13904/02
WyrokETPCz2008-10-23ECLI:CE:ECHR:2008:1023JUD001390402
Analiza orzeczenia
Sekcja wygenerowana przez AI na podstawie treści orzeczenia — nie stanowi cytatu.
Zagadnienie prawne
Czy przewlekłość postępowania egzekucyjnego oraz brak skutecznego środka odwoławczego w prawie krajowym naruszyły prawo do rozpoznania sprawy w rozsądnym terminie oraz prawo do skutecznego środka odwoławczego z art. 6 ust. 1 i art. 13 Konwencji?Ratio decidendi
Trybunał uznał, że postępowanie egzekucyjne, trwające prawie 19 lat, z czego ponad 11 lat przypadało na okres po ratyfikacji Konwencji przez państwo pozwane, było nadmiernie długie. Stwierdził, że państwo nie wykazało złożoności sprawy ani przyczynienia się skarżącego do opóźnień. Trybunał podkreślił, że wykonanie orzeczenia sądowego jest integralną częścią „rozpoznania sprawy” w rozumieniu art. 6 ust. 1 Konwencji, a państwa mają obowiązek zorganizować swój system prawny w sposób zapewniający efektywne i terminowe wykonanie orzeczeń. Dodatkowo, Trybunał stwierdził naruszenie art. 13, ponieważ w prawie krajowym Republiki Macedonii brakowało skutecznego środka odwoławczego, który pozwoliłby skarżącemu na dochodzenie roszczeń z tytułu przewlekłości postępowania.Stan faktyczny
Skarżący, Krsto Nikolov, w 1989 roku uzyskał prawomocne orzeczenie sądowe nakazujące jemu i jego sąsiadowi budowę muru oporowego, z podziałem kosztów. Postępowanie egzekucyjne w tej sprawie, mające na celu wykonanie orzeczenia, rozpoczęło się w lipcu 1989 roku i trwało prawie 19 lat, będąc nadal w toku w momencie wydania wyroku ETPCz. Pomimo wielokrotnych działań sądu, w tym prób zajęcia mienia dłużnika i inspekcji na miejscu, orzeczenie nie zostało w pełni wykonane, a skarżący ponosił koszty i doświadczał opóźnień.Rozstrzygnięcie
Trybunał jednogłośnie: 1. Uznał skargę za dopuszczalną w części dotyczącej nadmiernej długości postępowania, a w pozostałym zakresie za niedopuszczalną. 2. Stwierdził naruszenie art. 6 ust. 1 Konwencji. 3. Stwierdził naruszenie art. 13 Konwencji. 4. Zasądził na rzecz skarżącego 5300 EUR z tytułu szkody niemajątkowej i kosztów postępowania, płatne w ciągu 3 miesięcy. 5. Oddalił pozostałą część roszczenia skarżącego o słuszne zadośćuczynienie.Pełny tekst orzeczenia
CONSEIL
DE L’EUROPE
COUNCIL
OF EUROPE
COUR EUROPÉENNE DES DROITS DE L’HOMME
EUROPEAN COURT OF HUMAN RIGHTS
ПЕТТИ ОДДЕЛ
КРСТО НИКОЛОВ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
(Жалба бр. 13904/02)
ПРЕСУДА
СТРАЗБУР Октомври 2008
Оваа пресуда ќе стане конечна во согласност со условите предвидени во
член 44 став 2 од Конвенцијата. Истата може да биде предмет на
редакциски измени.
Напомена: Македонскиот превод на текстот на одлуката на Европскиот суд
за човекови права е исклучиво информативен и од него не произлегуваат
никакви права и/или обврски. Единствено официјалниот текст на одлуката на
Европскиот суд за човекови права на англиски и/или француски јазик, објавена
од страна на Судот е автентичен и се смета за оригинал. Не е дозволено
објавување на овој превод на било каков начин без претходна дозвола од
страна на Министерството за правда на Република Македонија, освен во
случај доколку се користи за информирање.
ПРЕСУДА КРСТО НИКОЛОВ против РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Во случајот Крсто Николов против Република Македонија,
Европскиот Суд за човекови права (Петти оддел), заседавајќи во
совет составен од:
Peer Lorenzen, претседател,
Rait Maruste,
Karel Jungwiert,
Volodymyr Butkevych,
Mark Villiger,
Мирјана Лазарова Трајковска,
Zdravka Kalaydjieva, судии,
и Claudia Westerdiek, секретар на судот,
Расправајќи на затворена седница на 30 септември 2008,
Ја донесе следнава пресуда, која беше усвоена на тој датум.
