23152/05

WyrokETPCz2010-05-27ECLI:CE:ECHR:2010:0527JUD002315205

Analiza orzeczenia

Sekcja wygenerowana przez AI na podstawie treści orzeczenia — nie stanowi cytatu.

Zagadnienie prawne
Czy brak możliwości uczestnictwa skarżącej w posiedzeniu sądu apelacyjnego, przy jednoczesnej obecności prokuratora, naruszył zasadę równości broni z art. 6 ust. 1 Konwencji, oraz czy przewlekłość postępowania karnego naruszyła prawo do rozpoznania sprawy w rozsądnym terminie?
Ratio decidendi
Trybunał uznał, że zasada równości broni wymaga, aby każda strona miała rozsądną możliwość przedstawienia swojej sprawy w warunkach, które nie stawiają jej w istotnie gorszej pozycji w stosunku do strony przeciwnej. W niniejszej sprawie, prokurator był obecny na wszystkich czterech posiedzeniach sądu apelacyjnego, w tym na ostatnim, gdzie składał uwagi, podczas gdy skarżąca była obecna tylko na jednym, mimo składania wniosków o powiadomienie. Sama obecność prokuratora na posiedzeniu, na którym skarżąca była nieobecna, stanowiła naruszenie równości broni. Co do długości postępowania, Trybunał stwierdził, że choć sprawa nie była szczególnie skomplikowana, a skarżąca przyczyniła się do pewnych opóźnień, to trzykrotne uchylanie wyroków i zwracanie sprawy do ponownego rozpoznania przez sąd apelacyjny wskazywało na poważne niedociągnięcia w systemie sądowym, co doprowadziło do nieuzasadnionej przewlekłości postępowania.
Stan faktyczny
Skarżąca, Marina Nasteska, była dyrektorką Międzygminnego Centrum Pracy Socjalnej. W 2000 roku została oskarżona o nadużycie stanowiska służbowego za zatwierdzenie pomocy społecznej dla dwóch osób, pomimo negatywnej opinii ekspertów. Postępowanie karne trwało prawie pięć lat, w trakcie których sąd pierwszej instancji trzykrotnie wydawał wyroki (skazujący, uniewinniający, skazujący), które były następnie uchylane przez sąd apelacyjny. Skarżąca zarzuciła, że na posiedzeniach sądu apelacyjnego prokurator był obecny, a ona nie, co naruszyło zasadę równości broni, oraz że całe postępowanie było nadmiernie długie.
Rozstrzygnięcie
Trybunał jednogłośnie: 1. Uznaje za dopuszczalne zarzuty dotyczące równości broni i długości postępowania, a pozostałą część skargi za niedopuszczalną. 2. Stwierdza naruszenie art. 6 ust. 1 Konwencji z obu tych powodów. 3. Zasądza na rzecz skarżącej 1200 euro tytułem zadośćuczynienia za szkody niemajątkowe. 4. Oddala pozostałą część żądania skarżącej dotyczącego słusznego zadośćuczynienia.

