16328/03
WyrokETPCz2008-11-06ECLI:CE:ECHR:2008:1106JUD001632803
Analiza orzeczenia
Sekcja wygenerowana przez AI na podstawie treści orzeczenia — nie stanowi cytatu.
Zagadnienie prawne
Czy przewlekłość postępowania sądowego w sprawie o zwolnienie z pracy naruszyła prawo skarżącej do rozpoznania sprawy w rozsądnym terminie z art. 6 ust. 1 Konwencji?Ratio decidendi
Trybunał uznał, że postępowanie sądowe w sprawie skarżącej, trwające łącznie 5 lat, 6 miesięcy i 22 dni przez trzy instancje, było nadmiernie długie. Stwierdził, że sprawa nie była skomplikowana, a zachowanie skarżącej nie przyczyniło się do opóźnień. Kluczowe opóźnienie nastąpiło przed Sądem Najwyższym, gdzie sprawa trwała ponad 2 lata i 10 miesięcy. Trybunał podkreślił, że nadmierne obciążenie sądów nie może usprawiedliwiać naruszenia prawa do rozsądnego terminu, a sprawy z zakresu prawa pracy wymagają szczególnej szybkości rozpatrywania zgodnie z prawem krajowym i orzecznictwem.Stan faktyczny
Skarżąca, Natka Dimitrijeva, została zwolniona z pracy w banku w Macedonii w marcu 1997 roku na podstawie specjalnej ustawy o sanacji bank. Zaskarżyła zwolnienie do sądu, twierdząc, że było ono niezgodne z prawem pracy i dyskryminujące. Sądy krajowe (pierwszej instancji, apelacyjny i Sąd Najwyższy) oddaliły jej roszczenia, uznając, że ustawa o sanacji bank stanowiła lex specialis. Skarżąca złożyła również skargę konstytucyjną, która została odrzucona.Rozstrzygnięcie
Trybunał jednogłośnie: 1. Uznaje skargę za dopuszczalną w części dotyczącej nadmiernej długości postępowania, a w pozostałym zakresie za niedopuszczalną. 2. Stwierdza naruszenie art. 6 ust. 1 Konwencji. 3. Zasądza na rzecz skarżącej 800 EUR z tytułu szkody niemajątkowej. 4. Oddala pozostałą część roszczeń skarżącej o słuszne zadośćuczynienie.Pełny tekst orzeczenia
CONSEIL
DE L’EUROPE
COUNCIL
OF EUROPE
COUR EUROPÉENNE DES DROITS DE L’HOMME
EUROPEAN COURT OF HUMAN RIGHTS
ПЕТТИ ОДДЕЛ
ДИМИТРИЕВА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА
(Жалба бр. 16328/03)
ПРЕСУДА
СТРАЗБУР НОЕМВРИ 2008 ГОДИНА
Оваа пресуда ќе стане конечна во согласност со условите
предвидени во член 44 став 2 од Конвенцијата. Истата може да
биде предмет на редакциски измени.
Напомена: Македонскиот превод на текстот на одлуката на
Европскиот суд за човекови права е исклучиво информативен и од
него не произлегуваат никакви права и/или обврски. Единствено
официјалниот текст на одлуката на Европскиот суд за човекови
права на англиски и/или француски јазик, објавена од страна на
Судот е автентичен и се смета за оригинал. Не е дозволено
објавување на овој превод на било каков начин без претходна
дозвола од страна на Министерството за правда на Република
Македонија, освен во случај доколку се користи за информирање.
ДИМИТРИЕВА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА
Во случајот Димитриева против Република Македонија,
Европскиот Суд за човекови права (Петти оддел), заседавајќи во
совет составен од:
Rait Maruste, Претседател,
Karel Jungwiert,
Volodymyr Butkevych,
Renate Jaeger,
Mark Villiger,
Isabelle Berro-Lefèvre,
Мирјана Лазарова Трајковска, судии,
и
Claudia Westerdiek, Секретар на одделот,
Расправајќи на затворена седница на 7 Октомври 2008
година,
Ја донесе следнава пресуда, усвоена на истиот датум.
ПОСТАПКА
1. Случајот започнал со Жалба (бр. 16328/03) против
Република Македонија, поднесена до Судот врз основа на член од Конвенцијата за заштита на човековите права и основни
слободи (“Конвенцијата“) од македонскиот државјанин, г-ѓа
Натка Димитриева (“Жалител“), на 13 Мај 2003 година.
