6906/03
WyrokETPCz2008-07-03ECLI:CE:ECHR:2008:0703JUD000690603
Analiza orzeczenia
Sekcja wygenerowana przez AI na podstawie treści orzeczenia — nie stanowi cytatu.
Zagadnienie prawne
Czy nieuzasadnione przewlekanie postępowania egzekucyjnego i niemożność odzyskania długu naruszyły prawo do rzetelnego procesu (art. 6 ust. 1 Konwencji) oraz prawo do poszanowania mienia (art. 1 Protokołu nr 1)?Ratio decidendi
Trybunał podkreślił, że prawo do sądu byłoby iluzoryczne, gdyby prawomocne orzeczenie sądowe pozostawało niewykonalne. Wykonanie orzeczenia jest integralną częścią „rozpoznania sprawy” w rozumieniu art. 6 ust. 1 Konwencji. Ponadto, roszczenie może stanowić „mienie” w rozumieniu art. 1 Protokołu nr 1, jeśli jest wystarczająco ustalone jako wykonalne, a państwa mają pozytywny obowiązek zapewnienia skuteczności procedur egzekucyjnych. W niniejszej sprawie państwo pozwane nie zapewniło skutecznego wykonania orzeczenia przez ponad jedenaście lat, co naruszyło oba te prawa.Stan faktyczny
W 1995 roku skarżący, Tomče Jankulovski, wszczął postępowanie cywilne przeciwko panu N. i jego firmie w celu odzyskania długu za zakupiony pojazd. Sąd pierwszej instancji w Bitoli wydał wyrok na korzyść skarżącego 27 listopada 1995 roku, który stał się prawomocny wobec pana N. Postępowanie egzekucyjne rozpoczęło się 1 kwietnia 1996 roku, jednak mimo wielu prób i interwencji, w tym publicznej sprzedaży pojazdu i przekazania części środków, znaczna część długu pozostawała niewyegzekwowana. Władze krajowe nie podjęły skutecznych działań w celu zakończenia egzekucji, a sprawa była przekazywana między sądami, trwając ponad jedenaście lat od ratyfikacji Konwencji przez państwo pozwane.Rozstrzygnięcie
Trybunał jednogłośnie uznaje skargę za dopuszczalną. Trybunał jednogłośnie stwierdza naruszenie art. 6 ust. 1 Konwencji oraz art. 1 Protokołu nr 1 do Konwencji.Pełny tekst orzeczenia
CONSEIL
DE L’EUROPE
COUNCIL
OF EUROPE
COUR EUROPÉENNE DES DROITS DE L’HOMME
EUROPEAN COURT OF HUMAN RIGHTS
ПЕТТИ ОДДЕЛ
ЈАНКУЛОВСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
(Жалба бр.. 6906/03)
ПРЕСУДА
СТРАЗБУР ЈУЛИ 2008
Оваа пресуда ќе стане конечна во согласност со условите предвидени во
член 44 став 2 од Конвенцијата. Истата може да биде предмет на
редакциски измени.
Напомена: Македонскиот превод на текстот на одлуката на Европскиот суд
за човекови права е исклучиво информативен и од него не произлегуваат
никакви права и/или обврски. Единствено официјалниот текст на одлуката на
Европскиот суд за човекови права на англиски и/или француски јазик, објавена
од страна на Судот е автентичен и се смета за оригинал. Не е дозволено
објавување на овој превод на било каков начин без претходна дозвола од
страна на Министерството за правда на Република Македонија, освен во
случај доколку се користи за информирање.
ЈАНКУЛОВСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ПРЕСУДА
Во случајот Јанкуловски против Република Македонија,
Европскиот суд за човекови права (петти оддел), заседавајќи
како совет составен од:
Peer Lorenzen, претседател,
Rait Maruste,
Karel Jungwiert,
Volodymyr Butkevych,
Mark Villiger,
Mirjana Lazarova Trajkovska,
Zdravka Kalaydjieva, судии,
и Claudia Westerdiek, секретар на одделот,
Заседавајќи на 10 јуни 2008,
Ја донесе следнава пресуда, која беше усвоена на тој датум:
ПОСТАПКА
1. Случајот започна со жалбата (бр. 6906/03) против
Република Македонија, поднесена до судот согласно
членот 34 од Конвенцијата за заштита на човековите
права и основните слободи (“Конвенцијата“) од страна на
македонскиот државјанин г-дин Томче Јанкуловски
(“жалителот“), на 5 февруари 2003. Тој е роден во 1962 и
живее во Битола.
