34188/03

WyrokETPCz2009-11-26ECLI:CE:ECHR:2009:1126JUD003418803

Analiza orzeczenia

Sekcja wygenerowana przez AI na podstawie treści orzeczenia — nie stanowi cytatu.

Zagadnienie prawne
Czy przewlekłość postępowania cywilnego dotyczącego rejestracji akcji naruszyła prawo do rozpoznania sprawy w rozsądnym terminie z art. 6 ust. 1 Konwencji?
Ratio decidendi
Trybunał uznał, że postępowanie cywilne trwało nadmiernie długo, bo ponad sześć lat i jeden miesiąc w okresie podlegającym jurysdykcji Trybunału, na dwóch instancjach. Stwierdził, że sprawa nie była skomplikowana, a zachowanie skarżących (precyzowanie żądań, wnioski o środki tymczasowe) nie przyczyniło się do opóźnień. Trybunał wskazał na znaczące opóźnienia po stronie sądów krajowych, w tym dwuletni okres na wydanie orzeczenia przez sąd pierwszej instancji oraz długi czas doręczania decyzji. W konsekwencji, Trybunał uznał, że długość postępowania była nadmierna i naruszyła wymóg rozsądnego terminu z art. 6 ust. 1 Konwencji.
Stan faktyczny
Skarżący, Slobodan Ivanovski i Cvetan Velkovski (oraz pierwotnie Mile Stojčevski, którego skarga została uznana za niedopuszczalną), zawarli w 1995 roku umowę kupna-sprzedaży akcji przedsiębiorstwa. We wrześniu 1996 roku wszczęli postępowanie cywilne przed Sądem Podstawowym w Skopje, domagając się zarejestrowania akcji i wydania im potwierdzeń. Postępowanie to, obejmujące dwukrotne rozpoznanie przez sąd pierwszej instancji i dwukrotne rozpatrzenie apelacji, zakończyło się w maju 2003 roku, trwając łącznie ponad sześć lat i siedem miesięcy.
Rozstrzygnięcie
Stwierdza naruszenie art. 6 ust. 1 Konwencji w odniesieniu do pierwszego i drugiego skarżącego. Skarga pierwszego i drugiego skarżącego dotycząca długości postępowania uznana za dopuszczalną, pozostała część skargi za niedopuszczalną. Nie zasądzono słusznego zadośćuczynienia.