2. Владата на Република Македонија (“Владата“) беше
застапувана од нејзиниот Агент, г-ѓа Радица Лазареска Геровска.
3. На 7 Мај 2007 година, Судот одлучи да ja достави жалбата
на одговор во врска со должината на постапката. Применувајќи
го члeнот 29 став 3 од Конвенцијата, Судот одлучи да ја цени
допуштеноста и основаноста на жалбата во исто време.
I. ФАКТИ НА ПРЕДМЕТОТ
4. Жалителот била родена во 1958 година и живее во Штип
5. Жалителот работел во Стопанска банка АД Скопје
(“Банката“). На 10 Март 1997 година, таа била отпуштена помеѓу
другото врз основа на членот 19 – а од Закон за санација и
реконструирање на дел од банките во Република Македонија
(“Законот за санација“). Неа истовремено и била исплатена
испратнина.
ДИМИТРИЕВА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА
6. На 22 Април 1997 година, Жалителот го оспорила нејзиното
отпуштање пред првостепениот суд Штип (“првостепениот суд“)
за наводна неусогласеност со постапките загарантирани во
Законот за работни односи (“Законот“). Таа понатаму тврдела
дека членот 19-а од Законот за санација бил дискриминаторен и
истовремено, неуставен.
7. Ниту една од петте закажани расправи пред првостепениот
суд не се одржале на барање на Жалителот. Во текот на
постапката, Жалителот го прецизирала нејзиното тужбено
барање во три наврати. На 27 Март 1998 година, првостепениот
суд го одбил тужбеното барање, наоѓајќи дека, Законот за
санација, како lex specialis, го суспендирал применувањето на
Законот за работни односи. Исто така, судот сметал дека,
жалбата против одлуката морала да биде поднесена во период
од 8 дена од доставата до заинтересираните странки.
8. На 2 Јуни 1998 година, Жалителот поднела жалба
(нејзиниот жалбен поднесок содржел 25 страни). Таа барала,
помеѓу другото, Апелациониот суд да одржи јавна расправа со
предлог за присуство на нејзиниот застапник на расправата и
можност да се објаснат основите на жалбата.
9. На затворена седница одржана на 17 септември 1999
година, Апелациниот суд Штип ја одбил жалбата на Жалителот и
ја потврдил одлуката на понискиот суд. Тој го повторил ставот
дека, Законот за санација навистина бил lex specialis и дека
членот 19-а бил применлив во нејзиниот случај, и истиот ја
суспендирал примената на членовите 127 и 129 од Законот.
Понатаму судот сметал дека, рокот од 8 дена за поднесување на
жалба бил во согласност со Законот за парнична постапка, кој
бил на сила во тој период. Одлуката била доставена до
Жалителот на 12 Октомври 1999 година.
10.На 11 ноември 1999 година, првостепениот суд примил
детална ревизија од Жалителот.
11. На 19 септември 2002 година, Врховниот суд ја одбил
ревизијата, потврдувајќи ги причините дадени од пониските
судови. Понатаму судот сметал дека, Апелациониот суд
обезбедил доволни причини за отфрлање на стојалиштата во
врска со рокот за поднесување на жалбата. Исто така ги
отфрлил стојалиштата во врска со временската важност на
Законот за санација. Жалителот ја примил одлуката на 14
Ноември 2002 година.
12. На 14 јануари 2003 година, Жалителот поднел барање за
заштита на слободите и правата на човекот и граѓанинот
(“уставно барање“) до Уставниот суд, заради наводна
дикриминација. Таа во своето барање тврдела дека, Законот за
ДИМИТРИЕВА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА
санација ја ограничувал како вработена во Банка, и дека, таа
била ставена во неповолна положба во односот работник -
работодавач. На 27 Јануари 2003 година, таа го допрецизирала
нејзиното уставно барање, односно: тврдела дека е жртва на
примената на челенот 19-а од Законот за санација кој не
утврдувал отказен рок и критериумите утврдени со Законот.
13. На 9 Јули 2003 година, Уставниот суд го отфрлил
нејзиното
уставно
барање,
наоѓајќи
дека
немало
дискриминација, Тој помеѓу другото утврдил дека Законот за
санација, како lex specialis, ја суспендира примената на Законот.
Исто така потсетил на неговата одлука од 23 октомври 1996
година со која ја потврдил уставноста на членот 19-а од Законот
за санација. Понатаму сметал дека, не се предвидува
инстанционен надзор на домашните одлуки. На 23 Јули 2003
година, одлуката била објавена во Службен весник.
