53678/00
WyrokETPCz2004-11-16ECLI:CE:ECHR:2004:1116JUD005367800
Analiza orzeczenia
Sekcja wygenerowana przez AI na podstawie treści orzeczenia — nie stanowi cytatu.
Zagadnienie prawne
Czy skazanie dziennikarzy i wydawcy za naruszenie prywatności oraz nałożenie na nich wysokich kar finansowych, w związku z publikacją artykułów łączących posłankę do parlamentu z procesem karnym jej męża, stanowiło naruszenie wolności wypowiedzi gwarantowanej w art. 10 Konwencji?Ratio decidendi
Trybunał uznał, że choć ingerencja w wolność wypowiedzi skarżących była 'przewidziana prawem' i miała 'uzasadniony cel' (ochrona reputacji i praw innych), to nie była 'konieczna w społeczeństwie demokratycznym'. Trybunał podkreślił, że artykuły nie zawierały fałszywych informacji ani złej wiary, a fakt, że pani A. była politykiem, oznaczał, że powinna tolerować większą krytykę. Mimo że publikacje miały na celu zwiększenie sprzedaży i podkreślały związek pani A. z oskarżonym, to sprawa miała pewien stopień interesu publicznego. Trybunał uznał, że automatyczne zastosowanie art. 15 ustawy o parlamencie jako okoliczności obciążającej, bez związku z oficjalnymi obowiązkami pani A. i celami immunitetu parlamentarnego, było problematyczne. Surowość nałożonych kar finansowych (grzywna i odszkodowanie w wysokości znacznie przekraczającej standardowe odszkodowania za poważne przestępstwa) w stosunku do ograniczonego naruszenia prywatności pani A. świadczyła o rażącej nieproporcjonalności. Władze krajowe nie zdołały zatem zachować sprawiedliwej równowagi między sprzecznymi interesami.Stan faktyczny
Pierwszy skarżący, Pekka Karhuvaara, był redaktorem naczelnym gazety „Iltalehti”, wydawanej przez drugiego skarżącego, Kustannusosakeyhtiö Iltalehti. Gazeta opublikowała artykuły dotyczące procesu karnego pana A., męża pani A., posłanki do parlamentu. Artykuły te, w tym nagłówki, podkreślały związek pani A. z panem A., mimo że pani A. nie była zamieszana w sprawę. Pani A. wniosła pozew o naruszenie prywatności i zniesławienie. Sądy krajowe uznały skarżących winnymi naruszenia prywatności w okolicznościach obciążających, powołując się na art. 15 ustawy o parlamencie, i nakazały im zapłatę grzywny, odszkodowania w wysokości 175 000 FIM (ok. 29 400 EUR) oraz kosztów sądowych pani A.Rozstrzygnięcie
Trybunał jednogłośnie stwierdza naruszenie art. 10 Konwencji. Stwierdza, że samo orzeczenie stanowi wystarczające zadośćuczynienie za wszelką szkodę niemajątkową. Nakazuje pozwanemu państwu zapłacić pierwszemu skarżącemu 22 155 EUR tytułem szkody majątkowej, drugiemu skarżącemu 14 190 EUR tytułem szkody majątkowej oraz obu skarżącym łącznie 29 000 EUR tytułem kosztów i wydatków, powiększone o odsetki ustawowe.Pełny tekst orzeczenia
CONSEIL
DE L’EUROPE
COUNCIL
OF EUROPE
COUR EUROPÉENNE DES DROITS DE L’HOMME
EUROPEAN COURT OF HUMAN RIGHTS
СОВЕТ НА ЕВРОПА
ЕВРОПСКИ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА
ОДДЕЛ ЧЕТВРТИ
СЛУЧАЈ
KARHUVAARA AND ILTALEHTI против ФИНСКА
(Жалба бр. 53678/00)
ПРЕСУДА
СТРАЗБУР
16-ти ноември 2004 год.
КОНЕЧНА
16/02/2005
ПРЕСУДА KARHUVAARA AND ILTALEHTI против ФИНСКА
Во случајот Karhuvaara и Iltalehti против Финска,
Европскиот суд за човекови права (Оддел четврти),
заседавајќи во Совет составен од :
Сер Nicolas BRATZA, претседател,
г.
г.
г.
г.
г.
M. PELLONPÄÄ,
J. CASADEVALL,
R. MARUSTE,
S. PAVLOVSCHI,
J. BORREGO BORREGO,
Г-ѓа Е FURA-SANDSTRÖM, СУДИИ,
И Г. М. M. O’BOYLE, СЕКРЕТАР НА ОДДЕЛОТ,
откако го разгледаа случајот зад затворена врата на 10-ти
февруари, 1–ви јуни и 26-ти октомври 2004 год.,
Ја донесе следната пресуда, што беше усвоена на
последниот споменат датум :
ПОСТАПКА
1. Случајот е покренат со жалба (бр. 53678/00) од 20-ти
ноември 1999 година против Република Финска поднесена до
Судот согласно член 34 од Конвенцијата за заштита на
човековите права и основни слободи (во понатамошниот текст
„Конвенцијата“) од страна на финскиот државјанин Пекка
Кархуваара
и
финското
Илталехти
издавачко
друштво
Кустаннусосакеуихтио
(Kustannusosakeyhtiö
Iltalehti, во понатамошниот текст „Илталехти“), Друштвото за
ограничена одговорност со седиште во Хелсинки.
ПРЕСУДА KARHUVAARA AND ILTALEHTI против ФИНСКА
2. Финската влада (во понатамошниот текст „Владата„) беше
претставувана од својот застапник г. А. Косонен, директор при
Министерството за надворешни работи.
3. Жалителите поточно тврдеа дека нивната осуда за
нарушување на приватноста и редот да платат отштета го
нарушува член 10 од Конвенцијата.
4. Жалбата беше распоредена на Четвртиот Оддел на Судот
(правило 52 став 1 од Правилата на Судот). Во рамките на тој
Оддел, Советот што требаше да го разгледува случајот (член 27
став 1 од Конвенцијата) беше составен како што предвидува
правилото 26 став 1.
5. Јавната расправа за допуштеноста и мериторноста се
одржа во палатата на човековите права во Стразбур, на 10-ти
февруари 2004 година (Правило 50 став 3).
6. Со Одлука од 1-ви јуни 2004 година, Советот ја прогласи
Жалбата за делумно допуштена (Правило 54 став 3 ).
Пред Судот пристапија:
(а) За Владатаг.
A. KOSONEN,
ДИРЕКТОР, МИНИСТЕРСТВО ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ
Застапник,
г.
I. HANNULA, ПРАВЕН СОВЕТНИК,
г-ѓа L. LEIKAS, ПРАВЕН СЛУЖБЕНИК,
Советници;
(b) за Жалителот
г.
г.
M. WUORI, АДВОКАТ,
R. RYTI, АДВОКАТ,
Советник,
Советник.
ПРЕСУДА KARHUVAARA AND ILTALEHTI против ФИНСКА
ФАКТИЧКА СОСТОЈБА
ОКОЛНОСТИТЕ НА СЛУЧАЈОТ
7. Првиот жалител е роден 1954 година, и живее во
Хелсинки, Финска. Вториот жалител (во понатамошниот текст
„Друштвото жалител“) е друштвото за ограничена одговорност
со седиште во Хелсинки
8. Друштвото жалител објавува весник наречен Илталехти
што има тираж од приближно 120.000 примероци. На 1-ви
октомври 1996 година објави статија за кривично судење во
врска со предизвикување неред во пијана состојба, вклучително
навреда на полициски службеник, од г. А., адвокат од Сеинајоки.