Pełny tekst orzeczenia

ПЕТТИ ОДДЕЛ   ИВАНОВСКИ И ДРУГИ   ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА   (Жалба бр. 34188/03)   ПРЕСУДА   СТРАЗБУР   ноември 2009   Оваа пресуда ќе стане конечна согласно околностите утврдени во   член 44 § 2 од Конвенцијата. Истата може да биде предмет на   редакциски измени   Напомена: Македонскиот превод на текстот на одлуката на Европскиот   суд за човекови права   е исклучиво информативен и од него не   произлегуваат никакви права и/или обврски. Единствено официјалниот   текст на одлуката на Европскиот суд за човекови права на англиски и/или   француски јазик, објавена од страна на Судот е автентичен и се смета за   оригинал. Не е дозволено објавување на овој превод на било каков начин без   претходна дозвола од страна на Министерството за правда на Република   Македонија, освен во случај доколку се користи за информирање.   ИВАНОВСКИ И ДРУГИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА   Во случајот на Ивановски и други против Република   Македонија,   Европскиот суд за човекови права (Петти Оддел), заседавајќи   во совет составен од:   Peer Lorenzen, Претседател,   Renate Jaeger,   Karel Jungwiert,   Rait Maruste,   Mark Villiger,   Мирјана Лазарова Трајковска,   Zdravka Kalaydjieva, судии,   и Claudia Westerdiek, секретар на одделот,   Заседавајќи на нејавна седница на 3 ноември 2009 година,   Ја донесе следната пресуда која беше усвоена на истиот   датум:   ПОСТАПКА   1. Предметот е поведен со жалба (бр. 34188/03) против   Република Македонија поднесена до Судот врз основа на членот   од Конвенцијата за заштита на човековите права и основни   слободи (“Конвенцијата“) од страна на двајца македонски   државјани, г-дин Слободан Ивановски (“првиот жалител“) и г-дин   Цветан Велковски (“вториот жалител“) на 21 октомври 2003   година. Првиот жалител, кој имал хрватско државјанство,   истовремено ја поднел жалбата во име на г-дин Миле   Стојчевски.   2. Г-дин Миле Стојчевски и вториот жалител починале на 27   февруари 2002 и на 30 декември 2005 година последователно.   Нивните вдовици, г-ѓа Василка Стојчевска и г-ѓа Стојанка   Велковска, обете граѓани на Република Македонија со   живеалиште во Скопје, бараа да ја преземат жалбата во нивно   име. Тие дополнително го овластија првиот жалител да ги   застапува во овој предмет.   3. Македонската Влада (“Владата“) беше застапувана од   нејзиниот Агент, г-ѓа Радица Лазареска Геровска.   4. На 6 септември 2007 година, Претседателот на петтиот   оддел одлучи да ја достави на одговор жалбата до Владата.   Исто така, истовремено беше одлучено и по однос на   допуштеноста и основаноста на жалбата (член 29 став 3).   5. На 17 август 2009 година, Хрватската Влада беше   информирана за нивното право да се замешаат во постапката   по однос на првиот жалител (член 36 став 1 од Конвенцијата и   ИВАНОВСКИ И ДРУГИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА   Правило 44 од Деловникот на Судот), и истите укажаа дека не   сакаат да го искористат тоа право.   ФАКТИ   ОКОЛНОСТИ НА СЛУЧАЈОТ   6. Во 1995 година, жалителите склучиле договор за   купопродажба со други три физички лица за купување на акции   од претпријатието А. (“претпријатието“).   7. На 13 септември 1996 година, првиот жалител поднел   граѓанска парница пред Основниот суд Скопје (“првостепениот   суд“) барајќи да му се наложи на претпријатието да ги   евидентира акциите во неговата книга на акционери и да им   издаде потврда на нивно име. На 22 ноември 1996 година,   вториот жалител и г-дин Миле Стојчевски се придружиле кон   барањето на првиот жалител. Во текот на постапката,   жалителите го прецизирале своето тужбено барање во три   наврати.   8. Помеѓу 25 јуни 1997 и 27 ноември 1998 година,   првостепениот суд во четири наврати ги одлагал закажните   расправи, а ниту една од нив не била одложена на барање на   жалителите.   9. На 11 јануари 1999 година, првостепениот суд го одбил   тужбеното барање на жалителите, наоѓајќи дека тие пропуштиле   да се усогласат согласно важечкото законодавство и дека   претпријатието немало пасивна легитимација да биде тужен во   постапката. Тој исто така го одбил нивното барање од 27 Мај   за привремена мерка забранувајќи им на држателите да ги   продаваат акциите.   