58185/00

WyrokETPCz2002-10-03ECLI:CE:ECHR:2002:1003JUD005818500

Analiza orzeczenia

Sekcja wygenerowana przez AI na podstawie treści orzeczenia — nie stanowi cytatu.

Zagadnienie prawne
Czy przewlekłość postępowania cywilnego naruszyła prawo do rozpoznania sprawy w rozsądnym terminie z art. 6 ust. 1 Konwencji?
Ratio decidendi
Trybunał stwierdził, że strony osiągnęły ugodowe załatwienie sprawy, zgodnie z którym Rząd Macedonii Północnej zobowiązał się do zapłaty skarżącej określonej kwoty tytułem zadośćuczynienia i kosztów. Trybunał uznał, że ugoda ta opiera się na poszanowaniu praw człowieka, jak określono w Konwencji i jej Protokołach, co uzasadnia skreślenie sprawy z listy. Strony zobowiązały się również nie wnosić o rozpatrzenie sprawy przez Wielką Izbę.
Stan faktyczny
Skarżąca, Sofka Janeva, przejęła postępowanie cywilne po śmierci swojego męża w 1997 roku. Postępowanie to zostało wszczęte przez jej męża 30 grudnia 1991 roku przed Sądem Zdrużenego Trudu w Sztipie w związku z rozwiązaniem jego stosunku pracy. W momencie rozpatrywania skargi przez ETPCz, sprawa była rozpatrywana w dwóch instancjach i nadal toczyła się przed Sądem Najwyższym.
Rozstrzygnięcie
Trybunał jednogłośnie postanowił skreślić sprawę z listy. Trybunał stwierdził również, że strony zobowiązały się nie wnosić o rozpatrzenie przedmiotu sprawy przez Wielką Izbę.