II. РЕЛЕВАНТНО ДОМАШНО ЗАКОНОДАВСТВО И СУДСКА
ПРАКСА
1. Устав
14. Членот 32 став 5 од Уставот предвидува дека,
остварувањето на правата на вработените и нивната положба се
уредуваат со закон и со колективни договори
2. Закон за санација и реконструирање на дел од банките
во Република Македонија
15. Членот 3 од Законот за санација предвидува дека се
однесува на Банката.
16. Членот 19-а од Законот за санација предвидува дека,
членот 127 став 1 и 129 од Законот за работни односи нема да
се применува на отпуштените работници во банките како
технолошки вишок.
3. Закон за работните односи, кој бил на сила
17. Членот 127 став 1 утврдувал обврска за работодавачите
да дадат еден месец отказен рок на секој поединечен вработен
кој бил прогласен за технолошки вишок
18. Членот 129 предвидувал, помеѓу другото, дека, боројот и
положбата на вработените кои се технолошки вишок ќе биде
утврден врз основа на условите утврдени со колективниот
договор.
ДИМИТРИЕВА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА
4. Одлуки на Врховниот суд
19. Жалителот достави неколку одлуки на Врховниот суд во
врска со истото правно прашање:
(a) Одлука на Врхонвиот суд од
(Рев.бр.531/98)
(b) Одлука на Врхонвиот суд од
(Рев.бр.67/99) Април 1999 година Јули 2001 година
(c) Одлука на Врхонвиот суд од 6 Септмври 2001 година
(Рев.бр.366/01)
Во споменатите предмети на Врховниот суд биле одбиени
ревизиите поднесени од вработените во банките против
судските одлуки кои го потврдиле нивното отпуштање.
Врховниот суд повторил дека, Законот за санација, како lex
specialis, имал посебна цел и дека, во поглед на вработените во
банките, истиот суспендирал некои од процесните барања
предвидени со Законот.
5. Одлуката на Уставниот суд со која се потврдува
уставноста на членот 19-а од Законот за санација
20. На 23 Октомври 1996 година, Уставниот суд одлучил да не
поведе постапка за оценување на уставноста на членот 19-а од
Законот за санација. Тој утврдил дека, одредбата била во
согласност со членот 32 став 5 од Уставот и дека, членот бил
усвоен во посебна смисла само за реконстуирање/санирање на
Банката. Тој заклучил дека, посебните услови и критериуми за
отпуштање на вработените во банките како технолошки вишок,
не треба да се гледа како дискриминација во споредба со
односот вработен и работодавач.
6. Закон за парничната постапка
21.Членот 340 став 1 од Законот за парничната постапка
предвидува дека, ќе постои суштествена повреда на законот за
парнична постапка, доколку судот не го примени или погрешно
ги примени одредбите од законот, во околности кои влијаат или
би влијаеле на донесувањето на законита и правилна одлука.
22. Членот 348 предвидува дека, по правило на
второстепениот суд одлучува без јавна расправа. Јавната
расправа може да се одржи доколку советот на второстепениот
суд најде дека е потребно да се изведат докази кој веќе биле
изведени заради правилно утврдување на фактичката состојба.
ДИМИТРИЕВА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА
23. Членот 408 предвидува, помеѓу другото дека, судот е
потребно да постапува итно при решавањето на работните
спорови.
24. Членот 410 предвидува рок од 8 дена за поднесување на
жалба во работните спорови.
ПРАВО
I. НАВОДНА ПОВРЕДА НА ЧЛЕНОТ 6 СТАВ 1 ОД КОНВЕНЦИЈАТА
Жалителот се жалел дека, должината на постапките пред
сите судови била спротивна со барањето за судење во разумно
време, пропишано со членот 6 став 1 од Конвенцијата, според
кое:
“Во определувањето на неговите граѓански права
и
обврски...секој има право на...............судење во разумен рок од
страна на............трибунал...“
A. Допуштеност
25. Владата не изјави приговор во однос на допуштеноста на
Жалбата.
26. Судот забележува дека оваа Жалба не е очигледно
неоснована во врска со членот 35 став 3 од Конвенцијата.
Истата не е недопуштена по други основи. Заради тоа, мора да
биде огласена за допуштена.
B. Основаност
1. Поднесоци на странките
27. Владата се произнесе дека, сучајот бил од сложена
природа. Фактот дека Жалителот бил отпуштен како резултат на
санација на Банката, допринел за сложеноста.
