29032/95

WyrokETPCz2001-07-12ECLI:CE:ECHR:2001:0712JUD002903295

Analiza orzeczenia

Sekcja wygenerowana przez AI na podstawie treści orzeczenia — nie stanowi cytatu.

Zagadnienie prawne
Czy uznanie wypowiedzi skarżącego, krytykującej ministra kultury za jego „faszystowską przeszłość”, za zniesławiającą i nałożenie na niego sankcji, stanowiło nieproporcjonalną ingerencję w jego prawo do wolności wypowiedzi, naruszając art. 10 Konwencji?
Ratio decidendi
Trybunał uznał, że wypowiedź skarżącego, choć zawierała ostre słowa („faszystowska przeszłość”), stanowiła subiektywną opinię wyrażoną w kontekście debaty politycznej o publicznym znaczeniu, dotyczącej ministra rządu. Trybunał podkreślił, że granice dopuszczalnej krytyki są szersze w przypadku polityków niż osób prywatnych, a wolność wypowiedzi obejmuje również idee, które obrażają, szokują lub niepokoją. Wymóg sądów krajowych, aby subiektywna opinia była poparta *wyraźnym* wskazaniem wszystkich faktów, na których się opiera, został uznany za zbyt restrykcyjny, zwłaszcza gdy opinia bazowała na informacjach już publicznie znanych. Trybunał stwierdził, że sądy krajowe nie wykazały przekonująco „pilnej potrzeby społecznej” ochrony praw osobistych ministra ponad wolność wypowiedzi skarżącego i interes publiczny w promowaniu tej wolności w sprawach publicznych.
Stan faktyczny
Skarżący, Ľubomír Feldek, słowacki poeta i publicysta, opublikował w 1992 roku wiersz i oświadczenie krytykujące Dušana Slobodníka, nowo mianowanego ministra kultury, za jego „faszystowską przeszłość”. Krytyka dotyczyła członkostwa Slobodníka w Hlinka Youth i udziału w szkoleniu wojskowym w 1944 roku, co było publicznie znane z jego autobiografii i doniesień medialnych. Slobodník wniósł pozew o zniesławienie, a słowackie sądy krajowe, w tym Sąd Najwyższy, uznały wypowiedzi Feldeka za naruszające dobra osobiste ministra, nakazując mu publikację oświadczenia o zniesławiającym charakterze jego wypowiedzi i zapłatę odszkodowania.
Rozstrzygnięcie
Stwierdza, pięcioma głosami do dwóch, naruszenie art. 10 Konwencji. Stwierdza jednogłośnie, że nie ma odrębnego problemu w odniesieniu do art. 9 Konwencji. Stwierdza jednogłośnie, że nie ma naruszenia art. 14 Konwencji. Stwierdza, pięcioma głosami do dwóch, że państwo pozwane ma zapłacić skarżącemu 65 000 SKK za szkody niemajątkowe oraz 500 000 SKK za koszty i wydatki. Oddala pozostałą część żądania słusznego zadośćuczynienia.

Pełny tekst orzeczenia

CONSEIL   DE L’EUROPE   COUNCIL   OF EUROPE   COUR EUROPÉENNE DES DROITS DE L’HOMME   EUROPEAN COURT OF HUMAN RIGHTS   СОВЕТ НА ЕВРОПА   ЕВРОПСКИ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА   ВТОР ОДДЕЛ   СЛУЧАЈ   FELDEK против СЛОВАЧКА   (Жалба бр. 29032/95)   ПРЕСУДА   СТРАЗБУР   јули 2001   КОНЕЧНА   12/10/2001   Во случајот Фелдек против Словачка,   Европскиот суд за човекови права (Втор оддел) заседавајќи во   судски совет во состав :   C.L. ROZAKIS, претседател,   A.B. BAKA,   G. BONELLO,   V. STRÁŽNICKÁ,   P. LORENZEN,   M. FISCHBACH,   A. KOVLER, судии,   и E. FRIBERGH, секретар на одделот,   Расправајќи на затворена седница на 15 јуни 2000 и 21 јуни 2001,   Ја донесе следнава пресуда која беше усвоена на вториот датум:   ПРЕСУДА   1. Случајот е инициран со жалба   (бр.29032/95) против   Република Словачка поднесена до Европската комисија за   човекови права согласно членот 25 од Конвенцијата за заштита на   човековите права и основни слободи („Конвенцијата“) од страна на   словачкиот државјанин, г-дин Ľubomír Feldek („жалител”), на 11   септември 1995. Жалителот, кој е поет, писател и публицист,   подоцна се здобил со чешко државјанство.   2. Жалителот бил застапуван од г-дин E. Valko, адвокат од   Братислава. Словачката влада („Владата“) беше застапувана од   нејзиниот агент, г-дин R. Fico, кој беше наследен од г-дин P.   Vršanský, на 14 април 2000.   3. Жалителот се жалел дека неговите права на слобода на   изразување и слобода на мислење биле прекршени и дека бил   Фелдек против Словачка - Пресуда   дискриминиран во контекстот на постапката за клевета поднесена   против него.   4. На 1 ноември 1998 оваа жалба била поднесена до судот, кога   Протоколот бр.11 од Конвецијата стапил на сила (член 5 § 2 од   Протоколот бр.11).   5. Жалбата била доделена на Вториот оддел на судот   (Правило 52 § 1 од Правилата на судот). Судот, од тој оддел, кој го   презел случајот (член 27 § 1 од Конвенцијата) бил составен   согласно правилото 26 § 1.   6. Судот ја прогласи жалбата за делумно усвоена со одлуката   донесена на 15 јуни 2000 [Забелешка од Регистарот.Одлуката на   судот е според Регистарот].   7. По сослушувањето на странките, Судот одлучил дека не е   потребно сослушување на заслугите (правило 59 § 2 in fine),   странките поднеле дополнително набљудување на заслугите. Исто   така, биле земени искази од трета странка, г-дин Dušan Slobodník,   кому му било дозволено од страна на Претседателот да   интервенира во пишаната постапка (член 36 § 2 од Конвенцијата и   правило 61 § 3).   ФАКТИ   I. ОКОЛНОСТИ НА СЛУЧАЈОТ   8. Г-дин Dušan Slobodník, истражувач во областа на   литературата,   во 1991 објавил автобиографија со наслов   Paragraph: Polar Circle (Параграф: Поларен Круг). Во неа, меѓу   другото, ја опишал неговата пресуда од Советскиот воен трибунал   во 1945 заради тоа што му било наредено да ја шпионира   Советската армија, откако се приклучил во воениот тренинг курс   организиран од германците во 1944, кога имал 17 години. Г-дин   Slobodník во книгата исто така пишувал за притворот во Советскиот   затвор и рехабилитацијата од страна на Врховниот суд на Унијата   на советските социјалистички републики во 1960. Во јуни 1992, г-   дин Slobodník станал Министер за култура и образование на   Република Словачка.   9. На 20 јули 1992 весникот Тelegraf (Телеграф) објавил поема   од жалителот. Таа била напишана на 17 јули 1992 (денот кога   свечено бил прогласен суверенитетот на Република Словачка) и   била насловена “Good night, my beloved” („Добра ноќ, моја   љубена“). Во една од строфите пишува:   „Во   Прага   затвореникот   Havel   се   откажува   од   претседателската функција. Во Братислава обвинителот владее   повторно. А владеењето од страна на една странка е над   законот. Член на SS се прегрна со член на ŠTB [ŠTB (Štátna   bezpečnosť) била тајна полиција за време на комунистичкиот   режим на Чехословачка].“   10. Подоцна поемата била објавена и во друг весник. Двајца   новинари во одделни статии навеле дека изразот „член на SS“ е   наменет за г-дин Dušan Slobodník.   11. На 30 јули 1992 неколку весници ја објавиле изјавата која   што жалителот ја доставил до Јавната служба за информации   (Verejná informačná služba) претходниот ден. Таа била наречена „За   подобра слика на Словачка-без министер со фашистичко   минато“(“Za lepší obraz Slovenska – bez ministra s fašistickou   minulosťou”). Истата гласи:   „Постои проблем како да го одржиме демократскиот карактер   во [словачкиот] национален процес за еманципација, и многу   пати се имаме обидено да го решиме истиот. До сега, Словачка   Фелдек против Словачка - Пресуда   изгуби многу кога работите поврзани со словачката нација беа   во рацете на погрешни луѓе кои, пак, не водеа надвор од   демократската еволуција. Цената за тоа беше висока: на   пример, изгубените животи на борците во Националното   востание на Словачка [во 1944 и 1945] .   Сега ние сме исплашени дека истата грешка може да се   повтори. Да речеме дека начинот да стигнеме до Европа е да   работиме заедно и кооперацијата во таа демократска еволуција   не е доволна. Ова е директен услов кој потекнува од   меѓународното право и без чие исполнување никој во Европа   нема да не забележи.   Во моите полемики со г-дин Dušan Slobodník, минатата година,   ја искажав оваа загриженост; животот стави крај на пишувањето   на нашите полемики, и моите ставови се потврдија како точни.   Оваа година г-дин Slobodník стана Министер за образование и   култура на Република Словачка и неговото фашистичко минато   излезе во јавноста. Г-дин Slobodník се справи со оваа ситуација   на начин со кој што му дозволи на писателот Ladislav Mňačko да   докаже дека тој е лажго. Но, тој сеуште не се откажа од   министерското место, иако во било која друга држава ќе мораше   да го направи тоа пред многу време.   Дали г-дин Slobodník смета дека Словачка е некој посебен   исклучок и дека таа е единствената држава која го има правото   да ја повтори филозофијата на Нирнберг судењата, која, пак, е   поврзана со пост-воениот развој на сите останати европски   држави? Или погрешна е пораката на Словачкото национално   востание?... Дали г-дин Mečiar мисли дека овој министер во   владата ќе му помогне да ги убеди луѓето во Европа дека   неговиот говор за демократските намери на неговата влада е   сериозен? Дали е добро г-дин Slobodník да биде во владата   кога овој факт ќе доведе до политичка, економска и културна   изолација на Словачка?   