26124/02

WyrokETPCz2006-11-30ECLI:CE:ECHR:2006:1130JUD002612402

Analiza orzeczenia

Sekcja wygenerowana przez AI na podstawie treści orzeczenia — nie stanowi cytatu.

Zagadnienie prawne
Czy przewlekłość postępowania cywilnego o zapłatę, trwającego ponad 14 lat i niezakończonego prawomocnym orzeczeniem, naruszyła prawo skarżącej spółki do rozpoznania sprawy w rozsądnym terminie zgodnie z art. 6 ust. 1 Konwencji?
Ratio decidendi
Trybunał stwierdził naruszenie art. 6 ust. 1 Konwencji, uznając, że długość postępowania cywilnego, trwającego ponad 14 lat (z czego ponad 9 lat po ratyfikacji Konwencji przez Macedonię), była nadmierna. Mimo pewnej złożoności sprawy i sporadycznych opóźnień ze strony skarżącej spółki, Trybunał obciążył odpowiedzialnością głównie władze krajowe za znaczące okresy bezczynności, w tym ponad półtoraroczne opóźnienie w wyznaczeniu rozprawy po wniosku o kontynuowanie postępowania przeciwko państwu. Trybunał podkreślił, że państwo ma obowiązek zorganizować system prawny w taki sposób, aby zapewnić rozstrzygnięcie spraw w rozsądnym terminie.
Stan faktyczny
Skarżąca spółka MZT Learnica AD Skopje zainicjowała w 1992 roku postępowanie cywilne przeciwko bankowi w związku z niewykonaniem przez bank polecenia przelania środków z akredytyw o wartości ponad 200 000 USD. Postępowanie to, początkowo egzekucyjne, przekształciło się w cywilne, charakteryzowało się licznymi opóźnieniami, koniecznością powoływania biegłych i zawieszeniem w związku z postępowaniem upadłościowym banku. Po likwidacji banku i przejęciu jego majątku przez państwo, sądy krajowe odmówiły kontynuowania postępowania przeciwko państwu, a sprawa nie doczekała się prawomocnego rozstrzygnięcia przez ponad 14 lat.
Rozstrzygnięcie
1. Uznaje skargę za dopuszczalną w części dotyczącej nadmiernej długości postępowania, a pozostałą część skargi za niedopuszczalną. 2. Stwierdza naruszenie art. 6 ust. 1 Konwencji. 3. Zasądza na rzecz skarżącej spółki 4 000 EUR tytułem zadośćuczynienia za szkody niemajątkowe, powiększone o odsetki ustawowe. 4. Oddala pozostałe roszczenia o słuszne zadośćuczynienie.

Pełny tekst orzeczenia

CONSEIL   DE L’EUROPE   COUNCIL   OF EUROPE   COUR EUROPÉENNE DES DROITS DE L’HOMME   EUROPEAN COURT OF HUMAN RIGHTS   СОВЕТ НА ЕВРОПА   ЕВРОПСКИ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА   ПЕТТИ ОДДЕЛ   МЗТ ЛЕАРНИЦА АД ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА   (жалба бр. 26124/02)   ПРЕСУДА   СТРАЗБУР   Ноември 2006   Оваа пресуда ќе стане конечна во согласност со условите предвидени во член 44 став 2 од   Конвенцијата. Истата може да биде предмет на редакциски измени.   Напомена: Македонскиот превод на текстот на одлуката на Европскиот суд за човекови   права е исклучиво информативен и од него не произлегуваат никакви права и/или обврски.   Единствено официјалниот текст на одлуката на Европскиот суд за човекови права на   англиски и/или француски јазик, објавена од страна на Судот е автентичен и се смета за   оригинал. Не е дозволено објавување на овој превод на било каков начин без претходна   дозвола од страна на Министерството за правда на Република Македонија, освен во случај   доколку се користи за информирање.   Во случајот МЗТ Леарница АД против Република Македонија,   Европскиот суд за човекови права (Петти оддел), заседавајќи во совет во   состав:   г-дин P. Lorenzen, претседател   г-ѓа S. Botoucharova,   г-дин K. Jungwiert,   г-дин V. Butkevych,   г-ѓа M.Цаца-Николовска,   г-дин R. Maruste,   г-дин M. Villiger, судии   и г-ѓа C. Westerdiek, секретар на одделот   На седница на 6 Ноември 2006 година,   Ја донесе следнава пресуда, усвоена на истиот датум:   ПОСТАПКА   1. Постапката е иницирана со жалба (број 26124/02) против Република   Македонија, поднесена до Судот согласно член 34 од Конвенцијата за заштита   на човековите права и основните слободи („Конвенцијата„) од страна на МЗТ   Леарница АД Скопје („жалителот„), на 10 Мај 2002 година.   