44208/02

WyrokETPCz2006-10-19ECLI:CE:ECHR:2006:1019JUD004420802

Analiza orzeczenia

Sekcja wygenerowana przez AI na podstawie treści orzeczenia — nie stanowi cytatu.

Zagadnienie prawne
Czy przewlekłość postępowania cywilnego dotyczącego odsetek od oszczędności walutowych naruszyła prawo do rozpoznania sprawy w rozsądnym terminie z art. 6 ust. 1 Konwencji?
Ratio decidendi
Trybunał uznał, że postępowanie krajowe, trwające ponad 11 lat, a w okresie podlegającym jurysdykcji Trybunału ponad 5 lat, było nadmiernie długie. Stwierdził, że choć sprawa miała pewien stopień złożoności prawnej, nie usprawiedliwiało to tak długiego czasu trwania. Trybunał podkreślił, że za znaczące okresy bezczynności, w tym dwuletni i ośmiomiesięczny okres całkowitej nieaktywności sądu pierwszej instancji po uchyleniu wyroku, odpowiadały władze krajowe. Trybunał odrzucił argumenty rządu dotyczące przyczynienia się skarżącego do opóźnień, uznając, że korzystanie z dostępnych środków prawnych nie stanowi opóźnienia.
Stan faktyczny
Skarżący, Petar Arsov, złożył w latach 1978/1979 dwa depozyty walutowe w banku w Macedonii. Warunki depozytów, w tym oprocentowanie 10%, były określone na książeczce oszczędnościowej. Po 1986 roku banka zaczęła naliczać niższe oprocentowanie, co skłoniło skarżącego do wniesienia pozwu w 1991 roku o wypłatę różnicy w odsetkach. Sprawa dotyczyła interpretacji umowy depozytowej i stosowania zmiennych stóp procentowych.
Rozstrzygnięcie
Trybunał jednogłośnie: 1. Uznał skargę w części dotyczącej nadmiernej długości postępowania za dopuszczalną; 2. Stwierdził naruszenie art. 6 ust. 1 Konwencji; 3. Zasądził od pozwanego państwa na rzecz skarżącego kwotę 1 600 euro tytułem szkody niemajątkowej oraz 600 euro tytułem kosztów i wydatków, powiększone o odsetki ustawowe; 4. Oddalił pozostałą część żądania skarżącego dotyczącego słusznego zadośćuczynienia.

Pełny tekst orzeczenia

CONSEIL   DE L’EUROPE   COUNCIL   OF EUROPE   COUR EUROPÉENNE DES DROITS DE L’HOMME   EUROPEAN COURT OF HUMAN RIGHTS   ЕВРОПСКИ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА   ПЕТТИ ОДДЕЛ   АРСОВ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА   (жалба бр. 44208/02)   ПРЕСУДА   СТРАЗБУР   октомври 2006   Оваа пресуда ќе стане конечна во согласност со условите предвидени во член 44 став 2 од   Конвенцијата. Истата може да биде предмет на редакциски измени.   Напомена: Македонскиот превод на текстот на одлуката на Европскиот суд за човекови права е исклучиво   информативен и од него не произлегуваат никакви права и/или обврски. Единствено официјалниот текст на   одлуката на Европскиот суд за човекови права на англиски и/или француски јазик, објавена од страна на Судот   е автентичен и се смета за оригинал. Не е дозволено објавување на овој превод на било каков начин без   претходна дозвола од страна на Министерството за правда на Република Македонија, освен во случај доколку   се користи за информирање.   Во случајот Арсов против Република Македонија,   Европскиот суд за човекови права (Петти оддел), заседавајќи како судски   совет во состав:   г-дин P. LORENZEN, претседател,   г-дин K. JUNGWIERT,   г-дин V. BUTKEVYCH,   г-ѓа M.ЦАЦА - НИКОЛОВСКА,   г-дин J. BORREGO-BORREGO   г-дин R. JAEGER,   г-дин M. VILLIGER, судии   и г-ѓа C.WESTERDIEK, секретар на одделот,   Расправајќи на затворена седница на 25 септември 2006 година,   Ја донесе следнава пресуда:   ПОСТАПКА   1. Постапката е иницирана со жалба бр. 44208/02 против Република   Македонија поднесена до Судот согласно член 34 од Конвенцијата за   заштита на човековите права и основните слободи („Конвенцијата„) од   страна на македонскиот државјанин г-дин Петар Арсов („жалителот„), на 19   ноември 2002 година.   2.Жалителот беше застапуван од страна на г-дин Т. Торов, адвокат од Штип.   Македонската Влада („Владата„) беше застапувана од страна на нејзиниот   Агент, г-ѓа Радица Лазареска - Геровска.   