12582/03

WyrokETPCz2008-09-25ECLI:CE:ECHR:2008:0925JUD001258203

Analiza orzeczenia

Sekcja wygenerowana przez AI na podstawie treści orzeczenia — nie stanowi cytatu.

Zagadnienie prawne
Czy przewlekłość postępowania cywilnego i egzekucyjnego naruszyła prawo do rozpoznania sprawy w rozsądnym terminie z art. 6 ust. 1 Konwencji?
Ratio decidendi
Trybunał uznał, że postępowanie cywilne i egzekucyjne należy traktować łącznie przy ocenie rozsądnego terminu. Stwierdził, że postępowanie przed Sądem Najwyższym było niedopuszczalnie długie (prawie 2 lata i 7 miesięcy) w sprawie o odszkodowanie za uszkodzenia ciała, co wymagało szczególnej staranności. Dodatkowo, postępowanie egzekucyjne trwało ponad siedem lat i charakteryzowało się okresami bezczynności sądu, nieskutecznymi działaniami oraz nieuzasadnionym oczekiwaniem na rozstrzygnięcie równoległych postępowań, bez formalnego zawieszenia. Trybunał odrzucił argument rządu o braku środków dłużników, wskazując na brak dowodów i sprzeczność z decyzją sądu apelacyjnego.
Stan faktyczny
Skarżący, Angelcho Savov i jego rodzice, wnieśli pozew o odszkodowanie za szkody materialne i niematerialne wynikające z obrażeń odniesionych przez Angelcho w bójce. Po długim postępowaniu cywilnym, które zakończyło się wyrokiem Sądu Najwyższego w 2001 roku, skarżący zainicjowali postępowanie egzekucyjne. Postępowanie to, trwające ponad siedem lat, napotkało liczne trudności, w tym spory o własność nieruchomości dłużników i okresy bezczynności sądów krajowych. W 2008 roku postępowanie egzekucyjne nadal trwało.
Rozstrzygnięcie
Skarga dotycząca nadmiernej długości postępowania uznana za dopuszczalną, pozostała część skargi za niedopuszczalną. Stwierdza naruszenie art. 6 ust. 1 Konwencji. Zasądza od pozwanego państwa na rzecz skarżących kwotę 2000 euro tytułem zadośćuczynienia za szkody niemajątkowe, powiększoną o wszelkie należne podatki, płatną w walucie krajowej po kursie obowiązującym w dniu zapłaty. Odrzuca pozostałą część roszczeń skarżących o słuszne zadośćuczynienie.

Pełny tekst orzeczenia

CONSEIL   DE L’EUROPE   COUNCIL   OF EUROPE   COUR EUROPÉENNE DES DROITS DE L’HOMME   EUROPEAN COURT OF HUMAN RIGHTS   ПЕТТИ ОДДЕЛ   САВОВИ И ДРУГИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА   (Жалба бр.12582/03 )   ПРЕСУДА   СТРАЗБУР   СЕПТЕМВРИ 2008   Оваа пресуда ќе стане конечна во согласност со условите предвидени во   член 44 став 2 од Конвенцијата. Истата може да биде предмет на   редакциски измени.   Напомена: Македонскиот превод на текстот на одлуката на Европскиот суд   за човекови права е исклучиво информативен и од него не произлегуваат   никакви права и/или обврски. Единствено официјалниот текст на одлуката на   Европскиот суд за човекови права на англиски и/или француски јазик, објавена   од страна на Судот е автентичен и се смета за оригинал. Не е дозволено   објавување на овој превод на било каков начин без претходна дозвола од   страна на Министерството за правда на Република Македонија, освен во   случај доколку се користи за информирање.   САВОВИ И ДРУГИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА   Во случајот Савови и други против Република Македонија,   Европскиот Суд за човекови права (Петти оддел), заседавајќи во совет   составен од:   Peer Lorenzen, претседател,   Volodymyr Butkevych,   Renate Jaeger,   Isabelle Berro-Lefèvre,   Mirjana Lazarova Trajkovska   Zdravka Kalaydjieva, судии,   и Claudia Westerdiek, секретар на судот,   Расправајќи на затворена седница на 2 септември 2008,   Ја донесе следнава пресуда, усвоена на истиот тој датум.   ПОСТАПКА   1. Случајот бил инициран со жалбата бр. 12582/03 против Република   Македонија вложена пред судот согласно членот 34 од Конвенцијата   за заштита на човековите права   и основните слободи   (“Конвенцијата“) од страна на тројца македонски државјани г-дин   Ангелчо Савов (“првиот жалител“), г-ѓа Ристика Савова (“вториот   жалител“) и г-дин Васил Савов (“третиот жалител“) на 24 март 2003.   