11886/05
WyrokETPCz2006-03-02ECLI:CE:ECHR:2006:0302JUD001188605
Analiza orzeczenia
Sekcja wygenerowana przez AI na podstawie treści orzeczenia — nie stanowi cytatu.
Zagadnienie prawne
Czy długotrwały areszt tymczasowy skarżącej, oparty głównie na ciężarze zarzutów i bez rozważenia alternatywnych środków, naruszył jej prawo do wolności i bezpieczeństwa osobistego oraz do rozpoznania sprawy w rozsądnym terminie lub zwolnienia na czas postępowania, zgodnie z art. 5 ust. 3 Konwencji?Ratio decidendi
Trybunał uznał, że władze krajowe nie przedstawiły "istotnych i wystarczających" powodów dla przedłużania aresztu tymczasowego skarżącej. Podkreślił, że choć waga zarzutów jest istotnym elementem oceny ryzyka ucieczki lub matactwa, nie może być jedyną podstawą do pozbawienia wolności, a przedłużanie aresztu nie może służyć antycypowaniu kary. Trybunał skrytykował brak indywidualnej oceny sytuacji skarżącej oraz nierozważenie alternatywnych środków zapobiegawczych, takich jak kaucja czy poręczenie, pomimo wyraźnych przepisów prawa krajowego i złożonego poręczenia parlamentarzysty.Stan faktyczny
Skarżąca, Valentina Andreyevna Dolgova, urodzona w 1986 roku, była członkinią Narodowej Partii Bolszewickiej. 14 grudnia 2004 roku wraz z około czterdziestoma innymi członkami partii nielegalnie zajęła poczekalnię w biurze Prezydenta Federacji Rosyjskiej, wywieszając plakaty i rozdając ulotki z żądaniem rezygnacji prezydenta. Została aresztowana i oskarżona początkowo o obalenie władzy państwowej, a następnie o udział w masowych zamieszkach. Była przetrzymywana w areszcie tymczasowym przez prawie dwanaście miesięcy, do momentu skazania na karę pozbawienia wolności w zawieszeniu.Rozstrzygnięcie
Trybunał jednogłośnie uznał skargę dotyczącą nadmiernej długości aresztu tymczasowego za dopuszczalną, a pozostałą część skargi za niedopuszczalną. Stwierdził sześcioma głosami do jednego naruszenie art. 5 § 3 Konwencji. Sześcioma głosami do jednego zasądził skarżącej 5 000 EUR za szkodę niemajątkową. Jednogłośnie oddalił pozostałe roszczenia skarżącej o słuszne zadośćuczynienie.Pełny tekst orzeczenia
© Совет на Европа/ Европски суд за човекови права, 2012. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (www.coe.int/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот. За понатамошни информации видете ја целосната назнака за авторски права на крајот на овој документ.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2012. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (www.coe.int/humanrightstrustfund). It does not bind the Court. For further information see the full copyright indication at the end of this document.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2012. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (www.coe.int/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour. Pour plus de renseignements veuillez lire l’indication de copyright/droits d’auteur à la fin du présent document.
ПРВА СЕКЦИЈА
СЛУЧАЈОТ НА ДОЛГОВА против РУСИЈА
(Жалба бр. 11886/05)
ПРЕСУДА
СТРАЗБУР
2 март 2006 год.
КОНЕЧНА
03/07/2006
Оваа пресуда ќе стане правосилна во околностите утврдени во членот 44 § 2 од Конвенцијата. Истата може да подлегне на уредувачка ревизија.
Во случајот на Долгова против Русија,
Европскиот суд за човекови права (Првата секција), кој заседаваше како Судски совет составен од:
Г-дин Х.Л. Розакис (C.L. Rozakis), претседател,
Г-ѓа С. Ботоучарова (S. Botoucharova),
Г-дин А. Ковлер (A. Kovler),
Г-ѓа Е. Штајнер (E. Steiner),
Г-дин К. Хаџијев (K. Hajiyev),
Г-дин Д. Шпилман (D. Spielmann),
Г-дин С.Е. Јебенс (S.E. Jebens), судии,
и г-дин С. Нилсен (S. Nielsen), секретар на Секцијата,
Откако го разгледа случајот на затворени седници на 9 февруари 2006 год.,
Ја донесе следната пресуда, којашто беше усвоена на истиот датум:
ПОСТАПКА
1. Случајот потекнуваше од жалба (бр. 11886/05) против Руската Федерација поднесена до Судот согласно членот 34 од Конвенцијата за заштита на човековите права и основни слободи („Конвенцијата“) од страна на руската државјанка г-ѓа Валентина Андрејевна Долгова на 23 март 2005 година.
