45150/05

WyrokETPCz2010-06-10ECLI:CE:ECHR:2010:0610JUD004515005

Analiza orzeczenia

Sekcja wygenerowana przez AI na podstawie treści orzeczenia — nie stanowi cytatu.

Zagadnienie prawne
Czy sprzeczne orzeczenia sądów krajowych dotyczące właściwego pozwanego, uniemożliwiające skarżącemu uzyskanie merytorycznego rozstrzygnięcia w sprawie o odszkodowanie, naruszyły jego prawo dostępu do sądu z art. 6 ust. 1 Konwencji?
Ratio decidendi
Trybunał uznał, że prawo dostępu do sądu, gwarantowane przez art. 6 ust. 1 Konwencji, obejmuje nie tylko prawo do wszczęcia postępowania, ale także prawo do uzyskania rozstrzygnięcia sporu przez sąd. W niniejszej sprawie, sprzeczne stanowiska sądów krajowych – sądu pierwszej instancji wskazującego państwo jako właściwego pozwanego i sądu apelacyjnego wskazującego gminę – doprowadziły do sytuacji, w której skarżący został całkowicie pozbawiony możliwości uzyskania merytorycznego rozstrzygnięcia jego roszczenia o odszkodowanie. Taka sytuacja, wynikająca z wewnętrznej niespójności systemu prawnego w zakresie określenia odpowiedzialnego podmiotu, stanowiła naruszenie prawa skarżącego do skutecznego dostępu do sądu.
Stan faktyczny
Skarżący, Tomislav Spasovski, został poważnie ranny w wyniku eksplozji bomby w 2002 roku. Złożył dwa pozwy o odszkodowanie przeciwko gminie i państwu, które zostały połączone. Sąd pierwszej instancji (Osnoven sud Skopje) zasądził odszkodowanie od państwa, oddalając roszczenie wobec gminy. Sąd apelacyjny (Apelacionen sud Skopje) uchylił to orzeczenie w części dotyczącej państwa, uznając, że odpowiedzialność spoczywa na gminie, jednakże roszczenie wobec gminy nie było przedmiotem apelacji. W rezultacie, z powodu sprzecznych orzeczeń co do właściwego pozwanego, skarżący nie uzyskał merytorycznego rozstrzygnięcia w swojej sprawie o odszkodowanie.
Rozstrzygnięcie
Trybunał jednogłośnie: 1. Stwierdza dopuszczalność zarzutów dotyczących prawa dostępu do sądu, a pozostałe zarzuty uznaje za niedopuszczalne. 2. Stwierdza naruszenie art. 6 ust. 1 Konwencji. 3. Zasądza na rzecz Helsińskiego Komitetu Praw Człowieka Republiki Macedonii kwotę 1000 EUR tytułem kosztów i wydatków, powiększoną o wszelkie należne podatki, płatną w ciągu trzech miesięcy od uprawomocnienia się wyroku, wraz z odsetkami ustawowymi. 4. Oddala pozostałą część żądania słusznego zadośćuczynienia.

Pełny tekst orzeczenia

ПЕТТИ ОДДЕЛ   СПАСОВСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА   (Жалба бр. 45150/05)   ПРЕСУДА   СТРАЗБУР   јуни 2010   Оваа пресуда ќе стане конечна во согласност со условите предвидени во   член 44 став 2 од Конвенцијата. Истата може да биде предмет на   редакциски измени.   Напомена: Македонскиот превод на текстот на одлуката на Европскиот суд за   човекови права е исклучиво информативен и од него не произлегуваат никакви   права и/или обврски. Единствено официјалниот текст на одлуката на Европскиот   суд за човекови права на англиски и/или француски јазик, објавена од страна на   Судот е автентичен и се смета за оригинал.Не е дозволено објавување на овој   превод на било каков начин без претходна дозвола од страна на Министерството   за правда на Република Македонија, освен во случај доколку се користи за   информирање.   СПАСОВСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА   Во случајот на Спасовски против Република Македонија,   Европскиот суд за човекови права (Петти оддел) , заседавајќи   во совет составен од:   Peer Lorenzen, претседател,   Karel Jungwiert,   Rait Maruste,   Mark Villiger,   Isabelle Berro-Lefèvre,   Zdravka Kalaydjieva,   Мирјана Лазарова Трајковска, судии,   и Claudia Westerdiek, секретар на судот,   Одлучувајќи на нејавна седница на 11 мај 2010 година,   Ја донесе следната пресуда, усвоена на истиот датум:   ПОСТАПКА   1. Предметот е започнат со жалба (бр. 45150/05) против   Република Македонија поднесена до Судот врз основа на членот   од Конвенцијата за заштита на човековите права и основни   слободи (“Конвенцијата“) од страна на македонскиот државјанин,   г-дин Томислав Спасовски (“жалителот“), на 8 декември 2005   година.   2. Жалителот беше застапуван од страна на г-ѓа К.   