21839/03

WyrokETPCz2008-11-06ECLI:CE:ECHR:2008:1106JUD002183903

Analiza orzeczenia

Sekcja wygenerowana przez AI na podstawie treści orzeczenia — nie stanowi cytatu.

Zagadnienie prawne
Czy przewlekłość postępowania egzekucyjnego dotyczącego podziału i przejęcia w posiadanie nieruchomości naruszyła prawo skarżących do rozpoznania sprawy w rozsądnym terminie, zgodnie z art. 6 ust. 1 Konwencji?
Ratio decidendi
Trybunał uznał, że postępowanie egzekucyjne, trwające ponad 12 lat (z czego prawie 9 lat i 5 miesięcy w okresie objętym jurysdykcją Trybunału), było nadmiernie długie. Mimo że skarżący wykazali się pewną biernością w początkowej fazie postępowania, Trybunał stwierdził, że główna odpowiedzialność za opóźnienia spoczywała na władzach krajowych. Sąd pierwszej instancji wykazywał długie okresy bezczynności, nie podejmował działań w celu przyspieszenia postępowania ani nie skorzystał z możliwości jego zawieszenia z powodu braku płatności zaliczki przez skarżących. Państwo ma pozytywny obowiązek zorganizowania skutecznego systemu egzekwowania orzeczeń, a opóźnienia w egzekucji nie mogą naruszać istoty prawa chronionego przez art. 6 ust. 1.
Stan faktyczny
Skarżący, Trajanka Peceva i Trajce Pecev, zostali w 1985 roku uznani za spadkobierców nieruchomości. W 1992 roku sąd krajowy orzekł o fizycznym podziale majątku i przekazaniu działek w ich posiadanie. W grudniu 1993 roku skarżący złożyli wniosek o wszczęcie postępowania egzekucyjnego. Postępowanie to charakteryzowało się długimi okresami bezczynności sądów, w tym sześcioletnią przerwą w rozpatrywaniu sprzeciwu dłużnika oraz opóźnieniami w zapewnieniu płatności kosztów egzekucyjnych. Mimo interwencji skarżących u różnych organów, postępowanie zakończyło się dopiero we wrześniu 2006 roku, po ponad 12 latach.
Rozstrzygnięcie
Trybunał jednogłośnie: 1. Uznaje skargę za dopuszczalną. 2. Stwierdza naruszenie art. 6 ust. 1 Konwencji. 3. Orzeka, że pozwane państwo ma zapłacić skarżącym wspólnie kwotę 2000 euro tytułem zadośćuczynienia za szkodę niemajątkową, powiększoną o wszelkie należne podatki, w terminie trzech miesięcy. 4. Oddala pozostałą część żądania skarżących w zakresie słusznego zadośćuczynienia.

Pełny tekst orzeczenia

CONSEIL   DE L’EUROPE   COUNCIL   OF EUROPE   COUR EUROPÉENNE DES DROITS DE L’HOMME   EUROPEAN COURT OF HUMAN RIGHTS   ПЕТТИ ОДДЕЛ   ПЕЦЕВИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА   (Жалба бр. . 21839/03)   ПРЕСУДА   СТРАЗБУР   НОЕМВРИ 2008   Оваа пресуда ќе стане конечна во согласност со условите предвидени во член 44   став 2 од Конвенцијата. Истата може да биде предмет на редакциски измени.   Напомена: Македонскиот превод на текстот на одлуката на Европскиот суд за   човекови права е исклучиво информативен и од него не произлегуваат никакви права   и/или обврски. Единствено официјалниот текст на одлуката на Европскиот суд за   човекови права на англиски и/или француски јазик, објавена од страна на Судот е   автентичен и се смета за оригинал. Не е дозволено објавување на овој превод на било   каков начин без претходна дозвола од страна на Министерството за правда на   Република Македонија, освен во случај доколку се користи за информирање.   ПЕЦЕВИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА   ПРЕСУДА   Во случајот на Пецеви против Република Македонија,   Европскиот суд за човекови права (Петти оддел), заседавајќи во   Совет составен од:   Rait Maruste, Претседател,   Karel Jungwiert,   Volodymyr Butkevych,   Mark Villiger,   Isabelle Berro-Lefèvre,   Мирјана Лазарова Трајковска ,   Zdravka Kalaydjieva, судии   и Claudia Westerdiek, секретар на одделот,   Одлучувајќи на затворена седница на 7 октомври 2008,   Ја донесоа следнава пресуда,усвоена на тој датум:   ПОСТАПКА   1.   