22928/03

WyrokETPCz2006-11-02ECLI:CE:ECHR:2006:1102JUD002292803

Analiza orzeczenia

Sekcja wygenerowana przez AI na podstawie treści orzeczenia — nie stanowi cytatu.

Zagadnienie prawne
Czy długość postępowania cywilnego w sprawie o bezprawne zwolnienie z pracy naruszyła prawo skarżącego do rozpoznania sprawy w rozsądnym terminie, gwarantowane przez art. 6 ust. 1 Konwencji?
Ratio decidendi
Trybunał uznał, że długość postępowania cywilnego, trwającego łącznie 7 lat, 7 miesięcy i 16 dni (z czego 5 lat, 11 miesięcy i 17 dni w jurysdykcji Trybunału), była nadmierna i naruszyła art. 6 ust. 1 Konwencji. Trybunał stwierdził, że choć sprawa była w pewnym stopniu złożona prawnie, to nie usprawiedliwiało to tak długiego czasu. Trybunał nie dopatrzył się znaczących opóźnień wynikających z zachowania skarżącego. Kluczowe opóźnienia przypisano władzom krajowym, w tym prawie 14-miesięczną zwłokę w doręczeniu decyzji sądu pierwszej instancji oraz blisko trzyletnie opóźnienie w rozpatrzeniu rewizji przez Sąd Najwyższy, którego nie usprawiedliwia chroniczne obciążenie pracą ani równoległe postępowania egzekucyjne.
Stan faktyczny
Skarżący, Marko Markoski, został zwolniony z pracy w lipcu 1995 roku. W sierpniu 1995 roku złożył pozew przeciwko swojemu pracodawcy, twierdząc, że zwolnienie było niezgodne z prawem i domagając się przywrócenia do pracy. Sprawa przeszła przez kilka instancji sądowych w Macedonii Północnej. Sąd pierwszej instancji początkowo przyznał rację skarżącemu, ale sąd apelacyjny uchylił to orzeczenie. Po ponownym rozpoznaniu, sąd pierwszej instancji oddalił powództwo, ale sąd apelacyjny ponownie je uwzględnił, nakazując przywrócenie skarżącego do pracy. Ostatecznie, Sąd Najwyższy w marcu 2003 roku uchylił decyzję sądu apelacyjnego i potwierdził pierwotne oddalenie powództwa przez sąd pierwszej instancji.
Rozstrzygnięcie
Trybunał jednogłośnie uznał skargę za dopuszczalną. Stwierdził naruszenie art. 6 ust. 1 Konwencji. Zasądził skarżącemu 500 euro tytułem szkody niemajątkowej oraz 200 euro tytułem kosztów i wydatków. Odrzucił pozostałą część żądania słusznego zadośćuczynienia.

