15250/02

WyrokETPCz2005-12-13ECLI:CE:ECHR:2005:1213JUD001525002

Analiza orzeczenia

Sekcja wygenerowana przez AI na podstawie treści orzeczenia — nie stanowi cytatu.

Zagadnienie prawne
Czy władze greckie naruszyły art. 14 w związku z art. 3 Konwencji, nie badając możliwych motywów rasistowskich w przypadku rzekomego złego traktowania Romów przez policję?
Ratio decidendi
Trybunał uznał, że chociaż zachowanie policji wobec skarżących było krytyczne, samo w sobie nie było wystarczającą podstawą do uznania, że było ono motywowane rasowo w aspekcie materialnym. Jednakże, Trybunał podkreślił, że władze państwowe, prowadząc dochodzenia w sprawie incydentów przemocy, mają dodatkowy obowiązek podjęcia wszelkich rozsądnych kroków w celu wykrycia wszelkich motywów rasistowskich i ustalenia, czy nienawiść etniczna lub uprzedzenia mogły odegrać rolę w wydarzeniach. W tym przypadku, pomimo posiadania informacji wskazujących na możliwe rasistowskie podłoże (zeznań skarżących o rasistowskich obelgach, raportów organizacji pozarządowych), władze krajowe nie przeprowadziły żadnego dochodzenia w tej kwestii. Trybunał uznał, że ten brak dochodzenia w sprawie możliwych motywów rasistowskich stanowi naruszenie art. 14 w związku z art. 3 w jego aspekcie proceduralnym.
Stan faktyczny
Skarżący Lazaros Bekos i Eleftherios Koutropoulos, obywatele Grecji pochodzenia romskiego, zostali aresztowani 8 maja 1998 r. pod zarzutem próby kradzieży. Twierdzili, że byli bici i poddawani rasistowskim obelgom przez policję. Badanie lekarskie potwierdziło obrażenia. Władze greckie wszczęły dochodzenie administracyjne i karne. W dochodzeniu administracyjnym stwierdzono, że policjanci Tsikrikas i Avgeris traktowali skarżących "ze szczególną surowością", a Tsikrikas został ukarany grzywną za zaniedbanie. W postępowaniu karnym pan Tsikrikas został oskarżony o fizyczne znęcanie się, ale sąd krajowy uniewinnił go, stwierdzając brak dowodów jego udziału w złym traktowaniu.
Rozstrzygnięcie
Trybunał jednogłośnie: stwierdza brak naruszenia art. 14 Konwencji w związku z art. 3 w odniesieniu do zarzutu, że traktowanie skarżących przez policję było motywowane rasowo (aspekt materialny); stwierdza naruszenie art. 14 Konwencji w związku z art. 3 dlatego, że władze nie zbadały możliwych motywów rasistowskich incydentu (aspekt proceduralny).

Pełny tekst orzeczenia

© Совет на Европа/ Европски суд за човекови права, 2012 Овој превод беше изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (www.coe.int/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот. За понатамошни информации види ја целосната назнака за авторски права на крајот на овој документ.   © Council of Europe/European Court of Human Rights, 2012  This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (www.coe.int/humanrightstrustfund). It does not bind the Court. For further information see the full copyright indication at the end of this document.   © Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2012 La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (www.coe.int/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour. Pour plus de renseignements veuillez lire l’indication de copyright/droits d’auteur à la fin du présent document.                     ЧЕТВРТИ ОДДЕЛ             СЛУЧАЈ BEKOS И KOUTROPOULOS против ГРЦИЈА   (Жалба бр. 15250/02)                       ПРЕСУДА       СТРАЗБУР   13 декември 2005       Во случајот Bekos и Koutropoulos против Грција, Европскиот суд за човекови права (Четврти оддел), заседавајќи како Судски совет во состав:  Сер Nicolas Bratza, Претседател,  Г-н J. Casadevall,  Г-н C.L. Rozakis,  Г-н G. Bonello,  Г-н R. Maruste,  Г-н S. Pavlovschi,  Г-н J. Borrego Borrego, судии, и г-н M. O’Boyle, Секретар на оддел, Расправајќи на затворена седница на 29 ноември 2005, Ја донесува следната пресуда, која беше усвоена на таа дата: ПОСТАПКА 1. Случајот беше инициран со жалба (бр. 15250/02) против Република Грција поднесена пред Судот според член 34 од Конвенцијата за заштита на човековите права и основни слободи („Конвенцијата“) од двајца грчки државјани припадници на ромската етничка група, г-н Lazaros Bekos и г-н Eleftherios Koutropoulos („жалителите), на 4 април 2002. 2.  Жалителите беа застапувани од страна на European Roma Rights Centre, меѓународно-шравна организација која ја мониторира состојбата со човековите права на Ромите во Еврпа, и Грчкиот хелсиншки монитор [Greek Helsinki Monitor], членка на Меѓународната хелсиншка федерација. Грчката Влада („Владата“) беше застапувана од делегатите на нивниот Агент, г-н V. Kyriazopoulos, Советник на Државниот правен совет и г-ѓа V. Pelekou, правен асистент во Државниот правен совет. 3.  Жалителите тврдеа дека тие биле подложени на акти на полициска бруталност и дека властите не спровеле адекватна истрага за инцидентот, спротивно на членовите 3 и 13 од Конвенцијата. Тие понатаму тврдеа дека оспорените настани биле мотивирани од расни предрасуди, спротивно на член 14 од Конвенцијата. 4.  Жалбата беше распределена на Првиот оддел од Судот (правило 52 § 1 од Правилникот на Судот). Во рамките на одделот, Судскиот совет надлежен за случајот (член 27 § 1 од Конвенцијата) беше формиран како што е предвидено со правило 26 § 1. 5.  На 1 ноември 2004 Судот го промени составот на своите оддели (правило 25 § 1). Овој случај беше распределен на новиот состав на Четвртиот оддел (правило 52 § 1). 6.  Со одлука од 23 ноември 2004, Судскиот совет ја прогласи жалбата за допуштена. 7.  И жалителите и Владата доставија опсервации за основаноста [на жалбата] (правило 59 § 1). ФАКТИ 8.  Жалителите, грчки државјани од ромско потекло, се родени во 1980 и живеат во Месолонги [Mesolonghi] (западна Грција). I.  ОКОЛНОСТИ НА СЛУЧАЈОТ A.  Краток приказ на настаните 9.  