39538/03

WyrokETPCz2009-06-25ECLI:CE:ECHR:2009:0625JUD003953803

Analiza orzeczenia

Sekcja wygenerowana przez AI na podstawie treści orzeczenia — nie stanowi cytatu.

Zagadnienie prawne
Czy przewlekłość postępowania administracyjnego i sądowego w sprawie o rentę inwalidzką naruszyła prawo do rozpoznania sprawy w rozsądnym terminie z art. 6 ust. 1 Konwencji?
Ratio decidendi
Trybunał uznał, że postępowanie w sprawie renty inwalidzkiej, które trwało łącznie ponad 8 lat i 10 miesięcy od momentu objęcia jurysdykcją Trybunału, było nadmiernie długie. Stwierdził, że sprawa nie była skomplikowana, a skarżący nie przyczynił się do opóźnień. Trybunał podkreślił, że wielokrotne uchylanie decyzji i przekazywanie sprawy do ponownego rozpoznania przez sądy krajowe, w tym dwuletni okres rozpatrywania rewizji przez Sąd Najwyższy, świadczy o poważnych niedociągnięciach w systemie prawnym. Dodatkowo, Trybunał przypomniał, że sprawy dotyczące świadczeń emerytalno-rentowych wymagają szczególnej staranności.
Stan faktyczny
Skarżący, Blage Ilievski, złożył wniosek o rentę inwalidzką w Republice Macedonii w 1995 roku. Jego wniosek został odrzucony przez Fundusz Ubezpieczeń Emerytalnych i Rentowych, a następnie przez Komisję drugiej instancji. Sprawa była wielokrotnie przekazywana do ponownego rozpoznania przez Sąd Najwyższy w latach 1996-2003. Ostatecznie, w 2004 roku, Fundusz ponownie odrzucił wniosek skarżącego, a Sąd Najwyższy podtrzymał tę decyzję.
Rozstrzygnięcie
Skarga w zakresie długości postępowania została uznana za dopuszczalną, a pozostała część skargi za niedopuszczalną. Stwierdzono naruszenie art. 6 ust. 1 Konwencji. Odrzucono żądanie skarżącego dotyczące słusznego zadośćuczynienia na podstawie art. 41 Konwencji.

