45658/99

WyrokETPCz2005-02-24ECLI:CE:ECHR:2005:0224JUD004565899

Analiza orzeczenia

Sekcja wygenerowana przez AI na podstawie treści orzeczenia — nie stanowi cytatu.

Zagadnienie prawne
Czy decyzja Sądu Najwyższego, która zakwestionowała prawo skarżącego do zakupu mieszkania po obniżonej cenie, stanowiła nieuzasadnioną ingerencję w jego prawo do poszanowania mienia, naruszając art. 1 Protokołu nr 1 do Konwencji?
Ratio decidendi
Trybunał uznał, że skarżący miał "uzasadnione oczekiwanie" (legitimate expectation) na zakup mieszkania po obniżonej cenie, biorąc pod uwagę jego wcześniejsze wpłaty na fundusz mieszkaniowy wojska oraz korzystne dla niego orzeczenia sądów niższych instancji. Pomimo że Sąd Najwyższy uznał, iż Republika Macedonii nie jest prawnym następcą byłej armii jugosłowiańskiej i nie ma obowiązku pokrywania różnicy w cenie, Trybunał stwierdził, że decyzja ta, bez wyjaśnienia, nie uwzględniała istniejącej wcześniej pozycji prawnej i praktyki. W konsekwencji, anulowanie preferencyjnych warunków zakupu stanowiło nieuzasadnioną ingerencję w prawo skarżącego do spokojnego korzystania z mienia.
Stan faktyczny
Skarżący, Dimitar Veselinski, były wojskowy Jugosłowiańskiej Armii Ludowej, wpłacał miesięczne składki na budowę mieszkań wojskowych. W 1982 roku zamienił mieszkanie wojskowe na większe mieszkanie będące własnością Rady Wykonawczej Socjalistycznej Republiki Macedonii. W 1995 roku, po korzystnych dla niego orzeczeniach sądów niższych instancji, zakupił to mieszkanie od rządu po obniżonej cenie, zgodnie z obowiązującym wówczas prawem. Jednak w 1997 roku Sąd Najwyższy uchylił te orzeczenia, stwierdzając, że skarżący nie miał prawa do zakupu po obniżonej cenie, ponieważ Republika Macedonii nie była prawnym następcą byłej armii jugosłowiańskiej.
Rozstrzygnięcie
1. Stwierdza, że doszło do naruszenia artykułu 1 Protokołu nr 1; 2. Stwierdza, że nie jest konieczne rozpatrywanie, czy doszło do naruszenia artykułu 14 Konwencji w związku z artykułem 1 Protokołu nr 1; 3. Stwierdza, że samo stwierdzenie naruszenia stanowi wystarczające słuszne zadośćuczynienie za wszelkie szkody poniesione przez skarżącego; 4. Oddala pozostałą część żądania skarżącego dotyczącego słusznego zadośćuczynienia.

Pełny tekst orzeczenia

ВЕСЕЛИНСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПРЕСУДА   CONSEIL   DE L’EUROPE   COUNCIL   OF EUROPE   COUR EUROPÉENNE DES DROITS DE L’HOMME   EUROPEAN COURT OF HUMAN RIGHTS   ТРЕТ ОДДЕЛ   ВЕСЕЛИНСКИ против РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА   (Жалба бр. 45658/99)   ПРЕСУДА   СТРАЗБУР   февруари 2005   КОНЕЧНА   24/05/2005   Оваа пресуда ќе стане конечна во согласност со условите предвидени во член   став 2 од Конвенцијата. Истата може да биде предмет на редакциски   измени.   Напомена: Македонскиот превод на текстот на одлуката на Европскиот суд   за човекови права е исклучиво информативен и од него не произлегуваат   никакви права и/или обврски. Единствено официјалниот текст на одлуката на   Европскиот суд за човекови права на англиски и/или француски јазик, објавена   од страна на Судот е автентичен и се смета за оригинал. Не е дозволено   објавување на овој превод на било каков начин без претходна дозвола од   страна на Министерството за правда на Република Македонија, освен во   случај доколку се користи за информирање.   ВЕСЕЛИНСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПРЕСУДА   Во случајот Веселински против Република Македонија,   Европскиот суд за човекови права (Трет Оддел), заседавајќи во   совет составен од:   г-дин B.M. ZUPANČIČ, Претседател,   г-дин J. HEDIGAN,   г-дин L. CAFLISCH,   г-ѓа M. ЦАЦА НИКОЛОВСКА,   г-дин V. ZAGREBELSKY,   г-ѓа A. GYULUMYAN,   г-дин DAVID THÓR BJÖRGVINSSON, судии,   и г-дин V. BERGER, Секретар,   Расправајќи на затворена седница на 1 февруари 2005   год,   Ја донесе следнава Пресуда, усвоена на истиот датум:   ПОСТАПКА   1. Постапката е иницирана со жалба (бр. 45658/99) против   Република Македонија поднесена до Европската комисија за   човекови права (“Комисијата”) според поранешниот член 25 од   Конвенцијата за заштита на човековите права и основни   слободи (“Конвенцијата”) од страна на македонски државјанин, г-   дин Димитар Веселински (“жалителот”), на 29 јуни 1998 година.   2. Жалителот бил застапуван од г-дин Горан Драгоман, адвокат   од Скопје. Владата на Република Македонија (“Владата”) била   застапувана од Владиниот агент, г-ѓа Р. Лазареска-Геровска.   3. Жалителот тврдел дека има повреда на неговoто право на   сопственост според член 1 од Протокол 1 од Конвенцијата   поради тоа што одлуките на Министерството за одбрана и на   Врховниот суд го попречиле неговото право, како поранешно   воено лице, да купи стан по пониска цена. Понатаму, тој тврдел   дека бил дискриминиран во споредба со други воени лица кои ги   купиле становите по пониска цена.   4.   Жалбата била доставена до Судот на 1 ноември 1998   година, кога стапил во сила Протокол 11 кон Конвенцијата (член   став 2 од Протокол 11).   5. Жалбата била доделена на Вториот оддел на Судот (член 52   став 1 од Деловникот на Судот). Во рамките на тој Оддел, бил   ВЕСЕЛИНСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПРЕСУДА   формиран Советот што ќе го разгледува предметот (член 27   став 1 од Конвенцијата) според член 26 став 1 од Деловникот.   