На 8 мај 1998, во приближно 00.45 часот, патролно возило од полициската станица во Месолонги одговорило на телефонска пријава за обид за разбојничка кражба на киоск. Повикот бил од страна на внукот на сопственикот на киоскот, г-н Pavlakis. При пристигнувањето на местото, тој го нашол првиот жалител како се обидува да провали во киоскот со железна прачка додека вториот жалител наводно чувал стража. Тој се борел со вториот жалител, кој подоцна изјавил дека г-н Pavlakis го удрил по лицето. 10.  Во тој момент пристигнале тројца полициски службеници, г-н Sompolos, г-н Alexopoulos и г-н Ganavias. Првиот жалител тврдеше дека прво му биле ставени лисици без да биде тепан. Потоа, полицаец ги тргнал лисиците и почнал да го удира повеќе пати по грбот и главата со палка. Тој престанал да го тепа кога првиот жалител се пожалил дека бил болен и дека почнал да чувствува вртоглавици. 11.  После нивното апсење, жалителите биле однесени до полициската станица во Месолонги, каде биле присутни полицајците Tsikrikas, Avgeris, Zalokostas, Skoutas и Kaminatos. Првиот жалител тврдеше дека бил воден до просторијата за задржување од еден полицаец кој го удрил два пати со палка а друг го удрил по лицето. 12.  Во 10 часот првиот жалител бил однесен во просторијата за распит, каде тројца полициски службеници наводно го удриле по стомакот и грбот, обидувајќи се да изнудат признание за други кривични дела и информации за тоа кој продавал дрога во областа. Според првиот жалител, полициските службеници наизменично го тепале, му удриле шлаканици и го удирале по целото тело. Првиот жалител понатаму тврдеше дека друг полициски службеник го тепал со металната прачка која била употребена при обидот за разбојничка кражба. Тој тврдеше дека тој полицаец исто така го турнал во ѕидот, го давел со железната прачка и му се заканувал дека ќе изврши сексуален напад врз него, велејќи „Ќе те е...“, во исто време обидувајќи се да му ги спушти панталоните. 13.  Вториот жалител исто така рече дека и тој бил злоупотребуван во текот на распитот. Во текот на раните часови утрото, тој наводно бил удиран со палка по грбот и клоцан во стомакот од страна на полицаец кој покасно се вратил да го тепа повторно. Покасно, вториот жалител го идентификувал полицаецот како г-н Tsikrikas. Вториот жалител, исто така сведочел дека полициските службеници „му ставиле палка во [неговиот] задник кој потоа го доближиле до [неговото лице], прашувајќи го дали мирисал“. 14.  Жалителите изјавија дека и двајцата можеле да си ги слушаат врисоците и извиците во текот на распитот. Првиот жалител сведочел пред домашниот суд: „Можев да го слушнам Koutropoulos како плаче во другата просторија.“ Вториот жалител исто така изјавил „Јас врискав и викав додека тие ме тепаа. Исто така можев да ги слушнам врисоците и извиците на Bekos.“ Тие исто така тврдеа дека претрпеле континуирана вербална злупотреба за нивното ромско потекло. Во неговата изјава дадена под заклетва со дата 3 јули 1998, првиот жалител сведочел пред јавниот обвинител дека полицаецот кој го давел со железна прачка му рекол „вие ги е.... вашите сестри“ и „а други луѓе ги е...т вашите мајки“ (види исто така параграф 25 подолу). Владата негираше дека жалителите биле нападнати или дека биле подложени на злоупотреба врз основа на раса додека биле задржани во полиција. 15.  Жалителите биле задржани сѐ до утрото на 9 мај 1998. Во 11 часот тие биле изведени пред јавниот обвинител од Месолонги. Првиот жалител бил обвинет за кражба во обид а вториот жалител за соучесништво. Јавниот обвинител ја одредил датата на судското рочиште и ги ослободил жалителите. Во ноември 1999 жалителите биле осудени на триесет дена и дваесет дена условна казна затвор соодветно, за секој од нив условно за три години. 16.  На 9 мај 1998 жалителите отишле во регионалната болница за да добијат медицински докази за нивните повреди. Сепак, стажантот кој ги прегледал можел само да потврди дека и двајцата имале модринки. Со цел да добијат поубедливи докази за нивните повреди, жалителите консултирале лекар по судска медицина во Патра [Patras]. Тој издал лекарско уверение со дата 9 мај 1998, во кој навел дека жалителите имале „умерени телесни повреди предизвикани во претходните дваесет и четири часа од тежок и тап инструмент ...“. Попрецизно, првиот жалител имал „две темно црвени (речиси црни) паралелни контузии со делови на здрава кожа, протегајќи се на приближно 10 см од зглобот на левото рамо сѐ до регијата на делтоидниот мускул и зглобот на десното рамо. Тој се жали на болка во зглобот на едното колено. Тој се жали на болка во левата париетална регија.“ Вториот жалител имал „повеќе темно црвени (речиси црни) паралелни „двојни“ контузии со делови на здрава кожа покривајќи приближно 12 см почнувајќи од зглобот на левото рамо по должината на задната мишка сѐ до долниот крај на лопатката, и контузија со претходноспоменатата боја со димензии од приближно 5 см на задната лева површина на горниот дел на раката и контузија со претходноспоменатата боја со димензии од 2 см на десниот карпален зглоб. Тој се жали на болка на десната страна на париеталната регија и на болка во средниот дел. Тој се жали дека имал скинат менискус на десното колено, има болка при движење и тешко оди.“ Жалителите му доставија на Судот фотографии направени на денот на нивното ослободување, на кои се гледаат нивните повреди. Владата се сомневаше во нивната автентичност и се изјасна дека тие требало прво да бидат изведени пред домашните власти. Таа исто така се сомневаше во кредибилитетот на лекарот по судска медицина кој ги прегледал жалителите и тврдеше дека тој бил осудуван за лажно сведочење. 17.  