2. Жалителот беше застапуван од страна на г-дин В. Ракочевиќ, адвокат од   Скопје. Владата на Република Македонија („Владата„) беше застапувана од   страна на Владиниот Агент, г-ѓа Радица Лазареска - Геровска.   3. На 8 Јули 2005 година, Судот одлучи да ја достави до Владата жалбата која   се однесува на должината на постапката. Применувајќи го член 29 став   ФАКТИ   4. Жалителот имал девизна жиро-сметка во Југобанка АД Скопје, која подоцна   била пререгистрирана во Банка за надворешна трговија Скопје (“банка“), преку   која вршел плаќање на својте деловни партнери. Во 1991 година жалителот   отворил неколку акредитиви како гаранција за плаќање на трето лице. Банката   наводно, не го извршила налогот на жалителот да ги изврши акредитивите и да   ги префрли парите. Сумата на акредитивите наводно го надминувала износот   од 200.000 $.   5. На 25 јуни 1992 година, жалителот започнал извршна постапка со предлог   Окружниот Стопански Суд во Скопје да и наложи на банката да ги префрли   парите на потребната жиро- сметка.   6. На 30 јуни 1992 година, Окружниот Стопански Суд во Скопје го одобрил   предлогот на жалителот. Банката поднела приговор на решението на судот,   така да постапката продолжила како парнична постапка за основаноста на   предлогот на жалителот.   7. На расрпавата одржана на 26 мај 1993 година, Окружниот Стопански Суд во   Скопје побарал вештачење. На 18 јуни 2003 година, наодот и мислењето на   вештото лице било доставено до судот. На 16 Јули 1993 година жалителот го   оспорил вештачењето.   8. Расправата закажана за 20 септември 1993 година била одложена на   барање на жалителот.   9. На 20 октомври 1993 година жалителот побарал од судот да закаже   расправа што е можно побргу.   10. Расправата закажана за 8 декември 1993 година била одложена, бидејќи   противтужбата на банката од 21 јуни 1993 година, не била доставена до судот   на време.   11. На расправата од 31 јануари 1994 година, на жалителот му било наложено   да ја прецизира тужбата. На 22 Февруари 1994 година жалителот постапил   согласно барањето од судот.   12. Расправата од 7 мај 1994 година била одложена при што од банката било   побарано да се изјасни по однос на прецизираното тужбено барање на   жалителот. Судот ја одложил расправата закажана за 18 април 1994 година,   поради отсуство на двете страни.   13. На расправата од 6 јуни 1994 година судот го задолжил Републичкиот завод   за судски вештачења (“Заводот“) да изврши вештачење на двата спорни   акредитиви. На 1 јули 1994 година Заводот побарал од судот да го задолжи   жалителот да го плати вештачењето. Вештачењето закажано за 1 ноември   година било одложено поради барање за изземање на вештакот од   страна на банката. На 17 февруари 1994 година судот го одбил таквото   барање. На 17 Февруари 1995 година судот го примил вештиот наод и   мислење.   14. На 24 март 1995 година, Окружниот Стопански Суд отворил стечајна   постапка против банката.   15. На 26 април 1995 година, судот ја запрел парничната постапка.   16. Имајќи предвид дека стечајниот управник во стечајната постапка го оспорил   барање на жалителот, на 5 и 6 јуни 1995 година до Окружниот Стопански Суд   како стечаен суд, го упатил тужителот на спор.   17. На 23 февруари 1996 година жалителот се обратил до судот за   продолжување на парничната постапка против банката. Исто така побарал од   судот да одржи расправа и да ги сослуша вештаците кои веќе го изготвиле   вештачењето.   18. Судот ја закажал рочиште за 16 март 1997 година. Бидејќи овој ден бил   недела, на 12 февруари жалителот барал судот да ја закаже расправата во   работен ден.   19. На рочиштето одржано на 16 април 1997 година, банката го ги оспорила   двете вештачења и активната легитимација на тужителот во спорот.   