33046/02

WyrokETPCz2007-06-21ECLI:CE:ECHR:2007:0621JUD003304602

Analiza orzeczenia

Sekcja wygenerowana przez AI na podstawie treści orzeczenia — nie stanowi cytatu.

Zagadnienie prawne
Czy zmiana miejsca rozprawy z wizji lokalnej na salę sądową bez powiadomienia strony, która została poinformowana o wizji lokalnej, narusza prawo do rzetelnego procesu z art. 6 ust. 1 Konwencji?
Ratio decidendi
Trybunał uznał, że prawo do rzetelnego procesu, choć nie jest tożsame z prawem oskarżonego w postępowaniu karnym, gwarantuje stronie cywilnej efektywny udział w postępowaniu, w tym prawo do obecności i śledzenia przebiegu rozprawy. W niniejszej sprawie sąd krajowy poinformował skarżącego, że rozprawa odbędzie się w formie wizji lokalnej w domu powoda. Mimo to, rozprawa odbyła się w sali sądowej, a skarżący, który stawił się w miejscu wizji lokalnej, był nieobecny. Trybunał stwierdził, że nieuzasadnione było oczekiwanie od skarżącego, aby stawił się w sądzie, skoro został wyraźnie poinformowany o wizji lokalnej. Brak powiadomienia o zmianie miejsca rozprawy pozbawił skarżącego możliwości efektywnego udziału w kluczowej rozprawie, co stanowiło naruszenie art. 6 ust. 1 Konwencji.
Stan faktyczny
Skarżący, Stojan Mitrevski, był stroną w postępowaniu cywilnym zainicjowanym przez jego brata, dotyczącym prawa własności do działki i domu. W dniu 22 listopada 2001 r. sąd poinformował skarżącego i jego pełnomocnika, że kolejna rozprawa, zaplanowana na 29 listopada 2001 r., odbędzie się w formie wizji lokalnej w celu oceny stanu zdrowia powoda i ważności pełnomocnictwa. Skarżący stawił się w miejscu wizji lokalnej, jednak sąd przeprowadził rozprawę w sali sądowej, a następnie wydał wyrok na jego niekorzyść. Sąd apelacyjny oddalił skargę skarżącego, twierdząc, że był on należycie wezwany i powinien był stawić się w sądzie.
Rozstrzygnięcie
Trybunał jednogłośnie: 1. Uznaje skargę za dopuszczalną w części dotyczącej niemożności skarżącego do uczestniczenia w rozprawie z 29 listopada 2001 r., a pozostałą część skargi w związku z art. 6 ust. 1 za niedopuszczalną. 2. Stwierdza naruszenie art. 6 ust. 1 Konwencji. 3. Stwierdza, że nie ma potrzeby rozpatrywania skargi na podstawie art. 1 Protokołu nr 1. 4. Zasądza na rzecz skarżącego 248 EUR tytułem kosztów i wydatków. 5. Oddala pozostałą część żądania słusznego zadośćuczynienia.

