25405/94

WyrokETPCz1998-05-20ECLI:CE:ECHR:1998:0520JUD002540594

Analiza orzeczenia

Sekcja wygenerowana przez AI na podstawie treści orzeczenia — nie stanowi cytatu.

Zagadnienie prawne
Czy nałożenie kary dyscyplinarnej na adwokata za publiczną krytykę funkcjonowania wymiaru sprawiedliwości, w tym zarzuty naruszenia praw człowieka, stanowiło naruszenie jego prawa do wolności wyrażania opinii z art. 10 Konwencji?
Ratio decidendi
Trybunał uznał, że interwencja w wolność słowa skarżącego była "przewidziana prawem" i służyła "uzasadnionemu celowi" ochrony autorytetu i bezstronności sądownictwa. Kluczowe dla rozstrzygnięcia było stwierdzenie, że adwokaci, ze względu na ich centralną pozycję w wymiarze sprawiedliwości jako pośrednicy między stronami a sądami, mają szczególny status. Oczekuje się od nich, że będą przyczyniać się do sprawnego funkcjonowania wymiaru sprawiedliwości i wzmacniania zaufania publicznego do niego. Trybunał zauważył, że skarżący najpierw publicznie zaatakował wymiar sprawiedliwości, a dopiero potem skorzystał ze skutecznego środka prawnego, co było niezgodne z oczekiwanym wkładem adwokatów. Dodatkowo, Trybunał wziął pod uwagę ogólność i ostrość zarzutów, ton wypowiedzi oraz fakt, że skarżący nie wykorzystał wszystkich dostępnych środków nadzorczych przed zwróceniem się do mediów. W ocenie Trybunału, nałożona grzywna w wysokości 500 CHF była umiarkowana i nie przekroczyła granic swobody oceny władz krajowych.
Stan faktyczny
Skarżący, Alois Schöpfer, adwokat i były poseł kantonalny w Szwajcarii, reprezentował klienta aresztowanego pod zarzutem kradzieży. Po tym, jak żona klienta poinformowała go, że urzędnicy prefektury sugerowali zmianę adwokata w celu zwolnienia męża, Schöpfer zorganizował konferencję prasową. Publicznie oskarżył prefekturę Hochdorf o wieloletnie naruszanie prawa kantonalnego i praw człowieka, twierdząc, że to jego "ostatnia szansa". Jego wypowiedzi zostały opublikowane w lokalnych gazetach. W odpowiedzi na to, wszczęto przeciwko niemu postępowanie dyscyplinarne, które zakończyło się nałożeniem grzywny w wysokości 500 CHF za naruszenie zasad etyki zawodowej adwokatów.
Rozstrzygnięcie
Trybunał, siedmioma głosami przeciwko dwóm, stwierdza brak naruszenia artykułu 10 Konwencji.

Pełny tekst orzeczenia

СОВЕТ НА ЕВРОПА   ЕВРОПСКИ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА   СЛУЧАЈ   SCHOPFER против ШВАЈЦАРИЈА   (56/1997/840/1046)   ПРЕСУДА   СТРАЗБУР   Мај 1998   Оваа пресуда може да претрпи редакциски измени пред објавувањето на   нејзината финална верзија во Збирката на пресуди и одлуки од1998 година,   издадена од Carl Heymanns Verlag KG (Luxemburger Straße 449, D-50.939 Келн),   кој e надлежен и за дистрибуција, во соработка, за некои земји, со агентите за   продажба чија листа се наоѓа на задната страна.   SCHOPFER против ШВАЈЦАРИЈА - ПРЕСУДА   Листа на агенти за продажба   Белгија: Институција Emil Bruylant (Улица Regence 67),   Б-1000 Брисел)   Луксембург: Книжарница Promocultuре (Улица Duchscher 14)   (Париз), Б.П. 1142, L-1011 Луксембург-Gare)   Холандија Б.В. Juridische Boekhandel & Antiquariaat   А Jongbloed & Zoon (Noordeinde 39, NL-2514 GC. Хаг)   SCHOPFER против ШВАЈЦАРИЈА - ПРЕСУДА   РЕЗИМЕ¹   Пресуда донесена од совет   Швајцарија - дисциплинска мерка на адвокат по критиките на судството   направени на прес-конференција (членови 12 и 13 од Законот за адвокатите на   кантонот Луцерн)   ЧЛЕН 10 ОД КОНВЕНЦИЈАТА   Специјален статус на адвокатите: централната положба во спроведувањето на   правдата, меѓу странките и судовите - можеме да очекуваме од нив да придонесат   за непречено функционирање на правдата и, на тој начин, за јакнење на   довербата на јавноста во неа.   Жалителот најпрвин јавно го нападна спроведувањето на правдата во Hochdorf,   потоа поднесе правен лек кој се покажа ефикасен- некомпатибилно однесување   со придонесот што адвокатите треба да го дадат во правец на јакнење на   довербата на јавноста во правдата.   Слободата на изразување се однесува и на адвокатите, кои имаат право јавно да   се произнесат за функционирањето на правдата, но нивните критики не смеат да   прекорат одредени граници - балансот кој треба да се постигне помеѓу   засегнатите страни, што вклучува право на јавноста да биде информирана за   прашања кои се однесуваат на функционирањето на судството, потреба од добро   спроведување на правдата и достоинството на професијата адвокат.   Генералност, сериозност на поплаките изнесени во јавноста – способност на   адвокатот на заинтересираното лице - кривична постапка се уште во тек –   надлежни органи   претходно неангажирани преку легални патишта   – непречекорени граници на казни.   Заклучок: нема повреда (седум гласови против два).   ПОВИКУВАЊЕ НА ЈУРИСПРУДЕНЦИЈАТА НА СУДОТ   24.2.1994 година, Casado Coca с. Шпанија, 24/02/1997, De Haes и Gijsels в. Белгија   ___________________________________________   1.