27865/02
WyrokETPCz2009-09-17ECLI:CE:ECHR:2009:0917JUD002786502
Analiza orzeczenia
Sekcja wygenerowana przez AI na podstawie treści orzeczenia — nie stanowi cytatu.
Zagadnienie prawne
Czy przewlekłość postępowania egzekucyjnego naruszyła prawo do rozpoznania sprawy w rozsądnym terminie z art. 6 ust. 1 Konwencji? Czy uchylenie prawomocnego orzeczenia sądowego przez Sąd Najwyższy na wniosek prokuratora publicznego naruszyło prawo do poszanowania mienia z art. 1 Protokołu nr 1?Ratio decidendi
Trybunał uznał, że postępowanie egzekucyjne, trwające łącznie około ośmiu lat i dziesięciu miesięcy, z czego ponad pięć lat przypadało na okres podlegający jurysdykcji Trybunału, było nadmiernie długie, zwłaszcza biorąc pod uwagę niską złożoność prawną sprawy i brak przyczyn opóźnień po stronie skarżącej. Wielokrotne uchylanie orzeczeń i zwracanie sprawy do ponownego rozpoznania przez sądy krajowe, wynikające z rozbieżnych interpretacji prawnych, stanowiło poważną wadę systemu prawnego. W odniesieniu do prawa własności, Trybunał stwierdził, że prawomocne orzeczenie sądu apelacyjnego, które uznało roszczenie skarżącej, stanowiło jej „mienie”. Uchylenie tego orzeczenia przez Sąd Najwyższy na wniosek prokuratora publicznego, który nie był stroną postępowania i działał z pełną swobodą, było ingerencją w to prawo. Trybunał uznał, że taka ingerencja nie była zgodna z zasadą praworządności i naruszyła sprawiedliwą równowagę, nakładając na skarżącą indywidualny i nadmierny ciężar.Stan faktyczny
Skarżąca, Nevena Bočvarska, była właścicielką jednoosobowej działalności gospodarczej. Jej firma miała roszczenie wobec dłużnika, które zostało potwierdzone prawomocnym wyrokiem sądowym. W 1994 roku zawarto ugodę sądową dotyczącą spłaty długu. Pomimo ugody, dłużnik nie wywiązywał się z płatności, co doprowadziło do długotrwałych postępowań egzekucyjnych. Sąd Najwyższy wielokrotnie uchylał korzystne dla skarżącej orzeczenia sądów niższych instancji na wniosek prokuratora publicznego, kwestionując legitymację procesową skarżącej i wykonalność ugody. Ostatecznie, w 2002 roku, Sąd Najwyższy uchylił prawomocne orzeczenie Sądu Apelacyjnego, które przyznało skarżącej roszczenie, co uniemożliwiło jej odzyskanie długu.Rozstrzygnięcie
Trybunał jednogłośnie stwierdził naruszenie art. 6 ust. 1 Konwencji w odniesieniu do długości postępowania. Trybunał jednogłośnie stwierdził naruszenie art. 1 Protokołu nr 1. Trybunał zasądził skarżącej 1 600 euro tytułem zadośćuczynienia za szkodę niemajątkową oraz 1 000 euro tytułem kosztów i wydatków. Pozostałą część roszczenia o słuszne zadośćuczynienie oddalono.Pełny tekst orzeczenia
ПЕТТИ ОДДЕЛ
БОЧВАРСКА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
(Жалба бр. 27865/02)
ПРЕСУДА
СТРАЗБУР Септември 2009
Оваа пресуда ќе стане конечна согласно околностите утврдени во член 44
§ 2 од Конвенцијата. Истата може да биде предмет на редакциски измени
Напомена: Македонскиот превод на текстот на одлуката на Европскиот суд за
човекови права е исклучиво информативен и од него не произлегуваат никакви
права и/или обврски. Единствено официјалниот текст на одлуката на
Европскиот суд за човекови права на англиски и/или француски јазик, објавена од
страна на Судот е автентичен и се смета за оригинал. Не е дозволено
објавување на овој превод на било каков начин без претходна дозвола од страна
на Министерството за правда на Република Македонија, освен во случај доколку
се користи за информирање.
БОЧВАРСКА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ꢀ ПРЕСУДА
Во случајот Бочварска против Република Македонија,
Европскиот суд за човекови права (Петти оддел), заседавајќи
во совет во состав:
Peer Lorenzen, President,
Renate Jaeger,
Karel Jungwiert,
Rait Maruste,
Mark Villiger,
Мирјана Лазарова Трајковска,
Zdravka Kalaydjieva, судии,
и Claudia Westerdiek, секретар на судскиот оддел,
На седниците одржани на 6 ноември 2007 и 25 август 2009
година,
Ја донесе следната пресуда, која беше усвоена на истиот
датум:
ПОСТАПКА
1. Предметот е поведен со жалба (бр.27865/02) против
Република Македонија, поднесена до Судот согласно членот 34
од Конвенцијата за заштита на човековите права и основни
слободи (“Конвенцијата“) од страна на двајца македонски
државјани, гꢀѓа Невена Бочварска и гꢀдин Ангел Ќупев, на 29
април 2002 година.
2. Со одлука од 6 ноември 2007 година, Судот ја огласи
жалбата за делумно допуштена само по однос на гꢀѓа Бочварска
(“жалителот“).
3. Жалителот беше застапуван од гꢀѓа Лорија Ваневска,
адвокат од Скопје. Македонската Влада (“Владата“) беше
застапуван од нејзиниот Агент, гꢀѓа Радица Лазареска Геровска.
4. Жалителот тврдеше особено дека, таа била лишена од
мирното уживање на нејзината сопственост и дека постапките во
случајот биле нерзумно долги.
БОЧВАРСКА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ꢀ ПРЕСУДА
ФАКТИ
I. ОКОЛНОСТИ НА СЛУЧАЈОТ
5. Жалителот е родена 1958 година и живее во Скопје.
6. Врз основа на официјално известие на Министерството за
финансии од 1997 година, жалителот гꢀдин Ангел Ќупев, ја
регистрирал Наша книга СТД (самостоен трговски дуќан,
“претпријатието“, наспроти Законот за трговски друштва
согласно со кој е предвидена регистрација на претпријатијата),
во дуќан со кој вршел деловни активности. На 17 јули 1992
година, трговската дејност на претпријатието запрела. На 8
февруари 1993 година, претпријатието се пререгистрирало на
име на жалителот. Претпријатието работело до 22 февруари година, кога неговите активности доброволно биле
окончани.
