14258/03
WyrokETPCz2008-02-07ECLI:CE:ECHR:2008:0207JUD001425803
Analiza orzeczenia
Sekcja wygenerowana przez AI na podstawie treści orzeczenia — nie stanowi cytatu.
Zagadnienie prawne
Czy nadmierna długość postępowania cywilnego dotyczącego unieważnienia umowy o dożywotnie utrzymanie naruszyła prawo do rozpoznania sprawy w rozsądnym terminie z art. 6 ust. 1 Konwencji?Ratio decidendi
Trybunał uznał, że postępowanie, które trwało ponad 21 lat (z czego ponad 10 lat podlegało jurysdykcji ratione temporis Trybunału) i nadal się toczyło, było nadmiernie długie. Kluczowym czynnikiem przyczyniającym się do przewlekłości były wielokrotne uchylenia i przekazywania sprawy do ponownego rozpoznania przez sądy krajowe, co Trybunał uznał za poważną wadę systemu wymiaru sprawiedliwości. Ponadto, Trybunał stwierdził, że wprowadzony w 2006 roku krajowy środek odwoławczy w sprawie przewlekłości postępowania nie był skuteczny w okolicznościach tej sprawy, zwłaszcza ze względu na brak orzecznictwa, niejasności co do właściwości sądów oraz brak przepisów przejściowych dla spraw już toczących się przed Trybunałem.Stan faktyczny
Skarżący, Sterija Parizov, w 1986 roku wszczął postępowanie cywilne w Republice Macedonii w celu unieważnienia umowy o dożywotnie utrzymanie zawartej przez jego zmarłego ojca. Sprawa dotyczyła mienia, w tym ikony i ziemi. Postępowanie to, charakteryzujące się licznymi uchyleniami i przekazywaniami do ponownego rozpoznania przez sądy różnych instancji, trwało ponad 21 lat i w momencie wydania wyroku przez ETPCz nadal się toczyło przed Sądem Najwyższym.Rozstrzygnięcie
Trybunał jednogłośnie: 1. Uznał skargę dotyczącą nadmiernej długości postępowania za dopuszczalną, a pozostałą część skargi za niedopuszczalną. 2. Stwierdził naruszenie art. 6 ust. 1 Konwencji. 3. Zasądził od państwa pozwanego na rzecz skarżącego 4000 EUR tytułem szkody niemajątkowej, powiększone o odsetki. 4. Oddalił pozostałą część roszczenia skarżącego o słuszne zadośćuczynienie.Pełny tekst orzeczenia
ПАРИЗОВ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА
CONSEIL
DE L’EUROPE
COUNCIL
OF EUROPE
COUR EUROPÉENNE DES DROITS DE L’HOMME
EUROPEAN COURT OF HUMAN RIGHTS
СОВЕТ НА ЕВРОПА
ЕВРОПСКИ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА
ПЕТТИ ОДДЕЛ
ПАРИЗОВ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
(Жалба бр. 14258/03)
ПРЕСУДА
СТРАЗБУР ФЕВРУАРИ 2008
Оваа пресуда ќе стане конечна во согласност со условите предвидени во член 44 став 2
од Конвенцијата. Истата може да биде предмет на редакциски измени.
Напомена: Македонскиот превод на текстот на одлуката на Европскиот суд за човекови
права е исклучиво информативен и од него не произлегуваат никакви права и/или обврски.
Единствено официјалниот текст на одлуката на Европскиот суд за човекови права на
англиски и/или француски јазик, објавена од страна на Судот е автентичен и се смета за
оригинал. Не е дозволено објавување на овој превод на било каков начин без претходна
дозвола од страна на Министерството за правда на Република Македонија, освен во
случај доколку се користи за информирање.