6. По консултациите со страните, претседателот на Советот   одлучил дека во интерес на правилното спроведување на   правдата, постапката во овој случај треба да се води   истовремено со постапката во случајот на Џидровски против   Република Македонија (жалба бр. 46447/99) (член 42 став 2).   7. Со одлука од 11 октомври 2001 година Судот ја прогласи   жалбата за делумно допуштена.   8.   Жалителот   и Владата доставиле обсервации за   мериторноста (член 59 став 1) и доставиле одговор на   обсервациите на спротивната страна. Советот одлучил, по   консултација со страните, дека не е побарана јавна расправа за   мериторноста (член 59 став 3 на крај).   9. На 1 ноември 2004 година Судот го изменил составот на   своите оддели (член 25 став 1). Случајот бил доделен на   новоформираниот Трет оддел (член 52 став 1).   ФАКТИ   І. ФАКТИЧКА СОСТОЈБА   10. Жалителот е роден во 1924 година и живее во Скопје.   Работел како воено лице во Југословенската Народна Армија се   до своето пензионирање во 1985 година.   А. ИСТОРИЈАТ   11. Во поранешна Југославија, граѓаните плаќале данок за   домување. Врз основа на акумулираните средства, Државата   градела станови во “општествена сопственост” кои потоа биле   изнајмувани на поединци по законски фиксни стапки.   12. Југословенската Народна Армија била единствената армија   на територијата на поранешна Југославија која била регулирана   со закони што се применувале на целата територија на   поранешна Југославија. Жалителот, како воен офицер во   Југословенската Народна Армија, плаќал месечни придонеси од   својата плата на Југословенската армија за изградба на воени   ВЕСЕЛИНСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПРЕСУДА   станови. Сите воени лица имале право да живеат во воените   станови како закупци.   13. Жалителот, како воено лице, до 1982 година живеел како   закупец во стан во сопственост на поранешната Југословенска   армија во Скопје. Штом почнал со работа во Секретаријат за   одбрана на Социјалистичка Република Македонија, побарал да   добие поголем стан. На 3 јуни 1982 година Извршниот совет на   Социјалистичка Република Македонија донел одлука со која на   жалителот му изнајмил поголем стан во општествена   сопственост. Жалителот го отстапил претходно изнајмениот   стан, кој останал во сопственост на поранешната Југословенска   војска. Во 1985 година жалителот се пензионирал и продолжил   да живее во новиот стан.   14.   На 29 декември 1990 година Сојузното собрание на   Социјалистичка Федеративна Република Југословија донело   Закон за домување на воените лица (Закон за станбено   обезбедување во ЈНА) (“З.С.О.Ј.Н.А.”), според кој воените лица,   и активни и пензионирани, може да ги купат становите во кои   живеат, по намалена цена за износот на платените придонеси за   изградба на воени станови и за развој на градежно земјиште.   Член 26 од тој Закон предвидува истите купопродажни услови да   се однесуваат и на становите кои не и припаѓаат на војската,   како што било случај и со жалителот. Според прописите   донесени од Сојузното министерство на Југославија, разликата   во цената требало да биде исплатена од сојузната армија (види   ставови 39-42 подолу).   15. По распаѓањето на Југославија и референдумот одржан на 8   септември 1991 година, Република Македонија прогласила   независност. На 17 ноември 1991 година е донесен Уставот   (Устав на РМ) и Законот за спроведување на Уставот (Уставен   Закон за спроведување на Уставот). Според Уставот, законите   од поранешна Југославија остануваат во сила, освен законите   со кои се уредува организацијата и надлежноста на сојузните   органи на поранешна Југославија. На 21 февруари 1992 година   Претседателот на Република Македонија и Генералот на   Југословенската армија склучија договор за повлекување на   Југословенската Народна Армија од територијата на Република   Македонија.   16.   На 28 февруари 1992 година Владата на Република   Македонија склучи Спогодба за побарувањата и обврските во   ВЕСЕЛИНСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПРЕСУДА   врска со недвижниот имот (Спогодба за правата и обврските во   врска со примопредавањето на недвижностите на територија на   Република Македонија) (“С.П.О.В.П.Н.Т.Р.М.”) со сојузното   министерство за одбрана. Според спогодбата, Министерството   за одбрана на Република Македонија ги превземало сите   обврски на Југословенската армија во однос на воените станови,   вклучувајќи ја обврската за продажба на становите по намалена   цена. Владата на Република Македонија во 1992 година и 1994   година донесе уредби со кои се имплементираше спогодбата. Во   година Владата на Република Македонија донела Уредба   за условите за продажба на становите наследени од   Југословенската војска (Уредба за продажба на државниот   стамбен фонд наследен од ЈНА) (“У.П.Д.С.Ф.Н.Ј.А.”), според која   сегашните и поранешни воени лица кои живеат во становите   сопственост на Министерство за одбрана на Република   Македонија , може да ги купат според З.С.О.Ј.Н.А.   17. Од одлуката на Министерството за одбрана од 12 јуни 1992   година произлегува дека Министерството го заменило правото   на своите станови во кои живееле цивили со правото на   становите поседувани од Фондот за домување (“ПУИГ”) во кои   живееле воени лица. Со тоа, воените лица можеле да си го   остварат правото според З.С.О.Ј.Н.