А. Граѓанска постапка за утврдување на побарувањето на
претпријатието
7. На 23 јуни 1993 година, Окружниот Стопански суд го усвоил
предлогот на претпријатието и наредил на АД Газела
(“должник“) да му го плати долгот во износ од 1,393,377.70,
тогашни денари, со затезна камата. Судот утврдил дека,
должникот и претпријатието имале склучено рамковен договор
врз основа на кој како последна обврска било набавка на
производи од хартија за должникот. Бидејќи должникот
пропуштил да изврши исплата за направената набавка на
производите, судот го усвоил барањето на претпријатието.
8. На 10 септември 1993 година, Стопанскиот суд на
Македонија, постапувајќи како жалбен суд, ја одбил жалбата на
должникот и ги потврдил одлуките на пониските судови. На 22
март 1994 година, Врховниот суд ја одбил ревизијата на
должникот и ги потврдил одлуките на пониските судови.
А.Извршната постапка, иницијано поведена од страна на
претпријатието
9. На 2 октомври 1993 година, претпријатието доставило
предлог за извршување на долгот од пресудата, предлагајќи ги
следните средства за извршување: трансфер на пари од
сметката на должникот и попис, проценка и јавна продажба на
БОЧВАРСКА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ꢀ ПРЕСУДА
должниковиот подвижен и неподвижен имот. На 8 октомври 1993
година, Окружниот Стопански суд го дозволил предлогот на
претпријатието и му наредил на должникот да го исплати долгот.
На 3 ноември 1993 година, го одбил приговорот на должникот.
10. На 26 ноември 1993 година, Окружниот Стопански суд го
одбил барањето на должникот за одлагање на извршувањето.
На 25 декември 1993 година, Стопанскиот суд ја одбил жалбата
на должникот и го потврдил своето решение.
11. На 9 Јуни 1994 година, Окружниот Стопанскиот суд го
уважил приговорот на должникот и ја запрел извршната
постапка заради односната затезна камата.
12. На 2 септември 1994 година, Окружниот Стопанскиот суд
му наложил на Заводот за платен промет да достави барање до
банката во која должникот имал девизна сметка, да изврши
пренос на одредел дел на сметката на претпријатието. Исто така
наложил, банката да не врши плаќање на налозите од други
странки на сметката на должникот, се до целосно намирување
на долгот на претпријатието. Судот утврдил дека,
претпријатието примило дел од износот на долгот утврден со
пресудата. Понатаму определил дека, бидејќи нема други
достапни средства на сметката на должникот, на 25 јули 1994
година, според барањето на претпријатието до судот, да се
изврши неговото барање од други сметки кои биле во
сопственост на должникот.
13. На 6 октомври 1994 година, претпријатието застапуван од
гꢀдин А.Ќупев и должникот, пред судот склучиле судска спогодба
(“спогодба од 1994 година“) за начинот на обезбедување на
плаќањето од преостанатиот долг, кој изнесувал 21,774,593.00
тогашни денари (844,631 германски марки). Претпријатието се
согласило да го прими преостанатиот долг на 12 еднакви рати
во рок од една година.
14. Бидејќи должникот не го плаќал долгот онака како што
било договорено, на 27 октомври 1994 година, Окружниот
Стопанскиот суд, одредил попис и јавна продажба на возилата
на должникот. На 30 ноември 1994 година, Стопанскиот суд ја
одбил жалбата на должникот и го потврдил судското решение на
понискиот суд.
15. На 12 јануари 1995 година, Окружниот Стопанскиот суд
делумно го усвоил барањето за одлагање на извршувањето на
должникот, само за товарните возила и автобус. На 29 јануари година, судот наредил возилата да бидат оздемени и да му
бидат вратени на должникот, бидејќи истите му биле потребни
за вршење на неговата основна дејност. На 29 август 1996
година, Апелациониот суд Скопје ги потврдил овие одлуки.
БОЧВАРСКА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ꢀ ПРЕСУДА
16. На 14 април 1997 година, Основниот суд Скопје го одбил
барањето на должникот за одлагање на извршувањето од
спогодбата од 1994 година.
17. На 23 септември 1997 година, Основниот суд го усвоил
приговорот на должникот, кој тврдел дека, претпријатието нема
активна легитимација за да се јави како доверител, бидејќи
истото престанало да постои. Судот исто така ја запрел
извршната постапка и наложил на Заводот за платен промет да
ги симне од евиденција решенијата на судот со кои се наложува
извршувањето врз сметката на должникот. Ги отфрлил
тврдењата на жалителот дека, таа била наследник на
претпријатието и дека е потребно да ги превземе неговите
побарувања. На 30 април 1998 година, Апелациониот суд ја
одбил жалбата на претпријатието како недопуштена.
Б. Извршната постапка во поглед на спогодбата од 1994
година
18. Во текот на постапките, опишани погоре, на 14 јуни 1996
година, Општинскиот суд Скопје го усвоил предлогот на
претпријатието од 10 јануари 1996 година и издал налог за
извршување врз еден дуќан на должникот (“дуќанот“). На 2
септември 1996 година, Основниот суд Скопје го одбил
приговорот на должникот. На 31 октомври 1996 година,
Апелациониот суд ги укинал одлуките на пониските судови и
предметот го вратил на повторно одлучување. На 21 ноември година, Основниот суд Скопје го поништил налогот за
извршување и дуќанот го изземал од извршувањето бидејќи
истиот му бил потребен на должникот во вршењето на неговата
основна дејност. На 24 јануари 1997 година, Апелациониот суд ја
укинал одлуката
и
го вратил предметот на повторно
одлучување. На 7 јули 1997 година, Основниот суд го одбил
приговорот на должникот.
19. На 18 февруари 1997 година, претпријатието барало од
судот да го изврши предлогот утврден согласно со спогодбата
од 1994 година. На 24 февруари 1997 година, Основниот суд го
одобрил предлогот на претпријатието за продажаба на дуќанот
на должникот како главен долг, кој го достасал износот од
844,631 германски марки со камати сметани од 11 октомври година до исплатата, плус судски трошоци. На 19 март година, Основниот суд делумно го усвоил приговорот на
должникот и ја запрел извршната постапка до донесување на
нова одлука.
