17010/04
WyrokETPCz2009-01-08ECLI:CE:ECHR:2009:0108JUD001701004
Analiza orzeczenia
Sekcja wygenerowana przez AI na podstawie treści orzeczenia — nie stanowi cytatu.
Zagadnienie prawne
Czy przewlekłość postępowania sądowego dotyczącego roszczeń pracowniczych naruszyła prawo do rozpoznania sprawy w rozsądnym terminie z art. 6 ust. 1 Konwencji?Ratio decidendi
Trybunał uznał, że postępowanie krajowe, trwające 6 lat, 7 miesięcy i 17 dni w trzech instancjach, było nadmiernie długie. Stwierdził, że sprawa nie była skomplikowana, a zachowanie skarżącej nie przyczyniło się znacząco do opóźnień. Kluczowe opóźnienia przypisano sądom krajowym, w szczególności sądowi pierwszej instancji, który potrzebował ponad 4 lat na wydanie merytorycznego orzeczenia i 2 lat na stwierdzenie niedopuszczalności odwołania po jego wycofaniu. Brak należytej staranności ze strony sądów krajowych doprowadził do naruszenia art. 6 ust. 1 Konwencji.Stan faktyczny
Skarżąca, Blagorodna Kangova (po jej śmierci reprezentowana przez męża), złożyła w 1998 r. pozew przeciwko swojemu pracodawcy o niezapłacone wynagrodzenie i składki na ubezpieczenie społeczne. Pracodawca podzielił się na trzy firmy sukcesorki. Sąd pierwszej instancji wydał korzystne dla skarżącej orzeczenie w 2001 r., ale z powodu odwołań i postępowania upadłościowego firm sukcesorek, orzeczenie to stało się prawomocne dopiero w 2004 r. Skarżąca zmarła w 2007 r.Rozstrzygnięcie
Stwierdza dopuszczalność skargi w zakresie przewlekłości postępowania, a pozostałą część skargi za niedopuszczalną; Stwierdza naruszenie art. 6 ust. 1 Konwencji; Zasądza na rzecz skarżącego 600 EUR tytułem zadośćuczynienia za szkodę niemajątkową; Oddala pozostałą część żądania słusznego zadośćuczynienia.Pełny tekst orzeczenia
CONSEIL
DE L’EUROPE
COUNCIL
OF EUROPE
COUR EUROPÉENNE DES DROITS DE L’HOMME
EUROPEAN COURT OF HUMAN RIGHTS
ПЕТТИ ОДДЕЛ
КАНГОВА ПРОТИВ
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
(Жалба бр. 17010/04)
ПРЕСУДА
СТРАЗБУР ЈАНУАРИ 2009
Оваа пресуда ќе стане конечна во согласност со условите предвидени во член 44
став 2 од Конвенцијата. Истата може да биде предмет на редакциски измени.
Напомена: Македонскиот превод на текстот на одлуката на Европскиот суд за човекови права е
исклучиво информативен и од него не произлегуваат никакви права и/или обврски. Единствено
официјалниот текст на одлуката на Европскиот суд за човекови права на англиски и/или француски
јазик, објавена од страна на Судот е автентичен и се смета за оригинал. Не е дозволено
објавување на овој превод на било каков начин без претходна дозвола од страна на
Министерството за правда на Република Македонија, освен во случај доколку се користи за
информирање.
КАНГОВА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА
Во случајот Кангова против Република Македонија,
Европскиот Суд за човекови права (Петти оддел), заседавајќи во совет
составен од:
Peer Lorenzen, Претседател,
Rait Maruste,
Volodymyr Butkevych,
Renate Jaeger,
Isabelle Berro-Lefèvre,
Мирјана Лазарова Трајковска,,
Zdravka Kalaydjieva, судии,
и
Claudia Westerdiek, Секретар на одделот,
Расправајќи на затворена седница на 2 декември 2008 година,
Ја донесе следнава пресуда, усвоена на истиот датум:
ПОСТАПКА
1. Случајот беше инициран со жалбата (бр. 17010/04) против
Република Македонија, поднесена до Судот врз основа на член 34 од
Конвенцијата за заштита на човековите права и основни слободи
(“Конвенцијата“) од македонскиот државјанин, г-ѓа Благородна Кангова
(“Жалител“), на 27 април 2004 година. Со допис од 27 декември 2007
година, сопругот на Жалителот го информира Секретарот на одделот
дека, таа починала на 16 ноември 2007 година и дека тој би сакал да ја
продолжи постапка по жалбата пред Судот.