3. На 12 Мај 2005 година, Судот ја прогласи жалбата за делумно   недопуштена и одлучи истаа во делот на жалбените наводи кои се   однесуваат на должината на постапката, да ја достави на одговор до   Владата на РМ. Согласно член 29 став 3 од Конвенцијата, Судот реши   истовремено да одлучува по допуштеноста и основаноста на жалбата.   ФАКТИ   4. Жалителот живее во Кочани, Република Македонија.   5. Во периодот од 1978/1979 жалителот во кочанската филијала на   ″Стопанска банка″ Скопје (″банката″) орочил на 25 месеци, два девизни   штедни влога. Условите на договорот биле назначени на корицата на   штедната книшка на банката. Постоел штембил на банката со кои биле   дефинирани три карактеристики за влогот: износот на влогот, времето на   кое срествата биле орочени и каматната стапка од 10 %. Со оглед на тоа   што странките не го прекинале договорот откога истиот истекол, се сметало   дека влогот е и понатаму орочен. До 1992 банката продолжила да му плаќа   камата на жалителот, но по поинаква каматна стапка.   6. На 18 јуни 1991 жалителот покренал тужба против банката со цел наплата   на разликата во каматните стапки. Тој тврдел дека банката му пресметувала   пониска каматна стапка од договорената.   7. На 30 октомври 1991 тогашниот Општински суд во Кочани го одбил   барањето на жалителот. Судот нашол дека до крајот на октомври 1982,   жалителот добивал 10% камата. Од октовмри 1982 до крајот на јуни 1986,   банката му плаќала на жалителот 11% камата, што била за 1% повисока од   стапката наведена на штембилот на штедната книшка на банката. Од 1 јули   година до крајот на 1990 година, банката му исплаќала на жалителот   камата пониска од 10%. Ова било во согласност со одлуката на банката, која   се темелела на договор помеѓу банките согласно кој од 1 јули 1986   домашната каматна стапка се применувала и на девизните штедни влогови.   Согласно на договорот помеѓу банките, банката му плаќала на жалителот   домашна камата пониска од 10%. Во отсуство на писмен договор кој би   одредил фиксна каматна стапка, како и со оглед на тоа дека жалителот ја   прифатил исплатата на камата од 11% во одреден период, судот заклучи   дека страните се согласиле на променлива каматна стапка.   8. На 30 декември 1991 жалителот ја обжалил оваа одлука.   9. На 20 ноември 1992 тогашниот Окружен суд во Штип ја уважил жалбата на   жалителот, ја укинал одлуката на понискиот суд и го вратил предметот на   повторно судење. Судот го упатил понискиот суд да утврди дали постоел   договор помеѓу страните, односно да испита дали штембилот на   банкарската штедна книшка можел да се смета за договор.   10. На 14 мај 1993 Општинскиот суд во Кочани ја уважил тужбата на   жалителот. Судот нашол дека условите на книшката, така како што биле   наведени на штембилот на банката, биле договорени помеѓу страните и како   такви биле важечки и понатаму.   11. На 11 јуни 1993 жалителот ја обжалил оваа одлука барајќи од судот да ја   пресмета каматата во странска, а не во домашна валута. На 15 јуни 1993   банката исто така поднела жалба.   12. На 9 јули 1993 Окружниот суд во Штип ги уважил жалбите и предметот го   вратил на повторно разгледување и одлучување. Судот утврдил дека   понискиот суд погрешно ја утврдил фактичката состојба во врска со времето   на кое бил орочен штедниот влог. Судот упатил на изготвување на вешт   наод и мислење со цел да се утврди дали каматата за спорниот период се   плаќала во странка валута.   13. На 24 март 1994 Општинскиот суд делумно ја уважил жалбата на   жалителот. Судот утврдил дека штембилот на банката треба да се смета   како договор помеѓу странките и и наложил на банката да ја исплати   разликата во каматите. Судот го одбил барањето оваа разлика да се   пресмета во странска валута.   