20. Закажаната расправа за 18 јуни 1997 година била одложена поради штрајк   на судската администрација. Расправата од 8 октомври била исто така   одложена.   21. Расправите закажзани за 10 декемри 1997 година и 23 февруари 1998   година биле одложени поради отсуство на двете страни, иако биле уредно   поканети. Според тоа, судот констатирал дека тужбата се смета за повлечена.   22. На 2 март 1998 година жалителот поднел предлог за враќање во   поранешна состојба. На 27 мај 1998 година судот го дозволил предлогот и   закажал расправа за 21 септември 1998 година и го задолжил жалителот да го   прецизира тужбеното барање. На 2 јуни 1998 година жалителот повлекол дел   од неговото тужбено барање во врска со еден од акредитивите.   23. Расправите закажани за 21 септември, 22 декември 1998 година и 22   февруари 1999 година биле одложени, бидејќи тужениот отсуствувал или пак   на негово барање.   24. На 2 април 1999 година банката приговорила на претходното вештачење.   На 26 април 1999 година жалителот доставил одговор во однос на приговорот   на банката.   25. На 21 април 1999 година судот наредил ново вештачење, со имајќи го   предвид приговорот на банката од 2 април 1999 година. На 22 декември 1999   година судот му го доверил вештачењето на Републичкиот завод за судски   вештачења во областа на финансиско-материјалното работење, со цел да   изготви извештај. На 7 февруари и 29 март 2000 година, Заводот побарал од   судот да и наложи на банката да го плати вештачењето. Бидејќи вештачењето   не било платено, на 17 мај 2000 год. Заводот го вратил предметот назад на   судот.   26. На 8 ноември 2000 година жалителот, плаќајќи ја таксата за вештачење,   побарал од судот предметот повторно да се испрати на вештачење во заводот.   На 14 ноември 2000 година судот го доставил предметот до Заводот. На 11   април 2001 година судот го примил вештиот наод и мислење.   27. Расправата закажана за 3 декември 2001 година била одложена, поради   отсуство на на тужениот, иако бил уредно поканет.   28. На 29 ноември 2001 година Основниот суд во Скопје ја заклучил стечајната   постапка против банката. Тој утврдил дека побарувањата на доверителите   биле намирени од стечајната маса и останатиот дел од истата бил префрлен   на државата.   29. На 4 февруари 2002 година Основниот суд во Скопје ја запрел парничната   постапка поради престанок на постоење на банката.   30. На 13 март 2002 година жалителот поднел жалба против таквото решение.   Тој се жалел дека постапката треба да продолжи против државата, како   законски наследник на имотот и останатиот дел од стечајната маса по   ликвидацијата на банката. Со барање од 12 Јуни 2002 година, жалителот барал   од судот да ја повика државата да се приклучи кон постапката како правен   следбеник на банката.   31. На 30 октомври 2002 година Апелациониот суд во Скопје ја одбил жалбата   на жалителот и ја потврдил одлуката на понискиот суд. Тој утврдил дека   постапката не може да продолжи против државата, поради тоа што жалителот   не поднел формално барање за продолжување на постапката против   државата, а судот не може по службена должност да ја продолжи истата.   32. На 5 декември 2002 година жалителот доставил барање за продолжување   на постапката против државата како правен следбеник на банката.   33. На 19 април 2004 година жалителот барал од судот да одржи расправа и да   го покани Јавниот правобранител како застапник на државата.   34. На расправата од 20 јуни 2005 година Јавниот правобранител одбил да   учествува во постапката. Жалителот изјавил дека ќе поднесе посебна тужба   против државата.   35. Колку што е запознат Судот, сеуште не е донесена конечна одлука.   