6924/03
WyrokETPCz2007-06-14ECLI:CE:ECHR:2007:0614JUD000692403
Analiza orzeczenia
Sekcja wygenerowana przez AI na podstawie treści orzeczenia — nie stanowi cytatu.
Zagadnienie prawne
Czy przewlekłość postępowania cywilnego dotyczącego nakazu zapłaty naruszyła prawo do rozpoznania sprawy w rozsądnym terminie z art. 6 ust. 1 Konwencji?Ratio decidendi
Trybunał uznał, że postępowanie cywilne, które trwało ponad siedem lat, z czego ponad pięć lat podlegało jurysdykcji Trybunału, było nadmiernie długie. Mimo pewnej złożoności sprawy związanej z opiniami biegłych oraz niewielkiego wkładu skarżącej w opóźnienia, Trybunał stwierdził, że główną przyczyną przewlekłości były liczne okresy bezczynności sądów krajowych. Trybunał podkreślił, że państwa są zobowiązane do zorganizowania swoich systemów prawnych w taki sposób, aby zapewnić rozstrzyganie spraw w rozsądnym terminie.Stan faktyczny
Skarżąca, Lidia Graberska, była jedynym właścicielem przedsiębiorstwa, które w maju 1995 roku złożyło wniosek o wydanie nakazu zapłaty. Po sprzeciwie pozwanego, sprawa przekształciła się w postępowanie cywilne. Postępowanie to toczyło się przez dwie instancje, z kilkukrotnym uchylaniem wyroków i przekazywaniem sprawy do ponownego rozpoznania, a także zlecaniem opinii biegłych. W listopadzie 2002 roku sąd krajowy oddalił powództwo, ponieważ przedsiębiorstwo skarżącej przestało istnieć.Rozstrzygnięcie
Trybunał jednogłośnie: 1. Uznał skargę za dopuszczalną. 2. Stwierdził naruszenie art. 6 ust. 1 Konwencji. 3. Zasądził na rzecz skarżącej 1 600 euro tytułem zadośćuczynienia za szkody niemajątkowe. 4. Oddalił pozostałą część żądania skarżącej dotyczącego słusznego zadośćuczynienia.Pełny tekst orzeczenia
CONSEIL
DE L’EUROPE
COUNCIL
OF EUROPE
COUR EUROPÉENNE DES DROITS DE L’HOMME
EUROPEAN COURT OF HUMAN RIGHTS
ЕВРОПСКИ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА
ПЕТТИ ОДДЕЛ
ГРАБЕРСКА ПРОТИВ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
(Жалба бр. 6924/03)
ПРЕСУДА
СТРАЗБУР јуни 2007
Оваа пресуда ќе стане конечна во согласност со условите предвидени во член 44 став 2 од Конвенцијата. Истата
може да биде предмет на редакциски измени.
Напомена: Македонскиот превод на текстот на одлуката на Европскиот суд за човекови права е исклучиво
информативен и од него не произлегуваат никакви права и/или обврски. Единствено официјалниот текст на
одлуката на Европскиот суд за човекови права на англиски и/или француски јазик, објавена од страна на Судот е
автентичен и се смета за оригинал. Не е дозволено објавување на овој превод на било каков начин без претходна
дозвола од страна на Министерството за правда на Република Македонија, освен во случај доколку се користи за
информирање.
Во случајот Граберска против Република Македонија,
Европскиот суд за човекови права (Петти оддел), заседавајќи како судски совет во состав:
г-дин P. LORENZEN, Претседател,
г-дин K. JUNGWIERT,
г-ѓа M.Цаца Николовска,
г-дин J. BORREGO-BORREGO,
г-дин R. JAEGER,
г-дин M. VILLIGER, судии
и г-ѓа C.WESTERDIEK, секретар на одделот,
Расправајќи на затворена седница на 22 мај 2007 година,
Ја донесе следнава пресуда истиот ден:
ПОСТАПКА
1.
Постапката е иницирана со жалбата бр. 6924/03 против Република Македонија поднесена
до Судот согласно член 34 од Конвенцијата за заштита на човековите права и основните слободи
(„Конвенцијата„) од страна на македонскиот државјанин г-ѓа Лидија Граберска (“жалителот“), на 24
јануари 2003 година.
