55170/00

WyrokETPCz2006-04-13ECLI:CE:ECHR:2006:0413JUD005517000

Analiza orzeczenia

Sekcja wygenerowana przez AI na podstawie treści orzeczenia — nie stanowi cytatu.

Zagadnienie prawne
Czy ukaranie grzywną za nieobecność w pracy w dni świąt muzułmańskich, po tym jak sądy krajowe zażądały od skarżącego udowodnienia jego przynależności do islamu, stanowiło naruszenie wolności myśli, sumienia i religii (art. 9) lub dyskryminację (art. 14 w związku z art. 9) Konwencji?
Ratio decidendi
Trybunał uznał, że wolność religijna chroni indywidualne przekonania, ale nie każde działanie motywowane religią jest objęte ochroną Konwencji. W sytuacji, gdy pracownik domaga się specjalnego prawa (płatnego urlopu na święta religijne) przewidzianego w prawie krajowym dla określonej grupy religijnej, nie jest nieuzasadnione ani nieproporcjonalne żądanie od niego udowodnienia przynależności do tej grupy. Ponieważ skarżący odmówił przedstawienia dowodów, a jego zachowanie budziło wątpliwości co do jego przynależności religijnej, sądy krajowe miały podstawy do odrzucenia jego roszczeń. Trybunał stwierdził, że nie doszło do naruszenia art. 9 ani art. 14, ponieważ różnica w traktowaniu była obiektywnie i rozsądnie uzasadniona.
Stan faktyczny
Skarżący, Vasko Kosteski, został ukarany grzywną za nieobecność w pracy w dni świąt muzułmańskich (29 stycznia 1998 r. i 7 kwietnia 1998 r. - Bajram), twierdząc, że jest muzułmaninem i miał prawo do płatnego urlopu. Jego pracodawca i sądy krajowe zażądały od niego udowodnienia przynależności do islamu, czego skarżący odmówił, argumentując, że przekonania religijne są sprawą osobistą. Sądy krajowe odrzuciły jego roszczenia, wskazując na brak dowodów, jego wcześniejsze świętowanie świąt chrześcijańskich oraz brak znajomości podstaw islamu.
Rozstrzygnięcie
Trybunał jednogłośnie orzekł, że nie doszło do naruszenia artykułu 9 Konwencji oraz że nie doszło do naruszenia artykułu 14 Konwencji w związku z artykułem 9.

Pełny tekst orzeczenia

ТРЕТ ОДДЕЛ   КОСТЕСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (жалба бр. 55170/00)   ПРЕСУДА СТРАЗБУР 13 Април 2006 КОНЕЧНА 13/07/2006   Оваа пресуда ќе стане правосилна под условите предвидени во член 44 § 2 од Конвенцијата. Таа може да биде предмет на редакциски измени. Напомена: Македонскиот превод на текстот на одлуката на Европскиот суд за човекови права е исклучиво информативен и од него не произлегуваат никакви права и/или обврски. Единствено официјалниот текст на одлуката на Европскиот суд за човекови права на англиски и/или француски јазик, објавена од страна на Судот е автентичен и се смета за оригинал. Не е дозволено објавување на овој превод на било каков начин без претходна дозвола од страна на Министерството за правда на Република Македонија, освен во случај доколку се користи за информирање. Во случајот Костески против Република Македонија, Европскиот суд за човекови права (трет оддел), заседавајќи во Совет составен од : Г-ин B.M. Zupančič, Претседател Г-ин L.Caflisch, Г-дин C. Bîrsan, Г-ѓа M. Tsatsa-Nikolovska, Г-дин V. Zagrebelsky, Г-дин A. Gyulumyan, Г-дин David Thór Björgvinsson, судии и Г-дин V. Berger Секретар Расправајќи на затворена седница на 23 март 2006 година, Ја донесе следнава пресуда, усвоена на истиот датум. ПОСТАПКА 1. Случајот е инициран со жалба (бр. 55170/00) против Република Македонија, поднесена до Судот согласно член 34 од Конвенцијата за заштита на човековите права и основни слободи (“Конвенцијата”) од страна на македонскиот државјанин, Г-дин Васко Костески (“жалител”), на 10 декември 1999 година. 2.Владата на Република Македонија (“Владата”) ja застапуваше Владиниот агент, Г-ѓа Р. Лазареска-Геровска од Министерството за правда, Скопје. 3. Жалителот, се жали поради фактот што бил казнет со парична казна поради отсуство од работа за време на муслимански празник повикувајќи се притоа на член 9 и 14 од Конвенцијата. 4. Жалбата беше распоредена во третиот оддел од Судот (член 52 став 1 од Деловникот на Судот). Во рамките на Одделот, советот кој одлучување по предметот (член 27 став 1 од Конвенцијата) е конституиран согласно член 26 став 1 од Деловникот. 