Pełny tekst orzeczenia

CONSEIL   DE L’EUROPE   COUNCIL   OF EUROPE   COUR EUROPÉENNE DES DROITS DE L’HOMME   EUROPEAN COURT OF HUMAN RIGHTS   СОВЕТ НА ЕВРОПА   ЕВРОПСКИ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА   ПЕТТИ ОДДЕЛ   МАРКОСКИ против РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА   (Жалба бр. 22928/03)   ПРЕСУДА   СТРАЗБУР   Ноември 2006   Оваа пресуда ќе стане конечна во согласност со условите предвидени во член 44 став 2 од   Конвенцијата. Истата може да биде предмет на редакциски измени.   Напомена: Македонскиот превод на текстот на одлуката на Европскиот суд за   човекови права е исклучиво информативен и од него не произлегуваат никакви права   и/или обврски. Единствено официјалниот текст на одлуката на Европскиот суд за   човекови права на англиски и/или француски јазик, објавена од страна на Судот е   автентичен и се смета за оригинал. Не е дозволено објавување на овој превод на било   каков начин без претходна дозвола од страна на Министерството за правда на   Република Македонија, освен во случај доколку се користи за информирање.   Во случајот Маркоски против Република Македонија,   Европскиот суд за човекови права (Петти оддел), заседавајќи како   судски совет во состав:   г-дин P. LORENZEN, претседател,   г-дин K. JUNGWIERT,   г-дин V. BUTKEVYCH,   г-ѓа M. CACA- NIKOLOVSKA,   г-дин R. JAEGER,   г-дин M. VILLIGER, судии   и г-ѓа C. WESTERDIEK, секретар на одделот   расправајќи на затворена седница на 2 Ноември 2006 година,   Ја донесе следнава пресуда, усвоена на истиот датум:   ПОСТАПКА   1. Постапката е иницирана со жалба (број 22928/03) против Република   Македонија, поднесена до Судот согласно член 34 од Конвенцијата за   заштита на човековите права и основните слободи („Конвенцијата„) од   страна на македонскиот државјанин г-дин Марко Маркоски („жалителот„),   на 9 Јули 2003 година.   2. Жалителот беше застапуван од страна на г-дин З. Митиќ, адвокат од   Скопје. Македонската Влада („Владата„) беше застапувана од страна на   нејзиниот Агент, г-ѓа Радица Лазареска - Геровска.   3. На 3 Јуни 2005 година, Судот одлучи а ја извести Владата за   доставената жалба. Согласно член 29 став 3 од Конвенцијата, Судот   реши едновремено да одлучува за допуштеноста и основаноста на   жалбата.   ФАКТИ   4. Жалителот е роден во 1951 година и живее во Скопје, во Република   Македонија.   5. На 10 Јули 1995 жалителот бил отпуштен од ДОО „Дака-лифт„ Скопје   (“работодавач“) каде работел како лифт-сервисер .   6. На 11 Август 1995 жалителот поднел тужба против неговиот   работодавач, тврдејќи дека незаконски бил отпуштен од работа. Истиот   барал да биде вратен на работно место кое одговара на неговите   квалификации.   7. Од седумте расправи, вклучувајќи го и подготвителното рочиште,   закажани помеѓу 8 ноември 1995 година и 17 мај 1996 година, една од нив   била одложена по барање на судијата, две расправи биле презакажани   заради задоцнето доствавување на докази, една расправа била одложена   без причини и една расправа била презакажана по барање на   работодавачот. Жалителот присуствувал на сите закажани расправи. Во   текот на овој период во еден наврат составот на судскиот совет бил   променет.   8. На 17 Јуни 1996 година работодавачот побарал судот да ја врати   постапката во поранешна состојба, бидејќи истиот ден тој не се појавил   пред судот заради пропуст на неговиот поранешен застапник да го   информира за денот на одржување на рочиштето. На 28 јуни 1996 година   жалителот поднел приговор против барањето на работодавачот, кој   подоцна бил повлечен. Рочиштето на 13 септември 1996 година било   одржана пред друг судија кој го преземал предметот.   9. На рочиштето одржано на 27 септември 1996 година судот изведувал   докази со сослушување на сведоци.   