29271/95

WyrokETPCz2002-02-26ECLI:CE:ECHR:2002:0226JUD002927195

Analiza orzeczenia

Sekcja wygenerowana przez AI na podstawie treści orzeczenia — nie stanowi cytatu.

Zagadnienie prawne
Czy zakaz powtarzania i nakaz wycofania oświadczeń dotyczących polityka, opublikowanych w prasie, stanowił nieproporcjonalne naruszenie wolności wyrażania opinii gwarantowanej przez art. 10 Konwencji?
Ratio decidendi
Trybunał uznał, że choć niektóre stwierdzenia skarżących były nieprawdziwe (np. dotyczące członkostwa polityka w rządzie), to w kontekście całości artykułu i faktu, że Michael Graff był znaczącym politykiem, granice dopuszczalnej krytyki są szersze. Trybunał stwierdził, że istniały wystarczające podstawy faktyczne dla ocen wartościujących zawartych w artykule, a krytyka dotyczyła kwestii publicznego interesu. Ograniczenie wolności wypowiedzi było nieproporcjonalne do zamierzonego celu, ponieważ sądy krajowe przekroczyły dopuszczalny margines oceny, nie uwzględniając w pełni roli mediów jako „publicznego stróża” i specyfiki debaty politycznej.
Stan faktyczny
Pierwszy skarżący, Hans Dichand, był redaktorem naczelnym i wydawcą gazety „Neue Kronen-Zeitung”, której właścicielami były pozostałe dwie skarżące spółki. W czerwcu 1993 roku gazeta opublikowała artykuł krytykujący Michaela Graffa, polityka i prawnika, zarzucając mu ignorowanie zasad moralnych i demokratycznych oraz sugerując, że jako przewodniczący komisji parlamentarnej manipulował prawem dla korzyści swoich klientów. Graff wniósł pozew o zakaz powtarzania i wycofanie tych oświadczeń. Sądy austriackie wydały zakaz, uznając, że oświadczenia były zniesławiające i nieprawdziwe, a skarżący nie udowodnili ich prawdziwości.
Rozstrzygnięcie
Trybunał jednogłośnie stwierdza naruszenie art. 10 Konwencji. Trybunał zasądza na rzecz skarżących odszkodowanie za szkodę majątkową, koszty postępowania krajowego i przed Trybunałem, a także dodatkowe odsetki.

Pełny tekst orzeczenia

CONSEIL   DE L’EUROPE   COUNCIL   OF EUROPE   COUR EUROPÉENNE DES DROITS DE L’HOMME   EUROPEAN COURT OF HUMAN RIGHTS   ПОРАНЕШЕН ТРЕТ ОДДЕЛ   СЛУЧАЈ   DICHAND AND OTHERS против АВСТРИЈА   (Жалба бр. 29271/95)   ПРЕСУДА   СТРАЗБУР   февруари 2002   КОНЕЧНА   26/05/2002   Оваа пресуда ќе стане крајна во условите предвидени во член   параграф 2 од Конвенцијата. Таа може да биде предмет на   редакциска измена.   DICHAND/KRONE VERLAG против АВСТРИЈА - ПРЕСУДА   Во случајот на Dichand and others v. Austria,   Европскиот суд за човекови права (Поранешен трет оддел),   заседаваше како Совет составен од:   Г-дин. J.-P. COSTA, Претседател,   Г-дин.W. FUHRMANN,   Г-дин.L. LOUCAIDES,   Сер Nicolas BRATZA,   Г-ѓа. H.S. GREVE,   Г-дин.K. TRAJA,   Г-дин.M. UGREKHELIDZE, судии,   И Г-ѓа. S. DOLLÉ, секретар на оддел,   заседавајќи на затворена седница на 9 јануари 2001 и на 30   јануари 2002, ја донесе следната пресуда која што беше усвоена   на последно споменатиот датум:   ПОСТАПКА   1. Случајот кој што потекнува по жалбата (бр. 29271/95)   против Република Австрија, поднесена на 28 септември 1995   година до Европската комисија за човекови права (“Комисијата”)   според поранешниот член 25 од Конвенцијата за заштита на   човековите права и основните слободи (“Конвенцијата”) од   страна на државјанинот на Австрија Hans Dichand, Krone-Verlag   GmbH   & Co KG, друштво со ограничена одговорност   регистрирано според австрискиот закон и Krone-Verlag GmbH,   друштво со ограничена одговорност регистрирано според   австрискиот закон.   1. Жалителите беа претставени пред Судот од страна на Г-   дин T. Höhne, адвокат во Виена (Австрија). Австриската влада   DICHAND/KRONE VERLAG против АВСТРИЈА - ПРЕСУДА   (“Владата”) беше претставена од страна на нејзиниот Агент,   Амбасадорот H. Winkler, раководител на Одделот за   меѓународно право при Сојузното министерство за надворешни   работи.   2. Жалителите наведоа дека налогот за забрана против нив,   за повторување на одредени изјави кои што тие ги имаат   објавено во месечникот (“Neue Kronen-Zeitung”), и наредбата до   нив да ги повлечат овие изјави, ги крши нивните права за   слобода на изразување, спротивно на членот 10 од   Конвенцијата.   3. Жалбата беше пренесена до Судот на 1 ноември 1998   година, кога Протокол Бр.11 на Конвенцијата стапи на сила   (член 5 параграф 2 од Протоколот Бр.11).   4. Жалбата беше распоредена во Третиот оддел на Судот   (член 52 § 1 од Деловникот на Судот). Во рамките на тој Оддел,   Советот што ќе го разгледува предметот (Член 27 § 1 од   Конвенцијата) беше конституиран како што е предвидено во   член 26 § 1 од Деловникот на Судот.   5. Со одлука од 9 јануари 2001 година Советот ја прогласи   жалбата за допустлива.   6. На 1 ноември 2001 година Судот изврши промена во   составот на своите Оддели, но овој случај остана со   претходниот Совет од Одделот III кој што ја имаше прогласено   жалбата за допустлива.   7. По консултација со странките, Советот одлучи дека не е   потребно сослушување за основаноста (член 59 § 2 in fine ),   подносителот, но не и Владата, поднесоа дополнителни   забелешки во поглед основаноста. Покрај тоа, коментари од   трета страна беа добиени од господинот Michael Graff, кому му   беше допуштено од страна на Претседателот да интервенира во   DICHAND/KRONE VERLAG против АВСТРИЈА - ПРЕСУДА   писмена постапка (член 36 § 2 од Конвенцијата и Правилото 61 §   3). Жалителите одговорија на тие коментари (Правило 61 § 5).   ФАКТИ   I. ОКОЛНОСТИТЕ НА СЛУЧАЈОТ   8. Првиот жалител, Австриски државјанин роден во 1921 со   жителство во Виена, е главен и одговорен уредник и издавач на   весникот “Neue Kronen-Zeitung”. Вториот жалител, друштво со   ограничена одговорност (Kommanditgesellschaft) е сопственикот   на овој весник. Третиот жалител е друштво со ограничена   одговорност, генералниот партнер (Komplementär) на вториот   жалител. Седиштата на бизнисот на вториот и третиот жалител   се во Виена.   