14438/03

WyrokETPCz2008-04-24ECLI:CE:ECHR:2008:0424JUD001443803

Analiza orzeczenia

Sekcja wygenerowana przez AI na podstawie treści orzeczenia — nie stanowi cytatu.

Zagadnienie prawne
Czy niewykonanie prawomocnego wyroku sądu krajowego, nakazującego ponowny wybór kandydata na stanowisko pracy spośród kwalifikowanych osób, stanowi naruszenie prawa do rzetelnego procesu (art. 6 ust. 1 Konwencji) oraz prawa do skutecznego środka odwoławczego (art. 13 Konwencji)?
Ratio decidendi
Trybunał uznał, że prawo do sądu byłoby iluzoryczne, gdyby prawomocne i wiążące orzeczenie sądowe pozostawało niewykonalne. Wykonanie wyroku jest integralną częścią „rozpoznania sprawy” w rozumieniu art. 6 ust. 1 Konwencji. W niniejszej sprawie Sąd Najwyższy potwierdził, że pierwotnie wybrana kandydatka nie spełniała wymogów kwalifikacyjnych i nakazał ponowny wybór spośród kwalifikowanych kandydatów. Mimo to, szkoła ponownie zatrudniła tę samą osobę, a sąd egzekucyjny zaakceptował to jako wykonanie wyroku, co Trybunał uznał za niezgodne z treścią orzeczenia. W konsekwencji wyrok Sądu Najwyższego pozostał niewykonany. Co do art. 13, Trybunał stwierdził, że choć skarżącemu sugerowano wszczęcie nowego postępowania cywilnego, nie stanowiłoby to skutecznego środka odwoławczego, ponieważ skarżący już raz z sukcesem przeszedł przez podobne postępowanie, a ponowne jego wszczęcie byłoby jedynie powtórzeniem wcześniejszych działań, które nie doprowadziły do faktycznego wykonania wyroku.
Stan faktyczny
Skarżący, pan Zoran Neshevski, złożył skargę dotyczącą niewykonania prawomocnego wyroku Sądu Najwyższego Republiki Macedonii. Wyrok ten anulował decyzję szkoły o zatrudnieniu pani V.M. na stanowisku nauczyciela, ponieważ nie spełniała ona wymogów kwalifikacyjnych, i nakazał ponowny wybór spośród kwalifikowanych kandydatów. Mimo to, szkoła ponownie zatrudniła panią V.M., a krajowe sądy egzekucyjne uznały to za wykonanie wyroku, odrzucając wniosek skarżącego o egzekucję. Skarżący twierdził, że nie miał skutecznego środka odwoławczego w tej sytuacji.
Rozstrzygnięcie
Trybunał jednogłośnie: 1. Uznaje skargę za dopuszczalną. 2. Stwierdza naruszenie art. 6 ust. 1 Konwencji oraz art. 13 w związku z art. 6 Konwencji. 3. Zasądza od pozwanego państwa na rzecz skarżącego kwotę 2000 euro tytułem szkody niemajątkowej, powiększoną o wszelkie należne podatki, płatną w ciągu trzech miesięcy od daty uprawomocnienia się wyroku. 4. Oddala pozostałą część żądania skarżącego dotyczącego słusznego zadośćuczynienia.