Г-дин Slobodník сака да ја искористи секоја шанса да зборува   низ светот за подобрувањето на сликата за Словачка. Целосно   се согласувам со него за ова. Тој и има лична можност да   направи нешто за да ја подбри сликата за Словачка: да даде   отказ.“   12. На 5 август 1992 г-дин Slobodník јавно изјавил дека ќе го тужи   жалителот за горе наведената изјава.   13. Во интервју објавено во чешкиот дневен весник Lidové   noviny, на 12 август 1992, жалителот, меѓу другото, кажал:   „... кога зборувам за фашистичкото минато [на г-дин Slobodník],   јас не го карактеризирам него, туку само мислам дека фактот   што посетувал терористички тренинг курс организиран од СС   спаѓа под терминот „фашистичко минато“. Сметам дека за ваква   личност нема место во владата на една демократска држава...“   14. Во контекст на доделувањето на место на г-дин Slobodník во   владата, работите поврзани со неговото минато се најдоа во   неколку словачки и чешки весници пред и по објавувањето на   изјавата на жалителот. Статии во врска со ова, исто така, биле   објавени во The New York Times, на 22 јули 1992, Tribune de   Genève, на 18 септември 1992, Izvestia на 31 август 1992, како и од   страна на Австриската новинска агенција. The New York Times,   Tribune de Genève и Izvestia подоцна ја објавиле реакцијата на г-дин   Slobodník во врска со нивните статии.   15. На 9 септември 1992 г-дин Slobodník поднел тужба за   клевета против жалителот пред Општинскиот суд (Mestský súd) во   Братислава согласно член 11и др. од Граѓанскиот законик. Подоцна   Фелдек против Словачка - Пресуда   го проширил дејството и изјавил дека стиховите од поемата на   жалителот „Во Братислава обвинителот владее повторно. А   владеењето од една странка е над законот. Член од SS се прегрна   со член од ŠTB“ се однесуваат на него. Тој, исто така, изјавил дека   горе-споменатата изјава објавена во весниците погрешно го   отсликува неговото фашистичко минато. Тужителот тврдел дека   жалителот треба да ги сноси трошоците за обајвувањето на   извинување во пет весници и како компензација да му исплати   250.000 Словачки коруни (SKK).   A. Судска постапка пред Општинскиот суд во Братислава   16. На 18 октомври 1993 Општинскиот суд на Братислава го   прекинал процесот. Тој докажал дека тужителот бил член на   Хлинкова Младина (Hlinkova mládež) и дека учествувал во   терористичкиот тренинг курс во Секуле во февруари и март 1945.   Тој забележал дека Хлинковата Младина била воен корпс на   Хлинковата словачка народна партија (Hlinkova slovenská ľudová   strana) и дека според законот кој тогаш бил на сила Словачкиот   народ учествувал во уживањето во моќта на државата со   посредство на таа партија. Судот истакнал дека согласно член 5 од   Претседателскиот Декрет бр.5/1945 од 19 мај 1945 правните   личности кои намерно промовирале започнување војна со   Германија и Унгарија или имале фашистички и нацистички цели   требало да се смеетаат за недостојни за државната доверба.   17. Општинскиот суд, исто така, изјавил дека на 15 мај 1945 г-   дин Slobodník бил осуден на петнаесет години затвор од страна на   воениот трибунал на Советската армија поради тоа што го   посетувал тренинг курсот во Секуле и дека на 22 март 1945 му било   наредено да премине во првиот ред и да ги шпионира Советските   трупи. Во пресудата на воениот трибунал уште се вели дека г-дин   Slobodník не го преминал првиот ред туку заминал дома во април   1945, кога и бил уапсен. Општинскиот суд исто така наведува дека   тужителот ја отслужил казната во Советскиоте кампови и бил   ослободен во 1953. Во 1960 Врховниот суд ја укинал казната и ги   прекинал судските постапки поради недостигот на фактички докази   за прекршок.   18. Г-дин Slobodník пред Општинскиот суд потврдил дека бил   член на Хлинковата младина краток период и дека се приклучил на   организацијата само поради тоа што тоа било предуслов за   неговото учество на натпреварот во пинг-понг. Тој уште и објаснил   дека бил повикан на тренинг курсот во Секуле и дека одговорил на   поканата од страв за неговото семејство и за себе. Г-дин Slobodník   изјавил дека бил исклучен од курсот како недоверлива личност   поради искажувањето на негативниот став кој го имал за истиот.   Тогаш бил одведен во претставништвото на Хлинковата Младина   во Братислава, од каде му било дозволено да замине дома во   Банска Бистрица под услов да ја известува Советската армија. Како   и да е, Општинскиот суд не ги докажал овие факти. Всушност, тој не   го зел за релевантен доказ описот на настаните содршани во   книгата на тужителот Paragraph: Polar Circle (Параграф: Поларен   Круг), која порано била издадена. Според судот, фактот дека   казната од 1945 била укината не докажал дека тужителот не бил   член на Хлинковата Младина и дека не го посетувал тренинг курсот   во Секуле.   19. Општинскиот суд изјавил и дека весниците од Словачка и од   странство пишувале за релевантниот период од животот на г-дин   Slobodník пред изјавата на жалителот, и дека во неколку пригоди г-   дин Slobodník коментирал и давал изјави во врска со тоа, и во   Словачка и во странство. Општинскиот суд заклучил дека   жалителот во изјавата само го искажал своето мислење врз основа   Фелдек против Словачка - Пресуда   на информациите кои веќе биле објавени во весниците. Изјавата се   однесувала на јавна личност која неизбежно била изложена на   внимателно испитување, а понекогаш и на критика од страна на   другите членови на општеството. Изјавувајќи го ова, жалителотот го   искористил своето право на слобода на изразување и тој не влијаел   неосновано на личните права на тужителот.   Б. Жалбена постапка   20. Г-дин Slobodník поднел жалба до Врховниот суд (Najvyšší   súd), изјавувајќи дека жалителотот не докажал дека тој имал   „фашистичко минато“, и дека Општинскиот суд не го утврдил   значењето на тој термин. Г-дин Slobodník тврдел дека бил повикан   на тренинг курсот во Секуле со наредба и дека заминал оттаму при   првата прилика откако ја дознал неговата вистинска цел. Тој исто   така објаснил дека тогаш имало воена состојба и дека луѓето   незаконски биле убивани и притворувани. Членовите на Хлинковата   Младина биле вклучени во воените сили со претседателска   наредба и потпаѓале под правилата на воените правични и   дисциплинарни правила. Тужителот споменал дека не направил   ништо против својата татковина или анти-фашистичките сојузи и   заклучил дека изјавата и поемата на жалителотот биле со клевета   21. Жалителот изјавил дека судот всушност требало да ја   прекине неговата основана практика според која бранителот треба   да ја докаже веродостојноста на својата изјава во постапките за   клевета. Тој споменал дека товарот докази треба да се префрли на   тужителот или да се подели меѓу странките. Жалителот уште и   потврдил дека неговото субјективно мислење базирано на   неоспорните факти дека тужителот бил член на Хлинковата   Младина и дека го посетувал терористичкиот тренинг курс во   Секуле. Нерелевантно било до кој степен тужителот бил вклучен во   активностите на Хлинковата Младина или колку долго останал   нивен член. Она што било важно било дека тужителот доброволно   се приклучил кон организацијата и дека по неговото наводно   исклучување од тренинг курсот во Секуле тој почнал да доставува   информации до претставништвата на Хлинковата Младина за   движењата на Советските трупи, како што стои во пресудата на   Советскиот воен трибунал од 19 мај 1945. Затоа жалителотот   предложил жалбата да биде повлечена.   22. На 23 март 1994 Врховниот суд ја укинал прво-степената   пресуда, која гласела:   „... [жалителотот] треба да прифати дека ... Dušan Slobodník ќе   ја достави следнава декларација, доколку смета дека треба, до   Новинската агенција и до пет весници, како во Словачка така и   во странство, на трошок на жалителотот:   „(1) Изјавата на жалителотот адресирана до Јавниот сервис   за информации и објавена во дневните весници на 30 јули   која гласи: „Оваа година г-дин Slobodník стана Министер   за образование и култура на Република Словачка и неговото   фашистичко минато излезе на виделина... Дали г-дин   Slobodník смета дека Словачка е посебен исклучок и дека таа   е единствената држава која го има правото да ја повтори   филозофијата на Нирнберг судењата, која, пак, е поврзана со   пост-воениот развој на останатите европски држави?...“   (2) Поемата напишана за повод... со наслов „Добра ноќ моја   љубена“... Во Братислава обвинителот владее повторно. А   владеењето од една странка е над законот. Член на SS се   прегрна со член на...“   Фелдек против Словачка - Пресуда   ... Претставува непристојна клевета и омаложување на   граѓанската чест и живот,како и неоправдано вмешување во   индивидуалноста на тужителот Dušan Slobodník.’   ...   (4) [Жалителот] е должен да му исплати на тужителот SKK   200,000 за нематеријална штета... “   23. На жалителот му било наредено да ги подмири и трошоците   на другата странка.   