Јандријеска Јованова, во име на “Хелсиншкиот комитет за   човекови права на Република Македонија“. Македонската Влада   (“Владата“) беше застапувана од страна на нејзиниот агент, г-ѓа   Радица Лазареска Геровска.   3. Жалителот се жалеше дека постапката била неправична а   особено дека, контрадикторните одлуки на домашните судови го   оневозможило неговото право на пристап до суд.   4. На 5 јануари 2009 година Претседателот на петтиот оддел   одлучи да ги достави на одговор претходно споменатите   жалбени наводи до Владата. Исто така одлучи, основаноста на   жалбата да се испитува едновремено со нејзината допуштеност   (член 29 став 3).   ФАКТИ   I. ОКОЛНОСТИ НА ПРЕДМЕТОТ   5. Жалителот е роден во 1964 година и живее во Скопје.   СПАСОВСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА   6. На 10 февруари 2002 година жалителот бил сериозно   повреден од експлозија од бомба поставена во куќа која се   наоѓала во општината Арачиново (“општината“). Инцидентот се   случил по вооружениот конфликт од 2001 година во Република   Македонија.   7. На 30 јануари и 1 јуни 2004 година последователно,   жалителот, застапуван од адвокат, поднел две засебни тужби   барајќи надомест на штета од општината и од државата. Овие   тужби дополнително биле споени во една.   8. На 8 ноември 2004 година, Основниот суд Скопје   (“првостепениот суд“) го усвоил барањето на жалителот во   поглед на државата и и наложил да му исплати 750.000 денари   (приближно 12.230 Евра) на име нематеријална штета, со   затезна камата. Судот се повикал на членот 166 од Законот за   облигационите односи (види параграф 13, подолу), и завземал   став дека тој бил важечки пропис во времето на инцидентот кој   сеуште бил на сила. Го одбил барањето во поглед на   општината, поради немање на пасивна легитимација. Нашол   дека членот 3 од измените на Законот за облигационите односи   (види параграф 14, подолу), според кој пред се на единиците на   локалната самоуправа , а не на државата паѓа обврска да   исплатува надомест за било каква штета причинета со акт на   насилство, бил укината со одлука на Уставниот суд од 17 јули   година. Судот ја огласил државата за одговорна да ја   надомести штетата, бидејќи жалителот бил жртва на јасен акт на   насилство и немало потреба од истрага од страна на државните   органи. Оваа одлука била доставена до жалителот на 15   декември 2004 година.   9. Државата ја обжалила одлуката спорејќи дека, одлуката на   Уставниот суд немала ретроактивно дејство па според тоа   државата немала пасивна легитимација. Жалбата била примена   од страна на првостепениот суд на 27 декември 2004 година и   доставена до жалителот на 13 јануари 2005 година. Жалителот   не доставил одговор на жалбата.   10. На 21 април 2005 година, Апелациониот суд Скопје ја   усвоил жалбата и ја укинал пониската судска одлука во делот кој   се однесувал на државата. Остатокот го потврдил, бидејќи не   бил поднесен жалбен навод во тој поглед. Судот ги потврдил   фактите утврдени од страна на првостепениот суд, но укажал   дека, материјалниот закон бил погрешно применет. Нашол дека   членот 3 од измените на Законот за облигационите односи веќе   бил стапен на сила во времето на случувањето на инцидентот и   бил применлив во предметот на жалителот, со оглед на   немањето на ретроактивен правен ефект од одлуката на   СПАСОВСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА   Уставниот суд. Оваа одлука му била доставена на жалителот на   јуни 2005 година.   11. На 23 август 2005 година, жалителот поднел предлог до   јавниот обвинител за барање за заштита на законитоста пред   Врховниот суд. Тој спорел дека, двата суда прифатиле за   неспорно дека тој претрпел значителни телесни повреди како   резултат на актот на насилство или терористички напад. Сепак,   не   му   била   досудена   на одлуките   никаква   на   одштета,   првостепениот   заради   контрадикторноста   и второстепениот суд, заради тоа што неможело да се утврди кој   бил потребниот тужен во неговата тужба.   12. На 27 октомври 2005 година, јавниот обвинител го   известил жалителот дека непостоеле основи за подигнување на   барање за заштита на законитоста против одлуката на   Апелациониот суд.   