БОЧВАРСКА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ꢀ ПРЕСУДА
20. На 12 јуни 1997 година Апелациниот суд ја усвоил
жалбата на должникот ја поништил одлуката од 19 март 1997
година. Судот нашол дека, понискиот суд пропуштил да го
утврди приговорот на должникот по однос на тоа дека и други
извршни постапки веќе биле во тек помеѓу истите странки за
истиот предмет.
21. На 8 јули 1997 година, Основниот суд делумно го усвоил
приговорт на должникот и ја запрел извршната постапка по
однос на пресметаната камата. Налогот за продажба на дуќанот
останал непроменет.
22. На 12 септември 1997 година, Апелациониот суд ја одбил
жалбата на должникот и ја потврдил пониската судска одлука.
23. На 26 ноември 1997 година, јавниот обвинител поднел
барање за заштита на законитоста до Врховниот суд заради
испитување на законитоста на судските одлуки на пониските
судови од 8 јули и 12 септември 1997 година. Јавниот обвинител
спорел дека, спогодбата од 1994 година не може да има третман
на извршна исправа, со оглед на фактот дека таа била склучена
во вереме кога веќе течела извршната постапка и дека таа
воглавно се однесувала на средства за присилна наплата на
ненамирени долгови. Јавниот обвинител воедно ја спорел, inter
alia, и активната легитимација на претпријатието во извршната
постапка бидејќи тоа престанало да постои пред да го поднесе
предлогот за извршување на 18 февруари 1997 година. На 1
декември 1997 година, претпријатието доставило одговор на
барањето за заштита на законитоста.
24. На 29 јануари 1998 година, Врховниот суд го усвоил
барањето за заштита на законитоста и ги поништил нападнатите
одлуки. Судот утврдил дека, пониските судови погрешно
оцениле дека, спогодбата од 1994 година има статус на извршна
исправа која била подобна за извршување. Врховниот суд им
дал напатствија на пониските судови, inter alia, да се преиспита
активната легитимација на претпријатието како доверител во
извршната постапка.
25. На 2 април 1998 година, Основниот суд Скопје го усвоил
приговорот на должникот во врска со легитимацијата на
претпријатието да биде странка во постапката, како доверител.
Предлогот за извршување на претпријатието го одбил и наредил
постапката повторно да се преиспита, дали жалителот може да
биде доверител. Останал на ставот дека, жалителот бил
последното лице кое ги продолжило деловните активности на
претпријатието пред истото да престане да постои. Заради тоа
што претпријатието немало својство на правно лице, сите
негови права и обврски, вклучувајќи ги и неговите побарувања
БОЧВАРСКА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ꢀ ПРЕСУДА
против должникот, мораат да бидат оценети дека му биле
префрлени на жалителот како на физичко лице, кое управувало
претпријатието.
26. На 11 јуни 1998 година, Апелациониот суд Скопје ја
потврдил одлуката на понискиот суд и не нашол основ да
отстапи од дадените образложенија.
27. На 22 септември 1998 година, јавниот обвинител поднел
ново барање за заштита на законитоста до Врховниот суд,
спорејќи ја законитоста на решенијата на пониските судови,
тврдејќи дека жалителот немал активна легитимација да го
замени претпријатието и да ја преземе извршната постапка како
доверител. Понатаму спорел дека, спогодбата од 1994 година не
може да се смета за извршна исправа, бидејќи извршната
постапка била сеуште во тек во моментот на склучување на
истата. На или околу 29 септември 1998 година, жалителот, кој
бил застапуван од адвокат, доставил одговор на барањето за
заштита на законитоста.
28. На 11 ноември 1998 година, Врховниот суд го усвоил
барањето за заштита на законитоста на јавниот обвинител и ги
поништил одлуките на пониските судови. Утврдил дека,
пониските судови пропуштиле да утврдат дали извршната
постапка била активна пред да се склучи спогодбата од 1994
година. Врховниот суд сметал дека било ирелевантно тоа што
претпријатието престанало да делува, бидејќи, основачите на
претпријатието се носители на нивните права и обврски, заради
што било нивна обврска да го докажат нивниот статус пред
судовите.
29. На 17 март 1999 година, Основниот суд дозволил
извршување на спогодбата од 1994 година, преку продажба на
дуќанот за сметка на жалителот. Утврдил дека, извршната
постапка започната пред склучувањето на спогодбата од 1994
година, завршила со првостепена судска одлука од Септември година. Дополнително го признал статусот на жалителот да
може да ги превземе побарувања на претпријатието и да има
статус на доверител.
30. На 13 мај 1999 година, Апелациониот суд ја потврдил
одлуката на понискиот суд и ја одбил жалбата на должникот како
неоснована, во која тврдел, inter alia, дека жалителот пропуштил
да докаже дека таа можела да ги превземе побарувањата на
претпријатието.
31. На 9 јуни 1999 година, јавниот обвинител поднел трето
барање за заштита на законитоста пред Врховниот суд. Јавниот
обвинител останал на своите претходни наводи дека,
спогодбата од 1994 година не може да биде извршна исправа и
БОЧВАРСКА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ꢀ ПРЕСУДА
дека, жалителот неможе по автоматизам да ги превземе
побарувањата на претпријатието.
32. На 17 февруари 2000 година, Врховниот суд ги укинал
пониските судски одлуки. Нашол дека, погрешно биле утврдени
фактите дека жалителот ги превзел побарувањата од
претпријатието ipso jure, со тоа што таа била последниот
сопственик на претпријатието. Дополнително дал напатствија до
пониските судови да утврдат дали постои соодветна исправа со
која побарувањата на претпријатието преминале на жалителот.
33. На 23 Јуни 2000 година, Основниот суд барал од
жалителот да достави, во согласност со членот 22 од Законот за
извршната постапка (види став 51 поддолу), писмен доказ дека
побарувањата на претпријатието биле превземени од
жалителот. На 29 јуни 2000 година, жалителот доставил
документи до судот, вклучувајќи и биланс на приходи и расходи,
извод од банковни трансакции, признаница и документ издаден
од банка.