Pełny tekst orzeczenia

ПЕТТИ ОДДЕЛ   НАСТЕСКА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА   (Жалба бр. 23152/05)   ПРЕСУДА   СТРАЗБУР   мај 2010   Оваа пресуда ќе стане конечна во согласност со условите предвидени во   член 44 став 2 од Конвенцијата. Истата може да биде предмет на   редакциски измени.   Напомена: Македонскиот превод на текстот на одлуката на Европскиот   суд за човекови права   е исклучиво информативен и од него не   произлегуваат никакви права и/или обврски. Единствено официјалниот   текст на одлуката на Европскиот суд за човекови права на англиски и/или   француски јазик, објавена од страна на Судот е автентичен и се смета за   оригинал.Не е дозволено објавување на овој превод на било каков начин без   претходна дозвола од страна на Министерството за правда на Република   Македонија, освен во случај доколку се користи за информирање.   НАСТЕСКА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА   Во случајот на Настеска против Република Македонија,   Европскиот суд за човекови права (петти оддел) , заседавајќи   во совет составен од   Peer Lorenzen, претседател,   Renate Jaeger,   Karel Jungwiert,   Rait Maruste,   Mark Villiger,   Zdravka Kalaydjieva,   Мирјана Лазарова Трајковска, судии,   и Claudia Westerdiek, секретар на судот,   Одлучувајќи на нејавна седница на 4 мај 2010 година,   Ја донесе следната пресуда, усвоена на истиот датум:   ПОСТАПКА   1. Предметот е започнат со жалба (бр.23152/05) против   Република Македонија поднесена до Судот врз основа на член   од Конвенцијата за заштита на човековите права и основни   слободи (“Конвенцијата“) од страна на македонскиот државјанин,   г-ца Марина Настеска (“жалителката“), на 14 јуни 2005 година.   2. Жалителката беше застапувана од г-дин З.Гавриловски,   адвокат од Скопје. Македонската Влада (“Владата“) беше   застапувана од нејзиниот агент, г-ѓа Радица Лазареска Геровска.   3. Жалителката се жалеше особено дека, Апелациониот суд   го повредил принципот на еднаквост на оружјата, пропуштајќи   да ја покани на седницата одржана на 16 ноември 2004 година и   дека, постапката во конкретниот предмет била прекумерно   оддолжена.   4. На 12 декември 2008 година, претседателот на петтиот   оддел одлучи да ги достави на одговор до Владата наведените   жалбени наводи. Исто така беше одлучено да ја испита   основаноста на жалбата, истовремено и нејзината допуштеност   (член 29 став 3).   НАСТЕСКА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА   ФАКТИ   I. ОКОЛНОСТИ НА ПРЕДМЕТОТ   5. Жалителката е родена 1963 година и живее во Скопје.   6. На 24 февруари 2000 година против жалителката била   поднесена кривична пријава со обвинение за злоупотреба на   службената положба. На 17 мај 2000 година, истражниот судија   откако ја сослушал неа, донел решение за спроведување на   истражна постапка. На 13 јуни 2000 година, јавниот обвинител   поднел обвинителен предлог со кој жалителката како поранешна   директорка за Меѓуопштинскиот центар за социјални работи   (“Центарот“) била осомничена дека донела решенија за   одобрување на социјална помош за две лица (“баратели“)   наспроти официјалнот извештај подготвен од страна на тим од   експерти од Центарот (“извештајот“), во кој било утврдено дека   барателите не ги исполнувале законските услови.   7. На 28 август 2000 година, Основниот суд Кичево   (“судечкиот суд“) ја огласил жалителката, застапувана од страна   на адвокат), за виновна и изрекол условена казна затвор во   траење од 6 месеци   8. На 13 ноември 2000 година, жалителката поднела жалба   против таквата пресуда. Со посебно барање, таа побарала   Апеалциониот суд Битола да ја извести за датумот на   одржување на седницата на судот, со што би можела да ги   образложи основите на своите жалбени наводи.   