2. Жалителката, на која и беше доделена правна помош беше претставувана пред Судот од г-ѓата С. Доброволскаја, адвокат со пракса во Москва. Руската Влада („Владата“) беше претставувана од г-динот Лаптев, претставник на Руската Федерација во Европскиот суд за човекови права.
3. Жалбата и беше доделена на Првата секција на Судот (правилото 52 § 1 од Деловникот на Судот). Во рамките на Секцијата, Судскиот совет што требаше да го разгледа случајот (член 27 § 1 од Конвенцијата) беше формиран согласно правилото 26 § 1.
4. На 8 јуни 2005 г. Судот одлучи да ја извести Владата за жалбата. Во согласност со одредбите од членот 29 § 3 од Конвенцијата, тој одлучи да ја разгледа законитоста на жалбата истовремено со нејзината допуштеност. Претседателот одлучи да и даде на жалбата приоритет (правилото 41 од Деловникот на Судот).
5. Владата приговори на заедничкото разгледување на допуштеноста и основаноста на жалбата. Откако го разгледала приговорот на Владата, Судот го отфрлил.
ФАКТИ
I. ОКОЛНОСТИТЕ НА СЛУЧАЈОТ
6. Жалителката е родена во 1986 година и живее во Москва.
А. Настани кои довеле до апсењето и гонењето на жалителката
1. Случајот на обвинителството
7. Жалителката била член на Националната болшевичка партија.
8. Во 12.30 часот на 14 декември 2004 г. четириесет членови на Партијата неовластено влегле во чекалната на Кабинетот на претседателот на Руската Федерација. Некои од нив ги истуркале стражарите на влезот и ја зазеле собата бр. 14 на приземјето. Се заклучиле внатре, ја блокирале вратата со тежок сеф и им овозможиле на другите да влезат преку прозор.
9. До доаѓањето на полицијата членовите на Партијата, вклучително жалителката, мавтале со плакати низ прозорецот на канцеларијата, делеле летоци и извикувале слогани барајќи оставка на претседателот. Тие останале во канцеларијата приближно еден час.
2. Верзијата на жалителката
10. На 14 декември 2004 г. жалителката отишла со своите пријателки да се прошета низ центарот на градот. Одненадеж се нашла во густа гужва и сметала дека е најдобро да оди во ист правец како и сите други. Гужвата ја донела во некоја зграда која испаднало дека е чекалната на Кабинетот на Претседателот. Почувствувала слабост и седнала на подот. Луѓето околу неа викале и извикувале пароли но не можела да сфати што се случувало. Потоа дошла полицијата и сите ги привела.
3. Извештаи на медиумите
11. Медиумите известиле дека на 14 декември 2004 г. група од околу четириесет членови на Националната болшевичка партија се заклучиле во канцеларија на приземјето на Кабинетот на Претседателот.
12. Тие побарале средба со Претседателот, заменикот шеф на Кабинетот на Претседателот, г-динот Суков и советникот за економски прашања на Претседателот, г-динот Иларионов. Тие мавтале низ прозорецот со плакати на кои пишувало „Путин, дај оставка!“ («Путин, уйди!») и делеле летоци со отпечатено обраќање до Претседателот во кое биле набројани десет аспекти во кои тој не го почитувал рускиот Устав и барале негова оставка.
13. Натрапниците останале во канцеларијата час и половина кога полицијата провалила низ вратата. Тие не дале никаков отпор на властите.
Б. Проверка на обвиненијата
14. На 15 декември 2004 г. Хамовническиот окружен суд од Москва наложил жалителката да се притвори по основ дека била осомничена за особено тешко кривично дело. Жалителката не се жалела против налогот за апсење.
15. На 21 декември 2004 г. истражител за посебно важни кривични случаи од обвинителството на Централниот управен округ од Москва ја обвинил жалителката за насилно рушење на државната власт (членот 278 од Кривичниот законик) и намерно уништување и оштетување на туѓ имот на јавни места (членот 167 § 2 и 214).
16. Меѓу 24 декември 2004 г. и 4 февруари 2005 г. жалителката не учествувала во ниедно од истражните дејствија.
17. На 4 февруари 2005 г. Замоскворетскиот окружен суд од Москва го продолжил нејзин притвор до 14 април 2005 г. Во образложението на судот се вели:
„Судот не гледа причина да примени поблага превентивна мерка за [жалителката]. Таа е обвинета за кривично дело согласно членот 278 од Кривичниот законик кое што е класификувано како особено сериозно и кое бара темелна, сеопфатна и објективна истрага.