Pełny tekst orzeczenia

CONSEIL   DE L’EUROPE   COUNCIL   OF EUROPE   COUR EUROPÉENNE DES DROITS DE L’HOMME   EUROPEAN COURT OF HUMAN RIGHTS   СОВЕТ НА ЕВРОПА   ЕВРОПСКИ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА   ПЕТТИ ОДДЕЛ   МИТРЕВСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА   (Жалба бр. 33046/02)   ПРЕСУДА   СТРАЗБУР   Јуни 2007   Оваа пресуда ќе стане конечна во согласност со условите предвидени во член 44 став 2 од Конвенцијата.   Истата може да биде предмет на редакциски измени.   Напомена: Македонскиот превод на текстот на одлуката на Европскиот суд за човекови   права е исклучиво информативен и од него не произлегуваат никакви права и/или обврски.   Единствено официјалниот текст на одлуката на Европскиот суд за човекови права на   англиски и/или француски јазик, објавена од страна на Судот е автентичен и се смета за   оригинал. Не е дозволено објавување на овој превод на било каков начин без претходна дозвола   од страна на Министерството за правда на Република Македонија, освен во случај доколку се   користи за информирање.   Во случајот Митревски против Република Македонија,   Европскиот суд за човекови права (Петти оддел), заседавајќи во судски совет во   состав:   г-дин P. Lorenzen, претседател   г-ѓа S. Botoucharova,   г-дин K. Jungwiert,   г-дин V. Butkevych,   г-ѓа M.Цаца Николовска   г-дин R. Maruste,   г-дин M. Villiger, судии   и г-ѓа C. Westerdiek, секретар на одделот   Расправајќи на затворена седница на 29 Мај 2007 година,   Ја донесе следнава пресуда, усвоена на истиот датум:   ПОСТАПКА   1. Постапката е иницирана со жалба (бр.33046/02) против Република Македонија   поднесена до Судот согласно член 34 од Конвенцијата за заштита на   човековите права и основни слободи („Конвенцијата„) од страна на   македонскиот државјанин, г-дин Стојан Митревски („жалителот„), на 29 август   година.   2. Жалителот беше застапуван од г-дин И.Новески, адвокат од Битола. Владата   на Република Македонија („Владата„) беше застапувана од нејзиниот агент, г-   ѓа Р.Лазареска Геровска.   3. Жалителот се жалел на немање фер постапка, а особено дека не му била   дадена можноста да присуствува на расправата од 29 ноември 2001 година   кога судот ја донел својата одлука.   4. На 18 јануари 2006 година Судот одлучи да ја комуницира жалбата до   Владата. Применувајќи го член 29 § 3 од Конвенцијата, Судот одлучуваше по   допуштеноста и основаноста на жалбата во исто време.   ФАКТИ   ОКОЛНОСТИ НА ПРЕДМЕТОТ   5. Жалителот е роден во село Зович и живее во Битола.   6. На 13 септември 2000 година братот на жалителот („тужителот„) иницирал   граѓанска постапка против него заради утврдување на право на сопственост   на една половина од земјишна парцела и куќа („сопственоста„).   7. Расправата на 9 април 2001 година била одложена поради неуредна достава   на жалителот.   8. На расправата од 20 април 2001 година судот го задолжил тужителот да   обезбеди одредени докази за неговата тужба. Понатаму, побарал да го   достави и договорот за дар од 1984 година.   9. Според Владата, на расправата од 24 мај 2001 година судот го прифатил   барање на тужителот за излегување на увид на лице место и да се изврши   распит на сведоци. Жалителот задоцнил на расправата, но бил информиран   за местото и времето на следната расправа. Владата достави едвај читка   копија од записникот, потпишан од жалителот.   10. На увидот на лице место на 5 јуни 2001 година , судечкиот суд извршил распит   на два сведоци, во врска со движењето на недвижноста. Записникот укажува   дека жалителот и покрај уредната достава, бил отсутен.   11. Расправата закажана на 12 јули 2001 година била одложена на барање на   жалителот.   12. На 14 септември 2001 година полномошникот на тужителот го информирал   судот дека неговиот клиент доживеал срцев удар и дека неговата   здравствена состојба не дозволувала да даде исказ. Судот го задолжил да   достави медицински извештај и во септември 2001 година полномошникот на   тужителот доставил медицински извештај со кој се потврдува состојбата на   тужителот.   