10. На 14 Ноември 1996 година Основниот суд во Скопје го усвоил   тужбеното барање на жалителот и го поништил решението на   работодавачот за престанок на неговиот работен однос. Судот утврдил   дека неговото отпуштање не било извршено од страна на надлежен   орган. Тој утврдил дека жалителот работел кај работодавачот, без прекин,   повеќе од 20 години и дека поради тоа за неговото отпуштање требало да   одлучува управниот одбор, а не директорот.   11. На 11 Март 1997 година работодавачот поднел жалба против   пресудата.   12. На 4 Јуни 1997 Апелациониот суд во Скопје ја усвоил жалбата на   работодавачот, ја поништил пресудата на Основниот суд и го вратил   предметот на повторно одлучување. Судот утврдил дека, понискиот суд   погрешно ja утврдил фактичката состојба, особено во врска со   непрекинатиот работен однос на жалителот кај работодавачот кој   извршил неколку организациони промени за целиот тој период.   13. Од десетте расправи закажани помеѓу 21 октомври 1997 година и 5   октомври 1998 година, две расправи биле одложени од судечкиот совет   заради разгледување на судската регистрација на работодавачот, една   расправа била одложена поради отсутство на судијата кој постапувал по   предметот, две расправи биле презакажани поради неможноста на судот   да ја достави поканата на сведок на адресата на живеење која била   обезбедена од страна на жалителот. Во овој период, судот го сослушал   жалителот и неколку сведоци. Во рамките на овој период, составот на   судскиот совет бил сменет во еден наврат со оглед на фактот дека биле   поставени нови судии поротници. Жалителот присуствувал на сите   споменати расправи.   14. На 5 Октомври 1998 Основниот суд во Скопје го одбил тужбеното   барање на жалителот со оглед на фактот дека отказното решение било   донесено од страна на надлежен орган и жалителот ја нарушил работната   дициплина. Судот исто така утврдил дека, жалителот најпрвин бил   вработен во „Давид Пајиќ-Дака“ Белград („претпријатие“), претпријатие   кое е регистрирано и работи надвор од Република Македонија, а кое   имало претставништво во Република Македонија. Кога било основано   претпријатието „Дака сервис“ ДОО Скопје, како посебно правно лице   регистрирано во Република Македонија, жалителот продолжил да работи   во новоформираното претпријатие. Во последната фаза, „Дака сервис“   ДОО Скопје се интегрирала со друго претпријатие „Дака монтажа“,   формирајќи притоа ново правно лице. Според наводите на Владата, ова   решение било донесено на 1 декември 1999 година и тоа им било ставено   на располагање на странките откако жалителот ги платил судските   трошоци.   15. На 6 декември 1999 година жалителот поднел жалба против   пресудата.   16. На 10 декември 1999 година Основниот суд му наложил на жалителот   да ги плати судските трошоци во рок од 8 дена. На 20 декември 1999   година жалителот постапил според овој налог.   17. На 9 февруари 2000 година Апелациониот суд во Скопје ја уважил   жалбата на жалителот и ја преиначил одлуката на понискиот суд. Тој   утврдил дека жалителот работел без прекин преку 20 години кај истиот   работодавач, наспроти статусните промени во организацијата на   претпријатието. Според тоа, го поништил престанокот на работниот однос   на жалителот настанат со отпуштање и го задолжил работодавачот да го   врати на работа.   18. На 3 Мај 2000 година работодавачот поднел ревизија до Врховниот   суд. На 22 Мај 2000 година жалителот доставил одговор на ревизијата.   19. На 4 Мај 2000 година работодавачот побарал од јавниот обвинител да   подигне барање за заштита на законитоста до Врховниот суд.   20. На 8 Мај 2000 година работодавачот поднел предлог за повторување   на постапката до Основниот суд.   21. На 19 април жалителот поднел посебен предлог за извршување на   одлуката за враќање на работа и судските трошоци. На 27 Април 2000   година судот го одобрил барањето на жалителот. На 22 Јуни 2000 година   жалителот го повлекол своето барање во врска со враќањето на работа,   бидејќи во меѓувреме бил вратен на работа. На 30 јуни 2000 година судот   ја запрел извршната постапка што се однесува до враќањето на   жалителот на работа и го одбил приговорот на работодавачот во врска со   надоместот на судските трошоци. На 12 октомври 2000 година   Апелациониот суд ја потврдил одлуката на понискиот суд. На 20 ноември   година работодавачот побарал одложување на извршувањето. На   декември 2000 година жалителот приговорил на барањето на   работодавачот за одложување на постапката. Се чини дека жалителот го   добил паричниот износ кој му следувал.   