Без разлика на фактот дека [жалителката] има постојано жителство во Москва, не е осудувана, таа е студент, има позитивни препораки, и е со слабо здравје, земајќи ја во предвид природата и фактичката основа на препишаните дела, тежината на обвиненијата, нејзиниот карактер и другите околности опишани во одлуката на истражителот, смета дека постојат доволно показатели дека, откако ќе се ослободи [жалителката] би можела да избега или на друг начин да ја попречува постапката.“
18. На 3 март 2005 г. Московскиот градски суд по жалбата на жалителката ја потврдил одлуката за притвор на 4 февруари 2005 г. утврдувајќи дела била законска, „доволно образложена и оправдана“.
19. На 21 февруари 2005 г. обвинението на жалителката било изменето и дополнето со учество во масовни нереди, прекршок според членот 212 § 2 од Кривичниот законик.
20. На 11 април 2005 г. Замоскворетскиот окружен суд го одобрил барањето на обвинителството за продолжување на притворот на жалителката до 14 август 2005 г. потпирајќи се на следниве причини.
„Во моментов не постојат никакви причини за менување на превентивната мерка што е применета за [жалителката]... Иако [жалителката] има постојано жителство во Москва, со оглед на тежината на обвинението против неа, фактот дека обвинението е добро засновано, околностите на кривичното дело, нема гаранција дека [жалителката] нема да остане глува на поканите на истражителот и судот доколку биде ослободена од притвор.“
В. Судската постапка
21. На 7 јуни 2005 г. истрагата била завршена и триесет и девет личности вклучувајќи ја и жалителката требале да бидат судени пред Тверсковскиот окружен суд од Москва.
22. На 20 јуни 2005 г. судечкиот суд испланирал подготвителна расправа за 30 јуни 2005 г. Тој го продолжил притворот на сите обвинети забележувајќи дека „основата по која превентивната мерка била претходно наметната, и понатаму постои“ и дека “досието обезбедило доволно причини да се верува дека откако би биле ослободени обвинетите би избегале или би го попречувале судењето“.
23. На 30 јуни 2005 г. судот го закажал почетокот на судењето за 8 јули 2005 г. Тој ги одбил барањата на обвинетите за ослободување, цитирајќи ја тежината на обвиненијата против нив и ризикот од нивно бегство или попречување на правдата.
24. На 10 август 2005 г Тверсковскиот окружен суд ги одбил барањата за ослободување поднесени од многу од обвинетите, вклучително жалителката иако таа поднела лична гаранција од г-динот М. Ротмистров, член на долниот дом на рускиот Парламент. Судот одлучил:
„Судот го зема во предвид тврдењето на обвинетата дека е неопходен поединечен пристап кон ситуацијата на секој обвинет кога се одлучува за превентивна мерка.
Разгледувајќи ја основата по која ... судот наредил притвор во однос на сите обвинети без исклучок ... судот забележува дека овие основи сè уште важат и денес. Затоа, со оглед на здравствената и семејната состојба, возраста, професијата и карактерот на сите испитаници како и личните гаранции понудени од физички лица и додадени на досието на случајот, судот заклучува дека доколку се ослободат секој од жалителите може да избега или да ја попречи правдата на некој друг начин ...
Според гледиштето на судот во овие околности со оглед на тежината на обвиненијата не постои основ за менување или отповикување на превентивната мерка во однос на обвинетата...“
25. На 8 декември 2005 г. Тверсковскиот окружен суд ги прогласил жалителката и останатите со-обвинети за виновни согласно обвинението и им изрекол условна казна од три години затвор. Се чини дека жалителката не поднела жалба против осудителната пресуда
II. РЕЛЕВАНТНО ДОМАШНО ПРАВО
26. Од 1 јули 2002 г. кривично-правните прашања се уредени со Законот за кривична постапка на Руската Федерација (Законот бр. 174-ФЗ од 18 декември 2001 г. „Законот“).
27. „Превентивните мерки“ или „мерките за ограничување“ (меры пресечения) вклучуваат дејствие на не-напуштање на градот или регионот, лична гаранција, кауција или притвор (член 98). Доколку е потребно од осомничениот или обвинетиот може да се побара да даде ветување дека ќе се појави (обязательство о явке) (член 112).
28. Кога се одлучува за превентивната мерка, надлежниот орган е обврзан да провери дали имало „доволен основ да се верува“ дека обвинетиот би избегал за време на истрагата или судењето, дека ќе го повтори делото или попречи утврдувањето на вистината (член 97). Исто така мора да се земе во предвид тежината на обвинението, информациите за карактерот на обвинетиот, неговата или нејзината професија, возраста, здравствената состојба, семејниот статус и други околности (член 99).