На 11 мај 1998 Грчкиот хелсиншки монитор и Грчката група за малицнски права [Greek Minority Rights Group] испратиле заедничко писмо до Министерството за јавен ред протестирајќи против инцидентот. Писмото било со наслов „Предмет: инцидент со малтретирање на млади Роми (Цигани) од страна на полициски службеници“; во кое било наведено дека членови на горенаведените организации имале директен контакт со двете жртви во текот на подолга посета на ромските кампови во Грција и дека тие имале собрано приближно триесет изјави во врска со слични инциденти на малтретирање на Роми. Во извешатите на Грчкиот хелсиншки монитор и Грчката група за малицнски права се повикувал Министерот за јавен ред лично да осигура дека ќе се спроведе брза истрага за инцидентот и дека полициските службеници кои биле во него инволвирани ќе бидат казнети. Тие имале став дека прецизни и детални инструкции треба да бидат издадени до сите полициски станици во земјата за постапувањето со Ромите од страна на полицијата. Извешати за инцидентот потоа биле објавени во неколку грчки весници. Б.  Административна истрага за инцидентот 18.  На 12 мај 1998, во одговор на публицитет кој бил предизвикан, Министерството за јавен ред отворило неформална истрага за случајот. 19.  Откако инцидентот предизвикал големо внимание во јавноста, од седиштето на грчака полиција била побарана неформалната истрага да биде подигната на ниво на административна истрага под заклетва (Ενορκη Διοικητική Εξέταση), која започнала на 26 мај 1998. 20.  Извештајот за наодите од административната истрага бил издаден на 18 мај 1999. Во него биле посочени полицајците кои ги уапсиле жалителите и било заклучено дека нивното однесување во текот на апсењето било „законско и сооветно“. Во него било заклучено дека другите двајца полициски службеници, г-н Tsikrikas и г-н Avgeris постапиле со жалителите „со посебна суровост во текот на нивното лишување од слобода“. Во извештајот било воочено дека првиот жалител конзистентно ги идентификувал горенаведените полицајци во две негови изјави под заклетва од 30 јуни и 23 октомври 1998 и дека вториот жалител исто така конзистентно и постојано го идентификувал во текот на истрагата г-н Tsikrikas како полицаецот кој го злоупотребувал. 21.  Попрецизно, било утврдено дека г-н Tsikrikas физички ги злоупотребувал жалителите тепајќи ги со палка и/или клоцајќи ги во стомакот. Понатаму било најдено дека, иако двајцата полицајци негирале дека ги малтретирале жалителите, ниту еден од нив не можел да „даде убедливо и логично објаснување за тоа каде и на кој начин горенаведените тужители биле повредени, со оглед на тоа дека според лекарот по судска медицина малтретирањето се случило додека тие биле задржани во полиција“. 22.  Како последица, било препорачано дисциплински мерки во форма на „привремено суспендирање од службата“ да бидат преземени и против г-н Tsikrikas и против г-н Avgeris. После истрагата биле ослободени од вина останатите полициски службеници кои биле идентификувани од страна на жалителите. И покрај горната препорака, ниту г-н Tsikrikas ниту г-н Avgeris некогаш биле суспендирани. 23.  На 14 јули 1999 началникот на грчката полиција го казнил г-н Tsikrikas со 20,000 драхми (помалку од 59 евра) за пропуштање „да ги преземе потребните мерки да го спречи суровото постапување со задржаните лица од страна на неговите подредени“. Началникот на грчката полиција признал дека жалителите биле малтретирани. Тој изјавил дела „задржаните лица биле тепани во текот на нивното задржување ... и дека биле подложени на телесни повреди“. В.  Кривична постапка против полициските службеници 24.  На 1 јули 1998 жалителите и таткото на првиот жалител поднесле кривична пријава против заменикот на главниот командир и „сите други одговорни“ полицајци во полициската станица во Месолонги. 25.  На 3 јули 1998 првиот жалител дал изјава под заклетва во однос на неговите наводи за малтретирање. Тој тврдел дека во текот на неговото апсење бил тепан по главата со палка од страна на „висок, русокос“ полицаец, кој исто така го тепал во полициската станица и дека бил подложен на расна злопутреба (види параграф 14 погоре). 26.  На 18 декември 1998 јавниот обвинител во Месолонги побарал истражниот судија во Месолонги да спроведе прелиминарна истрага за инцидентот (προανάκριση). Заклучоците од истрагата биле потоа испратени до јавниот обвинител на Апелациониот суд во Патра. Во јануари 2000 Апелациониот суд во Патра наредил официјална судска истрага за инцидентот (κύρια ανάκριση). 27.  На 27 јануари 1999 и 1 февруари 2000 првиот жалител изјавил дека однесувањето на полициските службеници „не било толку лошо“, дека сакал „оваа приказна да заврши“ и дека не сакал „полициските службеници да бидат казнети“. На истите дати вториот жалител повторил дека бил тепан од страна на г-н Tsikrikas, но рекол дека однесувањето на полициските службеници „било со право лошо“ и дека тој не сакал тие да бидат кривично гонети. Тој му се извинил на сопственикот на киоскот и рекол дека сакал „оваа приказна да заврши“ затоа што ќе почнел да служи во војска и сакал „да биде безбеден“. 28.  На 31 август 2000 јавниот обвинител во Месолонги препорачал тројцата полициски службеници, г-н Tsikrikas, г-н Kaminatos и г-н Skoutas, да бидат судени за физичка злоупотреба за време на распит на задржани лица. 29.  На 24 октомври 2000 Одделението за обвиниенија на Основниот кривичен суд во Месолонги (Συμβούλιο Πλημμελειοδικών) го обвинитло г-н Tsikrikas. Тоа заклучило дека „докази[те] покажуваат дека г-н Tsikrikas ги малтретирал [жалителите] во текот на прелиминарното испитување со цел да изнуди од нив признание за кражбата во обид ... и сите други слични нерешени кривични дела кои тие ги имале извршено порано“. Одделението за обвиненија понатаму навело дека г-н Tsikrikas не дал задоволително објаснување за тоа како жалителите биле повредени во текот на нивниот распит и воочило дека и двајцата го посочиле г-н Tsikrikas, без недоумица, како полицаецот кој ги малтретирал. Од друга страна, одлучило да се откаже од обвинението против г-н Kaminatos и г-н Skoutas врз основа на тоа што не било утврдено дека тие биле присутни кога се случиле настаните (обвинителен акт бр. 56/2000). 