37812/04
WyrokETPCz2009-06-25ECLI:CE:ECHR:2009:0625JUD003781204
Analiza orzeczenia
Sekcja wygenerowana przez AI na podstawie treści orzeczenia — nie stanowi cytatu.
Zagadnienie prawne
Czy przewlekłość postępowania cywilnego i likwidacyjnego dotyczącego zwolnienia z pracy naruszyła prawo do rozpoznania sprawy w rozsądnym terminie z art. 6 ust. 1 Konwencji?Ratio decidendi
Trybunał uznał, że postępowanie cywilne i likwidacyjne, trwające łącznie prawie 12 lat i 7 miesięcy (z czego około 12 lat podlegało jurysdykcji Trybunału), było nadmiernie długie. Stwierdził, że sprawa nie była skomplikowana, a skarżący nie przyczynił się do opóźnień. Trybunał obciążył odpowiedzialnością sądy krajowe za znaczne opóźnienia, w tym dwuletnie opóźnienie w doręczeniu orzeczenia oraz czteroletnie w skierowaniu sprawy do postępowania likwidacyjnego i z powrotem do postępowania cywilnego. Podkreślono również, że sprawy dotyczące stosunku pracy wymagają szczególnej staranności.Stan faktyczny
Skarżący, Dobre Josifov, został zwolniony z pracy w 1996 roku. Wniósł pozew cywilny o unieważnienie decyzji o zwolnieniu i przywrócenie do pracy. Postępowanie cywilne trwało do 2004 roku, kiedy to skarżący został skierowany do dochodzenia swoich roszczeń w postępowaniu likwidacyjnym przeciwko pracodawcy. Postępowanie likwidacyjne również napotkało na opóźnienia i ostatecznie w 2009 roku skarżący został ponownie skierowany do postępowania cywilnego.Rozstrzygnięcie
Trybunał uznał skargę za dopuszczalną. Stwierdził naruszenie art. 6 ust. 1 Konwencji w zakresie długości postępowania. Zasądził skarżącemu 3 200 EUR tytułem szkody niemajątkowej oraz 600 EUR tytułem kosztów. Oddalił pozostałą część żądania słusznego zadośćuczynienia.Pełny tekst orzeczenia
ПЕТТИ ОДДЕЛ
ЈОСИФОВ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
(Жалба бр. 37812/04)
ПРЕСУДА
СТРАЗБУР Јуни 2009
Оваа пресуда ќе стане конечна во согласност со условите предвидени во член 44 став од Конвенцијата. Истата може да биде предмет на редакциски измени.
Напомена: Македонскиот превод на текстот на одлуката на
Европскиот суд за човекови права е исклучиво информативен и од него
не произлегуваат никакви права и/или обврски. Единствено
официјалниот текст на одлуката на Европскиот суд за човекови права
на англиски и/или француски јазик, објавена од страна на Судот е
автентичен и се смета за оригинал. Не е дозволено објавување на овој
превод на било каков начин без претходна дозвола од страна на
Министерството за правда на Република Македонија, освен во случај
доколку се користи за информирање.
ЈОСИФОВ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ꢀ ПРЕСУДА
Во случајот Јосифов против Република Македонија,
Европскиот суд за човекови права (Петти оддел), заседавајќи
во совет во состав:
Peer Lorenzen, Претседател,
Rait Maruste,
Karel Jungwiert,
Renate Jaeger,
Mark Villiger,
Мирјана Лазарова Трајковска,
Zdravka Kalaydjieva, судии,
и Claudia Westerdiek, Секретар на петиот оддел,,
На седницата одржана на 2 јуни 2009 година,
Ја донесе следнава пресуда, усвоена на истиот датум:
ПОСТАПКА
1. Предметот започна со Жалба (бр.37812/04) против
Република Македонија поднесена до Судот врз основа на членот од Конвенцијата за заштита на човековите права и основни
слободи (“Конвенцијата“) од страна на македонскиот државјанин,
гꢀдин Добре Јосифов (“Жалителот“), на 6 октомври 2004 година.
2. Жалителот беше застапуван од гꢀдин Ј.Маџунаров, адвокат
од Штип. Македонската Влада (“Владата“) беше застапувана од
нејзиниот Агент, гꢀѓа Радица Лазареска Геровска.
3. На 12 септември 2007 година, претседателот на Петтиот
оддел одлучи да ја извести за Жалбата Владата. Исто така
одлучи да ја испитува основаноста и допуштеноста на Жалбата
истовремено (Член 29 став 3)..
ФАКТИ
4. Жалителот е роден во 1944 година и живее во селото
Уларци.
