32357/96
WyrokETPCz2000-04-11ECLI:CE:ECHR:2000:0411JUD003235796
Analiza orzeczenia
Sekcja wygenerowana przez AI na podstawie treści orzeczenia — nie stanowi cytatu.
Zagadnienie prawne
Czy brak skutecznego dochodzenia w sprawie zarzutów tortur i nieludzkiego traktowania podczas aresztu policyjnego stanowi naruszenie proceduralnego aspektu art. 3 Konwencji?Ratio decidendi
Trybunał uznał, że art. 3 Konwencji, który bezwzględnie zakazuje tortur i nieludzkiego traktowania, nakłada na państwo pozytywny obowiązek przeprowadzenia skutecznego dochodzenia, gdy pojawiają się wiarygodne zarzuty poważnego złego traktowania przez funkcjonariuszy państwowych. W niniejszej sprawie, pomimo zgłoszenia przez skarżącą zarzutów tortur prokuratorowi i sędziemu, a także istnienia dowodów medycznych wskazujących na obrażenia, władze krajowe nie podjęły żadnych kroków w celu zbadania tych zarzutów. Ta bezczynność władz była niezgodna z proceduralnym obowiązkiem wynikającym z art. 3 Konwencji, co doprowadziło do stwierdzenia naruszenia.Stan faktyczny
Skarżąca, S. Veznedaroğlu, studentka i żona prawnika zajmującego się prawami człowieka, została aresztowana 4 lipca 1994 r. pod zarzutem członkostwa w PKK. Twierdziła, że podczas 11-dniowego aresztu policyjnego była torturowana (m.in. rażona prądem, wieszana za ręce, grożono jej śmiercią i gwałtem) oraz zmuszona do podpisania dokumentów. Lekarskie badania wykazały u niej siniaki, a ona sama zgłosiła tortury prokuratorowi i sędziemu, którzy jednak nie podjęli dalszych działań. Ostatecznie została uniewinniona od zarzutów w 1995 roku.Rozstrzygnięcie
1. Stwierdza, że doszło do naruszenia art. 3 Konwencji z powodu braku dochodzenia przez władze państwa pozwanego w sprawie zarzutów tortur skarżącej.
2. Zasądza na rzecz skarżącej 2 000 USD tytułem zadośćuczynienia za szkody niemajątkowe oraz 1 000 USD tytułem kosztów i wydatków, powiększone o podatek VAT, z odsetkami w wysokości 6% rocznie.
3. Oddala pozostałe roszczenia skarżącej dotyczące słusznego zadośćuczynienia.Pełny tekst orzeczenia
ВТОРА СЕКЦИЈА
СЛУЧАЈОТ НА СЕВТАП ВЕЗНЕДАРОГЛУ против ТУРЦИЈА
(Жалба бр. 32357/96)
ПРЕСУДА
СТРАЗБУР
11 април 2000 г.
КОНЕЧНА ВЕРЗИЈА
18/10/2000
© Совет на Европа/Европски суд за човекови права, 2012. Овој превод е направен со поддршка на Специјалниот фонд за човекови права на Советот на Европа (www.coe.int/humanrightstrustfund). Тој не го обврзува Судот. За дополнителни информации погледнете ја целосната информација во врска со авторско право на крајот од овој документ.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2012. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (www.coe.int/humanrightstrustfund). It does not bind the Court. For further information see the full copyright indication at the end of this document.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2012. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (www.coe.int/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour. Pour plus de renseignements veuillez lire l’indication de copyright/droits d’auteur à la fin du présent document.
Оваа пресуда подложи на уредничка преработка пред да го добие конечниот облик во официјалните извештаи на избрани пресуди и одлуки на Судот.
