55061/00
WyrokETPCz2006-06-22ECLI:CE:ECHR:2006:0622JUD005506100
Analiza orzeczenia
Sekcja wygenerowana przez AI na podstawie treści orzeczenia — nie stanowi cytatu.
Zagadnienie prawne
Czy brak skutecznego śledztwa w sprawie zarzutów złego traktowania przez policję naruszył proceduralny aspekt art. 3 Konwencji?Ratio decidendi
Trybunał uznał, że choć nie udowodniono ponad wszelką wątpliwość, iż obrażenia skarżącej zostały zadane przez policję, to jej zarzuty były "uzasadnione" i wymagały skutecznego śledztwa. Krajowe władze nie przeprowadziły takiego śledztwa, ignorując kluczowe dowody (zaświadczenie lekarskie) i nie przesłuchując istotnych świadków (męża i córki skarżącej), co uniemożliwiło wyjaśnienie okoliczności zdarzenia i pociągnięcie winnych do odpowiedzialności. To zaniedbanie stanowiło naruszenie proceduralnego obowiązku państwa wynikającego z art. 3 Konwencji.Stan faktyczny
Skarżąca, Penka Atanasova Kazakova, została oskarżona o kradzież i zabrana na posterunek policji w Rakovski. Twierdziła, że policjant J.B. pobił ją, groził jej, a następnie skuł kajdankami do kaloryfera. Następnego dnia lekarz sądowy stwierdził u niej liczne siniaki i otarcia. Skarżąca złożyła skargi do prokuratury wojskowej i Ministerstwa Spraw Wewnętrznych, jednak jej zarzuty zostały odrzucone, a śledztwo uznano za nieskuteczne.Rozstrzygnięcie
Trybunał jednogłośnie uznał skargi dotyczące art. 3 i 13 Konwencji za dopuszczalne, a pozostałe za niedopuszczalne. Stwierdził (4 głosami do 3), że nie doszło do naruszenia art. 3 Konwencji w odniesieniu do zarzutów złego traktowania. Jednogłośnie stwierdził naruszenie art. 3 Konwencji w odniesieniu do nieskuteczności śledztwa. Jednogłośnie uznał, że nie ma potrzeby badania skargi na podstawie art. 13 Konwencji. Zasądził skarżącej 2 500 EUR za szkody niemajątkowe i 1 500 EUR za koszty i wydatki.Pełny tekst orzeczenia
ПЕТТИ ОДДЕЛ
СЛУЧАЈ КАЗАКОВА против БУГАРИЈА
(Жалба бр. 55061/00)
ПРЕСУДА
СТРАЗБУР
22 јуни 2006 г.
© Совет на Европа/Европски суд за човекови права, 2012. Овој превод е направен со поддршка на Специјалниот фонд за човекови права на Советот на Европа (www.coe.int/humanrightstrustfund). Тој не го обврзува Судот. За дополнителни информации погледнете ја целосната информација во врска со авторско право на крајот од овој документ.
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2012. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (www.coe.int/humanrightstrustfund). It does not bind the Court. For further information see the full copyright indication at the end of this document.
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2012. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (www.coe.int/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour. Pour plus de renseignements veuillez lire l’indication de copyright/droits d’auteur à la fin du présent document.
КОНЕЧНА
22/09/2006
Оваа пресуда ќе стане конечна согласно условите дефинирано во член 44 став 2 од Конвенцијата. Може да биде предмет на редакциски измени.
Во случајот на Казакова (Kazakova)против Бугарија
Европскиот суд за човекови права (петти оддел) кој заседаваше во совет составен од :
г-дин. П. Лорензен (P. Lorenzen), претседател,
г-ѓа С. Ботучарова (S. Botoucharova),
г-да. К. Јунгвирт (K. Jungwiert),
В. Буткевич (V. Butkevych),
Р. Марусте (R. Maruste),
Х. Борего Борего (J. Borrego Borrego),
г-ѓа Р Јегер (R. Jaeger), судии,
и г-ѓа К Вестердик (C. Westerdiek), секретар на одделот,
Откако го разгледа случајот на затворена седница на советот на 29 мај 2006 г.,
Ја донесе следната пресуда која беше усвоена на истиот датум:
ПОСТАПКА
1. Случајот произлегува од жалба (бр 55061/00) поднесена против Република Бугарија и во која државјанка на оваа држава, г-ѓа Пенка Атанасова Казакова ( Penka Atanasova Kazakova) („жалителката“) се обрати до судот на 9 ноември 1999 г. во согласност со членот 34 од Конвенцијата за заштита на човековите права и основните слободи („Конвенцијата“)
2. Жалителката е застапувана од г-дин М. Екимиџев (M. Ekimdjiev), адвокат во Пловдив. Бугарската влада („Владата“ ) е застапувана од нејзиниот агент, г-ѓа М. Коцева (M.Kotseva) од Министерството за правда.
3. На 8 декември 2004 г., првиот оддел одлучи да ја проследи жалбата до Владата. Согласно одредбите од членот 29 став 3, одлучи дека во исто време ќе бидат испитани допуштеноста и основаноста на случајот.