ЈОСИФОВ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА – ПРЕСУДА
1. Граѓанската постапка во врска со отпуштањето од
работа на Жалителот
5. На 31 јули 1996 година Жалителот бил отпуштен од
работа заради пропуштање да ги заштити просториите на
работодавачот од поплава. На 14 август 1996 година, одлуката
за отпуштање од работа била потврдена од извршниот одбор на
работодавачот.
6. На 5 септември 1996 година, Жалителот завел граѓанска
парница против работодавачот со барање за поништување на
одлуката за неговото отпуштање и повторно враќање на работа.
7. Првостепениот суд ги одложил закажаните расправи за 17
декември 1997, 27 јануари, 18 февруари, 13 април и 20 април година, заради отсуство на работодавачот и сведоците.
8. На 18 јуни 1998 година, Основниот суд во Штип го одбил
тужбеното барање на Жалителот. Се чини дека, оваа одлука му
била доставена на Жалителот во декември 2000 година, имајќи
во предвид дека неговата жалба од 26 декември 2000 година
била прифатена како поднесена во законскиот рок од 15 дена.
На 9 мај 2001 година, Апелациониот суд во Штип го вратил
предметот на повторно судење.
9. По двата увида на лице место и петте одлагања на
расправите, од кои, ниту една не била одложена на барање на
Жалителот, на 25 јуни 2003 година, првостепениот суд ја
поништил одлуката за отпуштање од работа.
10. На 24 март 2004 година, Апелациниот суд во Штип ја
поништил првостепената одлука, бидејќи била отворена
ликвидациона постапка врз работодавачот.
11. На 1 ноември 2004 година, првостепениот суд ја завршил
постапката. Жалителот бил упатен да бара неговото тужбено
барање да биде прифатено во лидвидационата постапка.
12. Во овие постапки не биле донесени Дополнителни
одлуки.
2.Ликвидациона постапка против работодавачот
13. На 20 јули 2004 година, Жалителот пријавил побарување
за надомест на материјалната штета како резултат на неговото
наводно незаконско отпуштање од работа. Во поткрепа на ова
барање тој ги доставил првостепените судски одлуки од 25 јуни и 24 март 2004 година.
14. На 7 септември 2004 година, првостепениот суд го
прифатил барањето на Жалителот, бидејќи било утврдено со
судска одлука.
ЈОСИФОВ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ꢀ ПРЕСУДА
15. На 23 ноември 2004 година, Апелациониот суд во Штип ја
усвоил жалбата поднесена ликвидаторот на работодавачот и ја
поништил одлуката на понискиот суд. Овој суд утврдил дека,
барањето на Жалителот не било засновано на правосилна
одлука, ниту пак неговото барање било засновано на таква.
Одлука. Дополнитело судот барал да добие ново мислење од
ликвидаторот.
16. На 11 февруари 2009 година, првостепениот суд не го
признал барањето на Жалителот и го упатил да го утврди своето
право во парница.
ПРАВО
I. НАВОДНА ПОВРЕДА НА ЧЛЕНОТ 6 ОД КОНВЕНЦИЈАТА
17. Жалителот се жалел дека должината на постапката била
спротивна на барањето за судење во разумен рок, утврдено во
членот 6 став 1 од Конвенцијата, кој го предвидува по следново:
“Во определувањето на неговите граѓански права и обврски ... секој има право
на фер ... судење во разумен рок од страна на ... суд ...”
A. Допуштеност
18. Владата приговараше дека, Жалителот не ги искористил
домашните правни лекови бидејќи тој пропуштил да поднесе
жалба против првостепената одлука од 1 ноември 2004 година.
19. Жалителот ги оспори овие приговори од Владата.
20. Судот веќе има утврдено дека, редовната жалба неможе
да се гледа како ефективен правен лек за наводна повреда на
правото да се има судење во разумен рок во конкретен предмет
(види Граберска против Република Македонија, бр. 6924/03,
став 44ꢀ48, 14 јуни 2007 година). Судот не гледа причини да
дојде до друг заклучок во конкретниот случај.
21. Следува дека прелиминарните приговори од Владата
мораат да бидат отфрлени.
22. Судот понатаму смета дека, Жалбата не е очигледно
неоснована во смисла на членот 35 став 3 од Конвенцијата.
Исто така Судот утврди дека, не е недопуштена по било кои
други основи. Заради тоа мора да биде огласена за допуштена.
ЈОСИФОВ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА – ПРЕСУДА
B. Основаност
1. Произнесувања на странките
23. Владата се произнесе дека, периодот кој изминал пред
да стапи на сила важењето на Конвенцијата во поглед на
Република Македонија, не треба да биде земен во предвид. Тие
изјавија дека, наспроти специфичната природа на случајот,
имало и сложени околности во случајот, вклучувајќи ги измените
на важечката легислатива, ликвидацијата на работодавачот и
последно, непризнавањето на барањето на Жалителот во
ликвидационата постапка, која сеуште не е завршена.
