31731/03
WyrokETPCz2010-01-07ECLI:CE:ECHR:2010:0107JUD003173103
Analiza orzeczenia
Sekcja wygenerowana przez AI na podstawie treści orzeczenia — nie stanowi cytatu.
Zagadnienie prawne
Czy przewlekłość i nieskuteczność postępowania egzekucyjnego, prowadząca do zniszczenia akt sprawy, naruszyła prawo skarżącego do rzetelnego procesu w rozsądnym terminie, gwarantowane przez art. 6 ust. 1 Konwencji?Ratio decidendi
Trybunał uznał, że wykonanie orzeczenia sądowego stanowi integralną część „rozpoznania sprawy” w rozumieniu art. 6 Konwencji. Państwo ma pozytywny obowiązek zorganizowania skutecznego systemu egzekucyjnego, który zapewnia wykonanie orzeczeń bez zbędnej zwłoki. W niniejszej sprawie, pomimo częściowej bierności skarżącego, sądy krajowe nie podjęły odpowiednich i skutecznych środków w celu wyegzekwowania roszczenia, co doprowadziło do trwającej blisko jedenaście lat bezczynności i ostatecznie zniszczenia akt sprawy. Taka sytuacja pozbawiła art. 6 ust. 1 Konwencji jakiegokolwiek praktycznego efektu, stanowiąc jego naruszenie.Stan faktyczny
Skarżący, Krste Jovanoski, w 1991 roku wszczął postępowanie egzekucyjne przeciwko chorwackiej firmie „Fruktus” w celu odzyskania długu. Sąd w Ochrydzie nakazał zapłatę, a część długu została uregulowana. W 1992 roku skarżący zażądał egzekucji pozostałej części długu. Postępowanie było wielokrotnie wstrzymywane i wznawiane, a w 1994 roku zostało zawieszone z powodu rozpadu Jugosławii i wojny w Chorwacji. W 1995 roku sąd okręgowy nakazał wznowienie sprawy i kontakt z Ministerstwem Sprawiedliwości w celu ustalenia istnienia umów międzynarodowych. Ostatecznie, 31 sierpnia 2001 roku, akta sprawy zostały zniszczone, a skarżący dowiedział się o tym w 2003 roku.Rozstrzygnięcie
Trybunał jednogłośnie: 1. Uznał skargę za dopuszczalną. 2. Stwierdził naruszenie art. 6 ust. 1 Konwencji. 3. Zasądził na rzecz skarżącego 500 EUR tytułem zadośćuczynienia za szkodę niemajątkową. 4. Oddalił pozostałą część roszczenia skarżącego o słuszne zadośćuczynienie.Pełny tekst orzeczenia
CONSEIL
DE L’EUROPE
COUNCIL
OF EUROPE
COUR EUROPÉENNE DES DROITS DE L’HOMME
EUROPEAN COURT OF HUMAN RIGHTS
ПЕТТИ ОДДЕЛ
ЈОВАНОСКИ ПРОТИВ
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
(Жалба бр. 31731/03)
ПРЕСУДА
СТРАЗБУР ЈАНУАРИ 2010
Оваа пресуда ќе стане конечна во согласност со условите предвидени во член 44 став 2
од Конвенцијата. Истата може да биде предмет на редакциски измени.
Напомена: Македонскиот превод на текстот на одлуката на Европскиот суд за човекови
права е исклучиво информативен и од него не произлегуваат никакви права и/или обврски.
Единствено официјалниот текст на одлуката на Европскиот суд за човекови права на
англиски и/или француски јазик, објавена од страна на Судот е автентичен и се смета за
оригинал. Не е дозволено објавување на овој превод на било каков начин без претходна
дозвола од страна на Министерството за правда на Република Македонија, освен во
случај доколку се користи за информирање.
ЈОВАНОСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА
Во случајот на Јованоски против Република Македонија,
Европскиот суд за човекови права (Петти оддел), заседавајќи во совет
составен од:
Peer Lorenzen,
Renate Jaeger,
Karel Jungwiert,
Rait Maruste,
Isabelle Berro – Lefevre,
Мирјана Лазарова Трајковска ,
Zdravka Kalaydjieva, судии,
и Claudia Westerdiek, секретар на одделот,
расправајќи на затворена седница на 1 декември 2009 ,
ја донесе следнава пресуда, која беше усвоена на тој датум:
ПОСТАПКА
1. Случајот започна со жалбата бр. 31731/03 против Република
Македонија, поднесена до Судот согласно членот 34 од
Конвенцијата за заштита на човековите права и основни слободи
(“Конвенцијата“) од страна на македонскиот државјанин, г-дин Крсте
Јованоски (“жалителот“) на 22 септември 2003.
