39151/04
WyrokETPCz2009-10-22ECLI:CE:ECHR:2009:1022JUD003915104
Analiza orzeczenia
Sekcja wygenerowana przez AI na podstawie treści orzeczenia — nie stanowi cytatu.
Zagadnienie prawne
Czy przewlekłość postępowania cywilnego dotyczącego odszkodowania za wywłaszczoną nieruchomość naruszyła prawo do rozpoznania sprawy w rozsądnym terminie z art. 6 ust. 1 Konwencji?Ratio decidendi
Trybunał stwierdził naruszenie art. 6 ust. 1 Konwencji, uznając, że postępowanie trwało nadmiernie długo, bo ponad 11 lat, z czego ponad 10 lat w okresie objętym jurysdykcją Trybunału. Trybunał ocenił, że choć sprawa miała pewien stopień złożoności, to nie usprawiedliwiało to tak długiego czasu trwania. Zachowanie skarżącego, polegające na korzystaniu z dostępnych środków prawnych, nie przyczyniło się do opóźnienia. Główną przyczyną przewlekłości były wielokrotne uchylenia wyroków i przekazywanie sprawy do ponownego rozpoznania przez sądy wyższych instancji, co wskazuje na poważny problem w krajowym systemie sądownictwa. Państwa-strony mają obowiązek zorganizować swój system prawny w sposób zapewniający rozpoznanie spraw w rozsądnym terminie.Stan faktyczny
W 1968 roku gmina Gostivar wywłaszczyła część nieruchomości ojca skarżącego pod budowę szkoły, obiecując odszkodowanie. W 1996 roku skarżący wszczął postępowanie sądowe w celu uzyskania odszkodowania. Postępowanie to trwało ponad 11 lat, w trakcie których sądy wyższych instancji kilkukrotnie uchylały wyroki i przekazywały sprawę do ponownego rozpoznania. Pomimo zawarcia ugody pozasądowej z państwem w 2006 roku, postępowanie było kontynuowane, a Sąd Najwyższy uchylił wyrok dotyczący odszkodowania. Ostatecznie, w 2007 roku, skarżący wycofał swoje żądanie odszkodowania po tym, jak nieruchomość została mu zwrócona.Rozstrzygnięcie
Trybunał jednogłośnie: 1. Uznał skargę dotyczącą długości postępowania za dopuszczalną, a pozostałą część skargi za niedopuszczalną. 2. Stwierdził naruszenie art. 6 ust. 1 Konwencji w odniesieniu do długości postępowania. 3. Zasądził na rzecz skarżącego 3 200 euro tytułem szkody niemajątkowej, powiększone o wszelkie należne podatki, płatne w ciągu 3 miesięcy. 4. Oddalił pozostałą część żądania skarżącego dotyczącego słusznego zadośćuczynienia.Pełny tekst orzeczenia
CONSEIL
DE L’EUROPE
COUNCIL
OF EUROPE
COUR EUROPÉENNE DES DROITS DE L’HOMME
EUROPEAN COURT OF HUMAN RIGHTS
СОВЕТ НА ЕВРОПА
ЕВРОПСКИ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА
ПЕТТИ ОДДЕЛ
КАМБЕРИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
(Жалба бр. 39151/04)
ПРЕСУДА
СТРАЗБУР Октомври 2009
Оваа пресуда ќе стане конечна во согласност со условите предвидени во член 44 став 2 од
Конвенцијата. Истата може да биде предмет на редакциски измени.
Напомена: Македонскиот превод на текстот на одлуката на Европскиот суд за
човекови права е исклучиво информативен и од него не произлегуваат никакви права
и/или обврски. Единствено официјалниот текст на одлуката на Европскиот суд за
човекови права на англиски и/или француски јазик, објавена од страна на Судот е
автентичен и се смета за оригинал. Не е дозволено објавување на овој превод на било
каков начин без претходна дозвола од страна на Министерството за правда на
Република Македонија, освен во случај доколку се користи за информирање.
КАМБЕРИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Во случајот Камбери против Република Македонија,
Европскиот суд за човекови права (Петти оддел), заседавајќи во судски совет
во состав:
Peer Lorenzen, Претседател,
Renate Jaeger,
Karel Jungwiert,
Rait Maruste,
Mark Villiger,
Isabelle BerroꢀLefèvre,
Мирјана Лазарова Трајковска, судии,
и Claudia Westerdiek, секретар на одделот
Расправајќи на затворена седница на 29 Септември 2009 година,
Ја донесе следнава пресуда, усвоена на истиот датум:
ПОСТАПКА
1.
Постапката е иницирана со жалба (бр. 39151/04) против Република
Македонија поднесена до Судот согласно член 34 од Конвенцијата за
заштита на човековите права и основни слободи („Конвенцијата„) од страна
на македонскиот државјанин, гꢀдин Ислам Камбери (жалителот), на 22
Октомври 2004 година.