Во случајот на Севтап Везнедароглу против Турција,
Европскиот суд за човекови права (Втората секција), кој заседаваше како Судски совет составен од:
Г-дин Х.Л. Розакис (C.L. Rozakis), претседател,
Г-дин М. Фишбах (M. Fischbach),
Г-дин Џ. Бонело (G. Bonello),
Г-дин П. Лоренцен (P. Lorenzen),
Г-дин А.Б. Бака (A.B. Baka),
Г-дин E. Левитс (Е. Levıts), судии,
Г-дин Ф. Голчуклу (F. Gölcüklü), ад хок судија,
и Г-дин Е. Фриберг (E. Frıbergh), секретар на Секцијата,
Откако го разгледа случајот на затворена седница на 30 март 2000 г.,
Ја донесе следната пресуда, којашто беше усвоена на истиот датум:
ПОСТАПКА
1. Случајот потекнуваше од жалба (бр. 32357/96) против Турција поднесена до Европската комисија за човекови права („Комисијата“) согласно поранешниот член 25 од Конвенцијата за заштита на човековите права и основни слободи („Конвенцијата“) од страна на турска државјанка, г-ѓата Севтап Везнедароглу („жалителката“) на 6 април 1996 година.
2. Жалителката беше претставувана од г-динот Сезгин Танрикулу, адвокат со пракса во Дијарбакр (Турција). Турската влада („Владата“) беше претставувана од нејзиниот агент, г-динот Алев Килич, вонреден и ополномоштен амбасадор - постојан претставник на Турција во Советот на Европа.
3. Жалителката тврдеше дека била мачена додека била во полициски притвор со што бил повреден членот 3 од Конвенцијата.
4. Жалбата беше пренесена во Судот на 1 ноември 1998 г., кога Протоколот бр. 11 од Конвенцијата стапи на сила (членот 5 § 2 од Протоколот 11).
5. Жалбата и беше доделена на Втората секција на Судот (правилото 52 § 1 од Деловникот на Судот). Во рамките на Секцијата, Судскиот совет што требаше да го разгледа случајот (член 27 § 1 од Конвенцијата) беше формиран согласно правилото 26 § 1 од Деловникот на Судот. Г-динот Риза Турмен, судија избран од Турција, се повлече од разгледувањето на овој случај (правило 28). Владата соодветно на тоа го назначи г-динот Фејаз Голчуклу во функција на ад хок судија (членот 27 § 2 од Конвенцијата и правилото 29 § 1).
6. Со одлука од 31 август 1999 г., Судот ја прогласи жалбата за допуштена.
7. И жалителката и Владата поднесоа сопствените забелешки во однос на основаноста (правилото 59 § 1). Откако Судскиот совет по консултациите со странките одлучи дека нема потреба од расправа по основаноста (правило 59 § 2 in fine), секоја од странките одговори на писмено на забелешките на другата страна.
што се однесува до фактите
I. ОКОЛНОСТИТЕ НА СЛУЧАЈОТ
8. Фактите во случајот како што се поднесени од жалителката се сумирани долу. Владата го оспори описот на настаните даден од жалителката.
9. Жалителката била во релевантното време студент истражувач по јавно право на Универзитетот во Дијарбакр и омажена за адвокат кој бил покраинскиот претседател на Здружението за човекови права на Дијарбакр во 1990 г. Според жалителката таа постојано била следена од полицијата заради позицијата на нејзиниот сопруг.
10. На 4 јули 1994 г. во околу 15 часот жалителката била уапсена од 8 полицајци од нејзиниот дом под сомнеж за членство во Курдската Работничка Партија („ПКК“), нелегална организација.
11. Жалителката била однесена на лекар по судска медицина за да ја прегледа. По лекарскиот преглед и бил ставен превез преку очите и била однесена на непознато одредиште каде што била сместена во ќелија. По одредено време повторно и бил ставен превез преку очите и била однесена во друга просторија на сослушување.