ПОСТАПКА
1.Случајот беше инициран со жалбата бр. 13904/02 против
Република Македонија вложена пред судот согласно
членот 34 од Конвенцијата за заштита на човековите
права и основните слободи (“Конвенцијата“) од страна на
македонскиот
државјанин
г-дин
Крсто
Николов
(“жалителот“), кој живее во Штип на 4 Октомври 2001.
2. Жалителот беше застапуван од страна на г-дин Трајче
Торов, адвокат кој работи во Штип. Македонската Влада
(“Владата“) беше застапувана од својот агент, г-ѓа Р.
Лазареска Геровска.
3. На 19 Март 2004 и 13 Февруари 2006 последователно,
Судот одлучи да ја комуницира жалбата по однос на
ПРЕСУДА КРСТО НИКОЛОВ против РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
должината на постапката и недостаток на правно
средство во тој поглед, до Владата. Применувајќи ги
одредбите членот 29 став 3 од Конвенцијата, Судот
одлучи да ја испита основаноста на жалбата истовремено
со нејзината допуштеност.
4.Со пресуда на Општинскиот Суд Штип (“првостепениот
суд“) од 14 Јуни 1989 (“пресудата од 14.06.1989“)
потврдена од Окружниот Суд Штип на 30 Октомври 1989,
жалителот и неговиот сосед (должникот) биле задолжени
да изградат потпорен бетонски ѕид по целата должина на
нивните парцели, заради заштита на куќата на жалителот
од оштетувања. Парничните судови утврдиле дека
жалителот „треба да сноси 31,4% од трошоците, а
должникот 68,6%. Должникот бил задолжен да ги подмири
и парничните трошоците на жалителот. На крај, жалителот
со времена мерка бил овластен да го изгради ѕидот на
трошок на должникот, доколку овој одбие тоа да го стори
како што е побарано. Времената мерка била валидна се
до правосилноста на пресудата од 1989.
5. На 12 Јули 1989 првостепениот суд го усвоил предлогот на
жалителот за извршување на пресудата, со пленидба на
подвижниот и недвижниот имот на должникот. Судот исто
така му наложил на должникот да ги депонира средствата
за трошоците кои што тој требал да ги сноси за изградба
на зидот (судски депозит).
6. На 10 септември 1990 првостепениот суд одлучил дека би
требало да се приберат понуди за изградба на ѕидот. На 1
Октомври 1991 компанијата Б (градежната компанија)
била избрана да го изгради ѕидот. На 22 Октомври 1991
било изведено излегување на терен.
ПРЕСУДА КРСТО НИКОЛОВ против РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
7.На 30 Октомври 1991 првостепениот суд им наложил на
странките да ги депонираат кај него средствата утврдени
со пресудата од 1989, понатаму, тој наложил должникот
да депонира одреден износ за обезбедување на
парничните и извршните трошоци. Исто така било
утврдено дека во случај на непостапување, наплатата ќе
биде извршена присилно со попис и продажба на
подвижни ствари. Жалителот го депонирал својот дел од
износот, но не во судот како што било наложено туку кај
градежната компанија.
8. Жалителот уредно присуствувал на четирите расправи
закажани помеѓу 29 Мај 1992 и 29 Април 1993 година.
Бидејќи должникот не ја исполнил својата обврска да го
депонира
бараниот
износ,
извршната
постапка
продолжила со попис на неговите подвижни предмети.
Наспроти судската наредба од 20 Јули и 13 Септември со која му било наложено на должникот да им
предаде определени подвижни предмети на судските
извршители, се чини дека ниту еден предмет не бил
одземен ниту продаден од судските извршители. Во
меѓувреме должникот го изградил ѕидот. На 30 Јуни 1997
година судот извршил уште еден теренски надзор заради
испитување на изградениот ѕид. На расправата од 23
Септември 1998 година, жалителот барал градежната
компанија да ги искористи средствата депонирани од него
за довршување на ѕидот согласно критериумите утврдени
во пресудата од 1989 година.