Изготвен од секретаријатот, не го обврзува Судот   SCHOPFER против ШВАЈЦАРИЈА - ПРЕСУДА   Во случајот Schöpfer в. Швајцарија¹,   Европскиот суд за човекови права, формиран во согласност со член 43 од   Конвенцијата за заштита на човековите права и основни слободи ("Конвенцијата")   и релевантните одредби од деловникот Б², во совет составен од судиите чии име   следува:   ММ. THOR VILHJALMSSON, претседател,   Ј DE Meyer,   R. PEKKANEN,   A.B. BAKA,   M.A. Lopes Rocha,   L. Wildhaber,   Ј MAKARCZYK,   P. JAMBREK,   Г. Voicu   како и ММ. H :Petzold , секретар, и PJ Mahoney, заменик-секретар,   Расправајќи на затворена седница на советот на 24 февруари и 24 април 1998   година,   Ја донесе следнава пресуда, која беше усвоена на последниот датум:   ________________________   Забелешка на секретарот   1.Случајот носи број 56/1997/840/1046. Двете први цифри го означуваат неговиот ранг   во годината на заведување, двете последни неговото место на листата на судски   случаи од формирањето на Судот и на оние на иницијалните жалби ( до Комисијата)   2.Деловник Б, во сила од 2 Октомври 1994, се применува на сите случаи кои се   однесуваат на Држави обврзани со Протоколот бр 9.   SCHOPFER против ШВАЈЦАРИЈА - ПРЕСУДА   ПОСТАПКА   1.Случајот беше поднесен пред Судот од страна на еден швајцарски државјанин,   Г. Alois Schöpfer (жалител), потоа од Европската комисија за човекови права   ("Комисија") на 28 мај и 3 јуни 1997 година, во рок од три месеци, утврдени во   членовите 32 став 1 и 47 од Конвенцијата. Тој е инициран со жалба (бр. 25405/94),   против Швајцарската конфедерација, која жалитеот ја достави до Комисијата на   август 1994 година, врз основа на член 25.   Жалбата на г-дин Schöpfer до Судот и барањето на Комисијата се засновани на   член 48 од Конвенцијата, дополнета со Протоколот бр 9, кои Швајцарија ги има   ратификувано. Нивната цел е да се добие одлука за тоа дали фактите на случајот   укажуваат на повреда од страна на тужената Држава на барањата од член 10 од   Конвенцијата.   2. На 3 септември 1997 година, претседателот на Судот го овласти подносителот   сам да си обезбеди одбрана на неговите интереси (член 31 од деловникот Б) и на   септември, тој му дозволи да го користи германскиот јазик (член 28 § 3).   3. Советот го сочинуваа по службена должност г-дин Л Wildhaber, избран судија со   Швајцарската националност (член 43 од Конвенцијата), и г-дин R.Ryssdal,   претседател на Судот (член 21 § 4 б) од Деловникот Б). На 3 Јули 1997 година,   претседателот ги извлече со ждрепка, во присуство на секретарот, имињата на   другите седум членови, имено ММ. THOR VILHJALMSSON, претседател,R.   PEKKANEN,A.B. BAKA,M.A. Lopes Rocha, Ј MAKARCZYK,P. JAMBREK и Г. Voicu   ( членови 43 од Конвенцијата и 21 став 5 од деловникот Б). Потоа, г-дин Тhor   Vilhjalmsson го замени г-дин Ryssdal, кој не беше во можност да претседава со   советот и МЈ De Meyer, заменик, беше повикан да одлучува како полноправен   член (Членови 21 § 6 и 24 § 1 од деловникот Б).   4. Во својство на претседател на советот, г-дин Ryssdal, го консултира, преку   SCHOPFER против ШВАЈЦАРИЈА - ПРЕСУДА   секретарот, M.P Boillat, Владиниот агент на Швајцарија ("Владата"), подносителот   на барањето и M.E. Alkema, делегат на Комисијата, во врска со организација на   постапката (Членови 39 § 1 и 40 од деловникот Б). Во согласност со наредбата   донесена на 27 август 1997 година, секретарот ги доби поднесоците од Владата и   од жалителот на 25 ноември и 1 декември 1997 година, потоа и нивните одговори   на 19 декември 1997 година и 8 јануари 1998 година. На 2 февруари 1998 година,   секретарот на Комисијата достави одредени списи што секретарот му ги побара   по упатствата на претседателот .   5. На 24 февруари 1998 година, советот одлучи да не се одржи расправа, откако   се осигури дека се исполнети условите за прекин на вообичаената постапка   (членови 27 и 40 од деловникот Б).   SCHOPFER против ШВАЈЦАРИЈА - ПРЕСУДА   ФАКТИ   I. ОКОЛНОСТИ НА СЛУЧАЈОТ   6. Правник и поранешен кантонален пратеник (Großrat) жалителот живее во Root   (кантон Луцерн). Во тоа време, тој бил адвокат и го бранел М.С, кој бил ставен во   притвор (Untersuchungshaft) за повеќе кривични дела кражба.   7. На 6 ноември 1992 година, сопругата на М.S. го информира Schöpfer дека   двајца секретари (Amtsschreiber) на префектурата (Amtsstatthalteramt) на Hochdorf,   ја поттикнале да побара друг адвокат за одбрана на нејзиниот сопруг, ако тој сака   да биде пуштен на слобода.   А Јавни изјави од страна на жалителот   8. Жалителот на 9 ноември 1992 година, одржа во неговата канцеларија во   Луцерн, прес-конференција на која, меѓу другото, изјави дека во префектурата на   Hochdorf, со години биле прекршувани на највисоко ниво, како законите на   кантонот Луцерн, така и човековите права (werden sowohl die Luzerner Gesetze als   auch die Menschenrechte in höchstem Grade verletzt, und zwar schon seit Jahren). Тој   прецизира дека се обратил до медиумите, бидејки тоа била негова последна   шанса (deshalb bleibt mir nur noch der Weg über die Presse).   9. Следниот ден, дневниот весник Luzerner Neueste Nachrichten (LNN), го објавил   на страница 25 следниов напис:   "Еден поранешен член на Демохристијанската партија (PDC) бара   поведување постапка против префектурата на Hochdorf.   "Јас веќе нема да им дозволам на овие господа да се потсмеваат со мене"   SCHOPFER против ШВАЈЦАРИЈА - ПРЕСУДА   Поранешниот член на PDC Alois Schöpfer изнесе сериозни обвинувања   против префектурата на Hochdorf.   "Доста ми е од се", рече Schöpfer Alois ,"да им дозволувате овие господа на   префектурата на Hochdorf да се потсмеваат со мене. Не ми останува ништо друго,   освен да се обратам до печатот " Ова е предметот што му беше доверен во   средината на октомври во својство на адвокат, кој го поттикна поранешниот   пратеник на PDC да земе еден необичен пристап: тој се обрати на јавното   мислење во тековната постапка. Во тоа време, неговиот клиент веќе еден месец   се наоѓаше во притвор во затворот на префектурата на Hochdorf.   Притворен без налог   Овој дваесетгодишен човек, татко на едно девојче од година и пол, беше   притворен на 18 август, заедно со неговиот брат за кражба на радио од автомобил   и облека, а потоа ослободен откако го признал делото. Кога, на 15 септември, тој   посака да се распраша за состојбата на неговиот брат во полицијата на кантонот   Луцерн, повторно беше вратен во затворот.   "Кога прашав во префектурата на Hochdorf во врска со налогот за апсење, ми   одговорија дека тој е даден усно", се сеќава Schöpfer, кој во однесувањето на   полицијата гледа флагрантно кршење на кантонскиот Закон за кривичната   постапка, во чиј член 82 се вели: "Апсењето се спроведува од страна на   полицијата, прописно овластена со писмен налог за апсење. "   Запрашан во врска со овие обвиненија, префектот на Hochdorf, [HB], се покажа   неелоквентен: "Кај мене, никој не бил уапсен без налог во писмена форма. Не   можам да кажам ништо повеќе за една постапка која е во тек. " Сепак, Schöpfer,   ангажиран од страна на сопругата на обвинетиот да го застапува, одбива повеќе   да молчи:" Оваа жена дојде да ме види, бидејќи адвокатот назначен од судот се   уште не контактирал со својот клиент, додека тој бил во притвор цели шест   седмици.”   SCHOPFER против ШВАЈЦАРИЈА - ПРЕСУДА   Schöpfer веднаш контактирaл со адвокатот назначен од судот, кој му го отстапил   случајот. Меѓутоа, префектурата на Hochdorf не го сакаше Schöpfer како нов   службен бранител и го отфрли неговото барање на 29 октомври, со образложение   дека нема никаква причина за одземање на овластувањето на адвокатот кој   постапувал дотогаш. Сепак, тој беше слободен да го претставува неговиот клиент   со приватно овластување [Privat].   Schöpfer како основ за притвор?   За Alois Schöpfer, чашата беше полна кога сопругата на обвинетиот го информира,   дека претходниот петок дека [ТБ] и [ББ], двајцата секретари на префектурата, ја   посоветувале да продолжи да соработува со нив "Тие ми објаснија," го потврди   тоа оваа жена во LNN ", дека мојот сопруг нема да биде ослободен се додека   Schöpfer е негов бранител " [Т.Б.], сепак, негира каква било инволвираност во овој   случај:" Ова е смешно. Никогаш не реков такво нешто. [B.B.] може ова да го   потврди. Тој беше присутен за време на мојот разговор со оваа жена. "   Alois Schöpfer не сакаше да заврши тука: "Јас барам префектот и неговите   службеници веднаш да поднесат оставка а една неутрална анкетната комисија,   надвор од кантонот, веднаш да го разгледа случајот."   “Забелешки   Ова не е прв пат сериозни обвиненија да бидат поднесени против префектурата   на Hochdorf. Така, во рамки на пресудата на [ХС], службеник одговорен за   наплата на заостанатите долгови во Ротенбург [Betreibungsbeamter], била   поведена постапка против префектот [HB]. Окружниот суд на Луцерн му изрече   парична казна во висина од 400 франци за повреда на деловната тајна.   Констатирајки, исто така, дека основните конститутивни елементи на делото се   исполнети, Апелациониот суд го ослободи [HB]. "   SCHOPFER против ШВАЈЦАРИЈА - ПРЕСУДА   Две фотографии го илустрираат написот, еден претставник на префектурата на   Hochdorf и другиот префектот.Б, со наслов: "Кај мене, никој не беше уапсен без   налог во писмена форма (Bei mir wird niemand ohne schriftlichen Haftbefehl   festgehalten).”   10. Уште еден дневен весник, Luzerner Zeitung- исто така, објави на 10 ноември   година, една статија на прес-конференција со наслов: "Еден млад човек   уапсен без налог? Еден адвокат на адвокатската комора во Луцерн ја обвинува   префектурата за кршење на законот (Junger Ман ohne Haftbefehl verhaftet?   Luzerner Anwalt wirft Amtsstatthalteramt Hochdorf Rechtsverletzungen VOR). "   11. На 10 ноември 1992 година, јавното обвинителство (Staatsanwaltschaft) на   кантонот Луцерн одговори на овие коментари, изјавувајки дека обвинетиот бил   уапсен по законски пат и дека жалителот не ја обжалил одлуката, одбивајки да го   назначи како нов службен адвокат. Овој одговор се појави во печатот на 11   ноември 1992 година.   