2. Жалителот беше застапуван од страна на г-дин М. Попески,
адвокат кој работи во Охрид. Македонската Владата (“Владата“)
беше застапувана од страна на ниниот Агент, г-ѓа Р. Лазареска
Геровска.
3. На 15 ноември 2006, претседателот на петтиот оддел одлучи да ја
комуницира жалбата до Владата. Исто така беше одлучено
едновремено да се донесе одлука за допуштеноста и основаноста
на жалбата (Член 29 став 3).
ФАКТИ
ОКОЛНОСТИ НА СЛУЧАЈОТ
4. Жалителот е роден 1932 година и живее во Горно Лакочереј.
5. На непознат датум во 1991 жалителот, како успешен парничар,
иницирал извршна постапка против хрватската компанија “Фруктус“
(“должникот“) за плаќање на долг.
6. На 6 јуни 1991 тогашниот Општински суд Охрид (“првостепениот
суд“) го усвоил барањето на жалителот и му наредил на должникот
да ја префрли долгуваната сума на сметката на жалителот
(“наредбата од 1991“).
7. На 20 јуни 1991 Службата за општествено книговодство Загреб
(“службата“) префрлила дел од долгот на сметка на жалителот.
ЈОВАНОСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА
8. На 4 февруари 1992 жалителот побарал од судот да го изврши
останатиот долг. На 19 февруари 1992 првостепениот суд го
дозволил ова барање.
9. На 9 ноември 1992 тој го одбил како ненавремен приговорот на
должникот на наредбата од 1991. На 19 март 1993 Окружниот суд
Битола ја отфрлил жалбата на должникот против последната
одлука, одбивајќи го неговиот аргумент дека нормалната
комуникација била прекината опради воениот конфликт во Хрватска
во релевантниот период.
10. На 20 септември 1993 првостепениот суд безуспешно побарал од
жалителот да предложи алтернативни мерки на извршување. На 8
ноември 1994 судот ја запрел постапката наоѓајќи дека
извршувањето на остатокот на долгот, со средствата предложени
од жалителот, станало невозможно со оглед на распадот на
тогашната Сојузна служба за општествено книговодство, како и
формирањето на автономната институција на независна Хрватска.
11. На 11 јули 1995 Окружниот суд Битола ја усвоил жалбата на
жалителот и го вратил случајот на повторно постапување. Тој
нашол дека распадот на тогашното Сојузна служба за општествено
книговодство не можело да се смета за валидна основа за прекин
на извршувањето. Тој му наредил на понискиот суд да го
контактира Министерството за правда со цел да востанови дали
постои меѓу-државен договор помеѓу одговорната држава и
Хрватска што се однесува на операциите од платен промет.
Никаква понатамошна одлука не е донесена.
12. На 31 август 2001 судските списи биле уништени. Според Владата,
сите списи кои инволвирале странски должник биле уништени врз
основа на внатрешен акт на надлежните судови. Нема доказ дека
жалителот бил информиран за ова. Истрагите кои тој ги направил
на непознат датум во 2003 откриваат дека предметот бил
архивиран.
РЕЛЕВАНТНО ДОМАШНО ЗАКОНОДАВСТВО
13. Договорот помеѓу Република Македонија и Република Хрватска за
правна помош во граѓанските и кривичните предмети (“договорот“)
бил склучен на 2 септември 1994 и започнал да се применува на 26
мај 1995.
14. Членот 20 од договорот пропишува, меѓу другото,
дека
договорните страни се обврзани да ги признаваат и извршуваат
конечните одлуки донесени од страна на судовите на другата
страна.
ЈОВАНОСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА
15. Според член 22 од договорот, заинтересирано лице може да
поднесе барање за признавање и извршување на конечна пресуда
пред судовите на договорната страна, кои се повикани да одлучат
по барањето за признавање и извршување, или пред судот, кој ја
донел конечната пресуда.
ПРАВО
I. НАВОДНА ПОВРЕДА НА ЧЛЕНОТ 6 СТАВ 1 ОД КОНВЕНЦИЈАТА
16. Жалителот се жалел дека му било ускратено правото на пристап до
суд со оглед на неизвршувањето на неговото барање. Тој се жалел
според членот 6 од Конвенцијата, од која релевантниот дел е
следниот:
“Во определувањето на своите права и обврски...., секој има право
на.......судење во разумен рок од страна на ................... суд...“
А. Допуштеност
17. Владата приговарала дека жалителот не го почитувал
ограничувањето од шест месеци, кое започнало да тече од 31
август 2001, кога биле уништени судските списи. Тие понатаму
спореле дека жалбата претставува злоупотреба на правото на
жалба, како и дека застапникот на жалителот го застапувал само во
2006. Владата исто така спорела дека жалителот не ги исцрпел
сите достапни лекови го оглед на неговото пропуштање да побара
извршување пред хрватските судови.