22.На 12 декември 2002 година Врховниот суд го вратил предметот со   судските списи до надлежниот суд во согласност со барањето на   работодавачот за повторување на постапката.   23.На 16 декември 2002 година Основниот суд во Скопје ја запрел   постапката по барањето за повторување на истата поднесено од страна   на работодавачот и одлучил да се достави целокупниот предмет со   судските списи до Врховниот суд на одлучување по поднесената ревизија   од страна на работодавачот.   24. На 27 март 2003 година Врховниот суд ја уважил ревизијата на   работодавачот, ја укинал одлуката на Апелациониот суд и ја потврдил   одлуката на Основниот суд од 5 октомври 1998 година. Тој отстапил од   образложението на Апелациониот суд со тоа што утврдил дека   работодавачот не можел да се смета за работодавач кај кој жалителот   првично засновал работен однос.   ПРАВО   I. НАВОДНА ПОВРЕДА НА ЧЛЕН 6 СТАВ 1 ОД КОНВЕНЦИЈАТА   25. Жалителот се жалел дека должината на постапката била несоодветна   со барањето за судење во „раузмен рок„ предвидено во член 6 став 1 од   Конвенцијата   кој   гласи:   “ Секој, при определување на неговите граѓанските права и обврски ……, има право на   ……судење во разумен рок, пред …..трибунал……”   A. Допуштеност   26. Судот утврди дека оваа жалба не е очигледно неоснована во смисла   на член 35 став 3 од Конвенцијата. Понатаму тој утврди дека не е   недопуштена по било кој друг основ. Од тие причини истата ја прогласи за   допуштена.   Б. Основаност   27. Судот утврдил дека граѓанската постапка започнала на 11 август 1995   година, кога жалителот ја поднел тужбата пред Основниот суд Скопје.   Постапката завршила на 27 Март 2003 година кога Врховниот суд ја   усвоил ревизијата поднесена од страна на работодавачот и го потврдил   престанокот на работниот однос поради отпуштање од работа на   жалителот.   28. Владата укажа дека периодот кој изминал пред стапувањето во сила   на Конвенцијата во Република Македонија не треба да се земе во   предвид.   29. Судот утврди дека периодот кој спаѓа во негова надлежност не   започнува на 11 Август 1995 година, туку на 10 Април 1997 година по   стапувањето во сила н Конвенцијата во Република Македонија. (види   Atanasovic and Others v. Republic of Macedonia, број 13886/02, т. 26, 22   декември 2005 година; Horvat v. Croatia, број 51585/99, т. 50, ЕСЧП 2001   VIII).   30. При проценката на разумноста на времето кое изминало потребно е   да биде земена во предвид состојбата на постапката на 10 Април 1997   година. (види Styranowski v. Poland, број 28616/95, став 46, ECHR 1998-   VIII; Foti and Others v. Italy, пресуда од 10 декември 1982 година, серија А   број 56, став 18, т. 53). Во овој контекст, Судот утврди дека во времето на   стапување во сила на Конвенцијата во Република Македонија постапката   траела една година и осум месеци во една судска инстанца.   31. Оттука, постапката траела седум години седум месеци и шеснаесет   дена, од кои пет години, единаесет месеци и седумнаесет дена во три   судски инстанци, се во надлежност на Судот.   