9. На 27 февруари 2001 година, Апелациониот суд ја донел   својата одлука во присуство на јавниот обвинител, но во   отсуство на жалителката. Судот изразил став дека, присуството   на жалителката немало да придонесе во утврдувањето   вистината. Судот ја усвоил жалбата и ја укинал одлуката на   првостепениот суд. Едновремено дал напатствија да се утврди   дали извештајот бил задолжителен за жалителката. На   седницата, јавниот обвинител доставил писмен поднесок со кој   барал одбивање на жалбата.   10. На 19 јули 2001 година, судечкиот суд наредил вештачење   за утврдување на фактот дали барателите имале право да   примаат социјална помош. Наодот од вештачењето бил   доставен на 19 септември 2001 година. Бидејќи истиот бил   некомплетен, на 17 јануари 2002 година, судот наредил Бирото   за судски вештачења да изготви дополнително вештачење во   врска со истото прашање. Ова вештачење било изготвено на 23   април 2002 година (“вештачењето од 2002 година“) во кој било   констатирано дека барателите незаконски добиле социјална   НАСТЕСКА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА   помош. Жалителката приговарал на ова вештачење, тврдејќи   дека, само орган како Бирото за унапредување на социјалната   дејност (“Бирото“)било соодветно квалификувано да даде такво   мислење.   11. На 18 јуни 2002 година, судечкиот суд повторно нашол   дека жалителката е виновен и го осудил со иста казна. Судот   утврдил дека, жалителката и друг вработен во Центарот со само   увид на лице место во домовите на барателите ја утврдиле   фактичката состојба. Во овој правец, бил составен записнико на   основа на на кој што бил изготвен извештајот. Сепак,   жалителката ги одобрил барањата на барателите спротивно на   задолжителната природа на извештајот. Судечкиот суд ја донел   својата одлука согласно изведените докази: искази од двајца   сведоци, вештачењето од 2002 година и други материјални   докази.   12. На 8 октомври 2002 година, жалителката поднел жалба   против пресудата, барајќи Апелациониот суд Битола да ја   повика на седница на советот. На 10 декември 2002 година,   Апелациониот суд Битола, во присуство на јавниот обвинител и   жалителката ја усвоил жалбата и предметот го вратил на   повторно судење. Истовремено дал напатствија до судечкиот   суд да ги преоцени доказите, да ги сослуша барателите на   социјална помош и да обезебеди други докази со цел да утврди   дали барателите ги исполнувале условите да примаат социјална   помош. Утврдил дека вештачењето од 2002 година   несоодветно да го процени овој факт.   е 13. На 3 април 2003 година, судечкиот суд го ослободил   жалителката од обвинение, наоѓајќи, inter alia, дека таа не била   обврзана со извештајот.   14. На 11 ноември 2003 година, Апелациониот суд Битола, на   нејавна седница ја поништил ослободителната одлука заради   тоа што истата неможела да се темели на недостатокот на   изричити законски одредби за задолжителност на извештајот.   Оваа одлука била донесена во присуство на јавниот обвинител,   но во отсуство на жалителката, наспроти нејзиното барање за   присуство.   15. На 15 март 2004 година, Бирото изготвило вештачење   според кое барателите не биле подобни да примаат социјална   помош, жалителката погрешно ги одобрила нивните барања и   дека, извештајот бил задолжителен за неа.   16. На 17 март 2004 година, судечкиот суд ја осудил   жалителката за злоупотреба на службената положба и изрекол   условна казна затвор во трање од шест месеци.Својата одлука   ја засновал, inter alia, на вештачењето на Бирото од 2004   година- кое пак било изготвено на барање на жалителката, на   НАСТЕСКА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА   усните искази на вештите лица кои го изготвиле ова вештачење   од 2004 година дадени на претресите пред судот, двајца   сведоци и други материјални докази.   