Pełny tekst orzeczenia

CONSEIL   DE L’EUROPE   COUNCIL   OF EUROPE   COUR EUROPÉENNE DES DROITS DE L’HOMME   EUROPEAN COURT OF HUMAN RIGHTS   ПЕТТИ ОДДЕЛ   НЕШЕВСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА   (Жалба бр. 14438/03)   ПРЕСУДА   СТРАЗБУР   Април 2008   Оваа пресуда ќе стане конечна во согласност со условите предвидени во   член 44 став 2 од Конвенцијата. Истата може да биде предмет на   редакциски измени.   Напомена: Македонскиот превод на текстот на одлуката на Европскиот суд   за човекови права е исклучиво информативен и од него не произлегуваат   никакви права и/или обврски. Единствено официјалниот текст на одлуката на   Европскиот суд за човекови права на англиски и/или француски јазик, објавена   од страна на Судот е автентичен и се смета за оригинал. Не е дозволено   објавување на овој превод на било каков начин без претходна дозвола од   страна на Министерството за правда на Република Македонија, освен во   случај доколку се користи за информирање.   НЕШЕВСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА   Во случајот Нешевски против Република Македонија,   Европскиот Суд за човекови права (Петти оддел), заседавајќи во   совет составен од:   Peer Lorenzen, претседател,   Karel Jungwiert,   Volodymyr Butkevych,   Renate Jaeger,   Mark Villiger,   Isabelle Berro-Lefèvre,   Mirjana Lazarova Trajkovska, судии,   and Claudia Westerdiek, секретар на судот,   Расправајќи на затворена седница на 25 март 2008,   Ја донесе следнава пресуда, која беше усвоена на тој датум.   ПОСТАПКА   1.Случајот бил инициран со жалбата бр. 14438/03 против   Република Македонија вложена пред судот согласно   членот 34 од Конвенцијата за заштита на човековите   права и основните слободи (“Конвенцијата“) од страна на   македонскиот   државјанин   г-дин Зоран Нешевски   (“жалителот“), на 18 април 2003.   2.Жалителот бил застапуван од страна на г-дин Ванчо   Шехтански, адвокат кој работи во Скопје. Македонската   Влада (“Владата“) е застапувана од својот агент, г-ѓа Р.   Лазареска Геровска.   НЕШЕВСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА- ПРЕСУДА   3.Жалителот се жалел дека одлуката на Врховниот суд била   суспендирана и не била извршена, како и дека тој немал   ефективен лек против неизвршувањето.   4.На 6 јули 2006 судот одлучил да ја комуницира жалбата до   Владата. Според одредбите на членот 29 став 3 од   Конвенцијата, одлучил да ја испита основаноста на   жалбата истовремено со нејзината допуштеност.   ФАКТИ   5.Жалителот бил роден во 1968 година и живее во Скопје.   6.На 21 јануари 1997 во дневниот печат бил објавен оглас за   постојано вработување на наставник во училиште во   Скопје (“училиштето“). Жалителот бил помеѓу кандидатите   кои се пријавиле на огласот. Помеѓу условите на местото   специфицирани со огласот бил и VII/I степен на   образование.   7.На 30 јануари 1997 училиштето ја назначило г-ѓата В.М. за   огласеното место.   8.По неуспешното предизвикување на таа одлука пред   внатрешните тела на училиштето, жалителот поднел   граѓанска тужба пред Основниот суд во Скопје   (“првостепениот суд“) со барање за поништување на   одлуката на училиштето да ја назначи г-ѓата В.М. за   наставник. Тој тврдел дека г-ѓата В.М. не ги исполнила   условите за тоа место што се однесувале на степенот на   образование.   9.На 10 март 1998 првостепениот суд го прифатил барањето   на жалителот и ја поништил одлуката на училиштето да ја   назначи г-ѓа В.М. Тој нашол дека успешниот кандидат   НЕШЕВСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА   имал VI/I степен на образование и следствено не ги   исполнил условите за местото така како што биле   определени со огласот. Тој исто така наредил училиштето   да изврши повторен избор од кандидатите кои ги   исполниле условите (“наредбата“). Најпосле, тој наредил   училиштето и г-ѓата В.М. солидарно да ги надоместат   судските трошоци на жалителот (“наредба за трошоци“).   10.