28. Владата понатаму сметаше дека, поднесоците на
Жалителот за допрецизирање на неговото првично тужбено
барање исто така допринеле во должината на постапката.
ДИМИТРИЕВА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА
29. Владата заклучи дека, домашните судови предметната
постапка
ја воделе согласно законот. Постапката пред
Врховниот суд траела долго заради неговата презафатеност во
конкретниот период на одлучување.
30. Жалителот ги оспори аргументите на Владината одбрана
во врска со сложеноста на случајот и нејзиниот придонес за
должината на постапката. Таа напомена дека, должината на
постапката, особено пред Врховниот суд, била прекумерна.
Фактот дека изминала само една година за да одлучи Врховниот
суд за исто правно прашање во друг предмет (види параграф 18
(а) погоре) било во прилог на нејзините тврдења.
Презафатеноста на Судот неможе да ја оправда должината на
постапката. Напротив, се бара Државата да превземе мерки во
правец на подобрување на таквата состојба.
2. Оцена на Судот
31. Судот забележува дека, постапката пред судовите со
редовна надлежност, започнала на 22 Април 1997 година и
завршила на 14 Ноември 2002 година, кога одлуката на
Врховниот суд му била доставена на Жалителот. Постапката
траела 5 години, 6 месеци и 22 дена пред три судски инстанци.
Постапката пред првостепениот суд траела околу една година,
пред второстепениот суд повеќе од една година и четири месеци
и пред Врховниот суд повеќе од две години и 10 месеци.
Дополнително, биле потребни приближно два месеци, одлуката
на Врховниот суд да биде доставена на Жалителот.
32. Судот потсетува дека, разумноста на должината на
постапките мора да биде оценувана во светло на околностите на
случајот, како и согласно следните критериуми, и тоа:
сложеноста на предметот, однесувањето на Жалителот и
домашните органи во спорот и кој бил засегнатиот интерес на
Жалителот во спорот (види Markoski v. Republic of Macedonia, бр.
22928/03, § 32, 2 Ноември 2006).
33. Судот не смета дека случајот требал да се испитува како
сложен или дека посебните околности во Банката влијаеле за
сложеноста на предметот.
34. Дополнително утврди дека, нема оддолжувања кои би и се
припишале на Жалителот. Нејзините поднесоци за прецизирање
на тужбеното барање не може да се сметаат дека придонеле за
должината на постапката.
35. Од друга страна, Судот смета дека, иако нема
оддолжувања кои би му се препишале на првостепениот и
второстепениот суд, Врховниот суд не покажал потребна
будност кога одлучувал во случајот на Жалителот. Времето кое
ДИМИТРИЕВА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА
потпаѓа пред овој суд за разлгедување само на ревизијата, не
може да се гледа како разумно (види Mihajloski v. Republic of
Macedonia, бр. 44221/02, § 38, 31 Мај 2007). Преголемата
презафатеност на Врховниот суд, која ја потенцираше Владата
во нејзините обсервации неможе да ја оправда должината на
постапката заради причините подетално образложени во
случите на Личков и Михајлоски (види Lickov v. Republic of
Macedonia, бр. 38202/02, § 31, 28 Септември 2006, и Михајлоски,
споменат погоре, § 40), кои исто така се применливи во овој
случај. Ова е дотолку повеќе, заради тоа дека, Врховниот суд
веќе воспоставил своја судска пракса по ова прашање (види
параграф 18, погоре). На крајот, Судот утврди дека, домашното
право (види член 408 од Законот за парнична постапка, погоре)
и Судската пракса (види Ziberi v. Republic of Macedonia,
бр. 27866/02, § 47, 5 Јули 2007) бара решавањето на споровите
од работен однос да биде проследено со особена
експедитивност.
36. Испитувајќи ги сите доставени докази до Судот, Судот
смета дека, во конкретниот случај должината на постапката била
прекумерна и не ги исполнилабарањата за разумен рок согласно
членот 6 став 1 од Конвенцијата.
37.Согласно наведеното постои повреда на овие одредби.
II. ДРУГИ НАВОДНИ ПОВРЕДИ НА КОНВЕНЦИЈАТА
38. Жалителот дополнително се жалел дека, судовите не
обезбедиле доволно образложение во нинвите одлуки; дека тие
не биле непристрасни и независни; дека првостепните одлуки не
биле објавувани; и дека, Апелациниот суд одлучувал на
затворена седница спротивно на нејзиното барање за јавна
расправа.