13. На 8 ноември 2001 година се променил составот на судскиот совет и   расправата била преотворена.   14. На расправата на 22 ноември 2001 година жалителот ја оспорил деловната   способност на тужителот да учествува во постапката. Тој изјавил, inter alia:   „По разгледувањето на предметот, се сомневам во полноважноста на полномошното   дадено од страна на тужителот... Предлагаме судот да ја оцени неговата   способност...„   15. Согласно записникот, судот донел решение следната расправа да се одржи на   ноември 2001 година кога ќе се врши увид на лице место за оценка на   здравствената состојба на тужителот и полноважноста на неговиот потпис на   полномошното. Понатаму, судот забележал дека присутните ќе се сметаат за   уредно поканети за следната расправа. Жалителот и неговиот полномошник   присуствувале на расправата.   16. На 29 ноември 2001 година судот ја одржал расправа во закажаното време, но   во судницата, наместо на увид на лице место. Судот земал исказ од   тужителот и ја утврдил полноважноста на полномошното. Понатаму, го   прочитал записникот од извршениот увид од 5 јуни 2001 година и исказот на   сведоците. Забележал дека жалителот иако уредно поканет, бил отсутен. На   расправата, судот донел пресуда утврдувајќи го правото на сопственост на   тужителот и му наредил на жалителот да го признае ова право. Тој го   засновал својот став врз основа на судска одлука од 1962 година, со која   тужителот бил прогласен за сопственик. Тој понатаму утврдил дека тој   живеел во куќата и од тогаш имал фактичко владение над истата. Судот ја   засновал својата одлука врз следниве докази: вешт наод и мислење;   записник од увид на лице место; исказ на сведоци; и други материјални   докази.   17. На 8 јануари 2001 година жалителот вложил жалба, спорејќи inter alia, дека   бил лишен од можноста да учествува во постапката. Тој навел дека бил   спречен да присуствува на расправата од 29 ноември 2001 година поради тоа   што била одржана во судницата, наместо на лице место, како што била   закажана.Тој тврдел дека оваа спреченост може да се смета како суштинска   повреда на постапката, согласно член 340 (2)(7) од Законот за парнична   постапка (види „Релевантно домашно право„). Тој понатаму се жалел на   околноста дека судот ги зел во предвид исказите на сведоците од увидот на 5   јуни 2001 година, кој бил одржан во негово отсуство.   18. На 25 февруари 2002 година Апелациониот суд во Битола ја одбил жалбата   на жалителот и ја потврдил пресудата на понискиот суд, утврдувајќи дека   причините наведени од жалителот се неосновани. Во врска со жалбените   наводи на жалителот во врска со расправата од 29 ноември 2001 година,   навел:   „... [Жалителот] бил уредно викан, затоа што присуствувал на расправата од 22 ноември 2001   година кога биле одредени датумот и времето на одржување на расправата. Поради тоа, тој   имал обврска да се појави во судот и во зависност од тоа дали тужителот бил присутен, на   судот е да одлучи дали ќе го посети тужителот во неговиот дом или ќе ја одржи расправата во   судницата. Поради тоа што тужителот се појавил во судот ... не било потребно излегување на   лице место ... [Жалителот] бил соодветно поканет и не го оправдал неговото отсуство...„   19. Што се однесува на жалбените наводи на жалителот во врска со распитот на   сведоците на увидот од 5 јуни 2001 година, судот навел, inter alia :   „ ... Наводите на [жалителот] дека судот во негово отсуство ги испитал сведоците на   расправата од 5 јуни 2001 година се неосновани, поради тоа што бил уредно викан, а не   присуствувал на расправата... Ако [жалителот] присуствувал на расправата, тој би бил во   можност да расправа и да ги соочи нивните искази, како и да предложи други сведоци за   распит...