12. Жалителката била сослушувана од приближно 15 полицајци и обвинета за воспоставување на врски и работа со ПКК во странство. Потоа била соблечена и обесена за рацете. Била подложена на електрични шокови по устата и половите органи. По половина час била спуштена бидејќи се онесвестила. Испитувачите, заканувајќи и се со смрт и силување и кажале да не работи на проблеми поврзани со човековите права. Потоа била однесена во нејзината ќелија. Следниот ден повторно била мачена и и се заканувале со смрт и силување. Мачењето траело четири денови. За време на првите два дена од нејзиниот притвор на жалителката не и давале ништо да јаде. Потоа и давале само парче леб и неколку маслинки.
13. За време на нејзиниот притвор од жалителката побарале да потпиши некакви документи. И било кажано дека ќе биде мачена и силувана доколку не се согласи да ги потпише. Жалителката ги потпишала документите. Во документите, како појаснување за белезите од мачењето на нејзиното тело се велело дека жалителката паднала додека покажувала место што го користеле ПКК. Полицајците и ги мачкале со крем повредите на жалителката.
14. На 13 јули 1994 г. полициски службеници ја однеле кај лекар по судска медицина кој изготвил извештај во кој се велело: „По прегледот на Севтап Везнедароглу, најдов виолетови модрици на горниот дел од левата рака со димензии 1 на 1 см и на десната цеваница 3 на 1 см“.
15. На 15 јули 1994 г. жалителката во придружба на полициски службеници била однесена во Државната болница на Дијарбакр каде била прегледана од лекар по судска медицина. Во својот извештај со датум од 15 јули 1994 г. лекарот забележал присуство на истите модрици на раката и ногата на жалителката како што било посочено и во претходниот извештај од 13 јули 1994 г. Извештајот заклучил дека здравјето на жалителката не било во опасност и дека можела да работи.
16. На 15 јули 1994 г. жалителката била изнесена пред јавниот обвинител на Судот за државна безбедност на Дијарбакр. Нејзиното досие ги содржело и лекарските извештаи од 4, 13 и 15 јули 1994 г. Жалителката пред јавниот обвинител тврдела дека ја потпишала изјавата со признание под притисок и како резултат на мачењето на кое била подложена во притвор. Јавниот обвинител во досието забележал дека жалителката на ја признавала изјавата што и ја дала на полицијата.
17. Истиот ден жалителката се појавила пред заменски судија од Судот за државна безбедност на Дијарбакр. Жалителката му повторила на судијата дека таа не ја признавала изјавата која и ја дала на полицијата „со оглед дека била мачена и држена под принуда повеќе денови ... и дека полицијата ја држела за зглобот на раката и ја присилила да ја потпише полициската изјава“. Изјавата на жалителката била внесена во записникот од расправата пред судијата. Судијата наложил жалителката да биде ослободена од притвор. Јавниот обвинител од своја страна наредил на жалителката да и се суди пред Судот за државна безбедност на Дијарбакр под обвинение дека е член н ПКК.
18. На 18 јули 1994 г. жалителката добила уверение од Болницата на Медицинскиот факултет на Дизле Универзитетот во кое било посочено дека нема да може да работи 20 дена. Според лекарскиот извештај жалителката страдала од бронхопневмонија.
19. На 30 октомври 1995 г. жалителката била ослободена од Судот за државна безбедност на Дијарбакр по основ на недостаток на докази. Жалителката не била во судницата тој ден. Во својата пресуда судот ги нотирал на следниов начин изјавите дадени од жалителката во текот на судската расправа одржана на 13 октомври 1994 г. и тие биле внесени во записникот.
„Иако обвинетата го признала делото за кое е обвинета во својата изјава пред полицијата, подоцна за време на постапката пред судските органи таа тврдеше дека истите ги дала под принуда, па дури и мачење и ги потпишала без да ги прочита.“
II. РЕЛЕВАНТНО ДОМАШНО ПРАВО
20. Според турскиот Кривичен законик кривично дело е да се подложи лице на мачење или малтретирање (членовите 243 и 245, каде втората одредба се однесува на изјави против државни службеници).
