19290/04

WyrokETPCz2009-10-22ECLI:CE:ECHR:2009:1022JUD001929004

Analiza orzeczenia

Sekcja wygenerowana przez AI na podstawie treści orzeczenia — nie stanowi cytatu.

Zagadnienie prawne
Czy przewlekłość postępowania cywilnego o odszkodowanie za uszczerbek na zdrowiu naruszyła prawo skarżącego do rozpoznania sprawy w rozsądnym terminie, gwarantowane przez art. 6 ust. 1 Konwencji?
Ratio decidendi
Trybunał uznał, że postępowanie cywilne, które trwało ponad dziewięć lat (z czego ponad sześć lat w jurysdykcji Trybunału), nie spełniało wymogu „rozsądnego terminu” z art. 6 ust. 1 Konwencji. Trybunał, stosując standardowe kryteria oceny (złożoność sprawy, zachowanie skarżącego, zachowanie władz krajowych), stwierdził, że choć sprawa miała pewien stopień złożoności, to nie usprawiedliwiało to długości postępowania. Trybunał nie przypisał skarżącemu odpowiedzialności za opóźnienia, uznając jego wnioski o precyzowanie żądań i dodatkowe ekspertyzy za uzasadnione. Kluczowe opóźnienia zostały przypisane sądom krajowym, w szczególności sądowi pierwszej instancji, który potrzebował pięciu lat na wydanie pierwszej decyzji i kolejnych dwóch lat po przekazaniu sprawy do ponownego rozpoznania. Trybunał podkreślił również, że w sprawach o odszkodowanie za uszczerbek na zdrowiu wymagana jest szczególna aktywność władz.
Stan faktyczny
Skarżący, Dimitria Trpeski, urodzony w 1944 roku, pracował w firmie chemicznej. W 1993 roku został uznany za trwale niezdolnego do pracy z powodu choroby oczu, a jego stosunek pracy ustał. W 1995 roku sąd krajowy ustalił, że choroba oczu była związana z pracą. W 1994 roku skarżący wszczął postępowanie cywilne przeciwko swojemu pracodawcy, domagając się odszkodowania za straty materialne i niematerialne wynikające z choroby. Postępowanie to trwało ponad dziewięć lat, przechodząc przez trzy instancje sądowe.
Rozstrzygnięcie
1. Uznaje skargę dotyczącą długości postępowania za dopuszczalną, a pozostałą część skargi za niedopuszczalną. 2. Stwierdza naruszenie art. 6 ust. 1 Konwencji. 3. Oddala żądanie skarżącego dotyczące słusznego zadośćuczynienia na podstawie art. 41 Konwencji.