12. На 13 ноември 1992 година, Luzerner Zeitung објави резиме на соопштението   за јавноста дадено од страна на барателот како одговор на наводите на   обвинителството. Според г-дин Schöpfer, апсењето на M.S. истовремено ја   прекршува и Конвенцијата и - "на апсолутно груб и неприфатлив начин ( grober   und nicht zu Mehr verantwortender Weise)" - кантонскиот Закон за кривичната   постапка. Жалителот, исто така, цитираше писмо во кое еден колега му имаше   напишано: "Ситуацијата во Hochdorf е далеку од пријатна (...) Она што е   катастрофално, згора на тоа, во однос на судството, знаеме што се случува во   Hochdorf а зборуваме затскриено”. На крајот, г-дин Schöpfer апелираше до   Апелациониот суд и кантоналниот парламентот да расчистат овој случај.   SCHOPFER против ШВАЈЦАРИЈА - ПРЕСУДА   13. На 15 Октомври, 3 и 13 Ноември 1992 година жалителот поднесе барања за   проширување (Haftentlassungsgesuch) на МС, кои префектот на Hochdorf ги   отфрли на 19 Октомври, 5 и 16 ноември 1992 година   Г-дин Schöpfer против оваа последна одлука поднесе жалба (Rekurs), која   Апелациониот суд (Obergericht) на кантонот Луцерн ја отфрли на 30 ноември 1992   година, особено затоа што, префектот законски го продолжил притворот на МС,   спречувајки го со тоа да реагира на условите на неговото апсење. И напомена   дека, MS треба да биде приведен, не пред еден службеник, туку пред самиот   префект, и да може да биде изведен пред судија или друго судско лице во   смисла на член 5 став 3 од Конвенцијата. Тој, исто така, нареди за неговата   одлука да се извести јавното обвинителство, во својство на надзорен орган   (Aufsichtsbehörde) на префектот.   Б Дисциплинска постапка против жалителот   14. На 16 ноември 1992 година, надзорниот орган на адвокатите (Aufsichtsbehörde   über die Rechtsanwälte) во Луцерн го информира г-дин Schöpfer дека неговото   однесување предизвика покренување на некои деонтолошки прашања, особено во   врска со потребата од дискреција (Zurückhaltung) во однос на постапката што е во   тек и незаконското рекламирање. Тој го повика жалителот да се произнесе во   врска со тоа.   Во едно писмо датирано од 18 ноември кое тој го достави до медиумите,   жалителот одговорил дека тој дејствувал исклучиво во општ интерес и во интерес   на неговиот клиент.   15. На 16 ноември 1992 година, префектот на Hochdorf поднесе жалба (Anzeige)   до надзорниот орган и побара поведување на дисциплинска постапка против г-   SCHOPFER против ШВАЈЦАРИЈА - ПРЕСУДА   дин Schöpfer. Со неговите изјави, не само што го наклеветил префектот и   неговите двајца службеници, туку и сериозно ги прекршил деонтолошките правила   (Standesregeln) на адвокатите, претпочитајќи ширење на лажни изјави од страна   на медиумите, наместо користење на правни лекови.   16. На 21 декември 1992 година, надзорниот орган поведе дисциплинска постапка   против него.   На 15 Март, 1993 година, тој му изрече, врз основа на член 13 од Законот за   адвокатите (Anwaltsgesetz) на кантонот Луцерн (види став 18 подолу), парична   казна од 500 швајцарски франци (CHF) за непочитување на деонтолошките   правилата на професијата (Verletzung Berufs-фон унд Standespflichten).   Во својата одлука, надзорниот орган посебно истакна дека жалителот пропуштил   да поднесе приговори - кои беа сериозни - до јавниот обвинител или до   апелациониот суд. Значи, тој ја прекршил доверливоста. Покрај тоа, бил   ангажиран во прикриено рекламирање (versteckte Reklame), покажувајќи на тој   начин дека е повеќе загрижен за својата репутација, отколку за основаноста на   случајот. Во секој случај, изјавите на адвокатите за медиумите, треба секогаш да   го претставуваат реалниот јавен интерес (Öffentliches Interesse), но исто така, да   бидат објективни и дадени со умерен тон (Objektiv in der Darstellung und sachlich   im ton).   Но, неколку делови од изјавите за печатот на г-дин Schöpfer се со несоодветен   тон, така кога тој рече: "Јас веќе нема да дозволам овие господа да се подбиваат   со мене" или " Јас барам (...) една неутрална анкетна комисија, надвор од   кантонот, со внимание да го разгледа ова прашање, " или пак :" Мене не ми   останува ништо друго, освен да се обратам до печатот. " Оваа последна реченица   беше спротивна на вистината, бидејќи, во тоа време, г-дин Schöpfer не се беше   обратил до надзорните органи на префектурата, ниту пак се обидел да поднесе   SCHOPFER против ШВАЈЦАРИЈА - ПРЕСУДА   редовен правен лек. Така, тој ја дискредитира не само префектурата на Hochdorf,   туку и сите кантонални судските органи, што е во спротивност со деонтолошките   должности на адвокатите.   17. Против оваа одлука, заинтересираното лице, поднело жалба, која   Федералниот суд ја одбил на 21 Април 1994 година.   Според Врховниот суд, адвокатите уживаат значителна слобода на критикување   на судските органи, под услов критиките да ги изразуваат со почитување на   процедуралните форми, првенствено преку застапување и одбрана на клиентот.   