39. Базирајќи се на членот 14, Жалителот истовремено се
жалела дека, таа била во дискриминирана положба заради
нејзиниот социјален статус согласно членот 19-а од Законот за
санација. На крајот, таа се жалела дека и бил даден краток рок
да поднесе жалба против првостепената одлука, наместо
објективниот рок од 15 дена предвиден согласно Законот за
парнична постапка.
40. Судот ги испита овие жалбени наводи на Жалителот и
утврди дека, во поглед на сите доставени доказни материјали
кои му биле на располагање, и во врска со обжалените правни
прашања кои се во негова надлежност, истите не откриваат
ДИМИТРИЕВА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА
било какви други појави на повреда на правата и слободите
утврдени во Конвенцијата и нејзините Протоколи.
41. Заради споменатото, следува дека овој дел од Жалбата е
очигледно неоснован и мора да биде отфрлен во согласност со
членот 35 точка 3 и 4 од Конвенцијата.
III II. ПРИМЕНА НА ЧЛЕНОТ 41 ОД КОНВЕНЦИЈАТА
42. Членот 41 предвидува:
“Кога Судот ќе оцени дека постои повреда на Конвенцијата или на
протоколите, и доколку внатрешното право на засегнатата Висока
договорна страна овозможува само делумна репарација на штетата,
тогаш доколку е тоа неопходно, Судот ќе му додели правична отштета
на оштетениот.“
A. Штета
43. Жалителот бараше 36.000 ЕВРА на име материјална
штета. Овој износ соодветствува на заостанатите плати од
периодот на нејзиното отпуштање во 1997 година. Таа исто така
барала 46.200 ЕВРА на име нематеријална штета заради
емотивен стрес и страдање како последица од нејзиното
отпуштање и долгите постапувања.
44. Владата ги оспори овие барања како неосновани, тврдејќи
дека не постои причинска врска помеѓу бараната материјалната
отштета и наводната повреда.
45. Судот не утврди било каква причинска врска помеѓу
утврдената повреда и наводната материјална отштета; заради
што го отфрла ова барање. Од друга страна, му доделува на
Жалителот 800 ЕВРА на име нематеријална отштета.
Б. Трошоци
46. Жалителот бараше трошоци направени во текот на
постапката, но изјави дека, таа не задржала било какви сметки.
47. Владата не изрази мислење во врска со ова прашање.
48. Судот утврди дека, Жалителот не доставил докази кои би
биле основани за нејзиното барање. Согласно тоа, Судот не и
доделува било каков износ по овој основ.
ДИМИТРИЕВА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА
В. Затезна камата
49. The Court considers it appropriate that the default interest
should be based on the marginal lending rate of the European
Central Bank, to which should be added three percentage points.
Судот смета за соодветно затезната камата да се заснова на
најниската каматна стапка за позајмени средства на Европската
Централна Банка, на која треба да се додадат 3 процентни
поени
ОД ОВИЕ ПРИЧИНИ СУДОТ ЕДНОГЛАСНО
1. Ја прогласува жалбата за допуштена во делот на
прекумерната должина на постапката, додека во останатиот дел
за недопуштена;
2. Смета дека има повреда на членот 6 став 1 од Конвенцијата;
3. Смета дека,
(a) одговорната држава, треба да му плати на Жалителот во рок
од 3 месеци од датумот на правосилноста на пресудата, во
согласност со член 44 став 2 од Конвенцијата, 800 ЕВРА
(осумстотини евра), плус било каква такса која би била
засметана за Жалителот, во поглед на нематеријална штета и
трошоци во постапката, конвертирани во националната валута
на одговорната држава, по курсната листа во моментот на
исплатата;
(б) дека по истекот на наведените три месеци па се до
исплатата, ќе се пресметува камата на горенаведеите износи, по
стапка еднаква на најниската стапка за позајмени средства на
Европската Централна Банка, за периодот до исплатата
зголемена за три процентни поени
4. Го одбива остатокот од барањето на жалителот за правична
отштета.
Изготвено на англиски и објавено на 6 Ноември 2008 година,
согласно 77 став 2 и 3 од Деловникот за работа на Судот.
ДИМИТРИЕВА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА
Claudia Westerdiek
Секретар
Rait Maruste
Претседател
© Rada Europy / Europejski Trybunał Praw Człowieka, źródło: HUDOC (hudoc.echr.coe.int), pozyskano 13.07.2026. · Źródło