4. На 1 април 2006 г., случајот беше доделен на ново- формираниот петти оддел.
ФАКТИ
I. ОКОЛНОСТИТЕ НА СЛУЧАЈОТ
5. Жалителката е родена во 1960 г. и живее во Стрјама.
A. Притвор на жалителката
6. На 13 мај 1996, одреден С.В и неговата сопруга се обратиле до регионалната служба на полицијата во Раковски со поплака против жалителката, наведувајќи дека кон 8 часот наутро истата им украла две торби со документи и одредена сума на пари. Пред да поднесат тужба, С.В и неговата сопруга неуспешно се обидувале да ја убедат жалителката да признае дека ги земала торбите и да им ги врати.
7. Мајката и ќерката на жалителката биле испрашувани од страна на полицијата. Откако била информирана, жалителката отишла во полициската станица во Раковски и признала дека ги зела торбите, нудејќи да им ги врати на С.В и неговата сопруга. Меѓу 16 и 17 часот, еден полицаец (Ј. Б) заедно со жалителката отишол во продавницата каде таа работела и таа му ги дала торбите без присуство на сведоци и без да биде подготвен записник за нивната содржина.
8. Откако ги известил сопствениците дека нивните торби се пронајдени, кон 18 часот Ј.Б отишол во просториите на полициската станица во Раковски каде ја проверил содржината на торбите во присуство на директорот на службата. Тие утврдиле недостаток на одредена сума на пари (околу три илјади американски долари и четириесет илјади лева).
9. Ј.Б. отишол во Стрјама во продавницата каде жалителката работела и таа била принудена да го придружува во полициската станица во Раковски каде била испрашувана во врска со исчезнатите пари во присуство на директорот на службата. Подоцна, настанал судир меѓу жалителката и тужителите за време на кој жалителката негирала дека ги украла парите. По овој судир, Ј.Б ја изнел жалителката во ходникот и ја врзал со лисици за радијатор. Неколку минути подоцна, Ј.Б, С.В и неговата сопруга ја напуштиле полициската станица.
10. Ј.Б се вратил околу еден час подоцна, кон 22 часот, придружуван од сопругот и ќерката на жалителката кои претходно го посетиле домот на С.В со цел да разговараат за инцидентот. Жалителката беше испрашана од страна на Ј.Б во нивно присуство. Покрај тоа, тој ѝ наредил да му ги даде личните документи за идентификација.
11. По ова испрашување, сопругот и ќерката на жалителката ги напуштиле просториите. Сопругот на жалителката повторно отишол кај С.В да поразговара за инцидентот.
12. Околу дваесетина минути по нивното заминување, кон 23 часот и 30, жалителката била одведена од Ј.Б и уште еден полицаец во Стрјама, каде живеела и била пуштена.
13. На 14 мај 1996 г., кон 13 часот, жалителката консултирала лекар по судска медицина, кој ја прегледал и ѝ издал лекарско уверение.
14. Согласно уверението, жалителката имала оток од околу два сантиметра на главата, хематом со должина од осум сантиметри и ширина од четири и пол сантиметри на надворешната страна на левата мишка; еден хематом со должина од три и пол сантиметри и ширина од три сантиметри на задниот дел од левата мишка; еден хематом со должина од пет сантиметри и ширина од три сантиметри на опачината на левата рака во основата на палецот; еден друг хематом со должина од три сантиметри и ширина од три сантиметри во основата на средниот прст на левата рака; еден хематом со должина од еден сантиметар и ширина од сантиметар и пол на задната страна од артикулацијата на десниот зглоб; и еден друг хематом со должина од два сантиметра и ширина еден сантиметар во основата на палецот на десната рака ; еден хематом во вид на лента од седум сантиметри должина во основата на прстите од десната дланка ; еден сличен хематом со должина од три сантиметри и ширина од сантиметар и пол и абразија на кожата со должина и ширина од половина сантиметар во основата на петтиот прст од десната рака ; еден хематом по целата задна страна на средината на четвртиот прст на десната рака; еден хематом во вид на лента со големина од дваесет и четири сантиметри на десет сантиметри на десниот задник ; еден хематом во форма на две надредени ленти од девет сантиметри во должина и три сантиметри во ширина од надворешната страна на левата бутина и еден хематом во должина од два сантиметра и ширина од два сантиметра на внатрешната страна од бутината.
15. Лекарот констатирал дека повредите биле предизвикани со помош на цврст предмет и дека можеле да бидат предизвикани во моментот и на начинот опишан од страна на жалителката, односно со употреба на палка од страна на полицаец во цивилна облека, претходниот ден кон 20 часот и 30 минути, како и дека еден од зглобовите ѝ бил прикачен за радијатор.
16. На 26 јуни 1996 г., на жалителката и бил вратен документот за идентификација.
Б. Обидите на жалителката да покрене кривична гонење против Ј.Б
17. На 16 мај 1996 година жалителката поднела тужба до военото обвинителство, наведувајќи дека била малтретирана од страна на Ј.Б при судирот со С.В и неговата сопруга. Таа навела дека подоцна полицискиот службеник ја влечкал во ходникот и дека користејќи лисици ја врзал за радијаторското греење .