ПРАВО   1. НАВОДНА ПОВРЕДА НА ЧЛЕН 6 СТАВ 1 ОД КОНВЕНЦИЈАТА   36. Жалителот се жалел дека должината на постапката не е во согласност со   барањето за судење во „разумен рок„ предвидено во член 6 став 1 од   Конвенцијата кој гласи:   “ Секој, при определување на неговите граѓанските права и обврски ……, има   право на ……судење во разумен рок, пред …..трибунал……”   A. Допуштеност   37. Судот утврди дека оваа жалба не е неоснована во смисла на член 35 став 3   од Конвенцијата. Понатаму тој утврди дека истата не е недопуштена по било   кој друг основ. Од тие причини истата ја прогласи за допуштена.   Б. Основаност   38. Судот утврдил дека граѓанската постапка започнала на 25 Јуни 1992   година, кога жалителот го поднел предлогот пред тогашниот Окружниот   Стопански Суд да и наложи на банката да ги префрли парите на предложената   жиро-сметка. Откако банката доставила приговор на решението на судот,   постапката продолжила како парнична постапка во врска со основаноста на   тужбеното барање на жалителот. Постапката била запрена со оглед на фактот   дека банката не престанала да постои. Судот утврди дека постапката сеуште   не е завршена, со оглед на тоа дека домашните судови сеуште немаат   одлучено по барањето на жалителот за продолжување на постапката против   државата, како правен следбеник на банката. Надлежниот суд одржал   расправа на која ја повикал државата како странка во постапката, но не донел   никаква одлука.   39. Владата укажа дека не треба да се земе во предвид периодот пред да   стапи во сила Конвенцијата.   40. Судот утврди дека периодот кој спаѓа во надлежност на Судот не започнува   на 25 Јуни 1997 година, туку на 10 Април 1997 година откако Конвенцијата   стапила на сила во Република Македонија. (види Atanasovic and Others v.   Republic of Macedonia, број 13886/02, точка 26, 22 Декември 2005 година; Horvat   v. Croatia, број 51585/99, точка 50, ECHR 2001 VIII).   41. Во оценувањето на разумноста на траењето на постапката потребно е да   биде земена во предвид состојбата на постапката од 10 Април 1997 година.   (види Milošević v. Republic of Macedonia, број 15056/02, точки 21, 20 Април 2006   година; Styranowski v. Poland, број 28616/95, точка 46, ECHR 1998-VIII; Foti and   Others v. Italy, Пресуда од 10 Декември 1982 година, Серија А број 56, параграф   18, точка 53). Судот утврдил дека од моментот кога Конвенцијата стапила на   сила во Република Македонија до крајот на постапката, истата во една судска   истанца траела четири години, девет месеци и петнаесет дена.   42. Спорниот период сеуште трае. Со тоа постапката трае повеќе од   четиринаесет години, од кои повеќе од девет години од ратификација на   Конвенцијата од страна на Република Македонија. Судот утврди дека не е   донесена одлука за основаноста на тужбеното барање.   43. Судот повторува дека разумноста на должнината на постапката мора да   биде оценета во светло на околностите на случајот и во согласност со   следниве критериуми: сложеноста на случајот, однесувањето на жалителот и   домашните органи. (види Frydlender v. France [GC], број 30979/96, точка 43,   ECHR 2000-VII; Comingersoll S.A. v. Portugal [GC], број 35382/97, ECHR 2000-IV   и Philis v. Greece (број 2), Пресуда од 27 June 1997 година, Извештај за пресуди   и одлуки 1997 IV, точка 35).   