41195/02

WyrokETPCz2007-12-20ECLI:CE:ECHR:2007:1220JUD004119502

Analiza orzeczenia

Sekcja wygenerowana przez AI na podstawie treści orzeczenia — nie stanowi cytatu.

Zagadnienie prawne
Czy zatrudnienie małżonki sędziego przez stronę pozwaną w trakcie postępowania cywilnego naruszyło prawo skarżącego do bezstronnego sądu zgodnie z art. 6 ust. 1 Konwencji?
Ratio decidendi
Trybunał zastosował obiektywny test bezstronności, uznając, że obawy skarżącego były obiektywnie uzasadnione. Stwierdził, że sędzia powinien był poinformować prezesa sądu o zatrudnieniu swojej żony przez stronę pozwaną, co mogłoby prowadzić do jego wyłączenia zgodnie z prawem krajowym. Dodatkowo, sąd apelacyjny nie odniósł się do zarzutu bezstronności, co mogło utwierdzić skarżącego w jego obawach. Fakt, że sędzia był wyłączany z innych podobnych spraw, w których pozwanym był ten sam podmiot, również potwierdził uzasadnienie obaw skarżącego.
Stan faktyczny
Skarżący, rolnik z Štip, ubezpieczył swoje krowy od ryzyka śmierci. Po śmierci jednej z krów, firma ubezpieczeniowa odmówiła wypłaty odszkodowania. Skarżący wniósł pozew do Sądu Podstawowego w Štip. Miesiąc po wszczęciu postępowania, żona sędziego prowadzącego sprawę została zatrudniona przez pozwaną firmę ubezpieczeniową na stanowisku asystenta dyrektora. Sąd pierwszej instancji dwukrotnie oddalił powództwo skarżącego, a sąd apelacyjny, choć raz uchylił wyrok, ostatecznie oddalił apelację skarżącego, nie odnosząc się do zarzutu braku bezstronności sędziego.
Rozstrzygnięcie
Trybunał jednogłośnie stwierdził naruszenie art. 6 ust. 1 Konwencji w związku z bezstronnością sędziego. Uznał, że nie ma potrzeby rozpatrywania pozostałych zarzutów na podstawie art. 6 i art. 1 Protokołu nr 1. Trybunał postanowił nie zasądzać zadośćuczynienia na podstawie art. 41 Konwencji.

Pełny tekst orzeczenia

НИКОЛОВ ЗЛАТКО ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА   ПРЕСУДА   CONSEIL   DE L’EUROPE   COUNCIL   OF EUROPE   COUR EUROPÉENNE DES DROITS DE L’HOMME   EUROPEAN COURT OF HUMAN RIGHTS   СОВЕТ НА ЕВРОПА   ЕВРОПСКИ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА   ПЕТТИ ОДДЕЛ   НИКОЛОВ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА   (Жалба бр. 41195/02)   ПРЕСУДА   СТРАЗБУР   Декември 2007   Оваа пресуда ќе стане конечна во согласност со условите предвидени во член 44 став 2 од   Конвенцијата. Истата може да биде предмет на редакциски измени.   Напомена: Македонскиот превод на текстот на одлуката на Европскиот суд за   човекови права е исклучиво информативен и од него не произлегуваат никакви права   и/или обврски. Единствено официјалниот текст на одлуката на Европскиот суд за   човекови права на англиски и/или француски јазик, објавена од страна на Судот е   автентичен и се смета за оригинал. Не е дозволено објавување на овој превод на било   каков начин без претходна дозвола од страна на Министерството за правда на   Република Македонија, освен во случај доколку се користи за информирање.   НИКОЛОВ ЗЛАТКО ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА   ПРЕСУДА   Во случајот Николов против Република Македонија,   Европскиот суд за човекови права (Петти оддел), заседавајќи во судски   совет во состав:   г-дин P. Lorenzen, претседател   г-ѓа S. Botoucharova,,   г-дин V. Butkevych,   г-ѓа M.Цаца Николовска,   г-дин R. Maruste,   г-дин J.Borrego Borrego,   г-ѓа R.Jaeger, судии   и г-ѓа C. Westerdiek, секретар на одделот   На седница на 9 Октомври 2006 и 27 ноември 2007,   Ја донесе следнава пресуда, усвоена на гореспоменатиот датум:   ПОСТАПКА   1. Постапката е иницирана со жалба (бр.41195/02) против Република   Македонија поднесена до Судот согласно член 34 од Конвенцијата за   заштита на човековите права и основни слободи („Конвенцијата„) од   страна на македонскиот државјанин, г-дин Златко Николов („жалителот„),   на 28 Мај 2001 година.   