24. Тие тие понатаму изјавија дека, Жалителот значајно
допринел за должината на постапката со барањето за надомест
во ликвидационата постапка, иако основната граѓанска постапка
сеуште не била завршена. Дополнително, тие укажаа на
одложувањата на расправите закажани пред првостепениот суд
( види ставови 7 и 9 погоре).
25. Владата понатаму напомена дека, судовите постапувале
во предметот на Жалителот со должното внимание и дека,
државата не може да биде одговорна за задоцнувањата кои се
последица на странките во постапката.
26. Жалителот ги оспори тврдењата на Владата во врска со
сложеноста на предметот и неговиот наводен придонес во
должината на постапката. Тој дополнитено истакна дека,
правниот основ на спорот барал посебно внимание од страна на
домашните судови.
2. Оценка на Судот
27. Судот забележува дека, граѓанската постапка во врска со
отпуштањето од работа на Жалителот започнала на 5
септември 1996 година и завршила на 1 ноември 2004 година,
кога Жалителот бил упатен да го поднесе своето барање во
лидвидационата постапка. Во овој подоцнежен сет на постапки,
жалителот ја побарал изгубената добивка како резултат на
неговото отпуштање од работа.Судот смета дека овие два сета
на постапки теба да се третираат како единствена постапка,
бидејчи нивниот исход е взаемно поврзан.
28. Периодот кој потпаѓа под надлежност на Судот, како што
тврдеше Владата, започнува на 10 април 1997 година, кога
Конвенцијата стапила на сила во поглед на Република
Македонија (види Личков против Република Македонија,
бр. 38202/02, параграф 21, од 28 септември 2006 година). Сепак,
ЈОСИФОВ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ꢀ ПРЕСУДА
во испитувањето на разумноста на периодот кој потпаѓа по тој
период, мора да се води сметка од државата во постапката од април 1997 година ( види Зибери против Република
Македонија, бр. 27866/02, параграф 41, од 5 јули 2007 година).
Во врска со ова, Судот забележува дека во тој момент
постапката траела помалку од седум месеци во една судска
инстанца.
29. Постапката траела скоро 12 години и 7 месеци од кои
околу 12 години потпаѓаат под временска надлежност на Судот
во две судски инстанци на одлучување од граѓанските судови и
посебно ликвидационата постапка. Релевантниот период
завршил на 11 февруари 2009 година со одлука на првостепниот
суд во ликвидационата постапка.
30. Судот потсетува дека, разумноста на должината на
постапките мора да се испитува во светло на околностите на
случајот и со утврдување на следните критериуми: сложеност на
случајот, однесувањето на Жалителот и домашните органи и кој
бил засегнатиот интерес на Жалителот во спорот (види
Димитриевски против Република Македонија, бр. 26602/02,
параграф 29, од 18 декември 2008 година).
31. Судот смета дека, случајот не бил од сложена природа.
32. Дополнително наоѓа дека, нема оддоложувања кои би му
се препишале на Жалителот. Поточно, тој неможе да биде
одговорен за неговото поднесено барање во ликвидационата
постапка, откако бил упатен тоа да го направи од страна на
првостепениот суд.
33. Од друга страна, Судот смета дека, има значителни
оддолжувања кои можат да им се препишат на домашните
судови. Во овој контекст, Судот забележува дека, му било
потребно 2 години и 5 месеци за да првостепениот суд ја
достави неговата одлука до Жалителот ( види став 8 погоре). На
истиот суд, дополнително му биле потребни 4 години и 3
месеци, прво, да го упати на Жалителот да го оствари своето
барање во ликвидационата постапка, потоа, повторно да го
упати на граѓанска постапка (види параграф 15 и 16 погоре).
Дополнително, домашното право и судската пракса на Судот
(види Зибери против Република Македонија, параграф 47,
споменато погоре) бараат споровите од работен однос да бидат
процесирани со посебно винамание
34. Имајќи ги предвид сите доставени материјали до него,
Судот смета дека во конкретниот случај, должината на
постапката била прекумерна и не го исполнила барањето за
судење во разумен рок согласно членот 6 став 1 од
Конвенцијата.
ЈОСИФОВ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА – ПРЕСУДА
35. Според тоа, има повреда на овие одредби.