18. Жалителката ги навела имињата на личноста која ја видела кога влегувала во полициската станица во придружба на Ј.Б, дежурниот полициски службеник и Т.Р, полицискиот службеник кој ја возел колата во која била пренесена во Стрјама. Воедно, потврдила дека нејзиниот сопруг и ќерка можеле да посведочат за нејзината состојба, имајќи предвид дека биле присутни за време на второто испрашување. Жалителката го опишала овој дел од случувањата со следните изрази:
„ Ј. Б ми кажа дека ќе отиде во мојот дом за да ги уапси мојот сопруг и моите деца и дека ќе ги донесе во полициската станица каде ќе ги тепа сѐ додека не признам [дека сум ги зела парите]. Ги доведе во полициската станица во Раковски околу еден час подоцна. Мојот сопруг и ќерката ме видоа со модрици и помодрена од удари. Ме праша што се случува и што се тие модрици. Му одговорив дека Ј.Б ме тепаше. Нѐ одведе сите во неговата канцеларија. Потоа, ми го побара пасошот и му го дадов. Ме натера да напишам изјава. Од друга страна, ги натера мојот маж и ќерка да си одат, велејќи му на мојот сопруг дека нема да ме ослободи сѐ додека не признаам. Изјави пред мојот маж дека ќе ме одведе во затвор уште истата вечер доколку не признаам каде се парите. Мојот сопруг замина со мојата ќерка. Кога ја виде изјавата збесна и ми кажа дека ќе ме ликвидира доколку ја изгубам работата. Подоцна, ме однесе на првиот спрат и ме остави на крајот од ходникот. Ми рече дека ќе оди да земе кола за да ме однесе во затвор. Се врати дваесет минути подоцна и ми кажа да го следам. “
19. Жалителката поднела нова жалба до обвинителството на 24 февруари 1997 г., имајќи предвид дека не била информирана за резултатот од истрагата.
20. На 12 мај 1997 г. регионалното воено обвинителство, го отфрлило случајот врз основа на тоа што Ј.Б и Т.Р негирале дека лошо постапувале со жалителката. Обвинителот препорачал изрекување на дисциплинска санкција за Ј.Б бидејќи не подготвил записник за содржината на торбите.
21. На неодреден датум, жалителката поднела жалба против решението за отфрлање. На 31 март 1998 г. военото обвинителство ја отфрлило нејзината жалба. Обвинителот констатирал дека жалителката била уапсена на 13 мај 1996 г. кон 20 часот. Истата била одведена во просториите на полициската служба во Раковски каде настанал судир меѓу жалителката и тужителите. Потоа Ј.Б ја испитал жалителката во присуство на нејзиниот сопруг кој го напуштил местото на настанот, откако ѝ се заканил. По неговото заминување, кон 24 часот, жалителката била одведена дома од страна на Ј.Б и Т.Р.
22. По направената анализа на собраните докази, обвинителот сметал дека наводите на жалителкатата дека била малтретирана за време на судирот со С.В и неговата сопруга се противречни на сведочењата на Ј.Б, Т.Р, С.В и неговата сопруга.
23. На 22 јуни 1999 г., жалителката поднела жалба до јавното обвинителство пријавувајќи дека покрај С.В и неговата сопруга, военото обвинителство ги испитало единствено колегите на Ј.Б, без да прибави сведочења од мажот и ќерката на жалителката. Воедно, таа посочила дека обвинителството не се впуштило во испитување на причината за повредите утврдени од лекарот по судска медицина, вклучувајќи ги трагите од лисиците на десниот рачен зглоб.
24. На 17 септември 1999 г., обвинителството ја отфрлило жалбата по основ на тоа дека собраните докази за време на истрагата не ги поткрепувале наводите на жалителката.
Б. Други обиди на жалителката да се утврди одговорноста на Ј.Б
25. На 29 мај 1996 г, жалителката се пожалила на однесувањето на Ј.Б кај директорот на дирекцијата на Министерството за внатрешни работи во Пловдив.
26. На неодреден датум, жалителката поднела жалба до Министерството за внатрешни работи. Со писмо од 18 ноември 1996 г. била информирана дека ќе биде поведена дисциплинска постапка по завршувањето на кривичната постапка поведена согласно жалбата на жалителката.
II. РЕЛЕВАНТНО ВНАТРЕШНО ПРАВО
A. Спроведување на јавната постапка
27. Согласно соодветните одредби од Законот за кривична постапка (ЗКП), јавниот обвинител и иследникот се единствените надлежни за кривично гонење кога со оглед на фактите на случајот постои основано сомневање дека е сторено кривично дело. Тие дејствуваат по основ на тужба или по сопствена иницијатива (членови 186-192 од ЗКП).
28. Органите за гонење имаат право да започнат прелиминарна истрага со цел да се утврди дали има основ за гонење (член 191 од ЗКП). Во согласност со членот 237 алинеја 6, во сила во времето на настаните, жртвите можеле да поднесат жалба против одлуката за отфрлање пред обвинителот од повисок ранг.
29. Сторените повреди од полициските службеници се од надлежност на воените судови и воените обвинители и истражители (член 388 алинеја 1 од ЗКП, во важност на времето на настаните).