44. Владата смета дека случајот е сложен и дека се поклопува со времето на   распаѓање на поранешна Југославија и на нејзиниот банкарски систем, заради   блокадата на системот на платен промет. Сложеноста на случајот, според   нејзиното гледиште, се заснова на неколку елементи, и тоа: три вештачења;   противтужбата на банката; фактот што жалителот два пати го прецизирал   неговото тужбено барање и прекинот на постапката заради завршувањето на   стечајната постапка. Во однос на поведението на жалителот, Владата укажа   дека истиот не поднел барање за забрзување на постапката, кое претходно се   покажало како ефикасно. Според Владата, неговото однесување придонело за   должината на постапката, со тоа што отсуствувал на две расправи по ред, што   довело до прекин на постапката за пет и пол месеци, како и тоа што не ја   прецизирал тужбата и не ја платил однапред таксата за вештачење. Уште   повеќе, што на жалителот му биле потребни повеќе од осум месеци да поднесе   барање за продолжување на постапката, откако била одложена стечајната   постапка. Владата, исто така укажа дека однесувањето на банката придонело   за должината на постапката, како на пример: истата не присуствувала на седум   расправи; не постапувала на време по напатствијата дадени од судот и не го   платила вештачењето повеќе од една година. Во поглед на однесувањето на   домашните органи, Владата укажа дека постапката опфаќа две различни   односно и парнична и извршна постапка. Таа укажа дека судовите ги   одржувале расправите без прекини и одложувања, освен една година на   пасивност пред да продолжи постапката во март 1997 година. Владата изјави   дека одложувањата поради изготвување на вештите наоди и мислења треба да   се препишат на странките во спорот. Штрајкот на судската администрација ја   одложил постапката за четири месеци, периодот кој не придонел премногу за   должината на постапката. Владата тврди дека периодот од осум месеци во   година, кој бил потребен за доставувањето на предметот на вештачење   се должи на задоцнетото доставување на дополнителни забелешки на првото   вештачење од страна на жалителот. Владата сметала дека, иако било   потребно повеќе од две и пол години на судот да закаже расправа против   државата, жалителот е оној кој го предизвикал одоговлекувањето бидејќи не   побарал од судот забрзување на постапката и поради тоа што изгубил интерес   за продолжување на постапката против државата.   45. Жалителот укажа дека случајот бил од трговско правна природа за кој   националното законодавство предвидувала скратени рокови. Тој смета дека   должината од осум години по ратификацијата на Конвенцијата било доволно   да се утврди повреда на правото за судење во разумен рок. Истиот тврди дека   до 10 Април 1997 година, по предметот можело да се одлучи со оглед на тоа   што две вештачења веќе биле изготвени во негова корист. Жалителот тврдел   дека судовите непотребно го усвоиле барањето на банката за трето   вештачење и дека иако трошоците за вештачењето биле на товар на банката,   тој ги платил заради избегнување на натамошно одоговлекување. Тој го спори   тврдењето на Владата дека случајот бил сложен и дека тоа придонело за   должината на постапката. Неговото неприсуство на неколку расправи не   придонело многу за одоговлекувањето. Жалителот тврди дека тој не го изгубил   интересот да ја продолжи постапката против државата, туку дека непостоела   разумна алтернатива со оглед дека државата одбила да ја преземе постапката   како тужен. На крајот, жалителот укажа дека неразумната должина на   постапката треба во целост да и се препише на државата која треба да биде   прогласена за одговорна и да и се наложи да ја плати сумата која ја должи   банката.   46. Судот повторува дека обврска на државата, договорна страна на   Конвенцијата е да го организира правниот систем на таков начин што   домашните судови ќе можат да му го гарантираат секому правото на добивање   на конечна одлука во разумно време, во споровите што се однесуваат на   граѓанските права и обврски. (види Muti v. Italy, Пресуда од 23 Март 1994   година, Серија A број 281 C, точка 15; Milošević v. Republic of Macedonia,   цитирано погоре, т. 25).   47. Имајќи го предвид бројот на извршените вештачења, Судот смета дека   случајот бил во одредена мера сложен од правен аспект, но дека тоа само по   себе не може да ја оправда должината на постапката.   