24660/03

WyrokETPCz2009-05-07ECLI:CE:ECHR:2009:0507JUD002466003

Analiza orzeczenia

Sekcja wygenerowana przez AI na podstawie treści orzeczenia — nie stanowi cytatu.

Zagadnienie prawne
Czy przewlekłość postępowania cywilnego dotyczącego własności nieruchomości naruszyła prawo do rozpoznania sprawy w rozsądnym terminie z art. 6 ust. 1 Konwencji?
Ratio decidendi
Trybunał stwierdził, że postępowanie dotyczące własności nieruchomości, które trwało ponad 13 lat i 7 miesięcy (z czego ponad 12 lat pod jurysdykcją Trybunału) i nadal toczyło się w pierwszej instancji, było nadmiernie długie. Trybunał uznał, że choć sprawa była złożona ze względu na liczbę stron i roszczeń, to nie usprawiedliwiało to tak długiego czasu trwania. Trybunał obciążył władze krajowe odpowiedzialnością za większość opóźnień, w tym za niemożność zapewnienia obecności stron na rozprawach oraz za ponad roczny okres bezczynności sądu. Podkreślono, że państwa mają obowiązek zorganizować swój system prawny tak, aby zapewnić rozstrzygnięcie sporów cywilnych w rozsądnym terminie.
Stan faktyczny
Skarżąca, Jasna Bogdanska Duma, była stroną w dwóch zestawach postępowań cywilnych dotyczących własności nieruchomości (mieszkania i garażu). Pierwsze postępowanie, zainicjowane przez rodziców jej byłego męża w 1995 r., dotyczyło ustalenia prawa własności i unieważnienia umowy darowizny z 1994 r., na mocy której skarżąca otrzymała połowę nieruchomości. To postępowanie, mimo że zostało raz zwrócone do ponownego rozpoznania, nadal toczyło się w pierwszej instancji w momencie wydania wyroku ETPCz. Drugie postępowanie, zainicjowane przez byłego męża skarżącej w 2002 r., dotyczyło unieważnienia umowy darowizny z 2001 r., na mocy której skarżąca przekazała swoją część nieruchomości córkom.
Rozstrzygnięcie
1. Skarga dotycząca długości pierwszego zestawu postępowań została uznana za dopuszczalną, a pozostała część skargi za niedopuszczalną. 2. Stwierdzono naruszenie art. 6 ust. 1 Konwencji w odniesieniu do pierwszego zestawu postępowań.

Pełny tekst orzeczenia

CONSEIL   DE L’EUROPE   COUNCIL   OF EUROPE   COUR EUROPÉENNE DES DROITS DE L’HOMME   EUROPEAN COURT OF HUMAN RIGHTS   ПЕТТИ ОДДЕЛ   БОГДАНСКА ДУМА ПРОТИВ   РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА   (Жалба бр. 24660/03)   ПРЕСУДА   СТРАЗБУР   МАЈ 2009   Оваа пресуда ќе стане конечна во согласност со условите предвидени во член 44   став 2 од Конвенцијата. Истата може да биде предмет на редакциски измени.   Напомена: Македонскиот превод на текстот на одлуката на Европскиот суд за човекови права е   исклучиво информативен и од него не произлегуваат никакви права и/или обврски. Единствено   официјалниот текст на одлуката на Европскиот суд за човекови права на англиски и/или француски   јазик, објавена од страна на Судот е автентичен и се смета за оригинал. Не е дозволено   објавување на овој превод на било каков начин без претходна дозвола од страна на   Министерството за правда на Република Македонија, освен во случај доколку се користи за   информирање.   БОГДАНСКА ДУМА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА   Во случајот на Богданска Дума против Република Македонија,   Европскиот Суд за човекови права (Петти оддел), заседавајќи во совет   составен од:   Rait Maruste, Претседател,   Karel Jungwiert   Renate Jaeger,   Mark Villiger,   Isabelle Berro-Lefèvre,   Мирјана Лазарова Трајковска,   Zdravka Kalaydjieva, судии,   и Claudia Westerdiek, Секретар на одделот,   Расправајќи на затворена седница на 14 април 2009 година,   Ја донесе следнава пресуда, усвоена на истиот датум:   ПОСТАПКА   1. Случајот започна со жалбата бр. 246660/03 против Република   Македонија, поднесена до судот според членот 34 од Конвенцијата   за заштита на човековите права   и основните слободи   (“Конвенцијата“) од страна на македонскиот државјанин, г-ѓа Јасна   Богданска Дума ( “жалителот“) на 25 јули 2003.   2. Жалителот беше застапуван од страна на г-дин Јаким Наумов,   адвокат кој работи во Скопје. Македонската Влада (“Владата“) беше   застапувана од страна на нивниот Агент, г-ѓа Р. Лазареска Геровска.   