Статијата носи наслов „Неговата сопруга (е претседавач на
парламентарната комисија за образование и култура - адвокат
од Сеинајоки удрил полицаец во ресторан“ (“Vaimo eduskunnan
sivistysvaliokunnan puheenjohtaja – Seinäjokelainen asianajaja iski
poliisia ravintolassa”).
Пропратните статии биле објавени на 26-ти ноември и 10-ти
декемвири 1996 година, во врска со пресудата со која тужениот
е осуден на шест месеци условен затвор. Било известено дека
тужениот бил сопруг на г-ѓа А., член на финскиот Парламент и
претседавач на Комисијата за образование и култура. Насловот
од 21-ви ноември гласи: “... Сопруг на членка на парламентот
удрил полицаец во ресторан“ (“ Kansanedustajan aviomies löi
poliisia ravintolassa”). Насловот од 10-ти декември 1996 година
гласи: „... Сопруг на членка на Парламентот добил строга
пресуда за насилство во ресторан“ (“... Kansanedustajan miehelle
kova tuomio ravintolassa riehumisesta”).
ПРЕСУДА KARHUVAARA AND ILTALEHTI против ФИНСКА
9. Судењето на г. А. било многу објавувано и за него многу се
дискутирало локално, а улогата на г-ѓа А., која на никој начин не
била вклучена во кривичната постапка, станала предмет, меѓу
другото, на политичка сатира во една емисија („Италипси“)
емитувана на главниот национален телевизиски канал.
10. Во април 1997 година, г-ѓа А., која не ги споила фактите
презентирани од Илталехти, покренала постапка против
жалителите и двајца од вклучените новинари врз основа на тоа
што известувањето од страна на Илталехти било клеветничко
и ја нарушувало нејзината приватност. Таа барала тужените да
бидат казнети за нарушување на приватноста и клевета, и
барала надомест за непарична штета предизвикана со статиите.
Понатаму, таа се потпрела врз член 15 од Законот за
парламентот што тогаш бил во сила и предвидува од членовите
на парламентот, како и парламентарните функционери да
уживаат посебна заштита на своите должности и во текот на
парламентарните седници. Кривичните дела во форма на
зборови или физички дејствија, што ги нарушуваат правата на
членовите на парламентот или на функционерите додека
парламентот заседава, или последователно физичко насилство,
треба да се сметаат како да се извршени под особено
отежителни околности. Според г-ѓа А., таа одредба била
применлива и во однос на кривичните обвинувања и при
утврдувањето на износот на штетата во нејзиниот случај. Таа
аргументирала дека статиите предизвикале особено страдање
за неа и дека таа била јавно поврзувана со кривично дело што
на никој начин не било поврзано со нејзината личност и
функција како член на парламентот.
11. Како главен уредник на Илталехти првиот Жалител, г.
Кархуваара, признал дека бил погрешно свесен за видот на
ПРЕСУДА KARHUVAARA AND ILTALEHTI против ФИНСКА
објавениот материјал, но одрекувал било какво детално
претходно знаење за специфичниот материјал што е во
прашање. . Според член 32 од Законот за слобода на печатот
што тогаш бил во сила, 1/1919, заменет со Законот бр. 460/2003
во 2004 година), главниот уредник бил најодговорен за секој
оригинален материјал објавен во неговиот весник или
периодика, без оглед на тоа дали всушност бил свесен за
неговата содржина. Тужените исто така аргументирале дека тие
во своите статии само споменале дека г-ѓа. А. е мажена со г. А,
факт што не бил одречен од страна на г-ѓа А. Таа не била
поинаку спомената во статиите. Понатаму, случајот веќе бил
известен локално а другата статија не содржела никакви нови
информации. Тие исто така коментирале дека еден член на
Парламентот, како јавна личност, мора повеќе да ги толерира
медиумите од „просечниот граѓанин„ и дека е особено
вознемирувајќи тоа што еден член на Парламентот се обидува
да ја ограничи слободата на изразувањето на тужените.
12. .На 27-ми март 1998 година, Окружниот суд (käräjäoikeus,
tingsrätten) во Вантаа го осудил првиот Жалител и двајца други
новинари за нарушување на приватноста под особено
отежителни околности во рамките на значењето на член 15 од
Законот за Парламентот. На првиот Жалител му било наложено
да плати 80 дневници, во износ од 47.360 фински марки (ФИН)
(приближно 7.965 евра (ЕУР)). На двајцата други новинари им
било наложено да платат парични казни во износ од приближно ЕУР. Дополнително, на сите тужени, вклучително двајцата
жалители, им било наложено да ја платат отштетата барана од
тужителот (заеднички и поединечно со другиот тужен, 75.000
ФИМ со камата од 31-ви октомври 1996 година, и заеднички и
поединечно со друг тужен, 100.000 ФИН со камата на 50.000
ПРЕСУДА KARHUVAARA AND ILTALEHTI против ФИНСКА
ФИН од 21-ви ноември 1996 година, и со камата на 50.000 ФИН
од 10-ти декември 19996 година) имено вкупно 175.000 ФИН
(приближно 29.400 ЕУР). На сите тужени им било наложено да и
надоместат на г-ѓа А. заеднички и поединечно во поглед на
нејзините судски трошоци од 72.109 ФИМ (12.128 ЕУР) со камата
од 27-ми април 1998 година. Обвинението за клевета било
отфрлено.
13. Окружниот суд најде дека, во целина, главните наслови,
насловните страни и самите статии биле објавени со цел да се
привлече вниманието на читателите во главно кон брачната
врска на г-ѓа А. со г. А. а не со цел да се опишат настаните како
такви. Понатаму утврди дека нагласеното објавување на името
на г-ѓа А., сликата и професионалниот статус на никој начин не
биле потребни со цел да се извести за кривичното судење на г.
А. Тој призна дека заштитата на приватниот живот на г-ѓа А.,
како член на Парламентот, била построга од заштитата на
другите луѓе, но само до мерка до која работите што се во
прашање се поврзани со нејзините јавни функции и постоењето
јавен интерес што го оправдува нивното објавување. Фактот
дека осудата на сопругот на една политичарка може да се
одрази врз намерата како да гласаат луѓето, сам по себе не
претставува јавен интерес што би го оправдал објавувањето.
Окружниот суд сметал дека фактот што дејствијата на
сопругот на тужителката и кривичната постапка против него биле
добро познати во нивниот регион и фактот дека локалните
весници што известувале за работата немал тежина во однос на
одговорноста на тужените. Според пресудата, широкиот
публицитет овозможен од Илталехти што резултирал со
нарушување на заштитениот приватен домен на тужителката е
ПРЕСУДА KARHUVAARA AND ILTALEHTI против ФИНСКА
тоа што суштински го сочинува кривичното дело кое е во
прашање.
Сметал дека иако причините предвидени со член 15 од
Законот за Парламентот би можело да се сметаат како
застарени, тоа била обврзна одредба што водела до тоа
кривичното дело да биде категоризирано како тешко.
Што се однесува до утврдувањето на износот на надоместот
за болката, Окружниот суд забележал дека самата тужителка,
особено бидејќи била лекар па со тоа и вештак, бил добро
поставен за да се процени нејзината сопствена ситуација и
штетата што таа ја претрпела.
