решавање на едно претходно прашање, расправата беше одржана на 9   декември 1983 година. Жалителот потврди дека тој ја напишал инкриминираната   статија, но додаде дека судиите поротници не знаеле за даночниот спор, имајќи го   во предвид член 62 од Данскиот Устав ( став 15 подолу), и дека со постапката   поведена против него за клевета е прекршен членот 77, со кој се гарантира   слободата на изразување (став 16 подолу). Во својата пресуда донесена истиот   ден, Окружниот суд од Narssaq одлучи (превод):   "Нема потреба посебно да се разгледува основаноста на пресудата изречена на   јануари 1981 година од страна на Врховниот суд, туку само да се утврди дали   обвинетиот, со неговата статија, ги навредил двајцата од судиите кои во тоа време   одлучувале.   Во соодветниот дел на неговата статија, тој користи зборови, поради кои двете   заинтересирани страни со право можат да се сметаат за жртви на нападот врз   нивната чест.   Слободата на говорот, на која тој се повикува, врз основа на 77 од Уставот не е   BARFOD против ДАНСКА - ПРЕСУДА   повредена: тој има право да ги презентира неговите идеи без никаква претходна   цензура, освен како одговор на правдата.   Од овие причини Судот го прогласи обвинетиот за виновен за кривично дело од   член 71 став 1 од гренландскиот Кривичен законик.   Судот му изрече на жалителот парична казна од 2.000 дански круни.   12. Г-дин Barfod поднесе жалба до Апелациониот суд на источна Данска, но тој се   прогласи за ненадлежен, во корист на Врховниот суд на Гренланд, кој се смета   како надлежен суд за одлучување по жалбата. Во текот на испитување на   случајот, професионалниот судија, дисквалификуван поради тоа што го запрел   гонењето, беше заменет од страна на еден од неговите заменици (став 10 погоре   и 18 подолу).   13. Во својата пресуда од 3 јули 1984 година, со која ја потврдува нападнатата   пресуда, Врховниот суд истакна дека жалителот не го разбрал гласањето во   однос на даночниот спор од 1981 година: ако имало несогласувања во врска со   причините, сите тројца судии би дошле до заклучок во корист на локалната власт (   став 8 погоре). Во однос на кривичното дело на г-дин Barfod, судот го забележа   особено следното (превод):   "Како Окружниот суд, така и Врховниот суд се согласија со обвинителството:   тврдењето дека и двајцата гренландски судии поротници ја извршиле својата   должност - како вработени на локалната власт - претставува сериозно обвинување   што може да им наштети пред јавноста. Никаков доказ не беше обезбеден со кој   би се поддржало ова обвинение; не можеше да се одлучи поинаку, бидејќи не   може да се исклучи дека тие би донеле иста одлука и кога не биле функционери   на локалната власт. Соодветно на тоа, судот одлучи обвинетиот да го прогласи за   виновен за кршење на член 71 став 1 од Кривичниот законик.   BARFOD против ДАНСКА - ПРЕСУДА   Конечно, судот се согласи со обвинетиот, во однос на способноста на двајцата   судии поротници за одлучувале во овој случај, дека тие треба - како што е   посочено од страна на одбраната, и покрај одредени потешкотии во Гренланд при   примената на строги правила во оваа област - да се повлечат од судот, бидејќи   држеле водечки позиции во службата на обвинетиот; обвинетиот имал право тоа   да го пријави.   Имајки ја во предвид, од една страна, сериозноста на обвинението и достапните   информации за ресурсите на обвинетиот - тие ја оправдуваат висината на   изречената глоба - од друга страна, корисноста од привлекување на вниманието   на недостигот на нормативни правила кои се однесуваат на способностите   потребни за одлучување, судот оцени дека треба да ја потврди изречената глоба.   14. Жалителот побара дозвола да поднесе жалба до Врховниот суд (Højesteret),   но Министерството за правда го одби на 14 март 1985 година.   II. ДОМАШНО ЗАКОНОДАВСТВО И ПРАКСА   A. Дански устав   15. Според член 62 од Уставот (Danmarks Riges Grundlov), судската власт мора да   биде одвоена од извршната власт, а законот ги содржи правилата потребни за   оваа намена.   16. Слободата на изразување е заштитена со членот 77, кој гласи (во превод):   "Секој има право да ги изнесе своите идеи преку печатот, ракопис или говор, освен   како одговор на правдата. Цензура и други превентивни мерки никогаш нема да   бидат востановени."   BARFOD против ДАНСКА - ПРЕСУДА   Б Кривичен законик на Гренланд   17.