21. Жалбите можат да се поднесат согласно членовите 151 и 153 од Законот за кривична постапка до јавниот обвинител или до локалните управни органи. Јавниот обвинител и полицијата имаат обврска да ги истражат кривичните дела кои им се пријавуваат, при што обвинителството одлучува дали ќе се подигне обвинение согласно членот 148 од Законот за кривична постапка. Жалителот може да ја обжали одлуката на јавниот обвинител да не покрене кривична постапка.
22. Доколку наводниот сторител на кривичното дело е државно службено лице или државен службеник, мора да се добие дозвола за кривично гонење од локалниот управен совет (Извршната комисија на Покраинското собрание). Во врска со одлуката на локалниот совет може да се поднесе жалба пред Советот на државата; одбивањето кривично да се гони подложи на автоматска жалба од ваков вид.
што се однесува на правото
I. НАВОДНА ПОВРЕДА НА ЧЛЕНОТ 3 ОД КОНВЕНЦИЈАТА
23. Жалителката тврдеше дека била мачена со што бил повреден членот 3 од Конвенцијата, кој уредува:
„Никој не смее да биде подложен на мачење, нечовечно или понижувачко постапување или казнување.“
24. Жалителката тврдеше дека таа била притворена од 4 до 15 јули 1994 г. и мачена и малтретирана во тоа време. Според нејзиното изјаснување нејзините изјави пред властите во врска со ова поддржани со лекарското уверение изготвено од Медицинскиот факултет при Универзитетот во Дизле ја даваат вистината за нејзините тврдења.
25. Владата го отфрли тврдењето на жалителката. Тие нагласија дека по добивањето на известувањето за жалбата на жалителката била спроведена истрага во врска со автентичноста на лекарското уверение, наводно издадено од Медицинскиот факултет при Универзитетот во Дизле со што и биле одобрени 20 дена боледување. Таа истрага покажала дека постоела добра причина да се верува дека цифрата „20“ била фалсификувана, особено со оглед дека било тешко да се сфати зошто толку долго боледување би се одобрило врз основа на само две модрици. Она што е важно е дека на жалителката и било дозволено да оди на боледување врз основа на тоа дека боледувала од пневмонија. Понатаму истрагата исто така утврдила дека немало никаква евиденција во болницата дека уверение и било издадено на жалителката. Владата тврдеше дека мора да се заклучи дека лекарското уверение, единствениот конкретен доказ поднесен од жалителката бил фалсификуван и затоа треба да се отфрли.
26. За Владата жалителката дала само голо тврдење за тоа дека била мачена. Таа не успеала на никаков начин да ја поткрепи жалбата и немало никакви докази кои би потврдиле дека била подложена на електрични шокови и обесена за рацете како што тврдела. Во отсуство на некакви докази што би го поткрепиле ова, јавниот обвинител не може да се смета за виновен дека не ја истражил жалбата.
27. Жалителката ги оспорила обвиненијата на владата дека лекарското уверение било фалсификувано. Таа упати на писмо со датум од 12 јануари 1998 г. во кое претседателот на Одделот за интерна медицина го информирал деканот на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Дизле дека жалителката била прегледана на 18 јули 1994 г. на стоење и од тие причини немало медицинска евиденција за нејзиниот преглед. Копија од тоа писмо била испратена до Судот за државна безбедност на Дијарбакр и до надлежното Министерство по нивното барање по известувањето за нејзината жалба до тужената Влада.
28. Судот потсетува дека членот 3 од Конвенцијата ја вградува една од најосновните вредности на демократското општество. Дури и во најтешките околности, како што е борбата против тероризмот и организираниот криминал, Конвенцијата апсолутно забранува мачење или нечовечно или понижувачко постапување или казнување. За разлика од повеќето материјални клаузули од Конвенцијата и Протоколите бр. 1 и 4, членот 3 нема никакви одредби за исклучоци и никаква дерогација од него не е дозволена според член 15, дури и во случај на општа вонредна состојба која се заканува по животите на нацијата (види Aksoy v. Turkey judgment of 18 December 1996, Reports of Judgments and Decisions 1996‑VI, p. 2278, § 62).