17. Жалителката, лично и преку нејзиниот адвокат, се жалеле   дека судечкиот суд неправилно ги утврдиле фактите, погрешно   ги оценил доказите и пропуштил да даде образложени прични во   неговата одлука. Таа дополнително спорела дека, судот   погрешно дал тежиште на вештачењето на Бирото, доказите   земени од сведоците и останатите материјални докази, бидејќи   тие биле доставени во фотокопии. Таа исто така се жалела дека   судечкиот суд го одбил нејзиното барање за сослушување на   барателите. Таа се жалела дека Бирото бил управен орган во   состав на соодветното министерство кое вршело надозор, ex   officio, над работата на центрите за социјални работи и дека,   според тоа, неможе да се гледа како соодветна институција. На   крајот, таа барала дозвола да присуствува на седницата на   советот на Апелациониот суд.   18. На 16 ноември 2004 година, Апелациониот суд Битола ја   одбил жалбата на жалителката и ја потврдил одлуката на   понискиот суд. Судот ја донел одлуката во присуствуво на   јавниот обвинител, но не и жалителката. Тој сметал дека,   присуството на жалителката или на нејзиниот адвокат немало да   придонесе во утврдувањето на фактите. Тој понатаму се   повикал на поднесокот на јавниот обвинител од 24 септември   година и исказот даден на самата седница со која барал   жалбата на жалителката да биде одбиена. Судот понатаму   утврдил дека, немало потреба за сослушување на барателите   на социјалната помош, имајќи ги предвид нивните иницијални   искази во врска со нивниот животен стандард, дадени при   извршениот увид на лице место од страна на жалителката.   Судот се согласил дека, жалбените наводи во врска   вештачењето од 2004 година може да бидат основани, но   изразил став дека, вината на жалителката би била потврдена и   во случај на отсуство на овиј доказ. На крајот, судот ги потврдил   фактите и доказите на судечкиот суд како основани. Оваа   одлука и била доставена на жалителката на 25 јануари 2005   година.   19. Во текот на постапката, четири претреси биле   одложувани на барање на жалителката.   II. РЕЛЕВАНТНО ДОМАШНО ЗАКОНОДАВСТВО   20. Врз основа на член 362 став 1 и 3 од Законот за кривична   постапка (“Законот“),известие за седницата на советот при   Апелациониот суд се дава, inter aliа, до оној обвинет и неговиот   НАСТЕСКА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА   бранител кој во рокот предвиден за жалба или за одговор на   жалбата барал да биде известен за седницата, според тоа   претрес (член 364 од Законот) би се одржал пред   второстепениот суд. Вакво известување може да се достави до   странките кои не доставиле такво барање и доколку нивното   присуство би придонело во утврдување на фактите. Советот   може да побара дополнителни објаснувања од страните кои   присуствуваат на седницата.   21. Членот 364 став 1 и 2 од Законот утврдува дека,   второстепениот суд ќе одржи претрес само доколку е потребно   изведување на нови докази или истите да бидат повторно   изведени или доколку предметот нема потреба да биде вратен   на повторно судење. Обвинетиот   и неговиот/нејзиниот   застапник, јавниот обвинител, оштетениот или други сведоци   или вештаци ќе бидат распитани како повикани да учествуваат   на претресот пред второстепениот суд.   ПРАВО   I. ЖАЛБЕНИ НАВОДИ ЗА ПОВРЕДА НА ЧЛЕНОТ 6 ОД   КОНВЕНЦИЈАТА   22. Жалителката се жалеше дека постапката била   неправична, имено дека таа, спротивно на јавниот обвинител,   била лишена од можноста да присуствува на седницата на   Апелациониот суд од 16 ноември 2004 година. Таа понатаму се   жалеше дека, постапката била неразумно долга; дека нејзината   осуда била заснована на недопуштени докази, имено на докази   поднесени во фотокопии; дека вештачењето од 2004 година   била изготвено од Бирото, кое функционирало во состав на   Министерството за труд и социјална политика, кои биле   оштетена странка; дека судечкиот суд одбил да ги сослуша   барателите и крајно дека, судовите не дале образложени   причини во нивните одлуки. Членот 6 став 1 од Конвенцијата,   како релевантен, го предвидува следното:   “Во определувањето на .....или кога некој е кривично гонет, секој има право   на правично ...... судење во разумен рок пред (а) ....суд...“   НАСТЕСКА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА   А. Наводни повреда на принципот на еднаквост на   оружјата пред Апелациониот суд и за должината на   постапката   1. Допуштеност   23. Владата не истакна било како приговор за допуштеност   на овие наводи.   