А. за купување на станови по   намалена цена. Меѓутоа, оваа замена била ограничена и се   однесувала само на шест стана во сопственост на Фондот за   домување и дваесет сопственост на Министерството. Не биле   дадени детали во однос на критериумите за замената.   18.   Во 1993 година во Службен весник на Република   Македонија е објавена изменета верзија на Законот за продажба   на станови во општествена сопственост од 1990 година (Закон   за продажба на станови во општествена сопственост)   (“З.П.С.О.С.”). Според законот, станарите имале право да ги   купат становите на кредит и по поволна цена. За разлика од   З.С.О.Ј.Н.А., законот не предвидел прилагодување на цената за   износот на дадените придонеси за изградба на станови во   “општествена сопственост” и развој на градежно земјиште, и   покрај фактот дека закупците, исто така, истите ги плаќале.   19. На 26 јуни 1996 година, Уставниот суд го укинал З.С.О.Ј.Н.А.   без ретроактивно дејство и односните владини уредби врз основ   дека истите се спротивни на Уставот од 1991 година. Судот   особено навел дека: (а) повеќе не постојат Југословенската   војска, нејзиниот “фонд за домување” и “општествената   ВЕСЕЛИНСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПРЕСУДА   сопственост”; (б) Уставот од 1991 година ги укинал сите   привилегии кои ги уживале воените лица; и (в) З.С.О.Ј.Н.А.   создал нееднаков третман во споредба со граѓаните кои имале   право да ги купат своите станови според З.П.С.О.С.   С.П.О.В.П.Н.Т.Р.М. не е споменат во одлуката на Уставниот суд.   Б.   Барање на жалителот за купување на својот стан во   Скопје   20.   Во 1992 година жалителот побарал Министерство за   одбрана на Република Македонија да му дозволи да го купи   станот сопственост на Владата по намалена цена или да му   даде друг стан што бил сопственост на поранешната   Југословенска војска. На неoдреден датум жалителот побарал   Министерството за одбрана да ја забрза постапката. На 4   декември 1993 година Министерството го информирало дека   чека Владата да го реши прашањето.   21. На 20 октомври 1993 година жалителот и петнаесет други   лица побарале Уставниот суд да ја разгледа компатибилноста   на З.П.С.О.С.   и релевантните прописи донесени од   Министерството за одбрана со З.С.О.Ј.Н.А. На 29 декември 1993   година барањето било одбиено од страна на Уставниот суд.   22. На 4 декември 1993 година жалителот повел постапка пред   Општинскиот суд Скопје I против одлуката на Република   Македонија, барајќи станот да му биде продаден по намалена   цена во согласност со член 21(2) од З.С.О.Ј.Н.А. На 15 март   година судот го одобрил барањето на жалителот. Судот   оценил, inter alia, дека жалителот, како пензионирано воено   лице, имал право според членовите 21(2) и 26 од З.С.О.Ј.Н.А. да   го купи станот по намалена цена. Судот особено навел дека   куповната цена треба да се намали за ревалоризираниот износ   на месечните придонеси кои жалителот ги плаќал на сојузното   Министерство за одбрана за изградба на станови и за   подобрување на градежното земјиште. Дали станот припаѓал на   Министерството за одбрана или на Владата било ирелевантно   бидејќи и двата стана сега припаѓале на единствениот Државен   фонд за домување.   23. Јавниот правобранител, застапувајќи го Министерството за   одбрана, поднел жалба против пресудата, врз основа дека нема   формална спогодба помеѓу Сојузната војска и, во тоа време,   Извршниот совет на СРМ за замена на становите и дека   ВЕСЕЛИНСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПРЕСУДА   жалителот се откажал од станот, сопственост на војската за   поголем стан, сопственост на Извршниот совет. Од тие причини,   тој прифатил станот за кој станува збор да биде предмет на   различни статутарни правила. Тој понатаму наведува дека   З.С.О.Ј.Н.А. се применувал само за становите сопственост на   поранешната Југословенска војска кои подоцна станале   сопственост на Владата на Република Македонија, но не и за   други станови.   24. На 31 март 1995 година, Апелациониот суд Скопје ја одбил   жалбата како неоснована поради тоа што (i) се извршила замена   на правото на користење на становите помеѓу поранешната   Сојузна војска и   Извршниот совет; (ii) жалителот, како   поранешен офицер во Југословенската војска плаќал придонеси   за изградба на воени станови, па од тие причини имал право да   купи стан по намалена цена според членовите 21(2) и 26 од   З.С.О.Ј.Н.А.; и (iii) член 26 изричито ги уредил случаите на   купување на стан од воено лице, што не е сопственост на   војската.   25. На 4 мај 1995 година Јавниот правобранител поднел   ревизија до Врховниот суд наведувајќи, inter alia, дека од денот   на независност Република Македонија треба да го уреди   користењето и купувањето на становите сопственост на   поранешната Југословенска војска и дека спогодбата склучена   со војската не можела да се примени за становите што не се   сопственост на наведената војска. Во 1992 година Советот на   министри донел уредба која појаснува дека З.С.О.Ј.Н.А. се   применува само за купопродажни договори за становите кои   претходно биле сопственост на поранешната Југсловенска   војска.   26. Во меѓувреме, на 4 септември 1995 година жалителот и   Владата склучиле купопродажен договор за станот врз основа   на пресудите на Општинскиот суд и на Апелациониот суд. Така   жалителот го купил станот по цена намалена за износот на   придонесите што тој ги плаќал на поранешната Југословенска   војска. На 29 септември 1995 година Општинскиот суд Скопје I   го потврдил договорот.   