ПАРИЗОВ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА
Во случајот Паризов против Република Македонија,
Европскиот суд за човекови права (Петти оддел), заседавајќи како судски
совет во состав:
Peer Lorenzen, претседател,
Karel Jungwiert,
Volodymyr Butkevych,
Margarita Tsatsa-Nikolovska,
Renate Jaeger,
Mark Villiger, судии,
и
Claudia Westerdiek, секретар на одделот,
Расправајќи на затворена седница на 15 јануари 2008 година,
На истиот датум ја донесе следнава пресуда:
ПОСТАПКА
1. Постапката е иницирана со жалбата бр 14258/03 против
Република Македонија поднесена до Судот согласно член 34 од
Конвенцијата за заштита на човековите слободи и права
(„Конвенцијата„) од страна на македонскиот државјанин г-дин
Стерија Паризов („жалителот„), на 11 април 2003 година.
2. Жалителот беше застапуван од страна на г-дин Н. Зенделов,
адвокат кој работи во Штип. Македонската Влада („Владата„)
беше застапувана од страна на нејзиниот Агент, г-ѓа Радица
Лазареска - Геровска.
ПАРИЗОВ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА
3. На 7 мај 2007 година, Судот одлучи да ја проследи жалбата до
Владата. Согласно член 29 став 3 од Конвенцијата, Судот реши
истовремено да одлучува по допуштеноста и основаноста на
жалбата.
ФАКТИ
ОКОЛНОСТИТЕ НА СЛУЧАЈОТ
А.Околности на случајот
4. Жалителот е роден во 1936 година и живее во Штип.
5. На 17 ноември 1986 година жалителот и три други лица
иницирале парнична постапка пред Општинскиот суд Штип за
поништување на договор за доживотна издршка, склучен на 7
декември 1979 помеѓу починатиот татко на жалителот и неговата
помајка (“тужен“) . Тие останале при тоа дека починатиот татко
на жалителот бил во добра состојба како и дека имал доволно
финансиски средства да се грижи самиот за себе, како и дека,
соодветно, не постоела потреба за договор според кој, тужениот
би добил 400 златни лири, бесценета стара икона и земјиште.
6. На 25 јуни 1987 Општинскиот суд Штип делумно го уважил
барањето на жалителот и го поништил договорот. Тој одлучил,
inter alia, дека иконата треба да биде дел од наследството на
починатиот татко, но ја отфрлил жалбата во врска со златните
лири. Одлуката му била доставена на жалителот на 3 март 1988.
7. На 14 март 1988 двете страни вложиле жалби.
8. На 29 септември 1989 тогашниот Окружен суд Штип ги отфрлил
жалбите и ја потврдил одлуката на понискиот суд.
ПАРИЗОВ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА
9. На 25 септември 1990 Врховниот суд ја уважил жалбата по
ревизија на жалителот, поднесена на 19 декември 1989. Судот го
вратил предметот на повторно одлучување со оглед на тоа дека
првостепениот суд не дал доволно причини за својата одлука.
10.Постапката продолжила на 19 јуни 1991. Од четири расправи
пред првостепениот суд, ниедна не била одложена на барање на
жалителот.
11.На 14 октовмри 1992 Општинскиот суд Штип ја донел истата
одлука како на 25 јуни 1987 во која утврдил дека таткото на
жалителот бил помеѓу најбогатите луѓе во селото; дека бил во
добра кондиција и дека, преку склучувањето на овој договор,
тужениот се стекнал со значителна имотна корист, која не била
во согласност со тогашното општествено уредување. Судот го
одбил барањето на жалителот во врска со златните лири со
оглед на тоа дека не постоеле докази дека таткото на жалителот
поседувал лири.
12.Н 25 декември 1992 жалителот се жалел. На 6 февруари 1993 тој
поднел обсервации како одговор на жалбата на тужениот, заедно
со дополнување на својата жалба.
13.На 8 октомври 1993 Окружниот суд во Штип ја укинал одлуката на
првостепениот суд од причини што не била во согласност со
напатствијата на Врховниот суд.
14.Постапката започнала на 25 јануари 1994. Осум расоправибиле
одржани пред првостепениот суд, од кои ниедна не била
одложена на барање на жалителот.
15.На 8 декември 1994 Општинскиот суд Штип делумно го уважил
барањето на жалителот. Тој нашол дека само иконата треба да
биде вклучена во наследството на таткото и го отдфрлил
барањето на поништување на договорот. Судот го повторил
ПАРИЗОВ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА
својот претхдоен став во врска со златните лири. Одлуката му
била доставена на жалителот на 13 октомври 1995.