29. Судот исто така потсетува дека малтретирањето мора да го лиши минимумот ниво на силина за да е опфатено во опсегот на членот 3. Проценката на овој минимум е релативна: зависи од сите околности на случајот, како што се времетраењето на постапувањето, неговите физички и/или ментални последици и, во некои случаи, полот, возраста и здравствената состојба на жртвата. Во однос на лице лишено од својата слобода, прибегнување кон физичката сила која не е стриктно неопходна со оглед на неговото однесување го намалува човековото достоинство и во принцип претставува прекршување на правото утврдено во членот 3 (види Tekin v. Turkey judgment of 9 June 1998, Reports 1998-IV, pp. 1517–18, §§ 52 and 53).
30. Судот забележува дека Владата не отфрла дека на жалителката и била повредена личноста за време на нејзиниот престој во притвор. Меѓутоа тие посочија на природата на повредите кои биле полесни и нагласија дека не оговараат на сериозноста на постапувањето кое наводно го претрпела. Судот од своја страна смета дека е невозможно да се утврди врз основа на доказите пред него дали повредите на жалителката биле нанесени од полицијата или не или дали таа била мачена до нивото кое го тврдела. Не е убеден ниту од тоа дека сослушувањето на сведоците од страна на Судот би ги разјаснило фактите на случајот или дека би било можно да се заклучи без разумен сомнеж (види Aydın v. Turkey judgment of 25 September 1997, Reports 1997-VI, p. 1189, § 73), дека тврдењата на жалителката се поткрепени.
31. Меѓутоа истовремено ќе забележи дека проблемот со утврдувањето дали имало веродостојно објаснување за модриците на нејзиното тело или дали имало суштина во нејзините тврдења за природата на постапувањето што таа наводно го претрпела се должи на фактот дека властите не ги истражиле нејзините поплаки.
32. Во однос на последново Судот повторува дека кога едно лице покренува спорна тужба дека тој бил сериозно малтретиран од страна на полицијата или други слични државни службеници, на незаконски начин и спротивно на членот 3, чија одредба разгледана во врска со општата обврска на државата согласно членот 1 од Конвенцијата „секој што е под нивна јуриздикција да се обезбеди со правата и слободите дефинирани во ... Конвенцијата“ подразбира постоење на делотворна официјална истрага која може да води кон идентификување и казнување на оние што се одговорни (види Assenov v. Bulgaria judgment of 28 September 1998, Reports 1998-VII, p. 3290 § 102). Во спротивно, општата законска забрана на мачење и нечовечно и понижувачко постапување и казнување, и покрај својата фундаментална важност, ќе биде неделотворна во пракса и ќе биде можно во одредени случаи претставниците на државата да ги злоупотребат правата на оние што се под нивна контрола со наводно поседување на имунитет (ибид).
33. Судот забележува дека на 15 јули 1994 г., жалителката тврдела пред јавниот обвинител и заменскиот судија на Судот за државна безбедност на Дијарбакр дека таа била мачена (види во параграфите 16 и 17 горе). Досието презентирано пред јавниот обвинител ги содржело резултатите од лекарскиот преглед направен врз жалителката на 4, 13 и 15 јули 1994 г. Лекарските извештаи со датум од 13 и 15 јули 1994 г. упатувале на свежи модрици на раката и ногата на жалителката. Заменскиот судија ја забележал во записникот од расправата изјавата на жалителката дека била мачена додека била во притвор.