34. На 6 октомври 2000 година, Основниот суд го одбил
предлогот на жалителот за извршување на побарувањето
утврдено со спогодбата од 1994 година. Следејќи ги
напатствијата на Врховниот суд, сметал дека, не постои
соодветен документ кој утврдува дека побарувањата на
претпријатието преминале на жалителот. Заради тоа, заклучил
дека, жалителот неможе да има статус на доверител.
35. На 1 март 2001 година, Апелациониот суд ја укинал
одлуката на понискиот суд бидејќи пропуштил да утврди дали
жалителот бил сопственик и раководел со претпријатието како
единствен сопственик.
36. На 15 јуни 2001 година, Основниот суд го одбил предлогот
на жалителот како неоснован. Утврдил дека, доставените
документи до судот на 29 јуни 2000 година, не може да се
сметаат за валидни докази за фактот дека побарувањата на
претпријатието преминале на жалителот. Заклучил дека,
жалителот не може ipso jure да ги превземе побарувањата на
претпријатието.
37. На 6 септември 2001 година, Апелациониот суд го
преиначил решението и делумно го уважил предлогот за
извршување на жалителот во поглед на неговото основно
побарување од долгот од спогодбата од 1994 година. Го одбил
предлогот за наплата на камата. Утврдил, inter alia:
“...непобитен факт е дека доверителот, гꢀѓа Бочварска, била сопственик
на претпријатието...., кое немало својство на правно лице....Фактот дека
гꢀѓа Бочварска го вршела целокупниот промет на пазарот додека
претпријатието сеуште не било згаснато укажува дека таа била
БОЧВАРСКА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ꢀ ПРЕСУДА
одговорна за сите права и обврски кои произлегувале од работата на
претпријатието....недостатокот на својство на правно лице на
претпријатието...., чиј сопственик бил доверителот (жалителот), упатува
на тоа дека, не посотел посебен правен субјект, но тоа негово својство,
гледано како збир на права и обврски е врзано за единствениот
доверител, гꢀѓа Бочварска....нема пренос на побарувањата од
претпријатието на гꢀѓа Бочварска, бидејќи таа немала својство на правно
лице, но доверителот (жалителот) бил .... одговорен за обврските на
претпријатието...“
38. На или околу 15 Јануари 2002 година, јавниот обвинител
поднел четврто барање за заштита на законитоста пред
Врховниот суд против одлуката на Апелациониот суд.
39. На барање на јавниот обвинител, на 28 Јануари 2002
година, Основниот суд го одложил извршувањето се до
донесување на одлуката на Врховниот суд по подигнатото
барања за заштита на законитоста.
40. На истиот датум, жалителот доставил одговор на
барањето на јавниот обвинител до Основниот суд.
41. На 30 мај 2002 година, Врховниот суд го уважил барањето
за заштита на законитоста на Јавниот обвинител, ја преиначил
одлуката на Аплеациониот суд и го потврдил решението на
Основниот суд од 15 јуни 2001 година го потврдил. Нашол, inter
alia, дека пониските судови ги утврдиле следните факти:
“...извршната постапка течела пред Окружниот стопански суд помеѓу
(претпријатието) и (должникот). На 6 октомври 1994 година, тие склучиле
судска спогодба врз основа на која била поведена. извршната постапка...
на 23 септември 1997 година, Основниот суд Скопје ја запрел
постапката... на 30 април 1998 година, Апелациониот суд ја отфрлил
жалбата на (претпријатието) како недопуштена (овие одлуки биле
донесени во извршната постапка поведена пред да се склучи спогодбата
од 1994 година)... на 8 февруари 1993 година (претпријатието) било
регистрирано со името на гꢀѓа Бочварска... На 22 февруари 1995 година
(претпријатието)... престанало да постои. Гꢀѓа Бочварска била
последниот и единствен сопственик на (претпријатието), кое било
основано од нејзини средства и нејзина работна сила.“
42. Врховниот суд заклучил дека, Апелациониот суд погрешно
го применил материјалното право од следните причини:
“Во конкретниот случај, барањата од одредбите цитирани погоре (врз
основа на членот 22 од Законот за извршната постапка), во врска со
дозволувањето на извршувањето на предлог на лице кое не е означено
како доверител според извршната исправа, не било задоволени. Нема
писмена исправа која би потврдила дека побарувањето биле превземени
од (претпријатието) на гꢀѓа Бочварска, како доверител. Престанокот на
деловната активност на претпријатието, не може ipso jure да се врзе со
премин на вкупните побарувања врз последниот сопственик кој
управувал со него.... Дотолку повеќе, судската спогодба од 6 октомври година неможе да биде земена како извршна исправа, затоа што
произлегла од извршната постапка која веќе течела помеѓу ист
БОЧВАРСКА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ꢀ ПРЕСУДА
доверител (се мисли на претпријатието) и должник.... предмет на оваа
спогодба било извршувањето на преостанати долгови...“
43. Одлуката била доставена до жалителот на 25 јули 2002
година.
II. РЕЛЕВАНТНО ДОМАШНО ЗАКОНОДАВСТВО
1. Уставот
44. Членот 101 од Уставот предвидува дека, Врховниот суд е
највисокиот суд и дека обезбедува единствена примена на
законот од страна на судовите.
2. Закон за самостојно вршење дејност со личен труд од година
45. Членот 3 (1 и 3) од Законот предвидува дека претприемач
може да основа дуќан, заради вршење на дејност. Дуќанот може
да има својство на правно лице.
46. Членот 10 предвидува дека, претприемачот за основање
дуќан поднесува пријава до општинскиот орган на управата
надлежен за работите на соодветната дејност.
47.Во согласност со членот 16 став 1 (1) од Законот, дуќанот
може да престане да постои доколку дуќанот ја повлече
пријавата.
3. Закон за извршната постапка од 1997 година
48. Членот
(6) од Законот за извшната постапка
(“Законот“),важечки во тој период, предвидувал дека, одлука
донесена по жалба е правосилна.
49. Врз основа на членот 8 од Законот, ревизија и барање за
повторување на постапката неможе да се поднесат против
правосилна одлука донесена во извршна постапка.
