19315/06
WyrokETPCz2010-06-10ECLI:CE:ECHR:2010:0610JUD001931506
Analiza orzeczenia
Sekcja wygenerowana przez AI na podstawie treści orzeczenia — nie stanowi cytatu.
Zagadnienie prawne
Czy odrzucenie przez Sąd Najwyższy wniosku o nadzwyczajne wznowienie postępowania jako spóźnionego, w sytuacji błędnego ustalenia daty doręczenia orzeczenia sądu apelacyjnego, naruszyło prawo skarżących do dostępu do sądu na podstawie art. 6 ust. 1 Konwencji?Ratio decidendi
Trybunał uznał, że Sąd Najwyższy błędnie odrzucił wniosek skarżących o nadzwyczajne wznowienie postępowania jako spóźniony. Ustalono, że skarżący otrzymali orzeczenie sądu apelacyjnego w późniejszych terminach niż te, które przyjął Sąd Najwyższy, co oznaczało, że ich wniosek został złożony w terminie. Trybunał podkreślił, że zasady proceduralne dotyczące terminów nie powinny być stosowane w sposób uniemożliwiający stronom skorzystanie z dostępnych środków prawnych. Błędne zastosowanie zasady proceduralnej uniemożliwiło merytoryczne rozpatrzenie skargi, naruszając tym samym prawo skarżących do skutecznej ochrony sądowej i dostępu do sądu.Stan faktyczny
Trzech skarżących zostało skazanych przez sąd pierwszej instancji za handel narkotykami i skazanych na kary pozbawienia wolności. Sąd apelacyjny podtrzymał wyrok. Skarżący złożyli wniosek o nadzwyczajne wznowienie postępowania do Sądu Najwyższego, powołując się na udział agenta-prowokatora i brak zbadania kluczowych świadków. Sąd Najwyższy odrzucił ich wniosek jako spóźniony, opierając się na błędnej dacie doręczenia orzeczenia sądu apelacyjnego. Skarżący próbowali skorygować błąd daty doręczenia, ale ich prośby pozostały bez odpowiedzi.Rozstrzygnięcie
Trybunał jednogłośnie: stwierdza dopuszczalność skargi; stwierdza naruszenie art. 6 ust. 1 Konwencji w odniesieniu do prawa skarżących do dostępu do sądu; uznaje, że nie ma potrzeby rozpatrywania pozostałych zarzutów z art. 6 Konwencji; zasądza na rzecz każdego skarżącego 2000 EUR tytułem szkody niemajątkowej; zasądza łącznie 2500 EUR tytułem kosztów i wydatków; oddala pozostałą część roszczenia o słuszne zadośćuczynienie.Pełny tekst orzeczenia
ПЕТТИ ОДДЕЛ
ДЕМЕРЏИЕВА И ДРУГИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
(Жалба бр. 19315/06)
ПРЕСУДА
СТРАЗБУР јуни 2010
Оваа пресуда ќе стане конечна во согласност со условите
предвидени во член 44 став 2 од Конвенцијата. Истата може да
биде предмет на редакциски измени.
Напомена: Македонскиот превод на текстот на одлуката на Европскиот суд
за човекови права е исклучиво информативен и од него не произлегуваат
никакви права и/или обврски. Единствено официјалниот текст на одлуката
на Европскиот суд за човекови права на англиски и/или француски јазик,
објавена од страна на Судот е автентичен и се смета за оригинал. Не е
дозволено објавување на овој превод на било каков начин без претходна
дозвола од страна на Министерството за правда на Република Македонија,
освен во случај доколку се користи за информирање.