18. Жалителот ги оспори приговорите на Владата.
19. Судот потсетува дека правилото “шест месеци“ започнува да тече
од датумот на кој одлуката е реално доставена (види Worm v.
Austria (dec.) no. 22714/93, 7 ноември 1995). Во таа смисла, тој
наоѓа дека Владата не обезбедила никаков доказ дека на
жалителот му била доставена одлуката по однос уништувањето на
судските списи. Аргументите на Владата дека жалбата претставува
злоупотреба на правото на жалба се исто така неосновани.
20. Што се однесува до приговорот на Владата за неисцрпување,
Судот смета дека пропуштањето на жалителот да побара
извршување на остатокот пред хрватските судови не може да ја
ослободи одговорната држава од одговорноста за постапката во
тек пред нејзините судови. Понатаму, овој приговор беше исто така
покренат во врска со барањето на жалителот за материјална штета
и треба соодветно да биде испитан (види став 34 подолу). Следи
дека приговорите на Владата мора да се одбијат.
ЈОВАНОСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА
21. Судот понатаму смета дека жалбата не е очигледно неоснована во
смисла на член 35 став 3 од Конвенцијата. Тој исто така наоѓа дека
таа не е недопуштена по било кој друг основ. Оттука, мора да се
прогласи за допуштена.
Б. Основаност
1. Поднесоците на страните
22. Владата поднела дека периодот кој изминал пред стапување во
сила на Конвенцијата во однос на Република Македонија не треба
да се зема во предвид. Тие изјавија дека неговото барање било
делумно извршено (види став 7 погоре). Тие понатаму останаа при
тоа дека постоеле сложени фактори како што е распадот на
поранешна Југославија и војната во Хрватска. Владата нагласила
дека жалителот не покажал никаков интерес за извршната постапка
и пропуштил да побара нејзино забрзување.
23. Жалителот ги оспорил владините аргументи.
2.Оцена на Судот
24. Судот потсетува дека извршувањето на пресуда донесена од било
кој суд мора да се смета за интегрален дел од “судењето“ во
смисла на членот 6 од Конвенцијата (види Јанкуловски против
Република Македонија, бр. 6906/03, став 33, 3 јули 2008). Уште
повеќе, Судот смета дека државата има позитивна обврска да
организира систем за извршување на пресудите кој е ефективен
како законски така и во пракса и го обезбедува извршувањето без
непотребно оддолжување (види Пецеви против Република
Македонија, бр. 21839/03, став 29, 6 ноември 2008). Сепак, Судот
забележува дека извршувањето на пресуда против приватна
странка не се протега повеќе од вмешаноста на државните органи
во извршната постапка. Кога извршната постапка ќе биде затворена
од страна на судот во согласност со националното законодавство,
одговорноста на државата завршува (види Мартиновска против
Република Македонија, одлука, бр. 22731/02, 25 септември 2006).
25. Судот забележува дека извршната постапка започнала во 1991 кога
жалителот побарал извршување на неговото барање. Неговото
барање било делумно извршено на 20 јуни 1991. На 4 февруари жалителот побарал судот да го изврши остатокот. Оттука,
Судот ја испитува жалбата на жалителот во однос на постапката од
овој подоцнежен датум. Тој понатаму забележува дека тие
формално завршиле на 31 август 2001 година кога судските списи
ЈОВАНОСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА
биле уништени. Ниедно дејствие потоа не било преземено, ниту од
страна на судовите, ниту од страна на жалителот.
26. Односната ситуација, оттука, траела близу единаест години, од кои
околу шест години влегуваат под јурисдикција на судот ratione
temporis (по ратификацијата на Конвенцијата од страна на
односната држава на 10 април 1997):
27. Судот понатаму забележува дека, со цел да ја одреди разумноста
на одложувањето кое е во прашање, мора да се земе во предвид
состојбата на случајот на денот на ратификацијата (види
Јанкуловски против Република Македонија, цитиран погоре, став
36) и забележува дека на 10 април 1997 извршната постапка веќе
била во тек околу пет години.
28. .Жалителот побарал извршување на конечната одлука донесена во
негова полза (види став 5 погоре). Откога неговото барање било
делумно извршено на 20 јуни 1991 (види став 7 погоре), извршната
постапка не била активна од 11 јули 1995 кога Окружниот суд во
Битола го вратил случајот на повторно постапување (види став 11
погоре). Првостепениот суд останал неактивен, иако бил повикан
да донесе одлука. Следната и последна активност била преземена
на 31 август 2001 кога судските списи биле уништени. Не постои
доказ дека последното било наредено по барање на жалителот.