3. На 24 октомври 2006 Претседателот на Петтиот оддел одлучи   жалбата да ја комуницира до Владата, по однос на должината на   првиот сет на постапки, како и за наводната повреда на правата на   БОГДАНСКА ДУМА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА   жалителот од членот 1 Протокол 1 што се однесува на вториот сет   на постапката. Исто така беше одлучено да се одлучува по однос на   допуштеноста и основаноста на жалбата истовремено (член 29 став   3).   ФАКТИ   I.   ОКОЛНОСТИ НА СЛУЧАЈОТ   4. Жалителот е родена во 1959 година и живее во Скопје.   А.Факти   5. На 1 февруари 1993 Г-дин Ф.Д, поранешниот сопруг на жалителката,   купил стан во државна сопственост и гаража (“имотот“). Со договор   за подарок на 29 декември 1994 (“подарокот од 1994“), г-дин Ф.Д.   префрлил една идеална половина од имотот во сопственост на   жалителот. Сопружниците се развеле во 1996. Со судски одлуки од   април и 5 септември 2002 соодветно, договорот за подарок од   бил поништен.   6. Односниот случај се однесува на два сета на постапки во врска со   овој имот.   Б. Постапката што се однесува на сопственикот на имотот (“првиот   сет на постапка“)   7. На 13 јули 1995 г-дин Х.Д. и г-ѓа В.Д., родителите на г-дин Ф.Д.   (“тужителите“) поднеле граѓанска тужба против жалителот и г-дин   Ф.Д. со цел утврдување на право на сопственост врз имотот и   поништување на договорот од 1994. Тужителите навеле дека тие му   го пренеле на својот син правото да го купи имотот, како и дека тие   ја платиле цената.   БОГДАНСКА ДУМА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА   8. Од шест расправи закажани помеѓу 3 ноември 1995 и 19 мај 1997,   ниедна не била презакажана на барање на жалителот.   9. Шеснаесет расправи закажани помеѓу 19 мај 1997 и 20 ноември   биле одложени поради неуредна достава на судските покани,   доцнење со размената на поднесоците помеѓу страните, задоцнети   поднесоци или пропуст на националните власти и странките да   одговорат навремено на судските наредби. Расправа закажана за 25   мај 1998 била одложена поради отсуството на жалителот од   професионални причини.   10.На 20 ноември 2000 Основниот суд Скопје ја прифатил тужбата на   тужителите и го признал нивното право на сопственост. Судот го   поништил договорот од 1994 и одлучил дека г-ѓа В.Д. има право на   една идеална половина од имотот. Судот утврдил дека г-дин Х.Д.   имал закуп врз имотот од 1972 и дека тужителите ги овластиле   тужените да го купат имотот под услов да се грижат за нив и да   живеат под ист покрив. Со оглед на тоа што жалителот се развела   од својот маж, престанала да живее со тужителите, судот нашол   дека договорот за право на купување на станот останал без основ и   сметал како да не е составен.   11.На 28 јуни 2001 Апелациониот суд Скопје ја прифатил жалбата од   жалителот и го вратил предметот на повторно одлучување. Тој   утврдил дека понискиот суд не дал доволно причини за својата   одлука. Понатаму судот наредил запирање на постапката се до   оцена на валидноста на договорот за продажба од 1 февруари 1993,   предмет на другиот сет на постапка.   12.Помеѓу 19 ноември 2001 и 15 септември 2005 првостепениот суд   закажал дваесет и три расправи кои биле презакажувани од слични   причини како погоре од ставот 9. Жалителот не присуствувал на   четири расправи. За овој период, жалителот побарал право на   БОГДАНСКА ДУМА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА   четири петтини од имотот, како заеднички имот стекнат за време на   брак. Таа понатаму предложила вонсудско спогодување во два   наврата и побарала од судот да ја забрза постапката.   13.Постапката завршила на 4 декември 2006 кога бил назначен нов   судија да суди во случајот. Судот закажал шест расправи до 18 мај   2007. Постапката е сеуште во тек пред Основниот суд во Скопје.   В. Постапка за поништување на договорот за подарок од 2001   (“втор сет на постапка“)   14.На 4 април 2002 г-дин Ф.Д. побарал поништување на договорот за   подарок од 18 јули 2001 (“подарокот од 2001“) со кој жалителот ја   префрлила во сопственост на нивните две ќерки нејзината идеална   половина. Осврнувајќи се на поништувањето на договорот од 1994,   г-дин Ф.Д. тврдел дека жалителот немала право да располага со   имотот. На 5 април 2001 г-дин Ф.Д. го проширил своето барање и   врз своите ќерки. На 17 ноември 2002 една од ќерките, г-ѓа И.Д.   станала полнолетна.   