Меѓутоа, кога еден адвокат се обраќа до јавното мислење, тој треба, како и секое   друго лице вработено во судска служба, да се воздржи од било какво однесување   кое може да нанесе штета на неговата функција. Член 10 § 2 од Конвенцијата   предвидува, исто така, дека мешање може да биде оправдано само за да се   зачува авторитетот и непристрасноста на судството. Очигледно, може да се случи   јавниот интерес да бара да се објават наводните повреди на уставните права или   на човековите права. За да се суди, мора да се запрашаме колку наводните   повреди се очигледни, ако врз постапката која е во тек, може да се влијае, ако   биле поднесени правни лекови и на кој начин се презентирани критиките.   Во овој случај, г-дин Schöpfer бил казнет, не толку за пријавување на повреда на   човековите права, колку за начинот на кој тоа го направил. Во својот осврт на   случајот, надзорниот орган, го имаат навистина земено во предвид тоа дека една   од поплаките на засегнатата страна, онаа која се однесува на појавата на MS пред   еден службеник наместо пред префектот, беше потоа признаена за основана од   страна на Апелациониот суд. За останатиот дел, сепак, критиките од страна на г-   дин Schöpfer - кои патем беа погодни да влијаат врз постапката која е во тек - се   покажаа за неосновани во очите на надзорниот орган. Покрај тоа, тој го обвини   лицето за применетиот погрешен тон во неговата критика и фрлање невистинити   SCHOPFER против ШВАЈЦАРИЈА - ПРЕСУДА   тврдења. Надзорниот орган ги потврди неговите тврдења, а заинтересираното   лице немаше ниеден убедлив аргумент.   SCHOPFER против ШВАЈЦАРИЈА - ПРЕСУДА   II. СООДВЕТНО ДОМАШНО ЗАКОНОДАВСТВО   18. Член 10 од Законот за адвокатите (Anwaltsgesetz) на кантонот Луцерн   предвидува орган за надзор на адвокатите (Aufsichtsbehörde über die Anwälte), чии   членови - двајца советници на Апелациониот суд, еден управен судија и двајца   адвокати - се избрани од страна на Апелациониот суд со мандат од четири   години. Согласно член 12 § 1 од Законот, споменатиот орган за повреда на   деонтолошките правила на професијата адвокат (Berufs-und Standespflichten)   може да изрече дисциплински казни. Член 13 предвидува дека тие можат да се   состојат во   (Verweis) суспензија, времена или трајна - на вршењето на   професијата, преку изрекување парична казна до 5 000 швајцарски франци.   ПОСТАПКА ПРЕД КОМИСИЈАТА   19. Г-дин Schöpfer се обрати до Комисијата на 11 Август 1994 година, наведувајќи   дека со дисциплинската санкција изречена против него се повредува членот 10 од   Конвенцијата.   20. Комисијата ( втор совет) ја усвои жалбата (бр. 25405/94) на 4 септември 1996   година. Во својот извештај од 9 април, 1997 година (член 31), таа го изнесе своето   мислење, со девет гласови против шест, дека оваа одредба не е прекршена.   Целосниот текст на нејзиното мислење и на издвоеното мислење, се наоѓа во   прилог на оваа пресуда¹.   _________________________   1. Забелешка на   : од практични причини овој Анекс ќе се појави само во   секретарот   печатено издание (Збирка на пресуди и одлуки 1998 година), но секој може да го добие   од секретарот.   SCHOPFER против ШВАЈЦАРИЈА - ПРЕСУДА   ЗАКЛУЧОЦИ ДОСТАВЕНИ ДО СУДОТ   21. Во своето резиме, Владата "го покани Судот (...) да каже дека, во овој случај,   не постои повреда на членот 10 од Конвенцијата."   22. Од своја страна, жалителот, во своето резиме, го замоли Судот да констатита   повреда на членот 10 и да нареди надомест за сторената штета од страна на   Швајцарија .   ВРЗ ОСНОВА НА ЗАКОН   ЗА НАВОДНА ПОВРЕДА НА ЧЛЕН 10 ОД КОНВЕНЦИЈАТА   23. Г-дин Schöpfer тврди дека со неговата пресуда од страна на надзорниот орган   на адвокатите е прекршен членот 10 од Конвенцијата, кој гласи:   "1. Секој човек има право на слобода на изразувањето. Ова право ги опфаќа   слободата на мислење и слободата на примање и пренесување информации или   идеи, без мешање на јавната власт и без оглед на границите. Овој член не ги   спречува Државите, на претпријатијата за радио, филм и телевизија, да им   наметнуваат режим на дозволи за работа.   2. Остварувањето на овие слободи кои содржат обврски и одговорности, може да   биде предмет на одредени формалности, услови, ограничувања и санкции,   предвидени со закон, кои во едно демократско општество претставуваат мерки   неопходни за државната безбедност, територијалниот интегритет и јавната   безбедност, заштита на редот и спречување на нереди и злосторства, за заштита   на здравјето или моралот, угледот или правата на другите, за спречување на   ширење на доверливи информации или за зачувување на авторитетот и   непристрасноста на судството”   SCHOPFER против ШВАЈЦАРИЈА - ПРЕСУДА   24. Спорната пресуда несомнено се однесува на "мешање" во вршењето на   правото на слобода на изразување на жалителот. Учесниците во постапката се   согласија дека тоа е "пропишано со закон" и ја следи легитимната цел предвидена   во член 10 § 2: заштита на органот и непристрасност на судството. Тоа   произлегува од одлуката од 15 март 1993 година на надзорниот орган дека на   барателот му е изречена санкција за дискредитирање на сите кантонални судски   органи (види став 16 погоре)   Судот – кој по оваа точка го дели мислењето на учесниците – значи треба да   утврди дали споменатото мешање било "неопходно во едно демократско   општество" за да се постигне оваа цел.   25. Жалителот објаснува дека тој ги избрал медиумите за да ги изнесе своите   критики, затоа што пред себе не го имал само случајот на својот клиент, туку   неиздржливата состојба која трае подолго време во префектурата на Hochdorf.   