2.
Жалителот беше застапуван од страна на г-ѓица М. Николовска, адвокат од Битола.
Македонската Влада (“Владата“) беше застапувана од страна на нејзиниот Агент, г-ѓа Радица
Лазареска - Геровска.
3.
На 18 јануари 2006 година, Судот одлучи да ја проследи жалбата до Владата. Согласно
член 29 став 3 од Конвенцијата, Судот реши истовремено да одлучува по допуштеноста и
основаноста на жалбата.
ФАКТИ
1. Околности на случајот
4.
5.
Жалителот е родена во 1946 година живее во Битола.
На 29 мај 1995 ПТУ “Бордо“ Битола (“претпријатието“) побарала од тогашниот Окружен
Стопански Суд Битола да издаде платен налог против друго претпријатие (“тужениот“). Налогот бил
побаран од жалителот, како единствен сопственик и управител на претпријатието..
6.
7.
8.
На 7 јуни 1995 Окружниот Стопански Суд Битола го дозволил барањето на претпријатието.
На 26 јуни 1995 тужениот приговорил на налогот.
На 4 јули 1995 судот го уважил приговорот на тужениот и го укинал налогот.
Понатамошната постапка продолжила како парнична.
9.
На 31 август 1995 претпријатието побарало од судот да закаже расправа.
10.
Расправата од 27 септември 1995 била одложена поради отсуство на жалителот. Судот ја
одложил расправата закажана на 4 октовмри 1995 поради тоа што поднесокот на тужениот не бил
комунициран навремено до претпријатието.
11.
На 12 октовмри 1995 Окружниот Стопански Суд Битола го уважил приговорот на тужениот и
го одбил барањето на претпријатието како неосновано.
12.
13.
На 25 октомври 1995 претпријатие поднело жалба.
На 12 февруари 1997 Апелациониот Суд Битола ја уважил жалбата на претпријатието и ја
укинал одлуката на понискиот суд поради пропуштањето на истиот да ја утврди фактичката состојба.
14.
суд.
15.
забрза постапката.
На 14 февруари 1997 судечкиот суд го добил предметот со сите списи од второстепениот
На 7 октомври 1997 и 30 март 1998 претпријатието побарало од Основниот суд Битола да ја
16.
Петте расправи закажани помеѓу 8 април и 19 октомври 1998 биле одложени, но ниедна по
барање на жалителот. Во овој период, судот распрашал три сведока предложени од страна на
тужениот.
17.
На 19 октомври 1998 Основниот суд во Битола го одбил барањето на претпријатието како
неосновано.
18.
На 14 декември 1998 Апелациониот суд во Битола ја уважил жалбата на претпријатието и
го вратил предметот на повторно одлучување. Понатаму, тој му дал напатствија на судечкиот суд
повторно да ја утврди фактичката состојба и да одреди вештачење на финансиските книги на
странките.
19.
20.
На 17 декември 1998 предметот со сите списи бил доставен до Основниот суд во Битола.
Одлуката на Апелациониот суд била доставена до странките на 20 и 21 јануари 1999,
соодветно.
21.
На 28 април 1999 судот одредил вештачење. На 17 август 1999 судечкиот суд го примил
вештиот наод.
22.
На 20 октомври 1999 судот ги ислушал ставовите на странките во врска со наодот на
вештачењето и одредил дополнително вештачење како одговор на жалбите на претпријатието.
23.
На 25 мај 2000 претпријатието побарало од судот да ја одложи расправата закажана за 16
Расправата закажана за 14 јули 2000 била одложена од причина што вештото лице не го
јуни 2000.
24.
довршило својот наод. На барање на претпријатието, судот одредил уште едно вештачење. Исто
така, тој им наредил на странките да ги платат трошоците на вештото лице.
25.
На 13 декември 2000 судот го примил вештиот наод. Тој им бил доставен на странките на август 2001.
26.
27.
Расправата од 3 октомври 2001 била одложена по барање на странките.