14. На 3 декември 1998 година, Апелациониот суд во
Хелсинки ја отфрлил заедничката жалба на тужените и ја
потврдил пресудата на Окружниот суд без никакви забелешки во
однос на точките на случајот, освен една минорна корекција на
изјавата на понискиот суд за наводната незаконска добивка што
настанала за издавачите. Апелациониот суд додал дека без
оглед на таа корекција штетата доделена на тужителката не
треба да се смета како претерана.
15. На 25-ти мај 1999 година, Врховниот суд (korkein oikeus,
högsta domstolen) им одбил на тужените дозвола да се жалат.
II РЕЛЕВАНТНОТО ДОМАШНО ПРАВО И ПРАКТИКА
16. Член 8 (1) (969/1995) од Уставот од 1919 година, што бил
во сила релевантното време, предвидувал приватниот живот,
честа и домот на секое лице да бидат заштитени. Таа одредба
одговара на член 10 од Уставот од 2000 година, Закон бр.
31/1999), што стапил во сила на 1-ви март 2000 година.
ПРЕСУДА KARHUVAARA AND ILTALEHTI против ФИНСКА
17. Член 10(1) (969/1995) од Уставот од 1919 год., што бил во
сила во релевантниот период, секому давал право на слобода
на изразувањето. Слободата на изразувањето повлекувала
право да се изразуваат, шират и примаат информации, мислења
и други соопштенија без претходно да бидат спречени од
никого.. Таа одредба соодветствува на член 12 од Уставот од год.
18. Член
(1)
од
Законот
за
Парламентот
(valtiopäiväjärjestys, riksdagsordningen), што бил во сила во
релевантниот период, гласи :
„Ако едно лице, во текот на парламентарна седница или додека некој
член на парламентот патува до и од парламентот, го навредува
споменатиот член на парламентот со било каков збор или дело, знаејќи
дека лицето што така навредува е член на парламентот, или ако некое
лице навредува член на парламентот после парламентарна седница
поради начинот на кој ги врши своите должности, фактот што оштетениот
од кривичното дело бил член на парламент ќе се смета како сериозна
отежителна околност.“
Оваа одредба подоцна била укината со Уставот од 2000
година, (член 131).
19. Глава 27 (908/1974), член 3а од Кривичниот Законик, што
бил во сила во релевантното време, гласи како што следува:
„Едно лице кое незаконски, по пат на употреба на масовните медиуми
или на друг сличен начин јавно шири информации, инсинуации или слика
што го опишува приватниот живот на друго лице, така што да му
предизвика штета или болка, ќе биде осудено за нарушување на
приватноста и казнето со максимална казна затвор во времетраење од
две години или со парична казна. Публикација што се занимава со
однесувањето на една јавна личност што има јавна функција во однос на
неговиот професионален живот, при политичка дејност или друга слична
дејност, нема да се смета за нарушување на приватноста ако
ПРЕСУДА KARHUVAARA AND ILTALEHTI против ФИНСКА
известувањето било неопходно за цели на решавање на работа од
важност за општеството“.
20. Според Владата, лицата во однос на кои заштитата на
приватниот живот е построга ги опфаќа јавните функционери,
политичари и лица на важни позиции во деловниот свет (Закон
за Владата, ХЕ 239/1997, стр.32). 32).
21. Глава 27, член 3а од Кривичниот Законик е укината во година со член 8 од глава 24 (531/2000) што гласи како што
следува:
„Ширење информации што го нарушуваат приватниот живот: едно
лице кое незаконски (1) по пат на употреба на масовните медиуми или (2)
на друг начин јавно шири информации, инсинуации или слики од
приватниот живот на друго лице, така што тоа дејствие веројатно ќе му
причини на тоа лице штета или болка или ќе го подложи тоа лице на
презир ќе биде казнето за оштетување на личниот углед , осудено со
парична казна или максимална казна затвор во времетраење од 2
години.
Ширењето информации, инсинуации или слики од приватниот живот на
лице од политиката, бизнисот, со јавна функција или на јавна позиција,
или слична положба, нема да претставува штета по личниот углед, ако
може да се одрази на проценката на активностите на тоа лице на
позицијата што е во прашање и ако е неопходно за цели на решавање
работи од важност за општеството“.
22. Според извештајот од правната комисија на Парламентот,
функциите во поглед на кои заштитата на приватниот живот е
построга согласно став 2, ги вклучува политичките функции,
деловните функции
и
јавните функции или должности.
Информациите на приватниот живот на лица што имаат такви
функции може да се откриваат кога информациите може да се
одразат на проценката на изведувањето на нивните должности.
Понатаму, согласноста на тоа лице да се откријат информации е
ПРЕСУДА KARHUVAARA AND ILTALEHTI против ФИНСКА
релевантна за проценка на законитоста на попречувањето. Без
изречна согласност, обично нема причина да се верува дека
лицето што е во прашање би се согласило со објавувањето
информации за нивниот приватен живот (види го Извештајот од
правната комисија, стр. 4-6).
23. Според член 39 (909/1974) од Законот за слобода на
печатот (што бил во сила во релевантното време), Законот за
одговорност за штета требал да се примени на плаќањето
надомест за штетата настаната од содржината на печатените
работи.
24. Согласно условите од глава 5 член 6 од Законот за
одговорност за штета (412/1974), штета исто така може да се
додели за болка предизвикана од нарушување на нечија
слобода, чест или домашен мир или со друго споредливо
нарушување.
Според предлогот на Владата за измена на Законот за штета
(ХЕ 116/1998), максималниот износ на надоместот за болката и
страдањето, меѓу другото, од телесни повреди до неодамна
беше 100.000 ФИМ (16819 ЕУР). Во следниот предлог на
Владата да се измени законот за штета (ХЕ 167/2003, стр.60), се
наведува дека никакви измени на преовладувачкото ниво на
надомест, за страдањето не се предложени.
Глава 17 член 6 (571/1948) од Законот за судска постапка
предвидува ако прашањето се однесува на износот на штетата а
нема на располагање никакви докази, или ако доказите можат да
се изведат само со потешкотии, Судот ќе има овластување да го
процени износот во однос на тоа што е разумно.
25. На 11-ти јуни 1997 година. Врховниот суд донесе две
пресуди во врска со статиите што давале информации во случаи
на потпалување. Првата пресуда (ККО 1997:80) се однесувала
ПРЕСУДА KARHUVAARA AND ILTALEHTI против ФИНСКА
на една статија во весник (резиме од Годишната книга на
Врховниот суд):
„Еден весник објави статија во врска со потпалување, во која било
речено дека осомничената била сопруга на раководителот на локалната
противпожарна служба. Бидејќи дури не се ни тврдело дека
раководителот на противпожарната служба имал било каква улога во
настаните, немало оправдани причини да се објави информација за
неговиот брак со осомничената. На издавачот, главниот уредник и
новинарот што ја напишал статијата им било наредено да платат
надомест за болката предизвикана со нарушувањето на правото на почит
кон приватниот живот.“
26. Другата пресуда (ККО 1997:81) се однесувала на статија
објавена во периодика што се засновала врз горе наведената
статија од весник (види став 26 погоре) и во досиејата од
претходната истрага и од судската постапка, но не назначувала
дека статијата од весникот била користена како извор (Резиме
од годишната книга):
„Било наложено да се плати надомест поради тоа што статијата го
нарушила правото на почитување на приватниот живот. Друго прашање
во влог во овој преседан била релевантноста во однос на одговорноста
за штета и износот на надоместот поради фактот што информацијата
била известена во друга публикација порано.“
Статијата објавена во периодиката исто така го споменала
името и професијата на раководителот на противпожарната
служба, иако нарушувањето не било поврзано со вршењето на
неговите должности. Така, не било неопходно да се посочи
неговата функција како раководител на противпожарната служба
или неговиот брак со осомничената со цел да се извести за
кривичното дело.