15. На 22 ноември 2002 Основниот суд Скопје ја дозволил тужбата на г-   дин Ф.Д. и го поништил договорот за подарок од 2001. Судот   наредил ќерките да го вратат имотот во сопственост на г-дин Ф.Д.   Конечно, судот и наредил на жалителот да не располага со имотот.   Судот утврдил дека жалителот го склучил договорот за подарок од   во време кога постапката во врска со договорот за подарок од   била во постапка по жалба. Тој пресудил дека оттука   жалителот знаела или требала да знае дека не можела да го склучи   договорот за продажба од 2001 додека постапката за договорот за   продажба од 1994 е сеуште во тек. Тој го одби приговорот на   жалителот дека нејзиниот адвокат немал изречно полномошно да ја   БОГДАНСКА ДУМА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА   застапува г-ѓица И.Д. Во таа смисла, судот нашол дека жалителот   била законски старател на своите ќерки и дека сите тие настапувале   како единствена страна во постапката. Судот заклучил дека тие   немале спротиставени интереси, туку дека жалителот дејствувала   во името на своите ќерки.   16.На 27 март 2003 Апелациониот суд Скопје ја потврдил одлуката на   понискиот суд во врска со поништувањето и забраната. Тој не   нашол причини да се сомнева од утврдените факти и правното   гледиште дадено од страна на понискиот суд во врска со договорот   за подарок. Судот, сепак, пресудил дека понискиот суд погрешил   при наложувањето на ќерките на жалителот да го вратат имотот во   сопственост на г-дин Ф.Д. Жалителот не успеал во барањето до   јавниот обвинител да вложи до Врховниот суд барање за заштита на   законитоста.   17.На 23 мај 2003 Основниот суд го одбил останатиот дел од барањето   на г-дин Ф.Д.   18.Оваа постапка завршила на 14 октомври 2004 кога одлуката на   првостепениот суд во врска со судските трошоци станала   правосилна.   ПРАВО   1. НАВОДНА ПОВРЕДА НА ЧЛЕН 6 СТАВ 1 ОД КОНВЕНЦИЈАТА   19.Жалителот се жалел дека должината на првиот сет на постапување   не бил во согласност со барањето за “разумен рок“, поместено во   членот 6 став 1 од Конвенцијата, кој гласи   “Во определувањето на своите права и обврски...., секој има право   на.......судење во разумно време од страна на ................... суд...“   БОГДАНСКА ДУМА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА   А. Допуштеност   20.Владата не вложила проговор по однос на допуштеноста на оваа   жалба.   21.Судот забележува дека оваа жалба не е очигледно неоснована во   смисла на членот 35 став 3 од Конвенцијата. Понатаму забележува   дека не е недопуштена по било кој друг основа. Оттука, мора да   биде прогласена за допуштена.   Б. Основаност   1. Произнесувања на страните   22.Владата се произнесе дека периодот кој изминал пред влегувањето   во сила на Конвенцијата во однос на Република Македонија не   треба да биде земен во предвид. Тие изјавија дека постоеле   сложени околности во врска со случајот, вклучувајќи го и бројот на   странките и барањата како и дека други постапки поврзани со   сопственоста биле во тек, а помеѓу истите странки.   23.Тие понатаму изјавија дека странките значително придонеле кон   должината на постапка со тоа што пропуштиле да постапат по   наредбите на судот навремено и со тоа што ги злоупотребувале   процесните правила поврзани со судската достава.   24.Што се однесува до националните судови, Владата спореше дека   тие постапувале по предметот со должно внимание како и дека   закажаните расправи биле редовно одржувани без никакви   одложувања, со единствен исклучок кога предметот бил распореден   кај нов судија (види точка 13 погоре).   25.Жалителот ги оспори аргументите на Владата во однос на   сложеноста на случајот и нејзиниот придонес кој должината на   БОГДАНСКА ДУМА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА   постапката. Таа понатаму остана при тоа дека домашните судови   сносат полна одговорност за оддолжената должина на постапката,   со тоа што им дозволиле на тужителите да ја злоупотребат   постапката.   2.   3. Оцена на Судот   26.Судот забележува дека постапката започнала на 13 јули 1995 кога   тужителите побарале од судовите да одлучат по нивните барања.   