Pełny tekst orzeczenia

CONSEIL   DE L’EUROPE   COUNCIL   OF EUROPE   COUR EUROPÉENNE DES DROITS DE L’HOMME   EUROPEAN COURT OF HUMAN RIGHTS   ПЕТТИ ОДДЕЛ   БЛАГЕ ИЛИЕВСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА   (жалба бр.39538/03)   ПРЕСУДА   СТРАЗБУР   Јуни 2009   Оваа пресуда ќе стане конечна согласно околностите утврдени во член 44   § 2од Конвенцијата. Истата може да биде предмет на редакциски измени   Напомена: Македонскиот превод на текстот на одлуката на Европскиот суд за човекови права е   исклучиво информативен и од него не произлегуваат никакви права и/или обврски. Единствено   официјалниот текст на одлуката на Европскиот суд за човекови права на англиски и/или француски   јазик, објавена од страна на Судот е автентичен и се смета за оригинал. Не е дозволено објавување   на овој превод на било каков начин без претходна дозвола од страна на Министерството за правда на   Република Македонија, освен во случај доколку се користи за информирање.   Во случајот Благе Илиевски против Република Македонија, Европскиот суд   за човекови права (Петти оддел), заседавајќи како совет во состав:   Peer Lorenzen, претседател,   Rait Maruste,   Karel Jungwiert   Renate Jaeger,   Isabelle BerroꢀLefèvre,   Мирјана Лазарова Трајковска,   Zdravka Kalaydjieva, судии,   и Claudia Westerdiek, секретар на одделот,   Расправајќи на затворена седница на 2 Јуни 2009 година,   Ја донесе следнава пресуда :   ПОСТАПКА   1. Предметот е инициран со жалба (бр.39538/03) против Република   Македонија поднесена до Судот согласно чл.34 од Конвенцијата за заштита   на човекови права и основни слободи (“Конвенцијата”) од страна на   македонскиот државјанин, Гꢀдин Благе Илиевски (“жалител”), на 3 декември   година.   2. Македонската Влада (“Владата”) беше застапувана од нејзиниот агент,   Г ꢀ ѓа Р. Лазареска – Геровска.   3. На 30 Мај 2007 година Судот одлучи да ја комуницира жалбата по однос   на должината на постапката. Постапувајќи согласно член 29 став 3 од   Конвенцијата, Судот одлучи во исто време да постапува како во однос на   допуштеноста така и во однос на основаноста на жалбата.   ФАКТИ   4. Жалителот е роден 1947 година и живее во Куманово.   5. На 29 Јуни 1995 година, поднел барање за инвалидска пензија.   6.На 30 Јануари 1996 година Фондот за пензиско и инвалидско осигурување   (“Фондот”) го отфрлил барањето на жалителот поради ненадлежност.   7. На 15 Февруари 1996 година, второстепената Комисија (“Комисијата”) ја   одбила жалбата на жалителот поднесена на 2 февруари 1996 година.   8. Во периодот од 30 Октомври 1996 до 5 Февруари 2003 година, Врховниот   Суд, одредувал повторно постапување во четири наврати. Последната   одлука била донесена по ревизија на жалителот, поднесена на 25 ноември   година.   9. На 23 Април 2003 година Комисијата, му наложила на Фондот да изврши   увид на лице место со цел да се утврди валидноста на вработувањето на   жалителот.   10. На 4 Декември 2003 година Фондот го одбил барањето на жалителот   бидејќи истиот немал валиден договор за вработување. На 30 Јануари 2004   година Комисијата ја потврдила оваа одлука. На 16 декември 2004 година   Врховниот суд ја отфрлил ревизијата жалителот, прифаќајќи ги наводите   дадени од страна на Фондот   ПРАВО   I.НАВОДНА ПОВРЕДА НА ЧЛЕН 6 СТАВ 1 ОД КОНВЕНЦИЈАТА   11, Жалителот се жалел дека должината на постапката не била во   согласност со барањето за “разумен рок” предвидено во член 6 став 1 од   Конвенцијата, кој гласи:   “ При определување на неговите граѓански права и обврски ……., секој има право   на ………….судење во разумен рок пред ………..трибунал……….”   А.   Допуштеност   12. Владата не изјави никаков приговор за допуштеноста на оваа жалба.   13. Судот забележува дека жалбата не е очигледно неоснована во смисла   на член 35 став 3 од Конвенцијата. Понатаму забележува дека жалбата не е   недопуштена по ниеден друг основ. Оттука, мора да се прогласи за   допуштена.   Б.   Основаност   1. Произнесувања на странките   14. Владата тврдеше дека периодот кој поминал пред да влезе во сила   Конвенцијата, во однос на Република Македонија, не треба да се земе во   предвид. Таа изјави дека се до 2002 година не бил склучен билатерален   договор за социјално осигурување меѓу Република Македонија и СР   Југославија.   15.   Понатаму, тие спореа дека жалителот значително придонел за   продолжувањето на постапката, поднесувајќи го барањето за инвалидска   пензија во Република Македонија, иако бил советуван истото да го поднесе   во СР Југославија.   16. Жалителот не изнесе никаков коментар.   2. Одлука на Судот   17. Судот забележува дека постапките започнале на 2 Февруари 1996   година, со жалба на жалителот против одлуката на Фондот од 30 Јануари   година ( види Думановски против Република Македонија бр.13898/02   став 35, од 8 Декември 2005 година ). Тие завршиле на 16 Декември 2004   година, кога Врховниот суд донел пресуда со која ја отфрлил ревизијата.   