39293/98
WyrokETPCz2000-02-29ECLI:CE:ECHR:2000:0229JUD003929398
Analiza orzeczenia
Sekcja wygenerowana przez AI na podstawie treści orzeczenia — nie stanowi cytatu.
Zagadnienie prawne
Czy zwolnienie pracownika telewizji publicznej za użycie obraźliwych określeń wobec zarządu w publicznej debacie radiowej naruszyło jego prawo do wolności wyrażania opinii, gwarantowane przez art. 10 Konwencji?Ratio decidendi
Trybunał uznał, że zwolnienie skarżącego stanowiło ingerencję w jego prawo do wolności wyrażania opinii, która była przewidziana prawem i miała uzasadniony cel ochrony reputacji innych. Kluczowe było jednak ustalenie, czy ingerencja była "niezbędna w społeczeństwie demokratycznym" i proporcjonalna. Trybunał, choć nie kwestionował obraźliwego charakteru wypowiedzi, wziął pod uwagę kontekst publicznej debaty na temat zarządzania telewizją publiczną, spontaniczny charakter wypowiedzi radiowych oraz fakt, że obraźliwe określenia zostały zainicjowane przez komentatorów radiowych. Stwierdził, że sankcja w postaci zwolnienia z pracy bez odszkodowania, będąca najsurowszą, była nieproporcjonalna do zamierzonego celu, zwłaszcza biorąc pod uwagę staż pracy i wiek skarżącego, co doprowadziło do naruszenia art. 10 Konwencji.Stan faktyczny
Skarżący, Bernardo Fuentes Bobo, reżyser telewizyjny i scenarzysta, był zatrudniony w hiszpańskiej telewizji publicznej (TVE) od 1971 roku. Po likwidacji programu, za który był odpowiedzialny, i odczuciu marginalizacji, współtworzył artykuł krytykujący zarząd TVE. Następnie, w dwóch audycjach radiowych, skrytykował zarząd TVE, używając określeń takich jak "pijawki" i stwierdzając, że "nie dbają o pracowników". W konsekwencji tych wypowiedzi został zwolniony z pracy.Rozstrzygnięcie
Trybunał stwierdza naruszenie art. 10 Konwencji. Trybunał stwierdza, że nie ma potrzeby rozpatrywania sprawy na podstawie art. 14 Konwencji. Trybunał zasądza na rzecz skarżącego zadośćuczynienie za szkodę materialną i niematerialną oraz zwrot kosztów i wydatków.Pełny tekst orzeczenia
СОВЕТ НА ЕВРОПА
ЕВРОПСКИ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА
ЧЕТВРТИ ОДДЕЛ
СЛУЧАЈ
FUENTES BOBO против. ШПАНИЈА
(Жалба број 39293/98)
ПРЕСУДА
СТРАЗБУР Февруари 2000 година
ПРАВОСИЛНА
29/05/2000
FUENTES BOBO против. ШПАНИЈА - ПРЕСУДА
Во случајот на Fuentes Bobo п. Шпанија,
Европскиот суд за човекови права (Четврти оддел), заседавајќи во совет составен
од:
ММ. Г. PELLONPÄÄ, претседател,
Г. RESS
А. Pastor RIDRUEJO,
L. CAFLISCH,
Ј. MAKARCZYK,
I. CABRAL BARRETO
Г-ѓа N. Vajić, судии,
и г-дин V. Бергер, секретар на одделот,
Расправајќи на затворена седница на советот на 9 декември 1999 година и 10
февруари 2000 година,
Ја донесе следнава пресуда, која беше усвоена на истиот датум:
ПОСТАПКА
1. Случајот е инициран со жалба против Кралството Шпанија и чиј државјанин на
оваа држава, Bernardo Fuentes Bobo ("жалител"), ja поднесе до Европската
комисија за човекови права ("Комисијата") на 5 Јануари 1998 година, врз основа
на поранешниот член 25 од Конвенцијата за заштита на човековите права и
основни слободи ("Конвенција"). Жалбата е заведена на 9 јануари 1998 година
FUENTES BOBO против. ШПАНИЈА - ПРЕСУДА
под број 39293/98. Жалителот беше застапуван од г-дин Ollé Сесе, адвокат во
адвокатската комора на Мадрид. Шпанската Влада ("Владата") беше застапувана
од нејзиниот Агент, г-дин Ј Borrego Borrego, Раководител на правната служба за
човекови права во Министерството за правда.
Жалбата се однесува на разрешување на жалителот, агент на Шпанската
телевизија (TVE), како резултат на изјавите дадени во рамки на две радио емисии.
Жалителот се повика на членовите 10, 14 и 6 § 1 од Конвенцијата.
2. На 21 октомври 1998 година, Комисијата (втор оддел) одлучи за жалбата на
жалителот во врска со неговото право на слобода на изразување и мислење (член од Конвенцијата), да ја извести обвинетата Влада, повикувајки ја да ги поднесе
своите пишани забелешки за допуштеноста и основаноста на барањето.
3. Владата ги достави своите забелешки на 5 јануари и 9 март 1999 година, а
жалителот и одговори на 12 февруари и 26 март 1999 година.
4. На 1-ви ноември 1998 година, денот на влегување во сила на Протоколот 11 кон
Конвенцијата, а со примена на неговиот член 5 § 2 , жалбата беше предадена на
Судот.
5. Во согласност со член 52 § 1 од деловникот на Судот ("деловник"),
претседателот на Судот, ML Wildhaber, го додели случајот на четвртиот оддел.
Советот конституиран во рамки на тој оддел се состоеше од M.A. Pastor Ridruejo,
судија избран од Шпанија (член 27 § 2 од Конвенцијата и член 26 § 1 а) од
Уредбата), а ММ Pellonpää, претседател на оддел (член 26 § 1 а) од деловникот).и
ММ Pellonpää, претседател на оддел (член 26 § 1 а) од деловникот). Другите
членови назначени од страна на овој последниот за да се комплетира советот беа
FUENTES BOBO против. ШПАНИЈА - ПРЕСУДА
MG Ress, г-дин L Caflisch, г-дин Ј Makarczyk, М I. Cabral Barreto и Г-ѓа N. Vajić
(член 26 § 1 б) од деловникот).