2. Владата на Република Македонија (“Владата“) беше застапувана од
нејзиниот Агент, г-ѓа Радица Лазареска Геровска.
3. На 6 декември 2007 година, Претседателот на петтиот оддел
одлучи да ја достави жалбата на одговор, во врска со должината на
постапката. Воедно беше одлучено, истовремено да се постапува по
допуштеноста и основаноста на жалбата (член 29 став 3).
КАНГОВА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА
ФАКТИ
ОКОЛНОСТИ НА СЛУЧАЈОТ
а)Постапка во врска со тужбеното барање на Жалителот за
надомест.
4. На 4 февруари 1998 година, Жалителот поднела тужба против
нејзиниот работодавач, барајќи надомест за неисплатена плата и
неплатени придонеси за социјално осигурување. На 6 јули 2000 година
работодавачот се раздвоил во три засебни фирми (“правни следбеници“).
5. Помеѓу 16 октомври 1998
и септември 2001 гоидна,
првостепениот суд ја закажал петнаесет расправи, ниту една од нив не
била одложена на барање на Жалителот. Судот наредувал вештачења
на барање на Жалителот и сослушувал сведоци. Противтужбата на
работодавачот која ја поднел против Жалителот била одбиена пет
месеци од нејзиното поднесување. Во текот на постапката, Жалителот во
четири наврати извршил прецизирања на тужбеното барање.
6. На 10 Септември 2001 година, Основниот суд во Гевгелија го усвоил
тужбеното барање на Жалителот и ги задолжил правните следбеници
солидарно да ги платат нејзините неисплатени плати и придонеси за
социјално осигурување во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.
Вкупниот досуден износ изнесувал 486, 557 денари (прибилижно 7, 940
Евра) плус судски трошоци. Оваа одлука била доставена до Жалителот
на 26 јуни 2002 година.
7. На 11 јули 2002 година правните следбеници поднеле жалба. На 7
октомври 2002 година Жалителот доставил одговор на жалбата.
8. На 24 октомври 2002 година, Основниот суд во Гевгелија ја отфрил
жалбата на правните следбеници бидејќи била поднесена вон рокот за
жалба.
9. На 22 ноември 2002 година, правните следбеници со нова жалба
тврделе дека судот погрешно го пресметал рокот за жалба. На 26 јуни година, првостепениот суд ги задолжил правните следбеници да ги
платат судските трошоци.
10. На 30 декември 2003 година, правните следбеници ја повлекле
нивната жалба.
КАНГОВА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА
11. Помеѓу 1 април и 26 јуни 2004 година, во три наврати, Жалителот
побарал од првостепениот суд да ја забрза постапката.
12. На 15 јули 2004 година, Основниот суд во Гевгелија ја отфрлил
жалбата на правните следбеници бидејќи истата била повлечена.
13. На 21 септември 2004 година, одлуката на првостепениот суд од 10
септември 2001 година станала правосилна.
б.Стечајна постапка против правните следбеници
14. Помеѓу март 2002 и јуни 2003 година, биле покренати три засебни
стечајни постапки против правните следбеници. Стечајната постапка врз
последниот правен следбеник завршила во септември 2003 година.
Стечајниот управник бил задолжен да ја спроведе стечајната постапка
преку продажба на капиталот на правните следбеници. Жалителот
поднел барање, нејзиното побарување да биде признаено врз
последниот правен следбеник. На
септември 2003 година,
првостепениот суд делумно го усвоил барањето на Жалителот. Нема
информации дали биле превземени било какви дејствија во врска со
постапката за наредената продажба на судот врз правниот следбеник.
ПРАВО
I. НАВОДНА ПОВРЕДА НА ЧЛЕНОТ 6 СТАВ 1 ОД КОНВЕНЦИЈАТА
15. Жалителот се жалеше дека должината на постапката не била во
склад со барањето за судење во “разумен рок“ утврдено во членот 6
став 1 од Конвенцијата кој утврдува:
“Во определувањето на своите права и обврски...., секој има право
на.......судење во разумно време од страна на [a] ................... суд...“
A. Допуштеност
16. Судот прифати дека сопругот на Жалителот имал потреба за locus
standi (наследник на Жалителот во постапката пред Судот), согласно
членот 34 од Конвенцијата во поглед на жалбените наводи на Жалителот
КАНГОВА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА
во врска со должината на постапката. (види Стојковиќ v. Република
Македонија, бр. 14818/02, §§ 25 и 26, 8 Ноември 2007).