14. На 27 април 1994 жалителот ја обжалил оваа одлука, барајќи пресметка   на каматата да се изврши во странска валута, а да се исплати или во   странска валута или во денарска противвредност според курсот на денот на   исплатата.   15. На 4 октомври 1994 Окружниот суд ја уважил жалбата на жалителот и ја   преиначил одлуката. Судот констатирал незаконско збогатување на банката.   Тој исто така утврдил дека разликата во каматата треба да биде исплатена   во странска валута.   16. По настапувањето на конечноста и извршноста на одлуката на   Окружниот суд, на 1 февруари 1995 жалителот побарал од судот   извршување на одлуката.   17. На 1 февруари 1995 Општинскиот суд во Кочани и наложил на   филијалата да ја изврши одлуката и да ги префрли парите на сметка на   застапникот на жалителот (″решение″).   18. На 13 февруари 1995 Општинскиот суд го одбил приговорот на банката и   наредил извршување на решението.   19. На 30 јуни 1995 Окружниот суд во Штип ја одбил жалбата на банката и го   потврдил решението. Парите му биле префрлени на жалителот.   20. Пред започнувањето на извршната постапка, на 4 јануари 1995   жалителот поднел барање за ревизија пред Врховниот суд, оспорувајќи ја   одлуката на Окружниот суд, со оглед на тоа што судот не ја задолжил   банката со камата на досудената сума. Банката исто така поднела ревизија   пред Врховниот суд.   21. На 26 февруари 1997 Врховниот суд ги уважил ревизиите на страните и   ја укинал пресудата на Окружниот суд од 4 октомври 1994. Судот утврдил   дека понискиот суд погрешно го применил домашното право. Исто така, тој   го упатил Окружниот суд да го земе во предвид фактот дека жалителот ја   прифатил исплатата на повисока камата (11%) за одреден период и дека се   жалел само тогаш кога банката му исплатила пониска камата. Судот утврдил   дека таквото однесување од страна на жалителот укажувало на тоа дека тој   се согласил на променлива каматна стапка.   22. На 17 ноември 1997 Апелациониот суд во Штип ја укинал одлуката на   судечкиот суд и предметот го вратил на повторно судење. Тој констатирал   дека понискиот суд погрешно ја утврдил фактичката состојба, особено во   врска со реакцијата на жалителот кога банката му исплаќала повисока   камата (11%) отколку наводно договорената.   23. На 10 декември 1997 банката побарала противизвршување на парите   кои му биле префрлени на жалителот.   24. На 10 февруари 1998 првостепениот суд го уважил барањето на банката   (″второ решение″). На 19 февруари 1998 жалителот се жалел против второто   решение. На 10 април 1998 Апелациониот суд ја уважил жалбата на   жалителот и го вратил предметот на повторно разгледување. На 17   септември 1999 првостепениот суд го одбил барањето на банката за   противизвршување како ненавремено.   25. Постапката по однос на основаноста на барањето продолжила кога на 12   јули 2000 банката побарала одложување. Следното рочиште било закажано   за 27 септември 2001. Рочиштето закажано за 24 октомври 2001 било   одложено поради отсуство на судија кој постапувал попредметот.   Расправата на 12 ноември 2001 била одложена по барање на жалителот.   26. На 23 ноември 2001 Основниот суд во Кочани го одбил тужбеното   барање на жалителот како неосновано. Судот нашол дека жалителот свесно   го прифатил каматата од 11 % (од октомври 1982 до јуни 1986) без да ја   оспорува истата. Судот исто така утврдил дека жалителот требало да биде   свесен за одлуката на банката за пониски каматни стапки за девизните   штедни влогови по јули 1986, со оглед на тоа што банката на своите   шалтери истакнала известување. Покрај тоа, судот заклучил дека помеѓу   странките посотел договор за променлива каматна стапка.   27. На 4 февруари 2002 жалителот ја обжалил оваа одлука.   28. На 29 мај 2002 Апелациониот суд во Штип ја одбил жалбата на   жалителот и ја потврдил одлуката на понискиот суд. Судот не нашол   причини за поинакво образложение од она на понискиот суд - имено, дека   страните се согласиле на договор со променлива каматна стапка во   согласност со внатрешните акти на банката.   