29. Судот може да изрече мерка притвор доколку обвинението повлекува казна затвор од најмалку две години, под услов помалку рестриктивната превентивна мерка да не може да се примени (членот 108 § 1).
30. По апсењето осомничениот се носи во притвор „во исчекување на истрагата“. Максималниот дозволен период на притвор во „исчекување на истрагата“ е два месеци но може да се продолжи и до осумнаесет месеци „во исклучителни околности“ (член 109 §§ 1-3). Периодот на притвор во „исчекување на истрагата“ се пресметува до денот кога обвинителот ќе го испрати случајот до судечкиот суд (член 109 § 9).
31. Од датумот кога обвинителот ќе го испрати случајот до судечкиот суд, притворот на обвинетиот е „пред судот“ (или „за време на судењето“). Притвор „за време на судењето“ се пресметува до денот на изрекување на пресудата. Вообичаено не може да надмине шест месеци, но доколку случајот се однесува на тешки или особено тешки кривични дела, надлежниот суд може да одобри едно или повеќе продолжувања не подолги од три месеци секое (член 255 §§ 2 и 3).
ПРАВОТО
I. НАВОДНА ПОВРЕДА НА ЧЛЕНОТ 5 ОД КОНВЕНЦИЈАТА
32. Жалителката се жалеше согласно членот 5 § 1 (в) од Конвенцијата дека нејзиното апсење не било засновано на разумен сомнеж за нејзина инволвираност во кривично дело.
Согласно членот 5 § 3 таа се жалеше на повреда на нејзиното право на судење во разумен рок и тврдеше дека налогот за притвор бил заснован на доволно причини.
Релевантните делови од членот 5 го велат следново:
„1. Секој човек има право на слобода и на безбедност. Никој не смее да биде лишен од слобода, освен во следниве случаи и во согласност со постапка уредена со закон:
...
(в) ако е уапсен или притворен поради приведување пред надлежна судска власт, кога постои оправдано сомнение дека тоа лице извршило кривично дело, или кога постојат оправдани причини тоа лице да се спречи да изврши кривично дело, или по извршувањето на кривичното дело да побегне;
...
3. Секое лице уапсено или притворено според одредбите на став 1(в) од овој член под итно ќе биде изнесено пред судија или друго лице овластено со закон за извршување на судска надлежност и ќе има право на судење во разумен рок или да биде пуштено на слобода додека го чека судењето...“ Пуштањето може да се услови со давање гаранција дека лицето ќе се појави на судењето...“
А. Допуштеност
33. Што се однесува до жалбата на жалителката за недозволен основ за нејзиното апсење, Судот забележува дека таа не се жалела на налогот за апсење (види во параграф 14 горе).
Следи дека оваа жалба мора да биде отфрлена согласно членот 35 §§ 1 и 4 од Конвенцијата за неисцрпување на домашните правни лекови.
34. Што се однесува до жалбата на жалителката за повреда на правото на судење во разумен рок или на ослободување во исчекување на судење, Судот смета дека тоа не е очигледно погрешно засновано во рамките на значењето на членот 35 § 3 од Конвенцијата. Тој понатаму забележува дека не е недопуштена по ниеден друг основ. Затоа мора да се прогласи за допуштена.
Б. Основаност
1. Аргументи на странките
35. Владата се изјасни дека одлуките за притворање на жалителката биле донесени законски и оправдано бидејќи постоеле ризици таа да избега, да се спротивстави и да го повтори делото. Имено, таа дала контрадикторна изјави за нејзиното членство во Националната болшевичка партија и за целите на нивниот влез во чекалната на Кабинетот на Претседателот. Таа била обвинета за сериозни и особено тешки кривични дела и затоа можела да го повтори делото, доколку останела на слобода. Овие обвиненија барале темелна, сеопфатна и објективна истрага. Меѓутоа, доколку била ослободена жалителката можела да изврши притисок на сведоците или да ја прилагоди својата позиција на онаа на нејзините со-обвинети, и со тоа да го попречи утврдувањето на вистината. Дополнително, имало доволно докази за да се верува дека жалителката била член на Партијата чие распуштање било наложено од Московскиот регионален суд на 29 јуни 2005 година заради екстремистички активности на нејзините членови. За време на истрагата, неидентификувани членови на НБП по телефон им се заканувале со физичко насилство на истражителот и на судијата кој им изрекол мерка притвор на обвинетите. Повиците доаѓале од Полска. Жалителката можела да избега бидејќи имала блиски роднини надвор од Русија и бидејќи мајка и била странски државјанка. Нејзиниот адвокат понудил гаранции дека ќе се појави за време на истрагата или на судењето. Владата сметала дека немало повреда на членот 5 § 3 од Конвенцијата бидејќи притворот на жалителката бил заснован на „релевантни и доволни“ причини.