17. Владата не истакна приговор во врска со допуштеноста на овој
жалбен навод.
18. Судот забележува дека, овој жалбен навод не е очигледно
неоснован во смисла на член 35 став 3 од Конвенцијата. Понатаму
забележува дека, не е недопуштен по другите основи. Заради тоа, мора
да биде огласен за допуштен.
Б. Основаност
1. Произнесувања на странките
19. Владата изјави дека, во врска со предметот имало сложени
околности, вклучувајќи ги вештите наоди и мислења и противтужбата на
работодавачот; подоцнежното раздвојување и постапките за стечај на
правните следбеници.
20. По однос на однесувањето на Жалителот, тие спореа дека, таа
допринела за должината на постапката преку четирикратното
прецизирање на нејзиниот тужбено барање. Тие исто така напоменаа
дека, правните следбеници ги злоупотребиле нивните процесни права,
оддолжувајќи ја постапката.
21. Во поглед на однесувањето на домашните судови, тие изјавија
дека, нема оддолжувања кои би им се препишале ним. Единствените
исклучоци биле закажувањето на првото рочиште; доставата на
првостепената одлука на 10 септември 2001 година и првостепата одлука
на правните следбеници во врска со повлекувањето на нивната жалба
(види став 5, 6, 10 и 12). Сепак, овие оддолжувања не допринеле во
голема мера за должината на постапката.
22. Сопругот на Жалителот ги оспори тврдењата на Владата во врска
со сложеноста на случајот, како и за наводниот нејзин придонес за
должината на постапката. Таа напомена дека, судовите не се однесувале
во водењето на постапката со должно внимание и дека, оддолжувањето
на постапката ја спречило во можноста за наплата на нејзиното
побарување од правните следбеници пред да западнат во стечај.
2. Оценка на Судот
23. Судот забалежува дека, предметната постапка, започнала на 4
февруари 1998 година и завршла на 21 септември 2004 година, кога
првостепената одлука станала правосилна. Во текот на овој период,
КАНГОВА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА
првостепениот суд донел една мериторна одлука и две одлуки во врска
со допуштеноста на жалбата на правните следбеници. Според тоа,
постапките траеле 6 години, 7 месеци и 17 дена во три судски инстанци.
24. Судот потсетува дека, разумноста на должината на постапката
мора да биде оценета во светло на околностите на случајот и преку
следните критериуми: сложеност на случајот, однесувањето на
Жалителот и домашните органи и кој бил засегнатиот интерес на
Жалителот во спорот (види Марковски против Република Македонија,
бр. 22928/03, став 32, 2 ноември 2006).
25. Судот не смета дека случајот барал испитувања од комплексна
природа.
26. Понатаму Судот наоѓа дека, нема оддолжувања кои би и се
препишале на Жалителот. Нејзините поднесоци за прецизирање на
нејзиното тужбено барање не придонеле суштински за должината на
постапката. Дотолку повеќе што, таа неможе да биде огласена за
одговорна за оддолжувањата кои ги направиле правните следбеници.
27.Од друга страна, Судот смета дека, првостепениот суд не ја
покажал потребна будност при одлучување на предметот на Жалителот.
Судот најде дека, препознаените оддолжувања допринеле значително за
должината на постапката. Судот понатаму смета дека, биле потребни
повеќе од 4 години судот да одлучи мериторно во случајот на Жалителот
(види став 4 и 6 понапред). Дополнително, претходното испитување на
допуштеноста на жалбата на правните следбеници, која судот ја
отфрлил, било исто така непотребно долго. Во овој контекст, Судот
утврди дека, биле потребни 2 години судот да ја огласи жалбата за
недозволена откако таа била повлечена од правните следбеници.
Прекувремениот период кои потпаѓа пред првостепениот суд неможе да
се смета за разумен.
28. Испитувајќи ги сите доставени докази до него, Судот смета дека, во
конкретниот случај должината на постапката била прекумерна и не ги
исполнила барањата за судење во разумен рок согласно членот 6 став 1
од Конвенцијата.
29. Заради тоа има повреда на овие одредби.
II. ДРУГИ НАВОДНИ ПОВРЕДИ НА КОНВЕНЦИЈАТА
30. Жалителот истовремно се жалел согласно членот
од
Конвенцијата дека било повредено неговот право на социјална сигурност.