Б. Притвор
30. Членовите 33 и 34 од Законот за национална полиција, во сила во времето на настаните, ја предвидуваа можноста полициските службеници да ги притворат во период од 24 часа осомничените за кривични дела. Според член 33 алинеја 3, засегнатото лице можело да поднесе жалба против притворот пред надлежниот суд кој ја имал обврската да ја разгледа жалбата што е можно поскоро.
ПРАВОТО
I. ЗА НАВОДНИТЕ ПОВРЕДИ НА ЧЛЕН 3 ОД КОНВЕНЦИЈАТА
31. Жалителката наведува дека била со сила одведена во полициската станица, дека била тепана од Ј.Б кој ѝ се заканувал и ја оставил врзана за радијатор. Исто така, се жали на отсуството на ефективна истрага во однос на нејзините наводи за лошо постапување. Се повикува на член 3 од Конвенцијата кој гласи:
„ Никој не може да биде подложен на мачење, нечовечкo или понижувачко постапување или казнување“
A. За допуштеноста
32. Владата смета дека жалбите се очигледно неосновани. Жалителката ја побива оваа теза.
33. Судот констатира дека жалбите не се очигледно неосновани во смисла на членот 35 став 3 од Конвенцијата. Од друга страна Судот забележува дека истите не во спротивност со ниеден друг основ за недопуштеност. Оттука, треба да бидат прогласени за допуштени.
Б. За основаноста
1. За наводното лошо постапување
a) Аргументи на страните
34. Владата ги оспорува наводите на жалителката според кои била малтретирана за време на нејзиниот притвор. Укажува дека лекарското уверение нема доказна вредност бидејќи е издадено некои тринаесет часа по ослободувањето на засегнатото лице. Владата истакнува дека жалителката не дала никакво разумно објаснување за доцнењето, ниту никакви докази за потврда на наводите дека повредите не постоеле за време на нејзиното апсење.
35. Во однос на можните причини за повредите констатирани од лекарот по судска медицина, Владата укажува на фактот дека жалителката навела во својата жалба до обвинителството дека нејзиниот сопруг за време на испрашувањето во полициската станица и се заканил дека ќе ја „ликвидира“ и дека тој факт е нотиран од страна на военото обвинителство. Заедно со фактот дека жалителката не побарала медицински третман повеќе од тринаесет часа, оваа изјава во голема мера ја прави веродостојна верзијата на настаните согласно која таа била малтретирана од својот сопруг.
36. Владата исто така тврди дека жалителката не доставила никаков доказ во поткрепа на тврдењето дека била малтретирана од Ј.Б. Напротив, јасно произлегувало од прибраните сведоштва, конкретно од изјавите на сопствениците на изчезнатите торби, дека Ј.Б покажал почит во однос на жалителката преку обидот пријателски да се реши спорот.
37. Конечно, Владата изразила став дека носењето лисици не го достигнува нивото на сериозност за да биде опфатено со членот 3.
38. Жалителката одговорила дека немајќи го потребното искуство не помислила веднаш по ослободувањето да отиде кај лекарот по судска медицина. Сепак, консултирала лекар следниот ден, веднаш штом ја имала таа можност.
39. Жалителката признала дека не доставила доказ за тоа дали била во добра здравствена состојба за време на нејзиното апсење. Сепак таа сметала дека тоа не можело да ѝ се префрли со оглед на тоа што одговорноста за собирање на докази за ова прашање им припаѓала на националните власти и првенствено тие требало да ги испитаат нејзиниот сопруг и ќерка кои можеле да посведочат за нејзината здравствена состојба пред нејзиното притворање.
40. Жалителката укажула дека Владата погрешно ја толкувала содржината на нејзината жалба до обвинителот. Забележала дека е направена грешка во наведувањето на фактите и дека со употребата на реченицата „Тој ми рече дека доколку ја изгубам работата ќе ме ликвидира“ таа се повикувала на заканите од Ј.Б кој ѝ рекол „Ако ја изгубам работата, ќе те убијам“. Според неа, грешката јасно можела да се воочи со внимателно читање на делот во прашање.
41. Конечно, жалителката додала дека употребата на лисици воопшто не била потребна во конкретниот случај.
б) Оценка на судот
42. Судот потсетува дека лошото постапување треба да достигне еден минимум на сериозност за да потпадне под членот 3. Процената на овој минимум е релативна: тоа зависи од сите околности на случајот и особено од траењето на постапувањето, на физичките и/или психичките последици, и понекогаш и од полот, возраста и здравствената состојба на жртвата. Кога една личност е лишена од слобода, употребата на физичка сила, освен во случаите кога е стриктно неопходна заради нејзиното однесување, е повреда на човечкото достоинство и во принцип претставува повреда на правото гарантирано со членот 3 (видете, меѓу другите извори Текин (Tekin) против Турција, пресуда од 9 јуни 1998, Збирка на пресуди и одлуки 1998‑IV, стр. 1517–1518, §§ 52 и 53).