5. На 3 мај 2001 година, Судот ја прогласил жалбата за делумно недопуштена, одложувајќи ја одлуката по останатиот дел од жалбата до произнесувањето на странките во постапката. 6. На 5 мај 2005 година, Судот го прогласи останатиот дел од жалбата за допуштен. 7. Жалителот и Владата доставија обсервации во врска со основаноста на жалбата (член 59 став 1). Советот одлучи, по консултација со странките, дека не постои потреба од усна расправа (член 59 став 3 in fine). ФАКТИ I. ОКОЛНОСТИ НА СЛУЧАЈОТ А. Постапка во врска со отсутвото од работа на жалителот на 29 јануари 1998 година 8. На 29 јануари 1998 година, жалителот не се јавил на работа во ЈП Електростопанство на Македонија, покрај инструкциите на неговиот претпоставен, дека никој од вработените да несмее да зема слободни денови во период од една седмица, поради зголемениот обем на работа. Жалителот го оправдал своето отсуство со фактот дека славел верски празник кој бил празник на припадниците од муслиманска вероисповест, согласно Уставот и позитивното законодавство. 9. На 3 февруари 1998 година дисциплинската комисија во рамки на претпријатието утврдила дека жалителот ја повредил работната дисциплина, од причина што отсуствувал од работа без дозвола за тоа. Комисијата одлучила да не го отпушта жалителот, туку да го казни со 15% од неговата плата во период од три месеци. 10. На 12 февруари 1998 година жалителот поднел жалба до второстепената комисија, со образложение дека со одлука на Минстерството за труд и социјална политика во сила, 29 јануари 1998 година бил прогласен за верски празник за припадниците со муслиманската вероисповест. Како припадник а на оваа религиозна заедница, тој претходниот ден го известил својот претпоставен за отсуството од работа. 11. На 27 февруари 1998 година второстепената комисија ја потврдила одлуката од 3 февруари 1998 година, со образложение дека жалителот ја повредил наредбата од 26 јануари 1998 година, со која никој од вработените несмеел да земе слободни денови поради зголемениот обем на работа. 12. На 1 април 1998 година жалителот повел работен спор пред Општинскиот суд Битола за поништување на решението за престанок на работниот однос, тврдејќи дека му се повредени правата загарантирани со членовите 9 и 19 од Уставот. Тој особено се жалеел од причина што бил казнет само поради славење на муслимански религиозен празник и отсуство од работа на истиот ден, во согласност со одлуката на Министерството за труд и социјална политика, според која 29 јануари 1998 година бил прогласен за верски празник на припадниците од муслиманската вероисповест. 13. На расправата пред Општинскиот суд Битола, жалителот изјавил дека сопствените религиозни убедувања ги изразува индивидуално, без посета на џамии. 14. На 24 март 1999 година Општинскиот суд Битола ја одбил тужбата на жалителот поради тоа што не приложил никави докази со кои би го поткрепил тврдењето дека е припадник на муслиманската вероисповест. 15. На 14 јуни 1999 година Апелациониот суд Битола ја одбил жалбата на жалителот. Судот утврдил дека е точно тврдењето дека религиозните убедувања се лична работа на секоја индивидуа. Сепак, тој оценил за потребно во конкретниот случај да се утврди дали отуството на жалителот од работа е оправдано. Од тие причини било значајно да се утврди религиозната определба на жалителот. Понискиот суд правилно постапил кога го одбил тужбеното барање на жалителот, од причина што тој не докажал дека е Муслиман, имајќи предвид дека истиот ги славел и христијанските религиозни празници. Б. Постапка во врска со отсуството од работа на жалителот на 7 април 1998 година 16. На 14 април 1998 година жалителот повторно бил казнет за отсуство од работа на 7 април 1998 година за време на друг муслимански верски празник, Бајрам. Казната изнесувала 15% од месечната плата на жалителот во период од шест месеци. 17. На 8 мај 1998 година жалбата на жалителот била одбиена од второстепената комисија. 18. Жалителот ја оспорил одлуката на ЈП Електростопанство на Македонија пред Основниот суд Битола поради лишување од правото на платен верски празник за граѓаните од муслиманска вероисповест, иако тој претходно се изјаснил и пред второстепената комисија дека е Муслиман. Сепак, тој сметал дека не е неопходно да ги промени името и презимето, бидејќи сакал да ги изразува своите убедувања самостојно. 