31. Судот забележува дека, членот на кој се повикал Жалителот не
предвидува право на социјална сигурност. Спрема тоа, овој жалбен навод
не е во согласност со ratione materiae од одредбите на Конвенцијата во
КАНГОВА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА
смисла на членот 35 став 3 и мора да биде одбиен во согласност со
членот 35 став 4.
III. ПРИМЕНА НА ЧЛЕН 41 OД КОНВЕНЦИЈАТА
32. Членот 41 од Конвенцијата предвидува:
“Ако Судот нашол дека има повреда на Конвенцијата или Протоколите, и
ако внатрешното право на засегнатата Висока Договорна Страна
дозволува само делумна отштета, Судот, доколку е потребно, ќе додели
правична отштета на оштетената страна“.
A. Штета
33. Сопругот на Жалителот побарал 486,557 денари како и камата на
име на материјална отштета. Овој износ упатува на износот која
Жалителот ја добила во постапката по неговото тужбено барање. Тој
тврдел дека, неговата сопруга била оневозможена да поднесе барање за
намирување на долгот од стечајната маса на правните следбеници. Тој
тврдел дека, исти такви тужбени барања на други нејзини колеги биле
усвоени во разумен рок и следствено на тоа ги пријавиле своите
побарувања откога била отворена стечајната постапка. Сопругот на
Жалителот исто така побарал 20,000 Евра на име на нематеријална
отштета за душевно болка, стрес и нарушување на здравјето на
Жалителот заради предолгата постапка.
34. Владата ги оспори овие барања како неосновани, спорејќи дека,
немало причинско последнична врска помеѓу наводната повреда и
бараната отштета. Со ваквото барање, сопругот на Жалителот во
суштина барал од Судот да одлучува во конкретниот случај како во случај
по тужба пред домашните судови.
35. Судот не препозна било каква причинско последична врска помеѓу
најдената повреда и наводната материјална отштета; заради тоа го
отфрли ова барање. Од друга страна, му доделува на Жалителот 600
Евра на име на нематеријална отштета.
B. Трошоци
36. Жалителот исто така побарал 9,000 денари за трошоци и
надоместоци направени пред домашните судови. Таа не побарала
надомест за трошоците направени во постапката пред Судот.
37. Владата го оспори ова барање.
КАНГОВА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА
38. Согласно праксата на Судот, Жалител има право на поврат на
трошоците и надоместоците, единствено, доколку тие биле навистина
направени и неопходни, и биле разумни по обем (види Костовска против
Република Македонија, бр. 44353/02, став 62, 15 јуни 2006). Судот
забележува дека, бараните трошоци не биле направени во постапка во
која во рамките на домашниот правен систем се барала заштита и
надомест за наводните повреди за кои истиот се жали пред Судот.
Заради тоа, не додели било каков износ во поглед на тоа барање (види
Милошвеиќ против Република Македонија, бр. 15056/02, став 34, 20
април 2006).
C. Затезна камата
39. Судот смета дека е соодветно, затезната камата да се заснова на
најниската каматна стапка за позајмени средства на Европската
Централна Банка, на која треба да се додадат три процентни поени
ОД ОВИЕ ПРИЧИНИ, СУДОТ ЕДНОГЛАСНО
1. Ја прогласи жалбата во поглед на должината на постапката за
допуштена, а остатокот од жалбата за недопуштен;
2. Утврди дека има повреда на член 6 став 1 од Конвенцијата;
3. Утврди дека:
(а) тужената држава, во рок од 3 месеци од денот на конечноста на
пресудата, во согласност со член 44 став 2 од Конвенцијата, треба да му
исплати на Жалителот, 600 ЕВРА плус било каква такса која би била
засметана за Жалителот, во поглед на нематеријална отштета
конвертирани во националната валута на тужената држава по курсната
листа во моментот на исплата.
(б) дека по истекот на наведените три месеци па се до исплатата,
ќе се пресметува камата на горенаведениот износ(и), по стапка еднаква
на најниската стапка за позајмени средства на Европската Централна
КАНГОВА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА
Банка, за периодот до исплатата на која треба да се додадат три
процентни поени.
4. Го отфрла остатокот од барањето на жалителот за правичен
надомест.
.
Изготвена на англиски, и објавена на 8 јануари 2008, согласно член 77
став 2 и 3 од Деловникот за работа на Судот.
Claudia Westerdiek
Peer Lorenzen
Секретар
Претседател
© Rada Europy / Europejski Trybunał Praw Człowieka, źródło: HUDOC (hudoc.echr.coe.int), pozyskano 13.07.2026. · Źródło