43. Наводите за лошо постапување мора да бидат поткрепени пред Судот со соодветни докази. За да ги утврди фактите, судот се служи со стандардот на користење докази за кои „не постои разумно сомневање“; таков доказ може да произлезе од серија показатели или од неоспорни, доволно сериозни, прецизни и доследни претпоставки (види Ирска против Обединето Кралство, пресуда од 18 јануари 1978, серија А бр 25, стр 65, § 161 in fine). Од друга страна, кога едно лице е притворено во добра здравствена состојба, а во моментот на неговото ослободување се констатира дека е повредено, обврска на државата е да обезбеди разумно објаснување за потеклото на повредите. (види Селмуни (Selmouni) против Франција [ГC], бр 25803/94, § 87, ЕСЧП 1999‑V).
44. Судот забележува дека во конкретниот случај доставеното лекарско уверение од страна на жалителката утврдува повеќе модринки и гребнатинки на кожата на различни места од телото ( види став 13 погоре), кои изгледаат доволно сериозни да потпаднат во рамки на примената на членот 3 од Конвенцијата. Според тоа, останува да се утврди дали државата може да биде одговорна за повредите согласно членот 3.
45. Судот забележува дека лекарот кој ја испитал жалителката следниот ден по нејзиното излегување од притвор утврдил на нејзиното тело модринки кои укажуваат дека била удрена со цврст предмет. Оттука, Судот смета дека не е спорно дека жалителката била жртва на насилство од било каков извор дваесет и четири часа пред гореспоменатиот лекарски преглед.
46. Судот констатира дека штом Владата го спомнува фактот дека жалителката не докажала дека повредите постоеле за време на нејзиното апсење, се чини дека во суштина наведува дека повредите биле нанесени по нејзиното ослободување.
47. Судот забележува дека полицискиот службеник одговорен за апсењето на засегната страна како и лицата кои ја поднеле жалбата и кои според жалителката биле сведоци на лошото постапување ги негирале наводите на жалителката според кои таа била удирана со пендрек за време на судирот вечерта на 13 мај 1996 година.
48. Исто така, Судот констатира дека иницијалната жалба на жалителката го содржи противречниот дел кој се однесува на заканите наводно изговорени од страна на мажот на заинтересираната страна. Судот признава дека тезата според која станувало збор за обична грешка не е неоснована. Сепак, мора да се констатира дека толкувањето од страна на Владата веќе било содржано во наредбата на военото обвинителство од 31 март 1998 година и дека жалителката не приговорила по однос на оваа верзија на настаните во својата жалба до јавното обвинителство од 22 јуни 1999 година.
49. Во заклучок, судот забележува дека освен жалителката никој не потврдува дека го видел полицискиот службеник лошо да постапува со неа. Во вакви услови, многу е тешко да се утврди дали повредите на жалителката биле предизвикани од полицијата како што вели таа..
50. Точно е дека, како што и жалителката со право укажува, тешкотиите поврзани со утврдувањето на доказите во најголема мера се должат на пропустите во истрагата водена од националните власти. Сепак, имајќи ги предвид доказите со кои располага, судот смета дека не било утврдено „без постоење на разумно сомневање“ дека повредите на жалителката биле нанесени од полицијата. (види Асенов (Assenov) и други против Бугарија, одлука од 28 октомври 1998 година, Збирка 1998‑VIII, §§ 96 до 100).
51. Во однос на носењето лисици, судот констатира дека не било оспорено од странките дека жалителката останала околу еден час во полициската станица, врзана со десната рака за радијатор. Таа потсетува дека носењето лисици вообичаено не претставува проблем во однос на член 3 од Конвенцијата доколку истото е поврзано со апсење или легален притвор и не ја вклучува употребата на сила, ни јавно изложување, надвор од она што разумно се смета како неопходно во конкретниот случај. Во тој поглед, важно е на пример да се знае дали има простор да се помисли дека лицето ќе се спротистави на апсењето или ќе се обиде да избега, да нанесе повреди или штета или да ги отстрани доказите. (види Ранинен (Raninen) против Финска, пресуда од 16 декември 1997, Збирка 1997‑VIII, § 56).
52. Во конкретниот случај, Владата не ги посочила причините кои ја оправдуваат употребата на лисиците, ниту обезбедила информации во однос на можноста да се задржи притворената во посоодветни услови за време на отсуството на полицискиот службеник надлежен за нејзиното апсење.
53. Сепак, судот не е убеден дека пријавеното постапување го достигнало нивото на сериозност доволно за да потпадне во рамки на членот 3 имајќи го предвид неговото ограничено траење како и фактот што жалителката не била изложена на јавно место (види, a contrario, случај Ранинен, претходно цитиран, и Хенаф (Henaf) против Франција, бр 65436/01, ЕСЧП 2003‑XI).
54. Согласно изложеното, Судот заклучува дека немало повреда на членот 3 во однос на наводите за лошо постапување.
2. За ефективноста на истрагата
a) Аргументи на страните
55. Владата укажува дека по поднесувањето на жалбата од страна на жалителката била спроведена истрага која завршила со отфрлање, имајќи предвид дека националните власти утврдиле дека наводите на жалителката не биле поткрепени со никаков доказ. Таа смета дека ова логично произлегува од собраните докази како и од тоа што изјавите на жалителката се во спротивност со сведочењата на сите други инволвирани лица.