Сепак, како што е забележано и од Владата, периодот кој потпаѓа   под надлежност на Судот започнува на 10 април 1997, по   влегувањето во сила на Конвенцијата во однос на Република   Македонија (види Личков против Република Македонија, бр.   38202/02, став 21, 28 септември 2006).   27.При оценувањето на разумноста на периодот кој изминал по тој   датум, мора да се води сметка за стадиумот на постапката на 10   април 1997 (види Зибери против Република Македонија, бр.   27866/02, став 41, 5 јули 2007). Во оваа смисла, Судот забележува   дека во тој момент постапката траела безмалку една година и девет   месеци на еден степен на надлежност.   28.Оспорената постапка сеуште не завршила, со оглед на тоа што   случајот чекал разрешница во прв степен. Тие веќе траеле преку   тринаесет години и седум месеци од кои дванаесет години и четири   дена потпаѓаат под надлежност на судот.   29.Упатувајќи на својата постојна пракса по ова прашање, Судот ќе ја   цени разумноста на должината на постапката во светло на   посебните околности на случајот, земајќи ги во предвид неговата   сложеност, однесувањето на жалителот и однесувањето на   БОГДАНСКА ДУМА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА   властите во случајот (види Марковски против Република   Македонија, бр. 22928/03, став 32, 2 ноември 2006).   30.Судот смета дека бројот на страните и барањата инволвирани во   случајот ја зголемиле неговата сложеност, но овие фактори не   можат, сами по себе, да ја објаснат должината на постапката.   31.Тој понатаму не може да утврди ниедно одложување кое може да се   припише на жалителот, освен инцидентни отсуства од неколку   расправи (види точка 12 погоре) кои не придонеле многу кон   должината на постапката.   32.Од друга страна, Судот забележува дека има многу суштински   одложувања кои можат да им се припишат на властите. Во таа   насока, тој забележува дека повеќето одложувања биле наложени   од причина што првостепениот суд не можел да го обезбеди   присуството на странките (види став 9 погоре), за што има целосна   одговорност (види mutatis mutandis, Дика против Република   Македонија, бр. 13270/02, ставови 56 и 58, 31 мај 2007). Особено е   запрепастувачки што судот сеуште не донел одлука, иако случајот   бил вратен на повторно судење во јуни 2001 (види став 11 погоре).   Понатаму, постапката била во застој од над една година и два   месеца по расправата од 15 септември 2005 (види точки 12-13   погоре), период за време на кој првостепениот суд не преземал   ниено процесно дејствие.   33.Во овој контекст, Судот потсетува дека на државите –договорнички   е да го организираат својот правен систем на таков начин што   нивните судови ќе можат секому да му го гарантираат правото на   конечна одлука во споровите поврзани до граѓанските права и   обврски, во разумен рок (види Костовска против Република   Македонија, бр. 44353/02, став 41, 15 јуни 2006)   БОГДАНСКА ДУМА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА   34.По испитувањето на целиот поднесен материјал, Судот смета дека   во односниот случај должината на постапката била прекумерна и не   го исполнува барањето за “ разумен рок“ од членот 6 став 1 на   Конвенцијата.   35.Оттука, има повреда на оваа одредба.   II.НАВОДНА ПОВРЕДА НА ЧЛЕНОТ 1 ОД ПРОТОКОЛОТ 1 НА   КОНВЕНЦИЈАТА   36.Жалителот изнела наводи за повреда на правото на сопственост,   нејзиното и на нејзините ќерки, потпирајќи се на членот 1 од   Протоколот 1, кој гласи:   “Секое физичко или правно лице има право на непречено уживање на својата   сопственост. Никој нема да биде лишен од својата сопственост освен кога е тоа   во јавен интерес и под услови определени со закон и општите принципи на   меѓународното право.   Претходните одредби на никаков начин не го спречуваат правото на државата да   ги примени оние закони кои се неопходни за да се контролира користењето на   сопственоста , согласно на општите интереси или да се обезбеди плаќање на   даноците или други придонеси или парични казни.“   А. Првиот сет на постапки   37. Судот забележува дека овие постапки, кои се однесувале на   утврдувањето на правото на сопственост, сеуште се во тек. Во таа   насока, секоја жалба по членот 1 од Протоколот 1 поврзана со   исходот на постапката , е преуранета.   38.Следи дека оваа жалба е очигледно неоснована и мора да биде   отфрлена согласно членот 35 ставови 3 и 4 од Конвенцијата.   