ДЕМЕРЏИЕВА И ДРУГИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА -ПРЕСУДА
Во случајот на Демерџиева и други против Република
Македонија,
Еврсопскиот суд за човекови права (Петти оддел), заседавајќи
во совет составен од:
Peer Lorenzen, Претседател,
Karel Jungwiert,
Rait Maruste,
Mark Villiger,
Isabelle Berro-Lefèvre,
Мирјана Лазарова Трајковска,
Zdravka Kalaydjieva, судии,
и Claudia Westerdiek, секретар на одделот,
Расправајќи на затворена седница на 11 мај 2010 година,
Ја донесе следнава пресуда, усвоена на истиот датум:
ПОСТАПКА
1. Случајот започна со жалбата бр. 1931/06 против
Република Македонија, поднесена до Судот согласно
членот 34 од Конвенцијата за заштита на човековите
права и основни слободи (“Конвенцијата“) од страна на
тројца македонски државјани, г-ѓа Наташа Демерџиева
(“првиот жалител“), г-дин Александар Шуклев (“вториот
жалител“)
и
г-дин Живко Демерџиев (“третиот
жалител“), на 4 април 2006. На 19 јуни 2006 третиот
жалител почнал. Г-ѓа Добрила Демерџиева, неговата
сопруга, достави писмо на намери изразувајќи дека
сака да ја продолжи жалбата во негово име.
2. Жалителите беа застапувани од страна на г-дин
Т.Торов, адвокат кој работи во Штип. Македонската
Влада (“Владата“) беше застапувана од страна на
нејзиниот Агент, г-ѓа Р. Лазареска Геровска.
3. Жалителите особено наведуваа дека им било
ускратено правото на фер судење, особено од причини
што Врховниот суд погрешно одбил да го разгледа
нивното барање за вонредно преиспитување на
правосилна пресуда, сметајќи го за ненавремено.
ДЕМЕРЏИЕВА И ДРУГИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА- ПРЕСУДА
4. На 5 јануари 2009 Претседателот на Петтиот оддел
одлучи да ја комуницира оваа жалба до Владата. Беше
одлучено да се испитува основаноста на жалбата
едновремено со нејзината допуштеност (член 29 став
3).
ФАКТИ
I.
ОКОЛНОСТИ НА СЛУЧАЈОТ
5. Жалителите се родени во 1979, 1986 и 1941 соодветно
и живеат во Скопје.
6. На 19 ноември 2004 Основниот суд Гевгелија
(“судечкиот суд“) ги осудил жалителите за трговија со
дрога и определил казни од три, шест и четири години
соодветно. Судечкиот суд утврдил дека на 22 јуни 2004,
извесен Н. ( презимето на г-дин К.Н., како што било
утврдено во домашната постапка, подоцна ословуван
како г-дин К.Н.) и третиот жалител, дошле во куќата на
првиот жалител каде таа живеела со вториот жалител,
нејзиниот посинок. Жалителите купиле 1012 грама
хероин од Н. за износ од 7500 евра. Откога задржале
одредено количество дрога во куќата, жалителите ги
разделиле преостанатите 952 грама во две пакувања за
да ги продадат на г-дин Н.Н., неидентификуван краен
купувач, со кој биле договорени да се сретнат во парк
близу до Гевгелија. Вториот жалител земал такси а
преостанатите жалители отишле со автомобилот на Н.
за да го сретнат г-дин Н.Н. Полицијата ги запрела
автомобилите и ја нашла дрогата во таксито. Н.
избегал. Судечкиот суд ги утврдил овие факти меѓу
другото, врз основа на изјавите на вториот и третиот
жалител, дадени во предистражната постапка. Судот
исто така се осврнал и на изјавите на првиот и третиот
жалител на расправата, имено дека биле жртви на
конструирано сценарио и дека не го познавале Н. пред
датумот кога било сторено кривичното дело, но ги
одбил од причини што биле во полза на одбраната.
Сведочењата
на
двајцата
сведоци,
како
и
материјалните докази, биле исто така земени предвид.