Тој имал доставено жалби против оваа состојба на работите во рамки на   претходни случаи, но напразно.   Г-дин Schöpfer доброволно се воздржа од поднесување жалба против одбивањето   на неговото барање од страна на префектурата на Hochdorf, да биде назначен   како нов службен адвокат на неговиот клиент, и тоа за да не се направи од ова   прашање централна тема на случајот. Како и да е, обично овој вид на жалби не   даваат резултат. Само тогаш кога жената на неговиот клиент, го информирала   дека според официјалните лица на префектурата, нејзиниот сопруг ќе остане   затворен се додека негов бранител е г-дин Schöpfer, тој одлучил да се обрати до   медиумите. Тој сигурно можел да поднесе жалба до јавното обвинителство, кое е   надлежен орган за супервизија на префектурата, но реакциите што тој ги објавил   во весниците по прес-конференцијата, укажаа на тоа дека таков обид ќе биде   осуден на пропаст.   SCHOPFER против ШВАЈЦАРИЈА - ПРЕСУДА   Жалителот додава дека во неговите изјави, тој не ја критикувал правдата како   таква, туку само делувањето на префектот на Hochdorf и, индиректно, делувањето   на јавното обвинителство, како надзорен орган. Неговите критики биле оправдани,   бидејки тие осудувале не само еден изолиран случај, туку долготрајна пракса во   спротивност со Конвенцијата. Еден адвокат кој констатира постоење на таква   пракса на штета на многу клиенти, има право да иницира јавна расправа на оваа   тема. Покрај тоа, г-дин Schöpfer не се произнел само како адвокат, туку и во   својство на политичар.   26. Според Владата, неопходно е пред се, да се направи разлика, во согласност   со праксата на Федералниот суд, меѓу изјавите на некој адвокат во текот на   судската постапка и изјавите кои се направени надвор од таква слична постапка.   Така, на адвокатот кој јавно се произнесува можат да му бидат изречени построги   мерки: само посебни околности тоа го дозволуваат, а при презентирање на   фактите тој треба да биде објективен и со умерен тон.   Покрај тоа, критиките упатени на префектурата на Hochdorf , не само што беа   претерани, туку и неосновани. Единствениот заснован приговор, оној дека   клиентот г-дин Schöpfer бил донесени пред еден службеник на префектурата,   беше прифатен од страна на Апелациониот суд,а потоа беше земен во предвид   во рамки на дисциплинската постапка, од страна на надзорниот орган на   адвокатите и Федералниот суд. Но, дури и тогаш, овој приговор, поднесен од   заинтересираното лице, како една од најсериозните повреди на човековите права,   беше формулиран на претеран начин и неприфатлив за еден адвокат, со оглед на   фактот дека тој се однесуваше на судската постапка што беше во тек.   Незадоволен од многу сериозните обвинувања, г-дин Schöpfer , го сторил тоа со   агресивен и полн со омраза тон, а со тоа прекршувајки ја дискрецијата, чесноста и   SCHOPFER против ШВАЈЦАРИЈА - ПРЕСУДА   достоинството кои треба да се карактеристики на еден адвокат. Со оглед на сето   ова, паричната казна од 500 CHF изречена на жалителот, се чини дека е умерена   во поглед на висината на санкциите предвидени со Законот за адвокатите на   кантонот Луцерн.   27. Според Комисијата, жалителот, претерал со своите приговори, изјавувајки   дека на пример, со години префектурата на Hochdorf ги прекршува до највисок   степен, законите на кантонот Луцерн и човековите права. Жалителот, исто така,   пропуштил да ги искористи редовните правни лекови, што му биле на   располагање, за да ги потврди приговорите поднесени во текот на прес-   конференција. Покрај тоа, заинтересираното лице ги формулира неговите   обвинувања додека кривична постапка против неговиот клиент беше се уште во   тек, што би можело да се смета како обид да се изврши притисок врз истражните   органи на Hochdorf и, поопшто, како намера да се поткопа независноста на   судството. Конечно, паричната казна од 500 швајцарски франци ќе биде една од   најниските санкции предвидени со Законот за адвокатите на кантонот Луцерн.   Исто така, нема повреда на членот 10.   28. Судот забележува дека во текот на прес-конференцијата од 9 ноември 1992   година, г-дин Schöpfer известил за фактот дека неговиот клиент бил уапсен во   префектурата на Hochdorf, без писмен налог, а потоа изведен пред судски   службеник и дека префектурата го одбила неговото барање да биде назначен   како нов службен адвокат на клиентот (став 9 погоре). Од своја страна,   надзорниот орган на адвокатите, за да го казни жалителот, му придаде голема   важност на фактот дека тој преферирал да се обрати до медиумите, одошто да ги   искористи правните лекови што му се на располагање (став 16 погоре).   29. Судот потсетува дека специјалниот статус на адвокатите ги сместува на   централна позиција во спроведувањето на правдата, како посредници помеѓу   SCHOPFER против ШВАЈЦАРИЈА - ПРЕСУДА   странките и судовите, со што се објаснуваат стандардите за однесување кои   важат за членовите на адвокатската комора. (пресуда Casado Coca c. Espagne du   février 1994, série A n° 285-A, p. 21, § 54)..   