Кривичното дело Клевета е дефинирано во член 71 од Кривичниот законик на   Гренланд (Kriminalloven за Grønland), во кој се наведува (превод):   "[1.] Ќе се казни за клевета секој кој посега по честа на другите со навредливи   зборови или дела, или пушта или шири обвинување со цел да ја компромитира   почитта која презреното лице ја ужива меѓу неговите сограѓани, или да им   наштети, генерално, на неговите односи со трети лица.   2. Сепак, никој не може да биде осуден за докажано обвинение, или направено   добронамерно, а чиј извршител имал обврска да се произнесе или да постапи   заради заштита на јавниот интерес, на својот сопствен интерес или на интересот   на другите.   3. Секој кој поднесува обвинение, обезбедувајки докази за тоа, сепак може да   биде осуден, ако тоа е прекумерно навредливо, или ако тој немал законска   причина да го поднесе.   4. Ако обвинението за клевета е неоправдано, тоа треба да се наведе, на барање   на навредената страна, во диспозитивот на пресудата.   В. Спроведување на правдата во Гренланд   18. Спроведувањето на правдата во Гренланд е под силно влијание на посебните   услови кои таму владеат: древни традиции, огромна земја и многу дисперзирани   живеалишта. Судскиот систем се состои од две нивоа на судови: окружни судови,   BARFOD против ДАНСКА - ПРЕСУДА   првостепени судови, и Врховен суд, Апелационен суд. Во случај кога Врховниот   суд одлучува по жалба или во прв степен, против неговата пресуда може да се   поднесе жалба до Врховниот суд, со посредство на Министерството за правда,   или жалба до Судот на Источна Данска.   Со Врховниот суд претседава негов судија или еден од неговите заменици, кои   имаат правна подготовка. Исто така, одлучуваат и двајца судии-поротници,   назначени за период од четири години од страна на Собранието на Гренланд   (Landstinget) на предлог на судија на Врховниот суд. Што се однесува до   окружните судови, тие се составени од тројца непрофесионални судии, именувани   за период од четири години, првиот како претседател од страна на судија на   Врховниот суд, другите двајца од страна на локалните власти на предлог од   страна на споменатиот судија.   Непрофесионални судии - тоа може да биде секое лице кое има право на глас на   локалните избори – ги врши своите функции, како граѓанска должност, паралелно   со неговата редовна работа.   19. Основен принцип на спроведувањето на правдата, и во Данска и на Гренланд,   е судијата да биде непристрасен и да одлучува само врз основа на законот кој е   во сила и врз основа на изведени докази. Ова се однесува на секое лице кое врши   судска функција, професионално или не.   20. Правилата   за разрешување на судиите се содржани во Законот за   спроведување на правдата во Гренланд. Меѓутоа, тие се пропишани во широка   смисла и во нив не се експлицитно наведени како причина за разрешување,   односите помеѓу вработениот и работодавачот помеѓу судиите и странките.   21. Судијата кој ќе одлучи под влијание на фактори надвор од законот што е во   сила или на изведените докази, на пример од одбраната на неговите   работодавци, врши повреда на службената должност и ќе му бидат изречени   BARFOD против ДАНСКА - ПРЕСУДА   санкции врз основа на со гореспоменатиот закон (дисциплинска повреда) или на   член 28 од Кривичниот законик на Гренланд (злоупотреба на власт).   ПОСТАПКА ПРЕД КОМИСИЈАТА   22. Во неговата жалба од 22 март 1985 година до Комисијата (бр. 11508/85), г-дин   Barfod се пожали на повреда на член 6 став 3 (чл. 6-3) од Конвенцијата, ниту еден   од судиите поротници не бил сослушан како сведок при гонењето; на член 10 (чл.   10), поради неговата пресуда за клевета; и на член 13 (чл. 13), на тоа што   Министерството за правда одби да му дозволи да поднесе жалба до Врховниот   суд. Тој се повикал на член 17 (чл. 17).   23. На 17 јули 1986 година, Комисијата ја запре постапката, наводно за   неоправдано загрозување на слободата на изразување на поединецот,   гарантирана со член 10 (чл. 10); таа ја прогласи жалбата за недопуштена. Во   нејзиниот извештај од 16 јули 1987 година (член 31) (чл. 31), Комисијата заклучи   со четиринаесет гласови за и еден против дека постои повреда на членот 10 (чл.   10).   Интегралниот текст на нејзиното мислење, како и двете одделни мислења кон   него, се наоѓаат во прилог на оваа пресуда.   СПОРЕД ЗАКОН   24. Според жалителот, со пресудата на Врховниот суд на Гренланд, за клевета, е   прекршен членот 10 (чл. 10) од Конвенцијата, кој гласи:   "1. Секој човек има право на слобода на изразувањето. Ова право ги опфаќа   слободата на мислење и слободата на примање и пренесување информации или   идеи, без било какво мешање на јавната власт и без оглед на границите. (...)   