На 22 октомври 2001 претпријатието ги доставило своите коментари на вештиот наод. На 8
ноември 2001 вештото лице поднело дополнение на овој наод.
28. Расправата од 14 ноември 2001 била одложена заради доцна достава на вештачењето до
странките. Расправите од 26 декември 2001 и 31 јануари 2002 биле одложени заради отсуство на
вештото лице.
29.
На 12 февруари 2002 судот ги задолжил странките да ги поднесат своите коментари на
вештачењето написмено, со цел вештото лице да поднесе сопствено мислење како одговор. Тој го
донел таквото задолжение бидејќи вештото лице, кое присуствувало на расправата, не можел да
одговори на прашањата поставени од странките.
30.
вештачењето со цел да не ја оддолжува постапката.
31. На 30 септември 2002 судечкиот судија побарал информација од одделот за регистрација
на истиот суд по однос на тоа дали против претпријатието била отворена стечајна постапка.
32. Расправата од 1 ноември 2002 била одложена на барање на застапникот на претпријатието
На 4 март 2002 претпријатието го информирало судот дека нема да го оспорува
кое тогаш бил информирано дека претпријатието била прогласено за инсолвентно на 8 февруари
2002.
33.
На 12 ноември 2002 Основниот суд Битола го одбил барањето на претпријатието со оглед
на тоа што тоа престанало да постои. Судот не коментирал по однос на аргументот на жалителот
дека таа, како единствен сопственик, го презела барањето на претпријатието.
34.
35.
Жалителот не поднел жалба.
Помеѓу 4 март 1999 и 23 септември 2002 година претпријатието поднело пет барања за
забрзување на постапката пред судечкиот суд. На 9 мај 2002 година тие исто така неуспешно се
жалеле пред Републичкиот Судски Совет заради прекумерната должина на постапката.
II. РЕЛЕВАНТНО ДОМАШНО ЗАКОНОДАВСТВО
36.
Според членот 339 од Законот за парнична постапка (“Законот“) одлука може да биде
обжалена по следниве основи: 1) повреда на одредбите од парничната постапка, 2) заради погрешна
или нецелосно утврдена фактичка состојба и 3) заради погрешна примена на материјалното право.
37.
Членот 340 од законот утврдува дека за суштинска повреда се смета ако судот не применил
или неправилно применил законска одредба и таа околност влијаела или можела да има влијание
врз усвојување на законита и правилна одлука.
38.
Членот 340 (2) ги утврдува inter alia , следниве значајни повреди на постапката: ако судот
бил непрописно составен, или ако во донесување на пресудата учествувал судија или судија-
поротник кој не учествувал на главната расправа; ако во донесувањето на пресудата учествувал
судија или судија- поротник кој по законот мора да се изземе, односно кој со решение на судот бил
изземен; ако е одлучено за барање во спор што не спаѓа во судска надлежност, ако по повод
приговори од странките во одлуката што е внесена во пресудата неправилно одлучил дека е месно
надлежен, а странката поради тоа се жали; ако спротивно на одредбите од овој закон судот ја
засновал својата одлука врз недозволени располагања на странките , ако спротивно на одредбите од
овој закон судот донел пресуда поради изостанок, пресуда врз основа на признание, или пресуда врз
основа на одрекување; ако на некоја странка со незаконито постапување, а особено со пропуштање
на доставување не и е дадена можност да расправа пред судот; ако спротивно на одредбите од овој
закон судот го одбил барањето на странката во постапката да и обезбеди толкувач, а странката
поради тоа се жали; ако судот донел пресуда без главна расправа, а бил должен да одржи главна
расправа; ако во постапката како тужител или тужен учествувало лице кое не може да биде странка
во постапката, или ако странката што е правно лице не ја застапувало овластено лице, или ако
парнично неспособна странка не ја застапувал законски застапник, или ако законскиот застапник
односно полномошникот на странката немал потребно овластување за водење на постапката или за
одделни дејствија во постапката, доколку водењето на постапката односно вршењето на одделни
дејствија во постапката не било дополнително одобрено; ако е одлучено за барање за кое веќе тече
парница, или за кое веќе порано е пресудено правосилно, или за кое веќе е склучено судско
порамнување; ако спротивно на законот била исклучена јавноста на главната расправа;ако пресудата
има недостатоци поради кои не може да се испита, а особено ако изреката на пресудата е
неразбирлива, ако противречи сама на себеси или на причините за пресудата, или ако пресудата
воопшто нема причини или во неа не се наведени причините за решителните факти или тие причини
се нејасни или противречни, или ако за решителните факти постои противречност меѓу она што во
причините на пресудата се наведува за содржината на исправите или записникот за исказите дадени
во постапката и самите тие исправи или записникот.