30.  Судењето на г-н Tsikrikas се одржало на 8 и 9 октомври 2001 пред Апелациониот суд во Патра составен од тројца судии. Судот сослушал неколку сведоци и жалителите, кои ги повториле нивните наводи за малтретирање (види параграфи 10-14 погоре). Помеѓу останатите, судот го сослушал г-н Dimitras, претставник на Грчкиот хелсиншки монитор, кој изјавил дека споменатата организација ја мониторирала состојбата на Ромите во Грција и дека бил известен за инцидентот во текот на посета на камповите на Роми/Цигани. Тој тврдел дека бил ужаснат кога ги видел повредите на телата на жалителите и дека тие на почетокот се плашеле да поднесат пријава против полициските службеници. Г-н Dimitras исто така се повикал на дејствијата кои биле покасно преземени ид страна на Грчкиот хелсиншки монитор и Грчката група за малцински права со цел да им помогнат на жалителите. Пред судот исто така било прочитано, помеѓу останатите документи, отвореното писмо на на Грчкиот хелсиншки монитор и Грчката група за малцински права до Министерството за јавен ред (види параграф 17 погоре). 31.  На 9 октомври 2001 судот нашол дека немало докази според кој г-н Tsikrikas бил вклучен во каква било злоупотреба и заклучил дека тој не бил виновен (одлука бр. 1898/2001). Посебно, судот прво се повикал на околностите поврзани со апсењето на жалителите и на последователното инволвирање на членови на Грчкиот хелсиншки монитор во случајот на жалителите, воочувајќи ја нивната улога во мониторирањето на наводни повреди на човекови права против малцинства. Земајќи ги во предвид и заклучоците на лекарот по судска медицина, судот дошол до следниот заклучок: „... Точно е дека, вториот жалител се борел со г-н Pavlakis. Понатаму, со оглед на тоа дека жалителите носеле тенка облека, логично било што тие биле повредени во текот на тепачката кога биле уапсени. Дури и ако некои од повредите на жалителите биле нанесени од страна на полициски службеници во текот на нивното задржување во полиција, не беше докажано дека обвинетиот во тоа учествувал на еден или друг начин, затоа што тој бил отсутен кога тие пристигнале во полициската станица и немал конакт со нив сѐ до два часа после тоа, кога тој пристигнал во полициската станица. Во неговата изјава под заклетва со дата 3 јули 1998, првиот жалител изјавил дека во процесот на неговото апсење бил удиран/тепан со палка од страна на висок, русокос полициски службеник (опис кој не одговара на цртите на обвинетиот) и дека истиот полициски службеник исто така го удирал и во текот на задржувањето во полиција. Сепак, обвинетиот не бил присутен кога жалителите биле уапсени. Ако жалителите навистина била тепани од страна на полициски службеници во текот на нивното задржување во полиција, тие би ги информирале роднините кои пристигнале во полициската станица таа вечер. Затоа, мора да се заклучи дека обвинетиот не е виновен.“ 32.  Според грчкиот закон, жалителите, кои се приклучиле на постапката како оштетени, не можеле да се жалат против одлуката. II.  ИЗВЕШТАИ НА МЕЃУНАРОДНИ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА НАВОДИ НА ДИСКРИМИНАЦИЈА ПРОТИВ РОМИТЕ 33.  Во нејзините извештаи по држави последните неколку години, Европската комисија против расизам и нетолеранција (ECRI) на Советот на Европа има изразено загриженост за полициско насилство засновано врз расна припадност, посебно против Роми, во повеќе европски земји вклучувајќи ги Бугарија, Република Чешка, Франција, Грција, Унгарија, Полска, Романија и Словачка. 34.  Извештајот за состојбата на фундаменталните права во Европската унија и нејзините држави членки во 2002, подготвен од страна на мрежата на независни експерти за фундаментални права на Европската унија (ЕУ) по барање на Европската комисија, навел, помеѓу останатото, дека полициската злупотреба против Ромите и слични групи, вклучувајќи физичка злоупотреба и прекумерна употреба на сила, била пријавена во повеќе држави членки на ЕУ, како што се Австрија, Франција, Грција, Ирска, Италија и Португалија. 35.  Во нејзиниот втор извештај за Грција, усвоен на 10 декември 1999 и објавен на 27 јуни 2000, ECRI навела, помеѓу останатото: „26.  Има постојани пријави дека Роми/Цигани, Албанци и други имигранти се често жртви на неправилно однесување од страна на полицијата во Грција. Посебно, Ромите/Циганите се често пријавени како жртви на прекумерна употреба на сила – која во некои случаи резултирала со смрт - малтретирање и вербална злоупотреба од страна на полицијата. Дискриминирачки проверки кои вклучуваат членови на овие групи се широко распространети. Во повеќето случаи се пријавува дека има недоволна истрага за случаите, и недоволна транспарентност за резултатите од тие истражни дејствија. Иако повеќето од овие инциденти не доведуваат генерално до тоа пријава да биде поднесена од жртвата, а кога обвиненија се покренати жалителите во некои случаи биле наводно подложени под притисок за да се откажат од обвинението. ECRI ја нагласува итната потреба за подобрување на одговорот на механизмите за внатрешна и надворешна контрола на жалбите за неправилно постапување кон припадници на малцински групи од страна на полицијата. Во тој поглед, ECRI, со внимание го воочува скорото основање на тело надлежно за разгледување на жалби во најсериозните случаи на неправилно постапување од страна на полицијата и ја нагласува важноста на неговата независност и неговата достапност за припадниците на малицнски групи. 27.  ECRI исто така ги охрабрува грчките власти да ги зајакнат нивните напори во однос на обезбедување на иницијална и континуирана обука за полицијата за човекови права и стандардите за антидискриминација. Дополнителни напори исто така треба да се направат за да се осигура вработување на припадници на малцински групи во полицијата и нивно постојано присуство во неа. ... 31.  