24. Врховниот суд изјавил дека тужителот ги опишал   релевантните настани во неговата книга Paragraph: Polar Circle   (Параграф: Поларен Круг) пред да се покрене тужбата поврзана со   неговото минато, и дека не биле утврдени други релевантни факти   во текот на постапките.   25. Според ставот на Апелациониот суд, терминот „фашистичко   минато“ бил синоним на „личноста била фашист во минатото“.   Судот сметал дека самиот жалителот дал рестриктивна   интерпретација на тој термин поврзан со тужителот, имено   интерпретацијата според филозофијата на Нирнберг (Nuremberg)   судењата. Оваа филозофија потекнувала од мултилатералниот   договор од 8 август 1945, кој го вклучил статутот на Меѓународниот   воен трибунал и кој станал дел од правниот ред на Чехословачка   на 2 октомври 1947. Врховниот суд изјавил дека тоа било обврзано   со правилото од овој договор за индивидуална одговорност.   26. Врховниот суд ги проучил и другите достапни документи и   докази користени за време на Нирнберг судењата поврзани со   Словачка. Во тие документи тој не сретнал спомнување на   Хлинковата Младина поврзано со фашистичките организации. Тој   изјавил дека пропагандата или имплементацијата на фашистичките   теории не биле својствени на законските права и правила на   Хлинковата Младина. Доколку некои личности ги злоупотребиле     христијанските принципи на кои што се потпирала организацијата   тие ги прекршиле и правилата кои тогаш биле на сила. Овие   личности и, во зависност од случајот, личностите кои самите   дозволиле да бидат злоупотребени за криминални цели   индивидуално одговарале за тоа. Како и да е, тоа не било случај со   тужителот. Врховниот суд го прифатил последниот аргумент дека   тој дознал за карактерот на тренинг курсот во Секуле дури откако   започнал да го посетува.   27. Апелациониот   суд   ја   прогласил   референцата   од   Претседателскиот Декрет со бр.5/1945 од 19 мај 1945 како   неоснована, во пресудата од првостепениот суд, бидејќи тој декрет   го зел во предвид само имотот во кој, како под национална   администрација, се наоѓал и имотот на луѓето кои државата ги   сметала за неверодостојни.   28. Врховниот суд потсетил дека, во релевантниот период,   кривичната   и моралната одговорност биле регулирани со   Наредбата бр.33 за казнување на фашистичките криминалци,   окупатори, предавници и соработници и за воспоставувањето на   јавно судство усвоено од Националниот совет на Словачка на 15   мај 1945 и, исто така, со Претседателскиот декрет со бр.16/1945 од   јуни 1945 за казна на нацистичките криминалци, предавници и   нивните помошници и на истакнатите личности од судот. Овие   правила делумно се базирале на принципот за колективна   одговорност, но тие не ја споменале Хлинковата младина.   29. Во однос на поемата на жалителот, Врховниот суд   констатирал дека таа датирала од 17 јули 1992, а тоа е денот кога   суверенитетот на Република Словачка бил прогласен свечено од   балконот на Народниот совет, каде што присутен бил и г-дин   Slobodník. По краток период, жалителот ја напишал неговата изјава   Фелдек против Словачка - Пресуда   за минатото на г-дин Slobodník   и двајца новинари ја   интерпретирале поемата како опис на сцената од свеченоста. Тие   изјавиле дека наводно жалителот употребувајќи ги зборовите „член   на SS“ имал намера да го именува г-дин Slobodník. Судот затоа   заклучил дека жалителот со својата поема и со изјавата од 29 јули   ги прекршил личните права на тужителот.   30. Барањето на жалителот да се префрли сиот доказен   материјал на тужителот или да се подели меѓу двете странки не   било прифатено бидејќи немало основа според домашниот закон и   практика. Врховниот суд заклучил и дека жалителот не докажал   дека г-дин Slobodník бил фашист во минатото, иако подоцна истиот   се приклучил на Хлинковата младина бидејќи сакал да се занимава   со спортски активности и не бил мотивиран од фашистичкото   разбирање. Судот, во однос на тренинг курсот во Секуле, открил   дека г-дин Slobodník не го завршил, и нерелевантно е дали тој бил   исклучен или се откажал по своја волја. Единствениот релевантен   факт бил тоа што не можело да се каже дека минатото на   тужителот било фашистичко од таа гледна точка.   В. Законско правни постапки на жалбената постапка на   жалителот   31. Жалителот пополнил жалба на правна основа изјавувајќи,   меѓу другото, дека согласно член 10 од Конвенцијата неговите   права биле прекршени. Тој тврдел дека Врховниот суд требало да   донесе заклучок од релевантните одредби од Претседателскиот   декрет со бр. 5/1945 дека Хлинковата младина била фашистичка   организација и дека, согласно со одредбите на Правилата на   Националниот совет на Словачка со бр.1/1944 и 4/1944, учеството   во било која активност на Хлинковата младина требало да се смета   како учество во нелегална фашистичка организација. Тој уште   додал и дека Врховниот суд не се произнесол со сигурност дали     тужителот всушност бил исклучен од тренинг курсот во Секуле, и   дали тој прифатил да изврши терористички дејства или не.   32.   На 25 мај 1995, друг суд од Врховниот суд заседавајќи   како суд за касација го подржал делот од жалбената пресуда од 23   март 1994 според кој тужителот требал да договори да се објави   текстот наведен во неа во врска со изјавата на жалителот од 29   јули 1992. Што се однесува до останатото, судот за касација ги   поништил прво-степената и второ-степената пресуда и го испратил   случајот назад до Општинскиот суд во Братислава.   33. Судот за касација не го споделил мислењето на жалителот   дека требало да се побара од тужителот да докаже дека тврдењата   на жалителотот биле невистинити. Тој уште додал и дека за една   личност можело да се каже дека има фашистичко минато само ако   тој или таа пропагирале или изведувале фашистички дејствија.   Самото членство во организација и учество во терористички   тренинг курс кој не бил проследен со било какви практични   дејствија не можело да се смета за фашистичко минато.   34. Бидејќи жалителот не успеал да докаже дека тужителот имал   фашистичко минато под горенаведеното значење, судот одлучил   дека неговата изјава неоправдано ги прекршила личните права на   тужителот. Во пресудата, судот признал дека Словачкиот закон ја   сметал Хлинковата младина за фашистичка организација. Тој се   произнесол, дека релевантните легални правила, вклучувајќи ги и   оние на кои се ослонил жалителот, биле применувани за физичките   лица само каде што нивните специфични дејствија биле оправдани.   Применувајќи ги овие правила кон сите членови од ваквите   организации не земајќи ги во предвид нивните вистински обврски ќе   го наметнале препознавањето на нивната колективна вина. Тој   потсетил дека на децата постари од 6 (шест) години им бил   дозволен пристап до Хлинковата младина.   Фелдек против Словачка - Пресуда   35. Судот сметал дека аргументот на жалителот според кој   неговата изјава претставувала субјеткивно мислење би можел да   се прифати само ако жалителот, во таа изјава, јасно потенцирал на   одредените факти на кои тоа мислење се базирало. Судот, меѓу   другото, изјавил:   „ Укажувајќи на тоа дека тужителот имал фашистичко минато   не е субјективно мислење базирано на анализа на фактите, туку   обвинување направена без било какво истовремено   оправдување на фактичките околности од кои може да се   изведе заклучок од страна на личноста која го имала тоа   мислење. Тоа би можело да биде субјективно мислење ако   изјавата (на жалителотот) била пропратена со референца за   членството (на тужителот) во Хлинковата младина и неговото   учество во тренинг курсот, или поточно, за активностите кои го   сочинуваат фашистичкото минато според личноста која го има   тоа мислење. Само ваквата изјава, базирана на околните факти   искористени од личноста која го споделува мислењето, би била   субјективно мислење за чија веродостојност не би бил потребен   никаков доказ. Само ваквата интерпретација ќе гарантира   баланс меѓу слободата на изразување и правото на заштита на   (личниот) углед согласно член 10 од Конвенцијата.“   36. Судот тогаш открил ограничување на слободата на   изразување на жалителот согласно со побарувањата на член 10§2   од Конвенцијата како што тоа било потребно за заштитата на   угледот на тужителот согласно член 11 и др. од Граѓанскиот   законик.   37. Во однос на поемата, судот за касација ги поништил прво-   степената и второ-степената пресуда поради недостиг на докази и   изјавил дека во понатамошните постапки тужителот би требало да   докаже дека жалителот го посочил него во поемата. Тој исто така го     поништил делот од жалбата во врска со компензација за   нематеријална штета и цени бидејќи нивната вредност зависела од   проценката на прекршувањата за кои се жали тужителот.   Г. Понатамошни постапки   38. На 15 април 1996, Општинскиот суд во Братислава донел   нова одлука во врска со останатиот дел од случaјот. Тој ги одложил   постапките се додека поемата била основа за тужителот да го   повлече тој дел од дејството.   