27.   Од копијата на еден документ издаден од Јавното   претпријатие за стопанисување со државен имот (Јавно   претпријатие за стопанисување со стамбен и деловен простор   на Република Македонија), може да се заклучи дека жалителот   ВЕСЕЛИНСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПРЕСУДА   најдоцна во 1995 година платил за станот. Не е јасно дали   подоцна Министерството за одбрана му ја надоместило на   Фондот за домување разликата во цената за станот.   28. На 16 октомври 1997 година, Врховниот суд ја усвоил   ревизијата поднесена од Јавниот правобранител и го одбил   барањето на жалителот за купување на станот по намалена   цена. Тој утврдил дека З.С.О.Ј.Н.А. предвидувал поповолни   услови за продажба на станови на воени лица, и дека со него се   уредувале односите и статусот на поранешната Југословенската   војска и нејзиниот фонд за домување, а двете повеќе не   постојат. Судот ценел, inter alia, дека бидејќи Република   Македонија не   е правен наследник на поранешната   Југословенска војска, немала никаква обврска да ја покрие   разликата во цената. Покрај тоа, новиот Устав на Република   Македонија ги укинал посебните привилегии на воените лица.   29. Судот воопшто не ја навел одлуката на Уставниот суд и   С.П.О.В.П.Н.Т.Р.М. Не е споменато ниту дека жалителот веќе го   купил станот по договор, ниту дека Министерството за одбрана   заменило извесен број на станови кои биле во сопственост на   Фондот за домување, а во кои живееле други воени лица.   30. На 16 март 1998 година одлуката му била доставена на   жалителот.   31. Страните не посочиле дали жалителот бил формално   запишан како сопственик на станот во Регистерот за земјиште   (Државен завод за геодетски работи) откако купопродажниот   договор бил потврден од Општинскиот суд Скопје I во 1995   година. Од поднесоците произлегува дека жалителот веќе го   имал запишано правото на станот. Понатаму, страните не   посочиле дали Владата преземала некакво правно дејствие за   спроведување на пресудата на Врховниот суд од 16 октомври   година. Нема информации дека таква постапка воопшто   била поведена.   32. Жалителот сé уште живее во предметниот стан.   ВЕСЕЛИНСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПРЕСУДА   II. РЕЛЕВАНТНО ДОМАШНО ЗАКОНОДАВСТВО   А.   Уставот од 1991 година   33. Член 110 предвидува, доколку е релевантно, дека Уставниот   суд одлучува за согласноста на законите со Уставот.   34. Член 112 став 1 предвидува, inter alia, дека Уставниот суд ќе   укине или поништи закон ако утврди дека не е во согласност со   Уставот.   35. Член 112 став 2 предвидува дека одлуките на Уставниот суд   се конечни и извршни.   Б. Закон за спроведување на Уставот (Уставен закон за   спроведување на Уставот на Република Македонија) од 17   ноември 1991 година   36. Член 4 предвидува дека сите прашања за сукцесијата што   произлегуваат од распаѓањето на Југославија ќе се уредат со   спогодби со другите поранешни републики.   37. Член 5 ставови 1 и 4 предвидуваат дека постојните сојузни   закони на поранешна Југославија ќе бидат во сила во Република   Македонија, со исклучок на законите со кои се уредува   организацијата и надлежноста на југословенските сојузни   органи.   38. Член 6 предвидува дека сите сојузни закони кои не се во   согласност со Уставот на Република Македонија ќе се изменат   согласно во рок од една година од денот кога е објавен Уставот.   В. Закон од 1990 година за домување на воени лица (Закон   за станбено обезбедување во ЈНА) усвоен од Сојузното   собрание на поранешна Југославија (“З.С.О.Ј.Н.А.”)   39. Член 1 предвидува дека предметниот закон го уредува   правото на домување на сегашните и поранешните воени лица   во Југословенската војска и нивните семејства.   ВЕСЕЛИНСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПРЕСУДА   40. Член 21 став 1 предвидува дека куповната цена на стан   чијшто сопственик е Југословенската војска ќе се утврди врз   основа на проценетата градежна вредност на станот, неговиот   квалитет, опрема, локација и други слични фактори. Така   утврдената цена ќе се намали за амортизацијата на станот, но   не повеќе од 50% од вкупниот износ на амортизација.   41. Член 21 став 2 предвидува дека кога се купува стан од   страна на активно или пензионирано воено лице, куповната цена   ќе се намали за прилагодената (проценета) сума на месечните   придонеси исплаќани од воените лица за изградба на воени   станови и за подобрување на градежното земјиште.   42. Член 26 предвидува дека кога воено лице наведено во член   став 2 сака да купи стан кој не е во сопственост на војската,   војската ќе му ја плати на сопственикот на станот разликата во   цената помеѓу прилагодената и нормалната куповна цена.   Г. Спогодба за уредување на побарувањата и обврските во   однос на недвижен имот (Спогодба за правата и обврските   во врска со примопредажбата на недвижностите на   територија на Република Македонија) од 28 февруари 1992   година (“С.П.О.В.П.Н.Т.Р.М.”)   43. Согласно член 2 став 2 од спогодбата, склучена помеѓу   Министерството за одбрана на Република Македонија и   поранешната Југословенска војска, воените станови треба да се   продадат на воените лица под условите определени во Законот   за домување на воени лица на поранешна Југославија од 1990   година (З.С.О.Ј.Н.А.).   44.   