Pełny tekst orzeczenia

CONSEIL   DE L’EUROPE   COUNCIL   OF EUROPE   COUR EUROPÉENNE DES DROITS DE L’HOMME   EUROPEAN COURT OF HUMAN RIGHTS   СОВЕТ НА ЕВРОПА   ЕВРОПСКИ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА   ТРЕТ ОДДЕЛ   ЈАНЕВА против РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА   (жалба бр. 58185/00)   ПРЕСУДА   (Пријателско спогодување)   СТРАЗБУР   октомври 2002   Оваа пресуда е конечна, но може да биде предмет на редакциски измени.   Напомена: Македонскиот превод на текстот на одлуката на Европскиот суд за човекови права е   исклучиво информативен и од него не произлегуваат никакви права и/или обврски. Единствено официјалниот   текст на одлуката на Европскиот суд за човекови права на англиски и/или француски јазик, објавена од   страна на Судот е автентичен и се смета за оригинал. Не е дозволено објавување на овој превод на било   каков начин без претходна дозвола од страна на Министерството за правда на Република Македонија,   освен во случај доколку се користи за информирање.   Во случајот Јанева против Република Мaкедонија,   Европскиот Суд за човекови права (Трет оддел), заседавајжи како судски совет во   состав:   Mr G. RESS, Претседател,   Mr I. CABRAL BARRETO,   Mr P. KŪRIS,   Mr B. ZUPANČIČ,   Mr J. HEDIGAN,   Mrs M. ЦАЦА-НИКОЛОВСКА,   Mr K. TRAJA, судии,   и Mr V. BERGER, секретар,   Расправајќи на затворена седница на 12 септември 2002,   Ја донесе следнава пресудата, усвоена на истиот датум:   ПОСТАПКА   1. Постапката е иницирана со жалба (бр. 58185/00) против Република   Македонија поднесена до Судот согласно членот 34 од Конвенцијата за   заштита на човековите права и основните слободи („Конвенцијата“) од   страна на македонскиот државјанин, г-ѓа Софка Јанева („жалител“), на 9   фебруари 2000 година.   2. Жалителот беше застапуван од страна на г-дин Трајче Торов, адвокат од   Штип. Владата на Република Македонија („Владата“) беше застапувана од   страна на нејзиниот Агент г-ѓа Радица Лазареска Геровска.   3. Жалителот се жали согласно Член 6 став 1 од Конвенцијата, на наводна   повреда на правото на судење во разумен рок и правото на фер постапка.   4. На 16 ноември 2000 година Судот (втор оддел) со своја делумна одлука,   жалбата на жалителот во делот кој се однесува на наводна повреда на   правото на фер судењето ја прогласи за недопуштена.   5. На 23 октомври 2001, по приемот на обсервациите поднесени од страна на   странките во постапката, Судот ја прогласи жалбата за прифатлива во делот   кој се однесува на прекумерната должина на постапката.   6. На 1 ноември 2001 Судот го измени составот на одделот (член 25 став 1 од   Деловникот на судот). Овој предмет беше распределен на новоформираниот   трет оддел.   7. На 26 октомври 2001, по извршената размена на преписки, Секретарот им   предложи на странките да се обидат да постигнат пријателска спогодба во   смисла на член 38 став 1 т. б од Конвенцијата. На 4 и 17 април 2002 година,   и жалителот и Владата, доставија формална изјава прифаќајќи пријателско   решавање на предметот.   ФАКТИ   8.Жалителот е роден и живее во Штип ( Република Македонија ).   9. На 30 декември 1991 година сопругот на жалителот г-ѓа Јанева, завел   граѓански спор пред Судот на Здружен труд во Штип, спорејќи го решението   за престанок на неговиот работен однос.   10. На 27 мај 1997 година, жалителот ја презел парницата, по смртта на   нејзиниот сопруг.   11. Во текот на периодот кој е во надлежност на Судот ratione temporis,   предметот бил расправан во две инстанци, а сеуште е на одлучување пред   Врховниот Суд.   ПРАВО   12.На 17 април 2002 Судот, од Владиниот агент ја прими следната изјава:   “Изјавувам дека, во правец на постигнување на пријателско решававање на напреднаведениот   предмет, Владата на Република Македонија понудува да и исплати 77,000 EUR на Г-ѓа Софка   Јанева. Овој износ е предвиден за надомест на претрпената материјална и нематеријална   штета, како и направените трошоци во текот постапка, а ќе бидат исплатени во рок од три   месеци, сметано од денот на приемот на Пресудата на Судот, согласно член 39 од Европската   Конвенција за човекови права. Исплата претставува конечно решавање на спорот.   Владата презема обврска да не бара предметот да биде разгледуван од страна на Големиот   судски совет согласно Член 43 став 1од Конвенцијата.”   13. На 4 април 2002 година Судот, ја прими следната изјава на жалителот   потпишана од неговиот застапник:   “Забележувам дека Владата на Република Македонија е спремна на г-ѓа Софка Јанева да и   исплати износ од 77,000 EUR за надомест на претрпената материјална и нематеријална   штета, како и за надомест на трошоците направени во текот на постапката, а во правец на   постигнување на пријателско решавање на гореспоменатиот случај, за кој во тек е постапка   пред Европскиот суд за човекови права.   Жалителот го прифаќа предлогот и се откажува од било какви дополнителни побарувања   против Република Македонија по однос на жалбата. Жалителот изјавува дека ова претставува   конечно решавање на спорот.   Оваа изјава е дадена во правец на пријателското решавање на спорот кое го постигнаа   Владата и Жалителот.   Жалителот презема обврска да не бара предметот да биде разгледуван од страна на Големиот   судски совет согласно член 43 став 1 од Конвенцијата, по приемот на судската сресуда.”   14. Судот утврди дека странките постигнале спогодба (член 39 од Конвенцијата) и   нагласува дека оваа спогодба ја опфаќа претрпената материјална   и нематеријална штета како и трошоците направени во домашните постапки.   Исполнет е и критериумот спогодувањето да се заснива на почитување на   човековите права онака како тие се дефинирани во Конвенцијата и нејзините   Протоколи (Член 37 став 1 in fine на Конвенцијата и члено 62 став 3 од   Деловникот на Судот).   15. Согласно изнесеното, Предметот ќе биде симнат од листата на судски   предмети.   ОД ТИЕ ПРИЧИНИ СУДОТ ЕДНОГЛАСНО   1.Одлучи да го симне предметот од листата на судски предмети;   2. Утврди дека странките преземаат обврска да не бараат разгледување на   предметот од страна на големиот судски совет.   Изработена на англиски јазик и објавена на 3 октомври 2002 согласно член 77 став   и 3 од Деловникот на Судот.   Vincent BERGERGeorg RESS   Секретар Претседател

© Rada Europy / Europejski Trybunał Praw Człowieka, źródło: HUDOC (hudoc.echr.coe.int), pozyskano 13.07.2026. · Źródło