BARFOD против ДАНСКА - ПРЕСУДА   2. Остварувањето на овие слободи кои содржат обврски и одговорности, може да   биде предмет на одредени формалности, услови, ограничувања и санкции,   предвидени со закон, кои во едно демократско општество претставуваат мерки   неопходни за државната безбедност, територијалниот интегритет и јавната   безбедност, заштита на редот и спречување на нереди и злосторства, за заштита   на здравјето или моралот, угледот или правата на другите, за спречување на   ширење на доверливи информации или за зачувување на авторитетот и   непристрасноста на судството”   Владата го отфрли овој аргумент, додека Комисијата го прифати.   25. Оваа пресуда претставуваше, јасно и несомнено, мешање од страна на   државен орган во остварувањето на правото гарантирано со член 10 (чл. 10). Но,   таквото мешање се уште не претставува прекршување на Конвенцијата, доколку   се почитуваат условите од став 2 (чл. 10-2) на претходнонаведениот текст.   26. Г-дин Barfod не негира дека се работи за мерка "пропишана со закон" и за   целите определени од страна на Владата, за заштита на угледот на другите и,   посредно, заштита на судската власт. Не повеќе од Комисијата, Судот нема   причина да се сомнева во почитувањето на овие два услова од член 10 став. 2   (чл. 10-2).   27. Единствено спорно прашање е дали мешањето беше "неопходно во едно   демократско општество" за да се постигнат горенаведените цели.   28. Според постојната судска пракса на Судот, државите договорнички уживаат   слобода на процена на постоењето и степенот на таквата потреба, но тоа оди   BARFOD против ДАНСКА - ПРЕСУДА   паралелно со една европска контрола, истовремено на законот и на одлуките што   ги применуваат, дури и кога ги донеле независни судови.   Така, Судот има надлежност конечно да утврди дали некое "ограничување" или   "санкција" е во согласност со слободата на изразување. Притоа, треба да се има   во предвид пресудата од 3 јули 1984 година во светлина на целиот предмет,   вклучувајќи ги релевантните делови од статијата на жалителот и контекстот во кој   тој ја напишал; особено, судот треба да утврди дали санкцијата била   "пропорционална со законската цел", со оглед на значајното место што слободата   на изразување ја има во едно демократско општество (пресуда Muller и други   пресуди од 24 мај 1988 година, серија А бр. 133, стр 21 - 22, ст. 32-33).   29. Во овој случај, пропорционалноста повикува на балансирање на барањата за   целите наведени во член 10 став. 2 (чл. 10-2) со оние на слободна дискусија за   проблемите од јавен интерес (види, mutatis mutandis, пресуда Lingens од 8 јули   година, серија А бр 103, стр. 26, ст. 42). За да се воспостави рамнотежа   помеѓу нив, Судот не треба да го заборави жалителот и Комисијата кои треба да   се воздржат од обесхрабрување на граѓаните, со страв од кривични или други   санкции, да се произнесат за вакви проблеми.   30. Статијата на жалителот содржи два елемента: критика на составот на   Врховниот суд во даночниот случај од 1981 година, потоа тврдење дека двајцата   судии поротници ги исполниле нивните "должности", што во овој контекст би   можело да значи само едно , имено дека тие гласале како вработени во локалната   власт, наместо како независни и непристрасни судии (види точка 9 погоре).   31. Загрозувањето на слободата на изразување на жалителот било предизвикано   само од вториот елемент. Комисијата сепак смета дека биле третирани прашања   од општ интерес кои се однесуваат на правилното функционирање на   администрацијата, вклучувајќи го и судството. Според неа, критериумот за   неопходност во оваа област треба да се третира со посебно внимание: оттаму,   BARFOD против ДАНСКА - ПРЕСУДА   дури и ако статијата може да се чита како напад на двајцата судии-поротници,   поважно е да се дозволи отворена дискусија за функционирањето на правдата,   одошто да се штитат соодветните помошници судии од забелешките, како оние на   жалителот.   Г-дин Barfod ја изрази неговата согласност. Тој посебно потврди дека неговите   коментари кои се однесуваат на прашања од јавен интерес, откриваат   процедурална грешка што му се припишува на судија на Врховниот суд:   назначување на непрофесионални неквалификувани помошници судии.   