50.Членот 13 од Законот предвидува дека, одредбите од
Законот од 1998 година се применуваат, mutatis mutandis, во
постапките за извршување и обезбедување, сообразно, освен
ако не е поинаку определено со друг закон.
51. Врз основа на членот 15 (2), извршна судска одлука и
судска спогодба биле определени како извршна исправа.
БОЧВАРСКА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ꢀ ПРЕСУДА
52. Членот 22 (1) од Законот предвидува дека, извршувањето
може да се дозволи на предлог на лице кое не е означено како
доверител во извршната исправа само доколку тоа лице го
докаже тоа, преку јавна и според закон заверена исправа, дека
побарувањето преминало на него/неа. Доколку
е
тоа
невозможно, преминот на побарувањето мора да биде докажано
со правосилна одлука донесена во парнична постапка.
4. Закон за парничната постапка од 1998 година
53. Членот 319 од Законот за парничната постапка (“Законот
од 1998 година“), вачежки во периодот кога се водела
постапката превидувал дека, одлуката е правосилна доколку
неможе да се побива со жалба.
54. Во согласност со членот 380 (1) од Законот од 1998
година, во случај на суштествена повреда на постапката,
Врховниот суд може да ја укине првостепената и второстепената
одлука или само второстепената одлука и предметот да го врати
на повторно одлучување.
55. Членот 381 од Законот од 1998 година предвидува дека,
кога материјалното право било применето погрешно, Врховниот
суд, ќе ја усвои ревизијата и ќе ја преиначи нападнатата одлука.
Во предмети каде фактичката состојба е погрешно утврдена
заради погрешна примена на материјалното право и каде нема
услови за преиначување на нападнатата одлука, Врховниот суд
ќе ја усвои ревизијата и ќе го врати предметот на повторно
одлучување.
56. Во согласност со членот 387 од Законот од 1998 година,
Јавниот обвинител може да подигне, во рок од три месеци,
барање за заштита на законитоста против правосилна судска
одлука. Кога барањето е поднесено против второстепена
одлука, овој рок започнува да тече од денот кога странките ја
примиле одлуката. Кога засегнатите странки имаат поднесено
ревизија против второстепена одлука, Јавниот обвинител може
да подигне барање за заштита на законитоста само во рок од дена од денот кога му е доставена ревизијата на онаа
странка чија ревизија му е доставена порано
57. Во согласност со членот 390, барањето за заштита на
законитост може да се подигне по било кој основ кога се
повредени одредбите од постапката или е погрешно применето
материјалното право. Неможе да се подигне кога нападнатата
одлука.
58. Членот 394 (2) од Законот предвидува дека, inter alia,
одредбите од членовите 370, 373 до 381 и од 383 до 385 ќе се
БОЧВАРСКА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ꢀ ПРЕСУДА
применуваат, mutatis mutandis, во постапката по повод барањето
за заштита на законитоста.
5. Законот за парничната постапка од 2005 година
59. Законот со кој бил заменет Законот од 1998 година, не
содржи одредби во врска со барањето за заштита на
законитоста.
ПРАВО
I. НАВОДИ ЗА ПОВРЕДА НА ЧЛЕНОТ 6 ОД КОНВЕНЦИЈАТА
60. Жалителот се жалеше дека должината на извршната
постапка не била согласно барањето за судење во “разумен рок“
утврдено во членот 6 став 1 од Конвенцијата, кој во
релевантниот делот гласи:
„Во определувањето на неговите граѓански права и обврски ... секој има право
на фер ... судење во разумен рок од страна на (а) ... суд ...„
1. Произнесувања на странките
61. Жалителот се произнесе дека, извршните постапки при
разгледувањето треба да бидат земени предвид како еден сет
на постапки и дека, прекумерната употреба на вонредниот
правен лек – барањето за заштита на законитоста допринело за
нивната должина. Таа дополнително тврдеше дека, предметот
не бил од сложена природа и дека, таа неможе да се смета за
одговорна при неколкукратното користење на расположивите
правни лекови од страна на должникот и јавниот обвинител.
62. Владата тврдеше дека, случајот бил од сложена природа,
како и тоа дека барал утврдување на сложени правни прашања
како: активната легитимација на жалителот; дали течеле други
извршни постапки помеѓу исти странки во времето кога
претпријатието предлагало извршување на спогодбата од 1994
година; и дали истата спогодбата може да се третира како
извршна исправа.
63. Тие дополнително спореа дека, жалителот допринела за
должината на постапката пропуштајќи да достави било каков
писмен доказ во поткрепа на нејзините тврдења дека
БОЧВАРСКА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ꢀ ПРЕСУДА
побарувањата на претпријатието преминале врз неа се до јуни година. Тие исто така се осврнаа на прекумерното
искористување на сите расположиви правни лекови од страна на
должникот и неговата слаба финансиска состојба.
64. Во врска со однесувањето на домашните власти, Владата
напомена дека, судовите ги превземале сите неопходни разумни
чекори да ги избегнат непотребните оддолжувања.
2. Оценка на Судот
65. Судот забележува дека, извршната постапка била
започната на 2 октомври 1993 година, кога претпријатието
побарало извршување на одлуката на Окружниот стопански суд
од 23 јуни 1993 година. Како што било утврдено од домашните
судови, овие постапки завршиле на 30 април 1998 година (види
став 17 понапред). На 18 февруари 1997 година, започнал
вториот сет на извршни постапки, во однос на спогодбата од година. Овие два сета на постапки биле помеѓу исти
странки и за исти парични средства за извршување. Жалителот
бил странка во двата сета, и во едниот и во другиот како
сопственик на претпријатието и како застапник или лично таа.
Таа според тоа била овластена да се жали по однос на
постапките уште од самиот почеток (види Cocchiarella v. Italy
[GC], бр. 64886/01, § 113, ЕСЧП 2006).
66. Извршните постапки завршиле на 25 јули 2002 година,
кога одлуката на Врховниот суд била доставена до жалителот.
Според тоа, тие траеле приближно осум години и десет месеци,
од кои пет години, три месеци и 15 дена, потпаѓаат под
надлежност на Судот ratione temporis (до ратификацијата на
Конвенцијата од страна на РМ на 10 април 1997 година) во три
судски инстанци. Судот дополнително забележува дека, во
правец да се утврди разумноста на овој прериод мора да се
земе во предвид состојбата на постапката од денот на
ратификација ( види Атанасовиќ и други против Република
Македонија, бр. 13886/02, § 26, 22 декември 2005) и утврди дека,
до 10 април 1997 година извршните постапки биле сеуште
активни повеќе од три години и 2 месеци.