6. На 1-ви Јуни 1999 година, Судот ги прогласи за допуштени жалбите на
жалителот во врска со неговото право на слобода на изразување (член 10 од
Конвенцијата) и принципот на недискриминација (член 14 од Конвенцијата). Во
однос на останатиот дел, тој ја прогласи жалбата за недопуштена.
7. На 11 јуни 1999 година, Судот го испрати до странките текстот на неговата
одлука за допуштеност на барањето и ги покани да достават докази и
дополнителни коментари. Покрај тоа, тој го повика жалителот да ги достави
своите барања за правичен надомест согласно член 41 од Конвенцијата (член 60
од деловникот).
8. Покрај тоа, Судот им се стави на располагање на странките за постигнување
мирно решавање на случајот, во согласност со член 38 § 1 б) од Конвенцијата
(види, исто така, член 62 од деловникот) . Со оглед на ставот усвоен од странките,
тој констатира дека нема основа за мирно решавање на спорот.
9. Секретарот ги прими поднесоците на жалителот и на Владата на 29 јули 1999
година и 27 август 1999 година.
10. На 28 септември 1999 година, советот одлучи, во согласност со член 59 § 2 од
деловникот, да ги покани странките, во текот на една расправа, усно да ги изнесат
своите коментари за основаноста на жалбите кои беа прогласени за допуштени.
11. Претседателот на советот им дозволи на странките да го користат шпанскиот
јазик во текот на усната расправа (член 34 § 3 и 36 § 5 од деловникот).
FUENTES BOBO против. ШПАНИЈА - ПРЕСУДА
12. Така е одлучено од страна на советот, на јавната расправа што се одржа на 9
декември 1999 година во Палатата на човекови права во Стразбур.
Се појавија:
- За Владата
Г-дин Ј BORREGO BORREGO, шеф на правната служба за
човекови права при Министерството за правда агент
-За жалителот
Г-дин Ollé Сесе,
Адвокат на адвокатската комора на Мадрид
совет
Г-дин Б Fuentes Bobo
жалител
Судот ги сослуша изјавите на г-дин Borrego Borrego а г-дин Olle Сесе.
FUENTES BOBO против. ШПАНИЈА - ПРЕСУДА
ФАКТИ
I. ОКОЛНОСТИ НА СЛУЧАЈОТ
13. Жалителот е шпански државјанин, роден во 1940 година и живее во Мадрид.
Тој е режисер на телевизиски емисии и сценарист.
14. Жалителот бил вработен од страна на Шпанската телевизија (TVE) од 1971
година како режисер. До декември 1992 година, тој работел како одговорно лице
за утринската емисија наречена "Клуб на жените", датум кога емисијата била
укината. Од тој датум, тој се почуствувал без обврски, и покрај тоа што морал да
ја извршува својата секојдневна работа. На 31 март 1993 година, добил опомена,
во писмена форма, поради неправилности во однос на исполнувањето на
работните часови.
15. На 23 октомври 1993 година, неколку илјади вработени во TVE демонстрираа
против планот за намалување на работните места во јавната телевизија. Многу
плакати од демонстрантите бараа повеќе културни програми, мерки против
лошото управување со јавната телевизија и против хаосот и корупцијата. Овие
настани широко одекнаа во медиумите, и започна една широка дебата во печатот
во однос на лошото управување со TVE и нејзините долгови, проценети од страна
на министерот за економија на 123 милијарди пезети.
16. На 30 октомври 1993 година жалителот заедно со еден колега, Л. Ц М, објавија
статија во весникот Diario 16 насловена како "грабеж на државната сопственост",
во која го критикуваа управувањето на различни директори со TVE, назначени во година од страна на владејачката партија, имено PSOE (Шпанската
социјалистичка работничка партија). Тие изјавија дека директорите на TVE ги
претворија зградите и другите објекти на државната телевизија кои им припаѓаат
FUENTES BOBO против. ШПАНИЈА - ПРЕСУДА
на сите Шпанци во концентрационен логор во кој ова раководство практикуваше,
без да биде казнето, професионален тероризам. Тие се пожалија особено на
процесот на распарчување и приватизација на јавната телевизија, најверојатно
преку кривични дела, бидејќи тие не само што ја обезглавија професионално и
економски TVE, туку и го пренесоа имотот што им припаѓаше на сите Шпанци, на
конкурентните приватните компании. Во оваа смисла, тие обрнаа внимание на
одливот на високите кадри од TVE кон приватните канали и производство на
програми од страна на надворешни компании, и тврдеа дека, се повеќе,
вработените на TVE остануваат без работа и понекогаш дури и без работно
место. Тие се пожалија на фактот дека раководството на TVE го користело
државниот имот во приватни интереси и интереси на поединци и дека го
ограбувало шпанскиот народ.
17. На 4 ноември 1993 година, заменик-директорот за планирање и
производството на TVE испрати писмо до жалителот, во кое наведе дека од 5
ноември 1993 година, се додека не му биде доделена конкретна задача, тој мора
да го регистрира секој свој влез и излез од зградата лоцирана во Somosaguas, и
да го поминува работното време во одредени канцеларии.
18. Со писмо од 10 ноември 1993 година, жалителот го информираше заменик-
директорот, загрижен дека во согласност со одлуката донесена од него на 4
ноември 1993 година, тој отишол во зградата на Somosaguas но дека ниедно
одговорно лице на овој центар не било во тек со таа одлука, ниту можело да му
даде канцеларија во која требал да се смести. Жалителот додал и еден епиграм
упатен до заменикот на директорот.
19. Понатаму, се разменија повеќе писма помеѓу жалителот и заменикот на
директорот.
FUENTES BOBO против. ШПАНИЈА - ПРЕСУДА
20. На 18 ноември 1993 година жалителот достави до центарот на TVE во
Somosaguas, еден текст во кој се пожали на третманот во кој тој бил жртва и
пријави корупција, непочитување на ветувањата, кражба на јавниот имот, лаги и
злоупотреба на општествените средства, како и презир и непочитување на
правата на другите. Тој прецизира дека ако, пред 30 ноември 1993 година,
раководството не го реши проблемот, ќе организира околу канцелариите и
приватните резиденции на директорите, концерти, серенади со гитари, пејачи,
виолини, електронски оргуљи, армоники, итн., кои нема наскоро да бидат
заборавени. Жалителот конечно побара поддршка од неговите колеги.