II. ПРИМЕНА НА ЧЛЕНОТ 41 ОД КОНВЕНЦИЈАТА
36. Членот 41 од Конвенцијата предвидува:
““Кога Судот ќе оцени дека постои повреда на Конвенцијата или на
протоколите, доколку внатрешното право на засегнатата Висока
и
договорна страна овозможува само делумна репарација на штета, тогаш
доколку е тоа неопходно, Судот ќе му додели правична отштета на
оштетениот.”
A. Отштета
37. Жалителот барал на име на материјална штета износ од
58,100 Евра. Тој исто така барал 20,000 Евра за нематеријална
штета заради емотивно страдање за “недостаток на основни
средства за живот“.
38. Владата ги оспори овие барања како неосновани,
тврдејќи дека немало причниско последична врска помеѓу
наводната повреда и бараната материјална отштета.
39. Судот оцени дека, Жалителот не ги докажа основите врз
основа на кои ја бараше материјалната отштета. Бидејќи, нема
причинско последична врска со утврдената повреда и наводната
отштета, Судот ги отфрли овие барања. Од друга страна,
Жалителот барал нематеријална отштета како резултат на
неговото емотивно страдање заради “недостаток на основни
средства за живот“, кое во основа било поврзано со должината
на постапката. Заради тоа, Судот му доделува 3,200 Евра на
име на нематеријална отштета.
B. Трошоци
40. Жалителот исто така барал 5,902 Евра за трошоци
направени пред домашните органи, како и во постапката пред
Судот. Во контекст на последново, тој побара приближо 635
Евра (39,000 денари) на име на адвокатски трошоци засметани
согласно адвокатска тарифа на Адвокатската комора на
Македонија и приближно 274 Евра (16,800 денари) за поштенски
и трошоци за превод. Не беше доставен ниту еден документ во
поткрепа на овие подоцнежни барања.
41. Владата ги оспори овие барања.
42. Согласно судската пракса на Судот, Жалителот има
право на надомест на трошоците само доколку се утврди дека
ЈОСИФОВ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ꢀ ПРЕСУДА
истите биле вистински и неопходно направени и разумни до
одреден степен (види Стоименов против Република
Македонија, бр. 17995/02, параграф 56, од 5 април 2007 година).
Во врска со трошоците направени во поглед на домашните
постапки, Судот утврди дека таквите трошоци не се направени
во постапка во која во рамките на домашниот правен систем се
барала заштита и надомест за наводните повреди за кои истиот
се жали пред Судот (види Милошевиќ против Република
Македонија, бр. 15056/02, параграф 34, од 20 април 2006
година). Според тоа, Судот не досуди надомест на трошоци во
овој дел.
43. Што се однесува за постапката пред Судот, Судот утврди
дека, Жалителот не доставил докази во врска со поштенските и
трошоците за превод. Од друга страна, во поглед со
информациите кои ги имаше пред себе и споменатите
критериуми, Судот смета дека е разумно да му доделил на
Жалителот износ од 600 Евра за законското застапување, плус
соодветна такса која би можела да биде засметана.
В. Законска камата
44. Судот смета за соодветно да се исплати затезна камата
според најниската каматна стапка за позајмени средства на
Европската Централна Банка, на која треба да се додадат три
проценти.
ОД ОВИЕ ПРИЧИНИ, СУДОТ ЕДНОГЛАСНО
1. Ја прогласува жалбата за допуштена;
2. Утврдува дека постои повреда на членот 6 став 1 од
Конвенцијата во поглед на должината на постапката;
3. Утврдува дека:
(a) Тужената држава во рок од 3 месеци од денот на
правосилноста на пресудата согласно член 44 став 2 од
Конвенцијата, треба да му ги исплати на Жалителот следните
износи, кои треба да бидат конвертирани во националната
валута на тужената држава, по курсна листа на денот на
исплатата, и тоа:
ЈОСИФОВ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА – ПРЕСУДА
(i)3,200 Евра (три илјади и двеста Евра) на име на
нематеријална штета;
(ii) 600 Евра (шестотини Евра) на име на трошоци;
(iii) Плус било какви трошоци која би биле засметани за
Жалителот
(b) по истек на рокот од 3 месеци споменат понапред, во кој
треба да се исплати наведената сума, ќе се засметува камата на
споменатиот износ, по стапка еднаква на најниската стапка за
позајмени средства на Европската Централна Банка, за
периодот до плаќањето зголемена за три процентни поени.
4. Го отфрли остатокот од барањето за правичен
надоместок на жалителот.
.
Изготвено на англиски и објавена на 25 јуни 2009 година, согласно
член 77 став 2 и 3 од Деловникот на Судот.
Claudia Westerdiek
Секретар
Peer Lorenzen
President
© Rada Europy / Europejski Trybunał Praw Człowieka, źródło: HUDOC (hudoc.echr.coe.int), pozyskano 14.07.2026. · Źródło