19. На 27 мај 1999 година Основниот суд Битола ја одбил како неоснована тужбата на жалителот. Судот навел дека според релевантното законодавство лицата од муслиманска вероисповест имаат право на платено отсуство за време на верски празници. Сепак, жалителот не доставил докази во поткрепа на тврдењето дека е Муслиман. Пред 29 јануари 1998 година жалителот не отсуствувал од работа за време на муслиманските верски празници. Спротивно на тоа, тој ги славел христијанските верски празници, неговите родители биле христијани и начинот на живот и режимот на исхрана укажувале на тоа дека и припаѓа на христијанската вероисповест. Од неговиот договор за работа и осигурување произлегувало дека е регистриран како Македонец, и никаде не се споменувало дека е муслиман. Судот утврдил дека жалителот се само-прогласил за муслиман со цел да го оправдуа неоправданото отсуство од работа. 20. На 27 септември 1999 година Апелационен суд Битола ја одбил жалбата на жалителот со образложение дека и покрај фактот дека верските убедувања се лична работа, истиот со отсуството од работа ја повредил работната дисциплина. Со оглед на тоа, тој морал да го оправда своето отуство и при тоа било неопходно да се докаже дека жалителот навистина бил припадник на муслиманска вероисповест. Меѓутоа за ова не постоеле никакви докази, со оглед на фактот дека жалителот, Македонец по националност, отуствувал од работа за време на христијанските верски празници и истите ги славел. Според тоа, неговото отсутво од работа не било оправдано. В. Постапка пред Уставен суд на Република Македонија 21. На 18 ноември 1999 година, жалителот се обратил до Уставниот суд на Република Македонија поради дискриминација поради неговите верски убедувања при изрекувањето на дисциплинските санкции и судските одлуки.Ова, особено од причина што судовите од непознати причини воопште не ја зеле предвид неговата изјава дека е Муслиман како веродостојна и барале други докази. Притоа, тој смета дека судовите воопшто нетребало да да бараат однего, тој да ги докажува своите религиозни убедувања. 22. На 12 јули 2000 година Уставниот суд одбил да постапува по наводите на жалителот во однос на одлуките од 3 февруари, 27 февруари, 14 април и 8 мај 1998 година на јавното претпријатие, одлуките од 24 март и 27 мај 1999 година од Основниот суд Битола и одлуките од 14 јуни 1999 на Апелациониот суд Битола заради непочитување на рокот од два месеци при поднесување на барањето, предвиден со Деловникот за работа на Уставниот суд. 23. Уставниот суд сепак постапил по наводите на жалителот во врска со одлуката на Апелациониот суд Битола од 27 септември 1999 година. Судот забележал дека жалителот барал остварување на правата поврзани со слобода на вероисповест, но не доставил и одбил да достави докази за своите верски убедувања. Во врска со иницијалното прашање дали е доволно, при остварување на правото на платено отсуство за време на верски празник, граѓаните само субјективно да ја изразат верската припадност, Судот утврдил: “Имајќи предвид дека владеењето на правото е темелна вредност на уставниот поредок на Република Македонија според член 8 став 1 алинеја 3 на Уставот, што подразбира предност на објективните правни норми над субјективната волја при остварување на правата, од една страна, како и имајќи ги предвид укажувањата на преставниците на христијанската и исламската религија во Република Македонија... (Деканот на Богословскиот факултет во Скопје и Поглаварот на Исламската заедница во Македонија) дека постојат објективни критериуми за определување на припаѓањето на еден граѓанин на христијанско и исламско уверување, од друга страна, Судот оцени дека нужно мора да се утврдат објективни факти поврзани со остварување на некое право и да се изведат докази во врска со истите, во ситуација кога се бара некое право. Во согласност со ова, а со цел утврдување на факти кои би биле во функција на оценката дали во случајот постои дискриминација по верска основа, Судот организираше јавна расправа (на 27 април 2000 година) и три конуслтативни средби (на 16 и 25 мај и 8 јуни 2000 година) и врз основа на нивната содржина, особено врз основа исказите на подносителот на барањето, утврди дека содржината на неговите веркси уверувања (па дури и формата) објективно не одговара со содржината на исламската религија (па и нејзината форма) по разни основи (на пример: не познавање на основните, најважните, постулати на таа религија преку кои се изразува суштината на тоа уверување... непознавање на начинот на “влегување” во редот на верниците со такво уверување.” 