56. Дополнително, Владата ги негира наводите на жалителката согласно кои таа побарала испитување на нејзиниот сопруг и ќерка.
57. Конечно, Владата укажува дека, во секој случај, државата немала обврска да спроведе ефикасна истрага со оглед на тоа што жалителката не обезбедила солидна поткрепа за нејзините жалби.
58. Жалителката одговара дека истрагата е фалична на повеќе нивоа. Таа го истакнува фактот дека нејзиниот сопруг и ќерка не биле испитани во рамки на истрагата, а биле најсоодветните личности да посведочат за нејзината здравствена состојба по нејзиното ослободување.
59. Таа исто така тврди дека истрагата доцнела и дека била во најголема мера водена од страна на колеги на Ј.Б од полициската служба во Раковски.
б) Оценка на судот
60. Судот потсетува дека кога одредено лице потврдува на аргументиран начин дека бил подложено од страна на полицијата или сличен орган, на третман спротивен на членот 3, оваа одредба заедно со општата обврска на државата уредена со членот 1 од Конвенцијата на секое лице под нејзина надлежност да му бидат признаени правата и слободите уредени со конвенцијата, подразбира дека треба да постои ефективна официјална истрага. Оваа истрага треба да доведе до идентификација и казнување на одговорните. (Асенов и другите, претходно цитиран, § 102 и Лабита ( Labita) против Италија [ГС], бр 26772/95, § 131, ЕСЧП 2000‑IV).
61. Конкретно, процедурална обврска согласно членот 3 може да биде утврдена во случаите кога, како во конкретниот случај (види став 50 погоре), тешкотиите во утврдувањето на фактите, во голема мера е резултат од пропустот на националните власти да одговорат на ефективен начин на жалбите во тој релевантен период. (види Илхан (İlhan) против Турција [ГС], бр 22277/93, § 90, ЕСЧП 2000‑VII).
62. Во конкретниот случај, имајќи ги предвид презентираните докази пред судот и особено лекарското уверение на жалителката, Судот смета дека наводите за лошо постапување биле „одбранливи“ во смисла на претходно цитираната судска пракса.
63. Судот констатира дека националните власти не покажале целосна пасивност и дека како резултат на жалбата на жалителката, истрагата му била доделена на воениот обвинител од Пловдив, кој имал надлежност да покрене и кривични гонења со оглед на тоа што биле вклучени полициски службеници. Оттука, се работи за тоа да се утврди должното внимание со која е водена истрагата, а со тоа и нејзината ефективност (види Далан (Dalan) против Турција, бр. 38585/97, § 31, 7 јуни 2005). Во таа насока, Судот забележува повеќе елементи кои упатуваат дека истата не била темелна и ефективна.
64. Судот исто така констатира дека за да се донесе заклучок за отфрлање на случајот, воениот обвинител надлежен за истрагата за постапувањата на полицаецот очигледно се базирал единствено на изјавите на лицата кои поднеле тужба против жалителката, и колегите на Ј.Б од полициската станица на Раковски. Тој не почувствувал за потребно лично да ја испита жалителката. Покрај тоа, никакво соочување не било организирано иако постоела јасна контрадикторност на фактите презентирани од страна на жалителката со изјавите на сведоците. Конечно, блиските на жалителката никогаш не биле испитани и покрај тоа што биле присутни во дел од нејзиниот притвор и ја пречекале дома по нејзиното ослободување.
65. Дополнително, одлуките за отфрлање на случајот ниту еднаш не упатуваат на повредите констатирани со лекарското уверение, и иако апелационото воено обвинителство се повикува на фактот дека жалителката добила закани од својот сопруг, никаква истрага за проверка на овие факти не бил спроведена.
66. Имајќи ги предвид овие забелешки, Судот смета дека властите не спровеле темелна и ефективна истрага во однос на наводите на жалителката за лошо постапување. Значи, имало повреда на членот 3 од Конвенцијата во овој поглед.
II. ЗА НАВОДНАТА ПОВРЕДА НА ЧЛЕНОТ 13 ОД КОНВЕНЦИЈАТА
67. Жалителката наведува дека била лишена од ефективен правен лек за нејзиниот жалбен навод согласно членот 3. На тој начин би имало повреда на членот 13 според кој:
„ Секој човек, чии права и слободи признати со оваа Конвенција, се нарушени, има право на жалба пред националните власти, дури и тогаш кога повредата на овие права и слободи ја сториле лица при вршење на службена должност.“
68. Страните се повикуваат на аргументите за ефективноста на истрагата кои ги подложија под членот 3 од Конвенцијата (став 55 до 59 погоре).
A. За допуштеноста
69. Судот констатира дека жалбата не е очигледно неоснована во смисла на членот 35 став 3 од Конвенцијата. Понатаму забележува дека истата не е во спротивност со ниту една друга основа за недопуштеност. Оттука, истата треба да биде прогласена за допуштена.