21. Поради овие факти, на 19 ноември 1993 година, TVE поведе дисциплинска
постапка против жалителот и LCM . Оваа постапка заврши со одлука од 25 јануари година, со која жалителот беше прогласен за автор на два многу сериозни
прекрѓоци и му беше изречена санкција од 16 и 60 дена суспензија од работа и на
платата. На L.C.M. му беше изречена идентична санкција.
22. Против оваа санкција, жалителот поднесе жалба до судот, која судот број 10
на Мадрид ја отфрли со пресуда од 7 мај 1994 година. Од друга страна, судот бр на Мадрид ја поништи санкцијата изречена на LCM.
23. Жалителот поднесе жалба до Врховниот суд во Мадрид, кој со пресуда од 31
јануари 1996 година ,ја преиначи донесената пресуда и ја поништи казната
изречена против жалителот за повреда на правото и слободата на изразување и
мислење гарантирано со член 20 од Уставот. Судот, исто така, истакна дека
поништувањето на санкцијата е извршено за да се спречи неусогласеноста на
судските одлуки, имајки во предвид дека санкцијата на LCM е поништена од судот
бр 34 на Мадрид, а со оглед на фактот дека статијата на LCM и жалителот
FUENTES BOBO против. ШПАНИЈА - ПРЕСУДА
добила поддршка од 276 колеги од TVE на кои, сепак, не им била изречена
никаква санкција.
24. Покрај тоа, во рамки на првата емисија на една приватна радио станица
(Радио COPE) од 29 Ноември 1993 година, жалителот, коментирајќи ги санкциите
изречени против него, го кажа следното, како одговор на прашањето од
водителот:
"(...) Се сметаше дека сум сторил многу сериозен прекршок, бидејќи јас
испратив една нота до еден некомпетентен директор и заменик на
директор (...). Телевизиските вести јасно се користат како пропагандно
средство на оние кои се на власт (...); раководството не го почитува
Уставот, ниту статутот на радиото и телевизијата (...). Прашањето
на водителот: "На TVE, не постојат повеќе луѓе кои се оддалечени? ".
Подносителот на барањето: "Се разбира, сега тие се испраќаат во
гето-сали. (...) што стана еден рак, професионален и економски, за TVE,
тоа се приватни работи реализирани или дозволени од страна на
одредени раководства. Водителот: "Бернардо, ние од надвор добиваме
впечаток, но, исто така, благодарение на вашите објаснувања, дека
вработените во институцијата станале вистински пијавици (...) ".
Жалителот: "Автентични пијавици, но да предупредам, со согласност,
ако не и учество, на некои лидери. Постои огромен број на сериозни
неправилности и криење на податоци од страна на раководствата (...). "
25. Во втората радио емисија на истото радио, што се одржа на 3 февруари 1994
година, водителката, осврнувајќи се на раководството на TVE, без повеќе детали,
изјави како што следува:
FUENTES BOBO против. ШПАНИЈА - ПРЕСУДА
"Тие веруваат дека се наоѓаат во сопствената градина, дека можат да
сеат или пак (...) Што значи тоа? "
Жалителот, тогаш одговори вака :
"(...) Некои лидери сметаат дека радиотелевизиската публика е
нивна(...). (...) Однесувањето на лицето одговорно за информативните
програми (...) понекогаш е приказ на убавина и деспотизам. На некои
лидери не им е гајле за персоналот, за работниците (se cagan en el personal,
en los trabajadores).). "
26. По овие изјави, против жалителот беше поведена дисциплинска постапка, којa
заврши со негово разрешување на 15 април 1994 година.
27. Жалителот поднесе жалба до судот бр. 4 на Мадрид. Со пресуда од 18 јуни година, овој суд разрешувањето го прогласи за ништовно, поради пропусти
во постапката. Судот го критикуваше фактот, пријавен од страна на жалителот,
дека одговорното лице за дисциплинската постапка поведена против него од
страна на TVE, а чие мислење беше одлучувачко за донесување на одлуката за
разрешување, беше дел од директорите на компанијата критикувани од страна на
подносителот на барањето за време на радио емисијата.
28. TVE поднесе жалба до Врховниот суд на Мадрид. Со пресуда од 5 октомври година, овој суд ја поништи донесената пресуда, сметајки дека зборовите на
жалителот биле навредливи за неговиот работодавец и одлучи дека
разрешувањето е во согласност со членовите 54.2.c) и 55,5 од Статутот на
работниците. Жалбата до касациониот суд со барање да се обезбеди воедначена
FUENTES BOBO против. ШПАНИЈА - ПРЕСУДА
судска пракса беше прогласена за недопуштена со одлука на Врховниот суд од 12
јули 1996 година.
29. Повикувајки се посебно на членовите 14 ( принцип на еднаквост), 18 (право на
чест), 20 (правото на слобода на мислење и изразување) и 24 (право на судска
заштита) од Уставот, жалителот поднесе барање amparo против пресудата на
Врховниот суд на Мадрид.
30. Со пресуда од 25 ноември 1997 година, Уставниот суд го отфрли барањето
amparo. По отфрлањето на барањето in limine на член 14 во врска со член 24 од
Уставот, тој изјави дека прашањето било ограничено на тоа дали обжалената
пресуда го повредува правото на слобода на изразување загарантирано со член од Уставот, и тоа како дел од работен спор, од една страна, слободата на
изразување и, од друга страна, правото на чесност гарантирани со член 18 § 1 од
Уставот.
31. Во својата одлука, Уставниот суд ја истакна важноста на правото на слобода
на изразување во едно демократско општество. Инаку,тој потсети дека, кога
правото на слобода на изразување доаѓа во конфликт со друго основно право
признато со Уставот, важно е да се донесе пресуда заснована на реалните
околности на случајот, за да се утврди дали однесувањето на жалителот е
оправдано во рамки на уставната одредба. Судот потсети дека остварувањето на
слободата на изразување и мислење не може да се оправда без употреба на
навредливи, груби и непријатни зборови или изрази, надминувајки го правото на
критика и затоа, тие се штетни за угледот на критикуваното лице, дури и кога се
работи за јавна личност. Покрај тоа, во однос на правото на слобода на
изразување, во рамки на работните односи, Судот потсети дека, дури и кога
потпишувањето на договорот за вработување не го лишува вработениот од
правата што му се признати со Уставот, во кои е вклучено и правото слободно да
ги изнесува свите мисли, идеи и размислувања, тоа не значи дека остварувањето
FUENTES BOBO против. ШПАНИЈА - ПРЕСУДА
на слободата на изразување не е предмет на ограничувања кои произлегуваат од
работниот однос.