9. Жалителите припаѓаат на голема медиумска групација која   што своевремено беше во голем натпревар со друга медиумска   групација , претставена од г-дин Michael Graff, адвокат кој што   работи во Виена. Покрај својата работа како адвокат, г-дин Graff   од 1982 до 1987   година беше генерален секретар на   Австриската народната партија (Österreichische Volkspartei) и од   до 1995 година пратеник во Парламентот од таа партија.   Помеѓу 1987 и 1995 година тој беше Претседател на   Парламентарната законодавна комисија (Justizausschuß). Од   до јули 1995 година тој ги претставуваше конкурентите на   жалителите во неколку постапки во врска со нелојална   конкуренција против компании што припаѓаа на медиумската   групација на жалителите.   10. Во 1989 година неколку Австриски закони беа дополнети   со Актот за изменување на проширените парични граници   DICHAND/KRONE VERLAG против АВСТРИЈА - ПРЕСУДА   (Erweiterte   Wertgrenzen-Novelle).   Актот   на   Владата   (Regierungsvorlage) исто така предвиде измена и дополнување   на Делот 359 § 1 од Законот за извршна постапка   (Exekutionsordnung), дел што е од особено значење за   извршување на судски налози. Актот на Владата имаше   предвидено зголемување на казните кои што би можеле да се   изречат за неусогласеност со судски налози во висина од ATS   50,000 до ATS 80,000 по налог за извршување.   11. Под претседателство на г-дин Graff, Законодавната   комисија која работеше со Актот на Владата, предложи поинаква   верзија, имено дека максималната казна од AS 80,000 може да   му се изрече за секое барање за извршување (Exekutionsantrag)   како замена за секоја извршна наредба издадена од страна на   Извршниот суд. Во својот извештај од јуни 1989 година,   Законодавно-правната комисија посочи дека казната требало да   се множи со бројот на барања за извршување, ако била   донесена само една одлука во комбинација со неколку барања.   Овој предлог беше усвоен од страна на Парламентот на 29 јуни   година и објавен како Член XI од Актот за изменување на   проширените парични граници, Федералниот весник за закони   1989/343 (Erweiterte Wertgrenzen-Novelle 1989, BGBl. 1989/343).   12. Четири години подоцна, во јуни 1993 година, во весникот   “Neue Kronen-Zeitung” беше објавена следната статија,   напишана од првиот жалител под псевдонимот “Като”:   “Наравоучение 93   Пред Roland Dumas да постане француски Министер за   надворешни работи, тој беше еден од најпознатите и   најуспешни европски адвокати. Тој управуваше со огромниот   DICHAND/KRONE VERLAG против АВСТРИЈА - ПРЕСУДА   имот на Пикасо; тој го претставуваше Kreisky и австриски   Министер за надворешни работи кога подоцна се најде во   лоша ситуација. Dumas тоа го сфати здраво за готово дека   тој мора да се откаже од својата адвокатска фирма кога тој   постана член на Владата. Во секоја демократија во светот,   се следи овој курс на дејствување. Само г-дин Graff кој   очигледно е дебелокожец, нема намера да се согласи со   овие морални концепти.   Тоа така се случувало во времето кога г-дин Graff беше   Претседател на Парламентарната Законодавно-правна   комисија, беше дополнет закон кој што донесе големи   предности за издавачите на весникот кој што г-дин Graff ги   застапуваше како адвокат. Со цел да се осигура дека во   такви случаи нема сомневање, дури ниту оној кој нема   објективно оправдување, може да произлезе дека постои   разумното правило на некомпатибилност, адвокат не смее   да учествува во донесувањето на закони кои што ќе водат   кон предности за неговите клиенти.   Исто така Австриската народна партија размислуваа на ист   начин и тие одлучија да се жалат за совеста на г-дин Graff.   Залудно! Тоа кажува многу за сегашната состојба на   Австриската народна партија, дека таа не може да го убеди   г-дин Graff. Другите партии ќе бидат само презадоволни кога   тоа станува толку флагрантно очигледно колку е немоќна   Австриската народна партија во однос на еден од нејзините   претставници кој има сопствени морални концепти. На г-дин   Graff му беше дозволено дури и да го претстави својот   дискредитирачки став на нашата (Австриската) монопол –   телевизија. Г-дин Graff мислеше дека тоа би било знак за   DICHAND/KRONE VERLAG против АВСТРИЈА - ПРЕСУДА   страв по ‘Kronen Zeitung’ ако тој мораше да поднесе оставка   во Законодавната комисија.   Народната партија не треба да се плаши од ‘Krone’, но   нејзините гласачи, кои ќе продолжат да се дистанцираат од   нив ако партијата се покажува неспособна да воспоставува   ред во своите редови; како некој потоа би можел да верува   дека тоа ќе им успее да го направат во државата... Cato.”   DICHAND/KRONE VERLAG против АВСТРИЈА - ПРЕСУДА   <German>   “Moral 93   Roland Dumas war, bevor er Frankreich’s Außenminister   wurde, einer der bekanntesten und erfolgreichsten   Rechtsanwälte Europas. Er verwaltete zum Beispiel das   gigantische Erbe Picassos, vertrat Kreisky und einen   österreichischen Außenminister, als dieser in eine arge Affäre   geraten war. Für Dumas war es ganz selbstverständlich, daß er   sein Rechtsanwaltsbüro aufgeben mußte, als er in die Regierung   eintrat. Überall in der Welt wird dies in Demokratien so gehalten.   Nur der offenbar mit einer Büffelhaut ausgestattete Rechtsanwalt   Dr. Graff denkt nicht daran, sich nach solchen Moralbegriffen zu   richten.   So kam es, während er im Justizausschuß des Parlaments den   Vorsitz hatte, zur Veränderung eines Gesetzes, wodurch der   Zeitungsverlag, den Graff rechtsanwaltlich vertritt, große Vorteile   hatte. Damit in solchen Fällen nicht ein bestimmter Verdacht   entstehen kann, der keineswegs begründet sein muß, gibt es   eben die weise Regel der Unvereinbarkeit; ein Anwalt darf nicht   an der Entstehung von Gesetzen beteiligt sein, die seinen   Mandanten Vorteile bringen.   