16.На 16 октомври 1995 жалителот се жалел.
17.На 20 март 1996 Окружниот суд Штип ја укинал одлуката и
одлучил по предметот. Тој го прогласил договорот за ништовен,
со оглед на тоа што бил склучен во форма на договор за подарок.
Судот го потврдил остатокот од првостепената одлука.
18.На 2 јули 1996 тужениот поднел барање за ревизија пред
Врховниот суд.
19.На 9 декември 1998 Врховниот суд ја уважил жалбата на туженот
и ја поништил одлуката на Окружниот суд. Судот дал упатство да
се утврди дали договорот бил склучен во законска форма.
20.На 14 април 2000 Апелациониот суд Штип во вратил предметот
на повторно судење пред првостепениот суд. Одлуката му била
доставена на жалителот на 8 април 2002.
21.Помеѓу 11 февруари 2003 и 20 април 2004 првостепениот суд
закажал пет расправи, од ко една била одложена по вина на
жалителот. За време на тој период, жалителот поднел четири
поднесоци пред судот.
ПАРИЗОВ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА
22.На 20 април 2004 Основниот суд Штип делумно го уважил
барањето на жалителот – прогласил дека договорот е неважечки
и дека се смета дека е склучен како договор за подарок.
23. На 24 февруари 2005 Апелациниот суд Штип ја уважил жалбата
на тужениот од 10 мај 2004 и го вратил предметот на повторно
одлучување.
24.На 24 јуни 2005 Основниот суд Штип го прогласил барањето на
жалителот за повлечено, со оглед на тоа што не се појавил во
судот и покрај тоа што бил уредно поканет. Судот одлучил така
со оглед на тоа што предметот претставувал спор од мала
вредност.
25.На 24 јануари 2006 Апелациониот суд Штип ја укинал оваа одлука
наоѓајќи дека предметот не може да се смета за спор од мала
вредност.
26.На 15 јуни 2006 Основен суд Штип го одбил барањето на
жалителот за поништување на договорот наоѓајќи дека истиот ги
исполнува законските барања. Оваа одлука била донесена по
расправата која била закажана за 23 мај 2006, но била одложена
поради отсуство на жалителот.
27.На 21 август 2006 жалителот се жалел.
28.На 15 март 2007 Апелациониот суд Скопје ја отфрлил жалбата и
потврдил првостепената одлука.
29.На 23 април 2007 жалителот вложил барање за ревизија пред
Врховниот суд. Постапката пред овој суд е сеуште во тек.
Б.Релевантно домашно законодавство
30.Членот 35 став 1(6) од Законот за судовите од 2006 година
пропишува дека “Врховниот суд е надлежен да одлучува по
ПАРИЗОВ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА
барањата за повреда на правото на судење во разумен рок, во
постапка определена со закон“.
31.Членот 36 од истиот закон пропишува дека “ засегнатата странка
може да поднесе пред непосредно повисокиот суд барање за
заштита на правото на судење во разумен рок доколку тој или таа
сметаат дека истото право било повредено од страна на
надлежен суд. Непосредно повисокиот суд постапува по
барањето во рок од шест месеци по неговото поднесување и
одлучува дали понискиот суд го повредил правото на судење во
разумен рок. Повисокиот суд ќе додели правична отштета на
барателот доколку утврди повреда на правото на судење во
разумен рок. Правичната отштета ќе биде исплатена од страна
на државниот буџет. “
32.Членот 128 во законот од 2006 година пропишува дека истиот ќе
почне да се применува на 1 јануари 2007.