39. Општинскиот суд го отфрлил и барањето во врска со не-   паричната штета бидејќи не открил дека изјавата на жалителот   значајно го нарушила достоинството на тужителот и неговата   положба во општеството според член 13 §2 од Граѓанскиот законик.   Според него, тужителот не покажал дека публицитетот за неговата   личност значајно се зголемил како резултат на изјавата на   жалителот, а не како последица од статиите во весниците и   книгата на тужителот напишана пред изјавата на жалителотот.   40. Општинскиот суд, земајќи во предвид до кој степен странките   биле успешни во судските постапки, наредил на тужителот да му   исплати   на жалителотот SKK 56,780 како надомест за   релевантниот дел од последните цени. На жалителотот и   тужителот им било уште и наредено поединечно да платат SKK 875   и 2,625 како надомест на цените платени претходно од страна на   судот.   41. На 25 ноември 1998 Врховниот суд ја поддржал одлуката на   Општинскиот суд во Братислава да ги прекинат постапките во врска   со поемата и да се отфрли тврдењето на тужителот за не-   паричната штета. Врховниот суд изјавил дека ниедна од странките   не била овластена за надомест на цените. Тој уште наредил на   секоја од странките да платат половина од сумата исплатена   Фелдек против Словачка - Пресуда   однапред од страна на државата, или поточно SKK 1,750. Г-дин   Slobodník поднел жалба од законско-правно гледиште. Постапките   се во тек.   II. РЕЛЕВАНТЕН ДОМАШЕН ЗАКОН И ПРАКСА   A. Претседателски декрет бр. 5/1945   42. Овој декрет бил издаден од претседателот Beneš на 19 мај   и, меѓу другото, се однесувал на ставање на сопственоста на   „германците, унгарците, предавниците, соучесниците и на одредени   организации и институции“ под национална администрација.   43. Член 4 (б) ги квалификува за неверодостојни на државата   „личностите кои изведуваат активности насочени против   државниот   суверенитет,   независност,   интегритет,   демократската и републиканската форма на државата, или   безбедноста и одбраната на Чехословачката република, кои   мотивираат други личности да бидат дел од овие активности и   да ги подржуваат на било кој начин германските и унгарските   окупатори. Личностите кои спаѓаат во оваа категорија треба да   вклучат, на пример, ... водачки претставник на ... Хлинковата   младина ... или други фашистички организации од сличен тип.“   44. Член 5 ги квалификува за неверодостојни на државата оние   правни лица чија администрација намерно поттикнува започнување   на војна со Германија и Унгарија или им служи на фашистичките   или нацистичките цели.   Б. Граѓанскиот законик и релевантната пракса     45. Правото за заштита на личното достоинство, чест, углед и   добро име е загарантирано со член 11 и следните од Граѓанскиот   законик.   46. Според член 11, секое лице има право за заштита на својата   личност, особено на својот живот и здравје, граѓанско и човечко   достоинство, приватност, име и лични карактеристики.   47. Според член 13 § 1, секое лице има право да побара   престанок на кршењето на неговите лични права и елиминација на   последиците од ова прекршување, и да се здобие со соодветно   задоволство.   48. Според член 13 § 2, во случаите каде стекнатото   задоволство е недоволно согласно член 13 § 1, поради значајното   нарушување на личното достоинство и положба во општеството,   повредената личност ќе добие компензација за нематеријалната   штета.   49. Во согласност со основаната пракса, тужителот треба да   докаже во постапките за клевета дека обвинувањата од страна на   бранителот можеле објективно да влијаат врз неговите права   соглсно член 11 од Граѓанскиот законик. Доколку ова барање се   прифати, бранителот е должен да поднесе докази за да ја докаже   вистинитоста на неговите обвинувања доколку сака одбраната да   успее.   ЗАКОНОТ   Фелдек против Словачка - Пресуда   I. НАВОДНО ПРЕКРШУВАЊЕ НА ЧЛЕН 10 ОД КОНВЕНЦИЈАТА   50. Жалителот се пожалил дека неговото право на слобода на   изразување било прекршено со тоа што судовите го одобриле   дејството на г-дин Slobodník во врска со изјавата објавена на 30   јули 1992. Тој наводно го прекршил членот 10 од Конвенцијата кој   гласи:   „1. Секој има право на слобода на изразување. Ова право ја   вклучува слободата да се даваат мислења и да се примаат и   даваат информации и идеи без вмешување на јавниот   авторитет и независно од границите. Овој член не ја попречува   државата да побара лицензирање на радиодифузијата,   телевизијата или кинотеките.   2. Почитувањето на овие слободи, и на обврските и   одговорностите што одат со нив, можат да бидат предмет на   вакви конвенционалности, услови, ограничувања или казни   бидејќи тие се пропишани со закон и се потребни во едно   демократско општество, за интересите на националната   безбедност, територијалниот интегритет или јавната заштита, за   спречување на безредието или криминалот, за заштита на   здравјето или моралите, за заштита на угледот или правата на   другите, за спречување на обелоденувањето на информации   дадени во доверба, или за оддржување на авторитетот и   праведноста на судството. “   A. Постоење на попречување     51. Судот открива дека е јасно и неоспорно попречувањето на   правото на жалителот на слобода на изразување со тоа што   релевантните судски одлуки ја прогласиле изјавата на жалителот   за клевета и му наредиле да го претрпи објавувањето на овој   заклучок во пет весници по избор на тужителот.   Б. Поткрепување/оправдување на попречувањето   52. Ова попречување ќе го прекрши членот 10 од Конвенцијата   доколку не бил „пропишан со закон“, следејќи две или повеќе цели   споменати во параграф 2 од член 10, и било „потребно во едно   демократско општество“ за постигнување на ваквите намери и   цели. Судот ќе ги проуќи овие критериуми по редослед..   1. „Пропишано со закон“   53. Жалителот тврдел дека правната основа за ограничување на   неговата слобода на изразување не била доволно предвидлива   како што било побарано од судската пракса на Судот. Тој,   всушност, изјавил дека законот во Словачка, како што е   интерпретиран и применет во домашните судови, не дефинира   прецизно што е клевета и не прави разлика меѓу субјективно   мислење и факти и меѓу јавни функционери и приватни лица.   Предвидливоста на ограничувањето можела да се стави под знак   прашалник   бидејќи   жалителот   оправдано   верувал   дека   националните судови постапувале во согласност со судската   пракса од Конвенцијата во однос на (претставата за) непристрасен   коментар и доказ во ваквите случаи.   54. Владата не се согласила и изјавила дека попречувањето   било пропишано со закон, поточно со член 11 и другите од   Граѓанскиот законик.   Фелдек против Словачка - Пресуда   55. Во однос на аргументот на жалителот дека домашните   судови не постапувале во согласност со судската пракса според   Конвенцијата, Судот изјавил дека оваа проблематика ќе се истражи   подолу кога ќе се одлучува дали попречувањето било „потребно во   едно демократско општество“.   56. Во однос на тоа што жалителот изјавил дека релевантниот   закон не бил доволно предвидлив, Судот потсетил дека едно од   побарувањата кое произлегува од изразот „пропишано со закон“ е   предвидливоста на потребната мерка. Нормата не може да се   смета за „закон“ се додека таа не е формулирана со доволна   прецизност овозможувјќи му на граѓанинот да го регулира неговото   однесување- доколку е потребно со соодветен совет- да ги   предвиди, до умерен степен во однос на околностите, последиците   кои што можат да настанат од дејството. Тие последици не мора да   бидат предвидени со целосна сигурност: искуството покажува дека   тоа е неостварливо. Додека сигурноста во законот е многу   посакувана, таа може да допринесе до преголема строгост и   законот мора е во можност да се прилагодува на променливите   околности. Според тоа, многу закони неизбежно се потпираат на   термини, кои до поголема или помала мера, се нејасни и нивната   интерпретација и применување се прашање на практиката (види, на   пример, Rekvényi против Унгарија [GC], бр.25390/94, § 34, ECHR   1999-III).   57. Попречувањето за кое е поднесена жалбата има правна   основа, според член 11 и 13 § 1 од Граѓанскиот законик. Според   втората одредба, било која личност може да побара да запре   неоправданото попречување на своите лични права од член 11 од   Граѓанскиот законик, да бидат елиминирани последиците од тоа   попречување и да добијат соодветна оштета. Националната судска   дискреција треба да ја земе во предвид секоја жалба за наводно     попречување и таа треба да одлучи за соодветната оштета. Во   согласност со основаната практика, во постапките за клевета   тужителот треба да докаже дека обвинувањата на обвинителот би   можеле да влијаат на неговите права од член 11 од Граѓанскиот   законик, и во тој случај обвинителот треба да поднесе докази кои би   ја докажале вистинитоста на неговите обвинувања за да успее   одбраната. Судот е задоволен што апликацијата на овие правни   одредби и практика во случајот на жалителотот не ги надминало   предвидувањата од околностите. Според тоа, попречувањето било   „пропишано со закон“ во рамките на член 10 § 2 од Конвенцијата.   