Врховниот суд сметал дека фактот што информацијата била
објавена во печатот не ги ослободувал тужените од нивната
ПРЕСУДА KARHUVAARA AND ILTALEHTI против ФИНСКА
одговорност да осигурат, пред повторното објавување на
информација, дека статијата не содржела информации што ги
навредуваат лицата споменати во неа. Самиот факт дека
интервјуто со раководителот на противпожарната служба било
објавено во весник не го оправдува заклучокот дека тој исто така
се согласил со нејзиното објавување во периодиката.
Понатаму Врховниот суд нашол дека повторувањето на
нарушувањето не предизвикало неопходно износ на штета и
болка како првото нарушување. Читателите на весникот и на
периодиката биле делумно различни, а тиражот на весникот
очигледно не се совпаѓал во целост со оној на периодиката.
Затоа, во однос на разликите во содржината и тонот на
статиите, Врховниот суд нашол за утврдено дека статијата во
периодиката водела до предизвикување дополнителна душевна
болка за раководителот на противпожарната служба.
На издавачот и неговите партнери им било наложено
заеднички да платат 100.000 ФИМ (16.819 ЕУР) плус камата за
душевната болка предизвикана на раководителот на
противпожарната служба.
Според Врховниот суд, известените настани во статијата не
се однесувале на однесувањето на жалителот при вршењето на
неговите должности како раководител на противпожарната
служба и не било неопходно да се споменува неговото име и
професија за цели на дискусија за предмет што вклучува
значаен јавен интерес. Не било неопходно да се посочи
професијата на жалителот со цел да се извести за кривичните
дела. Со поврзувањето на името и професијата на жалителот со
кривичните дела во прашање, статијата незаконски ширела
информации и инсинуации во врска со неговиот приватен живот
што веројатно би предизвикале штета и болка за него.
ПРЕСУДА KARHUVAARA AND ILTALEHTI против ФИНСКА
Откривањето на името на жалителот и нагласувањето на
неговата професија довело до навреда. Со повторното
известување за таа работа два месеци по настаните,
периодиката предизвикала дополнителна болка за жалителот за
што треба да се плати посебен надомест.
27. Во друга пресуда (ККО 1980 II 123), Врховниот суд сметал
како што следува (резиме од годишната книга):
„Обвинетиот извадил една фотографија од тужителот од архивата на
весникот и ја објавил во контекст на изборната кампања без согласност
на тужителот. Тој бил обвинет за нарушување на приватниот живот и му
било наложено да плати отштета за душевна болка заеднички со
политичките организации што делувале како издавачи.“
ЗАКОНОТ
I. НАВОДНАТА ПОВРЕДА НА ЧЛЕН 10 ОД КОНВЕНЦИЈАТА
28. Жалителите тврделе дека има повреда на член 10 од
Конвенцијата при нивната осуда за нарушување на приватноста
и редот барајќи од нив да платат отштета. Релевантните делови
од член 10 на Конвенцијата гласат :
„1.Секој има право на слобода на изразувањето. Тоа право вклучува
слобода да се има мислења и да се добиваат и шират информации и
идеи без попречување од јавен орган и без оглед на државните граници.
...
2. Користењето на тие слободи, бидејќи со себе носи должности и
одговорности, може да подлежи на такви формалности, услови,
ограничувања или казни пропишани со закон кои се неопходни во едно
демократско општество во интерес на националната безбедност,
ПРЕСУДА KARHUVAARA AND ILTALEHTI против ФИНСКА
територијален интегритет или јавна сигурност, за спречување на нереди
или криминал, заштита на здравјето и моралот, заштита на угледот или
правата на другите, спречување да се откријат информации добиени како
доверливи, или заради одржувањето на авторитетот и непристрасноста
на судството.“
А. Поднесоците на странките
Жалителите
29. Жалителите не спорат дека ограничувањата применети
во овој случај биле „пропишани со закон“. Тие сепак сметаа,
дека мерките преземени против нив не биле „неопходни за едно
демократско општество“. Тие тврдеа дека кривичната постапка
против нив носи еден елемент на оспорување
и
е
симптоматична во смисла на искривен пристап кон случаите на
слобода на изразувањето што наводно преовладува во
финските судови во текот на последните неколку години. Тие
сметаат дека настаните за кои тие известувале се случиле во
изборната единица на г-ѓа А. , каде тие веќе биле добро познати
како резултат од извештаите на локалните медиуми и
националниот телевизиски канал. Како член на парламентот, г-
ѓа А. не можела да се карактеризира како примерно лице во овој
контекст. Известувањето припаѓало во сферата на јавната
дебата во поглед на едно прашање од општ јавен интерес.
Жалителите не ширеле некои изречно приватни информации.
Понатаму, потпирањето на судот врз член 15 од Законот за
парламентот било произволно во однос на тоа што тој бил
донесен за цели на заштита на членовите на парламентот при
вршењето на нивната јавна функција во текот на седниците.
ПРЕСУДА KARHUVAARA AND ILTALEHTI против ФИНСКА
Жалителите сметаа дека посебната заштита на членовите на
парламентот не била во допир со Европскиот систем.
30. Понатаму жалителите спореа дека доделувањето
надомест за душевната болка на г-ѓа А. било претерано. По пат
на споредба, судовите процениле дека таквата болка претрпена
од жртви на силување или вооружен грабеж изнесуваат најмногу
50.000 ФИМ (приближно 8.400 ЕУР), додека штетата доделена
на г-ѓа А. изнесувала вкупно 175 ФИМ (приближно 29.400 ЕУР).
Да резимираме, попречувањето на нивната слобода на
изразувањето било непропорционално со легитимната цел што
ја пледира Владата.
2. Владата
31. Владата допушти дека осудата на првиот жалител и
наредбата против него и Друштвото жалител да платат отштета
и трошоци резултирала со попречување на нивното право на
слобода на изразувањето согласно член 10. Попречувањето
сепак било „пропишано со Закон“, засновано врз глава 27 член
3а од Кривичниот Законик и член 15 под-член (1) од Законот за
парламентот, и двата во сила во релевантниот период. Основот
врз кој се потпирале финските судови бил конзистентен со
легитимната цел да се заштити приватниот живот на г-ѓа А.
32. Владата го одби тврдењето дека „искривениот приод“
преовладува во финските судови како неоснован.
33. Како што забележува Окружниот суд, заштитата на г-ѓа А.
била ограничена само во поглед на прашањата поврзани со
нејзината јавна функција чие објавување би било од јавен
интерес. Спорните статии на никаков начин не се однесувале на
нејзините политички активности
и
биле создадени
и
рекламирани на таков начин што ја зголемувале продажбата на
ПРЕСУДА KARHUVAARA AND ILTALEHTI против ФИНСКА
таблоидот. Самиот факт дека казната затвор наметната на
сопругот на една политичарка би можел да се одрази врз
однесувањето на граѓаните на изборите не му дава на
предметот значаен јавен интерес ниту го оправдува
споменувањето на името на г-ѓа А. и нејзиниот брак со
сторителот. Владата се потпираше на одлуките за
недопуштеност од судот во случајот Société Prisma Presse v.