Pełny tekst orzeczenia

CONSEIL   DE L’EUROPE   COUNCIL   OF EUROPE   COUR EUROPÉENNE DES DROITS DE L’HOMME   EUROPEAN COURT OF HUMAN RIGHTS   СОВЕТ НА ЕВРОПА   ЕВРОПСКИ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА   ПЕТТИ ОДДЕЛ   ТРПЕСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА   (Жалба бр. 19290/04)   ПРЕСУДА   СТРАЗБУР   Октомври 2009   Оваа пресуда ќе стане конечна во согласност со условите предвидени во член 44 став 2 од   Конвенцијата. Истата може да биде предмет на редакциски измени.   Напомена: Македонскиот превод на текстот на одлуката на Европскиот суд за   човекови права е исклучиво информативен и од него не произлегуваат никакви права   и/или обврски. Единствено официјалниот текст на одлуката на Европскиот суд за   човекови права на англиски и/или француски јазик, објавена од страна на Судот е   автентичен и се смета за оригинал. Не е дозволено објавување на овој превод на било   каков начин без претходна дозвола од страна на Министерството за правда на   Република Македонија, освен во случај доколку се користи за информирање.   ТРПЕСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА   Во случајот Трпески против Република Македонија,   Европскиот суд за човекови права (Петти оддел), заседавајќи во судски   совет во состав:   P. Lorenzen, претседател   Renate Jaeger,   Karel Jungwiert,   Rait Maruste,   Isabelle Berro-Lefèvre,   Мирјана Лазарова Трајковска,   Zdravka Kalaydjieva, судии,   и Claudia Westerdiek, секретар на одделот   Расправајќи на затворена седница на 29 Септември 2009 година,   Ја донесе следнава пресуда, усвоена на истиот датум:   ПОСТАПКА   1. Постапката е иницирана со жалба (бр.19290/04) против Република   Македонија поднесена до Судот согласно член 34 од Конвенцијата за   заштита на човековите права и основни слободи („Конвенцијата„) од страна   на македонскиот државјанин, г-дин Димитрија Трпески (жалителот), на 13   Мај 2004 година.   2. Жалителот бил застапуван од г-дин Б.Новески, адвокат од Скопје.   Владата на Република Македонија (Владата) била застапувана од   нејзиниот Владин агент г-ѓа Р.Лазареска Геровска.   3. На 29 Мај 2007 година Претседателот на Петтиот оддел одлучи да ја   комуницира жалбата по однос на должината на постапката. Постапувајќи   согласно член 29 став 3 од Конвенцијата, Судот одлучи во исто време да   постапува како во однос на допуштеноста така и во однос на основаноста   на жалбата.   ТРПЕСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА   ФАКТИ   Околности на случајот   4. Жалителот е роден 1944 година и живее во Скопје.   5. Работел во компанија за производство на хемиски производи   (работодавач)   6. На 8 Февруари 1993 година второстепената комисија на Фондот за   пензиско и инвалидско осигурување (Фондот), го прогласила жалителот за   комплетно и трајно неспособен за работа поради болест на очите. На 30   Април 1993 година работниот однос на жалителот престанал по сила на   закон. На 4 Јуни 1993 година Фондот го утврдил износот на неговата   инвалидска пензија.   7. Во други постапки кои завршиле со одлука на Врховниот суд на 6 јули   година, било утврдено дека болеста на очите со која се здобил   жалителот била поврзана со работата.   8. На 4 Април 1994 година жалителот повел граѓанска постапка против   неговиот работодавач, со барање од тогашниот Општински Суд Скопје да   му биде исплатен надомест на штета за материјална и нематеријална   загуба која настанала како резултат на неговата болест.   9. На четири рочишта кои се одвивале во периодот од 22 Април 1997   година до 22 Ноември 1998 година, жалителот го прецизирал своето   барање, приложувал нови докази или барал дополнително вештачење.   10. На 6 Април 1999 година Основниот суд Скопје (основниот суд) го одбил   барањето на жалителот, бидејќи нашол дека оштетувањето на неговите   очи настанало како резултат на болест и дека работодавачот не може да   биде одговорен за тоа. Неговата одлука ја засновал на повеќе докази:   вештачење од Институтот за судски вештачења од 6 Април 1995 година;   неговото дополнување од 25 Декември 1995 година: усните докази на   вештаците од институтот дадени на расправата на 19 Февруари 1998   година: изјавите на двајца соработници и доктор кои работеле кај   работодавачот. На 5 Април 2000 година Апелациониот суд Скопје ја укинал   оваа пресуда, и му дал инструкции на првостепениот суд при повторното   ТРПЕСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА   судење да прибави алтернативно мислење од експерт-доктор, бидејќи   експертите од институтот не биле специјалисти за очни болести.   