II. РЕЛЕВАНТНО ДОМАШНО ЗАКОНОДАВСТВО   1. Закон за облигационите односи   13. Членот 166 (1) од Законот за облигациони односи од март   година ја предвидува одговорност на државата за било   каква сторена штета, inter alia, од која е причинета телесна   повреда направена како резултат од акт на насилство или терор.   14. На 25 јануари 2002 година, Законот за облигационите   односи бил изменет. Врз основа на членот 3 од измените на   Законот за облигационите односи, терминот “државата“ бил   заменет со “единиците на локалната самоуправа во кои e   настаната штетата“.   2. Законот за парничната постапка од 1998 година   15. Врз основа на член 334 од Законот за парничната   постапка (“Законот“), кој бил на сила во тој период, странките   можат да изјават жалба против првостепената одлука во рок од   дена од денот на достава на оваа одлука.   16. Членот 340 став 2 (13) го предвидува следното како   суштествена повреда на одредбите на парничната постапка:   доколку нападнатата одлука содржи недостатоци кои неможат   да се испитаат, поточно, доколку е неразбирлива, противречна,   има недостатоци или нема предвидени причини за решителните   факти за основаноста на фактите доколку тие биле нејасни или   контрадикторни.   СПАСОВСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА   17.Врз основа на членот 351 од Законот, второстепениот суд   ја испитува првостепената одлука во оној дел кој се побива со   жалбата. Членот 351 став 2 предвидува дека, Апелациониот суд   ја испитува првостепената одлука во границите на причините   наведени во жалбата и притоа внимавајќи ex officio на   суштествените повреди на постапката и на правилната примена   на материјалното право.   3. Одлуката на Уставниот суд од 17 јули 2002 година   (У.бр.67/2002)   18. Уставниот суд го укинал членот 3 од измените на Законот   за облигационите односи, заради негова неуставност. Утврдил   дека, државата е одговорна да ги заштити граѓаните од акти на   насилство и согласно тоа, државата е потребно да ја надомести   штетата од овие акти.   ПРАВО   I. ЖАЛБЕНИ НАВОДИ ЗА ПОВРЕДА НА ЧЛЕНОТ 6 ОД   КОНВЕНЦИЈАТА   19. Жалителот се жалел дека, начинот на кој домашните   судови го одбиле неговото тужбено барање не бил во   согласност со членот 6 од Конвенцијата. Во врска со ова, тој   се повикал на членот 13 од Конвенцијата. Судот смета дека,   овие жалбени наводи е потребно да се испитаат како наводи   за “пристап до суд“ врз основа на членот 6 (види Akdeniz   против Турција, бр. 25165/94, параграф 88, од 31 мај 2005   година). Жалителот исто така се жалел дека, судиите биле   пристрасни и дека принципот на еднаквост на оружјата бил   повреден. Членот 6 став 1 од Конвенцијата, во релевантниот   дел, пропишува:   “Во определувањето на своите права и обврски,. секој има право   на.правично.судење.одстранана(а).суд.“   A.Жалбенинаводиза“пристапдосуд“   1. Допуштеност   СПАСОВСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА   a) Произнесувања на странките   20. Владата се произнесе дека, жалителот не ги искористил   сите домашни ефикасни правни лекови, иако тој бил застапуван   од адвокат. Поточно, тој ниту ја обжалил одлуката на   првостепениот суд од 8 ноември 2004 година, ниту пак доставил   одговор на жалбата поднесена од страна на државата (види   параграф 9, погоре). Доколку искористел еден од овие правни   лекови ќе го предизвикал Апелациониот суд да ја испита ex lege   можноста, општината да биде тужена страна и да ја одстрани   “неправдата“ која била сторена. Понатаму, жалителот барал   заштита на законитоста на одлуката на првостепениот суд, во   делот кој се однесувал на општината, кој бидејќи не бил   оспорен, станал правосилен на 30 декември 2004 година.   Следствено, барањето било поднесено надвор од законскиот   рок. Според Владата, иако неефикасно, ова правно средство   доколку било искористено, би го предизвикало Врховниот суд да   ја преиспита одлуката заради “очигледна недоследност на   правосилна пресуда“.   