32. Судот повторува дека разумноста на должината на постапката мора   да се цени во светоло на околностите на случајот и врз основа на   следните критериуми, и тоа: сложеноста на случајот, однесувањето на   жалителот и надлежните органи и засегнатиот интерес на жалителот во   постапката. (види меѓу другите, Frydlender v. France [GC], број 30979/96,   точка 43, ЕСЧП 2000-VII; Comingersoll S.A. v. Portugal [GC], број 35382/97,   ЕСЧП 2000-IV и Philis v. Greece (број 2), Пресуда од 27 јуни 1997 година,   Извештај за пресуди и одлуки 1997 IV, т. 35). Покрај тоа, засегнатиот   интерес на жалителот било поништувањето на неговото отпуштање од   работа, што барало посебна внимателност од страна на домашните   органи. (види Ruotolo v. Italy, пресуда од 27 февруари 1992 година, Серија   A број 230-Д, точка 17; Obermeier v. Austria, пресуда од 28 јуни 1990   година, Серија A број 179, т. 72).   33. Владата укажа на на тоа дека случајот бил од сложена правна и   фактичка природа со оглед на незанемарливиот број на прашања кои   барале разјаснување: правниот статус на работодавачот; органот кој бил   надлежен да одлучува за отпуштањето од работа на жалителот;   работниот стаж на жалителот кај работодавачот и правното толкување на   релевантните прописи во врска со претпријатијата кои се регистрирани   надвор од Република Македонија и кои го прилагодиле нивното работење   со домашното право. Што се однесува на однесувањето на жалителот,   Владата укажа на тоа дека тој пропуштил да превземе било какво   дејствие за забрзување на постапката и дури и придонел за нејзината   должина со повлекувањето на приговорот на барањето на работодавачот   за повторување на постапката од јуни 1996 година, понатаму   обезбедувајќи го судот со погрешна адреса на сведокот кој самиот го   предложил, преку неплаќање на судските такси, како формален   предуслов за продолжување на постапката , преку барање од судот да ја   изврши пресудата во целост, иако тој веќе бил вратен на работа. Владата   исто трака тврди дека и работодавачот придонел за должината на   постапката со искористување на три вонредни правни лекови кои му   стоеле на располагање согласно домашното право. Во врска со   однесувањето на домашните органи, Владата укажа дека судовите   постапувале по предметот со должно внимание, и покрај неколкуте   промени на составот на судскиот совет; дека закажаните расправи биле   одржувани без прекини и одложувања. Тие укажале дека периодот кој   изминал пред Основниот суд за изготвување и доставување на неговата   одлука од 1998 година, било резултат на пропуштањето на жалителот да   ја плати судската такса. Што се однесува на периодот од три години кој му   биле потребни на Врховниот суд да донесе одлука по предметот на   жалителот, Владата укажа на широкиот опсег на надлежности на судот и   зголемениот обем на работа, како последица на нискиот законски утврден   минимум во однос на вредноста на спорот како критериум за   поднесување на барање за ревизија, пред влегувањето восила на новите   законски измени. Владата исто така укажа дека домашните судови ја   извршиле одлуката на Апелациониот суд, додека предметот бил сеуште   во постапка пред Врховниот суд.   34. Жалителот ги спори аргументите на Владата во поглед на сложеноста   на предметот. Тој укажа дека Владата не упатила на ниту еден домашен   ефикасен правен лек во врска со должината на постапката, кој би бил   искористен од негова страна. Тој исто така тврди дека работодавачот бил   тој кој го повлекол барањето за повторување на постапката. Жалителот   тврди дека ја платил судската такса осум дена по барањето од страна на   судот. Покрај тоа, во согласност со законодавството во сила во периодот   на започнување на постапката, плаќањето на судската такса не било   формален услов за судот да продолжи со постапување. Тој потенцирал   дека аргументите на Владата во врска со однесувањето на домашните   органи не можат да ја ослободат државата од одговорноста да го реши   предметот во разумно време. Тој исто така не се согласи со тврдењето   дека зголемениот обем на работа на Врховниот суд може да го оправда   периодот од три години кој му биле потребни да одлучи по предметот.   