2. Жалителот, кому му беше дозволена правна помош, беше застапуван од   г-дин Т.Торов, адвокат од Штип. Владата на Република Македонија   („Владата„) беше застапувана од нејзиниот агент, г-ѓа Р.Лазареска   Геровска.   3. Жалителот се жалеше дека неговиот предмет не бил разгледан од   страна на непристрасен суд, бидејќи сопругата на судијата кој одлучувал   по предметот била вработена кај тужениот со значително висока плата,   НИКОЛОВ ЗЛАТКО ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА   ПРЕСУДА   веднаш по отпочнување на постапката, факт кој влијаел на неговата   непристрасност.   4. Со одлука од 9 Октомври 2006, Судот ја прогласи жалбата за   допуштена.   ФАКТИ   ОКОЛНОСТИ НА ПРЕДМЕТОТ   5. Жалителот е роден 1949 година и живее во Штип.   6. На 11 Ноември 1996 година жалителот, земјоделец кој одгледувал   крави, склучил полиса за осигурување („договорот„) со осигурителната   компанија („тужениот„) против ризик од смрт на кравите врз основа на кој   тужениот бил должен да плати оштета, без оглед на времето на смртта,   доколку била предизвикана од причините наведени во договорот, кои не   претставуваат болест. На 23 Ноември 1996 година една од кравите на   жалителот умрела. СО оглед на тоа што тужениот одбил да плати за   загубата, на 30 Јануари 1997 жалителот повел парница против тужениот   пред Основен суд Штип („првостепениот суд„).   7. На 1 Март 1997 сопругата на судијата била вработена кај тужениот како   асистент на директорот на подрачната канцеларија.   8. На 30 Јануари 1998 првостепениот суд го одбил тужбеното барање на   жалителот.   9. Жалителот се жалел, расправајќи, помеѓу другото, дека првостепениот   суд дал предност на доказите кои биле во корист на тужениот и дека   истиот одбил да изврши распит на сведоците, на околноста за   причината за смртта.   10. На 17 јуни 1998 Апелационен суд Штип ја укинал одлуката на   првостепениот суд, со напатствија за распит на ветеринарот кој ја   прегледал кравата со цел да се утврди причината за смртта.   11. На 28 Март 2000 првостепениот суд го одбил тужбеното барање на   жалителот, повторувајќи ги своите претходни наоди.   12. На 20 Јуни 2000 жалителот се жалел, расправајќи дека тој никогаш не   добил копија од основните одредби на договорот, и дека причината за   смртта не била целосно утврдена. Тој исто така приговарал на тоа дека   НИКОЛОВ ЗЛАТКО ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА   ПРЕСУДА   судијата бил пристрасен поради тоа што неговата жена започнала со   работа кај тужениот веднаш по започнувањето на постапката. Тој   побарал разрешување на судијата доколку Апелациониот суд ја укине   одлуката на понискиот суд и го врати предметот на повторно   одлучување.   13. На 27 Ноември 2000 Апелациониот суд ја одбил жалбата на жалителот,   утврдувајќи дека не постојат основи да се одвојат утврдените факти и   причините дадени од понискиот суд. Не дал коментари на наводите на   жалителот дека судијата бил пристрасен.   14. Одлуката му била доставена на жалителот на 24 април 2001.   РЕЛЕВАНТНО ДОМАШНО ПРАВО   15. Релевантните одредби од тогашниот Закон за парничната постапка   („Законот„) следат подолу:   Член 65   „Судија или судија- поротник не може да ја врши судиската должност:   1) ако самиот е странка, законски застапник или полномошник на странка,   2) ако постојано или привремено работи кај работодавач кој е странка во   постапката;   3) ако странката или законскиот застапник е роднина ...   4) ако е старател, посвоител, посвоеник ... на странката,   5) ако во истиот предмет учествувал во донесувањето на одлуката на   понискиот суд или на друг орган;   6) ако постојат други околности што ја доведуваат во сомневање неговата   непристрасност.   