7525/76

WyrokETPCz1983-02-24ECLI:CE:ECHR:1983:0224JUD000752576

Analiza orzeczenia

Sekcja wygenerowana przez AI na podstawie treści orzeczenia — nie stanowi cytatu.

Zagadnienie prawne
Czy i w jakim zakresie skarżącemu przysługuje słuszne zadośćuczynienie na podstawie art. 50 (obecnie art. 41) Konwencji, w szczególności w odniesieniu do szkody niemajątkowej wynikającej z istnienia przepisów karnych dotyczących homoseksualizmu oraz kosztów postępowania?
Ratio decidendi
Trybunał uznał, że samo stwierdzenie naruszenia art. 8 Konwencji w poprzednim wyroku, w połączeniu z późniejszymi zmianami legislacyjnymi w Irlandii Północnej, które dekryminalizowały akty homoseksualne między dorosłymi mężczyznami, stanowiło wystarczające słuszne zadośćuczynienie za szkodę niemajątkową wynikającą z istnienia kwestionowanych przepisów oraz z incydentalnego dochodzenia policyjnego. Trybunał podkreślił, że zadośćuczynienie pieniężne jest przyznawane „jeśli jest to konieczne”, a w tym przypadku cel skarżącego (zmiana prawa) został osiągnięty. W odniesieniu do kosztów, Trybunał zastosował zasadę, że muszą być one faktycznie poniesione, niezbędne i rozsądne, odrzucając te, które nie zostały osobiście poniesione przez skarżącego lub nie były niezbędne.
Stan faktyczny
Skarżący, Jeffrey Dudgeon, złożył skargę przeciwko Zjednoczonemu Królestwu, kwestionując przepisy Irlandii Północnej kryminalizujące akty homoseksualne między dorosłymi mężczyznami. Wcześniejszy wyrok Trybunału z 22 października 1981 r. stwierdził naruszenie art. 8 Konwencji. W niniejszym postępowaniu skarżący domagał się zadośćuczynienia pieniężnego za szkodę niemajątkową wynikającą z istnienia tych przepisów i dochodzenia policyjnego z 1976 r., a także zwrotu kosztów postępowania. Po wyroku z 1981 r. Zjednoczone Królestwo wprowadziło zmiany legislacyjne, dekryminalizując te akty w Irlandii Północnej.
Rozstrzygnięcie
1. Uznaje za niedopuszczalne żądanie słusznego zadośćuczynienia w zakresie, w jakim domaga się ono nakazania Zjednoczonemu Królestwu wydania pisemnego oświadczenia; 2. Uznaje, że Zjednoczone Królestwo powinno zapłacić skarżącemu, za poniesione koszty i wydatki, kwotę trzech tysięcy trzystu piętnastu funtów (£3,315); 3. Oddala pozostałą część żądania.