France (бр. 66910/01 и 71612/01 од 1-ви јули 2003 година) каде
се смета дека приватниот живот на еден политичар бил
заштитен кога единствена цел на статијата е да се задоволи
јавната љубопитност и да се создаде лукративна трговија за
медиумите. Дури и ако лицата биле познати на јавноста,
извештаите за приватните аспекти на нивниот живот требало да
придонесат за расправата на прашања од општ интерес за
општеството (види Von Hannover v. Germany, бр. 59320/00 т.65,
ЕЦХР 2004-VI). Во овој случај, брачната врска на г-ѓа А. со г. А.
не била поврзана со било која јавна дебата.
34. Владата посочи дека во Финска членовите на семејството
на политичарите обично не учествуваат во политичките функции
и дека г-ѓа А. секогаш го држела својот приватен живот стриктно
одделен од нејзините јавни функции.
35. Тие поднесоа дека информациите за приватниот живот би
можеле да бидат многу чувствителни дури и ако биле точни како
такви, а нивното објавување би можело на тој начин на
предизвика болка. Дополнителната болка била без сомнение
предизвикана кога информациите биле објавени во еден
национален таблоид. Како што забележал Окружниот суд,
износот на надоместот за непаричната штета бил заснован врз
праведна проценка штом г-ѓа А. дала доволно докази за
нејзината болка. Овој случај требало да се гледа како дел од
ПРЕСУДА KARHUVAARA AND ILTALEHTI против ФИНСКА
прецедентното право на Врховниот суд. Износите што се
доделени не се разликувале значително од преовладувачката
домашна практика, ниту биле непропорционални со целите на
член 10 став 2 од Конвенцијата.
Б. Проценката на судот
Општите принципи
36. Според добро утврденото прецедентно право на Судот,
слободата на изразувањето претставува еден од суштинските
основи на едно демократско општество и еден од основните
услови за неговиот напредок и самоостварувањето на секој
поединец. . Подложно на став 2 од член 10 на Конвенцијата, тој
е применлив не само на „информациите“ или „идеите“ што се
погодно примени или сметани како ненавредливи или како
индиферентен предмет, но исто така и на оние што
навредуваат, шокираат или вознемируваат. Такви се барањата
за плурализам, толеранција и слободоумие, без кои не постои
„демократско општество“. Таа слобода подлежи на исклучоците
предвидени со член 10 став 2, кои сепак мора да бидат стриктно
толкувани. Потребата од било какви ограничувања мора да биде
убедливо утврдена (види на пр. Lingens v. Austria, пресуда од 8-
ми јули 1986 година, серија А бр. 103, стр.26, т.41 и Nilsen and
Johnsen v. Norway (ГЦ), бр. 23118/93, т.43, ЕЦХР1999-VIII).
37. Прилогот „неопходно“, во рамките на значењето на член став 2, имплицира постоење на „неодложна општествена
потреба”. Државите договорнички имаат извесна маргина на
проценка при оценувањето дали постои таква потреба, но таа
оди рака под рака со Европскиот надзор, опфаќајќи го и
ПРЕСУДА KARHUVAARA AND ILTALEHTI против ФИНСКА
законодавството и одлуките што го применуваат, дури и оние
дадени од независен суд. Судот затоа е овластен да донесува
конечна пресуда за тоа дали „ограничувањето“ е сообразно со
слободата на изразувањето бидејќи таа е заштитена со член 10
„види Janowski v. Poland (ГЦ), бр. 25716/94, т.30, ЕЦХР 1999-I).
38. При вршењето на својата надзорна надлежност, Судот
мора да гледа на спорното попречување во светлината на
случајот како целина, вклучително содржината на забелешките
направени од жалителите во контекстот на кој се тие дадени. .
Поточно, мора да се определи дали попречувањето што е во
прашање било „пропорционално на легитимната цел кон која се
стремело“
и
дали причините наведени од страна на
националните органи за та тоа да се оправда биле „релевантни
и доволни“ (види The Sunday Times v. the United Kingdom (бр. 1),
пресуда од 26-ти април од 1979 година, серија А бр. 30, стр.38,
т.62, Lingens, наведена погоре, стр.2-26,т.40; Barfod v. Denmark,
пресуда од 22-ри февруари 1989 година, серија А бр. 149 стр.
12, т.28 ; Janowski, наведена погоре т.30, News Verlags GmbH &
CoKG v. Austria, бр. 31457/96, т.52, ЕЦХР 2000-I ). Правејќи го
тоа Судот треба да се задоволи дека националните органи
примениле норми што биле во сообразност со принципите
отелотворени во член 10 и понатаму, дека тие се засновани врз
прифатлива проценка на релевантните факти (види Jersild v.
Denmark, пресуда од 23-ти септември 1994 година, серија А бр.
298, стр. 23-24, т. 31).
39. Судот понатаму ја нагласува суштинската функција на
печатот што тој ја има во едно демократско општество. Иако
печатот не смее да пречекори извесни граници, особено што се
однесува до угледот и правата на другите и потребата да се
спречи откривањето на доверливи информации, неговата
ПРЕСУДА KARHUVAARA AND ILTALEHTI против ФИНСКА
должност е сепак да дава, на начин конзистентен со обврските и
одговорностите, информации и идеи за сите работи од јавен
интерес (види Jersild, наведена погоре, стр. 23-24, т.31; De Haes
and Gijsels v. Belgium, пресуда од 24-ти февруари 1997 година,
Извештаи од пресуди и одлуки 1997-I , стр. 233-34, Т.37 ; и
Bladet Tromsø and Stensaas v. Norway против Норвешка (ГЦ),
бр.21980/93, т.58, ЕЦХР 1999-III). Дополнително, Судот на ум го
има фактот дека новинарската слобода исто така го опфаќа
можното прибегнување кон еден степен на претерување, па
дури и провокација (види Prager and Oberschlick v. Austria)
пресуда од 26-ти април 1995 година, серија А бр. 313, стр. 19,
т.38 и Bladet Tromsø and Stensaas, наведена погоре ).
Ограничувањата на допуштената критика се потесни во однос на
приватните лица отколку во однос на политичарите или Владите
(види, на пример Castells v. Spain, пресуда од 25-ти април 1992
година, серија А бр. 236, стр. 23-24, т.46, и Incal v. Turkey,
пресуда од 9-ти јуни 1998 година, Извештаи 1998-IV, стр. 1567-
68, т. 54).
40. Сѐ на сѐ, задачата на Судот при вршењето на неговиот
надзор не е да го заземе местото на националните органи туку
попрво да ги разгледа согласно член 10, во светлината на
случајот како целина, одлуките што тие ги донеле согласно
овластувањето за проценка (види, помеѓу многу други
авторитети, Fressoz and Roire v. France (ГЦ), бр. 29183/95, т.45
ЕЦХР 1999-I).