35. Судот повторува дека е обврска на државата договорничка да го   организира нејзиниот правен систем на таков начин што нејзините судови   да можат да го гарантираат секому правото на добивање на конечна   одлука во споровите поврзани со граѓанските права и обврски во разумен   рок. (види Muti v. Italy, пресуда од 23 март 1994 година, Серија A број 281   C, т. 15; Milošević v. the former Yugoslav Republic of Macedonia, број   15056/02, т. 25, 20 април 2006 година).   36. Судот смета дека предметот бил сложен од правен аспект во   одредена мера, особено во однос на правниот статус на работодавачот   кој имал претрпено неколку статусни промени. Во таква ситуација,   судовите биле должни да утврдат дали вработувањето на жалителот   може да се смета за континуирано, како клучно прашање за одредување   на надлежниот орган кај работодавачот кој требал да одлучи за неговото   отпуштање. Меѓутоа, Судот смета дека ова правно прашање не може   само по себе да ја оправда должината на постапката.   37. Во врска со однесувањето на жалителот, Судот утврдил дека нема   период на одложувања кои би можеле да му се препишат нему. Тој бил   присутен на сите расправи кои биле закажани и одложувањето на две   расправи заради пријава на погрешното живеалиште на сведок   предложен од негова страна (види точка 14), не придонело битно за   должината на постапката. Истото се однесува и на повлекувањето на   приговорот на барањето на работодавачот за повторување на постапката   и неговата обврска да ги плати судските такси, која тој ја извршил во   рамките на временскиот рок определен од судот. Однесувањето на   жалителот во извршната постапка немало никаков влијание на постапката   што се однесува на суштината на неговото барање.   38. Од друга страна, Судот смета дека постоеле битни оддолжувања кои   можат да им се припишат на домашните органи. Судот не е убеден од   аргументите на Владата дека протекот на безмалку една година и два   месеци од усвојувањето на одлуката на Основниот суд од 1998 година па   се до доставата на истата до странките може да се оправда со   неплаќањето на судските такси од страна на жалителот. Судот   забележува дека изминале скоро три години од поднесувањето на   ревизијата од страна на работодавачот. Во тој период, Врховниот суд   единствено ја разгледал ревизијата и не извел други докази или не   превземал други процесни дејствија, освен враќањето на предметното   досие до Основниот суд, две и пол години по доставувањето на барањето   за повторно отварање на постапката.   39. Судот исто така повторува дека, хроничниот прекумерен обем на   работа не може да биде оправдување за прекумерната должина на   постапката. (види Klein v. Germany, број 33379/96, точка 43, 27 јули 2000   година и Pammel v. Germany, пресуда од 1 јули 1997 година, Извештај за   пресуди и одлуки 1997 IV, т. 69 и 71). Оттука, Судот смета дека   прекумерниот обем на работа, со оглед на нискиот законксиот минимум   во однос на вредноста на предметот на спорот како критериум за   поднесување барање за ревизија, како и големиот опсег на надлежности   на Врховниот суд, не можат да бидат оправдување за прекумерната   должина на постапката (види mutatis mutandis, Dumanovski v. “Republic of   Macedonia”, број 13898/02, т. 45, 8 декември 2005 година).   40. Истото се однесува и на аргументите на Владата поврзани со   извршната постапка која била во тек паралелно со постапката пред   Врховниот суд. Како што Судот постојано утврдува, може да се смета за   разумно домашните судови под одредени околности да чекаат на исходот   на паралелната постапка како мерка за процедурална ефикасност (види,   mutatis mutandis, König v. Germany, пресуда од 28 јуни 1978 година, Серија   A број 27, т. 110; Boddaert v. Belgium, пресуда од 12 октомври 1992 година,   Серија A број 235 D, точка 39; Pafitis and Others v. Greece, пресуда од 26   февруари 1998 година, Извештај 1998 I, т. 97). Во овој случај, домашните   судови ниту ја запреле постапката во поглед на основаноста ниту исходот   од извршната постапка имал некакво влијание врз нив. Протекот од скоро   три години пред Врховниот суд не може да се оправда као мерка на   процедурална ефикасност со оглед на тоа што судот требало да   постапува со особена експедитивност имајжи ја предвид должината на   постапката во таа фаза.   41. Имајќи ја предвид судската пракса по ова прашање, Судот смета дека   во конкретниот случај должината на постапката била прекумерна и не го   исполнила барањето за "разумен рок".   