21. Жалителот се произнел дека, тој не ја обжалил одлуката   на првостепениот суд бидејќи истата била во негова значителна   корист. Сепак, и во отсуство на жалба, Апелациониот суд имал   надлежност, согласно членот 340 став 1 (13) и 351 став 2 од   Законот (види параграф 16 и 17, погоре), да ја укине   првостепената судска одлука во поглед на општината, врз   основа на неправилна примена на законот.   b) Оценка на Судот   22.Судот потсетува дека, правилото на искористување на   домашните правни лекови согласно членот 35 став 1 од   Конвенцијата ги обврзува жалителите првенствено да ги   искористат правните лекови кои им се редовно достапни и   доволни во домашниот правен систем да им овозможат на нив   да ги исправат наводните повреди. Членот 35 став 1 исто така   предвидува дека, жалбените наводи за кои се има намера да   бидат следствено поднесени пред Судот е потребно најнапред   да бидат изнесени пред соодветен домашен орган, во најмала   рака врз основа и согласно формалните барања утврдени во   домашното право, но не да се одбегнуваат правните лекови кои   се несоодветни и неефикасни (види, mutatis mutandis, Merger   and Cros против Франција (одл.), бр. 68864/01, од 11 март 2004   година; Aksoy против Турција, од 18 декември 1996 година,   параграфи 51-52, ECHR 1996-VI; и Akdivar and Others против   Турција, од 16 септември 1996 година, параграфи 65-67, ECHR   1996-IV).   СПАСОВСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА   23. Судот нагласува дека, примената на правилото на   исцрпување мора да биде соодветно испитано заради   утврдување на фактот дека, истото било применето во   контекстот на механизмот за заштита на човековите права, и   дека тоа правило мора да биде применето со одреден степен на   флексибилност и без прекумерен формализам. Судот понатаму   прифаќа дека, правилото за исцрпување ниту е апсолутно   право, ниту пак може да се применува автоматски; за целите на   оценка дали правилото било применето, суштински е да се   имаат во предвид околностите на секој поединечен случај. Тоа   значи дека, Судот мора да ја има предвид реалната сметка не   само за постоењето на формални правни лекови во правниот   систем на засегнатата држава договорничка, туку исто така и за   генералниот контекст во кој тие функционираат, како и за   личните околности на жалителот. Тој потоа мора да испита дали   во целокупните околности на случајот, жалителот направил се   што можело разумно да се очекува од него или неа, да ги   искористи домашните правни лекови (види Јашар против   Република Македонија (одл.), бр. 69908/01, од 19 јануари и 11   април 2006 година).   24. .Во конкретниов предмет, Судот забележува дека,   жалителот не ја обжалил првостепената одлука ниту поднел   одговор на жалбата од државата. Имајќи го предвид фактот дека   добил за него поволна одлука од првостепениот суд, тој имал   легитимно очекување да нема интерес за поднесување на   жалба за неповолниот дел од одлуката, имено, во поглед на   општината. Дотолкуповеќе како што е специфицирано во членот   од Законот за парничната постапка, жалителот имал право   да поднесе жалба во рок од 15 дена, што во овој случај   истекувало пред 13 јануари 2005 година, дата на која жалбата на   државата била доставена до него. Доколку поднел одговор на   жалбата на државата истиот би се однесувал на аргументите,   дали државата имала пасивна легитимација. Не била   презентирана соодветна домашна судска пракса кој би ги   поткрепила аргументите на државата дека, евентуалното   разгледување би предизвикало ex lege испитување на одлуката   која не била оспорена преку соодветна жалба, во делот на   пасивната легитимација на општината. На крајот, Судот веќе   има утврдено став дека, барањето за заштита на законитоста   согласно применливите правила од граѓанската постапка, не   може да се смета за ефикасно правно средство во смисла на   членот 35 став 1 од Конвенцијата (види Димитровска против   Република   Македонија   (одл.),   бр.   21466/03,   од   септември 2008 година). Судот не гледа дополнителни   СПАСОВСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА   причини да отстапи од овој свој став во конкретниот предмет.   Следствено, тврдењата на Владата дека жалителот пропуштил   да го искористи овој правен лек навремено, се неосновани.   