10. На 12 април 2000 година, Апелациониот суд Скопје   делумно ја уважил жалбата на жалителите поднесена на 3   ноември 1999 година и го вратил предметот на повторно   судење.   11. На 18 декември 2001 година, првостепениот суд го одбил   тужбеното барање. Одлуката била доставена до жалителите на   август 2002 година.   12. На 19 март 2003 година, Апелациониот суд ја одбил   жалбата. Одлуката им била доставена на 7 мај 2003 година.   ИВАНОВСКИ И ДРУГИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА   ПРАВО   I. НАВОДИ ЗА ПОВРЕДА НА ЧЛЕНОТ 6 СТАВ 1 ОД   КОНВЕНЦИЈАТА   13. Жалителите се жалеле дека должината на постапката не   била во согласност со барањето за “разумен рок, определено во   членот 6 став 1 од Конвенцијата, кое во релевантниот дел гласи:   “Секој во определувањето на неговите граѓански права и обврски .........   има право на правично и јавно судење во разумен рок..... пред (а) суд ....“   A. Допуштеност   14. Владата не истакна било каков приговор за допуштеноста   на жалбените наводи на жалителите.   15. Судот потсетува дека во бројни случаи во кои жалителот   починал во текот на постапката, Судот ја има во предвид   изјавената волја на наследниците на жалителите или на   членовите на потесното семејство да ја продолжат постапката   пред Судот. Ова е практично случај во врска со жалба која била   поднесена од страна на жалителот лично и единствено   продолжени од страна на неговата вдовица по неговата смрт.   16. Во поглед на г-дин Миле Стојчевски, Судот утврди дека,   тој починал пред поднесувањето на жалбата. Не постоеа докази   дека, првиот жалител имал овластување да ги застапува   неговите интереси или дека г-ѓа Стојчевска се вклучила во било   која фаза на домашната постапка. Во вакви околности, Судот   смета дека, таа не ги исполнува условите да биде странка   согласно членот 34 од Конвенцијата (види, mutatis mutandis,   Димитровска против Република Македонија (dec.), бр.21466/03,   од 30 септември 2008 година).   17. Следи дека, жалбата во делот кој се однесува на г-дин   Миле Стојчевски, не е во согласност со принципот ratione   personae во смисла на одредбите од членот 35 став 3 од   Конвенцијата и мора да биде одбиен согласно со членот 35   став4.   18. Според околностите на конкретниот случај, Судот смета   дека, вдовицата на вториот жалител имала право на locus standi   врз основа на членот 34 од Конвенцијата во поглед на неговиот   жалбен навод за должината на постапката (види Стојковиќ   против Република Македонија, бр. 14818/02, став 25, 26, од 8   ноември 2007 година).   19. Заради наведеното, Судот заклучи дека, жалбениот навод   за должината на постапката наведен од првиот и вториот   жалител не е очигледно неоснован во смисла на членот 35 став   од Конвенцијата. Дополнително најде дека, овој навод не е   ИВАНОВСКИ И ДРУГИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА   недопуштен по било кој друг основ. Според тоа го огласи за   допуштен   B. Основаност   1. Произнесувања на странките   20. Владата наведе дека, периодот кој потпаѓа пред   стапувањето на сила на Конвенцијата во поглед на Република   Македонија не треба да биде земен во предвид.   21. Владата дополнително изрази став дека постоеле   сложени околности во предметот, вклучувајќи ја природата на   спорот,   измените   во   релевантното   законодавство   и однесувањето на жалителите. Понатаму Владата наведе дека   жалителите во значаен дел придонеле за должината на   постапката преку неколкукратното прецизирање на тужбеното   барање, барајќи времени мерки и пропуштајќи да присуствуваат   на трите судски расправи.   22. Жалителите на дадоа одговор на тврдењата на Владата   за должината на постапката.   2. Оценка на Судот   23. Судот забележува дека, во поглед на првиот жалител,   постапката започнала на 13 септември 1996 година, додека во   поглед на вториот жалите на 22 ноември 1996 година.   Постапките завршиле на 7 мај 2003 година кога одлуката на   Апелациониот суд Скопје била доставена на жалителите.   24. Сепак, како што беше наведено од Владата, периодот кој   потпаѓа под надлежност на Судот започнува на 10 април 1997   година, откако Конвенцијата стапила на сила по однос на   Република Македонија (види Личков против Република   Македонија бр. 38202/02, параграф § 21, од 28 септември 2006   година). Оценувајќи ја разумноста на периодот кој потпаѓа по   овој датум, сметка мора да се води за состојбата на постапката   од 10 април 1997 година (види Зибери против Република   Македонија, бр. 27866/02, став 41, од 5 јули 2007 година). Во   овој правец, Судот утврди дека, овој стадиум на постапката   траел околу шест месеци во една судска инстанца.   