Вториот и третиот жалител се родители на првиот жалител.   2. Жалителите биле застапувани од страна на г-дин Трајче Торов,   адвокат кој работи во Штип. Македонската Влада (“Владата“) е   застапувана од својот агент, г-ѓа Р. Лазареска Геровска.   3. На 3 септември 2006 Судот одлучил да ја комуницира жалбата што се   однесува на должината на постапката во парничната и извршната   постапка, земени заедно, до Владата. Со примена на членот 29 став 3   САВОВИ И ДРУГИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА- ПРЕСУДА   од Конвенцијата, тој одлучил да донесе одлука за допуштеноста и   основаноста на жалбата истовремено.   ФАКТИ   ОКОЛНОСТИ НА СЛУЧАЈОТ   4. Жалителите биле родени во 1791, 1947 и 1938 соодветно и живеат во   Штип.   5. На 6 февруари 1996 жалителите поднеле тужба против г-дин Г. , во   тоа време малолетен, и против г-ѓа М. И г-дин Б, родители на г-динот   Г.(“тужените“), побарувајќи компензација за материјална   и нематеријална штета, како резултат од повредите со кои се здобил   првиот жалител во тепачка со г-динот Г. Во текот на постапката,   жалителите го подигнале нивното првично барање поради повредите   кои биле подоцна утврдени.   6. Помеѓу 25 септември и 9 декември 1996 биле закажани пет расправи,   од кои три биле одложени поради експертските вештачења. На 9   декември Основниот суд Штип одлучил делумно во полза на   жалителите, доделувајќи им помала отштета од таа што ја   побарувале. Оваа пресуда била укината од страна на Апелациониот   суд Штип со одлука од 18 јуни 1997 по жалбите и од двете страни.   7. На 15 октомври 1997 Основниот суд Штип делумно го уважил   барањето на жалителите и ги задолжил тужените заеднички да ги   надоместат вториот и третиот жалител за материјалната загуба, како   и да ја покријат нематеријалната штета претрпена од првиот жалител.   8. На 25 февруари 1998 Апелациониот суд Штип, по жалба од   жалителите, укинал дел од одлуката на понискиот суд во врска со   барањето за изгубена добивка на првиот жалител. Тој ја потврдил од   одлуката во преостанатиот дел.   САВОВИ И ДРУГИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА   9. На 25 мај 1998 жалителите поднеле барање за ревизија пред   Врховниот суд. На 22 мај 1999 првиот жалител побарал приоритет за   случајот, но без успех.   10.На 11 јануари 2001 Врховниот суд делумно ја усвоил ревизијата на   жалителите и ја зголемил отштетата по однос на нематеријалната   штета. На жалителите им била доставена оваа одлука на 23 март   2001.   11.На 17 април 2001 жалителите побарале извршување на горните   одлуки пред Основниот суд Штип (“извршниот суд“). Тие ги   предложиле следниве средства за извршување: запленување на   паричните фондови на тужените или попис, процена и продажба на   нивниот движен и недвижен имот. Тие исто така побарале од судот да   го спречи г-динот Б. од продавање или оптоварување на станот, кој   наводно го поседувал. Се чини дека жалителите не ги платиле   судските такси на време и судот не одлучил по нивното барање за   ставање на времена мерка врз станот.   12.За 21 март 2002 бил закажан увид на лице место во станот-предмет   на извршување. Расправа била одржана, сепак, во судската зграда.   Во таа прилика, жалителите побарале од судот да прибави докази во   врска со неподвижниот имот на тужените.   13.На 21 јуни 2002 жалителите побарале од судот, како алтернатива, да   нареди попис и јавна продажба на куќа (“куќата“), наводно во   сопственост на г-динот Б. Нивното барање за извршување што се   однесува до станот не било доведено во прашање. Тужените тврделе   дека куќата не била изградена, како и дека г-динот Б. немал право на   сопственост ворз станот.   