41. Заштитата на приватниот живот треба да биде
урамнотежена во однос на слободата на изразувањето
гарантирана со член 10 од Конвенцијата. Што се однесува до
член 8, Судот повторува дека негов предмет е всушност
заштитата на поединецот наспроти произволното попречување
ПРЕСУДА KARHUVAARA AND ILTALEHTI против ФИНСКА
од страна на јавните органи. Тој не само што ја принудува
Државата да се воздржи од такво попречување: туку во додаток
на тоа примерно негативно преземање, може да има и
позитивни обврски инхерентни во ефективно почитување на
приватниот или семејниот живот (види Von Hannover, наведена
погоре, т. 57 и Stjerna v. Finland, пресуда од 25-ти ноември 1994
година, серија А бр. 299-Б, стр. 61, т.38). Границата помеѓу
позитивните и негативните обврски на една држава согласно
оваа одредба не е податна за прецизна дефиниција.
Применливите принципи се сепак слични. Во двата контекста
мора да се води сметка за праведна рамнотежа што треба да се
даде на спротивставените интереси помеѓу поединецот и
заедницата како целина; во двата контекста државата ужива
извесна маргина на проценка (види помеѓу многу други
авторитети, Keegan v. Ireland, пресуда од 26-ти мај 1994 година),
серија А бр. 290, стр.19, т.49, и Botta v. Italy, пресуда од 23-ти
февруари 1998 година, Извештаи 1998 I, стр. 427, т. 33).
2. Примената на овој случај
42. Судот забележува дека странките се во договор дека
осудата на Жалителите и наредбата со која од нив се бара да
платат отштета и трошоци довела до попречување на нивното
право на слобода на изразувањето, дека попречувањето било
„пропишано со Закон“ и понатаму, дека со него се стремело да
кон постигнување легитимна цел, имено заштита на угледот и
правата на другите во рамките на значењето на член 10 став 2
од Конвенцијата. Судот ја потврдува таа проценка. Спорот во
овој случај се однесува на прашањето дали попречувањето
било “неопходно за едно демократско општество“.
ПРЕСУДА KARHUVAARA AND ILTALEHTI против ФИНСКА
43. Судот прво забележува дека нема докази, а секако ниту
тврдења, за погрешно претставување на фактите или лоша
намера од страна на Жалителите. Фактите наведени во статиите
што се во прашање не биле оспорени дури ни пред домашните
судови. Значи нема никакво прашање дали се надминале
границите на новинарската слобода во тој поглед.
Судот понатаму забележува дека статиите што се во
прашање не содржеле никакви тврдења за вмешаноста на г-ѓа
А. Во настаните што довеле до осудувањето на г. А., ниту друг
вид тврдење против г-ѓа А. Во однос на последната, оваа жалба
може да се разликува од Tammer v. Estonia (бр. 41205/98, ЕЦХР – I). Ниту пак некои детали од приватниот живот на г-ѓа А.
што се споменати, освен фактот дека таа била мажена за г. А.,
околност која веќе била јавно позната пред објавувањето на
статиите што се во прашање. Во тие околности, особено бидејќи
г-ѓа А. како политичар требала да толерира повеќе од печатот
отколку „просечниот граѓанин“ (види точка 40 погоре), мешањето
во нејзиниот приватен живот, со претпоставка дека постоело
мешање во рамките на значењето на член 8, мора во секој
случај да се смета како ограничено.
44. Од друга страна, треба да се забележи дека предметот на
нападнатото известување немал никаква изречна тежина во
однос на политички прашања ниту некакви директни врски со
личноста на г-ѓа А. како политичар. . Следствено, статиите што
се во прашање не припаѓаат на никаков начин на некој голем
јавен интерес што се однесува до вмешаноста на г-ѓа А. Сепак,
јавноста има право да биде информирана, што е суштинско
право во едно демократско општество, дека во извесни посебни
околности, може и да се протега на аспекти од приватниот живот
на јавните личности, особено кога тоа се однесува на
ПРЕСУДА KARHUVAARA AND ILTALEHTI против ФИНСКА
политичарите. (види Вон Хановер, наведена погоре, т. 64).Во
врска со тоа судот забележува дека мислењето на Окружниот
суд било дека осудата на сопругот на една политичарка би
можела да се одрази врз намерите на луѓето како да гласаат.
Според мислењето на Судот, тоа покажува дека во
известувањето е вклучен предмет од јавен интерес барем до
некој степен.
45. Судот забележува дека домашните судови ставиле
значителна тежина на наодот дека статиите биле објавени со
цел да се привлече вниманието на читателите во главно кон
брачната врска на г. А. со г-ѓа А. Судот го прифаќа овој заклучок
како предмет на фактичко набљудување. . Нагласокот во
нападнатите статии бил јасно врз брачната врска на тужениот со
г-ѓа А., член на Парламентот - приод што разбирливо служел да
се даде боја на настаните а во исто време, да се подигне
продажбата на весникот. Тој наод сепак не е сам по себе
доволен за да го оправда осудувањето на Жалителите, бидејќи
исто така постојат други аспекти што треба да се одмерат.
46. Судот понатаму забележува дека судењето на г. А било
широко објавувано и дискутирано локално, и дека улогата на г-ѓа
А. станала, меѓу другото, популарна политичка сатира во една
емисија емитувана национално на првата телевизија. . Така,
нападнатите статии не го откриле идентитетот на г-ѓа А. во
контекст на првичната постапка за прв пат. Судот сепак може да
го прифати наодот на домашните судови дека националното
објавување на Илталехти имало способност да ја наруши
приватноста на г-ѓа А. во поголем степен од претходната изјава
на истите факти во локалниот весник со поограничен промет.
Додека тоа толкување изгледа дека е на линија со домашното
прецедентно право (види точки 26-28 погоре) и затоа не може да
ПРЕСУДА KARHUVAARA AND ILTALEHTI против ФИНСКА
се смета како произволно, исто така не е доволно за да се
оправда пресудата за Жалителите.
Друг фактор кој треба да се земе предвид е член 15 од
Законот за парламентот кој, во тоа време, предвидувал посебна
заштита на членовите на Парламентот при вршењето на
нивните должности со тоа што, меѓу другото, пропишувал дека
различни кривични дела сторени против нив додека
Парламентот е на седница требало да се сметаат како да се
извршени под особено отежителни околности.
47. Судот мора да ја процени важноста на споменатата
одредба во светлината на посебните околности на случајот
(види Вајте и Kennedy v. Germany (ГЦ), бр. 26083/94,т.64, ЕЦХР,
1999-I ). Тој забележува дека во врска со тоа неговата задача не
е да го разгледа релевантниот закон и тактиката на апстрактен
начин, туку да одреди дали начинот на кој тие биле применети
или се одразиле на жалителот предизвикал повреда на
Конвенцијата (види, mutatis mutandis, Padovani v. Italy, пресуда
од 26-ти февруари 1993 година, серија А бр. 257-Б, стр. 20, т.24).
Поточно, не е задача на Судот да го заземе местото на
домашните судови. На националните органи, особено на
судовите, е примарно да ги решат проблемите на толкувањето
на домашното законодавство (види, помеѓу другите авторитети,
Pérez de Rada Cavanilles v. Spain,, пресуда од 28-ми октомври година, Извештаи 1998-VIII, стр. 3255, т. 43).Улогата на
Судот е ограничена на тоа се увери дали ефектите од таквото
толкување се компатибилни со Конвенцијата.