32. Разгледувајки ги околностите на случајот, судот утврди дека жалителот бил
разрешен, не поради давање неточни информации, туку за користење на
навредлив јазик против директорите на компанијата. Судот додаде дека е вистина
дека жалителот упатил критики и јавни жалби во однос на работењето на јавниот
сервис. Меѓутоа, телевизијата е јавна служба на Државната во смисла на член § 2 од Уставот, и управувана од Државата, јавните изјави од страна на
жалителот беа несомнено и против јавниот интерес, а договорниот однос помеѓу
жалителот и телевизијата во никој случај не го спречи да ги пријави
неправилностите или недостатоците кои, според него, се појавија во
функционирањето на јавниот субјект. Судот, сепак, додаде дека е, исто така,
неспорно дека, во неговите изјави, жалителот не се ограничил само на
информирање, на излагање на фактите и објаснување на неговите критики, туку,
изнесувал навредливи осуди, непотребни за поддршка на обвинувањата против
лидерите и одговорните лица во компанијата. Признавајки дека оспорените
изјави, имено терминот "пијавици" и коментарите дека на некои лидери " не им е
гајле за персоналот, работниците", се чинеа предизвикани од коментарите и
осудите на радио коментаторите, овој факт не може да ја оправда или избрише
нивната навредлива и непријатна содржина. Соодветно на тоа, овие изјави беа
исклучени од полето на заштита на правото на слобода на изразување
гарантирано со членот 20 од Уставот, бидејки тој не го штити правото на
навредување.
FUENTES BOBO против. ШПАНИЈА - ПРЕСУДА
II. ДОМАШНО ЗАКОНОДАВСТВО
33. Законот од 10 јануари 1980 година (4/80) за статусот на радиодифузијата и
телевизијата ги содржи следните релевантни одредби:
Глава II: Организација
Оддел 1: За јавниот субјект RTVE
"Член 5. 1. Функциите за кои е одговорна Државата како раководител со јавниот
радиодифузен сервис и телевизија се реализираат од страна на јавниот ентитет
RTVE.
2. За RTVE, како субјект на јавното право, со својство на правно лице, исклучиво
важи овој Статут и неговите дополнителни одредби. Во нејзините надворешно-
правни односи, во стекнувањето на наследство и во договорните односи, таа е
предмет, без исклучок, на приватното право.
Оддел 2: За органите на јавниот субјект RTVE
"Член 6. : Јавниот субјект RTVE е составен, заради вршење на неговите функции
на администрацијата и неговото високо управување, од следниве органи:
а) Управен одбор
(...)
FUENTES BOBO против. ШПАНИЈА - ПРЕСУДА
в) Генералниот директор”
Оддел 3: За Административниот совет
"Член 7.1. :Управниот одбор се состои од дванаесет членови, избрани за секој
парламент, половина од страна на Конгресот, а половина од страна на Сенатот, со
мнозинство од две третини од Претставничкиот дом, од редот на лица со
признати професионални заслуги. "
Оддел 5: За Генералниот директор на јавниот субјект
"Член 10.1. : Генералниот директор се назначува од страна на Владата по
советување со управниот одбор.
(...)
34. Релевантните одредби од Статутот на Работниците гласат:
член 54
"Работодавецот може да одлучи да го прекине договорот за вработување, со
отпуштање на работникот за сериозно непочитување на неговите обврски.
(...)
2. Ќе се сметаат како неизвршувања на договорените обврски:
(...)
FUENTES BOBO против. ШПАНИЈА - ПРЕСУДА
(...в) Вербални или физички повреди во однос на работодавачот или лица кои
работат во компанијата или членови на нивните семејства кои живеат со нив. "
член 55
"Формата и ефектот од дисциплинската мерка- разрешување.
(...)
5. Оправданото разрешување повлекува престанок на договорот, без право на
надомест на штета (...). "
35. Покрај тоа, две одредби од Уставот се земаат во предвид во овој случај:
член 14
" Сите Шпанци се еднакви пред законот. Не е дозволена никаква дискриминација
заснована на раѓање, раса, пол, религија, мислење или било кој друг услов или
лична или социјална околност. "
член 20
"1. Признати се и заштитени следните права на:
а) право на слободно изразување и изнесување на мисли, идеи и усни
размислувања, по писмен пат или преку било кое средство за репродукција;
FUENTES BOBO против. ШПАНИЈА - ПРЕСУДА
(...)
г) право на комуникација и слободно примање на вистинити информации
преку сите средства на дисеминација. (...).
2. Остварувањето на овие права може да биде ограничено со никаква
претходна цензура.
(...)
4. Овие слободи имаат свои граници во поглед на правата признати во овој
Наслов, во одредбите на важечките закони и особено во правото на честа, на
приватниот живот и на заштитата на младите и децата. "
ВРЗ ОСНОВА НА ЗАКОНОТ
I. НАВОДНА ПОВРЕДА НА ЧЛЕН 10 ОД КОНВЕНЦИЈАТА
36. Подносителот на барањето тврди дека со неговото разрешување од страна на
TVE поради изјавите дадени во текот на две радио емисии, беше повредено
неговото право на слобода на изразување како што е загарантирано со членот 10
од Конвенцијата, кој гласи:
"1. Секој човек има право на слобода на изразувањето. Ова право ги опфаќа
слободата на мислење и слободата на примање и пренесување информации или
идеи, без мешање на јавната власт и без оглед на границите. Овој член не ги
спречува Државите, на претпријатијата за радио, филм и телевизија, да им
наметнуваат режим на дозволи за работа.
2. Остварувањето на овие слободи кои содржат обврски и одговорности, може да
биде предмет на одредени формалности, услови, ограничувања и санкции,
FUENTES BOBO против. ШПАНИЈА - ПРЕСУДА
предвидени со закон, кои во едно демократско општество претставуваат мерки
неопходни за државната безбедност, територијалниот интегритет и јавната
безбедност, заштита на редот и спречување на нереди и злосторства, за заштита
на здравјето или моралот, угледот или правата на другите, за спречување на
ширење на доверливи информации или за зачувување на авторитетот и
непристрасноста на судството”
37. Владата утврди дека на Државата не може да и се припише било какво
мешање во слободата на изразување на жалителот. Всушност, TVE е приватна
компанија и државата не може да се се смета за одговорна за разрешување на
заинтересираното лице.