2.
Жалителот бил застапуван од страна на Канцеларијата на
Хелсиншкиот Комитет за човекови права во Скопје. Владата на Република
Македонија (Владата) била застапувана од страна на нејзиниот агент гꢀѓа Р.
Лазареска Геровска.
3.
На 14 Септември 2007 година Претседателот на Петтиот оддел одлучи
да ја комуницира жалбата по однос на должината на постапката.
Постапувајќи согласно член 29 став 3 од Конвенцијата, Судот одлучи во исто
време да постапува како во однос на допуштеноста така и во однос на
основаноста на жалбата.
КАМБЕРИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ФАКТИ
Околности на случајот
4.
5.
Жалителот е роден 1949 година и живее во Гостивар.
Во 1968 година тогашното собрание на Општина Гостивар
експроприрало, inter alia, дел од градежното земјиште (недвижност) од
покојниот татко на жалителот, заради државна цел изградба на детско
училиште. Надоместокот требало да се одреди во одделна одлука.
6.
На 7 јануари 1996 жалителот побарал од тогашниот Општински суд во
Гостивар во вонпарнична постапка да му се исплати надоместокот согласно
пазарната вредност на недвижноста. Уште три лица се придружиле на овие
постапки.
7.
На 22 септември 1999 година Основниот суд во Гостивар
(првостепениот суд) го прифатил барањето на жалителот и и наложил на
Општината Гостивар да му исплати надомест за експроприраната
недвижност. Понатаму, го одбил неговото барање против државата поради
немање активна легитимација за поведување на постапка. На 24 Февруари година Апелациониот суд Скопје ја укинал оваа одлука со аргументи,
inter aila, дека првостепениот суд погрешно го утврдил надоместокот.
8.
Апелациониот суд Скопје наредил повторно судење во три наврати.
9. На 20 Јуни 2005 година првостепениот суд му досудил на жалителот
Во периодот од 25 Јануари 2001 и 19 Ноември 2003 година
надомест прецизиран од страна на експерт и одредил истиот да го исплатат
Државата и детското училиште, заеднички. Исто така одредил училиштето да
ги надомести трошоците на постапката.
10.
На 30 Ноември 2005 година Апелациониот суд ја потврдил
првостепената пресуда во поглед на досудениот надомест, а во останатиот
дел ја вратил на повторно разгледување.
11.
На 26 Јануари 2006 година, Државниот правобранител поднел
ревизија до Врховниот Суд. На 14 Февруари 2006 година жалителот поднел
одговор на ревизијата.
12.
На 10 Февруари 2006 година жалителот побарал извршување на
одлуката на Апелациониот суд Скопје од 30 Ноември 2005 година. Тој
КАМБЕРИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
предложил надоместот да му биде префрлен на неговата банкарска сметка.
На 24 Февруари 2006 година првостепениот суд побарал од жалителот да ги
плати судските такси.
13.
барање за заштита на законитоста.
14. На 14 Април 2006 година жалителот повторно побарал извршување на
На 21 Март 2006 година Јавниот Обвинител до Врховниот суд поднел
судската одлука од 30 Ноември 2005 година. Неговото барање било
одобрено на 19 Април 2006 година.
15.
На 22 Јуни 2006 година жалителот и Државата склучиле вонсудска
спогодба (спогодба) со која државата се обврзала да му го признае на
жалителот правото на сопстврност; да го запише како сосопственик во
јавните книги и да ги повлече поднесените вонредни правни лекови.
Жалителот се согласил да го повлече неговото барање за извршување и да
се воздржи од барање на било каква исплата по овие одлуки.
16.
од 13 Септември 2006 година.
17. И покрај спогодбата, барањето за заштита на законитоста не било
Извршните постапки биле завршени со одлука на првостепениот суд
повлечено. На 18 Април 2007 година Врховниот суд го прифатил ова барање
и ја укинал пресудата на понискиот суд во поглед на одредениот надомест.
Судот го одбил приговорот на жалителот дека барањето за заштита на
законитоста треба да биде одбиено бидејќи странките склучиле спогодба. Тој
утврдил дека понискиот суд не изнел доволно причини и дека не било
доволно јасно кој бил обврзан да го плати надоместокот. Судот, ја одбил
ревизијата поднесена од страна на Државниот правобранител бидејќи нашол
дека двете страни ги повлекле своите барања и дека се спогодиле.
18.
Постапките продолжиле пред првостепениот суд. На расправата
одржана на 13 Јули 2007 година жалителот потврдил дека недвижноста му
била вратена и го повлекол барањето за надомест. Првостепениот суд суд го
потврдил повлекувањето на барањето.