36. Жалителката најпрво ги прогласи поднесоците на Владата како фактички неточни. Таа никогаш не била член на Националната болшевичка партија и доказите на кои се потпирала Владата не биле дел од случајот. Исто така пресудата на Регионалниот суд за распуштање на Партијата била укината по жалбата до Врховниот суд од 16 август 2005 г. Мајката на жалителката била руска државјанка со жителство во Москва; биле обезбедени копија од нејзиниот пасош и печат за жителство. Заканувачки телефонски повици биле упатени во име на нејзиниот со-обвинет и тие немале никакво значење за нејзината ситуација. Конечно, спротивно на тврдењата на Владата нејзиниот адвокат доставил до надлежниот суд лична гаранција од руски парламентарец.
37. Што се однесува до придржувањето до членот 5 § 3 од Конвенцијата, жалителката сметаше дека домашните судови немале „релевантни и доволни“ причини да ја чуваат во притвор толку долго време. Притворот бил најрестриктивната превентивна мерка која не требала да биде применета во нејзиниот случај бидејќи имала постојано жителство во Москва, позитивни препораки од работа, не била осудувана, била студент и руски парламентарец лично гарантирал дека ќе се појавува на суд. Домашните судови во целост биле свесни за овие околности и немало јавен интерес за продолжување на нејзиниот притвор. Таа не можела да ја попречува судската постапка бидејќи сите докази биле собрани и поднесени до надлежниот суд.
2. Оценка на Судот
38. Жалителката била притворена на 14 декември 2004 г. На 8 декември 2005 г. надлежниот суд ја осудил за кривично дело. Периодот што треба да се земе во предвид траел речиси дванаесет месеци.
39. Иако жалителката го оспорила своето учество во криминални активности, Судот забележува дека таа била уапсена во просториите во кои оспорените дела наводно биле сторени. Тој затоа прифаќа дека нејзиниот притвор можеби на почетокот бил оправдан од разумен сомнеж за нејзина инволвираност во извршување на тие дела.
40. Утврдувањето на разумен сомнеж дека лицето што е уапсени го сторило делото е услов sine qua non за законитоста на континуираниот притвор, но после одреден временски период повеќе не доволен. Во такви случаи Судот мора да утврди дали другите основи посочени од судските власти и понатаму го оправдуваат лишувањето од слобода. Кога таквиот основ е „релевантен“ и „доволен“ Судот мора исто така да дознае дали надлежните национални власти покажале „посебна внимателност“ во спроведувањето на постапката (види кај Labita v. Italy [GC], no. 26772/95, §§ 152 and 153, ECHR 2000-IV).
41. Што се однесува до основот за континуиран притвор, домашните судови постојано се потпирале на тежината на обвиненијата, како главен фактор за проценка на потенцијалот на жалителката да избега или да го попречи текот на правдата. Меѓутоа Судот постојано одлучува дека иако тежината на казната со која се соочува лицето е релевантен елемент во проценката на ризикот од бегство или повторување на делото, потребата да се продолжи со лишувањето од слобода не може да се оцени од чисто апстрактна гледна точка земајќи ја во предвид тежината на делото. Ниту пак продолжувањето на притворот може да се користи за да се очекува затворска казна (види Letellier v. France, judgment of 26 June 1991, Series A no. 207, § 51; исто така види Panchenko v. Russia, no. 45100/98, § 102, 8 February 2005; Goral v. Poland, no. 38654/97, § 68, 30 October 2003; Ilijkov v. Bulgaria, no. 33977/96, § 81, 26 July 2001).
42. Ова особено важи за случаи како овој пред нас кога карактеризацијата на фактите во законот – и на тој начин казната со која се соочува жалителката – била утврдена од обвинителството без судско разгледување на прашањето дали доказите кои биле собрани го поддржувале разумниот сомнеж дека жалителката го сторила наводното дело со што заслужила казна со релевантната должина (cf. Rokhlina v. Russia, no. 54071/00, § 66, 7 April 2005). Навистина, првичното обвинение за насилно рушење на власта во државата, кое било особено сериозно кривично дело според домашната класификација било прифатено од Окружниот суд на 4 февруари 2005 г. без никаква истрага, иако подоцна било изменето со полесно обвинение за учество во масовни нереди. Сепак на 11 април 2005 г. истиот суд во налогот за продолжување се произнел дека така изменетото обвинение било „добро засновано“ без да наведе некакви причини за таквиот наод.