48. Судот забележува дека е долгогодишна практиката
Државите во главно да даваат различен степен на имунитет на
парламентарците со цел да се овозможи слободата на говорот
на претставниците на народот и да се спречат партиските
ПРЕСУДА KARHUVAARA AND ILTALEHTI против ФИНСКА
приговори да ги попречуваат парламентарните функции (види
Cordova v. Italy (бр. 1), бр. 4877/98, т.5, ЕЦХР, 2003-I ). Судот
понатаму наоѓа дека имунитетот што се придава на изјавите
дадени во тек на парламентарни дебати во законодавните
простории е планиран да ги заштити интересите на парламентот
како
целина,
наспроти
интересите
на
поединечни
парламентарци, е компатибилен со Конвенцијата (види A. v. the
United Kingdom, бр. 35373/97, т.84-85, ЕЦХР 2002-Х).
49. Овој случај не го предизвикува прашањето на
парламентарниот имунитет директно како имунитетот на г-ѓа А.
во однос на граѓански или кривични тужби да бил ставен во
прашање. Парламентарниот имунитет бил сепак со индиректна
релевантност бидејќи статусот на г-ѓа А. како член на
Парламентот бил тој што водел до сериозни осуди и пресуди
согласно член 15 од Законот за Парламентот. Таа индиректна
заштита дадена на парламентарците по поат на казниви и
кривични санкции за застрашување насочени кон трети лица, е
релевантна и за оправданоста и за пропорционалноста на
осудите.
50. Судот забележува дека предметните кривични дела
немале никаква врска со вршењето на официјалните должности
на г-ѓа А. како член на Парламентот. Не била сугерирана
никаква критика на г-ѓа А., дури не се ни тврдело дека
објавувањето на името и сликата на г-ѓа А. во врска со
известувањето за кривичната постапка против г. А. на никаков
начин не се одразиле врз слободата на говорот на г-ѓа А. Ниту
биле способни да ја ограничат слободната парламентарната
дебата. Во отсуство на било каква врска со целите кои се основа
за парламентарниот имунитет, употребата на парламентарниот
ПРЕСУДА KARHUVAARA AND ILTALEHTI против ФИНСКА
статус на г-ѓа А. како отежителен фактор за кривичните дела
што се во прашање е проблематична.
Забележано е дека домашните судови оставиле впечаток
дека член 15 од Законот за Парламентот бил застарен. Сепак,
настрана од забелешката дека одредбата не им оставила
никаква дискреција, тие се воздржале од давање било какво
упатство за тоа како одредбата требало да се применува кога е
во конфликт со други важни спротивставени интереси.
Според мислењето на Судот, со оглед на неговото утврдено
прецедентно право, ограничувањата на дозволената критиката
се пошироки во однос на политичарите, автоматската или
неквалификуваната примена на член 15 од страна на
домашните судови, ефективно ги поништиле спротивставените
интереси гарантирани со член 10 од Конвенцијата.
51. Конечно, Судот ја земал предвид строгоста на паричните
казни наметнати врз Жалителите. Тој забележува дека на
првиот Жалител му било наредно да плати 80 дневници, во
износ од 47.360 ФИМ (приближно 7.965 ЕУР). Во дополнение,
сите тужени, вклучително од првиот Жалител и Друштвото
жалител, им било наредено да платат отштета заеднички и
поединечно во целосен износ од 175.000 ФИМ (приближно 2.940
ЕУР). Не е јасно дали тие износи биле платени, или ако е така,
како тие биле распределени помеѓу Жалителите. Ако е така како
што може да биде, строгоста на пресудата и износите за
надомест мора да се сметат како особено суштински бидејќи
кога се смета дека максималниот надомест што се дава на
жртвите на сериозно насилство изнесувал приближно 100.000
ФИМ (16.891 ЕУР) (види т.24 погоре).
Судот смета дека таквите строги казни, гледани наспроти
позадината од ограниченото нарушување на приватниот живот
ПРЕСУДА KARHUVAARA AND ILTALEHTI против ФИНСКА
на г-ѓа А. (види точка 44 погоре), откриваат голема
непропорционалност помеѓу спротивставените интереси за
заштита на приватниот живот и слободата на изразувањето.
52. Според мислењето на Судот, причините врз кои се
потпираат домашните судови, иако релевантни, не биле
доволни да покажат дека обжаленото попречување било
„неопходно за едно демократско општество“. Понатаму,
паричните казни што се наметнати биле непропорционални. Со
оглед на сите горенаведени фактори, и покрај маргината за
проценка дадена на Државите во оваа област, судот смета дека
домашните судови не успеале да постигнат праведна рамнотежа
помеѓу спротивставените интереси.
53. Значи, постоело нарушување на член 10 од Конвенцијата.
II. ПРИМЕНАТА НА ЧЛЕН 41 ОД КОНВЕНЦИЈАТА
54. Член 41 од Конвенцијата предвидува:
„Ако Судот најде дека постоело нарушување на Конвенцијата или
нејзините Протоколи, иако внатрешното право на односната Висока
договорничка страна дозволува да се врши било каква делумна
репарација, Судот ако е потребно ќе додели праведна сатисфакција на
оштетената страна.“
А. Штета
55. Жалителите бараат надомест за паричната штета
настаната во текот на домашната постапка со годишна камата
од 11% во вкупен износ од 58.645, 37 евра (ЕУР), која се состои
од следното: Наметнатата парична казна со камата на 8-ми
ноември 1999 година, во вкупен износ од 7.965,38 ЕУР, 175.000
Фински марки (ФИМ) во надомест за непаричната штета и
ПРЕСУДА KARHUVAARA AND ILTALEHTI против ФИНСКА
камата од 48.220,55 ФИМ, во вкупен износ од 223.220,55 ФИМ
(37.543 ЕУР); и судски трошоци за г-ѓа А. пред Окружниот суд
(72.109 ФИМ) и пред Апелациониот суд (6.000 ФИМ), што вкупно
изнесува 78.109 ФИМ (13.136,99 ЕУР).
Тие исто така побарувале сума од 35.000 ЕУР како надомест
за непаричната штета настаната поради прекршувањата на
нивните права.
56. Што се однесува до паричната штета, Владата прифати
дека, во случај да биде утврдено прекршување, Жалителите
имаат право на надомест. . Тие пресметале дека на Жалителите
им било наредено да платат вкупно 36.435 ЕУР (всушност,
36.345), без камата. На првиот Жалител му било наложено да
плати вкупно 22.155 ЕУР (7.965 ЕУР како парична казна, 9.811
ЕУР како една третина од вкупниот надомест платен на г-ѓа А.
4.043 ЕУР како една третина од судските трошоци на г-ѓа А.
пред Окружниот суд, и 336 ЕУР како една третина од судските
трошоци на г-ѓа А. пред Апелациониот суд). На вториот Жалител
му било наложено да плати вкупно 14.190 ЕУР (9.811 ЕУР како
една третина од вкупниот надомест платен на г-ѓа А, 4.043 ЕУР
како една третина од судските трошоци на г-ѓа А. пред
Окружниот суд и 336 ЕУР како една третина од судските
трошоци пред Апелациониот суд) Што се однесува до
побарувањата за камата, тие тврделе дека Судот треба да ги
примени своите вообичаени критериуми за проценка во
финските случаи.
Владата сметаше дека наодот дека постои прекршување
треба сам по себе да претставува доволно праведна
сатисфакција за непаричната штета претрпена од Жалителите.
Во секој случај, побарувањата на Жалителите за непарична
штета според нивното мислење биле преголеми.
ПРЕСУДА KARHUVAARA AND ILTALEHTI против ФИНСКА
57. Судот наоѓа дека постои причинска врска помеѓу
утврденото прекршување
и
наводната парична штета.