11.На 8 Февруари 2002 година првостепениот суд го повторно го одбил   барањето на жалителот. Алтернативното екпертско вештачење потврдило   дека оштетувањето на очите на жалителот не можело да биде поврзано со   работата. На 5 Јуни 2002 Апелациониот суд Скопје ја одбил жалбата на   жалителот.   12.   На 28 Октомври 2002 година жалителот до Врховниот суд поднел   ревизија, која била одбиена со одлука на 22 Октомври 2003 година. Оваа   одлука била доставена на жалителот на 5 Декември 2003 година.   ПРАВО   I НАВОДНА ПОВРЕДА НА ЧЛЕН 6 став 1 ОД КОНВЕНЦИЈАТА   13.Жалителот се жалел дека должината на постапката не била во   согласност со барањето за “разумен рок” предвидено во член 6 став 1 од   Конвенцијата, кој гласи:   “ При определување на неговите граѓански права и обврски ……., секој има   право на ………….судење во разумен рок пред ………..трибунал……….”   А.   Допуштеност   14.Владата не изјави никаков приговор за допуштеноста на оваа жалба.   15.Судот забележува дека жалбата не е очигледно неоснована во смисла   на член 35 став 3 од Конвенцијата. Понатаму забележува дека жалбата не   е недопуштена по ниеден друг основ. Оттука, мора да се прогласи за   допуштена.   Б.   Основаност   1. Произнесувања на странките   16.   Владата тврдеше дека периодот кој поминал пред да влезе во   сила Конвенцијата, во однос на Република Македонија, не треба да се   земе во предвид. Таа понатаму тврдеше дека имало доста сложени   ТРПЕСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА   околности поврзани со случајот, како што се утврдувањето на причините   за болеста на жалителот и неговото однесување. Во врска со   последново, таа тврдеше дека жалителот придонел за должината на   постапката со тоа што приложувал докази постепено во текот на   постапката, потоа дека барал неколку вештачења и дека го прецизирал   неговото барање на неколку наврати (види точка 9 погоре)   17.   Жалителот ги оспори аргументите на Владата.   2. Одлука на Судот   18.   Судот забележа дека постапките започнале на 4 Април 1994   година кога жалителот го поднел своето барање. Меѓутоа, како што   забележа Владата, периодот кој потпаѓа во надлежност на Судот за   започнува на 10 Април 1997 година, по стапувањето на сила на   Конвенцијата, во однос на Република Македонија (види Личков против   Република Македонија, бр.38202/02, став 21, 28 Септември 2006   година).   19.   При оценката за разумноста на времето кое поминало просле тој   датум, мора да се води сметка за состојбата на постапките на 10 Април   година (види Зибери против Република Македонија, бр.27866/02,   став 41, 5 Јули 2007 година). Во врска со тоа, Судот забележува дека до   тогаш постапките траеле повеќе од три година во една судска инстанца.   20.   Постапките завршиле на 5 Декември 2003 година кога одлуката   на Врховниот суд била доставена до жалителот. Тие траеле повеќе од   девет години и осум месеци, од кои шест години, седум месеци и   дваесет и седум дена се во надлежност на Судот, во три судски   инстанци.   21.   Судот повторува дека разумноста на должината на постапката   мора да се оценува во согласност со околностите на случајот, со   посебен акцент на следниве критериуми: сложеноста на случајот,   однесувањето на жалителот и на соодветните власти и кој бил уделот на   жалителот во спорот ( види Маркоски против Република Македонија, бр.   22982/03, став 32, 2 Ноември 2006 година)   ТРПЕСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА   22.   Судот нашол дека случајот има одреден степен на сложеност, но   дека тоа не може да да биде објаснување на должината на постапката.   23. Во поглед на однесувањето на жалителот, Судот наоѓа дека   неговите поднесоци со кои го прецизирал барањето како и барањето за   алтернативно вештачење не можат да се стават на негова штета. (види   Димитриева против Република Македонија, бр. 16328/03, став 35, 6   Ноември 2008 година). Понатаму, тој присуствувал на сите расправи.   