34. Според мислењето на Судот инсистирањето на жалителката на нејзината поплака на мачење разгледани заедно со медицинските докази во досието требале да бидат доволни за да се алармира јавниот обвинител за потребата да се истражи суштината на жалбата, особено со оглед дека таа била држена во притвор меѓу 4 јули 1994 г. и 15 јули 1994 г. Меѓутоа, никакви чекори не биле преземени било да се дојде до дополнителни детали од жалителката или да се испитаат во врска нејзините тврдења полициските службеници од местото каде што таа била притворена. Заменскиот судија исто така ги отфрлил нејзините тврдења без дополнителна истрага (види во параграф 16 горе).
35. Судот смета дека во околностите жалителката ја поставила основата за основана жалба дека таа била мачена. Исто така треба да се забележи дека жалителката упорно се држела до своите наводи сè до фазата на судењето (види во параграф 19 горе). Инерцијата покажана од властите како одговор на нејзините тврдења не е доследна со процедуралната обврска која им припаѓа согласно членот 3 од Конвенцијата. Како последица Судот утврди дека имало повреда на тој член на сметка на тоа дека властите на тужената држава не ја истражиле жалбата на жалителката на мачење.
II. ПРИМЕНА НА ЧЛЕНОТ 41 ОД КОНВЕНЦИЈАТА
36. Членот 41 од Конвенцијата уредува:
„Ако Судот оцени дека постои повреда на Конвенцијата или на нејзините Протоколи, и ако внатрешното право на засегнатата Висока страна договорничка дозволува само делумно обесштетување, Судот и доделува на оштетената страна, доколку е потребно, правичен надоместок.“
А. Штета
37. Жалителката побаруваше износ од 100.000 американски долари како надоместок за нематеријална штета, со оглед на страдањето што го претрпела за време на долгиот период на притвор, психолошките проблеми што ги имала како последица и штетата по нејзината академска кариера и углед предизвикана од кривичното обвинение покренато против неа.
38. Владата не се изјаснила во однос на ова барање.
39. Судот забележува дека било утврдено дека властите на тужената држава го повредиле членот 3 со тоа што не ги истражиле тврдењата на жалителката. Не дошол до никаков заклучок по суштината на таа жалба. Судот смета дека наодот за повреда на членот 3 согласно неговата процедурална содржина не може да се каже во дадените околности дека сам по себе претставува доволен правичен надоместок за секаква нематеријална штета претрпена од жалителката. По сопствено гледање мора да се смета дека жалителката претрпела одреден степен на фрустрација и болка заради отсуството на прикажана загриженост од страна на властите во однос на нејзината жалба. Правејќи проценка на правична основа, тој и доделува на жалителката износ од 2.000 ам. долари.
Б. Трошоци и издатоци
40. Жалителката побаруваше износ од 221.000.000 турски лири како надоместок за нејзините трошоци кои настанале заради изнесување на нејзиниот случај пред институциите на Конвенцијата. Таа изјави дека овој износ се однесувал на трошоци за поштарина, факсови и превод. Што се однесува до адвокатските хонорари, жалителката тврдеше дека нејзиниот адвокат работел седумдесет часа на нејзиниот случај. Применувајќи ги минималните стапки на Истанбулската адвокатска комора таа ги проценила хонорарите на 7.000 ам. долари.
41. Владата не се изјасни во однос на ова барање.
42. Судот нотира дека жалителката не обезбедила никаков доказ за трошоците и издатоците кои ги побарувала за да може да се утврди дали истите настанале реално и неопходно. Што се однесува на адвокатските хонорари Судот смета дека побарувањето е претерано. Одлучувајќи на правична основа тој на жалителката и доделува износ од 1.000 ам. долари плус секаков износ за ДДВ кој можеби се наплаќа.
В. Казнена камата
43. Судот смета дека е соодветно да се предвиди плаќање на казнена камата со годишна стапка од 6% со оглед дека износите се доделуваат во ам. долари.