24. Судот забележува дека, овие наводи не се очигледно   неосновани во смислата на членот 35 став 3 од Конвенцијата.   Дополнително утврди дека, тие не се недопуштени по било кој   друг основ. Заради тоа мора да бидат огласени за допуштени.   2. Основаност   (а) Жалбени наовди за повреда на принципот на еднаквост на   оружјата во постапката пред Апелациониот суд   i) Произнесувања на странките   25. Жалителката тврдеше дека присуствувала само на една   седница на Апелациониот суд, наспроти јавниот обвинител кој   присуствувал на сите четири седници. Допуштајќи само   присуство на јавниот обвинител на седницата во последната   фаза од постапката, Апелациониот суд ја оневозможил   жалителката да учествува по предметот под исти услови како на   јавниот обвинител.   26. Владата призна дека јавниот обвинител, но не   и жалителката, била присутна на седницата од 16 ноември 2004   година кога Апелациониот суд ја донел последната одлука во   предметот на жалителката. Сепак, тие спореа дека, оваа   постапка не била соодветен хендикеп vis-à-vis јавниот   обвинител. Жалителката не била повикана да учествува бидејќи   предметот веќе бил преиспитуван во неколку наврати пред   двете судски инстанци   и повторното сослушување на   жалителката пред второстепениот суд не било оценето за   неопходно. Овој факт бил потврден реферирајќи на седницата   од 10 декември 2002 каде жалителката не придонела за   утврдување на фактите. Дотолку повеќе што ниту обвинителот   поднел некаков нов доказ на седницата од 16.Ноември 2001,   туку само се осврнал на писмениот поднесок на жалителката.   ii) Оценка на Судот   27. Судот смета дека принципот на еднаквост на оружјата   упатува на тоа дека, на секоја страна мора да и се овозможи   разумна можност да го претстави неговио/нејзиниот предмет под   НАСТЕСКА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА   услови кои нема да го/ја стават во позиција на суштинска   понеповолност vis-à-vis спротивна странка (види Ивановски   против Република Македонија одлука, број 21261/02, од 29   септември 2005 година).   28.Во конкретниот случај, Судот забележува дека,   Апелациониот суд Битола имал надлежност да го испита   предметот во поглед на фактите и законот и да направи целосна   проценка на прашањето за вината или невиноста на   жалителката во поглед на неговата вина или невиност. Имајќи ја   во предвид ваквата надлежност, истиот ја поништувал одлуката   на судечкиот суд и го вратил предметот на повторно судење во   три наврати (види точки 9, 12 и 14, погоре). Секогаш кога   Апелациониот суд ги носел своите одлуки, жалителката го   практикувала нејзиното право од членот 362 став 1 од Законот,   барајќи да биде известена за датумот на одржувањето на   седницата. Сепак таа била овозможена да присуствува само на   една седница додека јавниот обвинител присуствувал на сите   четири седници на Апелациониот суд. Тоа се случило и со   последната седница одржана во крајната фаза на постапката   кога Апелациониот суд ја потврдил вината на жалителката. Во   таа прилика, јавниот обвинител упатил на неговиот поднесок од   септември 2004 година и дал завршен збор барајќи да се   одбие жалбата на жалителката. Жалителката, не бил   информиран за седницата, заради што неможела да даде   одговор на тој став, дури иако,тоа според Владата, не   сеоднесувало на нов доказ. Во врска со ова, Судот смета дека,   принципот на еднаквост на оружјата не зависи од дополнителна,   значителна неправичност, која произлегува од процедуралната   нееднаквост. Тоа е прашање на одбраната да процени дали   произнесувањето заслужува соодветна реакција (види Bulut   против Австрија, 22 февруари 1996 година, параграф 49,   Извештај за пресуди и одлуки 1996-II). Судот смета дека, дури   иако на јавниот обвинител не би му била дадена дозвола да   коментира, нејзиното присуство на нејавната седница на   Апелациониот суд би и дозволило неа, со самото присуство,   дополнителна можност да го зацврсти нејзиното тврдење на   нејавната седница, без страв од противречности (види Borgers   против Белгија, од 30 октомври 1991 година, параграф 28,   Серија A бр. 214-B, и Lobo Machado против Португалија, од 20   февруари 1996 година, параграф 32, Извештај за пресуди и   одлуки 1996-I).   