2. Македонската Влада (“Владата) беше претставена од
страна на нејзиниот агент, г-ѓа Р. Лазареска Геровска.
3. На 30 јануари 2006 судот одлучи да ја препрати жалбата
до Владата. Применувајќи го членот 29 став 3 од
Конвенцијата, тој одлучи да донесе одлука за
допуштеноста и основаноста на жалбата.
ЈАНКУЛОВСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ПРЕСУДА
ФАКТИ
ОКОЛНОСТИ НА СЛУЧАЈОТ
(а) Парнична постапка поради долг
4. На неодреден датум во 1995, жалителот започнал
парнична постапка поради долг против г-динот Н. и
компанијата, раководена
и
сопственост на истиот
(“компанијата“). Тој тврдел дека купил возило (“возилото“)
за 54.000 германски марки (“ДМ“) за компанијата и дека,
за возврат, од страна на г-динот Н. примил едно возило и
10.000 ДМ. Преостанатата разлика била 24.000 ДМ.
5. На 26 септември 1995 тогашниот Општински суд Битола
(“првостепениот суд“) издал забрана која го спречувала г-
динот Н. од продажба на возилото.
6. На 27 ноември 1995 првостепениот суд одлучил делумно
во полза на жалителот и им наредил на г-динот Н. и на
компанијата (“должниците“) заеднички да исплатат 24.000
ДМ со камата (домицилна камата). Дополнително, судот
им наредил на должниците да ги платат трошоците на
жалителот. На 28 февруари 1996 тогашниот Окружен суд
Битола ја потврдил таа одлука. Тој истата исто така ја
прогласил за конечна во однос на г-динот Н. со оглед на
тоа што тој не ја оспорил.
7. На 25 септември 1997 Врховниот суд го прифатил
барањето за ревизија и ги поништил одлуките на
пониските судови само во полза на компанијата. Судот
пресудил дека тие не одлучиле по барањето на
жалителот онака како што било доставено, со оглед на
тоа што го игнорирале неговото барање за конвертирање
на неговото тужбено барање во националната валута.
8. На 29 април 2004 првостепениот суд го прифатил
барањето на жалителот и им наредил на должниците (г-
динот Н. и компанијата) заеднички да му исплатат на
жалителот 636,384.00 денари (еднакво на 24.000 ДМ)
заедно со затезна камата, сметано од 11 август 1995. На септември 2004 тој суд им наредил на должниците да
ги надоместат судските трошоци сторени од жалителот.
На 4 ноември 2004 овие одлуки станале конечни
ЈАНКУЛОВСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ПРЕСУДА
(б) Извршна постапка
9. На 1 април 1996 првостепениот суд го дозволил барањето
на жалителот за извршување на одлуката од 27 ноември
1995. Долгот требало да биде подмирен по пат на попис и
јавна продажба на имотот на г-динот Н. или по пат на
пренос од банкарската сметка на компанијата. На 13 мај тој суд го одбил приговорот на компанијата и ја
прогласил наредбата против г-динот Н. за конечна со
оглед на тоа што тој не ја оспорил истата. Оваа одлука
била потврдена од страна на тогашниот Окружен суд
Битола со одлука од 10 јули 1996.
10.На 17 јуни 1996 првостепениот суд му наредил на
тогашниот Завод за платен промет да ја изврши
наредбата по пат на пренос на сумата од сметката на
компанијата на сметката на жалителот. На 2 јули 1996
првостепениот суд наредил извршување на барањето на
жалителот по пат на попис и јавна продажба на движниот
имот на должникот, вклучувајќи го и возилото. Оваа
одлука била поништена од страна на Апелациониот суд
Битола на 24 октомври 1996.