9. Жалителот присуствувал на четирите раправи закажани
помеѓу 30 Април 1999 и 7 Јуни 2001 година. На 7
ПРЕСУДА КРСТО НИКОЛОВ против РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Декември 2001 година првостепениот суд му наложил на
жалителот да ги плати трошоците за излегување на лице
место, под закана за прекин на постапката. Жалителот
доставил уплатница до Судот на 26 Декември 2001.
10. На 27 Февруари 2003 година првостепениот суд одредил
излегување на терен за 25 Март 2003 во домот на
должникот со цел да се запленат неговите подвижни
предмети. Судот исто така барал присусутво на двајца
полицајци во случај на потреба од асистенција. Видно од
записникот од излез на терен, првостепениот суд
повторно извршил увид на ѕидот.
11.Расправата закажана за 3 Октомври 2003 била одложена
заради отсуство на судечкиот судија.
12.На расправата од 16 Март 2004 година, првостениот суд
закажал друг излез на терен за увид на ѕидот изграден од
должникот. Надзорот бил извршен на 13 Април 2004
година. Следниот ден жалителот ги платил трошоците за
вештакот.
13.На 15 Мај 2004 првостепениот суд со одлука утврдил дека
ѕидот изграден од должникот во 1993 година не ги
исполнува критериумите утврдени со пресудата од 1989
година. Тој понатаму утрдил дека ѕидот онака како што е
изграден соодветствува на 53,4% од вредноста на ѕидот,
утврдена од страна на судот, и дека должникот би
требало да покрие уште 14.96% од трошоците за
подобрување на градежните работи.
По однос на
пресудата од 1989, тој му наложил на должникот да
покрие 31,4% од трошоците за подобрување на
градежните работи. Тој констатирал, inter alia, дека
жалителот не го депонирал, онака како што било
ПРЕСУДА КРСТО НИКОЛОВ против РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
наложено, својот дел од трошоците во судот туку кај
градежната компанија, што не го ослободува него од
неговата обврска утврдена со пресудата од 1989. Тој
понатаму утврдил дека жалителот, откако сватил дека
должникот го изградил ѕидот, требал да си ги повлече
средствата депонирани кај градежната компанија. На
крајот тој заклучил дека жалителот требал да ги депонира
парите во судот и дека тој требал да бара од судот да и
наложи на компанијата да го изгради ѕидот. Делот од
трошоците кои што требал да ги сноси должникот требале
да бидат обезбедени од пописот и продажбата на
подвижните предмети на должникот. На 14 Декември 2004
година Апелациониот суд Штип ја потврдил оваа одлука.
14.На 5 Јули 2007 година првостепениот суд му наложил на
жалителот да депонира средства во висина од 31,4% од
трошоците потребни за подобрување на ѕидот, под закана
за прекин на извршната постапка. Се чини дека таков
налог не бил издаден во поглед на должникот, имајќи ја
предвид неговата изјава дека тој би го депонирал
преостанатиот дел од откако тоа би го сторил жалителот.
На 23 Јули 2007 година жалителот приговарал на тоа
решение спорејќи дека тој веќе ги депонирал потребните
средства кај градежната компанија врз основа на судската
одлука од 30 Октомври 1991 година.
15.Не беа обезбедени натамошни информации по однос на
дополнителни извршни постапувања.
ПРАВО
I НАВОДНА ПОВРЕДА НА ЧЛЕНОТ 6 СТАВ 1 ОД
КОНВЕНЦИЈАТА
ПРЕСУДА КРСТО НИКОЛОВ против РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
16. Жалителот се жалеше дека должината на постапката не
била соодветна со барањето за судење во “разумен рок“
утврдено во членот 6 став 1 од Конвенцијата. Откако оваа
жалба беше комуницирана до тужената Влада, жалителот
исто така се жалеше на тоа дека континуираната должина
на постапката му го оневозможува правото за пристап до
судот. Член 6 став 1, кој е соодветен во таа смисла,
утврдува:
“Во определувањето на своите права и обврски...., секој има
право на фер....судење во разумно време од страна на независен
и непристрасен суд...“
A. Допуштеност
17.Владата не истакна никакви забелешки по однос на
допуштеноста на барањето за судење во разуме рок.