Покрај тоа, Судот веќе пресуди дека дејствувањето на судовите, кои се гарант на   правдата и чија улога е од фундаментално значење во една Правна држава, има   потреба од доверба на јавноста (Пресуда De Haes et Gijsels c. Belgique du   février 1997, Recueil des arrêts et décisions 1997-I, p. 234, § 37). Со оглед на   клучната улога на адвокати во оваа област, од нив може да се очекува да   придонесат за непречено функционирање на правдата и на тој начин за јакнење   на довербата на јавноста во неа.   30. Во овој случај, г-дин Schöpfer ја одржа својата прес-конференција на 9   ноември 1992 година, на која изјави дека новинарите беа неговото последно   средство (став 8 погоре). На 18 ноември 1992 година, тој достави жалба до   Апелациониот суд на кантонот, против одбивањето од страна на префектот на   Hochdorf, на барањето за пуштање од затвор на неговиот клиент. Апелациониот   суд ја одбил жалбата поради недостаток на докази, но ја забележа основаноста на   жалбата, извлечена од тоа дека појавата на клиентот на г-дин Schöpfer пред еден   службеник на префектурата било незаконито. Според тоа, Судот нареди за   неговата одлука да се извести обвинителството, во својство на надзорен орган на   споменатиот префект (став 13 погоре).   31. Така, г-дин Schöpfer, прво јавно го нападна функционирањето на судството во   Hochdorf, а потоа поднесе правен лек, кој се покажа како ефикасен во однос на   приговорот за кој се работи. Притоа, тој усвои едно однесување несоодветно со   придонесот што треба да го имаат адвокатите за јакнење на довербата на   јавноста во правдата.   SCHOPFER против ШВАЈЦАРИЈА - ПРЕСУДА   . 32. Оваа констатација е засилена со неговата сериозност и севкупноста на   обвинувањата од страна на засегнатото лице и од тонот избран за таа цел. Така,   за време на неговата прес-конференција, тој рече дека се обратил до новинарите,   бидејќи тие биле негова последна шанса и дека во префектурата на Hochdorf ,   кантоналните закони и човековите права беа со години прекршувани на највисоко   ниво (став 8 погоре). На 13 ноември 1992 година, дневниот весник објави резиме   на соопштението за печатот, во кое г-дин Schöpfer изјавил дека со апсењето на   неговиот клиент била прекршена Конвенцијата и   - "на апсолутно груб и   неприфатлив начин" – Кантоналниот законик за кривичната постапка (став 12   погоре).   33. Точно е дека, покрај суштината на изразените идеи и информации, членот 10,   исто така, го заштитува и нивниот начин на изразување (Пресуди Де Haes и Gijsels   претходноспоменати, стр. 236, § 48). Тоа подразбира дека слободата на   изразување, исто така, се однесува и на адвокатите, кои имаат право јавно да се   произнесат во врска со функционирањето на правдата, но нивните критики не   смеат да пречекорат одредени граници. Во овој поглед, треба да се води сметка   за равнотежата која треба да биде постигната меѓу различните интереси, како што   се правото на јавноста да биде информирана за прашања кои влијаат на   функционирањето на судството, барањата за правилно спроведување на   правдата и достоинството на адвокатската професија ( Пресуди Casado Coca   претходноспоменати, стр. 21, § 55, и De Haes и Gijsels , стр. 233-234, § 37).   Благодарејки на нивните непосредни и постојани контакти со нивните членови,   властите или судовите на земјата, се во подобра позиција од меѓународните   судии, за да се прецизира каде се наоѓа, во било кое време, фер рамнотежата за   дејствување. Тоа е причината зошто тие уживаат право да ја проценат потребата   за мешање во одредена област, но тоа оди рака под рака со европските надзор на   со соодветните норми и на донесените одлуки (Пресуда Casado Coca   претходноспомената, стр. 20-21, § § 50 и 55).   SCHOPFER против ШВАЈЦАРИЈА - ПРЕСУДА   34. Судот забележува дека Г-дин Schöpfer - кој беше адвокат - јавно ја изрази   својата загриженост во врска со една кривична постапка која во тоа време беше   во тек пред еден кривичен суд. Тој ја забележува сериозноста и тонот на изјавите   на жалителот, дека тој прво одржал прес-конференција, изјавувајки дека ова е   неговата последна шанса, а потоа поднел жалба до Апелациониот суд на Луцерн.   Тој, згора на тоа, пропуштил да се обрати до друг надзорен орган на   префектурата, јавното обвинителство, односно тој не се обидел да се повика на   неефикасност, освен само со едноставни тврдења. Исто така, во поглед на   ниската парична казна изречена на заинтересираното лице, Судот смета дека не е   пречекорена границата при изрекувањето на санкцијата. Па оттука, нема повреда   на член 10.   SCHOPFER против ШВАЈЦАРИЈА - ПРЕСУДА   ОД ОВИЕ ПРИЧИНИ, СУДОТ   Одлучи, со седум гласови против два, дека не постои повреда на членот 10 од   Конвенцијата.   Изготвена на француски и англиски јазик, и изречена на јавна расправа во   Палатата на човекови права, во Стразбур, на 20 мај 1998 година.   