ЗАКОН
1. НАВОДНА ПОВРЕДА НА ЧЛЕНОТ 6 СТАВ 1 ОД КОНВЕНЦИЈАТА
33.Жалителот се жалел дека должината на постапката не била
соодветна со барањето за “разумен рок“, пропишано со членот 6
став 1 од Конвенцијата, кој вели:
“Во определувањето на неговите граѓански права и обврски....секој има право
на...судење во разумен рок од страна на...трибунал...“
ПАРИЗОВ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА
А.Допуштеност
1. Неисцрпување на домашните средства
(а) Поднесоците на странките
34.Владата остана при тоа дека жалителот пропуштил да ги исцрпи
домашните средства со оглед на тоа што не вложил барање за
повреда на правото на судење во разумен рок според законот од година. Тие спореле дека по пресудите во предметите
Атанасовиќ и Костовска (види Атанасовиќ и други против
Република Македонија, бр.13886/02, став 47, 22 декември 2005 и
Костовска против Република Македонија, бр. 44353/02, став 53, јуни 2006), одговорната држава вовела специјално создаден
лек во врска со прекумерната должина на постапките. Тие
понатаму поднеле дека овој лек треба да биде исцрпен во два
случаи : 1) во однос на сите барања поднесени до судот по
донесувањето на законот од 2006 и 2) каде оспорената постапка
била во тек на домашно ниво по 1 јануари 2007 и жалбата
вложена пред судот била пред тој датум. Потпирајќи се на
праксата на судот, тие останале при тоа дека жалителот требал
да го исцрпи тој лек иако истиот не постоел во периодот кога тој
ја вложил својата жалба пред судот.
35.Тие понатаму поднеле дека ова средство било употребено во 20
случаи до 3 јули 2007 година и дека сеуште не била донесена
ниедна судска одлука. Сепак, недостигот од домашна судска
пракса не треба да биде земен во предвид на штета на
ефикасноста на средството во пракса. Конечно, тие презеле
обврска да го известат судот за било која судска одлука доколку
иста би била донесена.
ПАРИЗОВ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА
36.Жалителот ја оспорил ефикасноста на средството воведено со
законот од 2006 година. Тој оспорил дека ова средство е во
состојба да ги забрза постапките. Тој го потврдил недостигот на
домашна судска пракса во оваа смисла и спорел дека е нејасно
кој суд би бил надлежен да одлучи во неговиот случај. Конечно,
тој се осврнал на извештајот на Врховниот суд во кој истиот
наводно го критикува недостигот на прецизност на законот од година и ефикасноста на средството. Тој не го обезбедил
овој извештај како поддршка на овој навод.
(б) Оценка на Судот
37. Судот повтори дека целта на правилото за исцрпување,
содржано со члеот 35 став 1 од Конвенцијата, е да им се даде
можност на државите договорнички да ги превенираат или
исправат наводните повреди против нив пред истите наводи да
се достават до судот (види Selmouni v. France (GC) no. 25803/94,
§ 74, ECHR 1999-IV). Ова правило се заснова на претпоставка,
рефлектирана во членот 13 од Конвенцијата – со кој е тесно
поврзан – дека постои ефикасен лек достапен во случај на
наводна повреда на домашниот систем (види Kudla v. Poland
(GC), NO.30210/96, ECHR 2002-VIII).
38.Единствените лекови за кои членот 35 од Конвенцијата бара да
бидат исцрпени се оние кои се поврзани со наводните повреди и
кои во исто време се достапни и доволни. Постоењето на таквите
лекови мора да биде доволно сигурно не само во теорија туку и
во пракса, а доколку тоа изостане, на истите ќе им недостасува
потребната достапност и ефикасност (види Misfud v. France
(одлука) (GC), BR. 57220/00, ECHR 2002-VIII)
ПАРИЗОВ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА
39.Понатаму, во контекст на членот 13 од Конвенцијата во
пресудата по случајот Kudla, судот утврдил дека средствата кои
му се на располагање на парничарот на домашно ниво за
покренување на барање во врска со должината на постапката се
“ефикасни“ доколку ја спречуваат наводната повреда од
континуираност, или обезбедуваат соодветен надомест за било
која повреда која веќе се случила.
40.Вистина е дека, согласно “генерално признатите принципи на
меѓународното право“, можат да постојат посебни околности кои
го ослободуваат жалителот од обврската да ги исцрпи
домашните средства кои му се на располагање. Сепак, Судот
посочува дека самото постоење на сомнеж во врска со изгледите
за успех на одреден лек, кој не е очигледно залуден, не е
валидна причина за пропуштањето да се исцрпат домашните
средства (види Giacometti and others v. Italy (одлука) no. 34939/97,
ECHR 2001-XII).