25. Имајќи ги во предвид околностите на овој предмет, Судот   утврди дека, мора да се смета дека жалителот ги искористил   домашните правни лекови. Според тоа, приговорите на Владата   мора да бидат отфрлени.   26. Судот забележува дека, овој жалбен навод не е очигледно   неоснован во смисла на членот 35 став 3 од Конвенцијата.   Дополнително забележува дека, не е недопуштен по било кој   други основи. Заради тоа мора да биде огласен за допуштен.   2. Основаност   27. Жалителот ги повторил своите жалбени наводи по овој   основ   28. Владата ги оспори истите.   29. Судот потсетува дека, членот 6 од Конвенцијата го   обезбедува секому правото, секое барање кое се однесува на   неговите граѓански права и обврски, да биде изнесено пред суд   или трибунал; во овој правец, тоа претставува “право на суд“, од   кое што правото на пристап е еден од конститутивните аспекти   (види Golder против Велика Британија, пресуда од 21   февруари 1975 година, Серија A бр. 18, пара. 13-18, пара. 28-36,   и Osman против Велика Британија, пресуда од 28 октомври   година, Извештај за пресуди и одлуки од 1998-VIII, пара.   3166, пара. 136, и пара. 3169, пара. 147).   30. Во конкретниот предмет, бидејќи е јасно дека жалителот   не бил спречен да ја поднесе неговата тужба, меѓутоа дотолку   повеќе, правото на пристап до суд не вклучува само право на   поведување на постапка, туку исто така и право на одлучување   во спорот од страна на судот (види Петкоски и други против   Република Македонија, бр. 27736/03, пара. 40, од 8 јануари 2009   година).   31. Судот забележува дека, единствената причина на која се   потпреле домашните судови одбивајќи ја тужбата на жалителот   била дека, тој не го упатил неговото тужбено барање против   соодветниот тужен во постапката. Додека првостепениот суд   сметал дека тужен во постапката била државата, Апелациониот   суд пак сметал дека тоа е општината. Заради тоа, судовите во   два наврати расправале по предметот за потполно исти   процесни основи, без притоа да расправаат за суштината на   спорот (види, a contrario, Z and Others против Велика   Британија[GC], бр. 29392/95, пара. 94-101, ECHR 2001-V).   СПАСОВСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА   32. Од причините опишани во случајот на Kostadin Mihaylov   (види Kostadin Mihaylov против Бугарија, бр. 17868/07, пара. 42,   од 27 март 2008 година), кој исто така се применливи во овој   случај, Судот смета дека, како резултат на спротивставените   гледишта на домашните судови, жалителот целосно бил   попречен од утврдување на основот на неговото тужбено   барање од страна на суд.   33. Заради тоа, има повреда на членот 6 став 1 од   Конвенцијата.   B. Останати жалбени наводи   34. Жалителот исто така се жалеше дека, судиите биле   пристрасни и дека принципот на еднаквост на оружјата бил   повреден.   35. Судот ги испита овие наводи. Сепак, од аспект на сите   материјални докази доставени до него, како и согласно   жалбените наводи кои се во негова надлежност, Судот утврди   дека, тие не откриваат било каква појава на повреда на правата   и слободите утврдени во Конвенцијата и нејзините Протоколи.   36. Следи дека, овој дел од жалбата е очигледно неоснован и   мора да биде одбиен согласно членот 35 ставовите 3 и 4 од   Конвенцијата.   II. ПРИМЕНА НА ЧЛЕНОТ 41 ОД КОНВЕНЦИЈАТА   37. Членот 41 од Конвенцијата пропишува:   “Ако Судот нашол дека има повреда на Конвенцијата или Протоколите, и   ако внатрешното право на засегнатата Висока Договорна Страна   дозволува само делумна отштета, Судот, доколку е потребно, ќе   доделиправична отштета на оштетената страна“.   A. Штета   38. Жалителот бараше 500 Евра во поглед на материјална   штета за медицински трошоци кои биле направени заради   неговите повреди кои биле резултат на инцидентот од 2002   година. Тој исто така бараше 5.000 Евра во поглед на   нематеријална штета за болката и за стресот претрпени од тој   инцидент.   39. Владата ги оспори овие барања како неосновани и како   неповрзани со наводните повреди.   СПАСОВСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА   40. Судот смета дека, жалителот барал надомест за   материјална и нематеријална загуба која ја претрпел како   резултат од инцидентот од 2002 година и, дотолкуповеќе што тој   не истакнал било какво барање за штета како резултат на   утврдената повреда на Конвенцијата. Имајќи во предвид дека не   постои причинска врска помеѓу утврдената повреда и бараната   отштета, Судот го одби ова барање (види Дика против   Република Македонија, бр. 13270/02, пара. 65, од 31 мај 2007   година).   41. Сепак, Судот е со мислење дека, најсоодветен облик на   обесштетување, во случаите каде утврдува дека има повреда на   членот 6 став 1 од Конвенцијата, кога жалителот немал пристап   до суд, може, по правило е, да се повтори постапката и во тој   правец и да се преиспита предметот, при што би се имале во   предвид сите барања на правичното судење (види Kostadin   Mihaylov, пара. 59 и 60, цитиран погоре).   B. Трошоци   42. Жалителот исто така барал 2.620 Евра за трошоците   направени пред Судот. Ова барање вклучувало и трошоци за   часови на правна работа и трошоци за елетронска   кореспонденција и за копирање на материјали. Трошоците биле   засновани согласно тарифникот на Адвокатската комора на   Македонија. Не беа доставени изводи за плаќањето на   трошоците или други документи во прилог на трошоците за   електронската кореспонденција и за копирање.   43. Бидејќи жалителот немал платено за било кои трошоци   направени во постапката, неговиот застапник бараше овие   трошоци да бидат платени директно на Хелсиншкиот комитет за   човекови права на Република Македонија.   44. Владата го оспори ова барање како прекумерно и   неосновано.   45. Согласно судската пракса на Судот, жалителот има право   на надомест на неговите трошоци само доколку се докаже дека   тие биле навистина и неопходно направени и биле разумни во   нивниот обем. (види Editions Plon v. France, no. 58148/00, § 64,   ECHR 2004-IV). Во конкретниот случај, спред информациите кои   беа доставени до Судот и според погоре споменатите   критериуми, Судот утврди дека, бараниот износ од страна на   жалителот во поглед на трошоците направени во постапката   пред Судот се прекумерни и делумно неосновани, и заради тоа   му доделува износ од 1.000 Евра, зголемен за било какви   давачки кои би можело да се засметаат. Овој износ е потребно     СПАСОВСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА   да биде исплатен на жиро сметката на “Хелсиншкиот комитет за   човекови права на Република Македонија“.   C. Затезна камата   46. Судот смета за соодветно дека затезната камата треба да   се прсметува според најниската каматна стапка за позајмени   средства на Европската централна банка, на која треба да се   додадат 3 процентни поени.   ОД ОВИЕ ПРИЧИНИ, СУДОТ ЕДНОГЛАСНО   1. Ги прогласува за допуштени жалбените наводи кои се   однесуваат на правото на пристап до судот на жалителот,   додека останатите жаблени наводи за недопуштени;   2. Holds that there has been a violation of Article 6 § 1 of the   Convention;   Смета дека имало повреда на членот 6 став 1 од   Конвенцијата;   3. Смета дека:   (а) Тужената држава треба да му исплати на “Хелсиншкиот   комитет за човекови права на Република Македонија“,во рок   од 3 месеци од правосилноста на пресудата согласно член 44   став 2 од Конвенцијата, 1.000 Евра (илјада евра), зголемени   за било какви давачки кои би можело да се засметаат, на име   трошоци, конвертирани во национална валута, по стапка на   денот на исплатата;   (b) Дека по протекот на горе наведените три месеци се до   исплатата, ќе се засметува камата на горенаведениот износ,   по стапка еднаква на најниската стапка за позајмени средства   на Европската централна банка, за периодот до плаќањето   плус 3 процентни поени.   4. Го отфрла преостанатиот дел од барањето на жалителот   за правична отштета.   Изготвено на англиски и доставено на писмено на 10 јуни   година, согласно членот 77 ставовите 2 и 3 од Деловникот   на Судот.   Claudia Westerdiek   Секретар   Peer Lorenzen   Претседател

© Rada Europy / Europejski Trybunał Praw Człowieka, źródło: HUDOC (hudoc.echr.coe.int), pozyskano 13.07.2026. · Źródło