29. Според жалителот, оваа одлука му била доставена на 28 јуни 2002.   ПРАВО   1. НАВОДНА ПОВРЕДА НА ЧЛЕНОТ 6 СТАВ 1 ОД КОНВЕНЦИЈАТА   30. Жалителот се жалел дека должината на постапката не била во   согласност со барањето за ″разумен рок″, предвидено во членот 6 став 1 од   Конвенцијата, кој гласи:   “Во определувањето на граѓанските права и обврски,..… секој има право на судење во   разумен рок од страна на …..трибунал…”   А. ДОПУШТЕНОСТ   31. Судот утврдил дека жалбата не е неоснована во смисла на членот 35   став 3 од Конвенцијата. Тој понатаму утврдил дека таа не е недопуштена по   ниеден друг основ. Оттука, мора да се прогласи за допуштена.   Б. ОСНОВАНОСТ   32. Судот утврдил дека граѓанската постапка започнала на 18 јуни 1991 кога   жалителот го поднел тужбеното барање пред тогашниот Општински суд   Кочани. Постапката завршила на 28 јуни 2002 кога на жалителот му била   доставена одлуката на Апелациониот суд.   33. Владата укажа дека периодот кој изминал пред влегувањето во сила на   Конвенцијата во однос на Република Македонија не треба да се земе во   предвид.   34. Судот утврдил дека периодот кој потпаѓа под негова надлежност не   започнал на 18 јуни 1991, туку на 10 април 1997, по влегувањето во сила на   Конвенцијата во однос на Република Македонија (види Atanasovic and others   v. Republic of Macedonia, бр. 13886/02, § 26, 22 декември 2005; Horvat v.   Croatia, бр. 51585/99, § 50, ECHR 2001-VIII).   35. При оценувањето на разумноста на периодот кој изминал по тој датум ,   мора да се води сметка за состојбата со постапката на 10 април 1997 (види   Styranowsky v. Poland, бр. 28616/95, § 46, ECHR 1998-VIII, Foti and others v.   Italy, пресуда од 10 декември 1982, серија А, бр. 56, стр. 18, § 53). Во оваа   смисла Судот утврдил дека во периодот на влегување во сила на   Конвенцијата во однос на Република Македонија постапката траела пет   години, девет месеци и дваесет и два дена во сите три судски инстанци.   36. Оттука, постапката траела единаесет години и десет дена од кои пет   години, два месеци и единаесет дена, период за кој предметот поминал две   судски инстанци треба да бидат испитани од страна на Судот.   37. Судот повторува дека разумноста на времетраењето на постапката мора   да се цени во светло на околностите на случајот и земајќи ги во предвид   следниве критериуми: сложеноста на случајот, однесувањето на жалителот   и релевантните органи и засегнатиот интерес на жалителот во спорот (види,   меѓу другото, Frylender v. France (GC), бр. 30979/96, § 43, ECHR 2000-VII;   Humen v. Poland (GC), бр. 26614/95, § 60, Comingseroll S.A. v. Portugal (GC)   бр. 35382/97, ECHR 2000-IV; Phillis v. Greece (бр.2), пресуда од 27 јуни 1997,   Извештаи од пресуди и одлуки 1997-IV, § 35).   38. Владата укажа на фактот дека случајот бил од сложена правна природа   со оглед на историскиот контекст во кој било поднесено барањето: распадот   на федеративниот банкарски систем на поранешната Југославија,   финансиската независност на државата и воведувањето на нова валута,   правниот вакум кој се создал по распадот на федерацијата. Владата укажа   дека обжалените постапки не треба да се сметаат како единствена постапка,   туку како сет од неколку постапки кои започнувале откога повисокиот суд ги   уважувал вложените правни лекови од страна на странките и го враќал   предметот на повторно разгледување. Владата посочи дека жалителот   придонел за должината на постапката со искористување на расопложливите   редовни и вонредни правни лекови, но дека пропуштил да достави барање   до националните судови за забрзување на постапката. Што се однесува до   однесувањето на националните органи, Владата го застапува ставот ека   судовите постапувале по предметот со должно внимание и дека   закажуваните расправи се одржувале без никакви прекини и одложувања.   