Б. За основаноста
70. Во светлината на овие согледувања, а имајќи ја предвид констатираната повреда на членот 3 од Конвенцијата поради недостатокот на ефективна истрага по наводите за лошо постапување од страна на жалителката (став 66 погоре), Судот смета дека ниедно засебно прашање кое потпаѓа под членот 13 од Конвенцијата не се поставува.
III. ЗА НАВОДНАТА ПОВРЕДА НА ЧЛЕНОТ 5 ОД КОНВЕНЦИЈАТА
71. Жалителката наведува дека нејзиниот притвор не бил во согласност со законот и се повикува на член 5 став 1 од Конвенцијата, чии релевантни делови се уредени на следниот начин:
„1. Секој човек има право на слобода и на безбедност. Никој не смее да биде лишен од слобода, освен врз основа на закон во долунаведените случаи :
(...)
б) ако бил уапсен или притворен поради противење на законскиот налог на судот или со цел да се обезбеди извршување на со закон пропишана обврска. “
За допуштеноста
72. Судот нотира дека Законот за национална полиција во важност во времето на фактите ја предвидувал можноста секое притворено лица да поднесе претставка против својот притвор во рок од 14 дена, можност што жалителката не ја употребила. Употребата на овој правен лек ќе ѝ овозможела на жалителката право на судска ревизија на законитоста на притворот и да добие, доколку е потребно, исплата на надомест.
73. Во овие околности, треба да се отфрли жалбата заради неисцрпување на сите домашни правни средства, согласно ставовите 1 и 4 од членот 35 од Конвенцијата.
IV. ЗА НАВОДНАТА ПОВРЕДА НА ЧЛЕНОТ 8 ОД КОНВЕНЦИЈАТА
74. Жалителката воедно се жали дека била лишена од својот личен документ во периодот од 13 мај 1996 г. до 26 јуни 1997 г.. Се повикува на членот 8, кој гласи:
„ 1. Секој човек има право на почитување на неговиот приватен и семеен живот, домот и преписката.
2. Јавната власт не смее да се меша во остварувањето на ова право, освен ако тоа мешање е предвидено со закон и ако претставува мерка која е во интерес на државната и јавната безбедност, економската благосостојба на земјата, заштитата на поредокот и спречувањето на кривични дела, заштитата на здравјето и моралот, или заштитата на правата и слободите на другите, во едно демократско општество. Секој има право на почитување на неговиот приватен и семен живот, домот и преписката.“
За допуштеноста
75. Судот смета дека не е потребно да се одговори на прашањето дали фактите посочени од страна на жалителката претставуваат мешање во смисла на членот 8.
76. Доволно е да се забележи дека бугарскиот закон ја предвидува можноста за граѓаните кои се дел од судската постапка да поднесат правен лек до повисоката инстанца или жалба за судско поништување на управните акти која жалителката не ја искористила. Оттука, жалбениот навод треба да биде отфрлен заради неисцрпување на домашните правни лекови, согласно членот 35 §§ 1 и 4 од Конвенцијата.
V. ЗА ПРИМЕНАТА НА ЧЛЕНОТ 41 ОД КОНВЕНЦИЈАТА
77. Согласно членот 41 од Конвенцијата,
„Кога Судот ќе оцени дека постои повреда на Конвенцијата или на протоколите, и доколку внатрешното право на засегнатата Висока договорна страна овозможува само делумна репарација на штетата, тогаш доколку е тоа неопходно, Судот ќе му додели правична отштета на оштетениот. “
A. Штета
78. Жалителката побарува 5 000 евра (ЕУР) по основ на наводна претрпена нематеријална штета. Во таа смисла подвлекува дека стандардот на живеење во Бугарија е значително зголемен во последните години, што би оправдало Судот да го преоцени зголемувањето на средствата доделени во неговите пресуди.
79. Владата го оспорува овој аргумент и бара Судот да ги земе предвид износите кои вообичаено се доделуваат во слични случаи.
80. Одлучувајќи по правична основа, судот смета дека на жалителката треба да и се доделат 2 500 евра по основ на нематеријална штета.
Б. Трошоци и издатоци
81. Жалителката воедно бара 2 042 евра за трошоците и издатоците настанати пред домашните судови и пред Судот, од кои 1 925 евра за адвокатски трошоци и 117 евра за поштарина и превод. Таа покажува договор за трошоци склучен со нејзиниот претставник каде е засметана работата извршена од страна на адвокатот во времетраење од вкупно 27 часа и 30 минути во висина од 70 евра на час и фактурите за поштарина и превод. Бара сумите доделени за трошоци да бидат исплатени директно на нејзиниот застапник .
82. Владата го оспорува бараниот износ за адвокатски трошоци за кој цени дека е превисок во однос на применетата стапка по час и кој е повисок од она што вообичаено се применува во Бугарија и ја надминува за 10 евра минималната месечна плата.
83. Согласно судската пракса на Судот, еден жалител може да добие надоместок на трошоците единствено доколку се утврди дека биле неопходни и разумни по обем. Во конкретниот случај и имајќи ги предвид доказите со кои располага и споменатите критериуми, како и имајќи предвид дека дел од жалбите не беа прифатени, Судот ја смета како разумна сумата од 1500 евра за сите трошоци и ѝ ја доделува на жалителката.