ПРАВО
I НАВОДНА ПОВРЕДА НА ЧЛЕН 6 став 1 ОД КОНВЕНЦИЈАТА
КАМБЕРИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
19.
Жалителот се жалел дека должината на постапката не била во
согласност со барањето за “разумен рок” предвидено во член 6 став 1 од
Конвенцијата, кој гласи:
“ При определување на неговите граѓански права и обврски ……., секој има право
на ………….судење во разумен рок пред ………..трибунал……….”
А.
Допуштеност
20.
21.
Владата не изјави никаков приговор за допуштеноста на оваа жалба.
Судот забележува дека жалбата не е очигледно неоснована во смисла
на член 35 став 3 од Конвенцијата. Понатаму забележува дека жалбата не е
недопуштена по ниеден друг основ. Оттука, мора да се прогласи за
допуштена.
Б.
Основаност
1. Произнесувања на странките
22.
Владата тврдеше дека околностите поврзани со случајот биле
сложени, бидејќи требало да се утврди висината на надоместокот и страната
која требало да го плати тој надоместок ( види точка 7 и 17 погоре).
Дополнително, фактот дека и други лица се приклучиле кон постактата, и
дека недвижноста била експроприрана одамна придонеле за сложеноста на
случајот (види точка 5 и 6 погоре).
23.
Таа исто така спореше дека и жалителот пидонел за должината на
постапката, користејќи ги сите правни лекови и поднесувајќи го своето
барање 28 години после експропријацијата.
24.
Жалителот ги оспори аргументите на Владата.
2. Оценка на Судот
25.
Судот забележа дека постапките започнале на 7 Јануари 1996
година, кога жалителот го поднел неговото барање. Меѓутоа, како што
забележала Владата, периодот кој потпаѓа во надлежност на Судот за
почнува на 10 Април 1997 година, по стапувањето на сила на
КАМБЕРИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Конвенцијата, во однос на Република Македонија (види Личков против
Република Македонија, бр.38202/02, став 21, 28
Септември 2006
година).
26.
При оценката за разумноста на времето кое поминало просле тој
датум, мора да се води сметка за состојбата на постапките на 10 Април година (види Зибери против Република Македонија, бр.27866/02,
став 41, 5 Јули 2007 година). Во врска со тоа, Судот забележува дека до
тогаш постапките траеле повеќе од една година и три месеци во една
судска инстанца.
27.
Судот утврди дека постапките завршиле на 13 Јули 2007 година кога
барањето на жалителот за надомест било прогласено за повлечено. Тие
траеле повеќе од единаесет години и шест месеци, од кои десет години,
три месеци и пет дена се во временска надлежност на Судот, во три
судски инстанци.
28.
Судот повторува дека разумноста на должината на постапката мора
да се оценува во согласност со околностите на случајот, со посебен акцент
на следниве критериуми: сложеноста на случајот, однесувањето на
жалителот и на соодветните власти и кој бил уделот на жалителот во
спорот ( види Маркоски против Република Македонија, бр. 22982/03, став
32, 2 Ноември 2006 година)
29.
Судот смета дека случајот има извесен степен на сложеност, која
произлегува од потребата за експертски мислења, но дека тоа самото по
себе не може да биде објаснување за должината на постапката.
30.
Во однос на однесувањето на жалителот, Судот наоѓа дека тој не
допринел значително за должината на постапката, бидејќи фактот дека ги
искористил сите расположливи правни лекови не може да се смета како
придонес за должината на постапката (види Костовска против Република
Македонија, бр. 44353/02, став 44, 15 Јуни 2006 година)
31.
Судот смета дека одолговлекувањето на постапката се должи на
повеќекратното преиспитување на случајот. Во периодот кој потпаѓа во
негова надлежност, ratione temporis, случајот бил враќан на повторно
разгледување во пет наврати (види точка 7,8 и 10 погоре). Според тоа, не
може да се каже дека домашните судови биле неактивни. Меѓутоа, иако
Судот не е во позиција да го оценува квалитетот на судската пракса на
КАМБЕРИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
домашните судови, смета дека, враќањето на предметите на повторно
разгледување најчесто е наложено поради грешките направени од страна
на пониските судови, па повторувањето на ваквите налози на еден степен
на постапктата, открива сериозен проблем во судскиот систем (види
Зибери, цитирана погоре, став 46).
32.
Во овој контекст, Судот предупредува дека Договорните држави се
тие кои треба да го организираат нивниот правен систем на начин кој ќе
овозмпжува, нивните судови да можат да го гарантираат правото на секој
да може да добие судска одлука во спорови поврзани со остварување на
правата и должностите во разумен рок (види Ризова против Република
Македонија, бр. 41228/02, став 48, 6 Јули 2006 година).