41.Проценката дали домашните средства биле исцрпени нормално
се врши со осврт на датумот на кој била вложена жалбата (пред
Судот- н.з.). Сепак, ова правило може да биде предмет на
исклучоци, кои можат да бидат оправдани при определени
околности на случајот (види Baumann v. France, no.33592/96, § 47, maj 2001 и Brusco v. Italy, (одлука) no. 69789/01, ECHR 2001-
IX). Конкретно, Судот претходно отстапил од ова општо правило
во случаите против Полска, Хрватска и Словачка што се
однесува до средства против прекумерна должина на постапката
(види Michalak v. Poland (oдлука), no. 24549/03, § 36, 1 mart 2005,
Nogolica v. Croatia (одлука), no. 77784/01, ECHR 2002-viii, Andrasik
and others v. Slovakia (одлука), no. 57984/00, 60226/00, 60237/00,
60242/00, 60670/00, 60680/00 и 68563/01, ECHR 2002-IX).
ПАРИЗОВ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА
42.Што се однесува до конкретниот случај, во периодот кога
жалителот ја поднел својата жалба до судот, тој немал ниедно
ефикасно средство кое би му било достапно поред правото на
Република Македонија во однос на должината на тековната
постапка која е во прашање (види пресуди Атанасовиќ и
Костовска, цитирани погоре). Средството против прекумерната
должина на постапката било воведено со законот од 2006 кој
започнал да се применува од 1 јануари 2007. Жалителот не го
искористил тоа средство.
43.Судот забележува најпрво дека, членот 36 од законот од 2006
година обезбедува компензирачки лек- барање за правична
отштета преку кој на странката може, онаму каде што тоа е
соодветно, да и биде доделена правична отштета за претрпена
нематеријална или материјална штета. Компензаторен лек е ,
без сомнение, соодветно средство за надомест во случај на
повреда која веќе се случила (види Scordino v. Italy (no.1) (GC),
no.36813/97, § 187, ECHR 2006, Misfud v. France (одлука), no.
57220/00, §17, 11 септември 2002, Kudla, §§ 158 и 159, цитирани
погоре).
44.Судот понатаму забележува дека изразот “судот постапува по
барањето во рок од шест месеци“ може да биде подложен на
различни толкувања (види, mutatis mutandis, Horvat v. Croatia, no.
51585/99, § 43, ECHR 2002-VIII). Останува отворено за
шпекулации дали постапката по таквата жалба ќе заврши во тој
рок. Дополнително, законот од 2006 дефинира два суда кои
можат да одлучуваат по таквото средство: непосредно
повисокиот суд и Врховниот суд. Тој не специфицира кој суд би
бил надлежен да одлучува во случај кога предмет е во тек пред
ПАРИЗОВ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА
Врховниот суд, како во односниот случај (види, a contrario,
Michalak, § 14, цитирани погоре). Иако Судот прифаќа дека
законите не можат да бидат апсолутно прецизни и дека
толкувањето и примената на тие одредби зависи од праксата
(види, mutatis mutandis , Kokkinakis v. Greece, пресуда од 25 мај
1993, Серија А бр. 260 –А, срт. 19, §40 ), останува фактот дека
ниедна судска одлука не била донесена иако поминале повеќе од
дванаесет месеци по воведувањето на тој лек. Отсуството на
било каква домашна судска пракса се чини дека ја потврдува
оваа двосмисленост.
45.Кончено, за разлика од словенечкиот, полскиот и италијанскиот
закон, кои содржат преодни одредби во врска со предметите кои
се во тек пред судот (Европскиот, н.з.) (види Grzincic v. Slovenia,
no.26867/02, § 48, ECHR 2007, Michalak, § 20, цитирани погоре и
Brusco v. Italy (одлука), no. 69789/01, ECHR 2001-IX), законот од година не содржи одредба која експлицитно ќе ги подведе
под надлежност на националните судови сите жалби кое се во
тек пред Европскиот суд, независно од тоа дали се сеуште во тек
на домашно ниво.