Случајот потекнува од жалбата бр. 21839/03 против   Република Македонија, поднесена пред Судот според   членот 34 од Конвенцијата за заштита на човековите   права и основни слободи, (“Конвенцијата“) од страна на   двајца македонски државјани, г-ѓа Трајанка Пецева и г-дин   Трајче Пецев (“жалителите“) на 9 јуни 2003.   2.   Жалителите беа застапувани од страна на г-ѓа Т.   Дедејска, адвокат кој работи во Струмица. Македонската   Влада (“Владата“) беше застапувана од страна на нивниот   агент, г-ѓа Радица Лазареска Геровска.   3.   На 3 јули 2006 Претседателот на Петтиот оддел   реши да ја комуницира жалбата до Владата. Исто така   беше одлучено да се одлучува по допуштенота и   основаноста на жалбата истовремено (член 29 став 3).   ФАКТИ   1. ОКОЛНОСТИ НА СЛУЧАЈОТ   4.   Жалителите биле родени 1963 и 1968 соддветно, и   живеат во Струмица.   5.   Со судска одлука од 1985, потврдена со одлуки на   Апелациониот и на Врховниот суд од 1986 и 1987   соодветно, жалителите биле одредени како наследници   на сопственост, која припаѓала на нивниот покоен дедо.   ПЕЦЕВИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА   ПРЕСУДА   На 31 март 1992 тогашниот Општински суд Радовиш   (“првостепениот суд“), во вонпроцесна постапка, го   прифатил барањето на жалителите за физичка делба на   имотот поднесено во 1987 и определил парцелите земја   да бидат пренесени во нивна сопственост и владение. На   септември 1993 тогашниот Окружен суд Штип одлучил   делумно во полза на двете страни и ја укинал одлуката на   понискиот суд само во делот на дел од сопственоста за кој   била наредена јавна продажба.   6.   На 27 декември 1993 првостепениот суд им го   дозволил барањето за извршување на горните одлуки на   жалителите. Според решението, должникот бил обврзан   да ги пренесе во владение парцелите според   спецификацијата во решението. Исто така, била наредена   и јавна продажба на останатиот имот.   7.   На 26 октомври 1994 судот извршил увид на терен   заедно со геодетски вештак. Извршувањето било   одложено затоа што должникот се пријавил за судска   достава. Судот го презакажал извршувањето за 3 ноември   1994. Исто така, судот им наредил на жалителите да   извршат авансно плаќање за трошоците за извршување   (2.500 македонски денари). На должникот му било   наредено да ги намири овие трошоци во рок од три дена   под закана за присилно извршување.   8.   Уплатница од истиот датум потврдува дека судот ја   уплатил таа сума до судските службеници вклучени во   погоре наведениот увид на терен.   9.   На 2 ноември 1994 должникот вложил приговор на   решението. Тој спорел дека судската одлука од 31 март   била неизвршлива со оглед на тоа што нему не му   била доставена одлуката на Окружниот суд донесена во   таа постапка. На 7 ноември 1994 жалителите поднеле   одговор на овој приговор.   10.   приговорот на должникот.   11. На 8 ноември 2000 судот им наредил на жалителите   На 1 ноември 2000 првостепениот суд го одбил   да платат 4500 денари за трошоците на извршувањето.   Ова вкучувало и 2500 денари за увидот на лице место и   денари за камата. Исто така, био наведено и дека во   случај на неисполнување, извршувањето ќе биде запрено.   12.   плаќањето на горната сума.   13. По барањето на информација од страна на   Министерството за правда за напредокот на предметот на   Уплатница од 17 ноември 2000 го потврдува   ПЕЦЕВИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА   ПРЕСУДА   жалителите, на 20 јули 2001 првостепениот суд издал   писмо со кое изјавил дека извршувањето треба да се   изврши преку експертска идентификација на змејишните   парцели.   14.   На 29 август 2001 Апелациониот суд Штип ја   дозволил жалбата на должникот против одлуката на   првостепениот суд од 1 ноември 2000 и го вратил   предметот на повторно разгледување.   15.   На 9 јули 2003 првостепениот суд го отфрлил   приговорот на должникот, наоѓајќи дека му била   доставена одлуката на Апелациониот суд во октомври или   ноември 1993. Судот исто така го одбил барањето на   жалителите за јавна продажба на дел од имотот со оглед   на тоа што тоа прашање требало да биде одлучено во   вонпарничната постапка иницирана во 1987 година. На 26   јануари 2004 Апелациониот суд Штип ја потврдил таа   одлука.   