Член 66 став 2   „Ако судијата или судија- поротник смета дека постојат други околности што ја   доведуваат во сомневање неговата непристрасност, за тоа ќе го извести   претседателот на судот кој ќе одлучи за изземањето. „   Член 67 став 1, 2, 4   „Изземањето можат да бараат и странките. Странката е должна да поднесе   барање за изземање на судија, односно на судија- поротник штом ќе узнае дека   постои причина за изземање, а најдоцна до завршувањето на расправањето   НИКОЛОВ ЗЛАТКО ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА   ПРЕСУДА   пред првостепениот суд, а ако немало расправање, до донесувањето на   одлуката. Странката е должна во барањето да ги наведе околностите врз кои го   заснова своето барање за изземање.„   ПРАВО   1.НАВОДНА ПОВРЕДА НА ЧЛЕН 6 § 1 ОД КОНВЕНЦИЈАТА   16. Жалителот се жалеше согласно член 6 од Конвенцијата дека неговиот   предмет не бил разлгедан од страна на непристрасен суд со оглед на   фактот дека сопругата на судијата кој постапувал во предметот била   вработена кај тужениот веднаш по иницирањето на постапката. Член 6,   го предвидува следното:   „ Во определувањето на неговите граѓански права и обврски ... секој   има право на фер ... судење од страна на независен и непристрасен   трибунал основан си закон.„   А. Поднесоци на странките   17. Владата истакна дека вработувањето на сопругата на судијата од   страна на тужениот два месеци по отпочнувањето на постапката не   може да се смета како основа која ќе фрли сомнеж на неговата   непристрасност или пак неопходно укажува дека тој ќе биде пристрасен.   Владата забележа дека жалителот не доставил било каков доказ како   потврда на неговите наводи, тој не покажал на било какви заклучоци на   пристрасност кои би можеле да се донесат од однесувањето на   судијата; и навистина, судијата ги разгледал сите докази предложени од   страна на жалителот. Главниот факт дека судијата не доставил   известување до претседателот на судот за изземање од предметот   укажува на неговиот професионализам и самодоверба за неговата   сопствена непристрасност и способност да решава по предметот врз   основа на доказите и околностите на предметот. Жалителот имал   прилика да ја обжали првостепената одлука и непристрасноста на   судијата со поднесување на жалба до Апелациониот суд, кој, доколку   утврдел било какви нерегуларности, би ја укинал одлуката и би го   доставил предметот на повторно одлучување. Временскиот период за   вработување на сопругата на судијата и почетокот на постапката не   НИКОЛОВ ЗЛАТКО ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА   ПРЕСУДА   имплицира дека судијата бил лично зесегнат од исходот на конкретната   постапка.   18. Жалителот укажал дека сопругата на судијата работела како физички   работник во несолвентна компанија, пред да биде вработена како   асистент на директорот во подрачната канцеларија на тужениот и дека   ова вработување се случило во време на висока невработеност во   одговорната држава. Тој не се согласил дека вработувањето на   сопругата на судијата не влијаело на неговата непристрасност,   укажувајќи дека истото произвело значајна финасиска корист за истиот.   Тој укажал на многу процедурални грешки како доказ за пристрасноста   на судијата. Тој истакнал дека судијата требало да го извести   претседателот на судот за овој пресуден факт и истиот требало да   одлучи дали постојат основи за изземање. Тој понатаму истакнал дека   судијата на Апелациониот суд кој одлучувал по жалбата на жалителот   бил близок пријател на судијата и дека, од тие причини, не биле дадени   коментари на одлуката по жалбата во делот на пристрасноста на   судијата. Тој, на крај истакнал дека судијата бил изземен од сите други   предмети кои биле слични на неговиот, во кои тужениот бил странка во   постапката.   Б. Оценка на Судот   19. Согласно постојаната судска јуриспруденција, постоењето на   непристрасноста мора да биде определена согласно субјективен тест,   односно врз основа на лично убедување на конкретниот судија во   конкретниот предмет, и дека исто така се определува согласно   објективен тест, констатирајќи дали судијата понудил доволни гаранции   да го исклучат легитимниот сомнеж во оваа насока (види Kyprianou v.   