39.
Според членот 342 од законот, законот е погрешно применет ако судот не ја применил
релевантната законска одредба или доколку истата погрешно ја применил.
ПРАВО
I.
НАВОДНА ПОВРЕДА НА ЧЛЕНОТ 6 СТАВ 1 ОД КОНВЕНЦИЈАТА
40.
Жалителот се жалел дека должината на постапката била некомпатибилна со барањето за “
разумен рок“ , пропишано со членот 6 став 1 од Конвенцијата, која одредба, во релевантниот дел,
гласи:
“Во определувањето на неговите граѓански права и обврски...секој има право на...судење во разумен рок од страна
на...трибунал...“
А. Допуштеност
41.
Судот забележува дека жалителот не бил странка во релевантната постапка. Оттука, тој
смета дека жалителот, како единствен сопственик на претпријатието може да тврди дека е “жртва“ на
одложувањето кое се ефектуирало врз нејзината компанија, во рамките на членот 34 од
Конвенцијата, бидејќи во случај на единствен сопственик, не постои ризик од разлики во мислења
помеѓу акционерите или помеѓу акционерите и управниот одбор, а во поглед на реалноста од
повреда на правата од Конвенцијата или е најсоодветен начин на реакција на таквите повреди (види
Ankarcrona v. Sweden (одлука) бр. 35178/97, ЕСЧП 2000-VI). Уште повеќе, со оглед на тоа дека
претпријатието било расформирано и, жалителот бил единствениот кој можел да се жали пред овој
суд на постапката во која нејзинот претпријатие било странка. Жалителот може, оттука, разумно да
тврди дека е жртва во рамките на членот 34 од Конвенцијата.
42.
Владата изложи дека жалителот не ги исцрпила домашните средства со оглед на тоа што
пропуштила да ја обжали одлуката на судечкиот суд од 12 ноември 2002.
43.
44.
Жалителот ги оспорил прелимираните приговори на Владата.
Судот потсетува дека единствените лекови за кои членот 35 од Конвенцијата бара да бидат
исцрпени се тие кои се поврзани со наводните повреди и истовремено се достапни и доволни.
Постоењето на таквите лекови мора да биде доволно не само во теорија туку истовремено и во
пракса, а со чие пропуштање ќе недостига потребната достапност и ефективност, обврската на
воспоставување дека овие различни фактори се задоволени е обврска на одговорната држава ( види
Vernillo v. France, пресуда од 20 февруари 1991, Серија А, бр. 198, стр.11, став 27, Dalia v. France,
пресуда од 19 февруари 1998, Извештаи за пресуди и одлуки 1998-I, стр.87, став 38).
45.
Понатаму, Судот потсетува дека лековите кои му се достапни за парничарот на домашно
ниво во врска со покренување жалба за должината на постапката се “ефективни“ во рамките на
членот 13 на Конвенцијата доколку “тие (заштитуваат) од наводни повреди или нивно продолжување,
или (обезбедуваат) соодветен надомест за било која повреда која веќе се појавија“ види Kudla v.
Poland (GC), бр. 30210/96, став 158, ЕСЧП 2000-XI). Според Судот, имајќи ја во предвид “блискоста“
помеѓу членовите 13 и 35 став 1 од Конвенцијата, истото е нужно вистинито и за концептот на
“ефективен“ лек во рамките на втората одредба (Mifsud v. France (одлука) (GC), бр. 57220/00, став 17,
ЕСЧП 2002-VIII).
46.