18. Периодот кој потпаѓа во надлежност на Судот, започнува на 10 Април   година, по стапувањето на сила на Конвенцијата, во однос на   Република Македонија (види Велова против Република Македонија,   бр.29029/03, став 28, 6 Ноември 2008 година). Меѓутоа при оценката за   разумноста на времето кое поминало просле тој датум, мора да се води   сметка за состојбата на постапките на 10 Април 1997 година (види Зибери   против Република Македонија, бр.27866/02, став 41, 5 Јули 2007 година).   19. Во врска со тоа, Судот забележува дека до тогаш постапките траеле   една година и два месеци. Оттогаш, постапките траеле повеќе од осум   години и десет месеци, од кои седум години, осум месеци и шест дена се   поради времената надлежност на судот како второстепен управен орган и   Врховниот суд.   20. Судот повторува дека разумноста на должината на постапката мора да   се оценува во согласност со околностите на случајот, со посебен акцент на   следниве критериуми: сложеноста на случајот, однесувањето на жалителот   и на соодветните власти и кој бил уделот на жалителот во спорот ( види   Димитриева против Република Македонија, бр. 16328/03, став 33, 6   Ноември 2008 година).   21. Судот смета дека не станува збор за сложен случај.   22. Понатаму, тој, не наоѓа никакви оддолжувања кои би можеле да му се   препишат на жалителот. Фактот што жалителот поднел барање за   инвалидска пензија во Република Македонија   и ги искористил   расположливите средства не може да се смета како придонес во должината   на постапките (види Ризова против Република Македонија, бр.41228/02,   став 50, 6 Јули 2006 година).   23. Судот смета дека должината и развлеченоста на постапките се должи   на многубројното преиспитување на случајот. За периодот кој бил во негова   надлежности ratione temporis, случајот бил преиспитан по четири наврати.   Според тоа, не може да се каже дека домашните власти не биле активни.   Меѓутоа повторувањето на таквите инструкции во текот на една постапка   открива сериозен недостаток во правниот систем (види Паризов против   Република Македонија, бр.14258/03, став, 58, 7 Февруари 2008 година).   Понатаму, на Врховниот суд му биле потребни две години, два месеци и   осум дена за да одлучи по ревизијата на жалителот (види точка 8 погоре).   Во овој случај, со оглед на надлежноста на Врховниот суд, времето кое   изминало не може да се смета за разумно (види mutatis mutandis,   Михајлоски против Република Македонија, бр.44221/02, став 38, 31 Мај   година). Освен тоа, Судот повторува дека за пензиските спорови   потребна е посебна активност (види Доцевски против Република   Македонија, бр.66907/01, став 35, 1 Март 2007 година).   24. По проучувањето на поднесените материјали, Судот смета дека во   конкретниов случај постапката траела премногу долго, и не го задоволила   критериумот за разумен рок предвиден во член 6 став 1 од Конвенцијата.   1. Според тоа, има повреди на оваа одредба.   II. ДРУГИ НАВОДНИ ПОВРЕДИ НА КОНВЕНЦИЈАТА   26. Укажувајќи на резултатот од постапката, жалителот исто така се жалел   дека властите погрешно го примениле материјалниот закон како и дека   погрешно ја утврдиле фактичката состојба.   27. Судот повторува дека не е негова задача да расправа за грешките во   фактичката ситуација или примената на правото, кои наводно ги направиле   домашните судови, освен ако со нив се прекршени правата и слободите   гарантирани со Конвенцијата. Во списите на предметот, нема индикации кои   укажуваат дека постапките кои се воделе се арбитрерни на било кој начин   (види Михајловски против Република Македонија, цитиран погоре, став   45)   28. Следи дека овој дел од жалбата е очигледно неоснован и мора да биде   отфрлен согласно член 35 ст.3 и 4 од Конвенцијата.   III. ПРИМЕНА НА ЧЛЕН 41 ОД КОНВЕНЦИЈАТА   29. Членот 41 од Конвенцијата предвидува:   “ Кога Судот ќе оцени дека постои повреда на Конвенцијата или на протоколите, и   доколку внатрешното право на засегнатата Висока договорна страна овозможува само   делумна репарација на штета, тогаш доколку е тоа неопходно, Судот ќе му додели   правична отштета на оштетениот.”   30. Жалителот не поднесол никакво барање за правична оштета во   согласност со правилото 60 од Деловникот на Судот. Во овие околности,   Судот нема да направи обештетување по член 41 од Конвенцијата ( види   Николов против Република Македонија, бр.41195/02, став 33, 20 Декември   година).   ОД ОВИЕ ПРИЧИНИ, СУДОТ ЕДНОГЛАСНО   1.Ја прогласи за допуштена жалбата што се однесува за должината на   постапката, додека остатокот од жалбата го прогласи за неприфатлив;   2.Утврди дека имало повреда на членот 6 став 1 од Конвенцијата;   3.Го отфрли барањето на жалителот за правична оштета по член 41 од   Конвенцијата.   Изготвено на англиски и доставено на писмено на 25 Јуни 2009 година,   согласно членот 77 ставови 2 и 3 од Деловникот на Судот.   Claudia Westerdiek   Секретар   Peer Lorenzen   President   5

© Rada Europy / Europejski Trybunał Praw Człowieka, źródło: HUDOC (hudoc.echr.coe.int), pozyskano 14.07.2026. · Źródło