46.Земајќи во предвид дека предметот бил во тек пред домашните
судови повеќе од 20 години пред воведувањето на овој лек со
законот од 2006 година и сеуште не е решен, како и дека не
можат да се извлечат заклучоци од владините обсервации во
врска со ефикасноста на лекот во особени околности како што се
околностите на овој случај, Судот смета дека би било
несразмерно да се бара од жалителот да го искористи овој лек.
47.Со таква позадина во предметот, жалбата не може да се смета за
недопуштена поради неисцрпување на домашните лекови во
ПАРИЗОВ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА
смисла на членот 35 од Конвенцијата. Според тоа, приговорот на
Владата мора да биде одбиен. Судот понатаму забележува дека
жалбата не е недопуштена по било која друга основа . Оттука,
мора да биде прогласена за допуштена.
Б.Основаност
1. Поднесоци на странките
48.Владата поднела дека периодот кој изминал пред стапување во
сила на Конвенцијата во однос на Република Македонија не
треба да биде земе во предви. Тие сметаат дека имало сложени
околности поврзани со случајот, вклучувајќи го и предметот на
спорот како и протекот на време помеѓу склучувањето на
договорот (1979) и иницирањето на тужбеното барање пред
домашните судови (1986), факт кој имал негативно влијание врз
утврдувањето на фактите.
49.Што се однесува до однесувањето на жалителот, тие сметале
дека тој придонел на сложеноста со честото менување на своите
аргументи и на основнот на своето барање. Збунувачкиот и
неконзистентен начин на кој жалителот го презентирал својот
случај влијаел врз бројот на решенија на враќање на случајот на
повторно судење.
50.Конечно, тие се осврнале и на должината на секој сегмент на
постапката, по враќањето на предметот на повторно судење,
сметајќи дека истите не траеле неразумно долго. Единствениот
исклучок е доставата на одлуката на Апелациониот суд од 14
април 2000 (види став 20 погоре), кој не придонел суштински на
целокупната должина на постапката.
ПАРИЗОВ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА
51.Жалителот го оспорил владиниот аргумент за сложеноста на
случајот. Тој не се согласил дека тој го модифицирал своето
тужбено барање како и дека тоа ја ефектуирало должината на
постапката со оглед на фактот дека, според правилата кои се
применуваат, националните судови не биле обврзани со
содржината на неговото барање. Потпирајќи се на бројните
враќања на предметот на повторно судење во постапката, тој
изјавил дека истата била прекумерно долга. Конечно, во поглед
на влогот што тој како тужител го имал, заклучил дека
националните судови не постапиле во случајот со должно
внимание.
2. Оценка на Судот
52.Судот забележува дека оспорената постапка започнала на 17
ноември 1986 кога жалителот го поднел своето барање пред
тогашниот Општински суд Штип. Сепак, како што е забележано
од страна на Владата, периодот кој потпаѓа под неговата
надлежност не започнал на тој датум, туку на 10 април 1997, по
стапувањето на Конвенцијата во сила во однос на Република
Македонија (види Личков против РМ, бр. 38202/02, § 21, 28
септември 2006).
53.Во оценката за разумноста на периодот кој изминал по тој датум,
мора да се води сметка за стадиумот на постапката на 10 април (види Зибери против РМ, бр. 27866/02, § 41, 5 јули 2007). Во
таа насока, Судот забележува дека во тој момент постапката
траела преку 10 години и 10 месеци во три судски инстанци.
Одлуката на тогашниот Окружен суд од 20 март 1996 била
последната одлука донесена во рамките на овој период. За
ПАРИЗОВ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА
време на истиот, по случајот било повторно постапувано во три
наврати.
54.Оспорената постапка не е сеуште завршена со оглед на тоа дека
Врховниот суд не одлучил по вложената ревизија на жалителот
од 23 април 2007. Тие веќе траеле преку 21 година од кои 10
години, 9 месеци и 5 дена потпаѓаат под временската
надлежност на Европскиот суд.