Судот забележува дека жалбата на жалителот, која се
однесува на неговото право за пристап до судот всушност
претставува повторување на неговата жалба за
должината на постапката и дека таа ќе биде разгледувана
соодветно. Во тој контекст, Судот смета дека жалбата за
разумен рок не е очиггледно неоснована во смисла на
Член 35 став 3 од Конвенцијата. Судот исто така смета
дека, жалбата не е недопуштена по други основи. Заради
тоа, мора да биде прогласена за допуштена
Б.Основаност
1. Поднесоци на странките
18.Владата прифати дека извршната постапка траела
предолго, но смета дека таа била спроведена во склад со
домашниот закон, и дека должината на постапката не се
ПРЕСУДА КРСТО НИКОЛОВ против РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
должи на непостапувањата на државните органи и власти.
Странките се спореле заради висината на нивното
финансиско учество за изградба на ѕидот. Тие понатаму
тврдеа дека жалителот допринесол за должината на
постапката. Во контекст на ова тие тврдеа дека тој не ги
уплатил трошоците за излегување на терен заради увид
на ѕидот изграден од страна на должникот, факт кој што
довел до застој во постапката од скоро цела година и три
месеци (види точки 9 и 10, понапред).
19. Жалителот наведе дека домашните судови не ја воделе
извршната постапка согласно начелата за ефикасност и
правичност. Наспроти решението за заплена од 1993
година, на должникот никогаш не му биле одземени
никакви подвижни предмети. Тој понатаму ги спореше
аргументите на Владата дека одредени одолжувања на
постапката може да му се припишат нему, и изјави дека
постапката не била никогаш прекината. Напротив,
неговиот предмет бил архивиран извесно време бидејќи
судот погрешно сметал дека предметот е завршен. Во
дополнение, извршната постапка има за цел да се изврши
судската правосилна пресуда, а нејзината цел не е да,
како што спорела Владата , да се реши спорот помеѓу
странките. На крајот, тој наведе дека во неговиот предмет
постапувале 6 различни судии.
2. Оценка на Судот
20.Судот забележува дека првостепениот суд во својата
пресуда од 1989, им наложил на странките заедно да го
изградат
потпорниот
ѕид
и
ги
специфицирал
финансиските удели за секој од нив. Извршната постапка
ПРЕСУДА КРСТО НИКОЛОВ против РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
која жалителот ја започнал во Јули 1989 година, се чини
дека сеуште е во тек. Оспорената ситуација на тој начин
трае скоро 19 години, од кои преку 11 години потпаѓаат
под јурисдикцијата на Судот согласно ratione temporis
(откога е ратификувана Конвенцијата од страна на
тужената држава на 10 Април 1998 година) вo два судски
степена. Судот понатаму забележува дека, со цел да се
одреди разумноста на периодот кој е во прашање, мора
да се има предвид за стадиумот на постапката на датумот
на ратификацијата на Конвенцијата(види, Styranowski v.
Poland, no. 28616/95, § 46, ECHR 1998-VIII and Foti and
Others v. Italy, judgment of 10 December 1982, Series A no.
56, p. 18, § 53) и забележува дека на 10 Април 1997
оспорената извршната постапка веќе траела скоро 7
(седум) години и 10 месеци. Во текот на тој период,
првостепениот суд одбрал градежна компанија, излегол
на лице место само еднаш и извршил попис на
подвижните ствари на должникот.
21. Судот повторува дека, согласно востановената судска
пракса, членот 6 му го гарантира секому правото да го
изнесе своето побарување во врска со неговите граѓански
права и обврски, пред суд или трибунал; на таков начин
„правото на пристап до суд“ го опфаќа правото за пристап,
односно правото да се иницираат постапки пред суд во
граѓанска материја, што претставува еден аспект. Како и
да е, тоа право би било илузорно доколку правните
системи на државите договорнички дозволуваат една
правосилна, обврзувачка
судска одлука да остане
неоперативна (нереализирана) во однос на побарувањето
на едната страна. Извршувањето на пресудата од страна
ПРЕСУДА КРСТО НИКОЛОВ против РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
на судот заради тоа мора да се смета како интегрален дел
на „судењето„ за целите на член 6. Судот понатаму
потсетува дека гаранциите од член 6 став 1 од
Конвенцијата се однесуваат на сите стадиуми на
постапување при „утврдувањето на ....граѓанските права и
обврски“ и не ја исклучуваат обврската за фазата која се
надоврзува на пресудувањето на основаноста, да биде
решена во разумен рок. Обврска на државите
договорнички е да го организираат својот правен систем
на начин кој ќе им овозможи на нивните судови да го
гарантираат секому правото да дојде до конечна одлука
за спорот поврзан со граѓанските права и обврски во
разумен рок (види Милтеновиќ вс. Република Македонија
(dec.), no. 26615/02, 19 Јуни 2006).