Член 9 од наведената спогодба предвидува дека   поранешната Југословенска војска нема никакво право да   наметнува натамошни обврски врз Министерството за одбрана   по потпишувањето на спогодбата.   45. Член 10 предвидува дека сите други права и обврски што   поранешната Југословенска војска ги имала на територијата на   Република Македонија до 28 февруари 1992 година, во врска со   недвижниот имот, Фондот за домување и деловните простории   во нејзина сопственост ќе се префрлат на Министерството за   одбрана на Република Македонија.   ВЕСЕЛИНСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПРЕСУДА   Д. Закон за одбрана од 1992 година (Закон за одбрана)   46.   Член 134 од Законот за одбрана предвидува дека   недвижниот имот кој бил сопственост на поранешното   Министерство за одбрана на СФРЈ на територијата на   Република Македонија ќе стане имот на Република Македонија.   Ѓ.   Закон за продажба на станови во општествена   сопственост од 1990 година (“З.П.С.О.С.”) со измените во   година   47. Член 1 пропишува дека овој закон ги уредува условите,   начинот и постапката за продажба на становите во општествена   сопственост. Законот не предвидува поповолна цена за износот   на платените придонеси за изградба на становите во   “општествена сопственост” и за развој на градежното земјиште.   48. Член 2 предвидува дека одлуката за продажба на станот во   (општествена) сопственост ќе ја донесе неговиот сопственик   (Државата) во рок од 30 дена од денот кога овој закон ќе стапи   во сила.   49. Член 3 став 1 предвидува дека станот во општествена   сопственост може да се продаде на закупецот на станот или на   членовите на неговото семејство.   50. Член 3 став 2 предвидува дека доколку сопственикот на   станот (Државата) не донесе одлука за продажба на станот во   рокот наведен во член 2, носителот на станарското право може   во рок од 30 дена да бара надлежниот суд да донесе решение   во вонпроцесна граѓанска постапка што ќе го замени договорот   за купопродажба.   51. Законот не предвидува поповолна цена за износот на   платените придонеси за изградба на “општествени” станови и за   развој на градежното земјиште.   ВЕСЕЛИНСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПРЕСУДА   Е. Закон за парнична постапка од 1977 година, што тогаш се   применувал   52. Член 384 предвидува дека поднесената жалба за ревизија   не го одлага извршувањето на пресудата против која е   поднесена.   53. Член 387 предвидува дека страните може да предочат нови   факти и поднесат нови докази во постапката само ако тие се   однесуваат на суштински повреди на одредбите за граѓанска   постапка за кои е допуштена ревизија.   54. Член 393 предвидува дека Врховниот суд може ја одбие   ревизијата како неоснована ако утврди дека основот што мора   да го разгледа по службена должност, или што е наведен во   ревизијата, е неоснован.   55. Член 395 став 1 предвидува дека кога Врховниот суд ќе   утврди дека суштинските одредби на законот се погрешно   применети од страна на пониските судови, тој ќе усвои   ревизијата и ќе донесе мериторна пресуда.   Ж. Закон за сопственост и други стварни права од 2001   година   56. Член 144 став 3 предвидува дека законското стекнување на   сопственост над имот нема никаква врска со правата на други   лица над тој имот.   57. Член 148 став 1 предвидува дека правото на сопственост   над недвижен имот добиено со правен акт се стекнува со   запишување на таквото право (акт) во јавните книги за упис на   права за недвижен имот, освен ако поинаку не е предвидено со   закон.   58. Член 151 став 1 предвидува дека, inter alia, правото на   сопственост над недвижен имот се стекнува со запишувањето.   59. Член 151 став 2 предвидува дека бришењето на правото на   сопственост од јавните регистри, врз основ дека запишувањето   не било исправно, може да се иницира со постапка во рок од три   години од датумот кога е запишан недвижниот имот.   ВЕСЕЛИНСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПРЕСУДА   З.   Закон за премер, катастар   и запишување на   недвижностите од 1986 година, со измените од 1991 година   60. Член 5 предвидува, inter alia, дека Државниот завод за   геодетски работи е одговорен за запишување на сопственичките   права на недвижности.   61. Член 50 предвидува, inter alia, дека Државниот завод за   геодетски работи ги запишува сопственичките права на   недвижности.   ПРАВО   І. ПРЕЛИМИНАРНА ЗАБЕЛЕШКА   62. На почеток, Судот утврдува дека информацијата дека   жалителот веќе го купил станот во кој живее, била поднесена од   жалителот, а потврдена со документи од Владата по одлуката за   допустливост од 11 октомври 2001 година. Судот изразува   жалење што не му била доставена горната информација пред   заклучувањето на постапката за допустливост или во рамките на   роковите наведени по овие постапки.   ІІ. НАВОДНА ПОВРЕДА НА ЧЛЕН 1 ОД ПРОТОКОЛ 1   63. Жалителот тврдел дека е жртва на повреда на член 1 од   Протокол бр. 1, кој гласи:   “Секое физичко или правно лице има право на непречено уживање на   својата сопственост. Никој нема да биде лишен од својата   сопственост освен кога е тоа во јавен интерес и под условите   определени со закон и општите принципи на меѓународното право.   Претходните одредби на никаков начин не го спречуваат правото   на Државата да ги примени оние закони кои се неопходни за да се   контролира користењето на имотот, согласно со општите   интереси или да се обезбеди плаќање на даноците или други   придонеси или парични казни.”   