2. Спроведување на законот   58. Судот открил, и ова не било во тужбата меѓу странките, дека   основата на која се потпирале судовите во Словачка биле   доследни во целта да се заштитат личните права на тужителот, кој   се сметал за погоден од изјавата на обвинителот. Попречувањето   затоа имало законска намера за целите од параграф 2 од член 10,   поточно, да се заштитат „угледот или правата на другите“.   3. „Потребно во едно демократско општество“   (a) Аргументи пред судот   (i) Жалителот   59. Жалителотот изјавил дека попречувањето не било „потребно   во било кое демократско општество“ бидејќи домашните судови не   успеале да го испочитуваат принципот на пропорционалност меѓу   ограничувањето на слободата на изразување и целта поставена во   член 10 § 2 од Конвенцијата. Всушност, нему му било одобрено да   критикува член од владата за кого лимитите за прифатлива критика   треба да се поголеми од оние за приватна личност. Тој дури   Фелдек против Словачка - Пресуда   образложил дека слободната политичка дебата е суштинскиот   концепт на едно демократско општество, дека дискусиите за   политичките прашања заслужуваат поголема заштита од   неполитичките дискусии, и дека, како резултат на тоа, Државата   има многу мали маргини за ограничување на ваквото изразување.   60. Жалителот тврдел, со посочување до судската пракса, дека   слободата на изразување важела и за информации или идеи кои   навредувале, шокирале или вознемирувале и дека новинарската   слобода го опфаќала и можниот надоместок до степен на   преувеличување, дури и провокација.   61. Неговата изјава за минатото на г-дин Slobodník била   субјективно мислење кое го формулирал откако дознал, од   медиумите и од книгата напишана од г-дин Slobodník, дека тој бил   член на Хлинковата младина и учествувал во терористичкиот   тренинг курс во Секуле. Жалителот сметал дека било потребно да   го сподели мислењето со јавноста, која го има правото да биде   информирана за минатото на некоја јавна личност. Тој не   дејствувал со лоша намера, правејќи ја изјавата врз основа на   широко познати факти кои, како што верувал тој, ја оправдале   употребата на изразот „фашистичко минато“.   62. Според жалителот, ставот на Врховниот суд според кој   изјавата на жалителотот би можела да се смета за субјективно   мислење доколку тој истовремено ги посочил и фактите на кои   истата се базирала бил премногу рестриктивен и погрешен. Тој се   пожалил дека доказот наметнат на него во согласност со   домашната пракса бил во прекршување на неговото право за   слобода на изразување. Во однос на ова, тој тврдел дека (i)   Врховниот суд не му ги дозволил средставата за да ја докаже   вистинитоста на неговите обвинувања изобличувајќи го она што   претставува фашистичко минато или, алтернативно, незаконски не     му била дадена разумна граница за грешка за давање изјави   поврзани со личност од владата кои не биле без основа или добра   волја, и (ii) од него било побарано да ја докаже вистинитоста на   неговиот став искажан во изјавата иако изјавите со мислење не се   сметале за доказ.   63. На крај, жалителот нагласил дека неговата изјава била   направена во контекст на слободна политичка дебата и дека   вклучувала работа од јавен интерес, поточно оценување на   минатото на еден политичар. Изјавата имала законска намера, да   покаже, дури и ако постоело мало сомневање, дека засегната   личност не требала да има никаква јавна функција. Тоа, во   поширока смисла, се однесува и на словачката историјата за време   на Втората светска војна што сеуште претставува важна тема во   Словачка. Жалителот заклучил дека неговото право на слобода на   изразување било прекршено.   (ii) Владата   64. Владата сметала дека попречувањето било во согласност со   законската намера и дека причините наведени од домашните   судови биле доволни и релевантни. Според нивниот став,   окарактеризирајќи еден политичар како личност со фашистичко   минато би можело да има сериозно влијание врз угледот на   засегната личност.   65. Тие доставиле дека жалителот ја дал изјавата краток период   по парламентарните избори од 1992 и по назначувањето на г-дин   Slobodník за Министер за образование и култура. Според Владата,   жалителот дознал за минатото на г-дин Slobodník од неговата книга   долго време пред изборите. Освен изјавата за наводното   фашистичко минато на г-дин Slobodník, жалителотот не споменал   други релевантни факти, како тоа дека г-дин Slobodník имал 17   Фелдек против Словачка - Пресуда   години во 1945. Причините за неговото учество во терористичкиот   тренинг курс, неговото исклучување од курсот, неговата   подоцнежна пресуда и осум годишно затворање во Советските   кампови, и конечно одлуката од 1960 од Врховниот суд на USSR со   која пресудата на г-дин Slobodník била укината врз основа на тоа   дека тој не направил никаков прекршок. Во дополнение, споредбата   на однесувањето на г-дин Slobodník со фашистичката историја не   била базирана на прецизни и точни факти, ниту пак се совпаднала   со законската проценка на релевантните факти.   66. Владата потсетила дека националните судови не побарале   од жалителотот да објави извинување, дека тие му дале можност   на тужителот да има декларација за клеветничкиот карактер на   изјавата на жалителот објавена во пет весници и тој трошок   требало да го плати жалителот од кој, затоа, во тој поглед, било   побарано да го издржи уживањето на тужителот во неговото право.   67. На крајот, Владата истакнала дека случајот го привлекло   вниманието на пошироката јавност во Словачка и потенцирал дека   одлуката на судот за заслугите на сегашната албаби била важна за   судовите во Словачка кога ќе одлучуваат за слични случаи.   (iii) Г-дин Slobodník   68. Во неговите коментари дадени според член 36 § 2 од   Конвенцијата и правило 61 § 3 од Правилата на судот, г-дин   Slobodník објаснил дека тој ја напишал својата книга Paragraph:   Polar Circle (Параграф: Поларен Круг) меѓу 1989 и 1990, односно   кога тој бил истражен работник во полето на литературата, и дека   таа била објавена во 1991. Книгата содржела детален опис на   релевантните настани кои, според г-дин Slobodník, жалителотот не   ги зел во предвид кога ја дал изјавата. Во овој контекст, г-дин   Slobodník тврдел дека (i) тој се приклучил на Хлинковата младина   откако победил на регионалниот натпревар во пинг-понг во мај     1944, бидејќи членството во организацијата било предуслов за   неговото учество во сите следни натпревари во Словачка, и (ii) во   1944, откако било задушено Националното востание на Словачка и   била објавена воена состојба, тој и неговата мајка им помогнале на   четири странски партизани да избегаат од германската болница.   69. Во врска со тренинг курсот во Секуле, г-дин Slobodník морал   да одговори на поканите од претставништвата на Хлинковата   младина плашејќи се од одмазда. Тој понатаму објаснил дека ја   дознал вистинската цел на курсот дури откако пристигнал во   Секуле, дека таму присуствувал само десет или дванаесет дена и   дека бил исклучен откако го искажал својот негативен став за   курсот. Подоцна тој дал ветување на претставниците на   претставништвата на Хлинковата младина дека ќе им даде   информации за Советската армија бидејќи сакал да се врати дома.   Како и да е, тој не извршил никакво шпионирање. Г-дин Slobodník   тврдел дека овие факти биле поткрепени со релевантните   документи чувани во архивите и дека судовите по второто и третото   барање ги зеле да ги објават.   70. Според г-дин Slobodník, жалителот ги извртел релевантните   факти и ја дал изјавата за неговото минато бидејќи тие почнале да   формираат   различни   политички   ставови   во   врска   со   парламентарните избори во 1992. Г-дин Slobodník изјавил дека   додека жалителот во 1991 јавно посочил кон неговата книга дека   била „напишана со фино   и милостиво пенкало на еден   Христијанин“ а, една година подоцна, за него тоа бил доказот за   фашистичкото минато на г-дин Slobodník. Од таа причина,   жалителот не ја дал изјавата со добра волја.   71. На крај, г-дин Slobodník сметал дека жалителот, поврзувајќи   го неговото минато со Нирнберг судењата, се вмешал многу во   неговата приватност. Покрај тоа, жалителотот го критикувал   Фелдек против Словачка - Пресуда   неговото минато а не неговото работење како член на владата. Г-   дин Slobodník заклучил дека било оправдано вмешувањето со   правото на жалителот на слобода на изразување.   (б) Проценка на судот   (i) Релевантни принципи   72. Според судската пракса, слободата на изразување   претставува еден од основните темели на едно демократско   општество и еден од основните услови за негов напредок и за   сечие само-задоволство. Содржината од параграф 2 од член 10 се   однесува не само на „информации“ или „идеи“ кои се прифатени со   одобрување или се сметаат за ненавредливи или за неважни, туку   и на оние кои навредуваат, шокираат, вознемируваат. Член 10 не ја   заштитува само важноста на искажаните идеи и информации, туку и   формата во која се пренесени. Оваа слобода е предмет на   исклучоците изнесени во член 10 § 2, кои, како и да е, мора целосно   да се образложат (види Nilsen и Johnsen против Норвешка [GC],   бр. 23118/93, § 43, ECHR 1999-VIII, и Lehideux и Isorni против   Франција, пресуда од 23 септември 1998, Reports of Judgments and   Decisions (Извештаи од пресуди и одлуки) 1998-VII, стр.2886, § 52).   73. Анализата на „потреба во едно демократско општество“   бара од Судот да одлучи дали жалбеното „попречување“   кореспондирало на „општествена наложителност“, дали тоа било   пропорционално со спроведувањето на законското право и дали   дадените причини од националните авторитети со цел да го   оправдаат тоа се релевантни и доволни. Проценувајќи дали постои   ваква „потреба“ и кои мерки треба да се преземат за да се справат   со неа, националните авторитети оставаат одредена граница на   разбирање. Како и да е, моќта на ова разбирање не е   неограничена, туку оди рака под рака со европската супервизија од     страна на судот чија задача е да даде конечна одлука за тоа дали   ограничувањето е во согласно со слободата на изразување   заштитена со член 10. Задачата на судот во извршувањето на   својата супервизиска функција не е да го заземе местото на   националните авторитети, туку, во полза на целиот случај, да ги   прегледа одлуките, според член 10, кои ги донеле во согласност со   нивната моќ на разбирање. Извршувајќи го тоа, Судот треба да   биде задоволен дека националните авторитети ги примениле   стандардите кои биле во согласност со принципите наведени во   член 10, и дека нивните одлуки се базирале на прифатлива   проценка на релевантните факти (види Vogt против Германија,   пресуда од 26 септември 1995, Серија A бр.323, стр.25-26, § 52, и   Ерусалим против Австрија, бр.26958/95, § 33, ECHR 2001-II, со   дополнителни референци).   74. Судот потсетува дека има мал дел од член 10 § 2 од   Конвенцијата посветен на ограничувањата на политичкиот говор   или на дебата за прашања од јавен интерес (види Sürek против   Турција (бр.1) [GC], бр.26682/95, § 61,ECHR 1999-IV). Покрај тоа,   границите на прифатлива критика се поголеми за политичарите   отколку за физичките лица. За разлика од вторите, првите   неизбежно и вешто се изложуваат на критичко испитување на   нивните зборови и дела од страна на новинарите и пошироката   јавност и, како резултат на тоа, тие мора да покажат поголем   степен на толеранција (види Lingens против Австрија, пресуда од   јули 1986, серија А бр.103, стр.26, § 42, или Incal против Турција,   пресуда од 9 јуни 1998, Извештаи 1998-IV, стр.1567, § 54).   75. Во својата пракса, Судот прави разлика меѓу изјави на факти   и субјективни мислења. Додека присуството на фактите може да се   покаже, вистинитоста на субјективното мислење не се смета за   доказ. Барањето да се докаже вистинитоста на субјективното   Фелдек против Словачка - Пресуда   мислење е невозможно да се исплони и ја прекршува слободата на   мислење, која е основен дел од правото заштитено со член 10   (види Lingens, спомнат погоре, стр.28, § 46, и Oberschlick против   Австрија (бр. 1), пресуда од 23 мај 1991, серија А бр.204, стр.27, §   63).   76. Кога   изјавата   претставува   субјективно   мислење,   пропорционалноста на попречувањето може да зависи од тоа дали   постои доволна фактичка основа, бидејќи дури и субјективното   мислење кое не се базира на никаква фактичка основа може да   биде претерано (види De Haes и Gijsels против Белгија, пресуда од   февруари 1997, Извештаи 1997-I, стр.236, § 47, и Ерусалим,   спомнат погоре, § 43).   (ii) Применување на горе споменатите принципи во овој   случај   77. Во сегашниот случај, Судот е повикан да ја испита жалбата   на жалителотот дека пресудата од судот за касација со која тој е   обврзан да го издржи објавувањето на текст кој потврдува дека   неговата изјава претставува клевета ја попречила неговата   слобода на изразување прекршувајќи го член 10 од Конвенцијата.   Извршувајќи ја својата супервизорска надлежност, Судот, во полза   на случајот, мора да го разгледа оспореното попречување на   правото на жалителотот на слобода на изразување, вклучувајќи ја и   содржината на оспорената изјава, контекстот во кој е дадена и   конкретните околности на оние кои се вклучени.   78. Според општиот принцип, „потребата“ од било какво   ограничување на слободата на изразување мора да биде уверливо   установена. Несомнено, на прво место за националните авторитети   е да проценат дали има „неопходна потреба“ за ограничувањето.   Во случаите поврзани со печатот, националната граница на   разбирање е ограничена од интересот на демократското општество     да обезбеди и одржи слободен печат. Исто така, тој интерес ќе   влијае на балансот во одлучувањето дали ограничувањето било   пропорционално со спроведувањето на законското право, што мора   да се направи според параграф 2 од член 10 (види Thoma против   Луксембург, бр.38432/97, § 48, ECHR 2001-III).   79.   Изјавата на жалителот била објавена краток период по   парламентарните избори од 1992 и основањето на новата влада, и   по прогласувањето на суверенитетот на Словачка. Г-дин Slobodník   бил назначен за Министер за образование и култура.   80. Во изјавата, жалителот изразил голема загриженост за   одржувањето на демократскиот карактер на еманципирачкиот   процес во Словачка. Тој особено бил загрижен за лидерите на   Словачка. Тој го критикувал г-дин Slobodník за неговото наводно   фашистичко минато, за кое тој сметал дека не соодвестува на   личните квалитети кои мора да ги поседува еден член на владата.   Жалителот побарал оставка од г-дин Slobodník, инаку Словачка,   според него, би била изолирана поради сомнежите кои може да се   јават и во демократските намери на владата.   81. Судот забележал дека жалителотот ја дал и објавил изјавата   како дел од политичката дебата на тема за општата и јавната   загриженост во врска со историјата на Словачка што би можело да   има последици врз демократскиот развој во иднина. Иако изјавата   не ги споменала изворите, таа се базирала на факти кои биле   објавени и од г-дин Slobodník и од новинарите пред да биде   објавена изјавата на жалителотот.   82. Во однос на причините наведени од судот за касација со цел   да го оправдат попречувањето на правата на жалителот, Судот   признал дека тие ја сметале Хлинковата младина за фашистичка   организација. Сепак, судот изјавил дека аргументот на жалителотот   дека неговата изјава била субјективно мислење би можел да се   Фелдек против Словачка - Пресуда   прифати ако со изјавата тој ги споменал и фактите врз кои го   направил заклучокот, поточно членството на г-дин Slobodník во   Хлинковата младина и неговото учество во тренинг курсот во   Секуле. Судот за касација верувал дека во таков случај за   мислењето искажано од жалителот не бил потребен никаков доказ.   Затоа, најголемото судско барање одлучувајќи за предностите од   релевантниот дел од случајот, во суштина, за тоа дека изјавата на   жалителот не била без фактичка основа за искажаното мислење.   Како и да е, судот за касација исто така изјавил дека терминот   „фашистичко минато“ означувал дека личноста пропагирала или се   занимавала со фашизам на активен начин. Бидејќи жалителот не   успеал да докаже дека г-дин Slobodník имал фашистичко минато во   таа смисла, неговата изјава неоправдано ги нарушила личните   права на г-дин Slobodník.   83. Судот истакнал дека поттикнувањето на отворена политичка   дебата е многу важна одлика за едно демократско општество. Тој   придава огромна важност на слободата на изразување во контекст   на политичка дебата и смета дека се потребни многу силни причини   за да се оправда ограничувањето на политичкиот говор.   Дозволувајќи големи ограничувања на политичкиот говор во некои   случаи несомнено би влијаело главно на почитта на слободата на   изразување во засегнатата држава.   84. Изјавата на жалителот била дадена во еден политички и   многу важен контекст за развојот на Словачка. Таа содржела   навредливи зборови, но не била без фактичка основа. Нема ништо   што посочува дека таа била дадена со друга намера а не со добра   волја и во потрага по спроведување на законското право за заштита   на демократскиот развој на ново создадената држава чиј граѓанин   бил жалителот.     