Das dachte man auch in der ÖVP, und man entschloß sich,   Graff ins Gewissen zu reden. Vergeblich! Es sagt einiges über   den Zustand der ÖVP aus, daß sie sich gegen Graff nicht   durchsetzen konnte. Den anderen Parteien kann es nur recht   sein, wenn sich in so brutaler Offenheit zeigt, wie ohnmächtig die   Volkspartei gegenüber einem Funktionär ist, der seine eigene   Moral hat. Sogar in unserem Monopol-Fernsehen durfte er seine   DICHAND/KRONE VERLAG против АВСТРИЈА - ПРЕСУДА   anrüchige Haltung vertreten. Graff meinte, es würde nur Angst   vor der ‘Kronen Zeitung’ signalisieren, berufe man ihn im   Justizausschuß ab.   Nicht vor der ‘Krone’ braucht die ÖVP Angst zu haben, sondern   vor ihren Wählern, die sich weiter von ihr abwenden werden,   wenn sie sich als unfähig erweist, in der eigenen Partei Ordnung   zu machen; wie sollte man da das Vertrauen haben, es könne ihr   im Staat gelingen ... Cato.”   13. На 7 јуни 1994 година г-дин Graff донесе постапка за   забрана по член 1330 од Австрискиот Граѓански законик   (Allgemeines Bürgerliches Gesetzbuch) против трите жалители,   пред Виенскиот Стопански суд (Handelsgericht). Тој побарал на   жалителите да им се забрани изјавување или повторување дека   тој “нема намера да се усогласи со моралните концепти кои што   постојат во демократиите во целиот свет, односно дека некој   мора да се откаже од сопствената адвокатска фирма ако тој   постане член на Владата, (М.Г никогаш не бил член на Владата)   и/или дека тој учествувал во донесувањето на закони кои што   довеле до предности за неговите клиенти и/или дека нему му   било дозволено да го претстави своето дискредитирачко   мислење на телевизија.” Исто така тој побара изјавата да биде   повлечена и овој демант да биде објавен во “Neue Kronen-   Zeitung”.   14. На 9 јули 1993 Виенскиот Стопански суд издаде   прелиминарна   забрана   (einstweilige   Verfügung)   против   жалителите, со која што нив им се забранува да ги повторуваат   оспорените извештаи. Жалбата на жалителите против оваа   одлука не можеше да се искористи.   DICHAND/KRONE VERLAG против АВСТРИЈА - ПРЕСУДА   15. На 9 септември 1994 година Виенскиот Стопански суд   обезбеди постојана забрана. Таа им наредува на жалителите да   не се повторат оспорените изјави и да се објави негирање на   истите во едно од изданијата на “Neue Kronen-Zeitung”. Беше   утврдено дека изјавите на жалителите нанеле навреда и затоа   се пресече дека треба да се земе предвид не само по основ на   Одделот 1330 параграф 2 од Австрискиот Граѓански законик,   туку исто така и по основ на првиот параграф од Одделот 1330.   Во тој случај обврската за докажување се префрли на   жалителите, кои што мораа да ја докажат вистината на   оспорените изјави. Судот посочи дека сите изјави содржани во   натписот беа изјави на факт кои што жалителите ќе мораат да   ги докажат.   16. Судот утврди дека изјавата која што ја содржи првиот   параграф од натписот во весникот била навреда, во рамките на   значењето на Одделот 1330 параграф 1 од Граѓанскиот законик,   бидејќи г-дин Graff беше обвинет за игнорирање   и запоставување на моралот и демократските стандарди и дека   затоа постапил неморално. Оваа изјава содржеше имплицитно   тврдење дека г-дин Graff постанал член на Владата. Сепак,   тврдењето не беше точно бидејќи г-дин Graff никогаш не бил   член на Владата.   17. Понатаму, судот смета дека изјавата во вториот параграф   од натписот во весникот изрази сомневање дека г-дин Graff ја   злоупотребил својата позиција како член на Парламентот.   Предложениот доказ со кој што треба да се докаже вистината на   DICHAND/KRONE VERLAG против АВСТРИЈА - ПРЕСУДА   ова тврдење, односно амандманот на Одделот 359 параграф 1   од Законот за извршна постапка, беше доволен бидејќи   жалителите немаа дури ни тврдење пред судот дека   амандманот беше ексклузивен интерес на клиентот на г-дин   Graff. Овој амандман всушност имаше објективна основа, од   интерес на двете конкурентски медиумски групации и немаше   неповолен ефект врз конкуренцијата.   18. Во однос на третата изјава според која што ставот на г-дин   Graff беше дискредитиран, судот утврди дека оваа изјава   повторно ги содржи наводите дека г-дин Graff постапувал   неморално бидејќи тој се занимавал со две некомпатибилни   активности. Според тоа, судот заклучи дека жалителите не би   можеле успешно да се потпрат на член 10 од Конвенцијата   бидејќи мешањето во правата на жалителите според оваа   одредба било оправдано со цел да се заштити добриот углед на   г-дин Graff, кој што би можел да биде доведен во прашање од   такви невистинити изјави.   19. На 20 октомври 1994 година жалителите поднесоа   приговор. Тие изјавија дека Стопанскиот суд недоволно зел во   предвид пишана изјава од страна на Е.С., вработен кај вториот   жалител, која што жалителите ја имале поднесено. Според оваа   пишана изјава, г-дин Graff ја побара измената на Законот за   извршна постапка со цел да се наметне парична за секое   барање за извршување, со тоа искористувајќи една од слабите   точки на жалителите. Жалителите беа сопственици на неколку   месечни списанија. Заради тоа, овие списанија вообичаено беа   подолго на пазарот, за разлика од дневните весници. Ако едно   DICHAND/KRONE VERLAG против АВСТРИЈА - ПРЕСУДА   од списанијата на жалителите, на пример Законот за нелојална   конкуренција (Bundesgesetz gegen den unlauteren Wettbewerb), г-   дин Graff како правен застапник на конкурентите, веднаш   обезбедил прелиминарна забрана и поднел скоро секојдневни   барања за извршување. Тој сметал на фактот жалителите, на   подолг рок да не би можеле да си дозволат да си ги платат   казните или дека тие не би можеле да си ги дозволат трошоците   за повлекување на релевантното издавање на месечното   списание од дистрибуција. Според претходната правна   ситуација, неколку барања за извршување ќе се комбинираат во   една одлука и жалителите ќе мораа да платат една парична   казна во висина од AS 50,000 за нив. Меѓутоа, според Одделот   параграф 1 од Законот за извршна постапка во неговата   променета форма, казните беа помножени со бројот на барања   и следствено на тоа, драстично се зголемија.   