А. Поднесоци на странките   1. Жалителот   64. Жалителот се жалел според член 1 од Протокол бр. 1 дека   одлуките на Министерството за одбрана и на Врховниот суд го   ВЕСЕЛИНСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПРЕСУДА   лишиле од правото да купи стан по повластена цена. Тој тврдел   дека член 1 од Протокол бр. 1 е применлив во случајот. Како   воено лице тој морал да издвојува 4.5-6% од својата плата за   изградба на воени станови додека цивилите морале да   издвојуваат само 2-4% за изградба на “општествени станови”.   Понатаму, 50% од неговата месечна кирија била плаќана на   цивилната локална заедница за домување (“СИЗ”).   65. Жалителот навел дека во 1982 година, кога се согласил на   замената на становите, сите станови биле во “општествена   сопственост”, па со тоа биле уредени од истите статутарни   правила за сопственоста. Тој не бил свесен за ризикот дека   правилата може да се сменат. Статутарните правила за   сопственоста се измениле во 1992 година кога сопственоста на   становите во “општествена сопственост” била префрлена на   единствениот фонд за домување, сопственост на Државата.   Министерството за одбрана и Министерството за градежништво   и урбанизам само имале право да стопанисуваат со државниот   станбен фонд, во име на Државата.   66. Понатаму жалителот сметал дека со оглед на тоа што бил   во сила закон со кој се уредуваат неговите права во однос на   купувањето на станот, т.е. З.С.О.Ј.Н.А., тој не можел да биде   лишен од ова право врз основа на уредбите на Владата.   67.   Жалителот навел дека Владата не појаснила зошто   З.С.О.Ј.Н.А. не бил усогласен со Уставот веднаш, туку се   применувал пет години. Исто така, не било појаснето зошто   законот не бил укинат со донесувањето на З.П.С.О.С. Според   мислењето на жалителот, било јасно дека законот што важел за   неговиот случај бил З.С.О.Ј.Н.А. кој предвидувал дека војската   ќе ја надомести разликата во цената за купувањето на становите   кои не биле во нејзина сопственост. Република Македонија била   една од правните наследнички на Социјалистичка Федеративна   Република Југославија (“СФРЈ”) па така, ги преземала нејзините   права и обврски. Покрај тоа, според член 134 од Законот за   одбрана   и член 10 од Спогодбата за уредување на   побарувањата и обврските во однос на недвижнините, сите   други права и обврски на поранешната Југословенска војска на   територијата на Република Македонија во врска со   недвижнините, се префрлени на Министерството за одбрана на   Република Македонија. Од тие причини, Министерството за   одбрана имало обврска да ја надомести разликата во цената.   ВЕСЕЛИНСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПРЕСУДА   68. Конечно, со последниот поднесок на жалителот се укажува   дека истиот е под закана од извршувањето на пресудата на   Врховниот суд од 16 октомври 1997 година, иако тој го купил   станот.   2. Владата   69. Владата навела дека член 1 од Протокол бр. 1 не може да   се примени врз конкретниов случај. Не би можело да се смета   дека жалителот имал “легитимно очекување” да го купи станот   по пониска цена, врз основ дека тој плаќал месечни придонеси   за изградба на воени станови и за урбано планирање. Тие   придонеси ги плаќале сите граѓани на поранешна Југославија   врз солидарна основа, а повеќето од нив никогаш немале   привилегија да живеат во “општествени или воени станови” и да   ги купат.   70. Понатаму, земајќи го предвид фактот дека продажбата на   станот инволвирала договорен однос помеѓу жалителот и   Државата, и дека единственото прашање за договарање во овој   случај било прашањето за цената, Владата сметала дека член 1   од Протокол бр. 1 не е применлив во конкретниот случај. Во   секој случај, жалителот имал право според З.П.С.О.С., да го купи   станот, во кој живеел како закупец.   71. Владата го подржа фактот дека З.С.О.Ј.Н.А. бил закон на   поранешната Федерација и, како некомпатибилен со Уставот од   година, бил укинат со одлука на Уставниот суд. Уредбите   на Владата донесени во врска со условите за продажба на   становите пренесени од поранешната Југословенска војска, исто   така, биле укинати. Понатаму, дури и да не бил укинат, не би   можело да се примени во случајот на жалителот. Иако   жалителот бил поранешно воено лице, предметниот стан не бил   сопственост на поранешната Југословенска војска. Од тие   причини, З.С.О.Ј.Н.А. не наметнал никакви обврски на Владата   да му го продаде станот по намалена цена за износот што тој го   плаќал за изградба на воените станови и за градежното   земјиште, со оглед на тоа што сопственик на станот на   жалителот била Република Македонија.   72. Таа навела дека жалителот со своја волја ја прифатил   замената на становите бидејќи барал поголем стан, па со тоа   доброволно прифаќајќи ја промената во сопственост   и различните статутарни права што произлегле од тоа.   ВЕСЕЛИНСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПРЕСУДА   73. На крај, со последниот поднесок на Владата се тврди дека   жалителот веќе го купил станот, на тој начин станувајќи негов   сопственик. Таа тврдела дека “непреченото уживање на   сопственоста” во рамките на значењето на член 1 од Протокол   бр. 1 не ја вклучува цената на добрата што подлежат на   продажба во трговски активности.   