На 9 ноември 1998 Апелациониот суд Скопје ја преиначил   одлуката на понискиот суд и го одбил барањето на   жалителот. Тој нашол дека првостепениот суд погрешно   го применил правото , во прв ред Законот за основно   образование, на сила во тој период, според кој лице со VI/   степен на образование може да биде вработено на   работното место кое било во прашање. Уште повеќе,   судот нашол дека одлуката на училиштето од 10 јануари   за потребата од засновање на работен однос   потврдила дека VI/I степен на образование е потребен за   вработувањето. Тој заклучил дека самата фактичка   грешка сторена во огласот, кој изискувал VII/I степен на   образование, немала никакво влијание врз законското   право на г-ѓата В.М. да се пријави и да биде назначена на   огласот.   11.На 28 февруари 2001 Врховниот суд ја дозволил   ревизијата од жалителот. Тој ја преиначил одлуката на   Апелациониот суд   и ја потврдил одлуката на   првостепениот суд, односно дека селектираниот кандидат   не ги исполнил условите за работното место така како што   биле огласени.   12.На 21 мај 2001 жалителот иницирал извршна постапка. На   јули 2001 првостепениот суд во Скопје (“извршниот   НЕШЕВСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА- ПРЕСУДА   суд“) му наредил на училиштето да ги изврши обете   наредби од одлуката на првостепениот суд.   13.На 5 декември 2001 училиштето се жалело. На 23 април   извршниот суд делумно ја усвоил жалбата на   училиштето, укинувајќи ја наредбата. Тој навел дека   училиштето во меѓувреме (25 април 2001) извршил нов   избор, повторно назначувајќи ја г-ѓата В.М. на работното   место. Судот ја одбил жалбата што се однесува до   наредбата за трошоците.   14.На 6 ноември 2002 Апелациониот суд Скопје ја одбил   жалбата вложена од страна на жалителот. Тој нашол дека   кандидатот бил избран по пат на нова процедура. Што се   однесува до аргументот на жалителот дека успешниот   кандидат не ги исполнил условите за работното место,   Апелациониот суд, во контекст на извршната постапка,   нашол дека истиот бил неоснован и го упатил жалителот   дека доколку сака да го оспори назначувањето, има   можност да поднесе граѓанска тужба за поништување на   одлуката на училиштето од 25 април 2001. Оваа одлука   му била доставена на жалителот на 14 декември 2002.   15.На 14 јуни 2006 жалителот побарал од извршниот суд да   ја изврши паричната наредба. На 23 јуни 2006 тој суд го   одобрил барањето на жалителот и и наредил на   Народната банка да ја префрли сумата од сметката на   училиштето на сметката на жалителот. Оваа одлука му   била доставена на жалителот на 29 јуни 2006. Се чини   дека сумата не е платена.   НЕШЕВСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА   ЗАКОН   1.НАВОДНА ПОВРЕДА НА ЧЛЕН   КОНВЕНЦИЈАТА   СТАВ   ОД   16.Жалителот се жалел дека одлуката на Врховниот суд   била суспендирана и не била извршена Судот смета дека   таа жалба треба да биде испитана според членот 6 став 1   од Конвенцијата, кој гласи:   “ Во определувањето на неговите граѓански права и обврски...секој има   право на фер...судење...од страна на независен и непристрасен трибунал   основан со закон.“   А. Допуштеност   17.Владата не поднесе никаков приговор во врска со   допуштеноста на жалбата.   18.Судот забележува дека оваа жалба не е очигледно   неоснована во смисла на член 35 став 3 од Конвенцијата.   Тој понатаму забележува дека таа не е недопуштена на   било која друга основа. Оттука, мора да биде прогласена   за допуштена.   Б. Основаност   1.Поднесоци на странките   19.Владата поднела дека извршнит суд, со својата одлука на   април 2002, ја укинал одлуката од 10 јули 2001 што се   НЕШЕВСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА- ПРЕСУДА   однесувала на наредбата, откога утврдил дека   училиштето извршил нов избор од кандидатите. Тие   спореле дека училиштето ја почитувало наредбата и   одлуката на Врховниот суд била следствено целосно   извршена. Што се однесува до одлуката за трошоците,   тие поднеле дека постапката била сеуште во тек.   