Според Владата, Комисијата ги минимизира наводните тврдења на жалителот,   сведувајки ги на обична критика на составот на Врховниот суд: тоа реално би   делувало како обвинение за злоупотреба на власта спротивно на член 28 од   Кривичниот законик на Гренланд (види став 21 погоре). Владата го напаѓа, исто   така, и толкувањето од страна на Комисијата на критериумот за неопходност. Таа   смета дека обвинувања на жалителот се клевети, неподдржани со докази, и тие   не придонесуваат за формирање на јавното мислење на начин достоен за   заштита во едно демократско општество, дека судиите поротници навистина биле,   или не биле дисквалификувани за даночниот случај во 1981 година.   32. Врховниот суд на Гренланд својата одлука ја заснова на еден заклучок до кој   дојде при редовното остварување на својата надлежност: изјавувајки дека   двајцата судии поротници ја извршиле својата должност - како вработени во   локалната власт, одлучувајки во нивна корист - статијата беше сериозно   обвинение против нив во очите на јавноста. Затоа, и со оглед на другите   околности на пресудата на жалителот, Судот смета дека мешањето на кое тој се   жалел не било во правец на ограничување на неговата слобода, гарантирана со   Конвенцијата, јавно да го критикува составот на Врховниот суд во даночниот   случај од 1981 година. Пресудата од 3 јули 1984 година, тој експлицитно ја призна   (види став 13 погоре).   BARFOD против ДАНСКА - ПРЕСУДА   33. Исто така, не може да смета дека оспорената казна резултираше со   ограничување во пракса.   Можно беше да се оспори составот на Врховниот суд, без да се нападнат   истовремено двајцата судии поротници. Покрај тоа, ништо не упати на тоа дека г-   дин Barfod имал причина да верува во постоењето, помеѓу двата елементи на   контроверзност покренати од него (став 30 погоре), на тесна корелација за да се   оправдаат неговите изјави во однос на двајцата судии за кои се работи.   Констатацијата на Врховниот суд, за отсуство на какви било докази за точноста на   обвиненијата против нив (види став 13 погоре) останува недопрена. Значи, треба   да се претпостави дека жалителот се потпрел само на еден податок: способноста   на вработените во локалната власт, обвинетиот во даночните случај од 1981   година, што ја поседувале споменатите судии. Така, ако тоа може да предизвика   разлика на мислењата во однос на регуларноста на составот на судот, тоа не   покажува вистинска пристрасност а жалителот не можел тоа разумно да го   игнорира.   34. Легитимниот интерес на Државата да го заштити угледот на двајцата судии   поротници не е во конфликт, со интересот на г-дин Barfod да може да учествува во   слободна јавна дебата за структурната непристрасност на Врховниот суд.   Тоа, сепак, беше земено во предвид при утврдувањето на висината на глобата,   фактот дека изјавата беше дадена во рамки на приговорот, од страна на   жалителот, на составот на судот во 1981 година (став 13 погоре).   35. Г-дин Barfod тврди дека во однос на контекстот на даночниот случај од 1981   година, неговите обвинувања против помошниците на судиите, треба да се   сметаат како релевантни во рамки на политичка дебата, каде прифатливите   критики познаваат пошироки граници.   BARFOD против ДАНСКА - ПРЕСУДА   Судот не можеше да ја прифати оваа теза. Споменатите судии ги вршеле нивните   судски функции. Што се однесува до изјавата, таа не е нападната од причините во   пресудата од 28 јануари 1981 година; Како што Врховниот суд истакна во   пресудата од 3 јули 1984 година, се работеше за клевета, и тоа лично против   судии-поротници, со цел да им се наштети во јавноста и која е пуштена без   никаков доказ (став 13 погоре). Затоа, не може да се смета за релевантен, за   прашањето на пропорционалност, политичкиот контекст во кој е заведен   даночниот случај.   36. Како заклучок, во овој случај не постои никаква повреда на член 10 (чл. 10).   ОД ОВИЕ ПРИЧИНИ, СУДОТ   Одлучи, со шест гласа да и еден против, дека не постои повреда на член 10 ( чл.   10)   Изготвена на француски и англиски јазик, потоа објавена на јавна седница во   Палатата на човековите права во Старзбур, на 22 февруари 1989 година.   Rolv RYSSDAL,   Претседател   Marc-Andre EISSEN   Секретар   Кон оваа пресуда е приложен, во согласност со членовите 51 став 2 (чл.51-2) од   Конвенцијата и 52 став 2 од правилникот, извештај за издвоеното мислење на Г.   Gölcüklü,   R.R.   М.-А.Е.   