26602/02
WyrokETPCz2008-12-18ECLI:CE:ECHR:2008:1218JUD002660202
Analiza orzeczenia
Sekcja wygenerowana przez AI na podstawie treści orzeczenia — nie stanowi cytatu.
Zagadnienie prawne
Czy przewlekłość postępowania cywilnego dotyczącego wypłaty dywidend i legalności transformacji firmy naruszyła prawo do rozpoznania sprawy w rozsądnym terminie z art. 6 ust. 1 Konwencji?Ratio decidendi
Trybunał uznał, że długość postępowania cywilnego, trwającego ponad 9 lat (z czego ponad 7 lat pod jurysdykcją Trybunału), była nadmierna i naruszyła wymóg „rozsądnego terminu” z art. 6 ust. 1 Konwencji. Trybunał ocenił złożoność sprawy, zachowanie skarżącego i władz krajowych. Stwierdził, że sprawa była złożona, a skarżący przyczynił się do rocznego opóźnienia poprzez swoje działania (np. łączenie spraw, kwestionowanie sędziów). Jednakże, Trybunał przypisał znaczące opóźnienia władzom krajowym, w tym długi czas wydania orzeczenia przez sąd pierwszej instancji (prawie 7 lat), liczne odroczenia rozpraw z przyczyn leżących po stronie sądu (nieprawidłowe wezwania, nieobecność sędziego) oraz zmiany składu sędziowskiego, które prowadziły do ponownego rozpoczynania rozpraw.Stan faktyczny
Skarżący, Tihomir Dimitrievski, w 1995 roku wszczął postępowanie cywilne przeciwko firmie w Skopje, domagając się wypłaty nieuiszczonych dywidend i kwestionując legalność transformacji firmy. Twierdził, że jego udział w firmie został zaniżony. W trakcie postępowania skarżący złożył odrębny pozew przeciwko dyrektorowi, który został połączony z główną sprawą. Postępowanie charakteryzowało się licznymi odroczeniami, zmianami składu sędziowskiego oraz działaniami skarżącego, takimi jak kwestionowanie sędziów i biegłych.Rozstrzygnięcie
Trybunał jednogłośnie: 1. Uznał pozostałą część skargi za dopuszczalną. 2. Stwierdził naruszenie art. 6 ust. 1 Konwencji. 3. Zasądził od pozwanego państwa na rzecz skarżącego 600 euro tytułem szkody niemajątkowej oraz 200 euro tytułem kosztów i wydatków, powiększone o odsetki. 4. Oddalił pozostałą część żądania skarżącego dotyczącego słusznego zadośćuczynienia.Pełny tekst orzeczenia
CONSEIL
DE L’EUROPE
COUNCIL
OF EUROPE
COUR EUROPÉENNE DES DROITS DE L’HOMME
EUROPEAN COURT OF HUMAN RIGHTS
ДИМИТРИЕВСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА
(Жалба бр. 26602/02)
ПРЕСУДА
СТРАЗБУР ДЕКЕМВРИ 2008
Оваа пресуда ќе стане конечна во согласност со условите предвидени во член 44
став 2 од Конвенцијата. Истата може да биде предмет на редакциски измени.
Напомена: Македонскиот превод на текстот на одлуката на Европскиот суд за човекови права е
исклучиво информативен и од него не произлегуваат никакви права и/или обврски. Единствено
официјалниот текст на одлуката на Европскиот суд за човекови права на англиски и/или француски
јазик, објавена од страна на Судот е автентичен и се смета за оригинал. Не е дозволено
објавување на овој превод на било каков начин без претходна дозвола од страна на
Министерството за правда на Република Македонија, освен во случај доколку се користи за
информирање.
ДИМИТРИЕВСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА
Во случајот Димитриевски против Република Македонија,
Европскиот Суд за човекови права (Петти оддел), заседавајќи во
совет составен од:
Rait Maruste, Претседател,
Karel Jungwiert,
Volodymyr Butkevych,
Mark Villiger,
Isabelle Berro-Lefèvre,
Мирјана Лазарова Трајковска,,
Zdravka Kalaydjieva, судии,
и
Claudia Westerdiek, Секретар на одделот,
Расправајќи на затворена седница на 25 ноември 2008
година,
Ја донесе следнава пресуда, усвоена на истиот тој датум:
ПОСТАПКА
1. Случајот беше инициран со жалбата (бр.26602/02) против
Република Македонија, поднесена до Судот врз основа на член од Конвенцијата за заштита на човековите права и основни
слободи (“Конвенцијата“) од македонскиот државјанин, г-дин
Тихомир Димитриевски (“Жалител“), на 2 јули 2002 година.
2. Владата на Република Македонија (“Владата“) беше
застапувана од нејзиниот Агент, г-ѓа Радица Лазареска Геровска.
3. На 9 мај 2006 година, Судот ја огласи жалбата делумно
недопуштена и одлучи да ја достави Жалбата на одговор во
ДИМИТРИЕВСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА
врска со должината на постапката. Воедно беше одлучено,
едновремено да се постапува по допуштеноста и основаноста
на жалбата (член 29 став 3).
ФАКТИ
4. Жалителот е роден во 1936 година и живее во Скопје.
5. На 3 април 1995 година, Жалителот повел граѓанска
постапка пред Општинскиот суд Скопје (“првостепениот суд“)
против Авторска агенција – Скопје (“фирмата“) барајќи исплата
на неисплатена дивиденда. Тој тврдел дека трансформацијата
на фирмата било незаконска и дека подоцна не му била
засметана неговата плата во согласност со важечката
легислатива во тоа време (Жалителот тврдел дека фирмата не
била потополно приватизирана и дека согласно тоа, било
потребно да се примени законодавството во врска со
претпријатијата во општествена сопственост). Тој понатаму
тврдел дека фирмата проневерила дел од нејзиниот профит и го
распределила на своите вработени како плата. Во овој контекст,
тој барал повисока дивиденда од таа што веќе ја имал примено
(тој барал да поседува 13.63% од удделот во фирмата, а не
11.918%).
6. На 17 Февруари 1997 година, судот на барање на
Жалителот одредил вештачење. Вештачењето било изготвено
во Август 1997 година.
7. На 29 Мај 1997 година, Жалителот поднел посебна
граѓанска тужба против директорот на фирмата. На 25 Декември година, првостепениот суд ги споил двете тужбени барања
ДИМИТРИЕВСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА
во едно, бидејќи се работело за исти доказни постапки и правни
прашања.
8. На 3 декември 1997 година, Жалителот не успеал
спогодбено да го реши предметот.
9. Во септември 1998 година, Жалителот успеал да го смени
судечкиот судија во неговиот предмет. Судечкиот судија исто
така самиот барал да се повлече, заради недоличното
однесување на Жалителот, имено заради неговото константно
обвинување на судот и вештаците заради пристрасност и
нестручност.
10. Ниту една од петте закажани расправи помеѓу 25 ноември година и 5 октомври 2000 година не биле одложени на
барање на Жалителот.
11. На 29 ноември 2000 година, претседателот на советот
одлучил дека предметот на Жалителот ќе биде во прекин
бидејќи Жалителот поднел кривична пријава против директорот
на фирмата. Подоцна Јавниот обвинител истата ја отфрлил.
12. Расправите закажани на 29 мај, 12 јули и 21 декември година и 14 февруари 2002 година биле презакажувани
заради отсуство на судечкиот судија или заради неуредно
канење на тужените.
13. Со поднесоци од 18 ноември 1998, 4 мај 1999, 25 април
2000, 25 април 2001 и 1 март 2002 година, Жалителот
доставувал дополнителни барања за зголемување на неговото
тужбено барање.
14. На 28 март 2002 година, првостепениот суд го одбил
тужбеното барање на Жалителот. Оваа одлука му била
доставена на Жалителот на 4 септември 2002 година.
ДИМИТРИЕВСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА
15. На 19 декември 2002 година, Апелациниот суд Скопје ја
одбил жалбата поднесена од Жалителот на 18 Септември 2002
година.