11.По утврдување дека нема доволно средства на сметката
на компанијата, на 26 декември 1996 првостепениот суд
наредил продолжување на извршната постапка. Била
закажана јавна продажба на возилото за 24 март 1997. На март 1997 трета страна ја оспорила таа одлука со
оглед на тоа што стекнала сопственост на тоа возило врз
основа на договор за продажба склучен со компанијата.
12.На 14 април 1997 првостепениот суд му издал на
жалителот извршен наслов врз возилото и и наредил на
третата страна да го пренесе возилото во сопственост на
жалителот. На 3 јуни 1997 Апелациониот суд Битола ја
одбил жалбата од должниците и третата страна и ја
потврдил горната одлука.
13. На 18 декември 1997 првостепениот суд ја овластил
третата страна да го регистрира спорното возило во своја
сопственост, но наредил да не го продава се до конечното
завршување на извршната постапка. Тој утврдил дека во
меѓувреме г-динот Н. депонирал околу 13 000 ДМ во
различни валути, за да го обезбеди барањето на
жалителот.
14.На 23 јануари 1998 г-динот Н. ја напуштил државата.
ЈАНКУЛОВСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ПРЕСУДА
15.На 27 јануари 1998 првостепениот суд му наредил на
својот благајник да му ги префрли на жалителот
фондовите депонирани од страна на г-динот Н.
16.На 11 март 1998 првостепениот суд побарал
од
полицијата да го конфискува оспореното возило од
третата страна. Полицијата одговорила дека третата
страна стекнала сопственост врз возилото врз основа на
договор за продажба, заверен од Основниот суд Штип и
дека согласно тоа, овој суд треба да продолжи со
извршната постапка.
17.На 27 април 1998 Врховниот суд го информирал
жалителот дека извршувањето на неговото барање било
одложено со оглед на тоа што било непознато каде
престојува г-динот Н. На 9 септември 1998 тој суд изјавил
дека одложувањето било предизвикано со пропустот на
полицијата да ја изврши наредбата. На 12 ноември 1998
Народниот правобранител го информирал жалителот дека
случајот бил префрлен во Основниот суд Штип , како
надлежен суд ratione loci да продолжи со извршувањето.
18.На 17 јуни 1998 г-динот Н. бил осуден за измама и казнет
со една година затвор за продажба на возилото на трето
лице и покрај наредбата на судот (види став 5 погоре) да
не го прави тоа.
19.На 2 јуни 1999 првостепениот суд го информирал
жалителот дека од 16 февруари 1999 извршната постапка
била пренесена во Основниот суд Штип. Тој исто така
обрнал внимание и на депозитот кој му бил на
располагање.
20.На 15 јуни 1999 средствата депонирани кај првостепениот
суд (види став 13 погоре) му биле предадени на
жалителот, што е видно и од платниот налог од тој датум.
21.На 15 ноември 2004 жалителот побарал извршување на
одлуките на првостепениот суд од 29 април и 13
септември 2004 (види став 9 погоре). Во тој поднесок, тој
исто така се осврнал и на извршната остапка од 1996 која
била во тек помеѓу истите страни и во врска со истата
правна работа.
22.На 16 јануари 2006 првостепениот суд побарал
информација од Основниот суд Штип во врска со
преземените мерки во врска со извршување на барањето
на жалителот. Ниедно друго дејствие не било преземено
во врска со извршната постапка.
ЈАНКУЛОВСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ПРЕСУДА
23.Во однос на оваа постапка, жалителот побарал од многу
институции, во многу наврати, да ја забрзаат извршната
постапка во врска со неговото барање.
РЕЛЕВАНТНО ДОМАШНО ЗАКОНОДАВСТВО
24.Членот 24 ставови 5 и 7 од Законот за извршна постапка
кој тогаш бил на сила пропишува дека должникот е
должен да ги намири трошоците за извршувањето
направени од страна на доверителот на барање на
истиот, а што може да се бара во рок од 30 дена од
завршување на извршната постапка.