22.Во врска со тоа судот повторува дека разумноста на
должината на постапката мора да се оценува во смисла
на околностите на предметот и земајќи ги во предвид
следниве критериуми: сложеноста на предметот,
однесувањето на жалителите и на надлежните органи и
засегнатиот интерес на жалителите во спорот (види исто
така кои се однесуваат на извршни постапки, Атанасовиќ
и др. против РМ no. 13886/02, § 33, 22 December 2005, и
референтните случаи цитирани таму)
23.Судот не ги потценува тешкотиите при извршувањето на
судските пресуди, особено во контекст на спорните меѓи.
Понатаму, обврската на државата да изврши приватна
пресуда се однесува само на вмешаноста на државните
органи, вклучувајќи ги и домашните судови во извршните
постапки (види Fuklev v. Ukraine, no. 71186/01, § 67, 7 Јуни
2005).
ПРЕСУДА КРСТО НИКОЛОВ против РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
24.Враќајќи се на конкретниот предмет, Судот смета дека
Владата не прикажа никаков доказ дека извршувањето на
пресудата од 1989 година било комплексно. Ниту пак ги
поткрепија нивните тврдења дека жалителот придонел за
должината на постапувањето. Особено Судот забележува
дека жалителот присусутвувал на сите закажани
расправи, и го извршил авансното плаќање на извршните
трошоци како што било барано (види точка 9 понапред).
Во поглед на тврдењата на Владата дека постапката била
запрена по вина на жалителот, вистина е дека на 7
Декември 2001 првостепениот суд му укажал на
жалителот дека доколку не ги плати трошоците за
излегување на терен, постапката ќе биде запрена. Како и
да е жалителот го доставил вирманот за уплата на 26
декември 2001, и Судот не забележа дека постои било
каква судска одлука за прекин на извршната постапка.
Согласно на тоа нема индикации дека постапката била
прекината, или пак дека жалителот бил виновен за било
каков прекин.
25. Значајните одолжувања може да и се припишат на
државата, кои се чини дека произлегуваат пред се од
големите временски интервали помеѓу закажаните
рочишта. На пример, изминале преку една година и два
месеца за судот да ги повика странките, откако
апликантот ги платил трошоците за излегување на терен
(види точки 9 и 10 понапред); шест месеци изминале
помеѓу излегувањето на терен од 25 март и рочиштето на Октомври 2003 година. Понатаму, се чини дека
постапката мирувала скоро 2 години и 7 месеци по
одлуката на Апелациониот суд од 14 Декември 2004 (види
ПРЕСУДА КРСТО НИКОЛОВ против РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
точки 13 и 14 понапред). Трите излегувања на терен (види
точки 8, 10 и 12 понапред) извршени во периодот кој
потпаѓа за разгледување многу придонеле за должината
на постапката.
26.Судот повторува дека Државата има обврска да го
организира системот на извршување на пресуди кој ќе
биде ефикасен, како законски така и во пракса и
обезбедува
нивно
извршување
без
непотребни
одолжувања (види Mužević v. Croatia, no. 39299/02, § 84, Ноември 2006 and Fuklev v. Ukraine, no. 71186/01, § 84, Јуни 2005).
27.Испитувајќи ги сите докази доставени до него, Судот
смета дека во конкретниот предмет извршната постапка
била предолга и не ги исполнила критериумите за
разумен рок утврдени во член 6 став 1 од Конвенцијата
28.Според тоа, постои повреда на овие одредби од
Конвенцијата.
II. НАВОДНИ ПОВРЕДИ НА ЧЛЕН 13 ОД КОНВЕНЦИЈАТА
29.Во одговорот на обсервациите на Владата, и со допис
поднесен на 27 Јануари 2005 година, жалителот исто така
се жалеше дека во Република Македонија нема суд до кој
што жалителот може да се жали на прекумарната
должина на постапката. Тој се повика на член 13 од
Конвенцијата кој гласи:
“Секој чии права и слободи утврдени во Конвенцијата се
повредени ќе има на ефективен лек пред домашните органи, без
оглед на тоа што повредата била сторена од лица кои вршеле
службена должност.”