БОГДАНСКА ДУМА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА   Б. Втор сет на постапки   1. Произнесувања на страните   39.Владата остана при тоа дека поништувањето на договорот од 2001   не придонело кон сопственичките права на жалителот. Жалителот   станал регистриран сопственик на идеална половина од имотот со   договорот за подарок од 1994. Поништувањето на тој подарок   подразбирало загуба на правото на жалителот во таа смисла.   Дополнително, тие се произнесоа дека жалителот не побарувала   право на заеднички имот во однос на имотот стекнат во брак, во   ниту една од постапките поврзани со имотот. Дури на 5 април 2002   таа поднела такво барање во првиот сет на постапки. Во секој   случај, правото на сопственост требало да биде утврдено во   подоцнежниот сет постапка, која е сеуште во тек.   40.Жалителот ги повторила своите жалбени наводи.   1. Оцена на Судот   41. Судот забележува дека оспорената постапка се однесувала на   поништувањето на договорот за подарок од 2001 година, според кој   жалителот пренела идеална половина од имотот во сопственост на   своите ќерки. Националните судови нашле дека таа не постапила   правилно со оглед на тоа што таа го склучила подарокот од 2001   кога подарокот од 1994, кој неа и го пренесувал правото на   сопственост, бил укинат во прв степен.   42. Под овие околности, Судот забележува дека решавањето на   сопственичките спорови од страна на домашните судови, а според   БОГДАНСКА ДУМА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА 11   домашното право, само по себе не покренува никакви прашања во   врска со членот 1 од Протоколот 1 од Конвенцијата. Судот не наоѓа   никаква индикација во односниот случај дека заклучокот на   домашните судови се замешал во сопственичките права на   жалителот спротивно на членот 1 од Протоколот 1 од Конвенцијата.   Истото се однесува и на сопственичките права на ќерките, доколку   такви постоеле.   43.Судот понатаму забележува дека жалителот, иако застапувана од   страна на адвокат, не тврдела пред судовите дека има право на   заедничкиот имот стекнат во брак. Во таа смисла, таа пропуштила   да ги исцрпи домашните лекови.   44.Следи дека оваа жалба е очигледно неоснована и мора да биде   отфрлена согласно членот 35 ставови 3 и 4 на Конвенцијата.   III.ДРУГИ НАВОДНИ ПОВРЕДИ НА КОНВЕНЦИЈАТА   45.Жалителот исто така се повика на членовите 8 и 5 од Протоколот   бр. 7 од Конвенцијата. Конечно, таа се жалела и по член 10 во однос   на тоа дека г-ѓина И.Д. не била викана за присуство на расправи по   стекнување на полнолетноста.   46.Судот ги испитал овие жалбени наводи. Сепак, во светло на целиот   материјал на негово располагање и онолку колку обжалените   прашања се во рамките на неговата надлежност, Судот нашол дека   тие не демонстрираат никаква појава на повреда на правата   слободите загарантирани во Конвенцијата и нејзините Протоколи.   47.Следи дека овој дел на жалбата е очигледно неоснован и мора да   биде одбиен согласно членот 35 ставови 3 и 4 од Конвенцијата.   IV. ПРИМЕНА НА ЧЛЕНОТ 41 ОД КОНВЕНЦИЈАТА   БОГДАНСКА ДУМА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА   48.Членот 41 од Конвенцијата гласи:   “ Кога Судот ќе оцени дека постои повреда на Конвенцијата или на   протоколите, и доколку внатрешното право на засегнатата Висока   договорна страна овозможува само делумна репарација на штетата,   тогаш доколку е тоа неопходно, Судот ќе му додели правична отштета на   оштетениот.“   49.Жалителот не поднела барање за правична отштета, како што е   прецизирано во членот 60 од Деловникот на Судот. Оттука, Судот   смета дека нема барање за доделување на сума по тој основ.   ОД ОВИЕ ПРИЧИНИ, СУДОТ ЕДНОГЛАСНО   1. Ја прогласува жалбата што се однесува на должината на првиот сет   постапки допуштена, а остатокот на жалбата недопуштена,   2. Смета дека има повреда на членот 6 став 1 од Конвенцијата во   однос на првиот сет на постапки.   Изготвено на англиски и објавено на 7 мај 2009 година, согласно член   став 2 и 3 од Деловникот за работа на Судот.   Claudia Westerdiek   Секретар   Rait   Maruste   Претседател

© Rada Europy / Europejski Trybunał Praw Człowieka, źródło: HUDOC (hudoc.echr.coe.int), pozyskano 14.07.2026. · Źródło