24. Судот заклучил дека жалителот не бил дискриминиран поради неговите верски убедувања, поради барањето за утврдување на објективни факти , и го одбил неговото барање. II РЕЛЕВАНТНО ДОМАШНО ЗАКОНОДАВСТВО А. Устав на Република Македонија од 1991 година 25. Членот 9, пропишува : “Граѓаните на Република Македонија се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување; имотната и општествената положба.   Граѓаните пред Уставот и законите се еднакви.” 26. Членот 19, ..., го пропишува следново: “ Се гарантира слободата на вероисповеста. Се гарантира слободно и јавно, поединечно или во заедница со други, изразување на верата....” 27. Членот 110, го пропишува следново: „ Уставниот суд на Република Македонија: ...; - ги штити слободите и правата на човекот и граѓанинот што се однесуваат на слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата, политичкото здружување и дејствување и забраната на дискриминација на граѓаните по основ на пол, раса, верска, национална, социјална и политичка припадност...„ Б. Деловник на Уставниот суд 28. Членот 51 предвидува дека секој граѓанин што смета дека со поединечен акт или дејство му е повредено право или слобода утврдени со член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Македонија, може да бара заштита од Уставниот суд во рок од 2 месеци од денот на доставувањето на конечен или правосилен поединечен акт. В. Закон за државни празници 29. Се пропишува, inter alia, дека Божиќ и Велигден се државни празници за сите граѓани на Република Македонија, без оглед на нивната верска припадност и дека Рамазан Бајрам и Курбан Бајрам се државни празници за граѓаните кои припаѓаат на муслиманската вероисповест. ПРАВО I. НАВОДНА ПОВРЕДА НА ЧЛЕН 9 ОД КОНВЕНЦИЈАТА 30. Жалителот се жали поради паричнта казна поради отсуство од работа кога славел муслимански празник. 31. Членот 9 во однос на тоа предвидува: „1) Секој има право на слобода на уверување, совест и религија, вклучувајќи го и правото на промена на религијата уили уверувањето, и слободата да сам или во група, во јавност или приватно, ја изрази својата религија или убедување, преку почитување, поучување, богослужба и обред. 2) Слободата за изразување на религијата или убедувањето може да се ограничи само со закон и доколку е тоа неопходно во едно демократско општество во интерес на националната безбедност, јавната сигурност, здравјето или моралот или за заштита на правата и слободите на другите.„ А. Наводи на странките 1. Жалителот 32. Според наводите на жалителот, Владата не ја објаснила причината зошто од него било барано да ја докаже својата верска припадност и притоа доколку не успее во тоа да трпи одредени последици. Барањето за поднесување на неточно одредени докази, според него претставува наметнување на неговата внатрешна совест, што предизвикало чувство на инфериорност, бидејќи од никој друг не се барале дополнителни услови за пристапување кон муслиманската религија. Ниту еден граѓанин, претходно не бил задолжен да ја докажува својата верска припадност. Во неговиот случај, тој бил казнет поради тоа што не успеал да ја докаже својата верска определба и казната претставувала мешање во изразувањето на неговите верски убедувања, поточно во неговото активно вклучување и славењето на празникот Бајрам. 