48. Во врска со однесувањето на жалителот, Судот утврдил дека нема значаен   период на одоговлекување кое би можеле да му се припише на трговското   друштво. Судот смета дека, неприсуството на жалителот на расправите на 10   декември 1997 година и на 23 февруари 1998 година, довело до прекин на   постапката за само три месеци (види т. 22 и 23). Судот понатаму утврди, дека   жалителот настојувал да ја забрза постапката со плаќањето на вештачењето,   иако тоа било обврска на банката (види точка 27) и со барањето судот да   одржи расправа, што е можно побрзо (види т. 34). Жалителот не може да се   смета за одговорен за неподнесувањето на барања до судот за забрзување на   постапката, бидејќи тоа не претставува ефикасен правен лек во однос на   должината на постапката (види Atanasoviс, цитирано погоре, точка 31).   49. Од друга страна, Судот смета дека било потребно повеќе од една и пол   година за судот да закаже расправа врз основа на барањето за продолжување   на постапката на жалителот против државата, која ја примила останатата   стечајна маса на банката по нејзиното ликвидирање. Судот утврдил дека,   одлука за основаноста на тужбеносто барање не била донесена, иако иако   истата траела околу десет години пред да биде запрена. Постапката била   конечно запрена со одлуката на Апелациониот суд од 30 Октомври 2002 година   откако банката престанала да постои. Со оглед на фактот што постапката   сеуште е во тек, спорниот период сеуште не е завршен. Од овие причини,   Судот смета дека одговорноста за одоговлекување на постапката е на   домашните органи.   50. Вр основа целата доставена документација, Судот смета дека во овој   случај должината на постапката била прекумерна и не го задоволува барањето   за судење во “разумен рок“.   51.   Според   тоа   остои   повреда   на   член   став   1.   2. ДРУГА НАВОДНА ПОВРЕДА НА КОНВЕНЦИЈАТА   52. Врз основа на член 1 од Протоколот 1, жалителот се жали дека бил лишен   од сопственоста врз сумата од тужбеното барање. Жалителот се жали и   согласно член 14 од Конвенцијата дека бил дискриминиран за разлика од   другите доверители чии побарувања биле намирени од стечајната маса на   банката во стечајната постапка.   53. Судот повторува дека концептот на “сопственост“ во првиот дел од членот 1   на Протоколот 1, има автономно значење кое не е ограничено на поседување   на физички добра и е независно од формалната класификација во домашното   право (види, mutatis mutandis, Zwierzyński v. Poland, број 34049/96, точка 63,   ECHR 2001-VI). Концептот на “сопственост“ не е ограничен на „постоечка   сопственоста“, туку може исто така да се однесува и добра, вклучително и   барања, во однос на кои жалителот може да тврди дека има барем разумно и   „легитимно очекување„ да се стекне со ефективно уживање на сопственичките   права. (види Öneryıldız v. Turkey [GC], број 48939/99, точка 124, ECHR 2004;   Prince Hans-Adam II of Liechtenstein v. Germany [GC], број 42527/98, т. 83, ECHR   2001-VIII). Сепак, постојана судска пракса на Судот е дека “барање“ може   единствено да претставува „сопственост„ во смисла на член 1 од Протоколот 1,   доколку е доволно утврдено дека истотот е извршливо (види Nosov v. Russia   број 30877/02, 20 Октомври 2005 година; Grishchenko v. Russia број 75907/01, 8   Јули 2004 година; Burdov v. Russia, број 59498/00, точка 40, ECHR 2002 III).   54. Во овој случај, Судот утврдил дека националните судови не донеле одлука   за основаноста. Се смета дека одреден дел од стечајната маса која била на   располагање, била префрлена на државата. Покрај тоа, жалителот може   сеуште да го обнови своето барање. Во оваа смисла, жалбата е предвремена,   бидејќи домашните правни лекови не се исцрпени.   