ОД ОВИЕ ПРИЧИНИ, СУДОТ ЕДНОГЛАСНО
1. Одлучи дека имало повреда на членот 3 од Конвенцијата на сметка на тоа дека властите на тужената држава не ја истражиле жалбата на жалителката на мачење;
2. Одлучи
(a) дека тужената држава треба да и ги исплати на жалителката во рок од три месеци од датумот на кој пресудата ќе стане правосилна а согласно членот 44 § 2 од Конвенцијата, следниве суми конвертирани во турски лири по курсот што ќе важи на денот на исплатата:
(i) 2.000 (две илјади) ам. долари како надоместок за нематеријална штета;
(ii) 1.000 (илјада) ам. долари за адвокатските хонорари плус секаков данок на додадена вредност што можеби се наплаќа;
(б) проста камата со годишна стапка од 6% ќе се наплаќа по истекот на гореспоменатите три месеци до исплатата;
3. Ги отфрла останатите побарувања на жалителката за правичен надоместок.
Изготвенa на англиски јазик, и објавенa на писмено на 11 април 2000 година, согласно правилото 77 §§ 2 и 3 од Деловникот на Судот.
Ерик Фриберг Христос Розакис
Секретар Претседател
Во согласност со членот 45 § 2 од Конвенцијата и правилото 74 § 2 од Деловникот на Судот, мислењето на несогласување на г-динот Бонело е приложено на оваа пресуда.
Х.Р.
Е.Ф.
Издвоените мислења не се преведени но можат да се најдат на англиски и/или француски јазик во верзијата (верзиите) на официјалниот јазик кои можат да се консултираат во ХУДОЦ базата на податоци за судската пракса на Судот.
© Совет на Европа/Европски суд за човекови права, 2012.
Службени јазици на Европскиот суд за човекови права се англискиот и францускиот. Овој превод е направен со поддршка на Специјалниот фонд за човекови права на Советот на Европа (www.coe.int/humanrightstrustfund). Тој не го обврзува Судот, ниту пак Судот презема некаква одговорност за квалитетот на истиот. Може да се преземе од HUDOC базата на судската пракса на Европскиот суд за човекови права (http://hudoc.echr.coe.int) или од секоја друга база на податоци со која Судот го споделил. Може да се прават копии за некомерцијални цели под услов да се цитира полниот наслов на случајот, заедно со горенаведениот знак за авторско право и упатувањето на Специјалниот фонд за човекови права. Доколку се планира некој дел од овој превод да се користи за комерцијални цели, ве молиме обратете се на [email protected].
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2012.
The official languages of the European Court of Human Rights are English and French. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (www.coe.int/humanrightstrustfund). It does not bind the Court, nor does the Court take any responsibility for the quality thereof. It may be downloaded from the HUDOC case-law database of the European Court of Human Rights (http://hudoc.echr.coe.int) or from any other database with which the Court has shared it. It may be reproduced for non-commercial purposes on condition that the full title of the case is cited, together with the above copyright indication and reference to the Human Rights Trust Fund. If it is intended to use any part of this translation for commercial purposes, please contact [email protected].
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2012.
Les langues officielles de la Cour européenne des droits de l’homme sont le français et l’anglais. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (www.coe.int/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour, et celle-ci décline toute responsabilité quant à sa qualité. Elle peut être téléchargée à partir de HUDOC, la base de jurisprudence de la Cour européenne des droits de l’homme (http://hudoc.echr.coe.int), ou de toute autre base de données à laquelle HUDOC l’a communiquée. Elle peut être reproduite à des fins non commerciales, sous réserve que le titre de l’affaire soit cité en entier et s’accompagne de l’indication de copyright ci-dessus ainsi que de la référence au Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme. Toute personne souhaitant se servir de tout ou partie de la présente traduction à des fins commerciales est invitée à le signaler à l’adresse suivante : [email protected]
© Rada Europy / Europejski Trybunał Praw Człowieka, źródło: HUDOC (hudoc.echr.coe.int), pozyskano 13.07.2026. · Źródło