55.Судот потсетува дека разумноста на должината на постапката
мора да се оценува во светло на околностите на случајот и со
осврт кон следните критериуми: сложеноста на случајот,
однесувањето на жалителот и на релевантните органи, како и
влогот на жалителот во спорот (види Frydlender v. France (GC),
no. 30979/96, § 43, ECHR 2000-VII).
56.Судот смета дека основот на предметот не може сам по себе да
ја објасни должината на постапката.
57.Исто така судот забележува дека измената на барањето на
жалителот и двете одложувања побарани од страна на
жалителот (види ставови 21 и 26 погоре) не придонеле
значително на должината на постапката.
58.Судот смета дека оддолговлекувањето на постапката се должело
на повторувањето на враќањето на предметите на повторно
постапување во случајот (види Зибери против РМ, бр. 27866/02, §
46, 5 јули 2007). За време на периодот кој потпаѓа под
надлежноста ratione temporis, случајот бил повторно разгледуван
во пет наврати. Сепак, иако Судот не е во позиција да го
анализира квалитетот на судската пракса на домашните судови,
смета дека, со оглед на тоа што враќањето на предметите на
ПАРИЗОВ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА
повторно постапување вообичаено се наредува како резултата
на грешките сторени од страна на пониските судови,
повторувањето на таквите наредби во рамките на една постапка
претставува сериозен недостаток на правосудниот систем (види
Pavlyulynets v. Ukraine, no. 70767/01, § 51, 6 септември 2005,
Wierciszewska v. Poland, no. 41431/98, 46, 25 Ноември 2003). Тој
понатаму забележува дека, како што е нотирано од Владата, на
домашните органи им требале безмалку две години да ја
достават одлуката на Апелациониот суд до жалителот (види став погоре).
59.Во овој контекст, Судот повторува дека државите –договорнички
ја имаат обврската да ги организираа своите правни системи на
таков начин што нивните судови можат секому да го гарантираат
правото да добие конечна одлука по споровите поврзани со
граѓанските права и обврски, во разумен рок (види Костовска, 41,
цитирана погоре и Muti v. Italy, пресуда од 23 март 1994, Серија
А, бр. 281-Ц, 15).
60.Испитувајќи го целиот доставен материјал, Судот смета дека во
односниот случај должината на постапката била прекумерна и
дека не е задоволено барањето за “разумен рок“, од членот 6
став 1 од Конвенцијата.
61.Следствено, има повреда на таа одредба.
II. ДРУГИ НАВОДНИ ПОВРЕДИ НА КОНВЕНЦИЈАТА
62.Во поднесокот доставен како одговор на Владините обсервации,
жалителот се жалел според членот 1 од Протоколот 1 од
Конвенцијата, дека поради прекумерната должина на постапката,
ПАРИЗОВ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА
застарело неговото право да поднесе тужба за надомест поради
тоа што му е оневозможено да го користи земјиштето .
63.Судот забележува дека оспорената постапка, која се однесувала
на проценка на важењето на договорот според кој тужениот се
здобил со право на сопственот врз земјиштето, е сеуште во тек.
Во таа смисла, секоја жалба на членот 1 од Протоколот 1 поврзан
со исходот од постапката е преран. Дополнително, не може да се
смета дка жалителот има право на сопственост во смислата на
посочениот член.
64.Судот оттука нашол дека обжаленото прашање не содржи
никаква појава на повреда на правата и слободите од
Конвенцијата или нејзините протоколи. Следи дека жалбата мора
да биде одбиена во согласност со членот 35 §§ 3 и 4 од
Конвенцијата.
III. ПРИМЕНА НА ЧЛЕНОТ 41 ОД КОНВЕНЦИЈАТА
65.Членот 41 од Конвецијата пропишува:
“Ако Судот нашол дека има повреда на Конвенцијата или Протоколите, и
ако внатрешното право на засегнатата Висока Договорна Страна
дозволува само делумна отштета, Судот, доколку е потребно, ќе додели
правична отштета на оштетената страна.“
А. Штета
66.Жалителот барал 144.900 евра на име на материјална отштета.