43. Судот забележува дека единствениот друг основ за континуираниот притвор на жалителката бил наодот на домашните судови дека немало никакви околности кои го оправдувале нејзиното ослободување. Меѓутоа во нивните молби за ослободување жалителката и нејзиниот адвокат посочила одредени аргументи кои можеле да наметнат сомнеж врз законитоста и оправдувањето за нејзиниот притвор. Тие поднеле дека таа не била претходно осудувана и дека немало никаква опасност од бегство затоа што таа имала постојано жителство во Москва, студирала на универзитет, имала позитивни препораки од работа, и страдала од слабо здравје. Иако постоењето на овие факти биле признати во домашните одлуки и нивната точност не била оспорена од никој, домашните судови ги третирале како ирелевантни, постојано одлучувајќи дека тежината на обвиненијата носеле поголема тежина отколку конкретните факти кои го олеснувале ослободувањето на жалителката (види во параграфите 17, 20 и 24 горе). Одлуката на Окружниот суд од 11 април 2005 г. изречно посочила дека жалителката не успеала да покаже дека немало можност таа да избега (види во параграфот 20 горе).
44. Судот повторува дека континуираниот притвор може да биде оправдан во даден случај само ако постојат конкретни индикации за вистинската потреба од јавен интерес која без разлика на пресумпцијата на невиност, надвладува над правилото за почитување на личната слобода. Секој систем на задолжителен притвор е per se некомпатибилен со членот 5 § 3 од Конвенцијата (види Рохлина, цитиран горе, § 67; Илијаков, цитиран горе, §§ 84‑85).
45. Затоа е задолжително за домашните власти да утврдат и да покажат на убедлив начин постоењето на конкретни факти кои се релевантни за основата за континуиран притвор. Префрлањето на товарот на докажување на притвореното лице по такви прашање е еднакво на отфрлање на правилото од членот 5 од Конвенцијата, одредба според која притворот е отстапување од правото на слобода во исклучителни околности и како таков е дозволен во исцрпно набројани и строго дефинирани случаи.
46. Властите се немаат повикано на ниеден друг основ за да се оправда континуираниот притвор на жалителката. Владата се изјаснила дека жалителката требала да остане во притвор бидејќи таа била член на распуштена политичка партија чии членови им се заканувале на истражителот и судијата, бидејќи таа можела да ги смени своите изјаснувања или да влијае на своите со-обвинети и бидејќи мајка и биле странски државјанин. Документираните докази обезбедени од жалителката како на пример копија од рускиот пасош на мајка и, пресудата на Врховниот суд во случајот во врска со распуштањето на Националната болшевичка партија фрлаат сомнеж врз искреноста на изјаснувањата на Владата. Во секој случај не е задача на Судот да го заземе местото на националните власти кои одлучувале за притворот на жалителката и да даде сопствена анализа на фактите аргументирајќи за или против притворот (види Nikolov v. Bulgaria, no. 38884/97, § 74, 30 January 2003; Labita v. Italy, cited above, § 152). Овие конкретни тврдења за првпат биле изнесени во постапка пред Судот, и домашните судови никогаш не упатиле на овој основ во своите одлуки.
47. Судот понатаму нагласува дека кога се одлучува дали едно лице треба да биде ослободено или притворено властите имаат обврска согласно членот 5 § 3 да разгледаат алтернативни мерки за обезбедување на негово или нејзино појавување на судењето. Оваа одредба на Конвенцијата го прогласува не само правото на „судење во разумен рок или ослободување во исчекување на судењето“ туку исто така поставува дека „ослободувањето може да биде условено со гаранции дека ќе се појави за судењето“ (види Sulaoja v. Estonia, no. 55939/00, § 64 in fine, 15 February 2005; Jabłoński v. Poland, no. 33492/96, § 83, 21 December 2000).
48. Во актуелниов случај за време на целиот период на притворот на жалителката властите не ја зеле во предвид можноста за осигурување на нејзиното присуство со примена на други „превентивни мерки“ – како што се кауција или ветување дека ќе се појави – кои се изречно уредени во руското право за да се обезбеди соодветно спроведување на кривичните постапки (види во параграф 27 горе). Конкретно на 10 август 2005 г. надлежниот суд ја одбил молбата на жалителката, иако обезбедила лична гаранција дадена не само од приватно лице туку и од член на рускиот Парламент. Исто така, во ниеден момент во постапката домашните судови не објасниле во своите одлуки зошто алтернативите на лишувањето од слобода не би овозможиле судењето да се одвива по соодветен тек. Пропустот е само дополнително направен нефлексибилен од фактот дека новиот Закон за кривична постапка изречно бара домашните судови да ги искористат помалку рестриктивните „превентивни мерки“ како алтернатива на притворот (види во параграф 29 горе).