25.Членот 88 од законот, кој се однесува на извршување на
исплатата преку заплена на движен имот, пропишува дка
парите кои ќе се добијат од продажба на тој имот би биле
употребени inter alia , и за намирување на трошоците на
извршувањето направени од доверителот.
ЗАКОН
I. НАВОДНИ ПОВРЕДИ НА ЧЛЕНОТ 6 СТАВ 1 И
ЧЛЕНОТ 1 ОД ПРОТОКОЛОТ 1 НА КОНВЕНЦИЈАТА
26.Жалителот се жалел на неразумното траење на
извршната постапка и оневозможувањето да си го поврати
долгот. Судот земал во предвид дека овие жалби се
однесуваат на неизвршувањето на долгот според
парничната пресуда на жалителот и дека согласно тоа,
потпаѓаат под членот 6 став 1 и членот 1 од протоколот 1
од Конвенцијата, чии релевантни делови се следниве:
Член 6 став 1
“Во определувањето на неговите граѓански права и обврски,,, секој има
право на фер...судење од страна на...трибунал...“
Член 1 Протокол 1
“Секое физичко и правно лице има право на мирно уживање на својата
сопственост. Никој нема да биде лишен од својата сопственост освен кога
тоа е во јавен интерес и предмет на услови пропишани со закон и според
општите принципи на меѓународното право.
Претходните одредби на никаков начин не го спречуваат правото на
државата да ги примени оние закони кои се неопходни за да се
контролира користењето на сопственоста, согласно на општите интереси
или за да се обезбеди плаќање на даноците или други придонеси или
парични казни.
ЈАНКУЛОВСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ПРЕСУДА
А. Допуштеност
27.Владата не вложи никаков приговор во врска со
допуштеноста на овие жалби.
28.Судот забележува дека жалбата не
е
очигледно
неоснована во смисла на членот 35 став 3 од
Конвенцијата. Понатаму забележува дека таа не е
недопуштена по било кој основ. Оттука, мора да се
прогласи за допуштена.
Б.Основаност
1. Поднесоци на страните
29.Владата изјавила дека случајот бил од сложена природа
што подразбирало бројни експертски испитувања и
разгледување на обемна документација. Тие останале при
тоа дека постапката во прашање била составена од
одреден број на одделни тужби, вклучувајќи ја и фазата
на извршување. Фактот дека засегнатите страни ги
искористиле сите расположиви лекови влијаел врз
должината на извршната постапка. Дополнително, неколку
државни институции биле инволвирани во оваа постапа,
што придонело за должината на случајот. Тие понатаму
спореле дека самиот жалител, со тоа што пропуштил да го
прецизира навремено своето барање и да ја забрза
постапката, многу придонел кон должината на постапката.
Тој понатаму пропуштил да обезбеди алтернативни мерки
за да го обезбеди своето барање, туку целосно се потпрел
на оние кои биле преземени од острана на првостепениот
суд.
30.Што се однесува на однесувањето на националните
судови, Владата спорела дека тие одлучиле за случајот
на жалителот со должно внимание, независно од фактот
дека парничната постапка траела преку девет години,
додека извршната постапка била сеуште во тек.
31.Тие понатаму поднеле дека жалителот можел да се
потпре на членот 1 од Протоколот 1 само во однос на
ЈАНКУЛОВСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ПРЕСУДА
делот од неговото барање кој останал неизвршен. Немало
ниеден доказ дека тој можел да биде лишен од тој дел од
неговото барање.
32.Жалителот ги оспорил аргументите на Владата и изјавил
дека тие се однесувале главно на парничната постапка, но
не и на неизвршувањето, како најзначаен дел од овој
случај. Тој останал при тоа дека ниедно одложување не
може да му се припише нему. Тој потврдил дека само
еден дел од неговото барање останал неизвршен,
поточно 11.000 ДМ, плус камата и досудените судски
трошоци. Тој понатаму спорел дека поднел многу барања
за забрзување на извршувањето на тој дел на неговото
барање, од кои ниедно не било успешно.
2. Оценка на Судот
(а) Општи принципи
33.Судот потсетува дека правото на суд би било илузорно
доколку домашниот правен систем на државата-
договорничка дозволи конечна и обврзна судска одлука да
остане неоперативна на штета на една страна.