38. Во оваа смисла, Судот потсетува дека член 10 не се однесува само на
односите меѓу работникот и работодавачот, кога тие го почитуваат јавното право,
туку може да се применува и во случај кога нивните односи спаѓаат под
приватното право. (види, mutatis mutandis, пресуда Schmidt и Dahlström с. Шведска
od 6 Февруари 1976 година, Серија А бр 21, стр. 15, § 33). Покрај тоа, во некои
случаи, државата има позитивна обврска да го заштитува правото на слобода на
изразување од заканите кои произлегуваат и од приватни лица (види, mutatis
mutandis, пресуда Young, James , Webster, Велика Британија од 13 август 1981
година, Серија А бр 44, стр 22-23, § 55). Според тоа, Судот смета дека оспорената
мерка содржи мешање во вршењето на правото на слобода на изразување
заштитено со став 1 на член 10.
39. Покрај тоа, странките се согласуваат да се признае дека мешањето е
"предвидено со закон" и има легитимна цел, "заштитата на угледот или правата на
другите лица" Значи, исполнети се двата услови кои овозможуваат мешањето да
се смета за оправдано, согласно став 2 на член 10. Судот го донесе истиот
заклучок.
FUENTES BOBO против. ШПАНИЈА - ПРЕСУДА
Останува третиот услов, кој бара мешањето да биде "неопходно во едно
демократско општество".
А. Аргументи на страните
1. Жалителот
40. Жалителот тврди дека мерката за отпуштање од работа што беше донесена
против него, поради неговите изјави, кои се сметаат за навредливи, против
раководните лица на TVE не претставува мешање, во смисла на став 2 на членот
10. Тој, пред се, нагласи дека неговото појавување во радио емисиите прерасна
во широка јавна дебата во врска со лошото раководење со телевизијата. Токму
во својство на професионалец во овој медиум, тој одлучи одговорно да го
спроведе своето право на слобода на изразување. Интервјуто на радиото беше
дадено по објавувањето на статијата во весникот Diario 16. Во оваа смисла, тој
истакна дека изјавите дадени на радиото се дел од една целина и се дел од
глобалниот контекст кој не може да се раздвои. Жалителот инсистира на фактот
дека сите негови изјави се засновани на вистински факти. Што се однесува до
изјавите што се сметаат за навредливи, барателот смета дека тие во никој случај
не треба да се сметаат како напад врз нечија чест. Исто така, тој нагласи дека
забелешките биле претходно дадени од страна на радио- коментаторите и на тој
начин и од директорите на радиото. Со други зборови, тоа не беше тој кој ги
изговори првите зборови "пијавици" и "не им е гајле за", туку тоа беа радио-
новинарите. По оваа точка, тој констатира дека никаква тужба не беше поднесена
против нив. Зборовите кои се предмет на спорот, се дел од динамиката на една
радио програма која оди во живо и на еден разговор помеѓу професионалци.
Забелешките се карактеристика на говорниот јазик кој се разликува од писмениот
јазик. На крајот на краиштата, ниту по нивното суштинско значење, ниту по
нивната употреба што е направена во конкретниот случај, ниту, пак по тонот кој е
FUENTES BOBO против. ШПАНИЈА - ПРЕСУДА
употребен, зборовите во прашање, не можат да се сметаат како навреда, од
јазична гледна точка, па затоа тие немаат значење ниту од правен аспект.
41. Барателот, истакнува дека, згора на тоа, TVE е јавно претпријатие
контролирано од страна на различни партии кои владеат во Шпанија. Генералниот
директор, како и другите главни управители со компанијата се назначени од
страна на Владата, според нивните политички афинитети со владејачката
партија. Остварувајки политичката улога во управувањето со јавниот субјект TVE,
лидерите мора да прифатат дека нивните права ќе бидат засегнати од
информации или мислења од општ интерес, така да се бара политички
плурализам, толеранција и отвореност, без кои не може да постои едно
демократско општество. Барателот конечно тврди дека работниот однос не го
ограничува опсегот на правото на работникот на слободен говор, само затоа што
критиките се однесуваат на работодавачот.
2. Владата
42. Владата, на почетокот истакна дека жалителот бил разрешен од страна на
TVE, која не е дел од јавната администрација, туку е друштво со ограничена
одговорност, кое раководи со телевизиски канал кој е предмет на еден систем на
приватното право и е во конкуренција со други приватни телевизиски канали. Во
оваа смисла, како и за секој друг вработен, за жалителот важи Статутот на
работниците, особено член 54, кој предвидува разрешување во случај на усен
прекршок против работодавачот. Што се однесува до причината за разрешување,
Владата истакна дека жалителот не се ограничил само на јавно критикување на
својот работодавец, туку употребил груби изјави, нарекувајки ги неговите
работодавци "пијавици" и велејќи дека ним " не им е гајле за работниците. " Исто
така, како Врховниот суд така и Уставниот суд оценија дека изјавите на жалителот
имале јасно навредлива содржина и дека биле неоправдани. Со оглед на
FUENTES BOBO против. ШПАНИЈА - ПРЕСУДА
сериозноста на навредите, Владата смета дека изречената санкција е сразмерна
и неопходна во едно демократското општество. Всушност, подносителот на
барањето, во својство на директор на програми на високо професионално ниво
во рамките на TVE, бил целосно свесен за сериозноста на кажаното. Владата
инсистира на фактот дека сите национални судови на кои случајот им е познат, ги
квалификуваа изјавите како навреди кои се апсолутно недозволиви и дека
изречената санкција за отпуштање од работа е оправдана. Во овој поглед,
Владата потсетува дека според судската пракса, Државите уживаат широка
дискреција за да го проценат степенот на навредливите изрази. Во секој случај,
Владата смета дека Конвенцијата нема да го заштити правото на навредување
под маската на слободата на изразување.