85. Судот открива дека изјавата на жалителот била субјективно   мислење чија веродостојност не е подлежна на доказ. Таа била   дадена во контекст на отворена дебата на тема од општ интерес,   поточно за политичкиот развој на Словачка земајќи го во предвид   историското минато на државата. Изјавата засегнала јавна личност,   министер од владата, во однос на кого лимитите за прифатлива   критика се поголеми од оние за физичко лице.   86. Во врска со причините наведени од судот за касација, судот   не може да го прифати предлогот дека субјективното мислење би   можело да се смета за такво само ако е придружено со фактите на   кои се базира тоа мислење (види параграф 35). Потребата од врска   меѓу субјективно мислење и неговите поткрепувачки факти може да   варира од случај до случај во зависност од околностите. Во овој   случај, судот е задоволен од тоа дека субјективното мислење на   жалителот се базирало на информација која веќе била позната на   пошироката јавност, бидејќи бил познат политичкиот живот на г-дин   Slobodník и бидејќи информациите за неговото минато биле   обелоденети во неговата книга и објавени од новинарите пред   жалителот да ја даде изјавата. Ниту судот може да одреди точна   дефиниција на терминот „фашистичко минато“. Терминот е   опширен и може да предизвика различни мислења кај оние кои   читаат, како во врска со неговата содржина така и за неговото   значење. Едно од нив може да биде дека личноста учествувала во   фашистичка организација, како член, дури и ако тоа не било   поврзано со посебни активности пропагирајќи фашистички идеали.   87. Судот за касација убедливо не одредил било каква   општествена наложителност за заштитата на личните права на   една јавна личност да биде над правото на жалителот на слобода   на изразување и општиот интерес за промовирање на оваа слобода   кога станува збор за работи од јавен интерес. Всушност, од   Фелдек против Словачка - Пресуда   одлуките на домашните судови не произлегува дека изјавата на   жалителот влијаела на политичката кариера или професионалниот   и приватниот живот на г-дин Slobodník.   88. Како заклучок, Судот не утврдил дека причините наведени од   судот за касација можат да се сметаат за доволно и релевантно   оправдување за попречување на правото на жалителот на слобода   на изразување. Државните власти не успеале да воспостават   правилен баланс меѓу релевантните интереси.   89. Како резултат на тоа, попречувањето за кое е и поднесена   жалбата не било „потребно во едно демократско општество“ според   член 10 § 2 од Конвенцијата.   90. Спрема тоа, има прекршување на член 10 од Конвенцијата.   II. НАВОДНО ПРЕКРШУВАЊЕ НА ЧЛЕН 9 ОД КОНВЕНЦИЈАТА   91. Жалителот се пожалил и дека неговото право на слобода на   милсење било прекршено со тоа што му било наредено да го   прифати објавувањето на текст во кој ќе биде наведено дека   неговата изјава била клевета. Тој тврдел дека има прекршување на   членот 9 од Конвенцијата според кој:   „1. Секој има право на слобода на мислење, свест и религија;   ова право ја вклучува слободата да се промени религијата или   верувањето и слободата, индивидуално или во заедница јавно   или тајно, да се покаже религијата или верувањето за време на   богослужбата, подучувањето, обичаите и ритуалите.   2. Слободата да се покаже религијата или верувањата ќе   биде предмет само на оние ограничувања пропишани со закон и   кои се потребни во едно демократско општество за јавната   безбедност, за заштита на јавниот ред, здравје и морали, или за   заштита на правата и слободите на другите. “     92. Судот смета дека оспорената граница претставува   попречување на жалителот да ужива во својата слобода на   изразување, како што е покажано горе според член 10 од   Конвенцијата, и дека во тој поглед не произлегува засебен проблем   во однос на член 9.   III. НАВОДНО ПРЕКРШУВАЊЕ НА ЧЛЕН 14 ОД КОНВЕНЦИЈАТА   93. Жалителот се пожалил дека бил дискриминиран во врска со   неговото политичко мислење во тоа што домашните судови му   поставиле неоправдани докази, дека тие го извртеле значењето на   терминот „фашистички“, и дека тој требал да го прифати   објавувањето на текст во кој ќе биде наведено дека неговата изјава   била клевета. Тој тврдел дека има прекршување на член 14 од   Конвенцијата според кој:   „ Уживањето во паравата и слободите треба да се заштити од   дискриминција од било која причина, како што е поради полот,   расата, бојата, јазикот, религијата, политичко или друго   размислување, националното или општественото потекло,   поврзаноста со малцински групи, имотот, раѓањето или друг статус.   “ 94. Судот изјавил дека жалбата на жалителот за дискриминација   не била поткрепена.   95. Судот ја разгледал оваа жалба во врска со член 9 и 10 од   Конвенцијата но не открил индикација дека жалбената мерка може   да се припише на разликата во третманот на политичкото мислење   на жалителотот или на било која друга релевантна основа.   96. Според тоа, Судот заклучи дека нема прекршување на член   од Конвенцијата.   Фелдек против Словачка - Пресуда   IV. ПРИМЕНА НА ЧЛЕН 41 ОД КОНВЕНЦИЈАТА   97. Членот 41 од Конвенцијата гласи:   „Кога Судот ќе оцени дека постои повреда на Конвенцијата   или на протоколите, и доколку внатрешното право на засегната   Висока договорна странаовозможува само делумна репарација   на штетата, тогаш доколку е тоа неопходно, Судот ќе му додели   правична отштета на оштетениот.“   A. Штета   98. Жалителот барал 1.000.000 словачки коруни (SKK) за   надомест на материјалната и нематеријалната штета. Тој објаснил   дека за време на вледеењето на владата на која што г-дин   Slobodník бил член тој бил отпуштен од театарот каде што бил   вработен и не можел да ги објавува неговите дела бидејќи   објавувачите, дистрибутерите   и книжарите не сакале да   соработуваат со него поради негативниот став искажан кон него од   страна на неколку службени лица. Жалителот изјавил и дека тој   бил приморан да се пресели во Република Чешка поради загубата   на приходот, притисокот кој го претрпувал и заканите по неговата   личност и дека поради тоа направил значителен трошок.   99. Владата одговорила дека немало каузална врска меѓу   наводното прекршување на Конвенцијата и нанесената штета.   100. Судот утврдил дека нема доволно докази за каузалната   врска меѓу прекршувањето на член 10 и материјалната штета која   наводно ја претрпел жалителот. Затоа, ова барање мора да биде   одбиено.     101. Во врска со барањето на жалителот за нематеријална   штета, Судот смета дека жалителот претрпел само предрасуда   како резултат на прекршувањето на член 10, на сметка на   непријатноста причинета од постапките и одлуките за кои станува   збор. Земајќи ги во предвид релевантните околности, тој му   доделува на жалителот износ од 65.000 SKK по овој основ.   Б. Трошоци и надоместоци   102. Жалителот побарал 701.750 SKK за неговите трошоци и   надоместоци. Оваа сума вклучува 250.000 SKK како надоместок за   трошоците направени во постапките пред органите на   Конвенцијата.   103. Владата го оспорила ова барање како неосновано бидејќи   жалителотот не доставил никаков релевантен документ за да го   поткрепи ова барање.   104. Според праксата на судот, жалителот има право на   надомест на трошоците според член 41 од Конвенцијата, само   доколку се покаже дека тие навистина биле направени и биле   неопходни и се разумни по обем (види, меѓу другите, Jėčius   против Литванија, бр.34578/97, § 112, ECHR 2000-IX). Судот не   утврдил дека овие услови се исполнети во однос на барањето на   жалителот. Бидејќи е утврдено дека жалителот ги сносил   трошоците како на државно ниво така и во постапките пред   органите на Конвенцијата, Судот му досудува сума од 500.000 SKK,   пресметувајќи на еднаква основа.   В. Затезна камата   Фелдек против Словачка - Пресуда   105. Според информацијата достапна до судот, затезната   камата во Словачка на денот на усвојување на оваа пресуда е   17.6% годишно.   ОД ОВИЕ ПРИЧИНИ, СУДОТ ЕДНОГЛАСНО   1. Смета, со пет гласа спрема два, дека има повреда на член 10 од   Конвенцијата;   2. Смета едногласно дека не се произлегува одделен проблем во   однос на член 9 од Конвенцијата;   3. Смета едногласно дека нема повреда на член 14 од   Конвенцијата;   4. Смета со пет гласа спрема два:   (a) дека одговорната држава треба да му ги исплати на   жалителот во рок од три месеци од конечноста на одлуката,   согласно членот 44 став 2 од Конвенцијата, следните износи:   (i) 65,000 SKK (шеесет и пет илјади словачки коруни) во   однос на нематеријалната штета;   (ii) 500,000 SKK (петстотини илјади словачки коруни) во   однос на трошоците и издатоците;   (б) дека основната камата по годишна стапка од 17.6% ќе се   исплаќа по истекот на горе-спомнатите три месеци се до   целосната исплата.   5. Го одбива остатокот од барањето за обештетување.     Изготвено на англиски и доставено во писмена форма на 12 јули   2001, согласно член 77 §§ 2 и 3 од Деловникот на Судот.   Erik FRIBERGH   Christos ROZAKIS   Секретар   Претседател   Во согласност со член 45 § 2 од Конвенцијата и правилото 74 § 2   од Деловникот на Судот, of the Rules of Court, заедничкото издвоено   мислење на судиите Fischbach и Lorenzen е составен дел на оваа   пресуда.   