Незамисливо е членот 6 став 1 да ги опишува детално
процедуралните гаранции кои им се доделуваат на
парничарите
–
процедури кои се фер, јавни
и
експедитивни – без заштита на примената на судските
одлуки; да се толкува членот 6 како да се занимава
исклучиво со пристапот на суд и одвивањето на
постапката
веројатно
би
довело
до
ситуации
некомпатибилни со принципот на владеење на правото на
чие почитување се обврзале државите договорнички кога
ја ратификувале Конвенцијата. Извршување на пресуда
донесена од било кој суд оттука мора да се смета како
интегрален дел од “судењето“ во смисла на членот 6
(види Immobiliare Saffi v. Italy (GC), NO. 22774/93, СТАВ 63,
ECHR, 1999-V). Одложување во извршувањето на
пресудата може, сепак, да биде оправдано во определени
околности, но ова одложување не може да биде такво што
би ја повредило суштината на правото заштитено со
членот 6 став 1 (ibid, став 47).
34.Во однос на членот 1 од Протоколот 1, “барањето“ може
да претставува “сопственост“ доколку е доволно утврдено
дека е извршно (види Burdov v. Russia, бр. 59498/00, став
ЈАНКУЛОВСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ПРЕСУДА
40, ECHR 2002- III). Според членот 1 од Конвенцијата,
секоја држава договорничка “ќе му ги обезбеди секому во
нејзина надлежност правата и слободите дефинирани
во...Конвенцијата.“Обврската да го обезбеди ефикасното
практикување на правата дефинирани во тој инструмент
може да резултира во позитивна обврска за државата.
Што се однесува до правото гарантирано со членот 1 од
Протоколот 1, тие позитивни обврски може да бараат
одредени мерки потребни за заштита на правото на
сопственост, дури и во случаи на спорови помеѓу
приватни лица и компании. Ова поточно значи дека
државите имаат обврска да обезбедат усогласување со
процедурите
пропишани
во
зкаонодавството
за
извршување на конечните пресуди (види Fukley v. Ukraine,
бр. 71186/01, ставови 89-91,
понатамошните референци).
јуни 2005, со
(б) Примена на овие принципи во односниот случај
35.Судот забележува дека , со одлука од 27 ноември 1995,
првостепениот суд го прифатил барањето на жалителот и
им наредил на должниците заеднички да го исплатат
долгот. Оваа одлука станала конечна и извршна само ово
однос на г-динот Н. На 29 април 2004, по одлуката на
Врховниот суд од 25 септември 1997, првостепениот суд
повторно им наредил на должниците заеднички да го
платат долгот. Извршната постапка која жалителот ја
иницирал на 1 април 1996 со цел да осигура исплата на
својот долг, определено првично со одлуката од 27
ноември 1995 и потоа со одлуката од 29 април 2004,
сеуште е во тек. Оспорената ситуација, оттука, се
продолжувала
безмалку
единаесет
години
по
ратификацијата на Конвенцијата од страна на
одговорната држава, на 10 април 1997 (период кој потпаѓа
под судската надлежност ratione temporis).
36.Судот понатаму забележува дека, со цел да ја одреди
разумноста на одложувањето кое е во прашање, мора да
се земе во предвид состојбата на предметот на денот на
ратификацијата (види mutatis mutandis, Styranowski v.
Poland, пресуда од 30 октомври 1998, Извештаи 1998- VIII)
и забележува дека на 10 април 1997 извршната фаза на
обжалената постапка веќе била во тек преку една година.
37.Судот потсетува дека државата има обврска според
членот 6 да организира систем за извршување на
ЈАНКУЛОВСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ПРЕСУДА
пресудите кој е ефективен како законски така и во пракса
го обезбедува извршувањето без непотребно
и
одложување ( Fukley v. Ukraine, посочен погоре, став 84).
38.Што се однесува до односниот случај, дел од барањето на
жалителот било задоволено (види став 20 погоре).
Останатиот дел од долгот, сепак, сеуште не бил исплатен.