Судот забележува дека обичната жалба обезбедува лек за грешки во фактите и законот
наводно сторени од страна на судечкиот суд (види “Релевантно домашно законодавство“ погоре). Тоа
не ги подразбира било кој од погорните алтернативни лекови наведени во претходниот став во врска
со жалбите за прекумерна должина на постапка. Судот понатаму забележува дека Владата не
посочила на домашен случај на индивидуална жалба до Апелациониот суд во врска со должината на
постапката, која резултирала со превенција на прекумерното одложување или неговото
продолжување, или со надомест на штета од одложувањето кое веќе се појавило (види, mutatis
mutandis, Camasso v. Croatia, бр. 15733/02, став 24, 13 јануари 2005).
47.
Оттука, Судот смета дека редовната жалба не може да се смета за ефикасно средство за
наводна повреда на правото на судење во “разумен рок“ во смисла на членот 6 став 1 од
Конвенцијата.
48.
49.
Следи дека прелиминарниот приговор на Владата мора да биде одбиен.
Судот понатаму смета дека жалбата не е очигледно неоснована во смисла на член 35 став од Конвенцијата. Исто така, Судот утврди дека жалбата не е недопуштена по било која друга
основа. Оттука, мора да се прогласи за допуштена.
Б. Основаност
1. Поднесоците на странките
50.
Владата изложи дека периодот изминат пред стапувањето во сила на Конвенцијата во
однос на Република Македонија не треба да се зема во предвид.
51. Тие понатаму останаа при тоа дека случајот бил од сложена природа со оглед на
вештачењата кои биле барани од странките.
52. Што се однесува на однесувањето на жалителот, тие изјавија дека таа не преземала
никаква мерка да ја забрза постапката. Тие понатаму спореа дека самата придонела за должината на
постапката пропуштајќи навремено да ги намири трошоците за вештачењата: дека таа била виновна
за седум одлагања на јавни расправи; како и дека не постапила навремено согласно судските
задолженија. Дополнително, тие останаа при тоа дека незнаењето на застапникот на жалителот за
инсолвентноста на претпријатието придонело за должината на постапката. Тие заклучиле дека
државата не може да се смета за одговорна за овие одложувања и неактивност на странките во
постапката.
53.
одлучиле по предметот на жалителот со должно внимание.
54. Жалителот го оспори тврдењето дека таа придонела за должината на постапката. Таа
Што се однесува на однесувањата на домашните судови, Владата тврдеше дека истите
спореше дека само две одложувања биле по нејзино барање, како и дека таа не придонела значајно
кон должината на постапката; нејзините писмени коментари кон вештачењата не предизвикале
никакви одложувања; а нејзиното наводно пропуштање да ги плати трошоците за вештаците не може
да ги оправдаат процедуралните одложувања, со оглед на тоа што судот можел да преземе и други
мерки за да ја осигура исплатата. Таа понатаму се повика на нејзините неуспешни барања за
забрзување на постапката.
55.
Што се однесува на однесувањето на домашните судови, таа изјави дека неколку периоди
на неактивност можат да и се припишат на државата (види ставовите 12-15, 21-25, 29-32 погоре).
Конечно, таа тврдеше дека предметот се однесувал на спор од мала вредност, кој во согласност со
националните правила, се решавал во скратени рокови и од страна на судија-поединец.
2. Оценка на Судот
56.
Судот забележува дека постапката започнала на 29 мај 1995 година кога претпријатието
побарало од судот да издаде платен налог против тужениот. Сепак, како што и е оспорено од страна
на Владата, периодот кој влегува во судската надлежност започнува на 10 април 1997, по
стапувањето во сила на Конвенцијата во однос на Република Македонија (види Lickov v. Republic of
Macedonia, бр. 38202/02, став 21, 28 септември 2006).
57.
Во оценувањето на разумноста на периодот кој е изминат по тој датум, мора да се води
сметка на стадиумот на постапката на 10 април 1997 (види Styranowski v. Poland, бр. 28616/95, став
46, ЕСЧП 1998-VIII, Foti and Others v. Italy, пресуда од 10 декември 1982, серија А, бр, 56, стр. 18, став
53). Во оваа смисла, Судот забележува дека во периодот на стапување во сила на Конвенцијата во
однос на Република Македонија, постапката траела една година, десет месеци и дванаесет дена во
две судски инстанци. Одлуката на Апелациониот суд од 12 февруари 1997 била последната одлука
која била донесена во овој период.