20. Понатаму, жалителите се жалеле дека Стопанскиот суд   пропуштил да земе ја доволно во предвид пишаната изјава од   страна на адвокатот С.Р. и одби да го слушне ова лице како   сведок. Тој ќе дадеше доказ од телефонски разговор на 12 јуни   година помеѓу него и г-дин Graff, во кој вториот се пожалил   дека неговите барања за извршување не биле успешни и не ги   собрал очекуваните парични казни. Тој продолжи дека ова би   барало промени во материјалните ограничувања и системот на   парични казни. Жалителите исто така наведоа дека оспорената   статија претставува критика кон однесувањето на г-дин Graff   како политичар и затоа бил заштитен од страна на слободата на   изразување гарантирана со член 10 од Конвенцијата.   DICHAND/KRONE VERLAG против АВСТРИЈА - ПРЕСУДА   21. На 15 декември 1994 година, Апелациониот суд на Виена   (Oberlandesgericht) ја отфрли жалбата на жалителите. Се покажа   дека Стопанскиот суд правилно ги зел потребните докази и ги   оценил релевантните факти. Жалителите дури и не се   расправале пред Стопанскиот суд дека г-дин Graff бил член на   Владата или дека амандманот на Законот за извршна постапка   му служел исклучиво на интересите на клиентот на г-дин Graff.   Наместо тоа, тие само докажуваа дека г-дин Graff, со неговата   функција како претседател на Законодавно - правната комисија,   бил вклучен во изработката на закони кои што создаваат   предности за неговиот клиент. Поради тоа, жалителите мораа да   докажат дека г-дин Graff бил член на Владата и дека тој го   манипулирал донесувањето на закони за ексклузивна предност   на неговиот клиент. Сепак, доказите предложени од страна на   жалителите беа доволни за да ги докажат ваквите обвинувања.   Освен тоа, оспорените извештаи не претставуваа вредносен   суд, туку (политичка) критика врз основа на наведените факти.   Таквите критики беа прифатливи само доколку основните факти   беа вистинити. Откако жалителите не успеаја да ја докажат   вистината на овие факти, тие не можеа да се потпрат на член 10   од Конвенцијата.   22. На 9 март 1995 година Врховниот суд ја отфрли како   недопустлива вонредната жалба на жалителите на точки од   законот (außerordentliche Revision). Што се однесува до   претходната судска пракса, судот истакна дека омаловажување   со помош на невистинити изјави, дури и ако се направени во   текот на политичка дебата, отишле подалеку од она што значи   прифатлива (политичка) критика и не би можело да се оправда   DICHAND/KRONE VERLAG против АВСТРИЈА - ПРЕСУДА   со мерење на интереси или со повикување на правото на   слобода на изразување. Оваа одлука била доставена до   жалителите на 10 април 1995 година.   II. РЕЛЕВАНТНО ДОМАШНО ЗАКОНОДАВСТВО   23. Оддел 1330 од Австрискиот граѓански законик   (Allgemeines Bürgerliches Gesetzbuch) го обезбедува следното:   “(1) Секој оној кој што претрпел материјална штета или   загуба на добивка поради навреда, може да достави барање   за компензација.   (2) Истото се однесува доколку некој распространува   изјави за факти кои што ја загрозуваат довербата на некое   лице, добивката или трошоците за живот   и ако   невистинитоста на изјавата се знаело или морало да му е   позната нему. Во таков случај, исто така може да биде   побарано изјавата   и публикацијата притоа да биде   повлечена... ”   ЗАКОНОТ   I. НАВОДНА ПОВРЕДА НА ЧЛЕН 10 ОД КОНВЕНЦИЈАТА   24. Жалителите се жалат согласно член 10 од Конвенцијата,   дека налогот кој што им забранува нив од правење одредени   изјави во врска со г-дин Graff, им го прекршува нивното право на   слобода на изразување. Соодветниот дел од член 10 на   Конвенцијата гласи:   DICHAND/KRONE VERLAG против АВСТРИЈА - ПРЕСУДА   “1. Секој има право на слобода на изразување. Ова право   ќе ја вклучи слободата да се има мислење и да се примаат и   споделуваат информации и идеи без мешање на јавните   власти...   2. Уживањето на овие слободи, имајќи го во предвид   фактот дека со себе носи обврски и одговорности, може да   биде предмет на такви формалности, услови, ограничувања   или казни, како што се пропишани со закон и се потребни во   едно демократско општество... заради заштитата на   реномето или правата на другите...”   A. Дали имало мешање   25. Судот забележува дека се работеше за заедничка основа   помеѓу партиите дека забраната издадена од страна на   Австриските судови претставуваше мешање со слободата на   изразување на жалителите, како што се гарантира со членот 10   параграф 1 од Конвенцијата.   B. Дали мешањето беше оправдано   26. Мешањето го прекршува членот 10 од Конвенцијата освен   ако тоа не е “пропишано со закон”, остварува една или повеќе   од легитимните цели кои што се споменати во параграф 2 од   членот 10 и е “потребно во едно демократско општество” за   постигнување на таква цел или цели.   1.”Пропишано со закон”   27. Жалителите тврдат дека предметниот налог за забрана   не бил пропишан со закон. Мешањето не можело да се   DICHAND/KRONE VERLAG против АВСТРИЈА - ПРЕСУДА   предвиди поради деталната, причинска и збунувачка судска   пракса на австриските судови во однос на Оддел 1330 од   Граѓанскиот законик и води до непредвидливи резултати. Во   сегашниот случај, австриските судови ги квалификуваа изјавите   во оспорениот член како изјави на факт, иако, во согласност со   судската пракса на Европскиот суд за човекови права, тие би   требало да ги квалификуваат нив како вредносен суд.   28. Од своја страна, Владата тврди дека Одделот 1330 од   Австрискиот кривичен законик создал правна основа за судските   налози. Оваа одредба и судската пракса кои што е развиена од   австриските судови, беше доволно достапна и ја правеше   примената на таа одредба предвидлива.   