7. Жалителите се жалеле, помеѓу останатото, дека биле
наместени да го сторат кривичното дело од страна на
агент-провокатор, кому полицијата му дозволила да го
ДЕМЕРЏИЕВА И ДРУГИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА -ПРЕСУДА
напушти местото на настанот. Тие понатаму се жалеле
дека не бил направен никаков обид да се открие
вистината што се однесува на вмешаноста на Н. во
извршувањето на делото.
8. На јавната седница одржана на 25 март 2005, во
присуство на јавниот обвинител, жалителите и нивниот
бранител, Апелациониот суд Скопје ја одбил жалбата
на жалителите и ја потврдил одлуката на судечкиот суд.
Судот нашол дека напорите да се открие локацијата на
Н. била неуспешна. Тој понатаму нашол дека судечкиот
суд ја засновал својата одлука на значителен број на
докази, кои, земени во целина, ја потврдиле
вмешаноста на жалителите во извршувањето на
кривичното дело.
9. Судечкиот суд ја испратил оваа одлука до жалителите
по пошта. Поштенски штембил “Скопје-Маџари“ од 13
април 2005 бил ставена на повратницата која била
вратена до судечкиот суд. Според Владата, овој
штембил бил ставен од затворот каде жалителите биле
притворени за време на постапката во прашање.
Според три други повратници кои го имаат печатот на
затворот, оваа одлука била примена од страна на
жалителите на 14 април 2005. Секој од жалителите ги
потпишал и датирал овие повратници: првиот жалител
ја примил одлуката на 18 април 2005, вториот жалител
на 14 април 2005 и третиот на 16 април 2005.
10.На 16 мај 2005 жалителите поднеле вонредно барање
за преиспитување на правосилна пресуда. Тие накратко
ја поднеле основата на своето барање и изјавиле дека
ќе следи детално образложение.
11.Во поднесок од 30 мај 2005, жалителите ги поднеле
целосно своите фактички и правни основи за жалба.
Тие се жалеле меѓу другото дека, биле наместени да го
сторат делото од страна на Н. чие вистинско име било
К.Н. Тие обезбедиле податоци за него и изјавиле дека
тој бил активно вмешан во кривичното дело и работел
како агент-провокатор, под водство на полицијата, која
го испратила да го поттикне вториот жалител да ја купи
дрогата, со оглед на неговото претходно кривично
досие од тој вид. Тие понатаму останале на тоа дека г-
дин К.Н. соработувал со полицијата и во други случаи,
со цел да му помогне на својот роднина кој отслужувал
казна затвор за трговија со дрога. Вмешаноста на
полицијата во кривичното дело била поткрепена,
ДЕМЕРЏИЕВА И ДРУГИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА- ПРЕСУДА
помеѓу останатото, и со следново: тие им дозволиле на
г-дин К.Н. и г-дин Н.Н., неидентификуваниот краен
купувач, да го напуштат местото на настанот во
времето на апсењето на жалителите; дрогата не била
пронајдена при рутинска полициска проверка, туку врз
основа на претходна информација за нејзината
локација; и двајца детективи со познат идентитет биле
присутни на местото на настанот. Тие понатаму се
пожалиле дека судовите пропуштиле да обезбедат
докази од овие двајца детективи и другите полициски
службеници кои биле присутни на местото на настанот.
Жалителите се повикале на праксата на Судот за
влијанието на агентот-провокатор на правата на
осудениците според членот 6 од Конвенцијата.
12.На 6 септември 2005 Врховниот суд го отфрлил
барањето
за
вонредно
преиспитување
како
ненавремено. Тој го сторил тоа откога го прибавил
мислењето на јавниот обвинител во кое тој побарал
барањето да биде одбиено. Судот утврдил дека
одлуката на Апелациониот суд им била доставена на
жалителите на 13 април 2005.
13.Во поднесоците од 7 и 25 ноември соодветно,
жалителите побарале од Врховниот суд да ја исправи
грешката во однос на датумот на доставата на одлуката
на Апелациониот суд. Во поткрепа на своето барање,
тие поднеле копија на повратниците со печатот на
затворот како и нивните потписи (види став 9 погоре).