42. Според тоа има повреда на член 6 став 1.   II. ПРИМЕНА НА ЧЛЕН 41 ОД КОНВЕНЦИЈАТА   43. Членот 41 од Конвенцијата предвидува:   “Кога Судот ќе оцени дека постои повреда на Конвенцијата или на протоколите, и   доколку внатрешното право на засегнатата Висока договорна страна овозможува   само делумна репарација на штета, тогаш доколку е тоа неопходно, Судот ќе му   додели правична отштета на оштетениот.”   A. Штета   44. Жалителот барал 12.222 евра, како надомест на материјална штета во   врска со ненаплатен личен доход. Тој исто така барал 50.000 евра како   надомест на нематеријална штета поради емотивно страдање и   претрпена физичка болка како последица од должината на постапката.   45. Владата не се произнесе по однос на ова прашање.   46. Судот не утврди причинско-последична врска помеѓу повредата и   наводната материјална штета, поради што го отфрла ова барање.   Судот смета дека жалителот со сигурност претрпел нематеријална   штета. Одлучувајќи на правична основа, му досуди 500 евра по овој   основ, сума во која не се засметани било какви издатоци кои би можеле   да бидат наплатени.   Б. ТРОШОЦИ И НАДОМЕСТОЦИ   48. Жалителот исто така барал 1.694 евра за трошоци и надоместоци   направени пред домашните судови и 200 евра за трошоците пред Судот.   49. Владата не се произнесе по ова прашање.   50. Во врска со барањето на жалителот за надомест на трошоците   направени во постапките пред домашните судови, Судот утврди дека тие   трошоци не биле направени со цел да се бара, во рамките на домашниот   правен систем, заштита и надомест за наводната повреда за која се   жалел пред Судот. Уште повеќе, жалителот пропуштил да го аргументира   своето барање со било какви докази. Според тоа, Судот не досуди   надомест на трошоци. (види Milošević пресуда, цитирана погоре, т. 34).   Што се однесува до направените трошоци и издатоци пред Судот, истиот   смета дека сумата од 200 евра, побарана од жалителот, треба да му биде   доделена во целост.   В. ЗАТЕЗНА КАМАТА   Судот смета за соодветно дека затезната камата треба да се исплати   според најниската камтна стапка за позајмени средства на Европската   Централна Банка, на која треба да се додадат 3 %.   ОД НАВЕДЕНИТЕ ПРИЧИНИ, СУДОТ ЕДНОГЛАСНО   1. Ја прогласи жалбата за допуштена;   2. Утврди дека има повреда на член 6 став 1 од Конвенцијата;   3. Утврди дека:   (а) тужената држава, во рок од 3 месеци од денот на конечноста на   пресудата, во согласност со член 44 став 2 од Конвенцијата, треба да   му ги исплати на жалителот наведените суми конвертирани во   националната валута на тужената држава во износ важечки на денот   на исплатата.   i) 500 евра за нематеријална штета;   ii) 200 евра за трошоци и надоместоци;   iii) било кој издаток кој би можел да биде наплатен на горе   наведените износи;   (б) по протекот на горе наведените три месеци сẻ до исплатата, ќе се   засметува камата на горенаведените износи, по стапка еднаква на   најниската стапка за позајмени средства на Европската централна   банка, за периодот до плаќањето плус 3 %.   4. Го отфрли остатокот од барањето на жалителот за правичен   надоместок.   Изготвено на англиски и објавено на 2 ноември 2006 година,   согласно 77 став 2 и 3 од Деловникот за работа на Судот.   Claudia WESTERDIEK   Peer   LORENZEN   Секретар   Претседател

© Rada Europy / Europejski Trybunał Praw Człowieka, źródło: HUDOC (hudoc.echr.coe.int), pozyskano 13.07.2026. · Źródło