Дополнително, жалителот не се жалел за извршувањето   на таа наредба.   20.Жалителот ги оспорил аргументите на Владата. Тој   изјавил дека одлуката на училиштето од 30 јануари 1997   со која била назначена г-ѓа В.М .за наставник , била   поништена со оглед на тоа што таа не ги исполнила   условите за работното место. Училиштето требало да   изврши нов избор од кандидатите кои ги исполниле   условите за местото, но , со оглед на тоа што не ги   поседувала потребните квалификации, г-ѓата В.М. не   требала да биде распоредена на огласеното место.   Соодветно, одлуката на Врховниот суд останала   неизвршена, и во спротивност со членот 6 став 1 од   Конвенцијата. Тој понатаму спорел дека, со оглед на тоа   што тој бил единствениот кандидат кој ги исполнувал   условите за местото, училиштето требало да го избере   него за истото. Иако жалителот се согласил со Владата   дека тој не се жалел пред судот за паричната наредба,   изјавил дека наредбата останала неизвршена.   2.Оценката на судот   21.Судот потсетува дека “правото на суд би било илузорно   доколку домашниот правен систем на државата   НЕШЕВСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА   договорничка дозволи конечна и обврзувачка судска   одлука да остане неоперативна на штета на една од   страните...оттука, извршувањето на пресуда донесена од   било кој суд мора да се смета како интегрален дел од   “судењето“ во смисла на членот 6“. Понатаму,   извршувањето на судската одлука не може да биде   прекумерно одложувано (види Miltenovic v. Republic of   Macedonia (dec.), no. 26615/02, 19 јуни 2006,   референците цитирани во истата).   и 22.На 28 февруари 2001, Врховниот суд, донесувајќи ја   конечната одлука во постапката, ја потврдил одлуката на   првостепениот суд од 10 март 1998. Во таа одлука,   првостепениот суд ја поништил одлуката на училиштето   од 30 јануари 1997 со која била примена г-ѓата В.М., му   наредил на училиштето да изврши повторен избор од   квалификуваните кандидати и да донел одлука за   трошоците (види став 9 погоре). Врховниот суд потврдил   дека избраниот кандидат не ги поседувал потребните   квалификации за работата.   23.Во извршната постапка што следела жалителот побарал   од извршниот суд да му нареди на училиштето да ги   изврши двете наредби содржани во првостепената   пресуда. Барањето што се однесувало на извршната   постапка конечно било отфрлено со оглед на тоа што   изборот бил извршен.   Освртот по тој основ би   претставувал суштински одговор на барањето на   жалителот доколку назначеното лице не била г-ѓата В.М.   Сепак, кандидатот назначен на 25 април 2001 била г-ѓата   В.М. односно истото лице за кое Врховниот суд веќе   пресудил дека не одговара на огласот со оглед на   НЕШЕВСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА- ПРЕСУДА   недостигот од потребните квалификации. Дури и со   одредено дозволување на дискреција од страна на   извршните власти во определувањето што треба да се   стори со цел истото да претставува “извршување“ на   пресуда, судот не   е во можност да го помири   прифаќањето на извршниот суд на г-ѓата В.М. како   успешен кандидат, со условите од пресудата која се   извршувала. Особено, судот забележува дека немало   никакви докази во извршната постапка или во постапката   пред тоа во однос на тоа дека тоа лице ги задоволило   барањата од огласот.   24.Горните разгледувања се доволни да му овозможат на   судот да заклучи дека одлуката на Врховниот суд што се   однесува до наредбата – единствената работа на која   жалителот се осврнал во својата жалба – останала   неизвршена.   25.Оттука, имало повреда на членот 6 став 1 од   Конвенцијата.   II. НАВОДНА ПОВРЕДА НА ЧЛЕНОТ 13 ОД КОНВЕНЦИЈАТА   26. Жалителот се жалел на членот 13 од Конвенцијата дека   немал ефективен лек во однос на неизвршувањето на   одлуката на Врховниот суд. Членот 13 од Конвенцијата   гласи:   “ Секој, чии права и слободи наведени во Конвенцијата се повредени ќе   има ефективен лек пред домашните органи, независно од тоа дали   повредата била сторена од лица кои вршеле службена должност.