Ова барање останало неодговорено.
II.
РЕЛЕВАНТНО ДОМАШНО ЗАКОНОДАВСТВО
14.Според членот 84 од Законот за кривична постапка,
ниту датумот на достава на пресудата, ниту датумот на
настанот, не се земаат како датуми од кои започнува да
тече рокот. Како почетен ден за сметање на рокот се
зема следниот ден. Ако последниот ден од рокот се
паѓа во државен празник, сабота или недела, рокот
истекува на крајот на следниот работен ден.
15.Членот 411 (1) и (2) пропишува дека лице кое е осудено
со правосилна одлука и казна затвор, може да вложи
барање за вонредно преиспитување на правосилна
пресуда. Жалбата може да биде поднесена во рок од дена од датумот на кој на осуденото лице му е
доставена одлуката.
ДЕМЕРЏИЕВА И ДРУГИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА -ПРЕСУДА
16. Другите одредби кои се релевантни за односниот
случај се опишани во случаите Горгиевски
и
Мамудовски (види Горгиевски против РМ (одлука) бр.
18002/02, 6 мај 2008 и Мамудовски против РМ (одлука)
бр. 49619/06, 10 март 2009).
ПРАВО
I. НАВОДНА ПОВРЕДА НА ЧЛЕНОТ 6 ОД КОНВЕНЦИЈАТА
17.Жалителите се жалеа според членот 6 од Конвенцијата
на повреда на принципот на еднаквост на оружјата, со
оглед на тоа што судовите не го испитале наводниот
агент-провокатор,
обезбедило нивната осуда, ниту детективите
чие
активно
вмешување
ја
и
полициските службеници кои биле присутни на местото
на настанот. Тие исто така се жалиеа дека нивната
осуда била заснована само на докази добиени од
агентот-провокатор; дека судските одлуки не биле
образложени; и дека Врховниот суд им го ускратил
правото на пристап до суд со тоа што погрешно одбил
да го испита нивното барање за вонредно
преиспитување на правосилна пресуда. Во врска со
последниот жалбен навод, тие исто така се повикаа на
членот 13 од Конвенцијата и членот 2 од Протоколот 7.
Судот смета дека жалбените наводи на жалителите
според последните членови, е всушност повторување
на жалбата според членот 6 и треба да биде испитана
соодветно. Членот 6 став 1 од Конвенцијата, во делот
кој е релевантен, гласи:
“ во определувањето на... секоја кривична пријава
против него...секој има право на фер...судење...од
страна на...трибунал...“
А. Жалбата за “правото на пристап до суд“
1. Допуштеност
18.Владата не истакна приговор во врска со допуштеноста
на жалбата.
19.Судот на почетокот забележува дека третиот жалител
починал на 19 јуни 2006. Судот смета дека, од
ДЕМЕРЏИЕВА И ДРУГИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА- ПРЕСУДА
причините образложени во случаите “Ивановски и
други“ и “Стојковиќ“,применливи и за овој случај,
вдовицата на третиот жалител има активна
легитимација според членот 34 од Конвенцијата во
однос на неговите жалби (види помеѓу останатото
Ивановски и други против РМ, бр. 34188/03, став 18, 26
ноември 2009 и Стојковиќ против РМ, бр. 14818/02, став
25, 26, 8 ноември 2007).
20.Понатаму смета дека оваа жалба не е очигледно
неоснована во смисла на членот 35 став 3 од
Конвенцијата. Судот исто така забележува дека
жалбата не е недопуштена на било која друга основа.
Оттука, мора да биде прогласена за допуштена.
2. Основаност
А) Поднесоци на странките
1. Жалителите повторија дека Врховниот суд погрешно го
отфрлил нивното барање за вонредно преиспитување како
ненавремено. Тие исто така ја спореа и можноста за враќање во
поранешна состојба во кривичната постапка.