16.   На 16 април 2004 судот извршил увид на терен. По   идентификацијата на земјишните парцели од страна на   вештак, судот ги префрлил истите во владение на   жалителите и му наредил на должникот да се воздржи од   вознемирување на истите. Исто така му наредил на судот   да плати 9.750 денари на име трошоци на извршувањето.   Адвокатот на жалителот побарал надомест на   адвокатската тарифа која би била специфицирана   подоцна.   17.   На 4 септември 2006 судот им ја врачил на   жалителите сумата опишана погоре. Како што е наведено   во записникот, жалителите го потврдиле приемот на   парите и побарале продолжување на извршувањето во   однос на останатите трошоци.   18.   Помеѓу октомври 2000 и јуни 2006, жалителите се   жалеле неколку пати до претседателот на првостепениот   суд, Министерството за правда, Републичкиот судски   совет и Народниот правобранител со цел да се забрза   постапката.   II. РЕЛЕВАНТНО ДОМАШНО ЗАКОНОДАВСТВО   19.   Членот   од Законот за извршна постапка   (“законот“), во сила во тој период, утврдувал дека судот е   должен да ги спроведува извршните постапки без   оддолжувања.   ПЕЦЕВИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА   ПРЕСУДА   20.   Членот 32 ставови 2 и 3 од Законот пропишуваат   доверителот да врши авансно плаќање на трошоците на   извршувањето во рамките на рокот предвиден од судот.   Во случај на неизвршување, судот има надлежност да го   запре извршувањето. Според истата одредба, должникот   е должен да ги надомести трошоците на извршувањето   преземени од страна на доверителот на барање на   должникот, кое може да биде поднесено во рок од 30   дена од заклучувањето на извршната постапка (член 32   ставови 5 и 7).   ПРАВО   1. НАВОДНА ПОВРЕДА НА ЧЛЕНОТ 6 СТАВ 1 ОД   КОНВЕНЦИЈАТА   21.   Жалителите се жалеле дека должината на   извршната постапка не била во согласност со барањето за   разумен рок според членот 6 став1 од Конвенцијата, кој   пропишува   “ Во определувањето на неговите граѓански права и обврски....секој   има право на...судење во разумен рок од страна на...трибунал...“   А . Допуштеност   22.   допуштеноста на жалбата.   23. Судот забележува дека жалбата не е очигледно   Владата не поднесе никаков приговор во врска со   неоснована во смисла на членот 35 став 3 од   Конвенцијата. Судот понатаму забележува дека не е   недопуштена по било кој друг основ. Оттука, мора да биде   прогласена за допуштена.   Б. Основаност   1. Поднесоци на странките   24.   Владата изнесе дека периодот кој протекол пред   влезот во сила на Конвенцијата во однос на Република   Македонија не треба да се земе во предвид. Тие понатаму   изјавија дека случајот барал испитување на сложени   фактички прашања, вклучувајќи ги   и околностите   обжалени од страна на должникот (види став 9 погоре).   ПЕЦЕВИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА   ПРЕСУДА   Тие спореа дека жалителот значително придонел кон   должината на постапката со пропуштањето да изврши   уплата на трошоците на извршување согласно наредбата   на судот од 26 октомври 1994. Тие трошоци биле платени   на 17 ноември 2000 (види ставови 7 и 12 погоре). Во такви   околности, судовите имале право да ја запрат постапката.   Што се однесува до однесувањето на националните   судови, Владата призна дека постапката траела премногу   долго. Јасната неактивност на судот помеѓу 1994 и 2000 и   помеѓу 2001 и 2003 била воглавно поради пропуштањето   на жалителоте да ги платат трошоците на извршување и   недостигот на интерес од нивна страна за следење на   случајот, иако биле застапувани од страна на адвокат по   сопствен избор. Тие останаа при тоа дека извршувањето   било завршено на 16 април 2004.   25.   