16. На 12 февруари 2003 година, Жалителот поднел ревизија
до Врховниот суд. На 5 и 20 март 2003 година тој доставил
дополнение на неговата ревизија.
17. На 23 јуни 2004 година, Врховниот суд ја одбил
ревизијата на Жалителот. Оваа одлука му била доставена на 16
Декември 2004 година.
18. На 20 декември 2004 година, првостепениот суд го одбил
барањето на Жалителот за исправка на одлуката, кое било во
суштина, барање за нова одлука во поглед на основаноста.
19. Составот на првостепениот судски совет бил менуван
четири пати во текот на постапката.
ПРАВО
I. НАВОДНА ПОВРЕДА НА ЧЛЕНОТ
СТАВ
ОД
КОНВЕНЦИЈАТА
20. Жалителот се жалеше дека должината на постапката не
била соодветна со барањето за судење во “разумен рок“
утврдено во членот 6 став 1 од Конвенцијата кој утврдува:
“Во определувањето на своите права и обврски...., секој има
право на фер....судење во разумно време од страна на
независен и непристрасен суд...“
ДИМИТРИЕВСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА
A. Допуштеност
21. Владата не истакна никакви забелешки по однос на
допуштеноста на барањето за судење во разумен рок.
22. Судот забележува дека жалбата на жалителот, не е
очиггледно неоснована во смисла на Член 35 став 3 од
Конвенцијата. Судот исто така смета дека, жалбата не е
недопуштена по други основи. Заради тоа, мора да биде
прогласена за допуштена
Б. Основаност
1. Произнесувања на странките
23. Владата се произнесе дека периодот кој изминал пред
влегувањето во сила на Конвенцијата по однос на Република
Македонија не треба да биде земен во предвид. Тие изјавија
дека имало сложени околности во овој предмет, вклучувајќи ја и
природата на спорот (трансформацијата на фирмата
и
исплатата на дивидендите), промена на правниот статус на
фирмата во текот на постапките и однесувањето на жалителот.
По однос на жалителот, тие изјавија дека тој значително
придонел за должината, пред се заради тоа што водел
паралелно две засебни постапки, кои дополнително биле
споени, дека поднесувал бројни и обемни поднесоци во кои
постојано го повторувал своето барање со неразбирлив јазик; го
зголомувал своето тужбено барање неколку пати и барал
ДИМИТРИЕВСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА
изземање на судечките судии. Тој исто така поднел и кривична
пријава против еден од нив.
24. Во однос на домашните судови, Владата спореше дека
немало оддолжувања кои би им се припишале ним. Тие
заклучија дека државата не би требало да се смета за одговорна
заради однесувања на жалителот.
25. Жалителот ги оспори аргументите на Владата кои се
однесуваат на сложеноста на предметот и неговиот придонес
кон должината на постапката.Во контекст на ова второво, тој
спореше дека тој имал право да поднесува поднесоци во
подршка на неговите аргументи. Дотолку повеќе што тој
присуствувал на сите закажани рочишта.
2. Оценка на Судот
26. Судот забележува дека постапките започнале на 3 април година кога барал судовите да одлучат по неговото
тужбено барање.Сепак, како што е забележано и од страна на
Владата, периодот кој потпаѓа под Судска надлежност
започнува на 10.април 1997 година, по влегувањето во сила на
Конвенцијата по однос на Република Македонија (види Личков v.
Република Македонија no. 38202/02, § 21, 28 Септември 2006).
27. Проценувајќи ја разумноста на времето изминато по тој
датум, мора да се има предвид и статусот на постапката на 10
април 1997 година (see Зибери v. Република Македонија,
no. 27866/02, § 41, 5 Јули 2007). Во овој контекст, Судот
забележува дека во тој момент постапката траела над 2 години
пред еден степен на јурисдикција.
ДИМИТРИЕВСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА
28. Постапките завршиле на 16 Декември 2004 година, кога
одлуката на Врховниот суд од 23 Јуни 2004 година му била
доставена на жалителот. Според тоа постапките траеле преку 9
години, 8 месеци и 6 дена, од кои 7 години, 8 месеци и 6 дена
временски потпаѓаат под јурисдикција на Судот, во три судски
инстанци.
29. Врз основа на судската пракса по однос на оваа материја,
Судот ќе ја цени разумноста на должината на постапките во
светло на посебните факти на предметот имајќи ја предвид
неговата сложеност, однесувањето на жалителот, како и на
властите кои работеле на предметот (види Маркоски v.
Република Македонија, no. 22928/03, § 32, 2 Ноември 2006).
30. Најнапред судот забележува дека предметната материја во
спорот пред домашните судови била комплексна, што се гледа,
inter alia, од фактот дека тој опфаќал значителен број на
писмени докази кои се однесувале на фирмата и процесот на
нејзината приватизација. Од судовите исто така се барало да ја
одредат висината на дивидендата и да се испитаат и други
суштински прашања, како што била исплатата на платата на
жалителот. Неопходноста од прибавување на вешт наод и
мислење на тужбеното барање на жалителот, ги подржува
ставовите на Судот за комплексноста-сложеноста на
предметот..
31. Судот смета дека жалителот придонел за развлекување на
постапките. Тој иницијално поднел две засебни постапки по ист
правен основ и барање, што низ текот на постапките довело до
нивно спојување во единствена постапка; тој неколкупати го
зголемувал своето побарување, ја спорел независноста на еден
ДИМИТРИЕВСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА
од судиите, а повел и кривична постапка против другиот судија;
ја спорел стручноста на судскиот вештак кој работел по неговиот
предмет. Во врска со ова,Судот повторува дека иако учесникот
во парничната постапка не може да биде обвинет заради
користење на сите можности предвидени за тоа во домашната
леислатива со цел да си ги заштити своите интереси, Судот
мора да забележи дека таквите активности неминовно ја
пролонгирале односната парнична постапка (види Malicka-
Wąsowska v. Poland, (dec.), no. 41413/98, 5 април 2001). Судот
смета дека жалителот бил одговорен за едногодишното
пролонгирање на спорната постапката. Од друга страна пак,
жалителот присуствувал на сите закажани рочишта.
32. Судот најде дека значителни одложувања може да им се
припишат на домашните власти. Додека повисокиот судови ја
испитувал жалбата на ж ја испитувал жалбата на жалителот, со
разумна експедитивност, првостепениот суд ја донел својата
прва и единствена одлука скоро седум години по поднесувањето
на тужбата на жалителот, од кои што скоро пет години
потпаѓаат по времеска јурисдикција на Судот. Во текот на тој
период, бројни рочишта биле одложувани заради несоодветното
повикување на тужениот, или отстатво на судечкиот судија.
Забележано е и дека на вештакот му требале скоро шест месеци
за да го изработи вештиот наод и мислење. Ова одолжување
може да и се припише исклучиво на државата (види Стојанов v.
Република Македонија, no. 34215/02, § 60, 31 May 2007).
Измените во судскиот состав кој одлучувал по предметот, исто
така придонел за должината на постапката, бидејќи расправата
започнувала одново по секоја таква измена. На крајот, изминале
ДИМИТРИЕВСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА
околу 11 месеци за да се достават две судски одлуки до
жалителот (види ставови 14 и 17 понапред).
33. Имајќи ја предвид својата судска пракса по вакви предмети,
Судот смета дека во конкретниот предмет должината на
постапката била прекумерна и не ги исполнила критериумите за
разумен рок..
34. Според тоа има повреда на Член 6 § 1.
II. ПРИМЕНА НА ЧЛЕН 41 OД КОНВЕНЦИЈАТА
35. Членот 41 од Конвенцијата предвидува:
“Ако Судот нашол дека има повреда на Конвенцијата или
Протоколите, и ако внатрешното право на засегнатата Висока
Договорна Страна дозволува само делумна отштета, Судот,
доколку
е
потребно, ќе додели правична отштета на
оштетената страна“.