33. Жалителот навел дека критиките на Владата во однос на неговото однесување се неосновани. Неговото отсуство не било неоправдано, со оглед на тоа дека претходно го најавил истото. Исто така, тој навел дека не ги славел христијанските празници, но имајќи предвид дека тие денови се неработни за сите, биле неработни и за него. Во врска со името, истото го добил при чинот на раѓање, а неговите убедувања подоцна легитимно можеле да се менуваат. Претходно никогаш не бил испрашуван ниту пак виден како се храни од страна на службени лица од надлежните органи, па оттука наводите во однос на режимот на исхрана или пак непознавањето на исламот ги смета за неосновани. Во секој случај, се работи за факти кои имаат ограничено значење, и би било крајно неморално и нецивилизирано, да биде тестиран во таа насока, особено што од никој претходно не било побарано да ги докажува своите тврдења во однос на верските убедувања. Тој исто така тврди дека со ова се спречуваат неедуцираните луѓе да пристапат на одредена религија, додека им се овозможува на едуцираните да пристапат кон повеќе. 2. Владата 34. Владата го отфрли тврдењето дека државата во овој случај го лишила жалителот од неговите права за слободно изразување на својата вероисповест. Поглаварот на Исламската Заедница не навел дека верникот треба да се воздржи од работа за време на Исламските религиозни празници како израз на припадноста кон религијата или дека работата за време на таквите празници е спротивна на верските убедувања. Според тоа, отсуството од работа за време на одредени Муслимански празници, не претставува изразување на верските убедувања во онаа смисла во однос на која Конвецијата предвидува заштитата. 35. Во секој случај, изрекувањето на парична казна за отсуство од работа претставува дисциплинска мерка за непочитување на работната дисциплина и не може да се смета за попречување односно мешање во верските убедувања на жалителот. Жалителот не бил спречен при изразувањето на своеите религиозни убедувања, ниту пак бил изложен на било каков притисок со цел да ги промени истите. И под претпоставка дека постоело некакво попречување, сепак, оправдано е барањето, жалителот да обезбеди дозвола за отсуство. Тој бил вработен во претпријатие кое бара континуирана работа за време на празници а во моментот се работело и на одстранување на определен дефект. Изречената казна за намерното непочитување на правилата во случајот имајќи ги педвид околностите е пропорционална и соодветна. 36. Според Владата, неопходно било судовите да оценат дали отсуствотo од работа билo оправданo. Со оглед на тоа што жалителот барал заштита на правото, не било доволно тој само да го презентира својот субјективен став. Откако не успеал да обезбеди објективни докази, судовите одлучиле врз основа на расположливите докази, при што утврдиле дека жалителот нема познавања од муслиманската религија, не го следел муслиманскиот режим на исхрана и претходно ги славел христијанските празници. Спротивно на тврдењата на жалителот, возможно е докажувањето на припадноста на исламската религија, што е видно и од ставот на Поглаварот на Исламската заедница во Македонија. Притоа Владата укажа на определени догми присутни во јавноста и на тоа дека муслиманската религија наметнува одреден стил на живеење, каде што верникот јавно и редовно извршува одредени активности, како „клањање„ пет пати во текот на денот, давање доброволни прилози, постење за време Рамадан и одење на аџилак во Мека. Б. Оцена на Судот 37. Предметната пракса на Судот покажува дека верската слобода се однесува првенствено на индивидуалното убедување, и inter alia претпоставува и право да ја изразува својата религија не само во заедница со другите, јавно и во кругот на други верници кои припаѓаат на истата религија, туку и насамо. (помеѓу другото види , Kokkinakis v. Greece, пресуда од 25 May 1993, Series A no. 260-A § 57). Членот 9 наведува бројни форми на изразување на верата или убедувањата, поточно богослужба, поука, проповеди, верски обреди, што незначи дека го заштитува секое дејство мотивирано или инспирирано од религијата или убедувањата (Kalaç v. Turkey, пресуда од 1 July 1997, Reports of Judgments and Decisions 1997-IV, § 27). Така, не постои повреда на правото загарантирано со членот 9 во случајот каде што воено лице со фундаменталистички убедувања било принудно пензионирано поради повреда на дисциплината (Kalaç, цитирано погоре, §§28-31) или каде што вработен во јавниот сектор, припадник на Адвентистичката црква -Седмиот Ден бил отпуштен поради непочитување на договорот и отсуство од работа со цел држење Сабат (Konttninen v. Finland, no. 24949/94, Commission одлука 3.12.96; види исто така Stedman v. the United Kingdom, no. 29107/95, Одлука на Комисијата 9.4.1997, D.R. 89 p. 104, каде што жалителот бил отпуштен заради одбивање да работи во неделите). 