C.L.R.   E.F.   Фелдек против Словачка - Пресуда   ЗАЕДНИЧКО ИЗДВОЕНО МИСЛЕЊЕ НА СУДИИТЕ FISCHBACH   И LORENZEN   Ние не го делиме ставот на мнозинството дека има повреда на   член 10 од Конвенцијата.   Главната цел за која станува збор во овој случај е дали   попречувањето на правото на жалителот на слобода на изразување   било пропорционално со законската намера и дали причините   дадени од државните судови за да го оправдаат тоа биле   релевантни и доволни. Во овој поглед, ние потенцираме на   почетокот дека не е задача на Судот да го заземе местото на   домашните судови во оценувањето на фактичката позадина на овој   случај или да дава било какви квалификации за релевантниот   период од минатото на г-дин Slobodník.   Јасно е од изјавата од 29 јули 1992, кога ќе се прочита цела, дека   главната цел на жалителот била да покаже дека минатото на г-дин   Slobodník кое „излегло во јавноста“ и кое тој го квалификувал како   „фашистичко“ претставувало закана за демократскиот развој и   слика за Словачка, и дека не било соодветно со личните квалитети   кој ттреба да ги поседува еден член на владата. Жалителот дури и   побарал оставка од г-дин Slobodník, бидејќи, според него, Словачка   би можела да се најде во политичка, економска и културна   изолација. Во врска со тоа, жалителот јасно ја посочил   филозофијата на Нирнберг судењата, особено филозофијата за   водење на постапките пред Меѓународниот воен суд, чија цел била   да се судат и да осудат најголемите воени криминалци од Европа   кои имале индивидуални одговорности во криминалот против   мирот, воениот криминал, и криминалот против човештвото.   Апелациониот суд и судот за касација во своите пресуди   забележале дека релевантниот период од животот на г-дин   Slobodník бил опишан во неговата книга која била објавена во 1991.     Тој, исто така, бил опфатен и од новинарите од Словачка и од   странство, пред и по изјавата на жалителот, и во неколку прилики г-   дин Slobodník коментирал и давал изјави на таа тема.   Затоа, изјавта на жалителотот се базирала на информации кои   веќе биле објавени во 1991 и немало други факти во текот на   јавната дебата и судските постапки во Словачка. Во својата изјава   жалителот посочил на фактот дека г-дин Slobodník. бил назначен за   Министер за образование и кутура во јуни 1992 и додал „...   следното нешто беше тоа неговото фашистичко минато излезе во   јавноста“. Оваа реченица би можела да го наведе читателот дека   изјавата за „фашистичкото минато“ била базирана на информација   која била обелоденета во јавноста откако г-дин Slobodník бил   назначен за Министер во владата.   Ние потврдуваме дека мислењето искажано во изјавата   претставувало субјективно мислење на тема од јавен интерес,   бидејќи во прашање бил министер, а тоа е јавна личност во поглед   на која лимитите за прифатлива критика се значајно поголеми од   оние за физичко лице.   ФЕЛДЕК ПРОТИВ СЛОВАЧКА ПРЕСУДА-ЗАЕДНИЧКО ИЗДВОЕНО МИСЛЕЊЕ НА   СУДИИТЕ FISCHBACH И LORENZEN 38   Во врска со прашањето дали има доволна фактичка основа за   оспорената изјава, треба да се потсети дека апелациониот суд   изјавил дека жалителот дал ограничена интерпретација на   терминот „фашистичко минтао“ со тоа што јасно посочил на   филозофијата на Нирнберг судењата.   Апелациониот суд ги разгледал сите достапни докумнети и   докази кои биле користени за време на Нирнберг судењата и   биле поврзани со Словачка, но во нив не успеал да најде   посочување кон поврзаноста на Хлинковата младина со   фашистички организации. Тој востановил дека пропагандата или   имплементацијата на фашистичките теории не била својствена   на законските правила и односи на Хлинковата младина.   Апелациониот суд открил дека г-дин Slobodník се приклучил кон   организацијата бидејќи сакал да учествува во спортските   активности и не бил мотивиран од фашистичките разбирања. Во   однос на тренинг курсот во Секуле, тој открил дека г-дин   Slobodník не го завршил и го прифатил аргументот дека тој ја   дознал целта на курсот дури откако започнал да го посетува.   Апелациониот суд заклучил дека г-дин Slobodník не бил   индивидуално одговорен за било кое дејство кое би го   оправдало опишувањето на неговото минато како фашистичко.   Судот за касација ја подржил изјавата на апелациониот суд   дека за една личност може да се смета дека има фашистичко   кинато само ако таа пропагирала или практикувала фашизам на   активен начин. Самото членство во организацијата и учеството   во терористичкиот тренинг курс кое не било проследено со било   какви дејства не може да се карактеризира како фашистичко   минато. Бидејќи жалителотот не докажал дека г-дин Slobodník   имал фашистичко минато според неговото значење, судот за   касација открил дека изјавата од 29 јуни 1992 неоправдано ги   ФЕЛДЕК ПРОТИВ СЛОВАЧКА ПРЕСУДА-ЗАЕДНИЧКО ИЗДВОЕНО МИСЛЕЊЕ НА   СУДИИТЕ FISCHBACH И LORENZEN   прекршила неговите лични права. Како и да е, судот за касација   не исклучил дека изјавата би можела да се смета како   субјективно мислење, за кое не било потребен никаков доказ,   доколку потенцирала на фактите врз кои жалителотот го   базирал своето мислење.   Во наше мислење, терминот „фашистичко минато“ користен   од жалителот во неговата изјава е термин кој може да   предизвика различни мислења кај оние кои го читаат како во   врска со содржината така и со значењето. Несомнено, улогата   на новинарот воопшто е да ги обелодени информациите и   идеите од јавен интерес, дури и ако тие можат да навредат,   шокират или вознемират. Како и да е, таа информација мора да   им дозволи на читателите да ги разберат околностите или   настаните за кои авторот дава субјективно мислење така што   тие не би добиле погрешно сфаќање за содржината на   информацијата.   Во својата изјава, жалителот не посочил на книгата на г-дин I   Slobodník, релевантните статии во весниците или на другите   извори за информации, ниту ги открил околностите или   настаните врз основа на кои го стекнал субјективното мислење,   единствено го споменал фашистичкото минато на на г-дин   Slobodník кое „излегло во јавноста“. Посочувајќи дека   информацијата за минатото на г-дин Slobodník се појавила   откако тој станал Министер за образование и култура,   жалителотот дал впечаток дека неговата изјава се базирала на   информација која сеуште не била јавно позната. Ова е многу   важно како што тој јасно посочил кон филозофијата на Нирнберг   судењата. Во однос на тоа, жалителот создал можност за   шпекулации за фашистичкото и криминалното минато на г-дин   Slobodník дури и за оние кои го прочитале материјалот поврзан   ФЕЛДЕК ПРОТИВ СЛОВАЧКА ПРЕСУДА-ЗАЕДНИЧКО ИЗДВОЕНО МИСЛЕЊЕ НА   СУДИИТЕ FISCHBACH И LORENZEN 38   со минатото на г-дин Slobodník. На тој начин жалителот ги   преминал големите лимити за прифатлива критика дозволени од   праксата на судот во однос на еден политичар или член на   владата.   Во овие околности, и земајќи ги во предвид обврските и   одговорностите кои се дел од правото на слобода на   изразување загарантирано со член 10 од Конвенцијата и   обврската на договорната странка да овозможи мерка за   заштита на правото на една личност да го почитува неговиот   личен живот, ние сметаме дека не било неоправдано што   апелациониот суд и судот за касација, оценувајќи и балансирајќи   ги засегнатите интереси, го одбиле аргументот дека правото на   жалителотот на слобода на изразување треба да го надмине   правото на г-дин Slobodník на заштита на својот углед и го   донеле спротивниот заклучок.   Според нас, апелациониот суд и судот за касација ја   примениле нивната дискреција внимателно   и разумно.   Причините наведени од нив се базираат на прифатлива   проценка на фактите и тие се доволни и релевантни. Исто така,   нема индикација дека жалителот бил лишен од можноста да   даде доказ како би ја поткрепил својата изјава и затоа таа   претставува само коментар. Затоа ние сметаме дека   применетите стандарди се во согласност со принципите   наведени во член 10.   Покрај тоа, земајќи го во предвид фактот дека судот за   касација му наредил на жалителот да го поднесе објавувањето   на потврдата за клеветничкиот карактер на неговата изјава но го   одбил барањето на г-дин Slobodník за нематеријална штета како   неосновано, ние сметаме дека жалбената пресуда не била   непропорционална со законската намера   ФЕЛДЕК ПРОТИВ СЛОВАЧКА ПРЕСУДА-ЗАЕДНИЧКО ИЗДВОЕНО МИСЛЕЊЕ НА   СУДИИТЕ FISCHBACH И LORENZEN   Затоа ние сметаме дека попречувањето на правото на   жалителот на слобода на изразување може со право да се   смета како „потребно во едно демократско општество“ според   значењето на став 2 од член 10 и дека, според тоа, нема   повреда на член 10 од Конвенцијата.

© Rada Europy / Europejski Trybunał Praw Człowieka, źródło: HUDOC (hudoc.echr.coe.int), pozyskano 13.07.2026. · Źródło