22. Владата се произнесе дека жалителите можеле да
поднесат барање, откога ја примиле одлуката на Врховниот суд,
за преотворање на постапката. Во суштина, на жалителите не
им било ускратено правото на пристап до судот. Но, Врховниот
суд одлучил по случајот врз основа на судските списи како што
им биле препратени од страна на судечкиот суд, кои наводно не
содржеле копија од повратниците со печатот на затворот и
потписите на жалителите (види став 9 погоре). Тие се согласиле
дека е сторена очигледна грешка во односниот случај, која е
изолирана и не претставува системски проблем. Оттука, тие го
поканиле Судот да одлучи по случајот во согласност со својата
пракса.
Б) Став на Судот
2. Што се однесува на аргументот на Владата дека
жалителите пропуштиле да побараат преотворање на
постапката, Судот забележува дека Врховниот суд, како највисок
суд, го разгледал барањето на жалителите и го отфрлил како
ненавремено. Не постои редовен правен лек против оваа
одлука. Барањето на жалителите од 7 ноември 2005 (види став
ДЕМЕРЏИЕВА И ДРУГИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА -ПРЕСУДА погоре) било бесполезно. Дополнително, не била поднесена
никаква судска пракса за да го поткрепи владинот аргумент дека
барањето за преотворање на постапката против одлуката на
Врховниот суд би било достапно и ефективно средство.
3. Судот понатаму забележува дека жалителите биле
осудени и им била изречена казна затвор. Барањето за
вонредно преиспитување на одлуката бил оттука ефективен лек
против конечната одлука од 25 март 2005 со која била
потврдена нивната осуда (види Горгиевски, цитирана погоре, и
Мамудовски, цитирани погоре). На 16 мај 2005 жалителите го
поднеле барањето пред Врховниот суд. Деталните основи на
барањето биле со датум 30 мај 2005 (види ставов 10 и 11
погоре). Врховниот суд ја отфрлил жалбата како поднесена
надвор од рокот од 30 дена според членот 411 од Законот за
кривична постапка (види став 15 погоре). Притоа, судот го земал април 2005 како датум на достава на одлуката на
Апелациониот суд. Судот, притоа, не ги земал во предвид
копиите на повратниците на кои се наоѓал печатот на затворот и
потписите на жалителите. Ова било така затоа што, како што и
Владата потврди, тие не биле вклучени во судските списи
доставени до Врховниот суд. Иако Судот не може да шпекулира
кој орган го ставил печатот со датум 13 април 2005, јасно е дека
одлуката на Апелациониот суд била примена од страна на
затворот на 14 април 2005. Според потписите на жалителите на
тие повратници, првиот жалител ја примил оваа одлука на 18
април 2005, вториот жалител на 14 април 2005 и третиот на 16
април 2005. Во овие околности, барањето на жалителите од 16
мај 2005 било навремено поднесено, а согласно членот 84 од
Законот за кривична постапка (види став 14 погоре).
25. Судот веќе нашол дека правилата кои одредуваат рокови
за вложување на жалби не треба да бидат применувани на
начин кој им оневозможува на страните да користат достапен
лек. Ова прашање е во доменот на правната сигурност.
Проблемот во односниот случај е дека процесното правило било
применето на таков начин со што спречило мериторно
испитување на жалбата на жалителите, со ризикот дека нивното
право на ефикасна заштита од страна на судот би било
повредено (види, помеѓу останатото, Zvolský and Zvolská v. the
Czech Republic, бр. 46129/99, § 51, ECHR 2002-IX).
4. При околностите на овој случај, Судот смета дека
Врховниот суд погрешил со одбивањето на барањето за
вонредно преиспитување на правосилна пресуда на жалителите
од 16 мај 2005, лишувајќи ги од правото на пристап до суд
ДЕМЕРЏИЕВА И ДРУГИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА- ПРЕСУДА
(види, помеѓу останатото, Фетаовски против Република
Македонија, бр. 10649/03, §§ 37-41, 19 јуни 2008).