38. Судот потсетува дека пред се конкретниот счучај се однесува на наводна повреда која произлегува од отсуството од работа на 7 април 1998 година, додека жалбени наводи во однос на претходниот инцидент се одбиени поради неисцрпување на сите домашни правни лекови. Судот смета дека дури иако се земе предвид дека отсуството од работа можеби навистина било мотивирано од желбата на жалителот за прославување на Муслимански празник, тој сепак не е убеден дека тоа претставува манифестација односно израз на неговите убедувања во онаа смисла во која членот 9 од Конвенцијата пружа заштита, ниту пак дека казната за поради отсуство од работа без дозвола претставува повреда на тие права (види погоре на крајот на претходниот став на цитираните случаи). 39. Во врска со жалбените наводи на жалителот дека е сторена повреда на неговата слобода на убедување, со тоа што од него било побарано да го докаже својата вера, Судот упатува на тоа дека со судските одлуки по жалбите на жалителот против дисциплинската мерка која му била изречена, е утврдено дека жалителот не го докажал своето тврдење дека е муслиман и дека напротив, неговото однесување создава сомнеж во однос на неговото тврдење, од причина што не постоеле надворешни знаци за тоа дека тој е припадник на муслиманската веросипосвест ниту пак вршел богослужба во група. За разлика од самата помисла државата да му суди некому за неговите внатрешни и лични убедувања е неприфaтлива и потсетува на неславниот прогон од минатото, Судот смета дека ова е случаj каде што жалителот бара посебно право признато со позитивните прописи на државата, кое предвидува дека Муслиманите можат да празнуваат одредени денови, вклучувајќи го и празникот Бајрам, кој е спорен во предметот (види став 29 погоре). Во однос на вработувањето, каде со договор се уредуваат правата и обврските помеѓу работодавачот и работникот, Судот не смета дека е неразумно доколку работодавачот, прашањата поврзани со отсуството без дозвола или оправдување, како прашања врзани за дисциплината. Кога работникот се повикува на определен исклучок, не е во спротивност со слободата на уверување да се бара некое ниво на основаност, кога се бара привилегија или право кое не е генерално достапно и доколку таква основаност не уследи, да се донесе негативен заклучокок ( види, случаи кои се однесуваат на слободата на уверување кадешто надлежните органи можат на легитимен начин да бараат силни докази за религиозните убедувања со цел да се оправда изземањето од граѓанска должност за служење на воен рок- Пр. N. v. Sweden, no. 10410/83, одлука на Комисијата од 11 October 1984, D.R. 40 p. 203, Raninen v. Finland, no. 20972/92, одлука на Комисијата од 7 March 1996). Жалителот, сепак не бил подготвен да приложи докази во прилог на основаноста на неговото тврдење. Имајќи предвид дека постапката разоткрила ограничување на правото на вероисповест, ова неможе да се смета за непропорционално и може, во околностите од случајот, да се смета за оправдано под условите од вториот став, како што се предвидува: пропишано со закон и неопходно за заштита на слободите на другите во едно демократско општество. 40. Судот заклучи дека не постои повреда на членот 9 во предметниот случај. II НАВОДНА ПОВРЕДА НА ЧЛЕН 14 ОД КОНВЕНЦИЈАТА ВО ВРСКА СО ЧЛЕН 9 41. Жалителот тврди дека бил парично казнет поради отсуство од работа за време на прослава на муслимански празник. Членот 14 од Конвенцијата предвидува: “Уживањето на правата и слободите утврдени со Уставот се обезбедува без дискриминација по било кој основ како пол, раса, боја, јазик, вероисповест, политичко или друго убедување, национално или социјално потекло, поврзаност со национално малцинство, сопственост, имот, раѓање или друг статус.” А. Наводи на странките 1.Жалителот 42. Жалителот наведува дека националното законодавство заедно со Уставот и Конвенцијата му обезбедува право слободно да ја избере сопствената религија, слободно да ја изразува и промени истата, без да мора да го докажува тоа. Условот за докажување на верската припадност спротивно на членот 9 довел до различен третман на жалителот во однос на другите граѓани, како граѓанин од втор ред, што резултирало со повреда на член 14. 