14.На 19 септември 2002 судот извршил увид на лице место и утврдил   постоење на куќата. Тој понатаму им наредил на жалителите да   обезбедат доказ дека г-динот Б. има сопственост врз куќата.   15.На 15 ноември 2002 жалителите побарале продолжување на   извршната постапка во однос на станот и на куќата. Тужените го   оспориле тоа барање, наведувајќи дека тие немаат право на   САВОВИ И ДРУГИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА- ПРЕСУДА   сопственост врз предметните средствата. Со оглед на тоа што станот   бил под хипотека во банка, жалителите побарале нивното   побарување да биде извршено откога од продажбата ќе биде вратен   заемот земен од банката. Банката побарала, доколку судот го   продаде станот, кој бил наводно општествен, договорот за кредит да   биде разрешен на начин што хипотеката би била избришана од   официјалните списи.   16.На 17 јуни 2003 година жалителите побарале од извршниот суд да го   забрза извршувањето.   17.На расправа на 11 јули 2003, жалителите поднеле потврда, издадена   од локалните власти во 1981, со градежна дозвола за г-динот Б да ја   гради куќата. Тужените ја оспориле потврдата како доказ за   сопственост и изјавиле дека куќата била пренесена, врз основа на   договор за подарок, во сопственост на ќерката на г-днот Б. (г-ѓа Б.Н.)   18.На 1 септември 2003 жалителите побарале од извршниот суд да го   спречи г-динот Б. во продажба на куќата до завршување на   извршувањето.   19.На 11 и 12 ноември 2003 извршниот суд излегол на терен, но не   продолжил со извршувањето со оглед на тоа што станот бил   заклучен. На 12 ноември, жалителите побарале од судот да обезбеди   информација во однос на тоа дали тужените поседуваат моторно   возило.   20.На 26 декември 2003 судот уште еднаш бил во станот и извршил   попис на подвижните предмети.   21.Во одделни постапки иницирани од страна на првиот жалител, на 6   јули 2004 година Основниот суд Штип одлучил дека договорот за   подарок (види точка 17 погоре) од 28 мај 2001, со кој г-дниот Б. го   пренел владението врз куќата на г-ѓата Б.Н., е изземен од правен   ефект до износот која би бил доволен да го намири барањето на   првиот жалител (види точки 7-10 погоре). Тој понатаму и наредил на   г-ѓата Б.Н. да го дозволи извршувањето во однос на куќата што и ја   пренел г-динот Б. врз основа на договорот за подарок.   САВОВИ И ДРУГИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА   22.На 21 април 2005 Апелациониот суд Штип ги одбил жалбите од г-   динот Б. и г-ѓата Б.Н. и ја потврдил одлуката на понискиот суд.   23.На 6 септември 2005 извршниот суд ја преотворил постапката,   одредувајќи увид на куќата. Увидот на терен се случил на 20   септември 2005. Куќата била заклучена, но судот му наредил на   ваштото лице да ја процени. Тој исто така издал времена мерка за   спречување на продажба на куќата.   24.Во друга постапка, г-ѓата Б.Н. и г-динот Г.Н., нејзиниот маж, побарале   од Основниот суд Штип да признае дека тие имаат право на   сопственост врз куќата. На 5 октомври 2005 судот го усвоил тоа   тужбено побарување и пресудил дека барателите се стекнале со   сопственост врз куќата како резултат од тоа што ја изградиле со   сопствени средства. На истиот датум, оваа одлука станала конечна   со оглед на тоа што г-дин Б. и г-ѓа М. се откажале од своето право на   жалба.   25.На 20 ноември 2005 извршниот суд го одбил барањето на тужените за   одложување на извршувањето, поднесено врз основа на парничната   постапка опишана во претходната точка. Осврнувајќи се на   постапката опишана во точката 21, судот одлучил дека одделни   постапки во врска со истиот имот, но на различна основа, само ќе го   одложат извршувањето на решението од 16 мај 2001.   26.