58.
Постапката завршила на 12 ноември 2002 со одбивање на барањето на претпријатието од
страна на судечкиот суд. Оттука, постапката траела седум години, пет месеци и четиринаесет дена,
од кои пет години, седум месеци и два дена потпаѓаат под надлежност на Судот во два степени на
одлучување.
59.
Судот потсетува дека разумноста на времетраењето на постапката мора да биде
оценувано во светло на околностите на случајот и врз основа на следниве критериуми: сложеност на
случајот, однесувањето на жалителот и релевантните органи, како и засегнатиот интерес на
жалителот во спорот (види Markoski v. Republic of Macedonia, бр. 22928/03, став 32, 2 ноември 2006,
како и референците цитирани во истиот).
60.
Судот смета дека дури и вештачењата да предизвикале усложнување на случајот,
постапката не била особено сложена. Дополнително, дури и под претпоставка дека вештачењата
биле наложени по барање на странките, Судот забележува дека е обврска на националните судови
да оценуваат во секоја ситуација дали тие барања се оправдани и потребни за соодветно
правораздавање (види, mutatis mutandis, Rizova v. Republic of Macedonia, бр. 41228/02, став 50, 6 јули
2006).
61.
По однос на однесувањето на жалителот, Судот смета дека, во периодот кој потпаѓа под
разгледување, таа била одговорна за одложувањето на две расправи (види ставови 23 и 32 погоре).
Сепак, тоа значајно не придонело кон должината на постапката. Нејзините предлози за забрзување
на постапката (види ставови 15 и 35 погоре) претставуваат факти во полза на жалителот, дури иако
тие барања не можат да се сметаат за ефикасен лек (види Atanasovic and Others v. Republic of
Macedonia, бр. 13886/02, став 31, 22 декември 2005). Дополнително, жалителот не може да се смета
за одговорна за процедуралното однесување на тужениот. Конечно, не бил обезбеден ниту еден
убедителен доказ во поткрепа на тврдењето на Владата дека жалителот пропуштил навремено да
постапи согласно судските задолжувања
62.
Судот потсетува дека е обврска на државите договорнички да ги организираат своите
правни системи на таков начин што домашните судови можат да гарантираат секому право да добие
конечна судска одлука во споровите кои се однесуваат на нивните граѓански права и обврски во
разумен рок (види Kostovska v. Republic of Macedonia, р. 44353/02, став 41, 15 јуни 2006, Muti v. Italy,
пресуда од 23 март 1994, серија А бр. 281-C, став 15).
63.
Судот понатаму потсетува дека само одложувањата кои можат да се припишат на државата
можат да оправдаат пропуштање на почитување на барањето за “разумен рок“ (види Proszak v.
Poland, пресуда од 16 декември 1997, Извештаи за пресуди и одлуки 1997-VIII, став 40, Ciricosta and
Viola v. Italy, пресуда од 4 декември 1995, серија А, бр. 337-А, стр.10, став 28).
64.
Имајќи го во предвид материјалот доставен пред него, Судот заклучи дека имало одреден
број одложувања кои можат да и се припишат на државата. На судечкиот суд му биле потребни близу
четири години да одлучи за случајот на жалителот по одлуката на Апелациониот суд од 14 декември
1998. За време на овој период, Судот забележува неколку периоди на комплетна неактивност, исто
така посочени од жалителот; била потребна повеќе од една година за судечкиот суд да закаже
расправа по примањето на предметот со сите списи од Апелациониот суд (види ставови 12-14
погоре), изминале безмалку осум месеци помеѓу расправите закажани во октомври 1999 и јуни 2000
(види ставови 22 и 23 погоре), а судот го комуницирал вештиот наод близу девет месеци откога го
примил истиот (види став 25). Дополнително Судот забележува дека изминале близу девет месеци
помеѓу расправите од февруари и ноември 2002 (види ставови 29-32 погоре), период во кој
единственото преземено процесно дејствие од страна на судот било испитувањето во врска со
солвентноста на компанијата.