В. Затезни камати
84. Судот смета за соодветно да ги заснова стапките на затезните камати на најниската стапка на позајмување од Европската централна банка зголемени за три процентни поени.
ОД ОВИЕ ПРИЧИНИ, СУДОТ
1. Едногласно ја прогласи жалбата за допуштена во однос на жалбите согласно членовите 3 и 13 од Конвенцијата и недопуштена за останатото ;
2. Одлучи со 4 гласа против 3, дека немало повреда на членот 3 од Конвенцијата во однос на наводите за лошо постапување;
3. Одлучи, едногласно, дека имало повреда на членот 3 од Конвенцијата во однос на неефективноста на истрагата;
4. Одлучи, едногласно, дека немало потреба да се испита жалбата согласно членот 13 од Конвенцијата;
5. Одлучи, едногласно,
a) дека одговорната држава треба да ѝ ги исплати на жалителката во рок од три месеци од денот кога пресудата станала конечна, а согласно членот 44 став 2 од Конвенцијата, следните износи, конвертирани во бугарски лева согласно стапката применлива на денот на исплатата:
i. 2 500 EUR (две илјади и петстотини евра) за нематеријална штета ;
ii. 1 500 EUR (илјада и петстотини евра) за трошоци и издатоци кои треба да се исплатат на банкарската сметка наведена од адвокатот на жалителката во Бугарија ;
iii. секоја сума која може да произлезе како данок на овие износи;
б) дека сметајќи од истекувањето на наведениот рок се до исплатата, овие износи ќе се зголемат од обична камата со еднаква стапка на онаа на најниската стапка на позајмување од Европската централна банка применлива за тој период, зголемена за три процентни поени.
6. Го отфрли, едногласно, барањето за правичен надомест за остатокот
Подготвено на француски, а потоа пренесено во писмена форма на 22 јуни 2006 година согласно член 77 став 2 и 3 од правилникот.
Клаудија ВЕСТЕРДИК Пеер Лорензен
секретар претседател
Кон пресудата согласно членот 45 став 2 од Конвенцијата и став 2 од членот 74 на правилникот, прикачено е експозето на заедничкото делумно издвоено мислење на Г-да Лорензен, Маруст и Борего Борего.
П.Л.
Ц.В
„Издвоените мислења не се преведени, но тие се достапни, во базата на податоци HUDOC за судската пракса на Судот, на англиски и/или француски јазик во верзијата/верзиите на официјален јазик од пресудата.”
© Совет на Европа/Европски суд за човекови права, 2012.
Службени јазици на Европскиот суд за човекови права се англискиот и францускиот. Овој превод е направен со поддршка на Специјалниот фонд за човекови права на Советот на Европа (www.coe.int/humanrightstrustfund). Тој не го обврзува Судот, ниту пак Судот презема некаква одговорност за квалитетот на истиот. Може да се преземе од HUDOC базата на судската пракса на Европскиот суд за човекови права (http://hudoc.echr.coe.int) или од секоја друга база на податоци со која Судот го споделил. Може да се прават копии за некомерцијални цели под услов да се цитира полниот наслов на случајот, заедно со горенаведениот знак за авторско право и упатувањето на Специјалниот фонд за човекови права. Доколку се планира некој дел од овој превод да се користи за комерцијални цели, ве молиме обратете се на [email protected].
© Council of Europe/European Court of Human Rights, 2012.
The official languages of the European Court of Human Rights are English and French. This translation was commissioned with the support of the Human Rights Trust Fund of the Council of Europe (www.coe.int/humanrightstrustfund). It does not bind the Court, nor does the Court take any responsibility for the quality thereof. It may be downloaded from the HUDOC case-law database of the European Court of Human Rights (http://hudoc.echr.coe.int) or from any other database with which the Court has shared it. It may be reproduced for non-commercial purposes on condition that the full title of the case is cited, together with the above copyright indication and reference to the Human Rights Trust Fund. If it is intended to use any part of this translation for commercial purposes, please contact [email protected].
© Conseil de l’Europe/Cour européenne des droits de l’homme, 2012.
Les langues officielles de la Cour européenne des droits de l’homme sont le français et l’anglais. La présente traduction a été effectuée avec le soutien du Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme du Conseil de l’Europe (www.coe.int/humanrightstrustfund). Elle ne lie pas la Cour, et celle-ci décline toute responsabilité quant à sa qualité. Elle peut être téléchargée à partir de HUDOC, la base de jurisprudence de la Cour européenne des droits de l’homme (http://hudoc.echr.coe.int), ou de toute autre base de données à laquelle HUDOC l’a communiquée. Elle peut être reproduite à des fins non commerciales, sous réserve que le titre de l’affaire soit cité en entier et s’accompagne de l’indication de copyright ci-dessus ainsi que de la référence au Fonds fiduciaire pour les droits de l’homme. Toute personne souhaitant se servir de tout ou partie de la présente traduction à des fins commerciales est invitée à le signaler à l’adresse suivante : [email protected]
© Rada Europy / Europejski Trybunał Praw Człowieka, źródło: HUDOC (hudoc.echr.coe.int), pozyskano 14.07.2026. · Źródło