Потпишан:   THOR   VILHJALMSSON   Претседател   Потпишан: Herbert PETZOLD   Секретар   Кон оваа пресуда, се проложени, во согласност со член 51 § 2 од Конвенцијата и   член 55 § 2 од деловникот Б, следните издвоени мислења:   - Издвоеното мислење на г-дин De Meyer;   - Издвоеното мислење на г-дин Jambrek.   Парафирал: Т В   Потпишал: Х П   SCHOPFER против ШВАЈЦАРИЈА - ПРЕСУДА   ИЗДВОЕНО МИСЛЕЊЕ НА СУДИЈАТА DE MEYER   беше потресен од апсењето, според негово мислење- нелегално, на   Жалителот   еден од неговите клиенти. Тој се налутил кога од сопругата на заинтересираното   лице дознал дека двајцата службеници и рекле дека треба да го замени адвокатот   ако сака да обезбеди ослободување на нејзиниот сопруг. Со цел да го изрази   своето незадоволство, тој одржал прес-конференција, во текот на која рекол дека   во префектурата на Hochdorf , со години биле прекршувани кантоналните закони   и човековите права беа. Случајот потоа бил изнесен во статии во два весника на   Луцерн, како и во едно соопштение за печатот од страна на обвинителот.   Жалителот, исто така, во едно соопштение за медиумите ги повторил критиките   и посебно потврдил дека со апсењето на неговиот клиент е прекршена   Конвенцијата и Законот за кривичната постапка, на еден апсолутно брутален и   неоправдан начин¹.   Потоа, кантоналниот апелационен суд констатира дека жалбените наводи во   однос на регуларноста на постапката проследена со апсење, барем делумно, се   основани².   Дали , во овие околности "беше неопходно во едно демократско општество" да се   изрече парична казна од 500 швајцарски франци? Не сум убеден во тоа.   Забелешките дека му недостасувала дискреција, дека вршел недозволено   рекламирање, дека се ангажирал за истражување на ефектите и дека не користел   умерен тон³, ми изгледаат прилично вештачки и донекаде изнудени.   __________________________________   1.Ставови 6 до 12 од Пресудата.   2.Став 13 од Пресудата.   3.Став 16 од Пресудата   SCHOPFER против ШВАЈЦАРИЈА - ПРЕСУДА   Јас не мислам дека тие биле доволни за да се оправда повредата, во овој случај,   на слободата на изразување во однос на прашања од јавен интерес што се   однесуваат особено на неговото својство на адвокат¹: функционирањето на   судството и почитување на човековите права².   _________________________________________   1.Веројатно исто така, малку како поранешен член на Големиот Совет на неговиот кантон, тоа не   беше нужно релевантно од аспект на деонтологијата на адвокатската комора.   2. Види, mutatis mutandis, пресуда Ezelin c. France du 26 avril 1991, série A n° 202, pp. 20–23, §§ 48–   53, ainsi que les arrêts Barthold c. Allemagne du 25 mars 1985, série A n° 90, pp. 24-26, §§ 55–59, et De   Haes et Gijsels c. Belgique du 24 février 1997, Recueil des arrêts et décisions 1997-I, pp. 233–237, §§   37–49.   SCHOPFER против ШВАЈЦАРИЈА - ПРЕСУДА   ИЗДВОЕНО МИСЛЕЊЕ НА СУДИЈАТА JAMBREK   (превод)   Овој случај се однесува на слободата на изразување на адвокатот. Состојбите кои   преовладуваат во судството во Луцерн се оценија како за необични. Г-дин   Schöpfer и властите се вклучија во една долготрајна расправа. Жалителот не   постапувал во својство на политичар, туку како правен експерт за застапување кој   предложил измени во кривичниот законик и кој се судрил со локалните   функционери. Покрај тоа, тој бил вмешан во еден конкретен случај и згора на сето   тоа, бил под влијание на сопругата на неговиот клиент. Значи, би можело да се   верува дека службените лица ги демантирале неговите тврдења. Така, тој се   нашол во една необична ситуација во која не можел да реагира како што е   соодветно според околностите, но тие би можеле да го оправдаат неговото   однесување. Во меѓувреме, тој водеше борба на законодавен план за да може да   ги спроведе неговите принципи. Тој оценил дека не е во можност да се потпре на   правните лекови кои му биле достапни и се обидел да се ангажира како службен   адвокат на неговиот клиент. Значи, тој несвесно постапил на политички начин.   Дел од неговите изјави во печатот се чини дека се вистински а дел од нив дека се   лажни. Покрај тоа, печатот ги напишал изјавите кои ги објавил, па жалителот не   може да биде одговорен за она што во нив е содржано.   И покрај тоа што паричната казна од 500 швајцарски франци претставува   релативно скромен износ, таа сепак предизвикува симболичен удар за егото на   човекот и неговиот професионален статус. Гледано во оваа смисла, таа може да   се смета како мошне тешка и непотребна во едно демократско општество.   Исто така, би сакал да се осврнам на видот на аргументите што жалителот ги   изнел во јавноста. Од став 56 од пресудата Worm c. Autriche du 29 août 1997   (Recueil des arrêts et décisions 1997-V, p. 1554) произлегува дека прашањата од   SCHOPFER против ШВАЈЦАРИЈА - ПРЕСУДА   јавен интерес во врска со некоја постапка можат да бидат предмет на   известување и коментари, без да постои мешање во работата на независното   судство.

© Rada Europy / Europejski Trybunał Praw Człowieka, źródło: HUDOC (hudoc.echr.coe.int), pozyskano 15.07.2026. · Źródło