На 16 март 2006 извршниот суд им наложил на жалителите да   предложат алтернативни мерки на извршување, со оглед на тоа што   решението не можело да биде извршена врз куќат, со оглед на тоа   што таа не била веќе во сопственост на тужените, а според   правосилната пресуда одлука од 5 октовмри 2005 (види точка 24   погоре).   27.На 14 септември 2006 жалителите побарале од извршниот суд да   продолжи со извршната постапка врз станот. Тие исто така побарале   од судот да му нареди на г-динот Б. да не го отуѓува станот.   28.На 10 октомври 2007 извршниот суд ги повикал жалителите да   предложат алтернативни мерки и средства за извршување, под   САВОВИ И ДРУГИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА- ПРЕСУДА   закана за прекин на постапката. Судот предочил дека наредбата не   може да биде извршена во однос на движниот имот најден во станот   (види точка 20 погоре) со оглед на тоа што тие биле исклучени од   извршување; куќата не била веќе во сопственост на тужените и   станот, сеуште предмет на хипотека, не можел да биде продаден   според Законот за општествени станови од 2004. Приговорот на   жалителите на оваа одлука бил неуспешен.   29.На 15 февруари 2008 извршниот суд, повторувајќи го своето наоѓање   наведено погоре, ја запрел постапката поради недостиг на средства   на страната на тужените. На 20 мај 2008 Апелациониот суд Штип ја   уважил жалбата на жалителите и го вратил случајот на повторно   разгледување. Тој нашол дека ставот на понискиот суд за недостигот   од средства не бил доволно основан и образложен. Тие биле во   спротивност со фактот дека тужените имале право на сопственост врз   станот врз основа на договор за продажба од 1993. Оттука, судот го   упатил понискиот суд да ги преоцени доказите за да утврди дали   извршниот суд може да продолжи во однос на станот.   30.Во текот на извршната постапка, тужените предложиле извршување   преку запирање на средства од месечната плата на г-динот Г.   Жалителите го одбиле тој предлог со оглед на високиот износ на   нивното барање.   Б.Релевантно домашно законодавство   1. Закон за извршната постапка   31.Според членот 2 од Законот за извршна постапка (“Законот“), кој бил   во сила во тој период, извршната постапка се иницира на барање на   доверителот.   32.Членот 27 од законот ги пропишува следните средства за   извршување на долговите по пресуда: 1) продажба на подвижен   имот, 2) продажба на недвижен имот, 3) пренос на парично   САВОВИ И ДРУГИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА   побарување, 4) претворање во пари на имотни права и 5) пренос на   средства што се водат на сметка кај заводот за платен промет.   33.Според членот 29 од законот, судовите ги извршуваат пресудите со   она средство и врз оние предмети кои се наведени во барањето за   извршување.   34.Членот 141 од законот пропишува дека извршувањето врз   недвижности се спроведува преку прибелешка на решението во јавна   книга, утврдување на вредноста на недвижноста, продажба на   недвижноста и намирување на доверителите од износот добиен со   продажбата.   35.Членот 142 (1) од законот пропишува дека , inter alia, кон предлогот за   извршување врз недвижноста, доверителот поднесува извод од јавна   книга, како доказ за тоа дека недвижноста е запишана како   сопственост на должникот.   ПРАВО   I. НАВОДНА ПОВРЕД НА ЧЛЕНОТ 6 СТАВ 1 ОД КОНВЕНЦИЈАТА   36.Жалителите се жалеле дека должината на парничната и извршната   постапка, земени заедно, не биле во согласност со барањето за   “разумен рок“ пропишано со членот 6 став 1 од Конвенцијата, според   кое:   “Во определувањето на неговите граѓански права и обврски...секој има   право на...судење во разумен рок од страна на...трибунал...“   А. Допуштеност   37.Владата не истакна приговор во однос на допуштеноста на жалбата.   38.Судот смета дека оваа жалба не е очигледно неоснована во смисла   на членот 35 став 3 од Конвенцијата. Тој понатаму забележува дека   таа не е недопуштена по ниедна друга основа. Оттука, мора да биде   прогласена за допуштена.   