Ова барање било поврзано со приходот кој жалителот ќе го
заработел доколку го употребувал земјиштето во периодот во кој
постапката била сеуште во тек. Тој исто така барал и камата во
износ од 1000.000 денари (вредноста на златните лири) поради
ПАРИЗОВ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА
неможноста да ги користи истите уште од 1986. Конечно, тој
барал 60.000 евра на име на нематеријална отштета за
вознемиреноста и емоционалното страдање како резултат на
оддолговлекуваната должина на постапката.
67.Владата ги оспорила овие барања како неосновани. Тие
останале при тоа дека не постоела причинска врска помеѓу
бараната материјална штета и наводната повреда затоа што
жалителот немал право на сопственост врз земјиштето како и
затоа што оспорената постапка сеуште не била завршена.
68.Судот, како што било тврдено и од страна на Владата, не
распознава никаква причинска врска помеѓу најдената повреда и
наводната материјална штета. Судот оттука го одбива ова
барање. Од друга страна, судот смета дека жалителот морал да
претрпи нематеријална штета поради утврдената повреда.
Одлучувајќи на правична основа, судот ја доделува вкупната
сума од 4.000 евра под овој наслов.
Б. Трошоци
69.Жалителот исто така барал 5000 евра за трошоци без да
прецизира дали истите биле сторени пред домашните судови или
пред овој суд. Тој не обезбедил никакви документи како
поддршка.
70.Владата го оспори ова барање како прекумерно и неосновано.
71.Според праксата на Судот, може да се додели отштета на име
трошоци само доколку истите биле вистински и неопходно
сторени од страна на жалителот, како и доколку се разумни
(види Костовска, цитирана погоре, § 62, Arvelakis v. Greece, no.
ПАРИЗОВ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА
41354/98, § 34, 12 април 2001, Nikolova v. Bulgaria (GC), no.
31195/96, § 79, ECHR 1999-II). Суот забележува дека според
членот 60 од Деловникот на Судот “жалителот мора да поднесе
специфицирани документи како поткрепа на сите барања, заедно
со сите документи како поддршка, што доколку се пропушти,
Советот може целосно или делумно да го одбие барањето.“
72.Судот забележува дека жалителот не поднел ниеден пропратен
документ или поднесок на кои би ги засновал своите
барања.Соодветно, судот не доделува ниедна сума под овој
наслов.
В.Затезна камата
73.Судот смета за соодветно дека затезната камата треба да се
исплати според најниската каматна стапка за позајмени средства
на Европската Централна Банка, на која треба да се додадат 3 %.
ОД ОВИЕ ПРИЧИНИ, СУДОТ ЕДНОГЛАСНО
1. Ја прогласува жалбата што се однесува на прекумерната
должина на постапката допуштена, а остатокот од жалбата за
недопуштен,
2. Смета дека има повреда на членот 6 став 1 од Конвенцијата,
3. Смета
а) дека одговорната држава треба да му плати на жалителот, во рок
од три месеци од датумот на кој пресудата станува конечна во
согласност со членот 44 став 2 од Конвенцијата, 4000 евра (четири
илјади евра) на име на нематеријална штета, конвертирана во
националната валута на одговорната држава по стапка применлива
ПАРИЗОВ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА
на денот на исплтата, плус било каква такса која би можела да биде
наплатлива.
б) дека по истекот на наведените три месеци сẻ до исплатата, ќе се
засметува камата на горенаведените износи, по стапка еднаква на
најниската стапка за позајмени средства на Европската централна
банка, за периодот до плаќањето плус 3 %.
4. Го одбива остатокот од барањето на жалителот за правична
отштета.
Изготвено на англиски и објавено на 7 февруари 2008 година, согласно 77
став 2 и 3 од Деловникот за работа на Судот.
Claudia WESTERDIEK
Peer LORENZEN
Секретар,
Претседател
© Rada Europy / Europejski Trybunał Praw Człowieka, źródło: HUDOC (hudoc.echr.coe.int), pozyskano 13.07.2026. · Źródło