A. Штета
36. Жалителот барал 350,000 Евра во поглед на материјална
штета, која би одговорала на неисплатената дивиденда плус
камата. Тој исто така барал 30,000 Евра во поглед на
нематеријална штета, заради стрес и ментално страдање
причинето од оддолжувањето на постапката.
37.Владата ги оспори овие барања како неосновани. Владата
спореше дека, нема причинско последична врска помеѓу
наводната повреда и бараната материјална отштета. Со вака
поднесеното барање, Жалителот барал Судот директно да
одлучува за неговиот предмет, како барањето да било
поднесено пред домашните судови.
ДИМИТРИЕВСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА
38. Судот не препознал било каква причинско последична
врска помеѓу утврдената повреда и бараната материјалната
отштета; заради тоа го отфрли ова барање. Од друга страна, му
доделува на Жалителот 600 Евра во поглед на нематеријална
отштета.
B. Трошоци
39. Жалителот исто така барал 4,460 Евра за трошоци
направени пред домашните судови, вклучувајќи судски и
адвокатски трошоци. Понатаму Жалителот барал 3,238 Евра за
копирање, поштенски услуги и превод на документите доставени
до Судот, како и за медицински и транспортни услуги, во врска
со неговот слабо здравје. Жалителот достави сметки за
неговите плаќања во поддршка на неговото барање.
40. Владата ги оспори овие барања.
41. Согласно Судската пракса, Жалителот има право на
надомест на трошоците, само доколку тие биле навистина
направени и неопходни и биле разумни по обем(види, Ѓозев
v.Република Македонија, no. 14260/03, § 63, 19 June 2008). Во
врска со направените домашни трошоци, Судот забележува
дека тие не биле направени во постапка во која во рамките на
домашниот правен систем се барала заштита и надомест за
наводните повреди за кои истиот се жали пред Судот (види
Милошевиќ v.Република Македонија, no. 15056/02, § 34, 20 April
2006) Заради тоа, Судот не доделува износ по тој основ. Од
друга страна, во поглед на постоечките податоци кои му беа на
располагање и спомеантите критериуми погоре, Судот смета за
разумно да му додели на Жалителот, кој не бил застапуван од
адвокат, износ од 200 Евра за постапувањето пред Судот.
ДИМИТРИЕВСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА
В. Затезна камата
42. Судот смета дека е соодветно затезната камата да се
заснова на најниската каматна стапка за позајмени средства
на Европската Централна Банка, на која треба да се додадат
три процентни поени
ОД ОВИЕ ПРИЧИНИ, СУДОТ ЕДНОГЛАСНО
1. Го прогласи остатокот од Жалбата за допуштен;
2. Утврди дека има повреда на член 6 став 1 од
Конвенцијата;
3. Утврди дека:
(а) тужената држава, во рок од 3 месеци од денот на
конечноста на пресудата, во согласност со член 44 став 2 од
Конвенцијата, треба да му ги исплати на Жалителот, следните
износи, конвертирани во националната валута на тужената
држава по курсната листа во моментот на исплата:
(i) 600 Евра (шестотини евра) за нематеријална отштета;
(ii) 200 Евра (двеста евра) на име трошоци;
(iii) плус било каква такса која би била засметана за
Жалителот,
(б) дека по истекот на наведените три месеци па се до
исплатата, ќе се пресметува камата на горенаведеите износи, по
стапка еднаква на најниската стапка за позајмени средства на
ДИМИТРИЕВСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА
Европската Централна Банка, за периодот до исплатата на која
треба да се додадат три процентни поени
4. Го отфрла остатокот од барањето на жалителот за
правичен надомест.
Изготвена на англиски, и објавена на 18 Декември 2008,
согласно член 77 став 2 и 3 од Деловникот за работа на Судот.
Claudia Westerdiek
Rait Maruste
Секретар
Претседател
© Rada Europy / Europejski Trybunał Praw Człowieka, źródło: HUDOC (hudoc.echr.coe.int), pozyskano 13.07.2026. · Źródło