Како што беше воочено од ECRI во нејзиниот прв извештај, ромското/циганското население во Грција е особено ранливо на ставање во неповолна положба, исклучување и дискриминација во многу сфери. ... ... 34.  Исто така постојат извешати дека Ромите/Циганите доживуваат дискриминација во различни области од јавниот живот. ... Тие исто така често доживуваат дискриминирачко постапување и некогаш насилство и злоупотреба од страна на полицијата. ...“ 36.  Во својот трет извештај за Грција, усвоен на 5 декември 2003 и објавен на 8 јуни 2004, ECRI навела, помеѓу останатото: „67. ECRI со загриженост воочува дека после усвојувањето на нејзиниот втор извештај за Грција, состојбата со Ромите во Грција остана во основа непроменета и дека воглавно тие се соочуваат со истите потешкотии – вклучувајќи дискриминација – во однос на домување, вработување, образование и пристап до јавни служби. ... ... 69.  ECRI го поздравува фактот што Владата има преземено значајни чекори за подобрување на животните услови на Ромите во Грција. Таа востанови интер-министерски комитет за подобрување на животните услови на Ромите. ... 70.  ... ECRI со жалење го констатира многуте случаи во кои локалните власти одбиваат да делуваат во интерес на Ромите кога тие се вознемирувани од страна на припадници на локалното население. Исто така вообичаено е локалните власти да одбиваат да им ги признаат правата кои со закон се гарантирани на припадниците на ромската заедница, во иста мерка како на секој друг грчки граѓанин. ... 105.  ECRI изразува загриженост за сериозните наводи на малтретирање на припадници на малцински групи, како Ромите и на легалните и нелегалните имигранти. Малтретирањето за кое станува збор почнува од расистички навреди до физичко насилство и се случува или во време на апсење или во текот на задржување во полиција. ECRI е особено загрижена за постоењето на чести распространети наводи за неправилна употреба на огнено оружје, која понекгаш резултира и со смрт. Еднакво е загрижена и за известувањата за малтретрирање на малолетници и протерување на лица кои не се државјани вон законска процедура. 106.  Грчките власти наведоа дека тие внимателно ја следат ситуацијата и дека се воспоставени механизми за ефикасно санкционирање на злопутреба. На пример, беше основан Директорат за внатрешни прашања на грчката полиција во 1999 и одговорен е за спроведување истраги, посебно за акти на тортура и повреда на човековото достоинство. Полицијата – посебно полициските службеници кои работат во друг сектор од тој во кој работи осомниченото лице – и обвинителството се исто така надлежни за такви случаи и мора да го информираат горенаведениот орган кога работат на случај во кој е вклучен полициски службеник. Грчкиот Омбудсман е исто така надлежен за истражување, или по предлог или по службена должност, на наводи на неправилно однесување од страна на полициски службеник, но тој е овластен само да препорача дека треба да бидат преземени сооветни мерки. ECRI го поздравува фактот дека Државниот јавен обвинител неодамна ги потсети своите подредени за потребата случаите на полициско малтретирање, посебно кога се вклучени лица кои не се државјани, да се спречи и да биде кривично гонето со соодветен степен на строгост. Властите посочија дека примерите на малтретирање биле пред сѐ како последица на тешки услови во притвор. ECRI со задоволство воочува дека има случаи во кои полицајци биле кривично гонети, и во некои случаи и казнети, за акти на малтретирање. Сепак, НВО за човекови права обрнаа внимание на други случаи каде неказнивост е наводно уживана од страна на службени лица одговорни за дела на насилство, чие кривично гонење не доведува до резултати или не е ниту започнато. ECRI жали за таквата ситуација и се надева дека повеќе нема да биде толерирана.“ 37.  Во нивниот заеднички извештај објавен во април 2003 („Операции на чистење – исклучување на Ромите во Грција“), European Roma Rights Center и Грчкиот хелсиншки монитор, кои ги застапуваат жалителите во конкретниот случај, навеле, помеѓу останатото: „Mониторирањето од страна на ECRC/ГХМ на полициското работење во Грција во текот на последните пет години покажува дека малтретирањето, вклучително и физичка и расистичка вербална злоупотреба на Роми кои се задржани во полиција е често. Иако грчките власти негираат расистички мотиви за малтретирањето на Роми, Ромите жртви со кои ECRC/ГХМ зборуваа, сведочеа дека полициски службеници вербално ги злоупотребувале користејќи расистичи квалификации. Анти-ромски чувства помеѓу полициските службеници често водат до случаи на вознемирување, нечовечко и понижувачко постапување, вербална и физичка злоупотреба, арбитрерно аспење и притвор на Роми од страна на полицијата. ECRC и ГХМ редовно документираат малтретирање на Роми од страна на полицијата, или во моментот на апсење или во текот на задржувањето во полиција. Употребата на расистички квалификации од страна на полициски службеници во некои случаи на полициска злоупотреба на Роми укажува дека расни предрасуди играат улога во непријателското постапување на кои полицајците ги подложуваат Ромите. ...” III.  РЕЛЕВАНТНО ДОМАШНО ПРАВО 38.  Според член 2 § 1 од грчкиот Устав, почитувањето на „вредноста н човечкото суштество“ е еден од фундаменталните принципи и „примарна обврска“ на грчката држава. 39.  Член 5 § 2 од Уставот гласи како што следи: „Сите лица кои живеат на грчка територија ќе уживаат целосна заштита на нивниот живот, достоинство и слобода без оглед на националност, раса или јазик и верски или политички уверувања. Исклучоци ќе бидат дозволени само во случаи предвидени со меѓународното право ...” 40.  Законот бр. 927/1979 (изменет со Закон бр. 1419/1984 и Закон бр. 2910/2001) е главниот закон за имплементирање на спречувањето на акти или активности поврзани со расна или верска дискриминација. IV. РЕЛЕВАНТНО МЕЃУНАРОДНО ПРАВО 41.  