5. Оттука, има повреда на правото на пристап до суд на
жалителите, во смисла на членот 6 став 1 од Конвенцијата.
B. Останатите жалби според членот 6 од Конвенцијата
6. Жалителите понатаму се жалеле според членот 6 од
Конвенцијата дека агент-провокатор бил вмешан во нивното
осудување, дека судовите не го испитале агентот провокатор,
ниту детективите и полициските службеници кои биле присутни
на местото на настанот, и дека оттука, одлуките на судовите не
биле образложени.
7. Судот забележува дека овие жалби биле покренати во
барањето за вонредно преиспитување на правосилна пресуда
пред Врховниот суд (види став 11 погоре). Имајќи ги предвид
претходните наоѓање дека овој суд погрешно отфрлил да ја
разгледа оваа жалба како ненавремена, Судот не може да ги
испита овие жалбени наводи. Тоа е така затоа што не може да
се шпекулира каков би бил исходот доколку Врховниот суд ја
прифатил жалбата на жалителите како допуштена и мериторно
ја разгледал (види, помеѓу останатото, Николов против
Република Македонија, бр. 41195/02, став 29, 20 декември 2007).
II. ПРИМЕНА НА ЧЛЕНОТ 41 ОД КОНВЕНЦИЈАТА
8. Членот 41 од Конвенцијата утврдува:
“Доколку Судот најде дека има повреда на Конвенцијата или на
нејзините Протоколи, и доколку внатрешното право на Високата
Договорна Страна дозволува само делумна репарација, Судот,
доколку е потребно, ќе досуди правичен надомест на оштетената
страна. “
A. Штета
9. Првиот жалител бараше 24.181 евра на име материјална
штета за загубена добивка помеѓу 22 јуни 2004, датумот на
нејзиното отпуштање, и моментниот период. Г-ѓа Добрила
Демерџиева барала 13.580 евра за загуба на пензијата во
периодот од 19 јуни 2006 (датумот на смртта на првиот жалител)
до денот кога тој би наполнил 75 години, како просечна животна
ДЕМЕРЏИЕВА И ДРУГИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА -ПРЕСУДА
возраст. Во таа насока таа се произнесе дека третиот жалител
починал од удар додека бил во затвор, кој го претрпел како
директна последица на спорната постапката. Во врска со
нематеријалната штета, првиот жалител барал 15 000 Евра, а
останатите жалители побарале секој по 20.000 Евра.
10. Владата ги оспори овие барања како неосновани. Тие
понатаму изјавија дека не постои причинско последична врска
помеѓу наводните повреди и бараната материјална штета.
11. Судот смета дека основата за доделување на правичен
надомест во односниот случај мора да биде лишувањето на
жалителите на правото на пристап до судот според членот 6
став 1 од Конвенцијата. Судот не може да шпекулира што би бил
исходот од односната постапка доколку немало повреда по овој
основ. Оттука не наоѓа причинско последична врска помеѓу
бараната материјална штета и утврдената повреда на членот 6.
Соодветно, Судот не доделува надомест по овој основ. Од друга
страна, жалителите морале да претрпат нематеријална штета
како резултат на повредата на нивното право на пристап до суд,
кое, во принцип, најдобро се надоместува со преотворање на
постапката на национално ниво. Одлучувајќи на еднаква основа,
Судот му доделува на секој жалител сума од 2000 евра,
зголемена за секоја такса која би можела да биде наплатлива
12. Сепак, Судот смета дека најсоодветната форма на
надомест во случаите каде е утврдено дека со повреда на
членот 6 став 1 од Конвенцијата, жалителот немал право на
пристап до суд, како правило би било преотворање на
постапката и преиспитување на случајот со сите барања на фер
судење ( види Kostadin Mihaylov v. Bulgaria, бр. 17868/07, §§ 59
and 60, 27 март 2008).