САВОВИ И ДРУГИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА- ПРЕСУДА   Б. Основаност   1. Поднесоци на странките   39.Владата изнесе дека основната-парнична, и извршната постапка   треба да се сметаат за две одделни постапки. Што се однесува до   постапката за основот на извршување, тие спореле дека случајот   покренал сложени фактички прашања, кои наложувале експертски   вештачења. Тие понатаму останаа при тоа дека судовите го земале   во разгледување случајот на жалителите навремено. Единствено   постапката пред Врховниот суд траела подолго, но тоа било поради   сложеноста на случајот. Конечно, тие изјавиле дека одредени   одложувања треба да им се припишат на жалителите со оглед на   нивните барања за зголемување на нивното иницијално барање, како   и поради барањето за дополнително вештачење.   40.Што се однесува до извршната постапка, Владата изнесе дека   недостигот на средства на страната на тужените имало влијание врз   извршувањето на барањето на жалителите. Врз станот била ставена   хипотека и тужените немале право на сопственост врз куќата (види   точка 24 погоре). Останало жалителите, како доверители, да   предложат алтернативни мерки на извршување врз средствата во   сопственост на тужените.   41.Тие понатаму тврдеа дека жалителите придонеле кон должината на   извршната постапка со одбивањето да го прифатат средството за   извршување предложено од страна на тужените (види точка 24   погоре). Нивниот пропуст за навремено плаќање на судските такси   исто така придонел кон должината на постапката (види точка 11   погоре).   42.Конечно, тие заклучија дека националните судови ги воделе   постапките со должно внимание и редовно закажувале увиди на   терен. Постапката останала отворена со цел да се овозможи на   САВОВИ И ДРУГИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА   жалителите да го извршат своето барање кога би имало достапни   средства. Тие исто така изјавиле дека новиот Закон за извршување   од 2005 обезбедува мерки кои би ги поправиле системските   недоследности и одложувања создадени со законот.   43.Жалителите ги оспорија аргументите на Владата по однос на   постапката за основаноста и одрекуваа било какви одложувања кои   можат да им се припишат ним.   44.Тие понатаму изнесоа дека извршната постапка е од итна природа.   Понатаму, предметот на случајот барал посебно внимание на   страната на судовите. Исто така, тие останаа при тоа дека станот бил   запишан во јавните книги на име на тужените, кои меѓувреме го   отплатиле заемот кон банката. Дополнително, извршниот суд требал   да изврши продажба на станот независно од заемот, со оглед на тоа   што банката не се противела на продажбата (види точка 15 погоре).   Што се однесува до аргументот на Владата за нивниот пропуст да ги   платат судските такси, тие останале при тоа дека имале недостиг на   средства и дека соодветно, требало да бидат изземени од плаќање.   Средствата за извршување предложени од тужените (види точка 24   погоре) не би биле ефикасни со оглед на тоа дека г-динот Г. нема   никаква заработка со оглед на тоа дека во 2005 година била отворена   стечајна постапка врз неговиот работодавач.   2. Оцена на Судот   45.Судот забележува дека жалителите се жалеа дека барањето за   судење во разумен рок било повредено во однос на двете постапки,   парничната и извршната, земени во целина. Во таа врска, судот се   осврнува на својата пракса во смисла на тоа дека извршната   постапка може да биде земена во предвид заедно со претходната   граѓанска тужба кога се оценува согласноста со барањето за разумен   рок содржано во членот 6 став 1 од Конвенцијата (види , на пример,   DI Pede v. Italy and Zappia v. Italy, пресуда од 26 септември 1996,   САВОВИ И ДРУГИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА- ПРЕСУДА   Извештаи за пресуди и одлуки 1996-IV, стр. 1383-1384, став 20-24 и   стр. 1410-1411, став 16-20, соодветно).   