Б Наодите на Судот
1. Општи принципи
43. Судот потсетува на основните принципи што произлегуваат од неговата
пракса во однос на член 10:
i Слободата на изразување претставува еден од основните темели на едно
демократско општество и еден од основните услови за негов напредок и
индивидуален развој. Врз основа на став 2, тоа важи не само за "информации"
или "идеи" кои се позитивно примени или се сметаат како ненавредливи или
индиферентни, туку и за оние кои навредуваат, шокираат, или вознемируваат.
Така, се бара плурализам, толеранција и отвореност без кои не постои
"демократско општество". Како што е наведено во член 10, оваа слобода е
предмет на исклучоци, кои сепак мораат строго да се толкуваат, а потребата за
какви било ограничувања мора да биде утврдена на уверлив начин (види, меѓу
другото, следни одлуки: Jersild c. Danemark, 23 septembre 1994, série A n° 298, p.
FUENTES BOBO против. ШПАНИЈА - ПРЕСУДА
23, § 31 ; Janowski c. Pologne du 21 janvier 1999, § 30 ; Nilsen et Johnsen c. Norvège
du 25 novembre 1999, § 43, во Збирката на Судот).
II. Придавката "неопходно" во смисла на член 10 § 2, подразбира постоење на
"неодложна општествена потреба". Државите договорнички уживаат одредени
можности за процена на постоењето на таквата потреба, но таа можност оди рака
под рака со европскиот надзор, заснован истовремено и на законот и на одлуките
кои се применети, дури и кога се донесени од страна на независен суд. Значи,
Судот е надлежен за донесување конечна одлука за тоа дали "ограничувањето" се
сложува со слободата на изразување како што е заштитена со член 10 ( пресуда
Janowski, цитирана погоре, § 30).
III. При вршењето на неговата контролна надлежност, Судот треба да го разгледа
мешањето во смисла на целиот случај, вклучувајќи ја и содржината на
забелешките упатени против жалителот и контекстот во кој тој ги направил. Во
рамки на неговата надлежност спаѓа тој посебно да утврди дали мешањето е
"пропорционално со легитимните цели" и дали причините изнесени од страна на
националните власти за да го оправдаат се "релевантни и доволни" (пресуда
Janowski, цитирана погоре, § 30, et arrêt Barfod c. Danemark du 22 février 1989, série A n°
149, p. 12, § 28). Притоа, Судот треба да биде убеден дека државните органи ги
примениле правилата, во согласност со принципите содржани во член 10 и тоа,
врз основа на прифатлива оценка на релевантни факти (пресуда Јersild цитирана
погоре, стр. 24, § 31).
2. Примената на горенаведените принципи во овој случај
44. Во однос на фактите на овој случај, Судот, од една страна, има задача да
утврди, во светлина на целиот случај, дали санкцијата изречена на жалителот
одговара на "неопходната општествена потреба "и е" пропорционална на
FUENTES BOBO против. ШПАНИЈА - ПРЕСУДА
легитимната цел "и, од друга страна, дали причините изнесени од страна на
националните власти за да ја оправдаат санкцијата се" релевантни и доволни ".
45. Во овој случај, Судот забележува дека жалителот бил отпуштен, поради тоа
што изнел против раководството на TVE, неговиот работодавец, забелешки кои се
сметаат за навредливи. Постапувајки по жалбата, Високиот суд на Мадрид одлучи
дека изјавите на тужителот се навредливи и дека отказот е во согласност со
членовите 54.2.c) и 55,5 од Статутот на работниците. Одлучувајки по жалбата
d’amparo поднесена од жалителот, за повреда на неговото право на слобода на
изразување заштитено со член 20 од Уставот, Уставниот суд ја одбил жалбата,
особено од причини што, барателот, во неговите изјави, не се ограничил само на
информации, со кои ги изнел фактите и ги образложил своите критики, туку упатил
осуди со јасно навредлива содржина и непотребни за поддршка на обвинувањата
упатени до раководството и одговорните лица на компанијата. За Уставниот суд,
таквите изјави се исклучени од заштита на правото на слобода на изразување,
гарантирано со членот 20 од Уставот. Уставот не го гарантира правото на
навреда.
Судот не гледа никаква причина да се посомнева во наодите на шпанските судови
со кои изјавите на жалителот, најверојатно, биле дадени со цел да им наштетат на
угледот на другите. Причините изнесени од страна на овие судови беа во
согласност со легитимната цел за заштита на угледот на лицата опфатени со
изјавите на жалителот. Во оваа смисла, Судот повторува дека член 10 од
Конвенцијата не ја гарантира слободата на изразување без ограничување, дури и
кога станува збор за известување во печатот за сериозни прашања од општ
интерес. Во овој случај, се работи само за тоа да се утврди дали изречената
санкција на жалителот е пропорционална со заштитената легитимна цел.
46. За да се произнесе по ова прашање, Судот ќе ги разгледа особено термините
FUENTES BOBO против. ШПАНИЈА - ПРЕСУДА
кои се употребени во извештаите, во контекстот во кој тие биле објавени и
случајот во целина вклучувајќи го и фактот дека се работи за усни изјави дадени
во текот на радио -емисии во живо, со што се отфрла можноста жалителот да ги
преформулира, да ги доврши или да ги отстрани пред да се објават ( пресуда
Нилсен и Johnsen цитирана погоре, став 48).
47. Како националните судови, и Судот смета дека фактот дека жалителот ги
презел и одобрил термините употребени од радио - коментаторите против
раководството на TVE, нарекувајќи ги "Пијавици" и обвинувајќи ги за " негрижа за
работниците" може да се смета како навреда и несомнено ја оправдуваат
санкцијата, во однос на член 10 од Конвенцијата.