55. Со оглед на погоре изнесеното, ова барање мора да биде отфрлено во   согласност со член 35 став 4 од Конвенцијата.   56. На крајот, Судот утврдил дека барањето на жалителот согласно член 14 од   Конвенцијата е неосновано, бидејќи не се доставени докази во врска со овие   тврдења. Уште повеќе, жалителот не поднел барање за утврдување на   дискриминација пред Уставниот суд кој има надлежност да одлучува во вакви   случаи (види Sijakova and others v. Republic of Macedonia, 6 Март 2003 година,   број 67914/01).   57. Според тоа, ова барање е очигледно неосновано и мора да биде отфрлено   во согласност со член 35 став 3 и 4 од Конвенцијата.   3. ПРИМЕНА НА ЧЛЕН 41 ОД КОНВЕНЦИЈАТА   58.   Членот     од   Конвенцијата   предвидува:   “Кога Судот ќе оцени дека постои повреда на Конвенцијата или на протоколите,   и доколку внатрешното право на засегнатата Висока договорна страна   овозможува само делумна репарација на штета, тогаш доколку е тоа   неопходно, Судот ќе му додели правична отштета на оштетениот.”   A. ШТЕТА   59. Жалителот барал 200.668,56 $ (американски долари) плус камата за штета   претрпена како последица од должината на постапката.   60. Владата го оспори ова барање како неосновано.   61. Судот не утврди причинско-последична врска помеѓу утврдената повреда и   бараната материјална штета; според тоа го одби ова барање. Од друга страна,   одлучувајќи на правична основа, му досуди на жалителот сума од 4.000 ЕВРА   на име надомест на нематеријална штета, сума во која не се засметани   евентуалните издатоци кои би можеле да бидат наплатени.   Б. ТРОШОЦИ   62. Жалителот, исто така, бара 153.840 денари (околу 2.500 ЕВРА) за трошоци   направени пред домашните судови. Тој не поднел барање за надомест на   трошоците направени во постапката пред Судот.   63. Владата не се изјасни во врска со овие барања.   64. Во однос на барањето на жалителот за надомест на трошоците направени   во постапките пред домашните судови, Судот утврди дека тие трошоци не биле   направени поради барањето заштита во рамките на домашниот правен систем   заштита или надомест на штета за наводната повреда на која се жалителот се   жали прес Судот. Покрај тоа, жалителот не успеал да го поткрепи своето   барање со докази. Според тоа, Судот не досуди надомест на трошоци. (види   Milošević пресуда, цитирана погоре, т. 34).   В. ЗАТЕЗНА КАМАТА   65. Судот смета за соодветно дека, затезната камата треба да се исплати   според најниската каматна стапка за позајмени средства на Европската   централна банка, на која треба да се додадат 3%.   ОД НАВЕДЕНИТЕ ПРИЧИНИ, СУДОТ ЕДНОГЛАСНО   1. Ја прогласи жалбата за допуштена во делот кој се однесува на прекумерната   должина на постапката, додека преостанатиот дел од жалбата ја прогласува за   недопуштена;   2. Утврди дека има повреда на членот 6 став 1 од Конвенцијата;   3. Утврди дека:   (а) тужената држава, во рок од 3 месеци од денот на конечноста на пресудата,   во согласност со член 44 став 2 од Конвенцијата, треба да му исплати на   жалителот 4.000 ЕВРА како надомест за нематеријална штета, сума во која не   се засметани евентуалните издатоци кои би можеле да бидат наплатени;   (б) по истек на рокот од 3 месеци спомнат погоре, во кој треба да се исплати   наведената сума, ќе се засметува камата на споменатиот износ, по стапка   еднаква на најниската стапка за позајмени средства на Европската централна   банка, за периодот до плаќањето зголемена за 3%.   4. Го отфрлува остатокот од барањето за правичен надоместок на жалителот.   Изготвено на англиски јазик и објавено на 30 Ноември 2006 година, согласно   член 77 став 2 и 3 од Деловникот на Судот.   Claudia WESTERDIEK   Peer LORENZEN   Секретар,   Претседател

© Rada Europy / Europejski Trybunał Praw Człowieka, źródło: HUDOC (hudoc.echr.coe.int), pozyskano 13.07.2026. · Źródło