ПРЕСУДА КРСТО НИКОЛОВ против РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
30.Владата не го коментираше овој жалбен навод
31.Судот смета дека ова жалбено барање е поврзано со она
испитано понапред и заради тоа мора истото да се смета
за допуштено.
32.Судот повторува дека член 13 гарантира ефективно
правно средство пред домашните власти за наводната
повреда на гаранциите од член 6 став 1 предметот да
биде решен во разумен рок (see Kudła v. Poland [GC], no.
30210/96, § 156, ECHR 2000-XI). Понатаму забележува
дека Владата веќе станала свесна за недостатокот на
ефективно правно средство во законите кои биле на сила
во тој период (види Костовска против Република
Македонија, цитирана понапред § § 48-53; Атанасовиќ и
др. Против Република Македонија, цитирана понапред).
Заради тоа, Судот не гледа причини да донесе поинаков
заклучок во конкретниот случај.
33.Според тоа, Судот смета дека во конкретниот случај има
повреда на член 13 од Конвенцијата за сметка на
недостаток на правно средство во домашното право кое
би му овозможило на жалителот постапување кое ќе го
подржело неговото право, неговиот предмет да бил решен
во разумен рок, како што е загарантирано со член 6 став 1
од Конвенцијата.
III. ДРУГИ НАВОДНИ ПОВРЕДИ НА КОНВЕНЦИЈАТА
34.Во одговорот на обсервациите на Владата, и со допис
поднесен на 27 Јануари 2005 година, жалителот ги
покрена и следните жалбени наводи согласно член 6 став од Конвенцијата:дека судот во неговиот предмет
постапувал арбитрерно; дека Апелациониот суд не
ПРЕСУДА КРСТО НИКОЛОВ против РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
обезбедил доволно образложение во својата пресуда; и
дека судиите не покажале непристрасност.
35.Тој исто така се повика на член 1 од Протокол 1 тврдејќи
дека депозитот кој што тој го платил кај градежната
компанија во 1991 и парничните трошоци досудени со
пресудата од 1989 девалвирале со текот на времето што
претставува повреда на неговото право за мирно
уживање на неговата сопственост. Тој исто така се
жалеше дека извршните трошоци нараснале заради
неразумно долгото траење на постапката.
36.Судот го разгледа остатокот од жалбените барања на
жалителот и најде дека, во светло на сите докази со кои
тој располага, и дотаму докаде што обжалените наводи
спаѓаат во негова надлежност, тие не откриваат никаква
појава на правата и слободите утврдени во Конвенцијата
и протоколите кон неа.
37.Следи дека овој дел од жалбата е очигледно неоснован и
заради тоа мора да биде отфрлен во согласност со член §§ 3 и 4 oд Конвенцијата.
IV. ПРИМЕНА НА ЧЛЕН 41 ОД КОНВЕНЦИЈАТА
38.Членот 41 од Конвенцијата предвидува:
“Ако Судот нашол дека има повреда на Конвенцијата или
Протоколите, и ако внатрешното право на засегнатата Висока
Договорна Страна дозволува само делумна отштета, Судот,
доколку
е
потребно, ќе додели правична отштета на
оштетената страна“.
А. ШТЕТА
39.Жалителот побара 1,639,579 македонски денари(MKD) со
затезна камата пресметана од 23 Август 2004 во поглед
ПРЕСУДА КРСТО НИКОЛОВ против РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
на материјална штета. Oвој износ се однесува на
износите опишани во точка 35 понапред, вклучувајќи ја
деноминацијата и девалвацијата на домашната валута.
Постои наод на вешто лице по овој основ. Понатаму тој
побара 50,000 Евра (EUR) во поглед на нематеријална
штета за емоционален стрес, нервоза и несигурност
претрпени како резултат на должината на оспорената
постапка.