Б. ОЦЕНКА НА СУДОТ   74.   Судот забележува дека жалителот всушност станал   сопственик на станот. Од расположивите информации, не   произлегува дека е загрозена понатамошната сопственост на   жалителот. Ставот на Владата, како одраз на одлуката на   Врховниот суд од 16 октомври 1997 година, е дека тој немал   право да го купи по пониска цена. Во суштина случајот се   однесува на цената што важи за купувањето и, во најголема   мера, жалителот го презема ризикот да ја плати разликата.   Владата тврдеше дека тоа не спаѓа во делокругот на член 1 од   Протокол 1.   75. Судот повторува дека концептот на “сопственост” во член 1   од Протокол 1 има самостојно значење и дека член 1 од   Протокол 1 во суштина го гарантира правото на сопственост   (Види Marckx v. Belgium пресуда од 13 јуни 1979 година, серија А   бр. 31, страни 27-28, став 63). “Сопственост” во рамките на   значењето на горната одредба може да биде или “постојна   сопственост” или побарување, во однос на кое жалителот може   да аргументира дека има барем “легитимно очекување” да   добие ефективно уживање на правото на сопственост (Види the   Pine Valley Developments v. Ireland пресуда од 29 ноември 1991   година, серија А бр. 222, стр. 23, став 51). “Легитимното   очекување” може исто така да ги опфати и условите кои се   однесуваат на стекнувањето или уживањето во имотните права.   На пример, во случајот со Pine Valley (наведен погоре), Судот   најде дека легитимното очекување произлегло во моментот кога   е издадена рамковна градежна дозвола, врз основа на што   компаниите жалители го купиле земјиштето со цел негово   урбанизирање. Градежната дозвола, која подоцна била   поништена, со што урбанизирањето на земјиштето било   невозможно, била “составен дел на сопственоста на компаниите   жалители”. Слично, кога жалител дал под закуп земјиште за   период од 22 години за исплата на годишна земјишна рента со   опција за обновување на закупот за дополнителен период по   ВЕСЕЛИНСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПРЕСУДА   истекот на рокот и на сопствен трошок изградил објекти за   издавање под наем, Судот утврдил дека за него мора да се   смета дека има барем “легитимно очекување” да ја спроведе   опцијата за обновување и тоа морало да се смета, за целите на   член 1 од Протокол бр. 1, како “дел од имотните права што му се   дадени ... според закупот” (Stretch v. the United Kingdom, бр.   44277/98, став 35, 24 јуни 2003 година).   76. Навраќајќи се на предметниот случај, Судот потсетува дека   во 1995 година, по одлуките на Општинскиот суд и на   Апелациониот суд во негова корист, жалителот го купил по   пониска цена станот во кој живеел од Владата, согласно   одредбите од З.О.С.Ј.Н.А.   77. Судот забележува дека З.О.С.Ј.Н.А. бил сојузен закон што   останал во сила во тужената држава сé до неговото укинување   во 1996 година. Тој предвидувал услови за продажба на станови   дадени на користење од поранешната Југословенска армија на   воени лица, давајќи им право да ги купат становите по   поповолна цена, од која требало да се одземат нивните месечни   придонеси во фондот за домување на поранешната војска. Овие   поповолни услови за купување требало да се применат за сите   станови, без оглед на тоа кој формално ги поседува (Сојузната   армија или други органи на Државата), а Армијата имала   обврска да ја покрие разликата во цената за становите што биле   во сопственост на други органи на Државата (да се види ставови   и 39-42 погоре).   78.   Подоцна, по укинувањето на С.П.О.В.П.Н.Т.Р.М.,   Министерството за одбрана на Република Македонија се чини ги   наследило сите права и обврски што ги имала поранешната   Југословенска војска на територијата на Република Македонија,   вклучувајќи ја и продажбата на воените станови на воени лица   според привилегираните услови од З.О.С.Ј.Н.А. (да се види   ставови 16 и 43-45 погоре). Иако С.П.О.В.П.Н.Т.Р.М. и Уредбата   на Владата за негово спроведување (У.П.Д.С.Ф.Н.Ј.А.) не   наметнале изречна обврска за надоместување на разликата во   цената за становите што припаѓале на органите на Државата, а   не се на Армијата (да се види став 45 погоре), Министерството   за одбрана не секогаш ја применувало оваа разлика во пракса.   Така, во 1992 година Министерството за одбрана заменило   дваесет од своите станови за шест станови што биле   сопственост на Државниот фонд за домување, а во кои живееле   воени лица, а со тоа вторите станови можеле да се продадат   ВЕСЕЛИНСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПРЕСУДА   според бенефицираните услови од З.О.С.Ј.Н.А. (да се види став   погоре). Од второто, Судот заклучува дека за шесте односни   станови Министерството за одбрана се согласило да ја преземе   обврската за исплата на разликата во цената за нивната   продажба по намалена цена. Владата не дала никакви детали   во однос на критериумите за наведената замена на становите.   79. Понатаму, Судот забележува дека во 1996 година Уставниот   суд ги укинал З.О.С.Ј.Н.А. и У.П.Д.С.Ф.Н.Ј.А. без ретроактивно   дејство (да се види став 19 погоре). Со тоа, Уставниот суд   имплицитно ги одобрил сите купувања на становите по   повластена цена што биле завршени пред донесувањето на   одлуката на Уставниот суд. Судот забележува дека жалителот го   купил станот во кој живеел по намалена цена пред да биде   донесена одлуката на Уставниот суд. Тој го склучил   купопродажниот договор со Владата на 4 септември 1995   година, а е одобрен од суд на 29 септември 1995 година, додека   одлуката на Уставниот суд била донесена на 26 јуни 1996 година   (да се видат ставовите 19 и 26 погоре).   