Директивата на Советот на Европската унија 2000/43/CE од 29 јуни 2000 со која се имплементира принципот на еднакво постапување со луѓето без разлика на расно или етничко потекло и Директивата на Советот 2000/78/CE од 27 ноември 2000 со која се воспоставува општа рамка за еднакво постапување во вработувањето и занимањето, предвидуваат, во член 8 и член 10 соодветно: “ „1. Државите членки ќе ги преземат тие мерки кои се неопходни, во согласност со нивните национални правни системи, за да осигураат дека, кога лица кои се сметаат за повредени затоа што принципот на еднакво постапување не бил применет врз нив, утврдат, пред суд или друг надлежен орган, факти од кои може да се претпостави дека имало директна или индиректна дискриминација, товарот ќе биде на тужениот да докаже дека немало повреда на принципот на еднакво постапување. 2.  Параграфот 1 нема да ги попречува државите од воведување на доказни правила кои се поповолни за тужителите. 3.  Параграфот 1 нема да се применува во кривични постапки. ... 5.  Државите членки не мора да го применуваат параграфот 1 во кои задача е на судот или на надлежниот орган да ги испитаат фактите на случајот.“ ПРАВО ... III.  НАВОДНА ПОВРЕДА НА ЧЛЕН 14 ОД КОНВЕНЦИЈАТА 58.  Жалителите се жалеа дека малтретирањето кое го претрпеле, заедно со тоа што немало ефикасна истрага за инцидентот, биле поврзани делумно со нивното ромско етничко потекло. Тие наведоа повреда на член 14 од Конвенцијата, кој предвидува: „Уживањето на правата и слободите, признати со оваа Конвенција, треба да се обезбеди без никаква дискриминација заснована врз пол, раса, боја на кожата, јазик, вера, политичко или кое и да е друго мислење, национално или социјално потекло, припадност на национално малцинство, материјална положба, потекло по раѓање или кој и да е друг статус.“ A.  Аргументи на странките 59.  Жалителите потврдија дека при оцената на доказите стандардот на докажување применет од страна на Судот бил „надвор од разумното сомневање“ [“proof beyond reasonable doubt“], но воочија дека Судот појаснил дека тој стандард не бил толкуван како да наложува толку висок степен на веројатност како во кривична постапка. Тие потврдија дека товарот на докажување морал да се префрли на тужената Влада кога жалителот покажал prima facie случај на дискриминација. 60.  Враќајќи се на фактите на конкретниот случај, жалителите тврдеа дека природата на самиот инцидент, расистичкиот вокабулар користен од страна на полицијата и постојаното пропуштање на домашните власти да санкцинираат анти-ромска полициска бруталност јасно покажувале убедлив случај злоупотреба заснована врз расна припадност и избегнување од одговорност. Во овој поглед жалителите повторија дека полициските службеници употребиле расистички зборови и го споменале нивното етничко потекло во пејоративна смисла. Тие понатаму тврдеа дека дискриминирачките коментари кои полициските службеници им ги викале во текот на нивното лишување од слобода морало да се разгледа во поширокиот контекст на систематски расизам и непријателство кои полициските органи во Грција редовно ги покажувале против Ромите. Овој однос биле нашироко документиран од страна на меѓувладини и организации за човекови права. 61.  Владата нагласи дека Суот отсекогаш наложувал стандард „надвор од разумното сомневање“ и дека во конкретниот случај немало докази на каков било акт врз основа на раса од страна на властите. Таа цврсто негираше дека жалителите биле малтретирани; сепак дури и ако се претпоставело дека полициските службеници инволвирани во инцидентот постапиле на насилен начин, Владата веруваше дека нивното однесување не било засновано на расна припадност туку било поврзано со фактот што жалителите имале претходно извршено кривично дело. 62.  Владата понатаму се изјасни дека во последниот извештај за Грција (види параграф 36 погоре), ECRI им обратила внимание на грчките власти на состојбата на Ромите, нагласувајќи ги посебно проблемите на дискриминација во однос на домување, вработување, образование и пристап до јавни сервиси. ECRI исто така ја нагласила важноста на надминувањето на локалниот отпор против иницијативи во полза на Ромите, но го поздравила фактот што Владата презела значителни чекори за подобрување на животните услови на Ромите во Грција. Владата нагласи дека во извештајот не била спомената каква било друга дискриминација претрпена од страна на Роми во однос на нивните права загарантирани со Конвенцијата. На крај, таа потврди дека грчкиот Устав изречно забранувал расна дискриминација и посочи дека државата неодамна имала преземено мерки за транспозиција на Директивите против расизам 2000/43/EC и 2000/78/EC на Европската унија. Б.  Оцена на Судот 1.  Дали тужената држава е одговорна за понижувачко постапување врз основ на расата или етничкото потекло на жртвите 63.  Дискриминација значи различно постапување, без објективно и разумно оправдување, со лица во релевантно слични ситуации (види Willis v. the United Kingdom, no. 36042/97, § 48, ECHR 2002‑IV). Расното насилство е посебен напад врз човечкото достоинство и, со оглед на неговите опасни последици, тоа бара од властите посебно внимание и силна реакција. Токму поради оваа причина властите мора да ги користат сите достапни средства за да се борат против расизмот и расистичкото насилство, на тој начин зајакнувајќи ја визијата на демократијата за општество во кое на различноста не се гледа како на закана туку како на извор за негово збогатување (види Nachova and Others v. Bulgaria [GC], nos. 43577/98 and 43579/98, § 145, ECHR 2005-VII). 64.  Соочен со жалбата на жалителите за повреда на член 14, на начинот на кој е формулирана, задачата на Судот е да утврди дали расизмот бил причински фактор во оспореното однесување на полициските службеници на начин да доведе до повреда на член 14 од Конвенцијата во врска со член 3. 65.  