29. Судот забележува дека последната активност на жалителот во
однос на постапката била пред јули 1995 (види став 11 погоре).
Оттука тој покажал интерес за исходот на постапката само во 2003
година (види став 12 погоре).
30. Сепак, имајќи ги во предвид сите околности, Судот смета дека со
избегнувањето да се преземат соодветни и ефективни мерки за да
се изврши барањето на жалителот во рамките на релевантниот
период, домашните судови ги лишиле одредбите од членот 6 став 1
од Конвенцијата од секаков употребен ефект.
31. Оттука, има повреда на членот 6 став 1 од Конвенцијата.
II. ПРИМЕНА НА ЧЛЕНОТ 41 ОД КОНВЕНЦИЈАТА
32. Членот 41 од Конвенцијата предвидува:
“Ако Судот нашол дека има повреда на Конвенцијата или
Протоколите, и ако внатрешното право на засегнатата Висока
Договорна Страна дозволува само делумна отштета, Судот,
доколку е потребно, ќе додели правична отштета на оштетената
страна“.
ЈОВАНОСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА
А. Штета
33. Жалителот барал 1.076.284 евра на име материјална штета. Оваа
цифра кореспондира со сумата досудена во односната постапка, со
камата. Тој исто така побарал 20. 000 евра на име нематеријална
штета за емоционално страдање.
34. Владата ги оспори овие барања спорејќи дека жалителот можел да
бара извршување на остатокот пред хрватските судови. Оттука, го
одбива ова барање под овој наслов.
35. Што се однесува до материјалната штета, Судот е убеден од
владиниот аргумент дека жалителот пропуштил, иако можел
согласно договорот, да побара извршување на остатокот пред
хрватските судови.
36. Од друга страна, Судот прифаќа дека жалителот пател
емоционално со оглед на пропустот на првостепениот суд да
одлучи по неговот барање за извршување во врска со остатокот.
Одлучувајќи на еднаква основа, му доделува 500 евра на име
нематеријална штета, плус било која такса која би можела да биде
наплатена.
Б. Трошоци
37. Жалителот
исто така барал 3700 евра за трошоците пред
домашните судови и Судот. Тој не поднел документи за поткрепа.
38. Владата го оспори ова барање како прекумерно и неосновано.
39. Судот посочува дека согласно членот 60 од Деловникот на Судот
“жалителот мора да поднесе поединечни поднесоци за сите
барања, заедно со сите релевантни документи како потврда,
што доколку биде пропуштено, Советот може да го одбие
барањето во целост или делумно“ (види Паризов против
Република Македонија, бр. 14258/03, став 72, 7 февруари 2008).
40. Судот забележува дека жалителот не поднел никакви документи
како потврда. Оттука го одбива неговото барање по овој основ.
В. Затезна камата
41. Судот смета дека е соодветно, затезната камата да се заснова на
најниската каматна стапка за позајмени средства на Европската
Централна Банка, на која треба да се додадат три процентни поени
ЈОВАНОСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА
ОД ОВИЕ ПРИЧИНИ, СУДОТ ЕДНОГЛАСНО
1. Ја прогласи жалбата за допуштена,
2. Утврди дека има повреда на член 6 став 1 од Конвенцијата;
3. Утврди дека:
(а) тужената држава, во рок од 3 месеци од денот на конечноста на
пресудата, во согласност со член 44 став 2 од Конвенцијата, треба да му
исплати на жалителот, 500 (петстотини) ЕВРА плус било каква такса која
би била засметана за жалителот, на име на нематеријална отштета
конвертирани во националната валута на одговорната држава по курсната
листа во моментот на исплата.
(б) дека по истекот на наведените три месеци па се до исплатата, ќе
се пресметува камата на горенаведениот износ по стапка еднаква на
најниската стапка за позајмени средства на Европската Централна Банка,
за периодот до исплатата на која треба да се додадат три процентни
поени.
4. Го отфрла остатокот од барањето на жалителот за правичен
надомест.
Изготвена на англиски, и објавена на 7 јануари 2010, согласно член 77
став 2 и 3 од Деловникот за работа на Судот.
Claudia Westerdiek
Секретар
Peer Lorenzen
Претседател
© Rada Europy / Europejski Trybunał Praw Człowieka, źródło: HUDOC (hudoc.echr.coe.int), pozyskano 13.07.2026. · Źródło