29. Од аспект на сето погоре наведеното, Судот заклучува   дека принципот на еднаквост на оружјата не бил почитуван.   Заради тоа има повреда на членот 6 став 1 од Конвенцијата   бидејќи јавниот обвнител присуствувал на седницата на   НАСТЕСКА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА   Апелациониот суд од 16 ноември 2004 година, за разлика од   жалителката кој не била ниту известена за седницата.   (b) Должина на постапката   i) Поднесоци на странките   30. Жалителката изрази став дека, предметот не бил сложен и   дека вештачењата не биле неопходни. Таа ја прифати   одговорноста дека по нејзина вина дека од вкупно 145 дена   пропуштила да присуствува на четири претреси. Од друга   страна, националните судови биле одговорни за одложувањата   сторени заради неуредна судската достава на поканите за   претресите, пропуштањето навремено да се изготват одлуките и   враќањето на предметот на повторно судење во три наврати.   31. Владата изрази став дека, предметната постапка   започнала на 24 февруари 2000 година, датум кога кривичната   пријава била поднесена до јавниот обвинител. Тие тврдеа дека   предметот не бил сложен, но наложил потреба од неколку   вештачења. Понатаму, напоменаа дека, четири оддолжувања   можат да и се припишат на жалителката која истовремено не   била одговорна и кооперативна. На крајот, за националните   судови неможе да се каже дека биле неактивни, бидејќи тие го   процесуирале предметот без оддолжувања. Бројот на враќања   на повторно судење придонел за должината на постапката, но   соодветни измени на легислативата биле предочени како лек за   надминување на тој недостаток.   ii) Оценка на Судот   32. Судот забележува, на сметка на Владата дека постапката   започнала на 24 февруари 2000 година, датумот кога била   поднесена кривичната пријава против жалителката. Постапката   завршила на 25 јануари 2005 година кога одлуката на   Апелациониот суд од 16 ноември 2004 година била доставена   до жалителката. Според тоа, постапката траела повеќе од   четири години и единаесет месеци во две судски инстанци.   33. Судот потсетува дека, разумноста на должината на   постапката мора да се оцени врз основа на околностите на   предметот и согласно следните критериуми: сложеноста на   предметот, однесувањето на жалителката и домашните органи   (види Frydlender против Франција [GC], бр. 30979/96, параграф   43, ECHR 2000-VII).   34. Судот смета, како што тврдеа и странките, дека предметот   не бил со особена сложеност.   35. Понатаму смета дека, жалителката бил одговорна за   оддолжувањата за приближно пет месеци, пропуштајќи да   НАСТЕСКА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА   присуствува на четири закажани претреси (види точка 19 и 30,   погоре).   36. Во поглед на однесувањето на домашните судови, Судот   смета дека, неможе да се каже дека тие биле неактивни.   Дотолку повеќе што, периодите помеѓу донесените одлуки во   различни судски инстанци не биле неприфатливо долги.   Наспроти тоа, должината на постапката неможе да се смета за   разумна воглавно заради неколку кратното повторување на   постапката. Судот забележува дека предметот бил преотваран   во три наврати. Во тој контекст, тој повторува дека, преотварања   на постапките кои вообичаено биле одредувани како резултат на   грешките направени од понискиот суд, ваквите повторни судења   во еден сет на постапки, укажуваат на сериозен недостаток во   судскиот систем (види Нанков против Република Македонија,   бр. 26541/02, параграф 48, од 29 ноември 2007 година).   