Во рамките на извршната постапка жалителот предложил
два алтернативни начини на извршување: јавна продажба
на движниот имот на должниците или пренос на сумата од
сметката на компанијата. Со оглед на тоа што овие
средства немале никаков изглед за успех, извршувањето
продолжило во однос на движниот имот на должниците.
Навистина, во таа смисла била договорена јавна
продажба на возилото од страна на првостепениот суд
(види став 11 погоре). На жалителот дури му бил и даден
извршен наслов за тоа возило, со конечна одлука. На
третото лице кое било во фактичка сопственост на
возилото исто така му било наредено да го пренесе во
сопственост на жалителот (вид став 11 погоре). Наместо
комплетирање на извршувањето во однос на возилото,
истиот суд подоцна го овластил третото лице да го
регистрира во своја сопственост (види став 12 погоре).
Последователната наредба за конфискација на возилото
била неуспешна затоа што, по наоѓање на Врховниот суд,
полицијата пропуштила да ја изврши наредбата (види
ставови 16 и 17 погоре). Со оглед на живеалиштето на
третата страна, на 16 февруари 1999 предметот на
жалителот бил прераспореден во Основниот суд Штип
(види став 19 погоре). Судот нашол дека тој суд не
преземал никакви мерки да го изврши плаќањето на
преостанатиот долг. Дури на 16 јануари 2006, значи седум
години
по
прераспоредувањето
на
случајот,
првостепениот суд се распрашал во врска со состојбата
на извршувањето на барањето на жалителот. Бројните
барања за забрзување на извршувањето од страна на
жалителот исто така се покажале неуспешни.
39.Со оглед на оваа позадина, судот смета дека одговорната
држава пропуштила ефективно да ја спроведе извршната
постапка во прашање (види Fukley v. Ukraine, цитирана
погоре, став 86). Владините аргументи за сложеноста на
случајот и наводниот придонес на жалителот кон
делумното неизвршување на барањето не можат да го
изменат овој заклучок. Оттука, судот наоѓа дека
македонските власти ја оштетиле суштината на “правото
ЈАНКУЛОВСКИ ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ПРЕСУДА
на суд“ на жалителот и не ја исполниле својата обврска ја
му обезбедат на жалителот ефективно уживање на
неговото право на сопственост, онака како што било
определено со судските одлуки во односната постапка.
Оттука, има повреда на членот 6 став 1 од Конвенцијата и
одделна повреда на членот 1 од Протоколот 1 (види
Kolyada v. Russia, бр. 31276/02, став 25 , 30 ноември 2006)
II ПРИМЕНА НА ЧЛЕНОТ 41 ОД КОНВЕНЦИЈАТА
40.Членот 41 од Конвенцијата пропишува:
“Ако Судот нашол дека има повреда на Конвенцијата или
Протоколите, и ако внатрешното право на засегнатата Висока
Договорна Страна дозволува само делумна отштета, Судот,
доколку
е
потребно, ќе додели правична отштета на
оштетената страна“.
41.Во жалбата, жалителот побарал исплата на неговото
барање, заедно со камата, но пропуштил да постапи
согласно членот 60 од Деловникот на Судот, со тоа што не
поднел никакво барање за правична отштета по
комуникацијата на жалбата до одговорната Владата. Во
овие околности, Судот не доделува никаква отштета
според членот 41 од Конвенцијата (види Nikolov v
Macedonia, бр. 41195/02, став 33, 20 декември 2007).
ОД ОВИЕ ПРИЧИНИ, СУДОТ ЕДНОГЛАСНО
1. Ја прогласи жалбата за допуштена,
2. Смета дека има поврдеи на членот 6 став 1 и членот 1 од
Протоколот 1 од Конвенцијата,
Изготвено на англиски и објавено на 3 јули 2008 година,
согласно 77 став 2 и 3 од Деловникот за работа на Судот.
Claudia Westerdiek
Peer Lorenzen
секретар
претседател
© Rada Europy / Europejski Trybunał Praw Człowieka, źródło: HUDOC (hudoc.echr.coe.int), pozyskano 13.07.2026. · Źródło