„   РЕЛЕВАНТНО ДОМАШНО ПРАВО   20. Членот 103 (2) од Законот за парнична постапка, на сила во тоа време,   („Законот„) предвидува дека судот на рочиштето навремено ќе ги повика   странките и другите лица чие присуство го смета за неопходно.   21. Член 104 од Законот утврдува дека рочиштето, по правило, се одржува во   судската зграда. Судот може да одлучи рочиштето да се одржи надвор од   судската зграда кога ќе најде дека е тоа нужно или дека на тој начин ќе се   заштеди во време или во трошоците на постапката.   22. Членот 105 (2) од Законот предвидува дека кога ќе се одложи рочиштето,   судот по можност веднаш на присутните ќе им го соопшти местото и времето   на новото рочиште.   23. Членот 340(1) од Законот пропишува дека суштествена повреда на одредбите   од парничната постапка постои ако судот во текот на постапката не ја   применил или неправилно ја применил некоја одредба од овој закон, а тоа   влијаело или можело да влијае врз донесување на законите и правилна   пресуда.   24. Член 340(2)(7) од Законот предвидува дека суштествена повреда на   одредбите од парничната постапка постои секогаш ако на некоја странка со   незаконито постапување, а особено со пропуштање на доставување не и е   дадена можност да расправа пред судот.   ПРАВО   I. НАВОДНА ПОВРЕДА НА ЧЛЕН 6 § 1 ОД КОНВЕНЦИЈАТА   25. Жалителот се жалеше во склад со член 6 § 1 од Конвенцијата дека постапката   не била фер. Тој тврдеше дека првостепениот суд извршил распит на   сведоците на увидот од 5 јуни 2001 година, што бил одржан во негово   отсуство. Тој понатаму тврдеше дека бил лишен од можноста да присуствува   на расправата од 29 ноември 2001 година спорејќи , inter alia, дека додека   чекал на закажаното место, судот одржал расправа во судницата без да го   извести за промената на судењето. Член 6 § 1 од Конвенцијата, гласи како   што следи:   „Во определувањето на неговите граѓански права и обврски ... секој има право на фер ...   судење во разумен рок од страна на ... суд ...„   А.Допуштеност   1. Отсуството на жалителот од расправата од 5 јуни 2001 година   (а) Поднесоци на странките   26. Владата оспоруваше дека на жалителот му било повредено правото на фер   судење. Тие изјавија дека, на расправата од 24 мај 2001 година тој бил   соодветно известен дека следното судење ќе се одржи на 5 јуни 2001 година;   дека ќе се изврши увид на лице место и дека сведоците, кои поради нивната   возраст не се способни да патуваат до судот, ќе бидат распрашани. И покрај   тоа што жалителот задоцнил на таа расправа, му бил даден примерок од   записникот, кој тој го потпишал. Поради тоа, Владата заклучува дека тоа било   целосно негова грешка што не успеал да присуствува на расправата од 5   јуни. Тие понатаму наведоа дека во следната постапка пред судот, тој не ги   спорел исказите на сведоците дадени на увидот.   27. Жалителот ги оспори аргументите на Владата укажувајќи конкретно дека, на   расправата на 24 мај 2001 година, тој не бил известен за одлуката на судот   да ги испита сведоците. Како и да е, тој се согласил дека бил известен за   местото и времето на расправата и дека го потпишал записникот.   (б) Оценка на Судот   28. Согласно праксата на Судот, барањата за фер постапка го вклучува и начинот   на кој доказот е изведен и поднесен (види Barberà, Messegué and Jabardo v.   Spain, пресуда од 6 декемвриr 1988, Серија A бр 146, § 68). Во врска со   парницата која вклучува спротивставени приватни интереси, принципот на   еднаквост на оружјата определува дека на секоја страна мора да и се даде   разумна можност да го изнесе својот предмет во услови кои не ја ставаат во   суштинска неповолна положба наспроти нејзиниот противник (види Dombo   Beheer B.V. v. the Netherlands, пресуда од 27 октомври 1993, Серија A бр. 274,   § 33; и Stran Greek Refineries and Stratis Andreadis v. Greece, пресуда од 9   декември 1994, Серија A бр.301-B, стр. 81, § 46).   