67. Судот потсетува дека, “правото на суд“ би било илузорно
доколку правниот систем на државата договорничка дозволува
правосилна, извршна судска одлука да остане неизвршена на
штета на една странка. Извршувањето на пресудата донесена
од било кој суд мора да биде земено како составен дел од
“судењето“ во смисла на членот 6. Државата има обврска
согласно членот 6 да го организира нејзиниот систем на
БОЧВАРСКА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ꢀ ПРЕСУДА
извршувањето на пресудите, на ефикасен начин, како во поглед
на законот така и во поглед на праксата, и да обезбеди нивно
извршување без неотребни оддолжувања (види Јанкуловски
против Република Македонија, бр. 6906/03, §§ 33 и 37, 3 Јули
2008).
68. Судот потсетува дека, разумноста на должината на
постапката мора да биде оценета во светло на околностите на
предметот и според соодветните веќе утврдени критериуми:
сложеност на предметот, однесувањето на жалителот и
домашните власти и засегнатиот интерес на жалителот во
спорот (види Атанасовиќ
и
други, цитирано погоре,
параграф 33, случај кој се однесува исто така на извршна
постапка).
69. Во конкретниот случај, Судот смета дека, иако предметот
имал мала правна сложеност, овој фактор сам по себе неможе
да ја оправда должината на постапката.
70. Исто така смета дека, немало оддолжувања кои би му се
препишале на жалителот. Како последно, жалителот неможе да
биде одговорен за процесното однесување на должникот и
јавниот обвинител (види Граберска против Република
Македонија, бр. 6924/03, параграф 61, 14 јуни 2007, и Стојанов
против Република Македонија, бр. 34215/02, параграф 57, мај 2007).
71. Во поглед на однесувањето на домашните власти, Судот
смета дека, во периодот кој потпаѓа под негова оценка,
предметот на жалителот бил преотваран во пет наврати.
Домашните судови, заради тоа неможе да се смета дека биле
неактивни. Во секој поглед, Судот смета дека, враќањето на
предметот заради повторно одлучување во еден сет на
постапки, открива сериозен недостаток на правниот систем
(види Pavlyulynets v. Ukraine, no. 70767/01, § 51, 6 September
2005, and Wierciszewska v. Poland, no. 41431/98, § 46, 25
November 2003). Главна причина за овие бројни повторувања на
судењето било различното правно мислење на домашните
судови во поглед на правните прашања наведени од Владата
(види параграф 60 погоре). Тие прашања влијаеле на должината
на извршната постапка.
72. Испитувајќи го целокупниот доставен доказен материјал,
Судот смета дека, во овој случај должината на извршната
постапка била прекумерна и не ги исполнила барањата за
судење во “разумен рок“ според членот 6 став 1 од
Конвенцијата.
73. Според тоа, постои повреда на овие одредби.
БОЧВАРСКА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ꢀ ПРЕСУДА
II. НАВОДИ ЗА ПОВРЕДА НА ЧЛЕНОТ 1 ОД ПРОТОКОЛОТ 1
ОД КОНВЕНЦИЈАТА
74. Жалителот се жалеше согласно членот 1 од Протоколот 1
дека, таа била спречена да ја реализира наплатата на долгот на
претпријатието, иако таа била последниот и единствен
сопственик. Членот 1 од Протоколот 1, гласи:
“Секое физичко и правно лице има право на непречено уживање на
својата сопственост. Никој нема да биде лишен од својата сопственост
освен кога е тоа во јавен интерес и под услови определени со закон и
општите принципи на меѓународното право.
Претходните одредби на никаков начин не го спречуваат правото на
државата да ги примени оние закони кои се неопходни за да се
контролира користењето на сопственоста, согласно на општите интереси
или да се обезбеди плаќање на даноците или други придонеси или
парични казни.”
1. Произнесувања на странките
75. Жалителот наведе дека имала сопственост во смисла на
наведените одредби. Таа тврдеше дека, претпријатието не
треба да се гледа како правно лице, туку како физичко лице чии
деловни активности биле регистрирани кај надлежното
Министерство. Во овој правец таа тврдела дека, неговите
сопственици биле лично одговорни за долговите на
претпријатието
и
обврските visꢀàꢀvis трети лица. Таа
дополнително тврдеше дека, јавниот обвинител неправилно се
замешал во постапката иако таа не била од јавен интерес од
следните причини: не бил непристрасен; застапувал приватен
интерес на една од странките; и дека материјалното право било
погрешно применето.
76. Владата тврдеше дека наспроти побарувањето на
претпријатието, кое може да потпадне во смислата на членот 1
од Протоколот 1, жалителот не можел да смета дека има
“сопственост“ во смисла на овој член, заради тоа што, таа
пропуштила да докаже дека, побарувањата на претпријатието
преминале врз неа. Тие уверуваа дека, жалителот немал
стекнато статус на доверител преку правосилна одлука. Иако
таа била утврдена како доверител во трите правосилни одлуки
донесени од страна на Апелациониот суд, тие подоцна биле
изменети од Врховниот суд, кој, во согласност со принципите на
законитост, го усвоил барањето за заштита на законитоста
поднесено од Јавниот обвинител.
БОЧВАРСКА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ꢀ ПРЕСУДА
77. Тие понатаму изнесоа став дека, жалителот, и по
претпоставка дека, таа имала право на “сопственост“ согласно
овие одредби, таа била лишена од тоа право заради јавниот
интерес и врз основа на условите предвидени со Законот.
Наводното лишување било засновано со барањето за заштита
на законитоста на јавниот обвинител, вонреден правен лек,
наменет да обезбеди еднаква примена на законот според
начелото на законитост. Уште повеќе, државата, преку овој
правен лек, има механизам во нејзината моќ, да го преотвори
предметот кога правото и меѓународните договори се повредени
од правосилна судска одлука.