Жалителите ги оспорија аргументите на Владата.   Тие останаа при тоа дека извршиле навремена уплата на   трошоците. Тоа било подкрепено со уплатницата (види   став 8 погоре), која би можела да биде издадена само ако   ги платиле трошоците однапред. Тие спореа дека   постапката сеуште не е завршена, со оглед на тоа што   судот сеуште не одлучил по нивното барање по однос на   преостанатите трошоци. Нивните барања за забрзување   на постапката биле во спротивност со наводите на   Владата за нивната неактивност.   2. Оцена на Судот   26.   Судот забележува дека извршната постапка   започнала на 20 декември 1993 кога жалителите побарале   од првостепениот суд да ги изврши одлуките на судот   донесени во основната постапка, а во врска со нивното   барање. Сепак, периодот кој потпаѓа под надлежност на   Судот не започнува на тој датум, туку на 10 април 1997, по   влезот во сила на Конвенцијата во однос на Република   Македонија (види Horvat v. Croatia, бр. 51585/99, став 50,   ЕСЧП 2001-VIII).   27.   Судот понатаму забележува дека, со цел да ја   определи разумноста на оддолжувањето за кое станува   прашање, мора да се обрне внимание и на фазата во која   бил случајот на денот на ратификацијата (види, mutatis   mutandis, Styranowski v. Poland, пресуда од 30 октомври   1998, Извештаи за пресуди и одлуки 1998-VIII,став 46) и   ПЕЦЕВИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА   ПРЕСУДА   наоѓа дека извршната постапка траела преку три години и   три месеци во еден степен на надлежност.   28.   Судот забележува дека страните не се согласни   околу тоа дали постапката е завршена. Владата нагласи   дека постапката завршила на 16 април 2004 (види став 16   погоре), а жалителите тврдеа дека таа сеуште трае, со   оглед на тоа што нивното барање за трошоци не било во   целост задоволено. Во светло на материјалот со кој   располага, Судот смета дека извршната постапка мора да   се смета дека завршила на 4 септември 2006 кога   првостепениот суд им ги надоместил на жалителите   трошоците на извршувањето како што било определено   со решението од 16 април 2004. Тоа била последната   активност преземена во текот на постапката која е   поткрепена со материјален доказ. Судот не може да ја   прифати изјавата на жалителите дека постапката е   сеуште во тек, со оглед на тоа што не бил презентиран   никаков доказ во однос на тоа дали, кога и во која форма   тие побарале од првостепениот суд да го уважи нивното   барање за преостанатите трошоци. Извршната постапка,   оттука, траела преку дванаесет години и осум месеци, од   кои безмалку девет години и пет месеци потпаѓаат под   временската надлежност на Судот во два степени на   надлежност.   29.   Судот потсетува дека членот 6 став 1 од   Конвенцијата бара сите стадиуми од законската постапка   за “..определување на ...граѓанските права и обврски“, не   исклучувајќи ги стадиумите по донесување на пресудата   за основот, да бидат завршени во разумен рок (види   Miltenovic v Macedonia (одлука), бр. 26615/02, 19 јуни   2006). Дополнително, судот смета дека државата има   позитивна обврска да организира систем за извршување   на пресуди кој е ефективен како законски така и во пракса   и осигурува извршување без непотребни одлагања.   Одлагање во извршување на пресуда може да биде   оправдано во одредени околности. Сепак, одложувањето   не смее да биде такво да ја наруши суштината на правото   заштитено со членот 6 став 1 (види Fuklev v. Ukraine, бр.   71186/01, ставови 83 и 84, 7 јуни 2005)   30.   Согласно праксата на Судот, разумноста на   должината на постапката мора да се цени во светло на   околностите на случајот и со осврт на следниве   критериуми: сложеноста на случајот, однесувањето на   жалителот и релевантните власти како и влогот на   ПЕЦЕВИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА   ПРЕСУДА   жалителот во спорот (види Atanasovic and others v.   