46.Што се однесува на конкретниот случај, Судот забележува дека   постапката започнала на 6 февруари 1996, кога жалителите го   поднеле своето барање пред Основниот суд Штип. Сепак, периодот   кој потпаѓа под надлежноста на судот не започнува на тој датум, туку   на 10 април 1997, по стапувањето во сила на Конвенцијата во однос   на Република Македонија (види Lickov v. Republic of Macedonia, no.   38202/02, став 21, 28 септември 2006).   47.Во оценката на разумноста на периодот изминат по тој датум, мора   да се води сметка за стадиумот на постапката на 10 април 1997 (види   Ziberi v. Republic of Macedonia, no. 27866/02, став 41, 5 јули 2007). Во   врска со ова, Судот забележува дека во тој момент постапката траела   преку една година и два месеца за еден степен на надлежност.   Релевантниот период сеуште не е завршен, со оглед на тоа што   извршната постапка е сеуште во тек.   48.Судот потсетува дека разумноста на должината на постапката мора   да се цени во светло на околностите на случајот и со оцена на   следниве критериуми: сложеност на случајот, однесувањето на   жалителите и релевантните власти, како и влогот на жалителот во   спорот (види Markoski v. Republic of Macedonia, no. 22928/03, став 32,   ноември 2006).   49.Судот смета дека постапката не била од особено сложена природа.   Одредена сложеност се појавила со потребата да се изврши   вештачење. Сепак, основната одговорност за одложувањето   предизвикано од вештачењата лежи во државата (види Stojanov v.   Republic of Macedonia, no. 34215/02, став 60, 31 мај 2007).   50.Судот не може да забележи одложувања кои можат да се припишат   на жалителите , настрана од нивниот пропуст да ги платат судските   такси навремено (види точки 11, 40 и 43 погоре) и да предложат   алтернативни мерки за извршување како што било побарано од   извршниот суд (види точки 26 и 27 погоре).   САВОВИ И ДРУГИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА   51.Што се однесува до основната-парничната постапка, Судот   забележува дека таа завршила на 23 март 2001, кога одлуката на   Врховниот суд од 11 јануари 2001 им била доставена на жалителите.   Судот заклучил дека додека првостепениот и второстепениот суд   одлучувале по предметот на жалителите со разумна брзина,   постапката пред Врховниот суд била недозволиво долга. Судот   забележал дека биле потребно безмалку две години и седум месеци   за овој суд да одлучи по барањето за ревизија на жалителите. За   време на тој период, Врховниот суд само го разгледал случајот по   однос на ревизијата и не прибавил никаков докази ниту преземал   некое процесно дејствие (види Mihajlovski v. Republic of Macedonia, no.   44221/02, став 38, 31 мај 2007). Тој период не може да се смета за   разумен со оглед дека е потребно особено внимание во споровите   што се однесуваат на определување на отштета во случаите на   телесна повреда (види Dika v. Republic of Macedonia, no. 13270/02,   став 59, 31 мај 2007).   52.Што се однесува до извршната постапка, Судот забележува дека таа   започнала на 17 април 2001 и дека конечната пресуда сеуште не   била извршена ниту после седум години.   53.Судот смета дека извршниот суд не посветил потребно внимание при   спроведување на извршната постапка. Петте излегувања на лице   место за недвижниот имот на тужените биле неефикасни (види точки   12, 14, 19, 20 и 23 погоре). Исто така, се чини дека постојат периоди   на целосна неактивност на страната на судот – осум месеци помеѓу   ноември 2002 и 11 јули 2003 (види ги точките 15 и 17 погоре) и пет   месеци помеѓу 5 октомври 2005 и 16 март 2006 (види ставови 24 и 26   погоре). Понатаму, забележително е дека извршната постапка била   во мирување близу две години (види точки 20 и 23 погоре). Се чини   дека извршниот суд го чекал исходот од парничната постапка во која   првиот жалител успешно ја оспорил валидноста на договорот за   подарок.   