48. Судот забележува дека, сепак, изјавите биле во рамки на конкретниот контекст
на еден работен спор помеѓу барателот и неговиот работодавец, по укинувањето
на емисијата, за која тој бил одговорен, во комбинација со широката јавна дебата
за прашањата од општ интерес кои се однесуваат на управување со јавната
телевизија. Забелешките биле дадени во рамки на јавни дебати а наводните
аномалии во управувањето со TVE- шпанската јавна радиодифузна служба,
предизвикаа голем интерес во јавноста. Во оваа смисла, Судот утврди дека,
жалителот го осудил дисфункционирањето на јавниот субјект и, како што истакна
Уставниот суд, неговите критики несомнено биле од јавен интерес (параграф 32
погоре). Секако, тој додал груби неучтиви изјави, квалификувани од страна на
националните судови, како навредливи. Сепак, изјавите биле претходно дадени
од страна на коментаторите на радио-емисиите, а жалителот само ги потврдил, и
во рамки на една брза и спонтана размена на коментари помеѓу барателот и
новинарите. Како што е наведено од страна на Уставниот суд, оспорените изјави
речиси биле предизвикани од коментарите направени од страна на коментаторите
на овие емисии (став 32 погоре). Исто така, и без оглед на непристојноста на
употребените изрази, од страна на Владата, не е јасно од предметот дали TVE,
FUENTES BOBO против. ШПАНИЈА - ПРЕСУДА
или лицата кои наводно биле предмет на навредливите коментари, повеле
законска постапка за клевета или навреда против жалителот, против радио
станицата или коментаторите на емисиите.
49. Во однос на сериозноста на санкцијата изречена на жалителот, Судот утврди
дека TVE му ја изрекла максималната казна предвидена со Статутот на
работниците, а тоа е престанок на договорот за работа без право на надоместок.
Неспорно е дека оваа санкција, особено имајки го во предвид стажот на
жалителот во компанијата и неговата возраст, е крајно тешка, и покрај тоа што
можеле да се изречат други дисциплински санкции кои се помалку тешки и кои се
посоодветни.
50. Имајки ги во предвид фактите на случајот, Судот смета дека, ако причините на
кои се повикува Државата се релевантни, тие не се доволни за да покажат дека
мешањето, со оглед на сериозноста на санкцијата, одговара на "неопходната
општествена потреба". Без оглед на дискреционото право на националните
власти, Судот смета дека не постои разумен однос на пропорционалност меѓу
изречената санкција на жалителот и легитимната цел што треба да се постигне.
Како резултат на тоа, постои повреда на членот 10 од Конвенцијата.
II. НАВОДНА ПОВРЕДА НА ЧЛЕН 14 ОД КОНВЕНЦИЈАТА
51. Жалителот потврди дека бил жртва на повреда на принципот на
недискриминација до степен до кој била поништена првата суспензија од работа,
но не и одлуката за разрешување. Тој се повикал на член 14 од Конвенцијата, кој
гласи:
"Уживањето на правата и слободите утврдени во (...) Конвенција треба да биде
обезбедено без никаква дискриминација заснована врз пол, раса, боја на кожата,
јазик, религија, политичко или кое и да е друго мислење, национално или
FUENTES BOBO против. ШПАНИЈА - ПРЕСУДА
социјално потекло, припадност на национално малцинство, материјална положба,
потекло по раѓање или кој и да е друг статус. "
52. Владата побара од Судот да изјави дека не постои повреда на оваа одредба.
53. Во поглед на нејзиниот заклучок во став 50 погоре, Судот смета дека е
непотребно ова прашање да се разгледува одделно во однос на оваа одредба.
III. ПРИМЕНА НА ЧЛЕНОТ 41 ОД КОНВЕНЦИЈАТА
54. Според член 41 од Конвенцијата,
" Ако Судот оцени дека постои повреда на Конвенцијата или на нејзините
протоколи, и ако внатрешното право на заинтересираната Висока страна
договорничка дозволува само делумно отстранување на последиците на таа
повреда, Судот доделува на оштетената страна, доколку е потребно, правичен
надомест. "
А. штета
55. Жалителот бара износ од 279 519 584 шпански пезети (ESP) за
надомест на разни директни и индиректни материјални и морални штети
предизвикани со неговото разрешување од TVE. Оваа сума се дели, како
што следува:
- 46 милиони ЕСП за материјална штета поради губење на приходи по
неговото разрешување;
FUENTES BOBO против. ШПАНИЈА - ПРЕСУДА
- 13.519.584 ЕСП за кредити кои тој морал да ги земе како резултат на
неговото разрешување;
- 30 милиони ЕСП за медицински трошоци направени поради неговата лоша
здравствена состојба, предизвикана како резултат на разрешувањето;
-140 милиони ЕСП за морална штета;
-30 милиони ЕСП за други професионални штети;
-20 милиони ЕСП за штетата која се однесува на неговиот семеен живот.
56. Владата ја нагласува непропорционалноста на износите кои ги бара
жалителот и отсуството на било каква причинска врска помеѓу наводните повреди
и штетата, што наводно ја претрпел. Таа верува дека обичното констатирање на
постоење повреда на членот 10 ќе биде доволен и правичен надомест.
57. Судот прво забележува дека, и пред поведувањето на дисциплинската
постапка, која резултирала со отпуштање на подносителот на барањето, тој веќе
бил во ситуација на професионална несигурност во рамки на TVE. Покрај тоа, тој
не обезбедил никакви индикации кои би укажале на тоа дека дека се обидел да
најде нова работа, иако неговите способности и искуство во аудиовизуелната
област се сигурен адут во негова корист. Конечно, тешко е да се одвојат во овој
случај, материјалната од нематеријалната штета, водејки сметка за угледот на
жалителот во неговата сфера на работење. Во овие околности, Судот,
одлучувајќи на правична основа како што се бара со член 41, му одобрува, за
целата направена штета, износ од 1.000.000 ESP.
Б. Трошоци и надоместоци
58. За трошоци и надоместоци во врска со неговото застапување, жалителот
FUENTES BOBO против. ШПАНИЈА - ПРЕСУДА
побарал 14.176.801 ESP, од кои 8 милиони за постапката пред органите на
Конвенцијата. Покрај тоа, жалителот побарал сума од 15.120.000 ESP за
трошоците и времето кое тој лично го посветил на подготовка на неговиот случај
пред различните судови.
59. Владата од своја страна смета дека сумата од 250.000 ESP би била разумна
во случај да се утврдеше постоење на повреда.
60. Судот му додели 750 000 ESP за трошоци и надоместоци, од кои судот треба
да одбие 6600 FRF кои барателот ги има добиено како правна помош пред Судот.
В. Затезна камата
61. Според информациите со кои располага Судот, законската каматна стапка
применлива во Шпанија на денот на усвојувањето на пресудата на овој суд
изнесувала 4.25% годишно.