29. Судот, на почетокот, забележува дека не е спорно помеѓу странките дека   жалителот бил соодветно известен на расправата од 24 мај 2001 година за   времето и местото на расправата од 5 јуни 2001 година. Понатаму, жалителот   не презентирал ниту една валидна причина пред домашните судови како   оправдување на неговото отсуство на конкретната расправа. Судот ги   забележува наодите на Апелациониот суд дека жалителот би можел да   расправа и да ги соочи исказите на сведоците доколку присуствувал на   расправата. Понатаму, го прифаќа тврдењето на Владата дека жалителот не   ја оспорил полноважноста на исказите на сведоците на следната расправа   иако имал реална можност да го стори тоа пред да заврши судењето.   30. При овие околности, ова разгледување на жалбата не открива некаква појава   на повреда на член 6 § 1 од Конвенцијата. Следи дека оваа жалба е   очигледно неоснована и мора да биде одбиена во согласност со член 35 §§ 3   и 4 од Конвенцијата.   2. Отсуството на жалителот од расправата од 29 ноември 2001   година   31. Владата не приговори на допуштеноста на овие жалбени наводи.   32. Судот смета дека овие жалбени наводи не се очигледно неоснованио во   смисла на член 35 § 3 од Конвенцијата. Понатаму утврди дека жалбата не е   недопуштена по друг основ. Поради тоа, мора да биде прогласена за   допуштена.   Б. Основаност   1. Поднесоци на странките   33. Влада тврди дека првостепениот суд ја одложил рапсравата од 22 ноември   година на основа на аргументите на жалителот во врска со деловната   способност на жалителот. Одлучил да ја одржи одлучувачката расправа во   куќата на тужителот за да ја утврди неговата здравствена состојба и   полноважноста на полномошното. Како и да е, поради присуството на   тужителот во судницата во време одредено на расправата, судот одлучил да   ја утрди неговата способност и полноважноста на полномошното. Владата   изјави дека тоа е пракса на странките прво да се појават во судот, па да го   придружуваат судијата на увид. Во таа насока, тие останаат на ставот дека   жалителот кој бил свесен дека расправата ќе се одржи со увид на лице место,   имал обврска прво да се јави во судот во одреденото време. Во дополнение,   тие наведоа дека жалителот во неговата жалба до Апелациониот суд не   доставил ниту еден доказ со кој би ги побивал фактите определени со   одлуката на првостепениот суд.   34. Жалителот не даде никакви понатамошни коментари, освен оние веќе   поднесени со жалбата.   2. Оценка на Судот   35. Судот повторува дека иако присутвото на странките во парничната постапка   нема исто значење како присуството на обвинетиот во кривичната постапка,   член 6 го гарантира правото на странката ефикасно да учествува во   постапката, кое вклучува inter alia, не само право да биде присутен, туку и да   слуша и да ја следи постапката. Ваквите права се имплицитни во поглед на   постапките со спротивставени странки (види Stanford v. the United Kingdom,   пресуда од 23 февруари 1994, Серија A бр. 282-A, § 26). Тој понатаму   повикува дека Конвенцијата не ги гарантира правата кои се теоретски и   илузорни, туку правата кои се практични и ефективни (види Multiplex v.   Croatia, бр. 58112/00, § 44, 10 Јули 2003). Правото на јавно судење ќе биде   лишено од суштината доколку странката во предметот не е повикана на   расправа на таков начин за да има можност да присуствува на истото,   доколку тој или таа одлучи да го искористи правото да се јави на расправа,   како што е утврдено во домашното право (види Yakovlev v. Russia, бр.   72701/01, § 21, 15 Mарт 2005).   36. Судот забележува дека правилата на граѓанската постапка на сила во тоа   време(види точка 21 и 22 погоре) утврдуваат дека расправа може да се одржи   надвор од судската зграда и дека судот мора да ги информира странките за   времето и местото на следното рочиште.   