САВОВИ И ДРУГИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА- ПРЕСУДА   54.Во врска со тоа, Судот потсетува дека можеби би било разумно за   националните судови да го почекаат под одредени околности исходот   од паралелната постапка како мерка на процесна ефикасност. Оваа   одлука мора да биде разумна имајќи ги во предвид посебните   околности на случајот (види, mutatis mutandis, Konig v. Germany,   пресуда од 28 јуни 1978, серија А, бр. 27, став 110, Boddaert v.   Belgium, пресуда од 12 октомври 1992, Серија А, бр. 235-Д, став 39 и   Pafitis and others v. Greece, пресуда од 26 февруари 1998, Извештаи   1998-I, став 97). Судот забележува дека, во односниот случај,   извршувањето не било формално прекинато или запрено со цел да се   сочека исходот од оваа постапка. Конечно, било потребно повеќе од   една година за извршниот суд да ги повика жалителите да предложат   други начини и средства за извршување (види став 28 погоре).   55.Дополнително, Владата не презентирала ниеден доказ за поддршка   на својот аргумент дека барањата на жалителите останале   неизвршени со оглед на недостигот на средства на страната на   тужените. Одлуката на Апелациониот суд од 20 мај 2008 ги потврдува   овие наоѓања. Одбивањето на жалителите да ја прифатат забраната   на плата за г-динот Г. како средство за извршување не може да биде   искористена против нив со оглед на недостигот на средства кај г-   динот Г. (види став 43 погоре).   56.Во светло на критериумите согласно судската пракса и со оглед на   сите околности на случајот, Судот смета дека оспорената должина на   постапката пропуштила да го задоволи барањето за разумен рок.   57.Оттука, има повреда на членот 6 став 1 од Конвенцијата.   II.ДРУГИ НАВОДНИ ПОВРЕДИ НА КОНВЕНЦИЈАТА   58.Жалителите понатаму се жалеа според членот 1 од Протоколот 1 ,   затоа што, поради должината на извршната постапка, тие не биле во   можност да го остварат своето барање. Тие исто така се жалеле на   САВОВИ И ДРУГИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА   пропуштањето на извршниот суд да одлучи по нивното барање во   врска со наредувањето на тужените да не го отуѓуваат станот.   59.Судот забележува дека извршната постапка била иницирана против   приватни лица. Во таа насока, судот повторува дека одговорноста на   државата во поглед на извршување на пресуда против приватно лице   не се протега понатаму од вмешаноста на државните органи во   извршната постапка (види Shestakov v. Russia (dec.) no. 48757/99, 18   јуни 2002 и Kravchuk v. Russia (dec.) , no. 72749/01, 1 февруари 2005.)   60.Од причините наведени во ставот 55 погоре, Судот смета дека   неизвршувањето на барањето на жалителите од страна на   националните судови во односниот случај не го засега немешањето   во нивното право на мирно уживање во сопственоста во смисла на   членот 1 од протоколот 1. Дополнително, пропуштањето на   извршниот суд да одлучи по жалбата на жалителите за времената   мерка не предизвикало ненадоместива штета на нивните интереси,   со оглед на тоа што не постои никаков доказ дека тужените го отуѓиле   станот, што пак во суштинска мера би ја лишило главната постапка од   содржина.   61.Следи дека оваа жалба е очигледно неоснована и мора да биде   одбиена во согласност со членот 35 ставови 3 и 4 од Конвенцијата.   III.   ПРИМЕНА НА ЧЛЕНОТ 41 ОД КОНВЕНЦИЈАТА   62.Членот 41 од Конвенцијата пропишува:   “ Кога Судот ќе оцени дека постои повреда на Конвенцијата или на протоколите, и   доколку внатрешното право на засегнатата Висока договорна страна овозможува само   делумна репарација на штетата, тогаш доколку е тоа неопходно, Судот ќе му додели   правична отштета на оштетениот.