ОД ОВИЕ ПРИЧИНИ, СУДОТ
1. Одлучи, со пет гласа за и два против, дека постои повреда на членот 10 од
Конвенцијата;
2. Одлучи едногласно дека, не е потребно да го разгледа случајот врз основа на
член 14 од Конвенцијата;
3. Одлучи, со пет гласа за и два против,
а) дека тужената Држава треба да му ги исплати на жалителот, во рок од три
FUENTES BOBO против. ШПАНИЈА - ПРЕСУДА
месеци од датумот на кој пресудата станала правосилна, во согласност со член 44
§ 2 од Конвенцијата, следните износи: 1.000.000 (еден милион) шпански пезети за
морална и материјална штета, и 750 000 (седумстотини и педесет илјади) шпански
пезети за трошоци и надоместоци помалку 6600 (шест илјади и шестотини)
Француски франци веќе добиени од страна на барателот како правна помош пред
Судот ;
б) дека овие износи ќе се зголемат со камата од 4,25% годишно, сметано по
истекот на споменатиот рок па сẻ до исплатата;
4. Го одби, со пет гласа против два, барањето за правичен надомест за
остатанатиот дел.
Изготвено на француски јазик, потоа објавено во писмена форма на 29 февруари година, со примена на член 77 § § 2 и 3 од деловникот.
Vinsent BERGER
Matti PELLONPÄÄ
Секретар
Претседател
Кон оваа пресуда е приложен, во согласност со член 45 § 2 од Конвенцијата и 74
§ 2 од деловникот, извештајот од издвоеното мислење на ММ. Caflisch и
Makarczyk.
V.B.
M.P
FUENTES BOBO против. ШПАНИЈА - ПРЕСУДА
ИЗДВОЕНО МИСЛЕЊЕ НА СУДИИТЕ
CAFLISCH И MAKARCZYK
Жалиме што не можевме да се согласиме со пресудата на Судот во овој случај,
од следниве причини:
Исто како и Судот (став 38 од пресудата), ние веруваме дека оспорената мерка
претставува мешање во остварувањето, од страна на жалителот, на неговата
слобода на изразување гарантирана со член 10, прв став, од Конвенцијата, дека
тоа мешање се припишува на Владата, дека тоа е предвидено во закон и има
легитимна цел - заштита на угледот на лицата опфатени со изјавите на
жалителот (член 10 § 2). Сепак, ние се оградуваме од одлуката на Судот, бидејки
тој верува дека може да заклучи дека ова мешање кое е непропорционално со
целта, не е "неопходно во едно демократско општество" (пресуда, ставови 48 до
50).
За да се произнесеме во однос на пропорционалноста на мешањето, потребно е
тоа да се гледа во целина. При тоа, треба да се води сметка за фактот дека
изјавите на жалителот со кои се пријавуваат недостатоци во работењето на
јавниот субјект, кој беше неговиот работодавач, се од општ интерес (пресуда,
став 48). Но, треба да се напомене дека овие изјави беа придружени со
навредливи епитети и се однесуваа на лица со кои авторот бил поврзан со
договорот за вработување.
На ова се додава , и токму тоа е она што се истакнува, дека екстремно високата
санкција изречена на подносителот на жалителот, не го погоди одеднаш и
непредвидено. Напротив, тоа се случи по серијата настани кои покажуваат дека
тоа не бил прв обид на жалителот. Всушност, на 31 март 1993 година, TVE,
неговиот работодавец, му изрече писмена опомена за непочитување на
работното време (пресуда, став 14). На 30 октомври истата година, жалителот се
појави како ко-автор на еден напис објавен подоцна во еден орган на шпанскиот
FUENTES BOBO против. ШПАНИЈА - ПРЕСУДА
печат во кој го критикуваше раководството на TVE. Тоа беше обвинето дека ги
претворило во "концентрационен логор" зградите и објектите на TVE и за
"практикување професионален тероризам, за кој не бил казнуван ." За
објавувањето на овој напис му е изречена нова санкција, која жалителот ја
поздрави со епиграм упатен до заменикот на директорот за планирање и
производство на TVE. Во исто време, жалителот достави, до центарот на TVE на
Sonosaguas, памфлет со кој го обвини неговиот работодавец. Оваа иницијатива
предизвика поведување на дисциплинска постапка проследена со суспензија од
работа и на платата. На 29 ноември 1993 година и 3 Јануари 1994 година,
конечно, жалителот учествувал во две радио емисии во текот на кои ги дал
изјавите кои довеле до негово разрешување.
За да се процени пропорционалноста на оваа крајна мерка, во смисла на Член 10
од Конвенцијата, потребно е да се земат во предвид опишаните настани во
целина. Ако последниот инцидент остана изолиран, би можело да се смета дека
разрешувањето е претерана реакција, значи спротивна на член 10, дури и ако
жалителот несомнено заслужувал казна. Но, во реалноста, овој инцидент е само
најновиот во серијата на дејствија кои би можеле да доведат до тоа да се верува
дека жалителот намерно не ги почитувал неговите работодавци, кои одговориле
со изрекување на посебно строги мерки. Жалителот морал да сфати дека
истрајувајки во провокацијата, се соочува со финалната санкција - отпуштање од
работа. Што се однесува до работодавецот, треба да се напомене дека тој
совршено ја избалансирал прогресијата на санкциите. Сепак, невозможно е да се
следи Судот, кога тој констатирал (пресуда, став 49), дека, со оглед на стажот и
возраста на барателот, " би можеле да се предвидат други санкции, полесни и
посоодветни ". Факт е дека работодавачот веќе го исцрпил целиот спектар на овој
вид мерки. Тој конечно одлучил, да ја искористи крајната мерка - отпуштање од
работа, така да не може да се критикува во однос на пропорционалноста, дотолку
повеќе, што довербата и лојалноста што треба да бидат предуслов за секој
работен однос – а кои не исклучуваат критики кои се објективни и одмерени, без
FUENTES BOBO против. ШПАНИЈА - ПРЕСУДА
да бидат зачинети со исмејувања и навреди - беа непоправливо разнишани со
постојаното провокативно однесување на жалителот.
Затоа, со оглед на сите релевантни околности, заклучивме дека не постои
повреда на член 10 од Конвенцијата.
© Rada Europy / Europejski Trybunał Praw Człowieka, źródło: HUDOC (hudoc.echr.coe.int), pozyskano 13.07.2026. · Źródło