65.
била прекумерна и не ги исполнила барањата за “разумен рок“.
66. Оттука, има повреда на членот 6 став 1.
Судот оттука соодветно заклучува дека во односниот предмет должината на постапката
II. ПРИМЕНА НА ЧЛЕНОТ 41 ОД КОНВЕНЦИЈАТА
67. Членот 41 од Конвенцијата пропишува:
“Кога Судот ќе оцени дека постои повреда на Конвенцијата или на протоколите, и доколку
внатрешното право на засегнатата Висока договорна страна овозможува само делумна
репарација на штетата, тогаш доколку е тоа неопходно, Судот ќе му додели правична отштета
на оштетениот.“
А. Штета
68.
Жалителот бараше 50.000 евра на име надомест на материјална и нематеријална штета.
Што се однесува на материјалната штета, таа тврдеше загуба на добивка во висина од најмалку
37.500 евра, како резултат на оддолжената постапка. Овој износ се однесува на просечниот годишен
приход кој би го оставарил претпријатието, во текот на постапката. Таа понатаму побарува и 20.000
евра како надомест за нематеријалната загуба во форма на емотивно страдање и болка со која се
здобила како последица од прекумерната должина на постапката.
69.
70.
Владата не изразила мислење по ова прашање.
Судот забележува дека долгот, според пресуда не бил констатиран за жалителот, затоа
што во меѓувреме претпријатието престанало да постои. Дополнително, жалителот не обезбедил
никаков доказ и оттука Судот смета дека е во доменот на шпекуација да оценува дали
оддолжувањето на постапката има некакво негативно влијание на загубата на добивка, како што било
наведено; оттука го одбива ова барање. Од друга страна, и доделува на жалителот 1.600 евра на име
нематеријална штета.
Б. Трошоци
71.
Жалителот исто така бараше 1.420 евра за трошоците кои ги остварила пред домашните
судови. Таа не презентираше никаков документ како поткрепа на своето барање. Таа не побара
надомест на трошоците сторени пред Судот.
72.
Владата не изрази мислење по ова прашање.
73.
Што се однесува до барањето за надомест на трошоците сторени пред домашните судови,
Судот забележува дека тие не биле направени во домашниот правен систем при превенирање или
надомест за наводната повреда обжалена пред Судот (види Milosevic v. Republic of Macedonia,
бр.15056/02, став 34, 20 април 2006). Дополнително, жалителот пропушти да обезбеди било какви
поткрепувачки документи. Соодветно, Судот не доделува износ по овој основ.
74.
Судот смета за соодветно дека затезната камата да се засметува врз основа на најниската
каматна стапка за позајмени средства на Европската Централна Банка, на која треба да се додадат
три проценти
ОД НАВЕДЕНИТЕ ПРИЧИНИ, СУДОТ ЕДНОГЛАСНО
1.
2.
3.
Ја прогласи жалбата за допуштена.
Смета дека има повреда на членот 6 став 1 од Конвенцијата.
Смета
(а) дека односната држава треба да му плати на жалителот, во рок од три месеци по датумот на кој
пресудата ќе стане конечна според членот 44 став 2 од Конвенцијата, 1.600 евра на име на
нематеријална штета, како и било каков издаток кој би можел да биде наплатен, која сума ќе биде
исплатена во националната валута на односната држава според курсот кој се применува на денот на
исплатата.
(б) дека по истекот на погоре споменатите три месеци до исплатата, ќе се засметува камата на
горенаведените износи, по стапка еднаква на најниската стапка за позајмени средства на Европската
централна банка, за периодот до плаќањето плус 3 %.
4. Го отфрла остатокот од барањето на жалителот за правичен надомест.
Claudia WESTERDIEK
Peer LORENZEN
Секретар
Претседател
© Rada Europy / Europejski Trybunał Praw Człowieka, źródło: HUDOC (hudoc.echr.coe.int), pozyskano 13.07.2026. · Źródło