“   А. Допуштеност   НЕШЕВСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА   27.Владата изјавила дека жалителот, и покрај тоа што бил   упатен со одлука на Апелациониот суд од 6 ноември 2002,   не поднел нова граѓанска тужба за поништување на   одлуката на училиштето од 25 април 2001 (види став 14   погоре).   28.Жалителот изјавил дека одлуката на Врховниот суд јасно   посочила дека г-ѓата В.М. не би можела да биде   назначена на огласеното место со оглед на нејзиниот   недостиг на потребни квалификации. Ефектот од нова   граѓанска тужба против одлуката на училиштето од 25   април 2001 би била иста. Со оглед на тоа, употребата на   тој лек би била бесполезна.   29.Судот смета дека оваа жалба не е очигледно неоснована   во смисла на членот 35 став 3 од Конвенцијата. Ниедна   основа за нејзино прогласување за недопуштена не била   најдена.   Б.Основаност   30.Владата понатаму изјавила дека согласно праксата на   Судот, членот 13 од Конвенцијата се применува само   доколку се утврдил повреда на друга суштинска одредба   од Конвенцијата. Тие оттука останале при тоа дека, со   оглед на тоа што нема повреда на членот 6 од   Конвенцијата, нема повреда ни по овој основ.   31.Како што судот пресудил во повеќе наврати, членот 13 од   Конвенцијата гарантира достапност на национално ниво   на средство со цел да се исполни суштината на правата и   слободите од Конвенцијата, во која и да форма истите се   НЕШЕВСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА- ПРЕСУДА   заштитени во домашниот правен поредок. Оттука,   ефектот на членот 13 е да бара одредбата на домашниот   лек да се бави со супстанцата на “спорната жалба“ според   Конвенцијата и да обезбеди соодветно олеснување (види   Kudla v.Poland (GC) , no.30210/96, став 157, ECHR 2000-   XI).   32.Во врска со односниот случај, судот прифаќа дека, како   што било изјавено од Владата и забележано од страна на   Апелациониот суд во неговата одлука од 6 ноември 2002,   жалителот можел да поднесе граѓанска тужба за   поништување на одлуката на училиштето од 25 април   2001.   33.Сепак, во односниот случај, жалителот веќе повел   граѓанска постапка во врска со назначувањето на г-ѓата   В.М. на огласеното место, и истата била успешна.   Владата не објаснила како или зошто понатамошна акција   повеќе би претставувала ефективен лек против   неизвршувањето на одлуката на Врховниот суд од 28   февруари 2001, како што се бара според членот 13,   отколку што би претставувала само повторување на   поранешните постапки, кои и довеле до одлуката на   Врховниот суд.   34.Оттука, Судот заклучил дека во односниот случај има   повреда на членот 13 од Конвенцијата земен заедно со   членот 6 став 1.   III ПРИМЕНА НА ЧЛЕНОТ 41 ОД КОНВЕНЦИЈАТА   35.Членот 41 од Конвенцијата гласи:   НЕШЕВСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА   “Ако Судот нашол дека има повреда на Конвенцијата или   Протоколите, и ако внатрешното право на засегнатата   Висока Договорна Страна дозволува само делумна   отштета, Судот, доколку е потребно, ќе додели правична   отштета на оштетената страна“.   А. Штета   36.Жалителот побарувал 40.000 евра на име материјална   штета поради тоа што не бил вработен во училиштето,   како единствен кандидат кој ги исполнил условите од   огласот.   37.Владата ги оспори овие барања како неосновани. Тие   изјавиле дека не постои причинска врска помеѓу   наводната повреда и бараната материјална штета. Со ова   барање, жалителот всушност бара од судот мериторно да   го реши случајот онака како што бил покренат пред   домашните судови. Дополнително, немало судска одлука   која му наредува на училиштето да го назначи жалителот   на местото. Што се однесува до нематеријалната штета,   тие изјавиле дека барањето на жалителот било засновано   на приближна проценка. Тие понатаму спореле дека тој   бил веќе вработен во периодот која училиштето повторно   ја назначило г-ѓа В.