80. Со оглед на околностите, земајќи ги предвид претходните   придонеси на жалителот и тогашните спогодби во сила, Судот   цени дека може да се смета дека жалителот има “легитимно   очекување” купувањето на станот да биде по намалена цена.   81. Меѓутоа и покрај “легитимното очекување”, во 1997 година   Врховниот суд оценил дека жалителот нема право на купување   по намалена цена, во основа поради тоа што не сметал дека   Република Македонија ги наследила обврските од поранешната   Југословенска војска. Иако Судот има само ограничена моќ за   постапување по наводно погрешно утврдена фактичка состојба   или повреда на законот, кои ги направиле националните судови,   на кои примарно им паѓа да го толкуваат и применат   националното право (Види, најново, Kopecky v. Slovakia [GC], бр.   44912/98, пресуда од 28 септември 2004 година, став 56, ЕСЧП   2004-...), тој смета дека одлуката на Врховниот суд, без било   какво објаснување, не ја земала предвид претходната постоечка   правна позиција и пракса (Види, mutatis mutandis, Iatridis v.   Greece [GC], бр. 31107/96, став 58, ЕСЧП 1999-II).   82. Како резултат на таа одлука, повластените услови кои се   дел од купопродажбата на станот на жалителот биле,   очигледно, поништени и тој подлежи на побарување за плаќање   на дополнителна сума пари. Тоа може да се смета за   ВЕСЕЛИНСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПРЕСУДА   неоправдано попречување на непреченото уживање на   сопственоста, па од тие причини има повреда на член 1 од   Протокол бр. 1.   III. НАВОДНА ПОВРЕДА НА ЧЛЕН 14 ОД КОНВЕНЦИЈАТА   ЗАЕДНО СО ЧЛЕН 1 ОД ПРОТОКОЛ 1   83. Жалителот се жалел дека бил дискриминиран во споредба   со некои други поранешни воени лица кои купиле станови по   пониска цена, иако истите не биле сопственост на поранешната   Југословенска војска, повикувајќи се на член 14 од Конвенцијата   во врска со член 1 од Протокол бр. 1.   Член 14 предвидува:   “Уживањето на правата и слободите признати со оваа Конвенција, ќе   се обезбеди на сите без дискриминација, без оглед на пол, раса, боја   на кожа, јазик, религија, политичко или друго уверување, национално   или социјално потекло, припадност на национално малцинство,   сопственост, род или друг статус.”   84. Имајќи го предвид заклучокот за повреда на правото на   жалителот за непречено уживање во својата сопственост (да се   видат ставовите 74-82 погоре), Судот не смета дека е неопходно   да се разгледа тврдењето за повреда на член 14 од   Конвенцијата заедно со член 1 од Протокол бр. 1.   IV. ПРИМЕНА НА ЧЛЕН 41 ОД КОНВЕНЦИЈАТА   85. Член 41 од Конвенцијата предвидува:   “Кога Судот ќе оцени дека постои повреда на Конвенцијата или на   Протоколите, и доколку внатрешното право на засегнатата Висока   договорна страна овозможува само делумна репарација на штетата,   тогаш доколку е тоа неопходно, Судот ќе му додели правична отштета   на оштетениот.„   А. Штета   86. Жалителот барал 1.318.365 МКД и 11.000 ДЕМ на име на   материјални трошоци. Во однос на нематеријалните трошоци,   тој барал меѓу 70.000 ДЕМ и 150.000 ДЕМ, оставајќи му на Судот   да го определи точниот износ.   ВЕСЕЛИНСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПРЕСУДА   87. Владата навела дека жалителот веќе го купил станот по   намалена цена во 1995 година.   88. Имајќи ги предвид исклучителните околности на случајот,   особено фактот дека спорната пресуда на Врховниот суд   никогаш не била извршена од страна на Владата, Судот смета   дека самото утврдување на повреда претставува доволен   надоместок за било која штета во овој случај.   Б. Трошоци и расходи   89. Жалителот тврдел дека потрошил 1.000 ДЕМ за превод,   испраќање по пошта, и други административни трошоци.   Меѓутоа, во тој поглед не бил поднесен никаков писмен доказ.   90. Владата не дала коментар.   91. Според судската пракса на Судот, жалителот има право   на надомест на трошоците и расходите само ако се покаже дека   истите се навистина и неопходно направени, а биле разумни во   однос на износот (Види, меѓудругото, Nikolova v. Bulgaria [GC],   no. 31195/96, § 79, ECHR 1999-II).   92. Бидејќи жалителот не доставил писмен доказ со кој се   покажува дека направил некакви трошоци и расходи (сметки,   изјави за хонорар, договор за застапување, итн.), Судот не   определува никаква сума во тој поглед.   ОД ТИЕ ПРИЧИНИ, СУДОТ ЕДНОГЛАСНО   1. Утврди дека имало повреда на член 1 од Протокол бр. 1;   2. Утврди дека не е неопходно да се разгледа дали имало   повреда на член 14 од Конвенцијата во врска со член 1 од   Протокол бр.1;   3. Утврди дека утврдувањето на повреда претставува само по   себе доволно правична оштета за било која штета претрпена од   жалителот;   4. Го отфрла останатиот дел од барањето на жалителот за   правична оштета.   ВЕСЕЛИНСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПРЕСУДА   Изготвено на англиски јазик, а објавено на писмено на 24   февруари 2005 година, согласно член 77 § § 2 и 3 од Деловникот   на Судот.   Vincent BERGER   Boštjan M. ZUPANČIČ   Секретар   Претседател

© Rada Europy / Europejski Trybunał Praw Człowieka, źródło: HUDOC (hudoc.echr.coe.int), pozyskano 13.07.2026. · Źródło