29. Имајќи ја во предвид судската пракса како во барањата за   јасност и предвидливост (Markt Intern Verlag GmbH и Klaus   Beermann против Германија, пресуда од 20 ноември 1989   година, Серија А, број 165, стр.18 и 30; Милер и другите против   Швајцарија, пресуда од 24 мај 1988 година, серија А, број 133,   стр. 20 и 29) и фактот дека предметната домашна судска пракса   постои во однос на тоа прашање, Судот смета дека налогот за   забрана бил пропишан со закон во рамките на значењето на   членот 10 параграф 2 од Конвенцијата. Самиот факт дека   судската пракса на австриските судови или дел од нив, по ова   прашање во поглед на жалителите, не била во согласност со   судската пракса на овој суд, може да биде критикувана но не   влијае на прашањето за “предвидливост”. Согласно тоа, Судот е   задоволен со тоа дека мешањето било “предвидено со закон”.   DICHAND/KRONE VERLAG против АВСТРИЈА - ПРЕСУДА   2. Легитимна цел   30. Жалителите поднесоа дека предметното мешање не   беше во функција на остварување на легитимна цел, како што се   бара во параграф 2 од членот 10. Со оглед на тоа дека г-дин   Graff беше политичар со респект чии што граници на   прифатлива критика се пошироки кога делува во неговото јавно   својство, заедно со фактот дека предметниот натпис не се   однесува на неговиот приватен живот, налогот за забрана не ги   оствари интересите за заштитата на репутацијата или правата   на другите, во согласност со значењето на параграф 2 одчленот   10.   31. Од Владината гледна точка, постоеше легитимна цел,   имено заштитата на угледот и правата на другите.   32. Судот се согласува со Владата и смета дека предметната   мерката оствари легитимна цел, односно заштитата на угледот и   правата на другите, во случајов на г-дин Graff. Од гледна точка   на судот, аргументите на жалителите повеќе се однесуваат на   прашањето дали предметното мешање беше “потребно во едно   демократско општество”, проблем кој што судот ќе го испита   подолу. Оспореното мешање, притоа, имаше цел која што беше   легитимна според параграф 2 од членот 10.   3. ”Потребно во едно демократско општество”   (a) Аргументи пред судот   (I) Жалител   33. Жалителите поднесоа дека забраната не беше потребна   во едно демократско општество. Оспорената статија немаше за   цел да ја информира јавноста во детали за посебните   DICHAND/KRONE VERLAG против АВСТРИЈА - ПРЕСУДА   канцеларии кои што беа окупирани од страна на г-дин. Граф,   туку да опишат дека, според мислењето на авторот, извесни   политички функции не беа компатибилни со професионалните   активности надвор од политиката. Иако г-дин. Граф како   претседавач на Парламентарната законодавна комисија de jure   не практикувал ниту една од јавните овластувања, тој имаше   одлучувачко политичко влијание при подготовката на закони.   Имајќи предвид дека партијата на која што г-дин. Граф беше   член беше претставена во Парламентот, неговата позиција   беше споредлива на таа на поранешниот Министер за   надворешни работи на Република Франција. Критиката на   односот на г-дин. Граф, иако строга и полемичка, не   претставуваше еден бесплатен личен напад. Впрочем, тоа   претставуваше едно објективно разбирлива евалуација на   односот на г-дин. Граф и употребата на изрази како “неморално”   или “дискредитирачко” во тој контекст притоа беа соодветни.   (II) Владата   34. Владата   тврдеше   дека   вмешувањето   беше   пропорционално на легитимната цел и дека причините кои што   беа наведени од страна на домашните судови беа доволни и   релевантни. Според нив, наводите во оспорената статија, имено   дека г-дин. Граф имаше позиција во владата, дека измените на   законот беа припремени единствено во интерес на еден од   клиентите на г-дин. Граф и дека тој имаше неморален однос,   дека составуваше фактички искази кои што не беа вистинити,   клеветеа и беа непотребно груби. Овие искази отидоа многу   подалеку од она што претставуваше граница на прифатлива   критика па дури и ако жалителот, како политичар, требаше да   покаже повисок степен на толеранција спрема критиката. Во   DICHAND/KRONE VERLAG против АВСТРИЈА - ПРЕСУДА   постапката за забрана, на жалителите им беше дадена можност   да ја докажат вистинитоста на нивните искази, но тие не успеаја   да ги убедат домашните судови дека околностите на кои што тие   беа базирани во суштина беа точни, иако немаше причина за   сомневање во добрата намера на жалителот во однос на   изнесеното. Понатаму, забраната беше пропорционална мерка,   ако се има во предвид дека таа се базираше на одлука на   граѓански суд, а не на кривична осуда, и дека таа не беше   широко формулирана туку се однесуваше на одредени членови   кои што јасно беа дефинирани во пресудата.   (III) Г-дин. Мајкл Граф   35. Во неговите коментари поднесени во согласност со член   § 2 од Конвенцијата и Правилото 61 § 3 од Правилникот на   Судот, г-дин. Граф сметаше дека иако членот 10 § 2 ја   споменуваше заштитата на правата на другите како една од   легитимните цели, на овој елемент не му беше дадено доволно   внимание во праксата на Судот.   Не постои сомнеж дека мора да биде во многу голема мера   допустливо да се изрази јавно извесна вредносна оценка и дека   даден политичар мора да ја толерира критиката во поголема   мера од останатите членови на општеството.   Во секој случај, тој едновремено не смее да биде оставен без   заштита доколку, по пат на неточни искази за фактите тој е   погрешно обвинет. Истото се однесува за вредносната оценка   кога таа е базирана на неточни факти. Притоа, Австрискиот   Врховен Суд сметаше дека “не постои право на слобода на   изразување на база на погрешни или недокажани искази за   фактите.”   