Следствено, може да се оправда доделувањето на Жалителите
по таа точка. Во поглед на сите околности, судот на Жалителите
им доделува 36.345 ЕУР како надомест за паричната штета
(22.155 ЕУР на првиот жалител и 14.190 ЕУР на Друштвото
жалител).
58. Судот не ја отфрла можноста дека првиот Жалител,
главниот уредник на Илталехти, може да претрпел непарична
штета како резултат на прекршувањето на член 10. Тој сепак
смета дека во околностите на случајот, наодот дека постои
прекршување сам по себе претставува доволно праведна
сатисфакција.
Што се однесува до вториот Жалител, судот повторува дека
во извесни услови на трговски друштва може исто така да им се
даде надомест за непарична штета. При проценката дали такво
право постои, треба да се води сметка за угледот на друштвото,
несигурноста при планирање на одлуките, прекинот во
раководењето со друштвото (за што нема прецизен метод за
пресметување на последиците) и на крајот, дури и на понизок
степен, стравот и нелагодноста предизвикани за членовите на
управниот тим (види Comingersoll v. Portugal (ГЦ), бр. 35382/97,
т.35, ЕЦХР 2000-IV, и Société Colas Est and Others v. France, бр.
37871/97 т.41, ЕЦХР 2002 III). Како и да е, околностите од овој
случај не откриваат никакви фактори што би го оправдале
доделувањето надомест за непарична штета. Следствено,
Судот смета дека наодот за прекршувањето претставува сам по
себе доволна сатисфакција за било каква непарична штета што
е претрпена.
ПРЕСУДА KARHUVAARA AND ILTALEHTI против ФИНСКА
Б. Трошоци и издатоци
59. Жалителите бараа надомест за судските трошоци
настанати за нив пред Окружниот суд (64.061,20 ФИМ), пред
Апелациониот суд (22.410 ФИМ) и пред Врховниот суд (36.600
ФИМ), вкупно 123.071,20 ФИМ (20.699,09 ЕУР).
Тие исто така побаруваа надомест за нивните судски трошоци
и издатоци настанати во постапката пред судот, во износ од
17.327,32 ЕУР (вклучително ДДВ).
60. Владата сметаше дека побарувањата на Жалителите се
нејасни. Тие понатаму наведоа дека немало документација во
однос на настанатите трошоци пред националните судови освен
напомнувањето за износот во Одлуката на Апелациониот суд, и
дека е непознато дали тој износ вклучува ДДВ или не. Владата
исто така аргументираше дека надоместот на трошоците и
издатоците треба да се намали поради фактот што на 1-ви јуни година, Судот го прогласил недопуштен приговорот на
Жалителите согласно член 6 став 2 од Конвенцијата (види Матс
Mats Jacobsson v. Sweden) пресуда од 28-ми јуни 1990 година,
серија А бр. 180-А, стр.16, т.46). Тие исто така сметаа дека
имало два случаја на усна расправа пред Судот на 10-ти
февруари 1994 година, и дека тоа треба да се земе предвид кога
ќе се одлучува за износот на трошоците што треба да се
додели.
61. Владата остави на дискрецијата на судот да одлучи дали
жалителите ги поткрепиле своите побарувања за соодветни
трошоци и издатоци. Како и да е, според нивното гледиште
вкупниот износ за трошоци и издатоци на жалителите не треба
да надминува 15.500 ЕУР (вклучително ДДВ) во овој случај.
ПРЕСУДА KARHUVAARA AND ILTALEHTI против ФИНСКА
62. Што се однесува до домашните постапки, Судот
забележува дека вкупниот насобран износ за судски трошоци
изнесува 14.543 ЕУР (86.471,20 ФИН) во поглед на постапката
пред Окружниот суд и пред Апелациониот суд. Во пресудата на
Апелациониот суд од 3-ти декември 1998 година, било наведено
дека Жалителите барале надомест за нивните судски трошоци
пред Окружниот суд во износ од 64.061,29 ФИМ (10.774 ЕУР) и
пред Апелациониот суд во износ од 22.410 ФИМ (3.769ЕУР),
вкупно 86.471,20 ФИМ (14.543 ЕУР). Во жалбата на жалителите
да се дозволи жалба до Врховниот суд, тие барале
дополнителен надомест за нивните судски трошоци настанати
пред Врховниот суд во износ од 36.600 ФИМ (6.156 ЕУР). Нема
други индикации во однос на судските трошоци на жалителите
настанати пред домашните судови. Имајќи ги предвид сите
околности, Судот доделува на жалителите 14.000 ЕУР по оваа
точка.
63. Што се однесува до постапката пред Судот, сметката на
трошоци и издатоци на Жалителите од 1-ви август 2004 год.
изнесуваше 17.327,32 ЕУР (вклучително ДДВ), за вкупно
деведесет и три часа работа. Забележува дека побарувањето за
праведна сатисфакција на Жалителите се состои од неколку
посебни и делумно спротивставени пресметки, како што смета
Владата во нејзините забелешки. Сепак, Судот е задоволен со
спецификацијата на сметката на Жалителите. Земајќи ги
предвид сите околности, Судот им доделува 15.000 ЕУР како
надомест по таа точка.
ПРЕСУДА KARHUVAARA AND ILTALEHTI против ФИНСКА
В. Затезна камата
64. Судот смета дека е соодветно затезната камата да се
заснова врз маргиналната кредитна стапка на Европската
централна банка, на која треба да се додадат три процентуални
точки.
ПОРАДИ ТИЕ ПРИЧИНИ, СУДОТ ЕДНОГЛАСНО
Смета дека постои повреда на член 10 од Конвенцијата,
2. Смета дека оваа пресуда сама по себе претставува доволна
сатисфакција за секоја претрпена непарична штета,
3. Смета
(а) Дека тужената Држава треба на првиот Жалител, во рок
од три месеци од датумот на кој пресудата ќе стане конечна
согласно член 44 став 2 од Конвенцијата, да му плати 22.155
ЕУР (дваесетидвеилјадиистопедестиипетевра)во однос на
непарична штета,
(б) Дека тужената Држава на вториот Жалител треба да му
плати во рок од три месеци од датумот кога пресудата ќе
стане конечна согласно член 44 став 2 од Конвенцијата,
14.190 ЕУР (четринаесетилјадиистодеведсетилјадиевра) во
поглед на парична штета,
(в) Дека тужената Држава треба да им плати на Жалителите
заеднички 29.000ЕУР (дваесетидеветилјадиевра) во поглед
на трошоци и издатоци,
ПРЕСУДА KARHUVAARA AND ILTALEHTI против ФИНСКА
(г) Дека од истекот на горе наведените три месеци до
порамнувањето ќе се плаќа едноставна камата на горните
износи по стапка еднаква на маргиналната каматна стапка на
Европската централна банка во текот на затезниот период
плус три процентуални точки,
4. Го отфрла остатокот од побарувањето на Жалителите за
праведна сатисфакција
Составено на англиски јазик и известено во писмена форма
на 16-ти ноември 2004 година, согласно Правилото 77 став 2 и 3
од Правилата на Судот.
Michael O’BOYLE
Nicolas BRATZA
Секретар
Претседател
© Rada Europy / Europejski Trybunał Praw Człowieka, źródło: HUDOC (hudoc.echr.coe.int), pozyskano 13.07.2026. · Źródło