Cyprus [GC], бр. 73797/01, § 118, EСЧП 2005; Steck-Risch and Others v.   Liechtenstein, бр. 63151/00, § 38, 19 Мај 2005; Puolitaival and Pirttiaho v.   Finland, бр. 54857/00, § 41, 23 Ноември 2004; Pétur Thor Sigurđsson v.   Iceland, бр. 39731/98, § 37, EСЧП 2003-IV; и Wettstein v. Switzerland, бр.   33958/96, § 42, EСЧП 2000-XII).   НИКОЛОВ ЗЛАТКО ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА   ПРЕСУДА   20. Судот нотира дека жалителот се жалел дека ова вработување на   сопругата на судијата од страна на тужениот веднаш по поднесувањето   на тужбата, објективно фрла сомнеж во врска со неговата   непристрасност.   21. Согласно објективниот тест, мора да биде определено, релативно   одвоено од однесувањето на судијата, дали постојат констатирани   факти кои можат да створат сомнеж во врска со непристрасноста на   судијата, бидејќи „правдата не мора само да се случи; туку мора да се   види дека се случува„ (види De Cubber v. Belgium, пресуда од   Октомври 1984, Series A бр. 86, стр. 14, § 26). Во оваа насока, дури и   мали изгледи можат да бидат од одредена важност. Тоа што е од   интерес е довербата која судовите во демократското општество мора да   ја инспирираат во јавноста (види Wettstein, цитирана погоре, § 44;   Castillo Algar v. Spain, пресуда од 28 Oктомври 1998, Извештаи 1998-VIII,   стр. 3116, § 45; Morris v. the United Kingdom, бр. 38784/97, § 58,   EСЧП 2002-I). Согласно на ова, било кој судија во однос на кој постои   легитимна причина за сомнеж за недостаток на пристрасност мора да се   повлече. Ова укажува дека, при одлучувањето дали во одреден предмет   постои таква легитимна причина, ставот на засегнатата странка е важен,   но не пресуден. Тоа што е пресудно е дали овој сомнеж може да биде   објективно оправдан (види Pétur Thór Sigurðsson, цитирана погоре, § 37;   Ferrantelli and Santangelo v. Italy, пресуда од 7 Август 1996, Извештаи за   пресуди и одлуки 1996-III, стр. 951, § 58).   22. Согласно информацијата обезбедена од странките, сопругата на   судијата кој постапувал во предметот била вработена кај тужениот еден   месец по поднесувањето на тужбата од страна на жалителот (види точка   и 7 погоре). Пред тоа вработување, таа работела како физички   работник во несолвентна компанија. Владата не го коментираше   аргументот на жалителот во врска со значајниот финансиски влез на   средства во домашниот буџет на судијата и консеквентно влијанието на   непристрасноста на судијата. Не одговорија ни на неговите наводи дека   судијата бил изземен од сите други предмети соодветно, од страна на   претседателот на судот, во кои тужениот бил странка.   НИКОЛОВ ЗЛАТКО ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА   ПРЕСУДА   23. Судот прифаќа дека вработувањето на сопругата на судијата кај   тужениот раѓа сомнеж кај жалителот во врска со непристрасноста на   судијата.   24. Како и да е, мора да се одлучи дали овие сомнежи биле објективно   оправдани.   25. Судот нотира, прво, дека судијата не го известил Претседателот на   судот за вработувањето на неговата сопруга кај тужениот, како што е   предвидено во член 66 § 2 од Законот за парнична постапка, кој пак,   треба да одлучи дали треба да биде изземен. Дури и во отсуство на   било каква финансиска врска помеѓу судијата и тужениот, фактот дека   неговата сопруга била вработена кај тужениот треабло да го алармира   за можноста за постоење на сомнеж и требало да достави известување   согласно член 66 § 2. Жалителот не можел да бара негова   дисквалификација од одлучување поради причините дадени во одлуката   за допуштеност од 9 октовмри 2002 година донесена во конкретниот   предмет. Второ, Апелациониот суд не одлучувал по наводите на   жалителот во врска со пристрасноста на судијата. Ова можеби поради   домашното право, барањето за изземање мора да се