2. Владата 43. Владата наведе дека со оглед дека наводите на жалителот не укажуваат на повреда на неговите права загарантирани со членот 9, членот 14 воопшто не бил доведен во прашање. Понатаму, со оглед на фактот дека името и стилот на живеење на жалителот кои не укажувале на припадност на муслиманската вера и фактот дека тој се изјаснил дека е верник, во постапката, со цел да го оправда своето отсуство од работа, неопходно било домашните судови да утврдат дали тој бил во слична ситуација со другите муслимански верници. За разлика од муслиманските верници кој усно се деклариралеат како муслимани и го изразуваат тоа со начинот на живеење преку исполнување на верските должности, жалителот одбил да докаже дека е во таква ситуација. Дури под претпоставка дека постојат разлики во третманот, Владата наведува дека таквото однесување било оправдано и разумно, со оглед на тоа што жалителот никогаш јавно не ја изразил својата припадност кон Муслиманската вера и неговото однесување предизвикало сомнеж во неговото тврдење во однос на верата на која и припаѓа. Овие сомнежи биле релевантни и оправдани, особено што во период од осум години жалителот три пати ги менувал своите убедувања (во 1994 година на пописот изјавил дека е атеист, додека во 2002 година изјавил дека е православен христијанин). Б. Оцена на Судот 44. Членот 14 од Конвенцијата ги надополнува другите основни одредби од Конвенцијата и Протоколите. Тој може да се примени самостојно со оглед на фактот дека членот 14 не претпоставува повреда на другите одредби, иако од причина што неможе да постои независно, истиот може да биде доведен во прашање во случај кога наводната дискриминација претставува дел од опсегот на правата и слободите кои се гарантираат со другите одредби ( види помеѓу другите Van der Mussele v. Belgium, пресуда од 23 ноември 1983, Series A no. 70, § 43). Понатаму, различниот третман е дискриминторски, согласно член 14, доколку ”не постои објективно и разумно оправдување”, односно, доколку нема “легитимна цел” или доколку нема “разумен однос на пропорционалност помеѓу мерките кои се преземени и целта која требало да се постигне”. Дотолку повеќе, што Државите, договорни страни, уживаат извесна доза на флексибилност, при проценката на тоа, дали, и до кој степен, разликата во инаку слични ситуации го оправдуваат различниот третман (види Karlheinz Schmidt v. Germany, пресуда од 18 јули 1994, Series A no. 291-B, pp. 32-33, § 24, и Camp and Bourimi, cited above, § 37). 45. Во предметниот случај, и покрај тоа што член 9 не предвидува отсуство од работа за одредени верски празници, Судот смета дека судските одлуки во врска со дисциплинската санкција која му била изречена на жалителот, содржат констатации кои се чувствителни во однос на докажувањето на вистинитоста на неговите убедувања. Според Судот, ова е доволно жалбените наводи на жалителот да влезат во опсегот на членот 9. 46.Сепак, во однос на наводите на жалителот дека е единствена личност од која е побарано да ја докажува својата припадност кон таа религија, Судот смета дека секој различен третман може да се заснова на објективно и разумно оправдување. Жалителот барал врз основа на привилегија или исклучок на кое не бил овластен, освен доколку не е припадник на верата во прашање и во околности кои упатуваат на сомнеж во однос на неговите овластувања. Како што претходно било утврдено, врз основа на член 9, не е неразумно и непропорционално барањето за докажување степен на основаност на неговото тврдење. 47. Судот заклучи врз основа на околностите дека не постои повреда на член 14 од Конвенцијата во врска со член 9. ОД ОВИЕ ПРИЧИНИ, СУДОТ ЕДНОГЛАСНО 1. Одлучи дека не постои повреда на членот 9 од Конвенцијата; 2. Одлучи дека не постои повреда на членот 14 од Конвенцијата во врска со членот 9. Изработено на англиски јазик, објавено на писмено на 13 април 2006 година, согласно член 77 став 2 и 3 од Деловникот на Судот.     Vincent Berger     Boštjan M. Zupančič Записничар       Претседател

© Rada Europy / Europejski Trybunał Praw Człowieka, źródło: HUDOC (hudoc.echr.coe.int), pozyskano 13.07.2026. · Źródło