М. на местото.   38.Тие соодветно го поканиле судот да одлучи, доколку најде   повреда, дека истата сама по себе подразбира доволен   надомест за било која штета во односниот случај. Тие   понатаму изјавиле дека жалителот може да бара повторно   отворање на постапката пред домашните судови. Како   НЕШЕВСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА- ПРЕСУДА   алтернатива, тие побарале од судот да ја процени сумата   на правичниот надомест врз основа на судската пракса и   економската ситуација во одговорната држава.   39.Судот смета дека барањето на жалителот во однос на   материјалната отштета е неоснована земајќи го во   предвид фактот дека тој не обезбедил никакви документи   како поддршка на неговите наводи дека бил единствениот   кандидат кој ги исполнувал барањата од огласот.   Дополнително, како што било изјавено од страна на   Владата, не постои судска одлука која му наредува на   училиштето да го назначи на местото. Оттука, судот го   одбива ова барање. Од друга страна, судот смета дека   жалителот морал да претрпел нематеријална штета во   однос на најдената повреда. Одлучувајќи на правична   основа, тој доделил вкупна сума од 2000 евра во однос на   нематеријалната штета.   Б.Трошоци   40.Жалителот исто така побарал 1.600 евра за трошоци   сторени пред судот. Таа цифра вклучувала 1.500 евра за   такси и 100 евра за праќање и копирање на документите.   Жалителот не обезбедил никакви документи за поткрепа.   41.Владата ги оспорила барањата на жалителот под овој   наслов како прекумерен и неоснован.   42.Според праксата на судот, може да се додели сума на   име на сторени трошоци само доколку истите биле   навистина и неопходно направени од страна на жалителот   како и доколку се разумни (види Kostovska v. Republic of   НЕШЕВСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА   Macedonia, no. 44353/02, став 62, 15 јуни 2006). Судот   посочува дека според членот 60 од Деловникот на судот   “жалителот мора да поднесе одделни поднесоци за сите   барања, заедно со сите релевантни документи кои служат   како поткрепа на сите барања“, што, доколку се пропушти   “советот може да го одбие барањето целосно или   делумно“:   43.Судот забележува дека жалителот не поднел никакви   документи за поткрепа со кои би го поддржал своето   барање. Следствено, тој не доделил сума под овој   наслов.   В. Затезна камата   44.Судот смета за соодветно дека дека затезната камата   треба да се исплати според најниската каматна стапка за   позајмени средства на Европската Централна Банка, на   која треба да се додадат 3 %.   ОД ОВИЕ ПРИЧИНИ, СУДОТ ЕДНОГЛАСНО   1. Ја прогласува жалбата за допуштена,   2. Смета дека има повреда на членот 6 став 1 и членот   земен во корелација со членот 6 од Конвенцијата,   3. Смета   а) дека одговорната држава треба да му плати на   жалителот, во рок од три месеци од датумот на кој   пресудата станува конечна во согласност со членот 44   НЕШЕВСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА- ПРЕСУДА   став 2 од Конвенцијата, 2000 евра (две илјади евра) плус   било каква такса која би можела да биде наплатлива, на   име на нематеријална штета, конвертирана во   националната валута на одговорната држава по стапка   применлива на денот на исплатата,.   б) дека по истекот на наведените три месеци сẻ до   исплатата, ќе се засметува камата на горенаведените   износи, по стапка еднаква на најниската стапка за позајмени   средства на Европската централна банка, за периодот до   плаќањето плус 3 %.   4. Го одбива остатокот од барањето на жалителот за   правична отштета.   Изготвено на англиски и објавено на 24 април 2008 година,   согласно 77 став 2 и 3 од Деловникот за работа на Судот.   Claudia WESTERDIEK   Peer LORENZEN   Секретар,   Претседател

© Rada Europy / Europejski Trybunał Praw Człowieka, źródło: HUDOC (hudoc.echr.coe.int), pozyskano 14.07.2026. · Źródło