B. Трошоци
13. Жалителите исто така бараа 6175 Евра на име на
трошоците пред домашните судови и 6186 Евра за оние пред
Судот. Овој износ ги опфаќал надоместоците за застапниците на
жалителите пред Судот и домашните судови, врз основа на
тарифникот на Адвокатската комора, како и трошоци за праќање
по пошта и копирање. Жалителите доставија листа на
специфициран трошковник. Не беше поднесен ниту еден
документ во прилог на овие трошоци
14. Владата ги оспори овие трошоци како неосновани и
прекумерни. Тие се произнесоа дека нема ниту еден поднесен
доказ за да покаже дека истите биле реално сторени, ниту пак
ДЕМЕРЏИЕВА И ДРУГИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА- ПРЕСУДА
дека биле потребни со цел да се бара заштита и надомест за
наводните повреди обжалени пред Судот
15. Според праксата на Судот, жалителот има право на
надомест на трошоците само доколку се покаже дека истите
биле навистина и неопходно потребни и се разумни по висина
(види Костовска против Република Македонија бр. 44353/02,
§ 62, 15 јуни 2006). Со оглед на трошковникот поднесен од
жалителите, Судот смета дека трошоците побарани во врска со
постапката пред домашните судови не биле сторени со цел да
се превенира или поправи најдената повреда или да се
обезбеди надомест на жалителите; оттука го одбива барањето
на жалителите по овој основ. Што се однесува до трошоците
побарани по основ на постапката пред Судот, Судот наоѓа, со
оглед на документите пред себе и со оглед на горните
критериуми, дека бараната сума е прекумерна и делумно
неоснована, и наместо тоа доделува сумата од 2500 Евра, плус
било која такса која би можела да биде наплатлива за
жалителите.
C. Затезна камата
16. Судот смета дека е соодветно затезната камата да биде
заснована на маргиналната рата за заем на Европската
Централна Банка, на која треба да и се додадат три процентни
поени.
ОД ОВИЕ ПРИЧИНИ, СУДОТ ЕДНОГЛАСНО
1. Ја прогласува жалбата за допуштена,
2. Смета дека има повреда на членот 6 став 1 од Конвенцијата
во однос на правото на жалителите на пристап до суд,
3. Смета дека нема потреба да се испитуваат останатите
жалби по членот 6 од Конвенцијата.
4. Смета
(a) дека одговорната Држава треба да им плати на првиот и
вториот жалител, како и на вдовицата на третиот жалител, во
рок од три месеци од датумот на кој пресудата ќе стане
конечна согласно членот 44 став 2 од Конвенцијата, следните
ДЕМЕРЏИЕВА И ДРУГИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА -ПРЕСУДА
износи конвертирани во националната валута на одговорната
Држава по стапка применлива на денот на исплатата:
i) сумата од 2000 евра (две илјади евра) секому на име не-
материјална штета, плус било која такса која би можела да
биде наплатлива,
ii) заедничка сума од 2500 евра (две илјади и пет стотини
евра) на име трошоци, плус бил која такса која би можела да
биде наплатлива за жалителите;
(б) дека по истекот на рокот од наведените три месеци, до
исплатата ќе се засметува камата на горенаведените износи
по стапка еднаква на најниската стапка за позајмени средства
на Европската централна банка, за периодот до плаќањето
плус 3 процентни поени
5. Го отфрла преостанатиот дел од барањето за правична
отштета за жалителите.
Изготвено на англиски и доставено на писмено на 10 јуни
2010, согласно членот 77 ставови 2 и 3 од Деловникот на Судот.
Claudia Westerdiek
Секретар
Peer Lorenzen
Претседател
© Rada Europy / Europejski Trybunał Praw Człowieka, źródło: HUDOC (hudoc.echr.coe.int), pozyskano 13.07.2026. · Źródło