DICHAND/KRONE VERLAG против АВСТРИЈА - ПРЕСУДА   Обвиненијата против него беа базирани на невистинит исказ   на фактите. Не беше точно дека измените на Актот за   изменување на продолжените парични ограничувања создаваа   огромни предности за неговиот клиент во тоа време. Беше   очигледно дека било каквата промена на правните одредби за   стапување на сила на забраните имаше влијание врз сите   натпреварувачи на пазарот, вклучително и неговиот клиент, во   однос на тоа дека значително се зголемија казните за кршење   на забраните во согласност со Актот за нефер конкуренција.   Иако беше коректно да се бара од активен адвокат да се откаже   од неговата канцеларија доколку тој стане член на Владата, тој   никогаш не беше член на Владата. Притоа, јасно беше дека   беше дадена погрешна насока кога беше направена референца   на г-дин. Думас во статијата, кој се откажа од неговата правна   практика кога стана министер во Владата.   Г-дин. Граф заклучи дека мешањето во слободата на   изразување на жалителот беше оправдано.   (b) Оценка на Судот   (I) Значајни принципи   36. Во согласност со праксата на Судот, слобода на   изразување претставува една од клучните основи на едно   демократско општество и еден од основните услови за нејзиниот   напредок и за самореализацијата на секој поединец. Во однос   на пасусот 2, членот 10, тоа се однесува не само на   “информации” или “идеи” кои што се позитивно примени или се   сметаат како ненавредливи или пак се сметаат како   DICHAND/KRONE VERLAG против АВСТРИЈА - ПРЕСУДА   индиферентни, но исто така и на оние што навредуваат,   шокираат или потресуваат. Членот 10 не само што ја заштитува   суштината на идеите и информациите кои што се изразени туку   исто така и формата во која што тие се изразени. Оваа слобода   е предмет на исклучоци кои што се определени во членот 10 § 2,   кои што во секој случај мора да се строго определени (види   пресуда Lehideux and Isorni v. France judgment од 23 септември   година, Извештаи за пресуди и одлуки 1998-VII, стр. 2886,   § 52, и Nilsen and Johnsen v. Norway [GC], бр. 23118/93, § 43,   ЕСЧП 1999-VIII).   37. Тестот за “Потребно во едно демократско општество”   претпоставува дека Судот треба да утврди дали “мешањето” за   кое што е упатена поплака е соодветно на “итната општествена   потреба”, дали тоа било пропорционално на легитимната цел   која што е се остварува и дали причините кои што се дадени од   страна на националните власти за негово оправдување се   релевантни и доволни. При оценување дали таквата “потреба”   постои и кои мерки би требало да се усвојат за справување со   истата, на националните власти им е оставена одредена   флексибилност. Оваа моќ на флексибилност секако не е   неограничена, туку таа оди рака во рака со Европскиот надзор   од страна на Судот, чија што задача е да даде конечна пресуда   за тоа дали извесно ограничување е помирливо со слободата на   изразување во согласност со членот 10. Задачата на Судот во   практикувањето на неговата надзорна функција не е да го   заземе местото на националните власти, туку да ги ревидира во   согласност со членот 10, во однос на предметот во целост,   одлуките кои што тие ги донесоа во врска со нивната рамка на   флексибилност. Притоа, Судот мора да се задоволи во однос на   тоа дека националните власти употребиле стандарди кои што   DICHAND/KRONE VERLAG против АВСТРИЈА - ПРЕСУДА   биле во согласност со принципите воспоставени во членот 10, и,   уште побитно, дека тие ги базираа нивните одлуки на   прифатливо оценување на релевантните факти   (види   Jerusalem v. Austria, no. 26958/95, § 33, 27.2.2001, со   понатамошни референци).   38. Судот понатаму потсетува дека постои малку простор во   согласност со членот 10 § 2 од Конвенцијата за ограничувања на   политичкиот говор или дебати за прашања од јавен интерес   (види Sürek v. Turkey (Бр. 1) [GC], бр. 26682/95, § 61, ECHR 1999-   IV). Понатаму, границите на прифатлива критика се пошироки   кога таа се однесува на политичар кога тој делува во јавно   својство отколку кога се однесува на приватно лице, поради   фактот што првиот неизбежно и свесно се отвора себеси за   детално испитување на секој негов збор и дело како од страна   на новинарите така и од страна на пошироката јавност, и притоа   тој мора да покаже повисок степен на толеранција. Политичарот   секако има право неговата репутација да биде заштитена, дури   и кога не делува како приватно лице, но предусловите на   таквата заштита мора да се во сооднос со интересите за   отворена дискусија на политичките прашања (види пресуда   Lingens v. Austria од 8 јуни 1986 година, Серија А бр. 103, стр. 26,   § 42; пресуда Oberschlick v. Austria 23 мај 1991 година, Серија А   бр. 204, стр. 26, § 59).   39. Медиумите играат клучна улога во едно демократско   општество. Иако не би требало да надмине извесни   ограничувања, особено во однос на почитувањето на   репутацијата и правата на другите, нејзината должност е во   секој случај да се пренесат – на начин кое е конзистентен со   нејзините обврски и одговорности – информации и идеи за сите   прашања кои што се од јавен интерес (пресуда De Haes and   DICHAND/KRONE VERLAG против АВСТРИЈА - ПРЕСУДА   Gijsels v. Belgium од 24 февруари 1997 година, Извештаи 1997-I,   ст. 233-234, § 37). Не само што ја има задачата за пренесување   на таквите информации и идеи, јавноста исто така има и право   да ги прима истите. Доколку би било различно од тоа,   медиумите не би можеле да ја играат нивната витална улога на   “јавен чувар” (пресуда Thorgeir Thorgeirson против Iceland од 25   јуни 1992 година, Серија А бр. 239, стр. 28, § 63; Bladet Tromsø   and Stensaas v. Norway 1999-III).   