2. Оценка на Судот
(a) Дали постоела сопственост
78. Апелациониот суд, со неговата одлука од 6 септември година, утврдил во корист на жалителот извршно
побарување, утврдувајќи дека имала активната легитимација на
претпријатието ја стекнала единствено таа. Оваа одлука
станала правосилна, бидејќи немало основ за поднесување на
редовна жалба против истата (види став 48 и 49 понапред). Ова
побарување мора да се третира како “сопственост“ за целите на
членот 1 од Протоколот 1 (види Stran Greek Refineries and Stratis
Andreadis v. Greece, judgment of 9 December 1994, Series A
no. 301ꢀB, p. 84, § 59; Burdov v. Russia, no. 59498/00, § 40, ECHR
2002ꢀIII; Roꢁca v. Moldova, no. 6267/02, § 31, 22 March 2005; and
Ryabykh v. Russia, no. 52854/99, § 61, ECHR 2003ꢀIX).
(б) Дали имало попречување
79. Веќе е востановена судската пракса на Судот дека,
укинувањето на правосилна и извршна пресуда со која е
утврдена “сопственост“ на жалиел, претставува попречување на
правото на сопственост на жалителот (види Tregubenko v.
Ukraine, no. 61333/00, § 51, 2 November 2004, and Brumărescu v.
Romania [GC], no. 28342/95, § 74, ECHR 1999ꢀVII). Судот не
увиде соодветни причини да отстапи од овој свој пристап во
конкретниот случај.
БОЧВАРСКА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ꢀ ПРЕСУДА
(в) Дали попречувањето било оправдано
80. Судот потсетува дека, Преамбулата на Конвенцијата
утврдува дека, покрај останатото, владеењето на правото мора
да биде дел од заедничкото наследство на државите
договорнички (види Brumărescu, цитиран погоре, параграф 61).
81. Во врска со членот 1 од Протоколот 1, Судот веќе утврдил
дека, лишувањето од сопственост може да биде оправдано само
е докажано дека тоа е сторено, inter alia, дека е “заради јавен
интерес“ и “под услови утврдени со закон“. Дотолку повеќе, било
какво попречување на сопственоста мора, исто така да го
задоволи критериумот на пропорционалност. Потребниот
баланс ќе биде нарушен кога односното лице поднесува “лична
и прекумерна пречка“ (види Tregubenko, цитиран понапред,
став 53).
82. Во конкретниот предмет Судот забележува дека
вмешувањето на државата во правото на сопственост е сторено
со одлуката на Врховниот суд од 20 мај 2002 година. Оваа
одлука е донесена врз основа на барањето за заштита на
законитоста поднесена од јавниот обвинител, согласно
важечките одредби на парничната постапка (види ставови 52ꢀ55
понапред). Нарушувањето е сторено врз основа на правен лек
баран од страна на државен орган, кој не бил странка во
постапката (види Roseltrans v. Russia, no. 60974/00, §§ 13 and 27, July 2005) Дополнително, јавниот обвинител имал целосна
дискреција при одлучувањето дали ќе подигне барање за
заштита на законитоста пред Врховниот суд (види Lepojić
v. Serbia, no. 13909/05, § 54, 6 November 2007, и Димитровска
против
Република
Македонија
(одлука.)
no.21466/03, септември 2008 година). Од овие причини, Судот смета дека,
со правните ефекти од барањето за заштита на законитоста
согласно Законот од 1998 година –укинувањето на одлуката од 6
септември 2001 година од страна на Врховниот суд – може да се
спореди со оние во кои постои систем на супервизија кај некои
земји договорнички, со оглед на тоа дека Врховниот суд го
поништил целокупниот судски процес кој завршил со судска
одлука која станала “правосилна“, и на тој начин неповратна
како res judicata (види Brumărescu, cited above, § 62; Roꢁca v.
Moldova, no. 6267/02, § 27, 22 March 2005; Svetlana Naumenko v.
Ukraine, no. 41984/98, § 92, 9 November 2004 and Ryabykh v.
Russia, no. 52854/99, § 53, ECHR 2003ꢀIX).
БОЧВАРСКА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ꢀ ПРЕСУДА
83. Судот утврди дека, укинувањето на одлуката од 6
септември 2001 година не е во склад со владеењето на правото,
кое е нераздвоиво од сите членови од Конвенцијата (види, a
contrariо, Protsenko v. Russia, no. 13151/04, § 33, 31 July 2008, во
овој предмет Судот нашол дека, пропуштањето да се земе во
предвид интересот на трети лица на кои правата им биле
повредени со правосилна одлука, било законска основа за
повторување на постапката со барање за вонредно
преиспитување)
84. Имајќи ги во предвид напред споменатите образложенија,
Судот смета дека, “балансот “ бил повреден со донесувањето на
одлуката на Врховниот суд и дека, жалителот претрпела лична и
прекумерена пречка. Заради тоа постои повреда на членот 1 од
Протоколот 1.
III. ПРИМЕНА НА ЧЛЕНОТ 41 ОД КОНВЕНЦИЈАТА
85. Членот 41 од Конвенцијата предвидува дека:
““Кога Судот ќе оцени дека постои повреда на Конвенцијата или на
протоколите,
и доколку внатрешното право на засегнатата Висока
договорна страна овозможува само делумна репарација на штета, тогаш
доколку е тоа неопходно, Судот ќе му додели правична отштета на
оштетениот.”
A. Штета
86. Жалителот бараше 21,774,593 денари со законска
затезна камата сметана од денот на склучувањето на
спогодбата, 11 октомври 1994 година, на име на материјална
отштета согласно членот 1 од Протоколот 1. Овој износ се
совпаѓала со износот наведен во спогодбата од 1994 година
(вид став 13 понапред). Жалителот исто така бараше 1,000,000
евра за трошоци за живот заради “уништениот бизнис и
изгубената заработувачка“. Таа наведе дека должникот бил
трајно прогласен за инсолвентен (во стечај) и дека таа неможе
да го намири своето побарување. На крајот, таа бараше 30,000
евра на име на нематеријална отштета за вознемиреност и
емотивно страдање кое било резултата од долгото водење на
постапките.
87. Владата ги оспори овие барања како неосновани. Во
поглед на материјалната отштета тие беа со став дека: а)
немало основ за доделување на износот утврден со спогодбата
од 1994 година, бидејќи со последната одлука на Врховниот суд
го одбил предлогот како неоснован и б) не постоело причинско
БОЧВАРСКА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ꢀ ПРЕСУДА
последична врска помеѓу наводните повреди и бараните
“трошоци за живот“.