“   А. Штета   63.Жалителите побарувале 200.000 македонски денари со затезна   камата на име на материјалната штета и 50.000 евра за   САВОВИ И ДРУГИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА- ПРЕСУДА   нематеријална штета во врска со нивната жалба според членот 6 од   Конвенцијата. Што се однесува до нивните жалби според членот 1   Протоколот 1, тие исто така побарале надомест на износите кои им   биле доделени во парничната постапка.   64.Владата ги оспори овие барања како неосновани. Тие понатаму   останаа на ставот дека не постои причинско последична врска помеѓу   побаруваната штета и наводната повреда.   65.Судот не наоѓа никаква причинско последична врска помеѓу најдената   повреда и наводната материјална отштета; оттука, го одбива ова   барање. Во врска со наводите што се однесува до жалбата на   жалителите под членот 1 Протокол 1, исто така го одбива барањето   под овој наслов. Од друга страна, Судот смета дека жалителите мора   да претрпеле нематеријална штета. Одлучувајќи на еднаква основа,   им доделува 2000 евра по тој основ.   66.Жалителите исто така побаруваа 5000 евра за трошоци, без   спецификација дали истите биле сторени пред домашните судови или   пред Европскиот суд. Тие не поднеле никакви документи како доказ.   67.Владата го оспори ова барање како неосновано.   68.Според праксата на Судот, може да биде доделена сума на име на   трошоци само доколку истите биле навистина и неопходно преземени   од жалителот и биле разумни (види Kostovska v. Republic of   Macedonia, no. 44353/02, став 62, 15 јуни 2006, Arvelakis v. Greece, no.   41354/98, став 34, 12 април 2001, Nikolova v. Bulgaria (GC), no.   31195/96, став 79, ECHR 1999-II). Судот назначува дека според   членот 60 од Деловникот на Судот, “жалителот мора да поднесе   поднесоци за сите барања, заедно со било каков придружен   документ, во спротивното Советот може да го одбие барањето   целосно или делумно“.   69.Судот забележува дека жалителот не поднел никакви документи за   поддршка на своето барање. Согласно на тоа, Судот не доделува   никаква сума по овој основ (види Parizov v. Republic of Macedonia, no.   14258/03, став 72, 7 февруари 2008).   САВОВИ И ДРУГИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА   70.Судот смета дека е соодветно каматата да биде заснована на   маргиналната стапка на Европската Централна Банка, на која треба   да и се додадат три процентни поени.   ОД ОВИЕ ПРИЧИНИ, СУДОТ ЕДНОГЛАСНО   1.Ја прогласува жалбата што се однесува на прекумерната должина   на постапката за допуштена и остатокот на жалбата за   недопуштена,   2.Одлучи дека има повреда на членот 6 став 1 од Конвенцијата,   3.Одлучи   (а) дека одговорната држава треба да им плати на жалителите, во рок   од три месеци од датумот на кој пресудата станува конечна согласно   членот 44 став 2 од Конвенцијата, 2000 евра (две илјади евра) плус   било каква такса која би можела да им се наплати на жалителите, во   однос на нематеријалната штета, конвертирано во националната   валута на одговорната држава, по курсот кој е применлив на датумот   на наплатата.   (б) дека по истекот на наведените три месеци до исплатата ќе се   наплатува камата на наведената сума, по стапка еднаква на   маргиналната стапка за заем на Европската Централна Банка, за   време на одредениот период, плус три процентни поетни;   4. Го одбива остатокот од жалбата на жалителите за правична   отшета.   Изготвено на англиски и објавено на 25 септември 2008 година, согласно   став 2 и 3 од Деловникот за работа на Судот.   Claudia WESTERDIEK   Peer LORENZEN   Секретар,   Претседател

© Rada Europy / Europejski Trybunał Praw Człowieka, źródło: HUDOC (hudoc.echr.coe.int), pozyskano 13.07.2026. · Źródło