Судот повторува дека при оцената на докази го има усвоено стандардот на докажување „надвор од разумно сомневање“ (види параграф 47 погоре) и покрај тоа, тој не ја има исклучено можноста дека во определени случаи на наводна дискриминација може да побара тужената Влада да достави спротивни доказн на издржан навод на дискриминација и – ако таа тоа не го стори – да најде повреда на член 14 од Конвенцијата врз таа основа. Сепак, кога се тврди – како во овој случај – дека еден насилен акт бил мотивиран од расни предрасуди, таков пристап би довел до тоа да се бара од тужената Влада да го докаже отсуството на конкретен субјективен став од страна на засегнатото лице. Иако во правните системи на многу земји докази за дискриминирачка последица на политика или одлука ќе ослободи од потребата за се докаже намера во однос на наводната дискриминација во вработување или во давање на услуги, тој пристап тешко може да се примени на случај каде има наводи дека акт на насилство бил врз расна основа (види Nachova and Others, цитиран погоре, § 157). 66.  Затоа, свртувајќи се кон фактите на конкретниот случај, Судот смета дека, иако однесувањето на полициските службеници во текот на задржувањето на жалителите во полиција треба да биде предмет на сериозна критика, нивното однесување само по себе не е доволна основа за да се заклучи дека постапувањето со жалителите од страна на полицијата било со расни мотиви. Понатаму, во делот во кој жалителите се повикуваа на општи информации за полициска злоупотреба на Ромите во Грција, Судот не може да го занемари фактот дека негова единствена грижа е да утврди дали во конкретниот случај постапувањето со жалителите било засновано на расизам (види Nachova and Others, cited above, § 155). На крај, Судот не смета дека пропустот на властите да спроведат ефикасна истрага за наводните расистички мотиви за инцидентот го префрла товарот на докажување на тужената држава во однос на наводната повреда на член 14 во врска со материјалниот аспект на член 3 од Конвенцијата. Прашањето за почитувањето на властите на нивната процедурална обврска е посебно прашање, на кое Судот ќе се наврати подолу (види Nachova and Others, цитиран погоре, § 157). 67.  Накратко, откако ги оцени сите релевантни елементи, Судот не смета дека беше докажано надвор од разумно сомневање дека расистички ставови играле улога во постапувањето со жалителите од страна на полицијата. 68.  Затоа заклучува дека немало повреда на член 14 од Конвенцијата во врска со член 3 во неговиот материјален аспект. 2.  Дали тужената држава ја почитувала својата обврска да ги истражи можните расистички мотиви 69.  Судот смета дека, кога вршат истрага за насилни инциденти, државните власти имаат дополнителна должност да ги преземат сите разумни чекори за откривање на какви било расистички мотиви и да утврдат дали етничка омраза или предрасуди можеле да играат улога во настаните. Точно е дека докажувањето на расистички мотиви често ќе биде екстремно тешко во пракса. Обврската на тужената држава да истражи можни расистички мотиви на насилен акт е обврска да се преземат најдобрите напори и таа оврска не е апсолутна. Властите мора да го направат она што е разумно во околностите за да ги соберат и обезбедат доказите, да ги истражат сите практични средства за откривање на вистината и да донесат целосно образложени, непристрасни и објективни одлуки, без да изостават сомнителни факти кои може да укажуваат на расно индуцирано насилство (види, mutatis mutandis, пресудата на Судскиот совет во Nachova and Others v. Bulgaria, nos. 43577/98 and 43579/98, §§ 158-59, 26 February 2004). 70.  Судот понатаму смета дека должноста на властите да го истражат постоењето на можна поврзаност помеѓу расистички ставови и акт на насилство е еден аспект на нивните процедурални обврски кои произлегуваат од член 3 од Конвенцијата, но може исто така да се гледаат како имплицитни на нивните одговорности по член 14 од Конвенцијата за да ги обезбедат без дискриминација фундаменталните вредности загарантирани во член 3. Како резултат на взаемното влијание на овие две одредби, прашања како тие во конкретниот случај може да бидат разгледани само под една од двете одредби, без посебен проблем да произлезе според другата, или може да бара испитување и според двата члена. Ова е прашање кое ќе се одлучи во секој случај врз основа на неговите фактичка состојба и во зависност од видот на наводите (види, mutatis mutandis, пресудата на Големиот судски совет во Nachova and Others, цитиран погоре, § 161). 71.  Во конкретниот случај Судот веќе утврди[1] дека грчките власти го повредиле член 3 од Конвенцијата пропуштајќи да спроведат ефикасна истрага за инцидентот. Тој смета дека мора посебно да го разгледа жалбениот навод дека исто така имало пропуст да се испита и можна причинска врска помеѓу наводните расистички ставови и злоупотребата кои жалителите ја претрпеле од страна на полицијата. 72.  Органите кои го истражувале наводното малтретирање на жалителите имале пред нив изјави дадени под заклетва на првиот жалител дека, освен тоа што тие биле жртви на сериозни напади, тие биле подложени и на расна злоупотреба од страна на полицајците кои биле одговорни за малтретирањето. Понатаму, тие пред нив го имале отвореното писмо на Грчкиот хелсиншки монитор и на Грчката група за малцински права со кои протестирало за малтретирањето на жалителите, кое го квалификувале како полициска бруталност против Роми од страна на грчката полиција, и повикувајќи се на триесет усни сведочења во однос на слични инциденти за малтретирањето на припадници на ромската заедница. Писмото завршувало со повикување на властите дека прецизни и детални инструкции треба да бидат дадени на сите полициски станици во земјата во однос на постапувањето на полицијата со Ромите (види параграф 17 погоре). 73.  