Macedonia, бр. 13886/02, став 33 22 декември 2005).   31.   Судот смета дека случајот не бил од комплексна   природа.   32.   Тој понатаму наоѓа дека нема одложувања кои би   можеле да им се припишат на жалителите во периодот во   разгледување по 8 ноември 2000 (види став 11 погоре).   Од друга страна, судот обрнува внимание на фактот не е   обезбеден никаков доказ кој ќе сведочи за некакво   особено внимание на страна на жалителите во   шестогодишниот јаз помеѓу ноември 1994 и ноември 2000,   од кои три години потпаѓаат под надлежноста на судот   ratione temporis. Оваа неактивност е изненадувачка,   особено имајќи го во предвид фактот дека, како што   посочи Владата, жалителите биле застапувани од страна   на адвокат по нивен избор. Нивните барања за   забрзување на постапката се по посочениот период (види   став 18 погоре). Сепак, таквите барања, дури и да биле   поднесени во посочениот временски јаз, не би можеле да   ја забрзаат постапката (види Atanasovic and others,   цитирана погоре, став 31 ).   33.   Со оглед на материјалот поднесен до него, Судот   смета дека ова е главното оддолжување во постапката.   Не постои сомнеж дека за време на тој период   жалителите и првостепениот суд биле неактивни. Владата   остана при тоа дека, неактивноста на судот е резултат на   пропуштањето на жалителите да ги платат трошоците на   извршување. Во таа насока, Судот забележува дека на 26   октомври 1994 првостепениот суд им наложил на   жалителите да извршат авансна исплата на трошоците.   Единствениот доказ за исплата е со датум 17 ноември   (види став 12 погоре). Во отсуство на било каков   доказ, Судот смета дека аргументот на жалителите дека   тие ги платиле трошоците пред тој датум, е неоснован.   Сепак, Судот не е убеден дека овој очигледен пропуст бл   причината за неактивноста на првостепениот суд. Ниту   пак првостепениот суд, во својот одговор на барањето на   жалителите за забрзување на постапката, го споменал   овој пропуст како оправдување за оддолжувањето (види   став 13 погоре). Во таа насока, тој забележува дека   првостепениот суд го одбил приговорот на должникот од 2   ноември 1994 на 1 ноември 2000 (види став 10 погоре).   Во тој период, жалителите сеуште не го извршиле   решението на судот за плаќање. Дури на 8 ноември 2000,   ПЕЦЕВИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА   ПРЕСУДА   што било по таа одлука, првостепениот суд повторно   побарал од жалителите да ги платат трошоците на   извршувањето заедно со камата (види став 11 погоре).   Дополнително, првостепениот суд, иако имал можност да   го стори тоа согласно членот 32 став 3 од законот, не ја   запрел постапката по таа основа и не издал никакво   предупредување до странките.   Понатаму, судот забележа дека била потребна преку една   година и десет месеци за првостепениот суд да го   преиспита приговорот на должникот (види ставови 14 и 15   погоре). Конечно, биле потребни безмалку две години и   пет месеци за судот да го обезбеди плаќањето на   трошоците на извршувањето од страна на должникот   (види ставови 16 и 17 погоре). Со оглед на периодот кој   веќе изминал дотогаш, Судот не смета дека тој период го   задоволува законското барање за заклучување на   извршната постапка без оддолжување (види став 19   погоре).   34.   Со оглед на судската пракса по ова прашање, судот   смета дека во односниот случај должината на извршната   постапка била прекумерна   35.   Следствено, има повреда на членот 6 став 1 од   Конвенцијата.   36.   Членот 41 од Конвенцијата пропишува:   “Кога Судот ќе оцени дека постои повреда на Конвенцијата или   на протоколите, и доколку внатрешното право на засегнатата   Висока договорна страна овозможува само делумна репарација   на штета, тогаш доколку е тоа неопходно, Судот ќе му додели   правична отштета на оштетениот.”   А. Отштета   37.   