Владата укажа на тоа дека во текот на четири години имало четири судски   одлуки по враќањето на предметот на повторно разгледување во ноември   година.   39. Жалителот ги оспори владините аргументи што се однесуваат на   сложеноста на случајот со став дека банкарскиот систем на поранешна   Југославија нема никакво влијание врз случајот. Тој не се согласи со   наводите дека придонел за било какви одложувања во постапката со   искористување на правните лекови кои му биле достапни согласно   домашното право. Тој исто така спори во однос на тоа дека државата не   посочила на ниту еден ефикасен домашен правен лек во врска со должината   на постапката. Што се однесува до однесувањето на органите, жалителот   укажа дека повисоките судови неразумно го вратиле предметот на повторно   разгледување наместо мериторно да одлучат по истиот. Исто така, тој не се   согласи со тврдењето дека органите биле активни во текот на целата   постапка, особено потенцирајќи го периодот од четири години пред судот да   ја донесе својата последна одлука. Тој укажа дека извршната постапка во   врска со барањето на банката за противизвршување немал влијание врз   постапка предмет на жалбата пред Европскиот суд за човекови права.   40. Судот потсетува дека е обврска на државните- договорнички да ги   организираат своите правни системи на таков начин така да нивните судови   му го гарантираат правото на секој во разумен рок да се стекне со конечна   одлука во спорови поврзани со граѓанските права и обврски (види Muti v.   Italy, пресуда од 23 март 1994, серија А, бр. 281-Ц, §15, Milosevic v. Republic   оf Macedonia, бр. 15056/02, § 25, 20 април 2006).   41. Судот утврди дека постапките треба да се сметаат како единствена   постапка, со оглед на тоа што судовите имале еден ист предмет на   одлучување. Понатаму, иако предметот имал одреден степен на правна   сложеност, ова само по себе не може да ја оправда должината на   постапката.   42. Што се однесува на однесувањето на жалителот, Судот утврди дека   ниеден период на одоговлекување не може да му се припише нему. Самиот   факт дека тој во целсот ги искористил правните лекови кои му стоеле на   располагање согласно домашното право, неможе да се смета како допринос   кон должината на постапката. (види, Гирарди в. Аустриа, бр. 50064/99, § 56,   декември 2003).   43. Од друга страна, судот утврди дека постојат суштествени застоји во   постапката кои се одговорност на националните органи. Судот утврдил дека   на првостепениот суд во Кочани му биле потребни четири години да одлучи   по барањето на жалителот по враќањето на предметот на повторно   одлучување од страна на Апелациониот суд (17 ноември 1997-23 ноември   2001). Во овој период, имало период на комплетна неактивност за време од   две години и осум месеци (од 17 ноември 1997 до 12 јули 2000). Постапката   била во застој дополнително една година и два месеци (помеѓу 12 јули 2000   и 27 септември 2001). Судот не утврди дека Владата дала доволно   објаснување за одложувањата кои се појавиле. Како што Судот постојано   укажува, под одредени околности би било разумно националните судови да   почекаат на исходот од паралелна постапка, како мерка за процедурална   ефикасност. Сепак, оваа одлука мора да биде разумна имајќи ги во предвид   посебните околности на случајот (види mutatis mutandis, König v. Germany ,   пресуда од 28 јуни 1978, серија А, бр.27, § 110, Boddaert v. Belgium, пресуда   од 12 октомври 1992, серија А, бр. 235-Д, § 39, Pafitis and others v. Greece,   пресуда од 26 февруари 1998, Извештаи 1998-I, § 97). Во конкретниот случај,   националните судови ниту ја прекинале постапката чекајќи го исходот од   извршната постапка, што се однесува до барањето на банката за   противизвршување, ниту пак тој исход бил од значење за обжалената   постапка. Протекот од четири години не може да се правда со причини на   процесуална ефикасност, со оглед на тоа што судот требало да постапува   со особена експедитивност земајќи ја во предвид должината на постапката   во таа фаза.   44. По испитувањето на целиот материјал кој бил доставен, Судот смета   дека во конкретниот случај должината на постапката била прекумерна и не   успеала да го задоволи барањето за судење во ″разумен рок″.   