33.
По испитувањето на сите поднесени материјали, Судот смета дека
должината на постапката била прекумерна и не го задоволила
критериумот за разумен рок предвиден во член 6 став 1 на Конвенцијата.
34.
Според тоа, има повреди на оваа одредба.
II. ДРУГИ НАВОДНИ ПОВРЕДИ НА КОНВЕНЦИЈАТА
35.
Жалителот, понатаму, се жалеше по член 6 од Конвенцијата дека
судиите не биле непристрасни. Тој исто така се жалеше и по член 1 од
Протокол 1 дека не му бил исплатен никаков надомест за експроприраното
земјиште. Овие жалби биле поднесени пред спогодбата.
36.
Судот го испитал остатокот од жалбата, и имајќи ги во предвид сите
материјали со кои располага, како и од наводите во жалбата кои
потпаѓаат во негова надлежност, не открил никаква повреда на правата и
слободите загарантирани со Конвенцијата или нејзините протоколи.
37.
Следи дека овој дел од жалбата е очигледно неоснован и мора да
биде отфрлен согласно член 35 ст.3 и 4 од Конвенцијата.
III. ПРИМЕНА НА ЧЛЕН 41 ОД КОНВЕНЦИЈАТА
38.
Членот 41 од Конвенцијата предвидува:
КАМБЕРИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
“ Кога Судот ќе оцени дека постои повреда на Конвенцијата или на протоколите, и доколку
внатрешното право на засегнатата Висока договорна страна овозможува само делумна
репарација на штета, тогаш доколку е тоа неопходно, Судот ќе му додели правична
отштета на оштетениот.”
А. Штета
39.
Жалителот бараше 10.000 евра (ЕУР) за нематеријална штета за
емотивна болка поради “недостаток на средства за живот” во текот на
постапката.
40.
41.
Владата ги оспори овие барања.
Судот смета дека барањето на жалителот за нематеријална штета
значително е поврзано со должината на постапката. Поради тоа на име
надомест на нематеријална штета му доделува 3.200 евра, плус секој друг
издаток кој може да биде наплатен.
Б. Трошоци и расходи
42.
Жалителот исто така бараше 10.000 евра за трошоци и расходи што
ги имал пред домашните судови. Тој не побара надомест на трошоците и
расходите направени во постапката пред овој Суд.
43.
44.
Владата ги оспори овие барања.
Согласно судската пракса на Судот, жалителот има право на
надомест на трошоците и расходите, само ако се покаже дека истите се
навистина и неопходно направени, а биле разумни во однос на износот
(види Ѓозев против Република Македонија, бр.14260/03, став 63, 19 Јуни година). Судот забележува дека трошоците не биле направени со
цел да се бара, во домашниот правен систем, заштита и надомест за
наводната повреда за која се жалел пред Судот. Поради тоа не му
доделува никаква сума по оваа основа (види Милошевиќ против
Република Македонија, бр.15056/02, став 34, 20 Април 2006 година)
В. Затезна камата
45.
Судот смета за соодветно дека затезната камата треба да се
исплати според најниската камтна стапка за позајмени средства на
КАМБЕРИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Европската Централна Банка, на која треба да се додадат 3 процентни
поени.
ОД ОВИЕ ПРИЧИНИ, СУДОТ ЕДНОГЛАСНО
1.
постапката, додека остатокот од жалбата го прогласи за неприфатлив;
2. Утврди дека имало повреда на членот 6 став 1 од Конвенцијата во
поглед на должината на постапката;
Ја прогласи за допуштена жалбата по однос на должината на
3.
Смета дека:
а) Тужената држава треба да му исплати на жалителот во рок од 3
месеци од конечноста на пресудата согласно член 44 став 2 од
Конвенцијата, на име нематеријална штета конвертирана во национална
валута, по стапка на денот на исплатата сума од 3.200 (три илјади и
двеста) евра, плус било какви издатоци кои можат да бидат наплатени;
46.
б) По протекот на горе наведените три месеци сꢁ до
исплатата, ќе се засметува камата на горенаведените износи, по стапка
еднаква на најниската стапка за позајмени средства на Европската
централна банка, за периодот до исплатата зголемена за 3 процентни
поени.
4.
Го отфрли барањето на жалителот за правична оштета по член 41
од Конвенцијата.
Изготвено на англиски и доставено на писмено на 22 Октомври 2009
година, согласно членот 77 ставови 2 и 3 од Деловникот на Судот.
Claudia Westerdiek
Peer Lorenzen
Секретар
Претседател
.
9
© Rada Europy / Europejski Trybunał Praw Człowieka, źródło: HUDOC (hudoc.echr.coe.int), pozyskano 13.07.2026. · Źródło