37. Во конкретниот случај, судот одлучил спорната расправа од 22 ноември 2001   година да ја одржи во куќата на тужителот. Исто така го определил датумот и   времето на расправата. Тој лично го известил жалителот за таа одлука. Како   што е наведено во записникот, тоа известување се смета еднакво на достава   на судска покана. Жалителот не се појавил на расправата одржана во   судската зграда, туку како што било првично закажано – на местото каде   требало да се изврши увидот. Како и да е, домашните судови сметале дека   тој бил уредно повикан (види точка 18 погоре).   38. Земајќи го во предвид целиот материјал кој е пред него, Судот не може да   прифати дека било вина на жалителот неприсуството на спорната расправа,   поради тоа што таа не се одржала како што била првично закажана. Особено   тој не е убеден од аргументите на Владата дека, согласно „општата пракса„   жалителот имал обврска да се појави во судницата пред да оди на увид.   Објавата на судот на расправата на 22 ноември 2001 недвосмислено укажува   дека спорната расправа ќе се одржи на лице место и дека таа објава ќе се   смета за еднаква на достава на судска покана. Под овие околности, Судот   смета за неразумно да се очекува од жалителот да се појави во судницата во   закажаното време, а не на увидот на лице место. Дури и ако одредена „општа   пракса„ била развиена во тој суд, таа не може да ја оправда промената на   местото на расправата без било какво известие и лишувањето на жалителот   од можноста да биде присутен и ефективно да учествува на расправата од 29   ноември 200 година. Според Судот, оваа расправа била клучна поради тоа   што истата била последна расправа пред донесувањето на одлука на   првостепениот суд.   39. Поради тоа, постои повреда на член 6 § 1 од Конвенцијата.   II. НАВОДНА ПОВРЕДА НА ЧЛЕН 1 ОД ПРОТОКОЛ БР. 1 ОД   КОНВЕНЦИЈАТА   40. Потпирајќи се на член 1 од Протокол 1, жалителот се жалел на исходот на   постапката, укажувајќи дека тој бил лишен од сопственоста.   41. Судот смета дека жалбата на жалителот согласно член 1 од Протокол 1 е   директно поврзана со испитувањето на истата согласно член 6 § 1 од   Конвенцијата (види точка 38 погоре) и дека не може да се шпекулира исходот   на постапката која не би требало да констатира повреда. Имајќи го во   предвид заклучокот дека имало повреда на правото на жалителот на фер   судење од причините наведени погоре, Судот не смета дека е потребно да   одлучува по жалбата на жалителот согласно член 1 од Протокол 1 (види Glod   v. Romania, бр. 41134/98, § 46, 16 септември 2003, и Albina v. Romania, бр.   57808/00, § 43, 28 април 2005).   III. ПРИМЕНА НА ЧЛЕН 41 ОД КОНВЕНЦИЈАТА   42. Член 41 од Конвецијата пропишува:   “Кога Судот ќе оцени дека постои повреда на Конвенцијата или на протоколите, и доколку   внатрешното право на засегнатата Висока договорна страна овозможува само делумна   репарација на штета, тогаш доколку е тоа неопходно, Судот ќе му додели правична   отштета на оштетениот.”   А. ШТЕТА   43. Жалителот побара 20.465 ЕУР како правичен надомест. Овој износ ги   вклучуваше трошоците на тужителот сторени во домашната постапка кои   жалителот имал обврска да му ги плати на тужителот и вредноста на   сопственоста врз која тужителот како резултат на домашната постапка,   станал сопственик.   44. Владата ги оспори тврдењата на жалителот како неосновани, расправајќи   дека не постои причинско–последична врска помеѓу наводната повреда и   сторената штета. Во дополнение, тие го поканија Судот да смета дека   констатираната повреда сама по себе ќе претставува доволна компензација   за жалителот, кој има можност, согласно Законот за парнична постапка од   година, да поднесе барање за повторување на постапката на основ на   пресудата на Судот.   