40.Владата ги оспори овие барања како неосновани. Тие
исто така тврдеа дека нема причинско последична врска
помеѓу наводната повреда и бараната отштета.Тие го
поканија Судот да смета дека евентуалното наоѓање на
повредата би претставувало доволна компензација за
сите штети во конкретниот случај. Како алтернатива го
повикаа Судот да го утврди износот за правичниот
надомест ценејќи ги судската пракса и економската
состојба во државата.
41.Судот, како и Владата не најде никаква причинско
последична врска помеѓу наводната повреда и бараната
отштета; заради што го отфрла ова барање. Од друга
страна му доделува на жалителот износ од EUR 5,300 во
поглед на нематреријалната штета.
Б.ТРОШОЦИ И НАДОМЕСТОЦИ
42.Жалителот бараше MKD 42,490 за трошоци
и
надоместоци настанати во извршната постапка. Тој исто
така бараше EUR 5,000 по овој основ, без да
специфицира дали овој износ настанал пред домашните
судови или овој Суд. По однос на ова барање тој не
обезбеди никакви докази
ПРЕСУДА КРСТО НИКОЛОВ против РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
43.Владата ги оспори овие барања како неосновани.
44.Врз основа на судската пракса на Судот, Жалителот има
право на надомест за трошоци, само доколку тие биле
навистина сторени и неопходни и биле разумни по обем
(види Костовска, цитирана понапред, § 62; Arvelakis v.
Greece, no. 41354/98, § 34, 12 April 2001; Nikolova
v. Bulgaria [GC], no. 31195/96, § 79, ECHR 1999-II). По
однос на трошоците и надоместоците направени во
постапката пред домашните судови, Судот утврди дека
таквите трошоци не се направени во постапка во која во
рамките на домашниот правен систем би се барала
заштита и надомест за наводните повреди за кои истиот
се жали пред Судот (види Милошевиќ против Република
Македонија, no. 15056/02, § 34, 20 април 2006). Судот
смета дека жалителот може да бара надомест на тие
трошоци во земјата.
45.По остатокот од барањето по овој основ, Судот укажува
дека согласно Правилото 60 од Деловникот на Судот
„жалителот мора да достави спецификација на сите
барања, покрепени со соодветни документи или други
докази во поткрепа на неговите барања, и дека заради
недостаток на истите Советот може да го одбие
барањето во целост или делумно“. Судот забележува
дека жалителот не поднел никакви документи или други
докази во поткрепа на неговото барање.
46.Следствено на ова, Судот не му доделува соодветен
износ по тој основ.
Д. ЗАТЕЗНА КАМАТА
47.Судот смета дека е соодветно затезната камата да се
заснова на најниската каматна стапка за позајмени
ПРЕСУДА КРСТО НИКОЛОВ против РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
средства на Европската Централна Банка, на која треба
да се додадат три процентни поени
ОД ОВИЕ ПРИЧИНИ, СУДОТ ЕДНОГЛАСНО
1. Ја прогласува жалбата за допуштена во делот на
прекумерната должина на постапката, додека во
останатиот дел за недопуштена;
2. Смета дека има повреда на членот 6 став 1 од
Конвенцијата
3. Смета дека има повреда на член 13 од Конвенцијата
4. Смета дека,
(a) одговорната држава, треба да му плати на Жалителот во
рок од 3 месеци од датумот на правосилноста на пресудата,
во согласност со член 44 став 2 од Конвенцијата, 5.300 ЕВРА
(пет илјади и триста евра), плус било каква такса која би била
засметана за Жалителот, во поглед на нематеријална штета
и трошоци во постапката, конвертирани во националната
валута на одговорната држава, по курсната листа во
моментот на исплатата;
(б) дека по истекот на наведените три месеци па се до
исплатата, ќе се пресметува камата на горенаведеите
износи, по стапка еднаква на најниската стапка за позајмени
средства на Европската Централна Банка, за периодот до
исплатата на која треба да се додадат три процентни поени
ПРЕСУДА КРСТО НИКОЛОВ против РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
4. Го одбива остатокот од барањето на жалителот за
правична отштета.
Изготвено на англиски и објавено на 23 Октомври 2008
година, согласно 77 став 2 и 3 од Деловникот за работа на
Судот.
Claudia Westerdiek
Peer
Lorenzen
Секретар
Претседател
© Rada Europy / Europejski Trybunał Praw Człowieka, źródło: HUDOC (hudoc.echr.coe.int), pozyskano 13.07.2026. · Źródło