25. Постапката траела преку шест години и седум месеци, од   кои приближно шест години и еден месец потпаѓа под временска   надлежност на Судот во две судски инстанци.   26. Судот потсетува дека, разумноста на должината на   постапката мора да се испитува во светло на околностите на   случајот и согласно следните критериуми: сложеност на   предметот, однесувањето на жалителот   и релевантните   домашни власти (види Велова против Република Македонија,   бр. 29029/03, став 30, од 6 ноември 2008 година).   ИВАНОВСКИ И ДРУГИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА   27. Судот смета дека, предметот не бил сложен. Никакви   веродостојни докази не беа поднесени во овој правец.   28. Дополнително Судот најде дека нема оддолжувања кои   би им се припишале на жалителите, бидејќи тие присуствувале   на сите закажани расправи. Поднесоците со кои се прецизирало   тужбеното барање или нивните барања за времени мерки не   може да се сметаат за нивно штетно однесување (види   Димитриева против Република Македонија, бр. 16328/03,   параграф 35, од 6 ноември 2008 година).   29. Од друга страна, Судот најде значајни оддолжувања кои   можат да се припишат на домашните судови. Во овој правец,   Судот утврди дека му биле потребни приближно две години и   два месеци на првостепениот суд да одлучи по тужбеното   барање на жалителите. Уште повеќе, приближно една година и   пет месеци потпаѓаат под достава на судските одлуки (види   ставови 9-11 понапред).   30. Испитувајќи ги сите доставени докази, Судот смета дека,   во конкретниот случај должината на постапката била   прекумерна и не ги исполнила барањата за судење во разумен   рок согласно член 6 став 1 од Конвенцијата.   31. Заради тоа постои повреда на членот 6 став 1.   II. ДРУГИ НАВОДИ ЗА ПОВРЕДА НА КОНВЕНЦИЈАТА   32. Дополнително, жалителите се жалеле согласно членот 6   од Конвенцијата дека судот ги одбил нивните барања за   привремени мерки, изоставувајќи ги доказите и погрешно   толкувајќи го домашното законодавство.   33. Тие исто така се жалеле на повреда на членот 1 од   Протоколот бр.1, со тоа што претпријатието одбило да ги   регистрира нив како акционери.   34. Судот ги испита овие жалбени наводи и најде дека, во   светло на сите доставени до него докази, истовремено и   согласно на прашањата кои беа обжалени, а кои се во негова   надлежност, жалителите не открија било какви појави на   повреда на правата и слободите утврдени со Конвенцијата и   нејзините Протоколи.   35. Следи дека, овој дел од жалбата е очигледно неоснован и   мора да биде одбиен солгасно членот 35 ставовите 3 и 4 од   Конвенцијата.   III. ПРИМЕНА НА ЧЛЕНОТ 41 ОД КОНВЕНЦИЈАТА   36. Членот 41 од Конвенцијата предвидува дека:   “Кога Судот ќе оцени дека постои повреда на Конвенцијата или на   протоколите, и доколку внатрешното право на засегнатата Висока   договорна страна овозможува само делумна репарација на штета, тогаш   ИВАНОВСКИ И ДРУГИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - ПРЕСУДА   доколку е тоа неопходно, Судот ќе му додели правична отштета   наоштетениот”   37. Жалителите не доставија барање за правичен надомест   во согласност со Правилото 60 од Деловникот на Судот. Во   вакви околности, Судот не додели правичен надомест согласно   членот 41 од Конвенцијата (види, mutatis mutandis, Јануловски   против Република Македонија, бр. 6906/03, став 41, од 3 Јули   година).   ОД ОВИЕ ПРИЧИНИ, СУДОТ ЕДНОГЛАСНО   1. Ги огласи жалбените наводи на првиот и вториот жалител во   врска со должината на постапката за допуштени и   преостанатиот дел од жалбата за недопуштен;   2. Смета дека, постои повреда на членот 6 став 1 од   Конвенцијата во поглед на првиот и вториот жалител.   Изготвена на англиски и објавена на 26 ноември 2009 година,   согласно член 77 став 2 и 3 од Деловникот на Судот.   Claudia Westerdiek   Секретар   Peer Lorenzen   Претседател

© Rada Europy / Europejski Trybunał Praw Człowieka, źródło: HUDOC (hudoc.echr.coe.int), pozyskano 13.07.2026. · Źródło