45. Судот забележува дека барањето за материјална штета е поврзано со   исходот на постапката. Со оглед на тоа што Судот констатира повреда на   член 6 § 1, не наоѓа било каква причинско-последична врска помеѓу   констатираната повреда (отсуството на жалителот од расправата од 29   ноември 2001 година) и барањето за материјална штета: поради тоа го   отфрла ова барање (види, mutatis mutandis, Baková v. Slovakia, бр. 47227/99, §   40, 12 Ноември 2002).   Б. Трошоци и надоместоци   46. Жалителот побара 11.340 МКД (околу 185 ЕУР) за трошоци и надоместоци   направени во домашната постапка и 11.600 МКД (околу 190 ЕУР) за трошоци   сторени во постапката пред Судот. Истиот ги вклучи судските такси и   поштенските трошоци. Жалителот поднесе листа во која беа наведени   судските такси во поглед на постапката пред домашните судови и пред   Судот.   47. Владата ги оспори барањата на жалителот поради причините наведени   понапред.   48. Согласно судската пракса на Судот, жалителот има право на надомест на   неговите трошоци и надоместоци само доколку докаже дека тие биле   несомнено и неопходно направени и разумни во целост (види Plon v. France,   бр. 58148/00, § 64, ECЧП 2004-IV; Arvelakis v. Greece, бр. 41354/98, § 34, 12   април 2001; Nikolova v. Bulgaria [GC], бр. 31195/96, § 79, ЕСЧП 1999-II).   Земајќи го во предвид трошоковникот поднесен од жалителот, Судот најде   дека приближно 127 ЕУР се однесуваат на адвокатска такса за расправите   кои и претходеле на спорната расправа од 29 ноември 2001. Поради тоа што   жалителот не неможел да ја спречи ниту исправи констатираната повреда на   тие расправи, Судот смета дека овие трошоци не се неопходно направени:   поради тоа го отфрла ова барање на жалителот. Остатанатите 58 ЕУР во   врска со адвокатските и судските трошоци во врска со постапката пред   Апелациониот суд се сторени за исправка на сторената повреда. Поради тоа,   Судот го досудува тој износ.   49. По однос на барањето на жалителот за надомест на трошоците пред Судот,   земјќи ги во предвид неговата сопственост и критериумите изнесени   понапред, Судот смета дека е разумно да му досуди износ од 190 ЕУР, кои   што беа побарани од жалителот. Поради тоа Судот му досудува вкупен износ   од 248 ЕУР за надомест на трошоците и надоместоците , како што беа   наведени погоре, зголемен за износот на било кои издатоци кои притоа би   можеле да се наплатат.   В. Затезна камата   50. Судот смета за соодветно дека треба да се исплати затезна камата според   најниската каматна стапка за позајмени средства на Европската Централна   Банка, на која треба да се додадат 3%.   ОД ОВИЕ ПРИЧИНИ, СУДОТ ЕДНОГЛАСНО   1. Ја прогласува жалбата за допуштена во делот кој се однесува на неможноста   на жалителот да присуствува на расправата од 29 ноември 2001 година, а   преостанатиот дел од жалбата во врска со член 6 став 1 за недопуштена;   2. Утврдува дека има повреда на членот 6 став 1 од Конвенцијата;   3. Утврдува дека нема потреба да ја испитува жалбата согласно член 1 од   Протокол 1;   3. Утврдува дека:   (а) тужената држава, во рок од 3 месеци од денот на правосилноста на   пресудата согласно член 44 став 2 од Конвенцијата, треба да му исплати на   жалителот 248 ЕВРА за трошоци и надоместоци, зголемен за износот на било   кои издатоци кои притоа би можеле да се наплатат, кој износ треба да биде   конвертиран во националната валута на тужената држава, по курсна листа на   денот на исплатата;   (б) по истек на рокот од 3 месеци споменат понапред, во кој треба да се   исплати наведената сума, ќе се засметува камата на споменатиот износ, по   стапка еднаква на најниската стапка за позајмени средства на Европската   Централна Банка, за периодот до плаќањето зголемена за 3%.   4. Го отфрлува остатокот од барањето за правичен надоместок на жалителот.   Изготвено на англиски и објавена на 21 јуни 2007 година, согласно член 77 став 2   и 3 од Деловникот на Судот.   Claudia WESTERDIEK   Peer LORENZEN   Секретар,   Претседател

© Rada Europy / Europejski Trybunał Praw Człowieka, źródło: HUDOC (hudoc.echr.coe.int), pozyskano 13.07.2026. · Źródło