Судот смета дека овие изјави, кога ќе се земат заедно со извештаите на меѓународните организации за наводна дискриминација на Ромите и слични групи од страна на полицијата во Грција, вклучувајќи физичка злоупотреба и прекумерна употреба на сила, барале проверка. Според мислењето на Судот, кога ќе се појават докази за расистичка вербална злоупотреба изговорена од страна на полицајци во врска со наводно малтретирање на лица лишени од слобода кои се од етничко или друго малцинство, детална анализа на сите факти треба да биде преземена со цел да се откријат можни расистички мотиви (види, mutatis mutandis, пресуда на Големиот судски совет во Nachova and Others, цитиран погоре, § 164). 74.  Во конкретниот случај, покрај прифатливите информации со кои властите располагале дека наводните напади биле засновани врз расна припадност, нема докази дека тие спровеле каква било истрага за тоа прашање. Посебно, ништо не било преземено за да се проверат изјавите на првиот жалител дека тие биле подложени на расистичка вербална злоупотреба или на другите изјави споменати во отвореното писмо со кои се наведува слично малтретирање на Роми; ниту се чини дека било какви проверки биле преземени за тоа дали г-н Tsikrakas бил претходно инволвиран во слични инциденти или дали тој некогаш бил обвинет во минатото дека покажувал анти-ромски чувства; ниту, понатаму, се чини дека било каква истрага била спроведена за тоа како другите полициски службеници од полициската станица во Месолонги ги извршувале своите должности кога работеле со групи на етнички малцинства. Понатаму, Судот нагласува дека, иако Грчкиот хелсиншки монитор сведочел пред првостепениот суд во случајот на жалителите и затоа можните расни мотиви за инцидентот не можеле да не бидат забележани од страна на судот, се чини дека не било обратено посебно вниманите на овој аспект, судот го третирал случајот на ист начин како секој друг случај без расни мотиви. 75.  Судот затоа закучува дека властите не успеале во нивната должност од член 14 од Конвенцијата земен во врска со член 3 да ги преземат сите можни чекори за да истражат дали дискриминација можеби играла улога во настаните. Следува дека имало повреда на член 14 од Конвенцијата земен во врска со член 3 во неговиот процедурален аспект. ... ОД ОВИЕ ПРИЧИНИ, СУДОТ ЕДНОГЛАСНО ...   4.  Одлучува дека имало повреда на член 14 од Конвенцијата земен во врска со член 3 во однос на наводот дека постапувањето со жалителите од страна на полицијата било врз расна основа;   5.  Одлучува дека има повреда на член 14 од Конвенцијата земен во врска со член 3 затоа што властите пропуштиле да ги истражат можните расистички мотиви за инцидентот;   ... Изработена на англиски, и доставена во писмена форма на 13 декември 2005, според правилото 77 §§ 2 и 3 од Правилникот на Судот.  Michael O’Boyle Nicolas Bratza  Секретар Претседател Во согласност со член 45 § 2 од Конвенцијата и правило 74 § 2 од Правилникот на Судот, следните издвоени мислења се приклучени кон оваа пресуда: (а)  издвоено мислење на Сер Nicolas Bratza; (б)  издвоено мислење на г-н Casadevall. N.B. M.O’B. © Совет на Европа/Европски суд за човекови права 2012 Официјални јазици на Европскиот суд за човекови права се англискиот и францускиот. Овој превод беше изработен со поддршка на Human Rights Trust Fund на Советот на Европа (www.coe.int/humanrightstrustfund). Преводот не е обврзувачки за Судот, ниту Судот презема било каква одговорност за неговиот квалитет. Преводот може да се префрли од HUDOC датабазата на судска пракса на Европскиот суд за човекови права (http://hudoc.echr.coe.int) или од други бази на податоци со кои Судот го споделил. Може да биде репродуциран за некомерцијални цели под услов да се наведе потполниот наслов на случајот заедно со горната назнака за авторски права и споменувањето на Human Rights Trust Fund. Ако целта е да се употреби било кој дел од овој превод за комерцијални цели, Ве молиме контактирајте ги [email protected].   © Council of Europe/European Court of Human Rights, 2012 The official languages of the European Court of Human Rights are English and French. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (www.coe.int/humanrightstrustfund). It does not bind the Court, nor does the Court take any responsibility for the quality thereof. It may be downloaded from the HUDOC case-law database of the European Court of Human Rights (http://hudoc.echr.coe.int) or from any other database with which the Court has shared it. It may be reproduced for non-commercial purposes on condition that the full title of the case is cited, together with the above copyright indication and reference to the Human Rights Trust Fund. If it is intended to use any part of this translation for commercial purposes, please contact [email protected].   © Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2012 Les langues officielles de la Cour européenne des droits de l’homme sont le français et l’anglais. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (www.coe.int/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour, et celle-ci décline toute responsabilité quant à sa qualité. Elle peut être téléchargée à partir de HUDOC, la base de jurisprudence de la Cour européenne des droits de l’homme (http://hudoc.echr.coe.int), ou de toute autre base de données à laquelle HUDOC l’a communiquée. Elle peut être reproduite à des fins non commerciales, sous réserve que le titre de l’affaire soit cité en entier et s’accompagne de l’indication de copyright ci-dessus ainsi que de la référence au Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme. Toute personne souhaitant se servir de tout ou partie de la présente traduction à des fins commerciales est invitée à le signaler à l’adresse suivante : [email protected]   [1]. Во дел од оваа пресуда кој не е вклучен во овој текст.

© Rada Europy / Europejski Trybunał Praw Człowieka, źródło: HUDOC (hudoc.echr.coe.int), pozyskano 14.07.2026. · Źródło