24.   Од друга страна Судот наоѓа значителни одолговлекувања кои   можат да се препишат на првостепениот суд. Во врска со ова, забележал   дека дека на првостепениот суд му биле потребни пет години за да ја   донесе својата прва одлука, од кои две години поптаѓаат во надлежност   на Судот (види точка 10 погоре). Му требале уште две години за да   одлучи откако предметот му бил вратен на повторно судење (види   точка 11 погоре). На крај, Судот смета дека целата постапка не го   задоволува критериумот за разумен рок, предвиден во членот 6 став 1   од Конвенцијата, истакнувајќи дека во споровите за утврдување на   надомест на штета за лични повреди, потребна е посебна активност   (види Сали против Република Македонија, бр.14349/03, став 47, 5 Јули   година)   25.   Според тоа, има повреди на оваа одредба.   II. ДРУГИ НАВОДНИ ПОВРЕДИ НА КОНВЕНЦИЈАТА   26.   Жалителот понатаму се жалеше дека не му била дадена можност   за фер судење бидејќи судот го одбил неговото барање. Тој исто така се   повикувал на пристрасност на дел од вештаците и на корумпираност на   сите инволвирани во случајот. Дополнително, жалителот се жалеше дека   судот одлучил спротивно на Конвенцијата на Обединетите нации за   правата на лицата со попречености.   27.   Судот го испита остатокот од жалбата, и имајќи ги во предвид   сите материјали со кои располага, како и тоа дека наводите во жалбата   потпаѓаат во негова надлежност, не открил никаква повреда на правата   и слободите загарантирани со Конвенцијата или нејзините протоколи.   ТРПЕСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА   28.   Следи дека овој дел од жалбата е очигледно неоснован и мора   да биде отфрлен согласно член 35 ст.3 и 4 од Конвенцијата.   III. ПРИМЕНА НА ЧЛЕН 41 ОД КОНВЕНЦИЈАТА   Членот 41 од Конвенцијата предвидува:   29.   “ Кога Судот ќе оцени дека постои повреда на Конвенцијата или на протоколите, и   доколку внатрешното право на засегнатата Висока договорна страна овозможува само   делумна репарација на штета, тогаш доколку е тоа неопходно, Судот ќе му додели   правична отштета на оштетениот.”   А. Штета   30.   Жалителот барал 25.000 евра (ЕУР) на име материјална штета.   Оваа бројка одговара на разликата меѓу платата што би ја земал доколку   сеуште би бил на работа и инвалидската пензија. Тој исто така барал   330.000 евра за нематеријална штета како надомест за неговата болест   и поради тоа што бил зависен од друг член на семејството.   31.   32.   Владата ги оспори овие барања.   Судот не забележа некоја причинска врска меѓу најдената   повреда и барањата за штета. Тој поради тоа ги одби овие барања.   Б. Трошоци и расходи   33.   Жалителот исто така барал 3.600 евра за трошоците и   расходите што ги имал пред домашните судови. Тие ги вклучуваат   таксите и торшоците за судењето. Тој не побарал надомест на   трошоците и расходите направени во постапката пред овој Суд.   34.   35.   Владата ги оспори овие барања.   Согласно судската пракса на Судот, жалителот има право на   надомест на трошоците и расходите, само ако се покаже дека истите се   навистина и неопходно направени, а биле разумни во однос на износот   ТРПЕСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА   (види Костовска против Република Македонија, бр.44353/02, став 62,   Јуни 2006 година). Судот забележува дека трошоците не биле   направени со цел да се бара, во домашниот правен систем, заштита и   надомест за наводната повреда за која се жалел пред Судот (види   Милошевиќ против Република Македонија, бр.15056/02, став 34, 20   Април 2006 година)   ОД ОВИЕ ПРИЧИНИ, СУДОТ ЕДНОГЛАСНО   1.   Ја прогласи за допуштена жалбата што се однесува за должината   на постапката, додека остатокот од жалбата го прогласи за   неприфатлив;   2.   Утврди дека имало повреда на членот 6 став 1 од Конвенцијата;   3.   Го отфрли барањето на жалителот за правична оштета по член   од Конвенцијата.   Изготвено на англиски и доставено на писмено на 22 Октомври 2009   година, согласно членот 77 ставови 2 и 3 од Деловникот на Судот.   Claudia Westerdiek   Секретар   Peer Lorenzen   Претседател   . 8

© Rada Europy / Europejski Trybunał Praw Człowieka, źródło: HUDOC (hudoc.echr.coe.int), pozyskano 13.07.2026. · Źródło