поднесе најдоцна   до завршувањето на првостепеното судење (види член 67 од Законот за   парнична постапка, во точка 15 погоре). Како и да е, кога жалителот го   покренал прашањето пред Апелациониот суд, тој му дал на истиот суд   можност да го прекине сомнежот во врска со неговите грижи за   недостатокот на непристрасност на страната на судијата. Неуспехот на   Апелациониот суд да коментира, можеби го потврдиле впечатокот на   жалителот. На крај, изземањето на судијата од други предмети во кои   тужениот бил странка го подржува заклучокот дека сомнежите на   жалителите биле објективно оправдани.   26. Судот смета дека, земајќи ги во предвид околностите на конкретниот   предмет, постои објективно оправдување за стравувањето на жалителот   дека судијата имал недостаток на бараната непристрасност во мера   потребна согласно член 6 од Конвенцијата.   27. Конкретно, постои повреда на член 6 § 1 од Конвенцијата.   НИКОЛОВ ЗЛАТКО ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА   ПРЕСУДА   II. ДРУГИ НАВОДНИ ПОВРЕДИ НА КОНВЕНЦИЈАТА   28. Жалителот понатаму се жалел согласно член 6 од Конвенцијата дека   судовите предметот произволно го одлучиле; дека тие направиле   грешки во фактичката состојба и погрешно го примениле материјалното   право; дека нивните одлуки не биле образложени; дека не му било   дозволено да го распита вештакот поставен од судот. Тој, исто така се   жалел согласно член 1 од Протокол 1 дека бил лишен од сопственоста.   29. Земајќи го во предвид наодот на Судот дека постои повреда на правото   на жалителот на сослушување од страна на непристрасен суд, Судот   смета дека не е потребно да ги разгледа останатите жалби согласно   член 6 и член 1 од Протокол 1 од Конвенцијата поврзана со оспорената   постапка (види Erçikdi and Others v. Turkey, бр. 52782/99, § 20, 11 Aприл   2006, и насоките цитирани таму).   III ПРИМЕНА НА ЧЛЕН 41 ОД КОНВЕНЦИЈАТА   30. Член 41 од Конвецијата пропишува:   “Кога Судот ќе оцени дека постои повреда на Конвецијата или на протоколите, и   доколку внатрешното право на засегнатата Висока договорна страна овозможува   само делумна репарација на штетата, тогаш доколку е тоа неопходно, Судот ќе му   додели правична отштета на оштетениот.“   31. Судот укажува дека согласно член 60 од Деловникот на Судот било кое   барање за правичен надомест мора да биде наведено и писмено   поднесено заедно со сите релевантни документи или ваучери, „во чиј   недостаток Советот може да ја одбие жалбата во целост или само дел„.   32. Во конретниот случај, Судот забележува дека во неговата првична   жалба доставена до Судот, жалителот го специфицирал неговото   барање за правичен надомест согласно член 41. Со допис од 13   октомври 2006, откако жалбата беше прогласена за допуштена, Судот   го покани жалителот да достави барање за правичен надомест до 18   декември 2006 година. Тој не достави било какво барање во одредениот   период.   33. Во овие околности, Судот не досудува никаков надомест согласно член   од Конвенцијата (види Smirnov v. Russia, бр. 71362/01, § 70, 7 Јуни   НИКОЛОВ ЗЛАТКО ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА   ПРЕСУДА     2007, EСЧП 2007 и Timofeyev v. Russia, бр. 58263/00, § 52, 23 Октомври   2003).   ОД ОВИЕ ПРИЧИНИ, СУДОТ ЕДНОГЛАСНО   1. Утврдува дека има повреда на членот 6 став 1 од Конвенцијата во   врска со непристрасноста на судијата;   2. Утврдува дека нема потреба да ја разгледува жалбата на жалителот   по однос на другите жалбени наводи согласно член 6 и член 1 од   Протокол 1 од Конвенцијата;   3. Одлучи да не досуди надомест согласно член 41 од Конвенцијата.   Изготвено на англиски и објавена на 20 декември 2007 година, согласно   член 77 став 2 и 3 од Деловникот на Судот.   Claudia WESTERDIEK   Peer LORENZEN   Секретар,   Претседател

© Rada Europy / Europejski Trybunał Praw Człowieka, źródło: HUDOC (hudoc.echr.coe.int), pozyskano 14.07.2026. · Źródło