Измените на легислативата на кои упати Владата во нејзините   поднесоци, не ја засега оспорената постапка, но има интенција   да ги превенира процесните недостатоци од ваква природа во   иднина. Дополнително, барањата на судечкиот суд за   вештачења се одразиле на должината на постапката, особено   што некои од нив биле и непотребни (види параграф 12, погоре)   (види Стојанов против Република Македонија, бр. 34215/02,   параграф 60, од 31 мај 2007 година).   37. Соочен со овие факти, Судот смета дека постапката во   конкретниот случај не била процесуирана во разумен рок.   38. Заради тоа смета дека има повреда на членот 6 став 1 од   Конвенцијата.   B. Останати жалбени наводи   39. Жалителката се жалела дека нејзината осуда била   заснована на недопуштени докази, имено на докази поднесени   во фотокопии; дека вештачењето на Бирото не требало да биде   земено како доказ бидејќи тоа функционирало во состав на   Министерството за труд и социјална политика, кое било   оштетена странка; дека судечкиот суд одбил да ги сослуша   барателите на социјална помош и дека одлуките не содржеле   доволни образложенија.   40. Судот ги испита овие жалбени наводи. Сепак, имајќи ги во   предвид сите доставени материјали до него, како и жалбените   барања кои се во негова надлежност, Судот утврди дека, тие не   откриваат појава на повреда на правата и слободите утврдени   со Конвенцијата и нејзините Протоколи.     НАСТЕСКА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА   41. Следи дека, овој дел од жалбата е очигледно неоснован и   мора да биде отфрлен согласно член 35 став 3 и 4 од   Конвенцијата.   II. ПРИМЕНА НА ЧЛЕН 41 ОД КОНВЕНЦИЈАТА   42. Членот 41 од Конвенцијата пропишува:   “Ако Судот нашол дека има повреда на Конвенцијата или   Протоколите, и ако внатрешното право на засегнатата   Висока Договорна Страна дозволува само делумна отштета,   Судот, доколку е потребно, ќе доделиправична отштета на   оштетената страна“.   A. Штета   43. Жалителката бараше 5,000 евра на име нематеријална   отштета.   44. Владата го оспори ова барање како неосновано.   45. Судот прифаќа дека жалителката претрпела некаква   нематеријална штета во поглед на повредите кои ги утврди.   Одлучувајќи на правична основа, и доделува на жалителката   1,200 евра по овој основ, зголемени за било какви давачки кои   би можело да се засметаат.   B. Трошоци   46. Жалителката не бараше надомест за трошоци во   согласност со правилото 60 од Деловникот на Судот. Според   тоа, Судот не и доделува износ по овој основ.   C. Камата   47. Судот смета за соодветно дека затезната камата треба да   се прсметува според најниската каматна стапка за позајмени   средства на Европската централна банка, на која треба да се   додадат 3 процентни поени.   НАСТЕСКА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА     ОД ОВИЕ ПРИЧИНИ, СУДОТ ЕДНОГЛАСНО   1. Ги прогласува за допуштени жалбените наводи што се   однесуваат на еднаквоста на оружјата и за должината на   постапката и остатокот од жалбата за недопуштен;   2. Утврдува дека имало повреда на членот 6 став 1 од   Конвенцијата по двата основи;   3. Утврди дека:   (a) Тужената држава треба да и исплати на жалителката во   рок од 3 месеци од правосилноста на пресудата согласно   член 44 став 2 од Конвенцијата, 1,200 евра (илјада и двеста   евра), зголемени за било какви давачки кои би можело да се   засметаат, на име нематеријална штета конвертирана во   национална валута, по стапка на денот на исплатата;   (b) дека по протекот на горе наведените три месеци сẻ до   исплатата, ќе се засметува камата на горенаведените износи,   по стапка еднаква на најниската стапка за позајмени средства   на Европската централна банка, за периодот до плаќањето   плус 3 процентни.   4. Го отфрла преостанатиот дел од барањето на жалителката   за правична отштета.   . Изготвено на англиски и доставено на писмено на 27 мај 2010   година, согласно членот 77 ставовите 2 и 3 од Деловникот на   Судот.   Claudia Westerdiek   Секретар   Peer Lorenzen   Претседател

© Rada Europy / Europejski Trybunał Praw Człowieka, źródło: HUDOC (hudoc.echr.coe.int), pozyskano 13.07.2026. · Źródło