49. Исто така, Судот забележува дека судските одлуки со кои се продолжувал периодот на притвор на жалителката не ги зеле соодветно во предвид нејзините лични околности. На 20 и 30 јуни и 10 август 2005 г. надлежниот суд ја искористил истата формула за образложение во одбивањето на молбите за ослободување и за да го продолжи притворот на триесет и девет лица, без разлика на изречното барање на одбраната дека состојбата на секој притвореник треба да се разгледа поединечно. Според гледиштето на Судот, овој пристап не е компатибилен како таков со гаранциите што се вградени во членот 5 § 3 од Конвенцијата што се однесува на тоа дека тој ќе го дозволи континуираниот притвор на група на лица без проценка на основите за притворот случај по случај или без придржување на барањето за „разумен рок“ во однос на секој поединечен член на групата.
50. Што се однесува до гореспоменатото, Судот смета дека со тоа што не се осврнале на конкретни факти или не разгледале алтернативни „превентивни мерки“ и со потпирање во основа на тежината на обвиненијата, властите го пролонгирале притворот на жалителката по основ кој не може да се смета за „релевантен и доволен“. На тој начин властите не успеале да го оправдаат притворот на жалителката во текот на периодот што се разгледува. Во вакви околности не е неопходно да се разгледува дали постапката била спроведена со „посебна внимателност“.
Затоа имало повреда на членот 5 § 3 од Конвенцијата.
II. НАВОДНА ПОВРЕДА НА ЧЛЕНОТ 10 ОД КОНВЕНЦИЈАТА
51. Жалителката се жалеше согласно членот 10 од Конвенцијата дека одлуката за покренување на кривична постапка против неа била поттикната од нејзиното учество на јавен собир на кој се делеле летоци.
52. Судот забележува дека жалителката не ја обжалила осудителната пресуда. Следи дека оваа жалба мора да биде отфрлена согласно членот 35 §§ 1 и 4 од Конвенцијата за неисцрпување на домашните правни лекови.
III. ПРИМЕНА НА ЧЛЕНОТ 41 ОД КОНВЕНЦИЈАТА
53. Членот 41 од Конвенцијата уредува:
„Ако Судот оцени дека постои повреда на Конвенцијата или на нејзините протоколи, и ако внатрешното право на засегнатата Висока страна договорничка дозволува само делумно обесштетување, Судот и доделува на оштетената страна, доколку е потребно, правичен надоместок.“
А. Материјална штета
54. Жалителката ја оцени материјалната штета на 37.693 руски рубљи („РУР“) што претставувало нејзината загуба на заработувачка за време на притворот и износите потрошени на пакети со храна додека била во центарот за притвор.
55. Владата посочи дека одлуката да се претпочита кривично обвинение против жалителката не подложело на разгледување на Судот во актуелниот случај. Затоа немало никаква поврзаност меѓу загубената заработувачка и трошоците за храна и наводната повреда.
56. Судот одлучи дека немало поврзаност меѓу утврдената повреда и побаруваната парична отштета. Последователно, не гледа причина да и додели на жалителката некаква сума во овој дел.
Б. Нематеријална штета
57. Жалителката побаруваше 500.000 евра („ЕУР“) за надоместок на нематеријална штета.
58. Владата сметаше дека износот е претеран и се изјасни дека немало поврзаност меѓу наводната повреда и бараната нематеријална отштета. Во секој случај наодот на повреда би претставувал доволен правичен надоместок.
59. Судот смета дека жалителката мора да претрпела фрустрации, беспомошност и чувство на неправда како последица на одлуката на домашните власти да ја држат во притвор без доволно причини. Тој одлучи дека жалителката претрпела нематеријална штета, што не би била соодветно надоместена со утврдување на повреда. Соодветно на тоа, правејќи ја својата проценка на правична основа и особено имајќи ја на ум ранливата возраст на жалителката, Судот и доделува 5.000 евра („ЕУР“), плус секаков данок што можеби се наплаќа за тој износ.
В. Трошоци и издатоци
60. Жалителката побаруваше 7.000 рубљи за правни трошоци во домашните постапки и 2.600 рубљи за подготовка на жалбата пред Судот. Таа исто така побаруваше 25.000 евра за идни трошоци за постапките во Стразбур.