88. Во врска со материјалната отштета барана врз основа на
членот 1 од Протоколот 1, Судот оцени дека, жалителот не
доставил било какви докази дека, во времето кога Врховниот суд
ја донел својата одлука, должникот не бил контрилиран
(управуван) од страна на државата, што доколку било така би
било основ за целосна одговорност на државата по однос на
долгот од пресудата утврден со одлуката на Апелациониот суд
од 6 септември 2001 година. Понатаму, од судските списи, како
што може да се увиди, Судот неможе да утврди дали, во истото
време, должникот имал доволно актива за да ја исполни
спогодбата од 1994 година. Во врска со ова, Судот најде дека,
нема докази кои би потврдиле за тоа, кога или дали должникот
бил огласен за платежно неспособен или било каква друга
неможност за плаќање ја нарушила можноста на жалителот да
го намири долгот. Во овие околности, Судот најде дека, нама
причинско последична врска помеѓу бараната материјална
отштета и утврдените повреди. Заради тоа, го одби барањето за
нематеријална отштета на жалителот кое е засновано на
износот од спогодбата од 1994 година. Од истите причини го
одби и барањето за плаќање на камата на наведениот баран
износ.
89. Судот понатаму забележа дека, жалителот не доставил
било како доказ кој ќе овозможи да се утврди дали и со кој обем
настанатите повреди имале било каков негативен придонес врз
стандардот за живот на жалителот, заради тоа го одби оба
барање.
90. На крајот, Судот прифати дека жалителот претрпел
одредена нематеријална штета која неможе да биде доволна за
да се замени утврдената повреда сама по себе (види, mutatis
mutandis, TeltronicꢀCATV v. Poland, no. 48140/99, § 70, 10 January
2006). Правејќи ги овие провенки врз принципите на правичност
и имајќи ги во предвид околностите на случајот, Судот му
доделува на жалителот 1,600 евра по овој основ.
Б. Трошоци и надоместоци
91. Жжалителот бараше MKD 2,334,100 (околу EUR 38,100) со
камата од 30 Maј 2002, до намирувањето, на име трошоци и
надоместоци пред домашните судови. Ова ги опфаќа и судските
и други такси. Жалителот достави специфицирана листа на
трошоци.Не достави докази заа судските такси. На крајот таа
БОЧВАРСКА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ꢀ ПРЕСУДА
бараше EUR 5,000 за трошоци во постапката пред ЕСЧП. За
поткрепа на тоа побарување не достави никакви документи.
92. Владата ги оспори овие барања како неосновани.
93. Согласно судската пракса, жалителот има право на
надомест на име трошоци само доколку истите биле вистински и
неопходно сторени од страна на жалителот, како и доколку се
разумни по висина (види Editions Plon v. France, no. 58148/00,
§ 64, ECHR 2004ꢀIV). Судот забележува дека според членот 60
од Деловникот на Судот “жалителот мора да поднесе
специфицирани документи како поткрепа на сите барања,
заедно со сите документи во поддршка, што доколку се
пропушти, Советот може целосно или делумно да го одбие
барањето” (види Parizov v. Republic of Macedonia, no. 14258/03,
§ 71, 7 February 2008).
94. Имајќи го предвид известието за тарифата доставено од
жалителот, Судот смета дека само EUR 1,000 се однесуваат на
адвокатски трошоци кои се сторени по ратификацијата на
Конвенцијата од страна на тужената држава, и дека се
донесуваат на барањето да се превенира повредата утврдена
од Судот, пред националните судови (see, mutatis mutandis,
Stoimenov v. the Republic of Macedonia, no. 17995/02, § 56, 5 April
2007).
95. Во овие околности, Судот нема основ да додели целосен
надомест на износот баран по основ на настанати трошоци и
надоместоци во домашната постапка. Судот смета дека
жалителот има право на надомест од Еур 1000,ꢀ, како и било
какви давачки кои можат да се пресметаат на него.
96. На крајот Судот забележува дека жалителотне доставил
никакви пропратни документи или поединости по однос на
нејзиното барање на трошоците настанати во постапката пред
него Соодветно, Судот не доделува никаков износ под овој
наслов (see Parizov, cited above, § 72).
Б. Затезна камата
97. Судот смета за соодветно да се исплати затезна камата
според најниската каматна стапка за позајмени средства на
Европската Централна Банка, на која треба да се додадат 3%.
БОЧВАРСКА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ꢀ ПРЕСУДА
ОД ОВИЕ ПРИЧИНИ, СУДОТ ЕДНОГЛАСНО
1. Смета дека постои повреда на членот 6 став 1 од
Конвенцијата во поглед на должината на постапката;
2. Смета дека постои повред на членот 1 од Протоколот 1;
3. Смета дека:
(а) тужената држава, треба да му ги исплати во рок од 3
месеци од денот на правосилноста на пресудата согласно
член 44 став 2 од Конвенцијата, на жалителот наведените
износи, ковертирани во домашната валута на тужената
држава по курсна листа на денот на исплатата, и тоа:
(i) 1,600 евра (илјада и шестотини евра), зголемен за
износот на било какви издатоци кои притоа би можеле да
се наплатат, на име на нематеријална отштета;
(ii) 1,000 евра (илјада евра), зголемен за износот на било
какви издатоци кои притоа би можеле да се наплатат, на
име на трошоци и надоместоци;
(б) по истек на рокот од 3 месеци споменат понапред, во кој
треба да се исплати наведената сума, ќе се засметува
камата на споменатиот износ, по стапка еднаква на
најниската стапка за позајмени средства на Европската
Централна Банка, за периодот до плаќањето зголемена за
3%.
4. Го отфрла едногласно остатокот од барањето за правичен
надоместок на жалителот.
Изготвено на англиски и објавена на 17 септември 2009 година,
согласно член 77 став 2 и 3 од Деловникот на Судот.
Claudia Westerdiek
Секретар
Peer Lorenzen
Претседател
© Rada Europy / Europejski Trybunał Praw Człowieka, źródło: HUDOC (hudoc.echr.coe.int), pozyskano 13.07.2026. · Źródło