BARFOD против ДАНСКА - ПРЕСУДА   ИЗДВОЕНО МИСЛЕЊЕ НА СУДИЈАТА GÖLCÜKLÜ   Со целата почит што ја имам за мислењето на мнозинството од моите колеги, жал   ми е што не сум во можност да се приклучам кон заклучокот што го донесе Судот   во овој случај. Еве ги размислувања кои доведоа до моето издвоено мислење:   1. Во статијата, барателот ја довел во прашање непристрасноста на двајцата   помошници судии, двајцата вработени во локалната власт, во случај против   "нивниот работодавач". Тој се повикал на член 62 од данскиот Устав.   2. Без да биде страна и без да има директен или индиректен личен интерес во   претходната постапка во која владата беше обвинета страна, г-дин Barfod немаше   никаква причина за напад на двајцата помошници поединечно. Тој ја доведе во   прашање непристрасноста на двајцата помошници, без да се повика на нивното   фактичко однесување во постапката, но оспорувајки го нивниот квалитет како   владини функционери, односно нивните функционални позиции во рамки на судот   кој би требало да биде независен и непристрасен.   3. И покрај тоа што овие двајца судии поротници не се строго земено политичари,   верувам дека овој случај, во позадина вклучува политички елемент кога станува   збор за критика на даден судски систем, односно тело формирано од   магистратурата на Гренланд, кој, според подносителот на барањето, не   предизвикува доверба на странките.   Според мое мислење, не е можно, да се извлече аргумент спротивен на   афирмација на нашиот Суд во предметот Lingens, каде тој изјави дека   "политичарите" мора да бидат подготвени да издржат повеќе критики од   останатите (пресуда од 8 јули 1986 година, Серија А бр 103, стр. 26, став. 42). Со   овој наод, Судот сигурно не сакал јавната критиика во политиката да ја ограничи   само на политичарите, да ги исклучи од арената на слободни дискусиии и   BARFOD против ДАНСКА - ПРЕСУДА   демократски дебати, државните институции и позицијата на оние кои не се   политичари, строго земено, сепак, да учествуваат во јавниот живот.   4. Демократијата е отворен систем каде што слободата на изразување е од   фундаментално значење, како што овој Суд има наведено во неговата пресуда   Handyside (7 декември, 1976, Серија А бр 24, стр. 29. 49, и конечно пресуда Muller   и други од 24 мај 1988 година, Серија А бр 133, стр. 21. 32). Јас целосно се   согласувам со мислењето на Европската комисија за човекови права, кое гласи:   "(...) ако сакаме нашите граѓани да продолжат да го контролираат извршувањето   на јавните функции, од суштинско значење е строго да се ограничи мешањето во   објавувањето на мислењата во однос на активностите на државните органи,   вклучувајќи ги и судските органи "(извештај, став. 64), и" (...) дури и ако статијата   можеше да се протолкува како напад на интегритетот или угледот на двајца   помошници судии, јавниот интерес да се предизвика јавна дебата за   функционирањето на судството е приоритет во однос на интересите на судиите да   бидат заштитени од критики од видот на онаа што подносителот на барањето ја   има изнесено во неговата статија "(ibidem., став. 71).   5. Сметам дека г-дин Barfod, не рече ништо друго, можеби во однос на термините   малку сурово и силно, тоа е вистина:   - Дека Врховниот суд на Гренланд - кој се согласи со него дека двајцата   помошници судии "треба да се тргнат, да останат настрана од судот" и дека   "обвинетиот имал право да извести", бидејќи тие "имаат водечки позиции во   служба на обвинетиот "(пресуда, став 13.);   - Дека член 62 од данскиот Устав и данската влада - кој " се согласува (...) дека   двајцата помошници судии наведени во статијата на жалителот, како високи   функционери во администрацијата на обвинетиот, треба да се воздржат од   судење, бидејќи овој однос може да предизвика сомневања во нивната   непристрасност "(пресуда, став 42.);   BARFOD против ДАНСКА - ПРЕСУДА   -Дека овој Суд, повеќепати во неговите пресуди: Спроведувањето на правдата не   само што мора да се направи, таа, исто така, мора да се гледа да се направи.   6. Конечно, сакам да нагласам дека Конвенцијата, чија крајна цел е да се   воспостават европски стандарди, не е усогласена со националните посебности,   како што се оние на Владата.   7. Поради горенаведените причини, јас заклучив дека ова мешање во   спроведувањето на правото на жалителот на слободно изразување не може да се   смета за "неопходно во едно демократско општество" и дека затоа постои   повреда на член 10 (чл. 10) од Конвенцијата.

© Rada Europy / Europejski Trybunał Praw Człowieka, źródło: HUDOC (hudoc.echr.coe.int), pozyskano 13.07.2026. · Źródło