61. Владата одговорила дека само актуелни, а не и идни трошоци треба да се рефундираат.
62. Судот забележува дека жалителката добила 715 евра како правна помош за претставување од г-ѓата Доброволскаја. Со оглед дека жалителката не оправдала настанување на никакви реални трошоци кои го надминувале тој износ, Судот не доделува ништо во овој дел.
Г. Казнена камата
63. Судот смета дека е соодветно казнената камата да се заснова на маргиналната стапка на позајмување на Европската Централна Банка на која треба да се додадат три процентни поени.
ОД ОВИЕ ПРИЧИНИ, СУДОТ
1. Едногласно ја прогласува жалбата на претераното времетраење на притворот на жалителката за допуштена, а остатокот на жалбата за недопуштена.
2. Одлучи со шест гласа наспроти еден дека имало повреда на членот 5 § 3 од Конвенцијата;
3. Одлучи со шест гласа наспроти еден
(а) дека тужената Држава треба да и плати на жалителката, во рок од три месеци од датумот на кој пресудата ќе стане правосилна согласно членот 44 § 2 од Конвенцијата, 5.000 евра (пет илјади евра) за нематеријална штета, конвертирани во руски рубљи според курсот кој ќе важи на датумот на исплатата плус секој данок кој можеби се наплаќа.
(б) дека од истекувањето на гореспоменатите три месеци до исплатата проста камата ќе се плаќа на гореспоменатите износи по стапка еднаква на маргиналната стапка за позајмување на Европската Централна Банка во текот на казнениот период плус три процентни поени;
4. Едногласно ги отфрла останатите побарувања на жалителката за правичен надоместок.
Изготвено на англиски јазик, и доставено на писмено на 2 март 2006 година, согласно правилото 77 §§ 2 и 3 од Деловникот на Судот.
Сорен Нилсен Христос Розакис
Секретар Претседател
Во согласност со членот 45 § 2 од Конвенцијата и правилото 74 § 2 од Деловникот на Судот, мислењето на несогласување на г-динот А. Ковлер е приложено кон оваа пресуда.
Х.Л.Р.
С.Н.
Издвоените мислења не беа преведени но, се појавуваат на англиски јазик и француски јазик во верзиите на официјален јазик на пресудата кои може да се најдат во датабазата на судска пракса на Судот HUDOC.
© Совет на Европа/Европски суд за човекови права 2012.
Официјални јазици на Европскиот суд за човекови права се англискиот и францускиот. Овој превод е изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (www.coe.int/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот, ниту Судот презема било каква одговорност за неговиот квалитет. Преводот може да се префрли од HUDOC базата на податоци за судската пракса на Европскиот суд за човекови права (http://hudoc.echr.coe.int) или од други бази на податоци со кои Судот го споделил. Може да биде репродуциран за некомерцијални цели под услов да се наведе потполниот наслов на предметот заедно со горната назнака за авторски права и споменувањето на Human Rights Trust Fund. Ако постои намера да се употреби некој дел од овој превод за комерцијални цели, Ве молиме контактирајте ги [email protected].
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2012.
The official languages of the European Court of Human Rights are English and French. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (www.coe.int/humanrightstrustfund). It does not bind the Court, nor does the Court take any responsibility for the quality thereof. It may be downloaded from the HUDOC case-law database of the European Court of Human Rights (http://hudoc.echr.coe.int) or from any other database with which the Court has shared it. It may be reproduced for non-commercial purposes on condition that the full title of the case is cited, together with the above copyright indication and reference to the Human Rights Trust Fund. If it is intended to use any part of this translation for commercial purposes, please contact [email protected].
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2012.
Les langues officielles de la Cour européenne des droits de l’homme sont le français et l’anglais. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (www.coe.int/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour, et celle-ci décline toute responsabilité quant à sa qualité. Elle peut être téléchargée à partir de HUDOC, la base de jurisprudence de la Cour européenne des droits de l’homme (http://hudoc.echr.coe.int), ou de toute autre base de données à laquelle HUDOC l’a communiquée. Elle peut être reproduite à des fins non commerciales, sous réserve que le titre de l’affaire soit cité en entier et s’accompagne de l’indication de copyright ci-dessus ainsi que de la référence au Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme. Toute personne souhaitant se servir de tout ou partie de la présente traduction à des fins commerciales est invitée à le signaler à l’adresse suivante : [email protected].
© Rada Europy / Europejski Trybunał Praw Człowieka, źródło: HUDOC (hudoc.echr.coe.int), pozyskano 14.07.2026. · Źródło