Во однос на материјалната отштета, жалителите   побарале 25 евра по метар квадратен или дециметар (беа   дадени различни параметри во македонската и англиската   верзија на нивните обсервации) од земјата на име   загубена заработувачка од 1987 наваму. Тие исто така   барале и 10 000 евра за секој жалител на име   нематеријална отштета.   38.   Владата сметаше дека овие барања се неосновани.   Тие спореа дека не постои каузална врска помеѓу   наводната повреда и побаруваната парична отштета.   Преку тоа барање, жалителите всушност барале од судот   ПЕЦЕВИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА   ПРЕСУДА   да одлучи по нивниот случај онака како што бил изложен   пред националните судови.   39.   Судот забележува дека, додека можеби и може да   постои каузална врска помеѓу најдената повреда и   наводната материјална отштета, жалителите пропуштиле   да го аргументираат своето барање под овој наслов,   оттука судот го одбива. Од друга страна, Судот смета дека   жалителите морале да претрпат нематеријална штета.   Пресудувајќи на правична основа, им доделува на   жалителите заедничка сума од 2000 евра, плус било која   такса која би можела да биде наплатена.   Б. Трошоци   40.   Жалителите исто така побаруваа 4000 евра за   адвокатски трошоци и 85 420 денари за трошоци, без да   специфицираат дасли истите биле сторени во домашната   постапка ии пред Судот. Освен уплатницата за такси од 94   денари сторени пред домашните судови, ниту еден   друг документ, фактура или било каков друг поднесок не   бил обезбеден како поддршка на ова барање.   41.   Владата остана при тоа дека овие барање се   неосновани.   42.   Според праксата на судот, жалителот има право на   поврат на трошоците само доколку биде покажано дека   истите биле навистина и неопходно сторени и разумни во   одредена мера (види Gjozev v. Republic of Macedonia, бр.   14260/03, став 63, 19 јуни 2008 и Kostovska, цитирана   погоре, став 62). Судот забележува дека жалителите не   поднеле никаков пропратен документ ниту поднесок да го   поткрепат своето барање во однос на трошоците за   нивниот адвокат. Што се однесува до трошоците, дури и   да се претпостави дека тие се однесувале на постапките   пред домашните судови, Судот забележува дека тие   трошоци не биле сторени со цел да се бара, преку   домашниот поредок, превенција и надомест на наводната   повреда обжалена пред Судот (види Milosevic v. Republic   of Macedonia, бр. 15056/02, став 34, 20 април 2006).   Оттука, судот не доделува сума по овој основ.   43.   Судот смета дека е соодветно каматата да биде   заснована на маргиналната стапка на Европската   Централна Банка, на која треба да и се додадат три   процентни поени.   ПЕЦЕВИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА   ПРЕСУДА   ОД ОВИЕ ПРИЧИНИ, СУДОТ ЕДНОГЛАСНО   1.Ја прогласува жалбата за допуштена   2.Одлучи дека има повреда на членот 6 став 1 од   Конвенцијата,   3.Одлучи   (а) дека одговорната држава треба да им плати заеднички на   жалителите, во рок од три месеци од датумот на кој   пресудата станува конечна согласно членот 44 став 2 од   Конвенцијата, по 2000 евра (две илјади евра) плус било каква   такса која би можела да им се наплати на жалителите, во   однос на нематеријалната штета, конвертирано во   националната валута на одговорната држава, по курсот кој е   применлив на датумот на наплатата.   (б) дека по истекот на наведените три месеци до исплатата   ќе се наплатува камата на наведената сума, по стапка   еднаква на маргиналната стапка за заем на Европската   Централна Банка, за време на одредениот период, плус три   процентни поетни;   4. Го одбива остатокот од жалбата на жалителите за   правична отшета.   Изготвено на англиски и објавено на 6 ноември 2008 година,   согласно 77 став 2 и 3 од Деловникот за работа на Судот.   Claudia Westerdiek   Registrar   Rai Maruste   President

© Rada Europy / Europejski Trybunał Praw Człowieka, źródło: HUDOC (hudoc.echr.coe.int), pozyskano 13.07.2026. · Źródło