45.Согласно тоа, има повреда на членот 6 став 1.   II. ПРИМЕНА НА ЧЛЕНОТ 41 ОД КОНВЕНЦИЈАТА   46.Членот 41 од Конвенцијата предвидува:   ″Кога Судот ќе оцени дека постои повреда на Конвенцијата или на протоколите, и доколку   внатрешното право на засегнатата Висока договорна страна овозможува само делумен   надомест на штетата, тогаш доколку е тоа неопходно, Судот ќе му додели правична   отштета на оштетениот. ″   ШТЕТА   47. Жалителот барал 50.000 евра како нематеријална штета за   вознемиреност, емоционалното страдање и нарушување на здравјето што   настапиле како резултат на должината на постапката.   48. Владата го оспорила барањето со оглед на тоа што не постоела   причинско-последична врска помеѓу наводната повреда и побаруваниот   надомест на штета. Владата посочила на своите аргументи што се   однесувале на сериската природа на постапката и придонесот на жалителот   кон должината на постапката.   49. Судот смета дека жалителот морал да претрпи нематеријална штета.   Пресудувајќи на правична основа, Судот му додели 1.600 евра по овој основ,   износ во кој не се засметани било какви издатоци кои би можеле да бидат   наплатени.   50.Жалителот исто така побара 5.000 евра како надомест на трошоци.   51.Владата не се произнесе по ова барање.   52. Согласно праксата на Судот, жалителот има право на надомест само   доколку се покаже дека реално и неопходно биле направени и биле разумни   (види, помеѓу другото, Arvelakis v. Greece, бр. 41354/98, § 34, 12 април 2001;   Nikolova v. Bulgaria (GC), бр. 31195/96, § 79, ECHR 1999-II). Судот утврди   дека жалителот пропуштил да го поткрепи своето барање со било какви   докази. И покрај тоа, за Судот е доволно што жалителот направил одредени   трошоци во постапката пред Судот. Согласно тоа, одлучувајќи на правична   основа, Судот наоѓа за разумно да му додели на жалителот сума од 600   евра на овој основ, изно во кој не се засметани било какви издатоци кои би   можеле да бидат наплатени.   ЗАТЕЗНА КАМАТА   53. Судот смета за соодветно дека затезната камата треба да се исплати   според најниската каматна стапка за позајмени средства на Европската   Централна Банка, на која треба да се додадат 3 %.   ОД НАВЕДЕНИТЕ ПРИЧИНИ, СУДОТ ЕДНОГЛАСНО   1. Ја прогласи жалбата во делот за прекумерно траење на постапката за   допуштена;   2.Смета дека има повреда на член 6 став 1 од Конвецијата;   3.Смета дека:   а) тужената држава, во рок од 3 месеци од денот на конечноста на   пресудата, во согласност со член 44 став 2 од Конвенцијата, треба да му ги   исплати на апликантот следниве суми конвертирани во националната   валута, по курсот на денот на исплатата:   i) 1.600 (илјада и шестотини) евра, на основ на нематеријална штета;   ii) 600 (шестотини) евра на основ на трошоци   iii) било какви издатоци кои би можеле да бидат наплатени на горните суми;   б) по протекот на горе наведените три месеци сẻ до исплатата, ќе се   засметува камата на горенаведените износи, по стапка еднаква на   најниската стапка за позајмени средства на Европската централна банка, за   периодот до плаќањето плус 3 %.   4. Едногласно го отфрли остатокот од барањето на жалителот за правичен   надомест.   5. Изготвено на англиски, и објавено на 19 октомври 2006, согласно член 77   став 2 и 3 од Деловникот за работа на Судот.   Claudia WESTERDIEK   Pееr LORENZEN   Секретар,   Претседател,

© Rada Europy / Europejski Trybunał Praw Człowieka, źródło: HUDOC (hudoc.echr.coe.int), pozyskano 13.07.2026. · Źródło