40. Членот 10 не само што ја заштитува суштината на идеите   и изразените информации, туку тоа го прави и за формата во   која тие се пренесени (пресуда Oberschlick v. Austria од 23 мај   1991, Серија А бр. 204, стр. 25, § 57). Новинарската слобода   исто така во себе вклучува можен ракурс кон извесен степен на   претерување, дури и на провокација (пресуда Prager and   Oberschlick v. Austria од 26 април 1995 г., Серија А бр. 313, стр.   19, § 38).   41. Во својата практика, Судот направи разлика помеѓу изјави   базирани на факти и вредносни пресуди. Имајќи предвид дека   постоењето на фактите може да се демонстрира, вистината за   вредносниот суд не потпаѓа под докажување. Условот за   докажување на вистинитоста на вредносните пресуди е   невозможен за истражување и ја загрозува самата слободата на   мислење, што е фундаментален дел на правото обезбедено со   членот 10 (пресуда Lingens v. Austria, op. cit., стр. 28, § 46;   пресуда Oberschlick v. Austria од 23 мај 1991 година, Серија А,   бр. 204, p. 27, § 63).   42. Во секој случај, дури и онаму каде што дадена изјава   доведува до вредносен суд, пропорционалноста на даденото   мешање може да зависи од тоа дали постои доволна фактичка   основа за оспорената изјава, особено ако се има предвид дека   DICHAND/KRONE VERLAG против АВСТРИЈА - ПРЕСУДА   дури и вредносен суд без никаква фактичка заснованост во   негов прилог може да биде неумерен (Jerusalem против Austria,   op. cit., § 43, со понатамошни референци).   (II) Употреба на гореспоменатите принципи во однос   на дадениот случај   43. Во дадениот случај Судот е повикан да ја испита жалбата   на жалителот дека налогот издаден од страна на Австриските   судови со кој тие ги обврзаа жалителите да повлечат извесни   изјави во однос на г-дин. Граф и да не ги повторуваат во иднина   и да не дозволуваат мешање со нивната слобода на   изразување, со што би се прекршил членот 10 од Конвенцијата.   44. Налогот против жалителите се однесува на следните три   елементи во оспорената статија: (i) дела г-дин. Граф “нема   намера да ги почитува моралните концепти кои што постојат во   демократиите насекаде низ светот, имено дека оној кој станува   член на влада треба да се откаже од сопствена адвокатска   фирма (M.G. никогаш не бил член на владата), и/или (ii) и дека   тој бил дел од донесувањето на законите кои што донеле   придобивки за неговите клиенти, и/или (iii) дека тој имал право   да го презентира неговото дискредитирачко мислење на   телевизија”. За возврат, Судот ќе ги земе во предвид овие   елементи.   45. Во однос на првиот елемент, Судот смета дека изјавата   на жалителот како што е дословно цитирана подолу,   експлицитно не искажува дека г-дин. Граф беше член на   Австриската влада. Понатаму, ова не може да се прочита во   контекстот даден претходно. Оспорената изјава е извадена од   DICHAND/KRONE VERLAG против АВСТРИЈА - ПРЕСУДА   еден пасус на кој што му следи втор пасус, во првата реченица   во која точната функција на г-дин. Граф е експлицитно искажана.   46. Првиот пасус илустрира општ морален принцип со   конкретен пример, in casu на француски адвокат и подоцна   министер, Роланд Димас, за кој се вели дека се однесувал   примерно кога “тој го земал здраво за готово фактот дека тој ќе   мора да се откаже од неговата адвокатска фирма кога ќе стане   член на [Француската] влада.” Во наредните реченици се   наведува дека:   “Во секоја светска демократија се следи ваквиот курс на   однесување. Само г-дин. М. Г. Кој очигледно е дебелокожец,   нема намера да биде во согласност со овие морални   концепти.”   47. Следниот пасус детално и точно ја опишува, со   референца на јавната функција на г-дин. Граф, фактичката   позадина за завршната забелешка во врска со него во   последната реченица на првиот пасус. Во неа се вели:   “Се случуваше секој пат кога М.Г. претседаваше со   Законодавната комисија во Собранието, да се донесат   измени на закон со кои што се даваа големи предности за   издавачите на весникот кои што М.Г. ги застапуваше како   адвокат. Со цел да се обезбеди дека во таквите случаи нема   сомневање, па дури и дека нема сомневање за кое може да   произлезе објективно оправдување, тука постои мудрото   правило на некомпатибилност; на еден адвокат не му е   дозволено да учествува во процесот на усвојување на закони   кои што водат до предности за неговите клиенти.”   DICHAND/KRONE VERLAG против АВСТРИЈА - ПРЕСУДА   48. Во овие околности, Судот го поддржа заклучокот на   Австриските судови дека мешањето во правата на жалителот   беше оправдано бидејќи жалителите имаа објавено неточна   изјава за фактите.   49. Во однос на вториот елемент, имено изјавата која што ја   даде г-дин. Граф, како претседавач на Законодавната комисија,   кој учествуваше во донесувањето на измените со кои се донесоа   предностите за еден од неговите клиенти, Судот забележува   дека тестот кој што е употребен од страна на Стопанскиот Суд   во домашните постапки со кои што жалителот требаше да   докаже дека измените на Актот за Извршување исклучиво беа во   функција на интересите на клиентите на г-дин. Граф,   предизвикаа дополнителен товар за жалителот.   Оспорените изјави не укажуваа на тоа дека измената беше во   интересот само на клиентите на г-дин. Граф, туку дека тој   доведе значителни предности за нив. Во овие околности, Судот   смета дека постојат доволно фактички основи за основање на   вредносен суд (вториот елемент) во статијата. Последното   претставува, според мислењето на Судот, еден фер коментар за   прашање кое што е од општ јавен интерес. Истото се однесува и   на третиот елемент.   50. Во секој случај, Судот не смета дека воведеното   ограничување во дадениот случај врз слободата на изразување   било потребно во едно демократско општество: Г-дин. Граф   беше значаен политичар, и фактот дека еден политичар е во   ситуација во која што неговиот бизнис и политички активности се   поклопуваат може да доведе до јавна дискусија, дури и онаму   каде што, во строги термини, не постои проблем на   DICHAND/KRONE VERLAG против АВСТРИЈА - ПРЕСУДА   некомпатибилност со работата во рамки на домашното   законодавство.   51. Вистина е дека жалителите, на една тенка фактичка   основа, објавија сериозна критика со употреба на силен,   полемички јазик. Во секој случај, мора да се потсетиме дека   членот 10 исто така ги заштитува информациите и идеите кои   што навредуваат, шокираат или вознемируваат   (пресуда   Handyside v. the United Kingdom од 7 декември 1976 година,   Серија A бр. 24, стр. 23, § 49). Гледано сумарно, Судот смета   дека Австриските судови ја надминаа дозволената рамка на   слобода која што му е доделена на земјата членка и во тој   поглед,   предметната   мерка   се   смета   дека   била   непропорционална на целта која што требало да се оствари.   52. Судот заклучува, притоа, дека постои кршење на членот   од Конвенцијата.   II. УПОТРЕБА НА ЧЛЕНОТ 41 ОД КОНВЕНЦИЈАТА   53. Членот 41 од Конвенцијата обезбедува дека:   “Доколку судот оцени дека постои кршење на Конвенцијата   или на нејзините Протоколи, и доколку меѓународното право   на Високата договорна страна за која се работи дозволува   да се направи само парцијално обештетување, Судот   доколку е потребно, правично ќе ја задоволи повредената   страна.”   A. Штета   DICHAND/KRONE VERLAG против АВСТРИЈА - ПРЕСУДА   54. Жалителите имаа побарување за 103,750.11 Австриски   шилинзи [ATS] (7,539.81 евра [EUR]) суми кои што   кореспондираа на сумите доделени на г-дин. Граф во   Австриските судови.   55. Владата не го коментираше ваквото побарување.   56. Имајќи го во предвид директниот линк помеѓу ова   прашање и кршењето на членот 10 кое што беше утврдено од   страна на Судот, жалителите имаат право повторно да ја   добијат целосната сума во износ од 7,539.81 EUR, и поради тоа   Судот ја доделува оваа сума.   B. Трошоци   57. Жалителите поднесоа барање во износ од 205,094.84   ATS (14,904.82 EUR) за нивните трошоци во Австрија. Овие   елементи треба да се земат во предвид поради фактот што тие   беа сторени за да се спречи и повторно да се адресира   кршењето кое што беше идентификувано од страна на Судот.   Сумата, за која што Владата немаше коментар, се чини разумна   за Судот и поради тоа таа се доделува во целост.   58. За трошоците кои што беа направени пред институциите   на Конвенцијата, жалителот поднесе побарување во износ од   109,808.40 ATS (7,980.09 EUR).   59. Владата не го коментираше ваквото побарување.   Имајќи го предвид фактот дека не се одржа никакво   сослушување пред Судот во дадениот случај, Судот смета дека   ваквото побарување е преголемо. Врз основа на доказите кои   што му беа на располагање, опсервациите на учесниците во   DICHAND/KRONE VERLAG против АВСТРИЈА - ПРЕСУДА   постапката и врз база на сопствената судска пракса, Судот   смета дека е правично да додели сума во износ од   5,800 EUR во однос на овој дел.   DICHAND/KRONE VERLAG против АВСТРИЈА - ПРЕСУДА   C. Камата која што се плаќа во текот на постапката пред   националните судови и институциите на Конвенцијата   60. Жалителите тврдеа дека каматната стапка во износ од   4% на годишно ниво би требало да се додаде на барањето за   сумата доделена на страната која што оспорува во рамки на   домашните постапки од денот на кој Виенскиот Апелационен   Суд ја изрекол својата пресуда т.е. на 15 декември 1994 година.   61. Судот смета дека некаква парична загуба мора да се   случила по однос на периодот кој што поминал откако овие   штети беа настанати се нивното доделување од страна на Судот   (види, за пример, пресудата Darby v. Sweden од 23 октомври   година, Серија A бр. 187, стр. 14, § 38; пресуда Опсервер   Observer and Guardian v. the United Kingdom од 26 ноември 1991   година, Серија A бр. 216, стр. 38, § 80 (d); Bladet Tromsø and   Stensaas v. Norway [GC], бр. 21980/93, § 83, ECHR 1999-III).   Одлучувајќи врз подеднаква основа и имајќи ја во предвид   пропишаната камата во Австрија, на жалителот му се   доделуваат 1,850 EUR во однос на нивното барање во рамки на   овој поднаслов.   D. Камата под дифолт   62. Според информацијта која што му е достапна на судот,   пропишаната каматна стапка која што се користи во Австрија на   денот на усвојување на дадената пресуда во Австрија на денот   на усвојување на предметната пресуда изнесува 4% на годишно   ниво.   DICHAND/KRONE VERLAG против АВСТРИЈА - ПРЕСУДА   ПОРАДИ ОВИЕ ПРИЧИНИ, СУДОТ ЕДНОГЛАСНО   1. Смета дека е направено кршење на членот 10 од   Конвенцијата;   2. Смета   (a) дека државата која што одговара треба да им плати на   жалителите, во рок од три месеци од датумот на кој   пресудата станала конечна според членот 44 § 2 од   Конвенцијата, во износ од следните суми:   (i) 7,539.81 EUR (седум илјади петстотини триесет и девет   евра и осумдесет и една цента) во однос на паричната   оштета;   (ii) 20,704.82 EUR (дваесет илјади седумстотини и четири   евра и осумдесет и две центи) во однос на трошоците;   (iii) 1,850 EUR (една илјада осумстотини педесет евра) за   дополнителната камата;   дека обичната камата со годишна стапка во износ од 4% ќе   може да се плаќа откако ќе изминат гореспоменатите три   месеци до исплатата;   3. Ги отфрла останатите побарувања на жалителите за   правично задоволување.   Направено на англиски, и известено написмено на 26 февруари   година, во согласност со Правилото 77 §§ 2 и 3 од   Правилникот на Судот.   DICHAND/KRONE VERLAG против АВСТРИЈА - ПРЕСУДА   S. DOLLÉ   J.-P. COSTA   Секретар   Претседател

© Rada Europy / Europejski Trybunał Praw Człowieka, źródło: HUDOC (hudoc.echr.coe.int), pozyskano 13.07.2026. · Źródło