Pełny tekst orzeczenia

© This translation  was done by the Academy for Judges and Public Prosecutors of the Republic of Macedonia: http://www.jpacademy.gov.mk/Default.aspx?page=29. Permission to re-publish this translation has been granted for the sole purpose of its inclusion in the Court’s database HUDOC.   © Овој превод е изготвен при “Академијата за судии и јавни обвинители на Република Македонија”: http://www.jpacademy.gov.mk/Default.aspx?page=29. Судот доби дозвола повторно да го објави овој превод единствено за да го вклучи во својата база на податоци: HUDOC.           СОВЕТ НА ЕВРОПА   ЕВРОПСКИ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА       СУД (ГОЛЕМ СУДСКИ СОВЕТ)     СЛУЧАЈ: DUDGEON против ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО     (Апликација бр. 7525/76)       ПРЕСУДА           СТРАЗБУР     24 февруари 1983 година Во случајот Dudgeon, Европскиот суд за човекови права, заседавајќи, во согласност со член 43 (чл. 43) од Конвенцијата за заштита на човековите права и основните слободи („Конвенцијата“) и релевантните одредби од Деловникот на Судот[*], како Голем судски совет, составен од следниве судии: г. R. RYSSDAL, Претседател, г. J. CREMONA, г. D. EVRIGENIS, г. F. MATSCHER, г. J. PINHEIRO FARINHA, г. B. WALSH, Сер Vincent EVANS, Судии, како и г. M.-A. EISSEN, Секретар, и г. H. PETZOLD, Заменик-секретар, Расправајќи на затворени седници на 1 октомври, 23 и 24 ноември 1982 година, и на 29 јануари 1983 година, Ја донесе следнава пресуда, која беше усвоена на последниот наведен датум, во врска со примената во овој конкретен случај на член 50 (чл. 50) од Конвенцијата:       ПОСТАПКА И ФАКТИ   1. Случајот Dudgeon беше поднесен до Судот од страна на Европската комисија за човекови права („Комисијата“) во јули 1980 година. Случајот беше инициран со жалбата против Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска поднесена до Комисијата на 22 мај 1976 година од страна на државјанинот на Обединетото Кралство, г. Jeffrey Dudgeon. 2. На 30 јануари 1981 година, Големиот судски совет, формиран со цел да ги сослуша фактите за случајот, се откажа од својата надлежност во корист на Пленарниот суд (правило 48 од Деловникот на Судот). Во пресуда од 22 октомври 1981 година, Пленарниот суд утврди, меѓу другото, дека жалителот бил жртва на повреда на член 8 (чл. 8) од Конвенцијата поради тоа што во Северна Ирска постоеле закони според кои одредени хомосексуални акти извршени во приватност меѓу согласни возрасни мажи се сметале за кривични дела (Серија А, бр. 45, точка 1 од оперативните одредби и во ставовите 37-63 од причините, стр. 27 и 17 - 25). Единственото отворено прашање за кое треба да се донесе решение во овој конкретен случај е прашањето за примената на член 50 (чл. 50). Следствено на тоа, што се однесува до фактите, Судот овде се ограничи само на наведување на релевантните детали; за дополнителни детали, видете ги ставовите 13 - 33 од горенаведената пресуда (ibid., стр. 7 - 16). 3. На рочиштето кое се одржа на 23 април 1981 година, адвокатот на жалителот изјави дека, доколку Судот утврди повреда на Конвенцијата, неговиот клиент ќе побара правичен надомест на штета врз основа на член 50 (чл. 50), со цел да добие паричен надомест за претрпената штета, како и за направените судски и други трошоци. Владата на Обединетото Кралство („Владата“), од своја страна, немаше никаков став во однос на тоа прашање. Во својата пресуда од 22 октомври 1981 година, Судот го повлече целото тоа прашање во однос на примената на член 50 (чл. 50) и го врати назад на Големиот судски совет во согласност со правилото 50 § 4 од Деловникот на Судот. Истиот ден, Големиот судски совет ја повика Комисијата да достави, во текот на наредните два месеци, писмени забелешки во врска со тоа прашање, вклучувајќи и известување за можното пријателско порамнување меѓу Владата и жалителот (ibid., стр. 48). 4. По двете продолжувања на гореспоменатиот временски рок од страна на Претседателот на Големиот судски совет и во согласност со неговите наредби и насоки, следниве документи беа доставени до регистарот: - на 17 мај 1982 година, забелешки изготвени од страна на Делегатите на Комисијата, во прилог на кои, меѓу другото, беа наведени и детали од барањето на жалителот; - на 6 август 1982 година, белешка од Владата; - на 15 септември 1982 година, одговор од страна на Делегатите во врска со прашањето покренато од страна на Владата во белешката; - на 15 октомври 1982 година, преку Секретарот до Комисијата, забелешки изготвени од страна на жалителот во врска со горенаведената белешка од Владата; - на 15 ноември 1982 година, коментари на Владата во врска со забелешките на жалителот. На 8 ноември 1982 година и на 11 јануари 1983 година, Секретаријатот на Комисијата достави до Секретарот дополнителни писмени забелешки од г. Dudgeon, кои тој ги доставил до Комисијата по сопствена иницијатива. Овие најразлични документи откриваат дека не било можно да се дојде до пријателско порамнување. Делегатите не се изјасниле за основаноста на барањето на жалителот, кое може да се резимира на следниов начин: - за претрпена штета како резултат на полициска истрага спроведена во 1976 година, паричен надомест од £ 5.000; - за претрпена штета поради постоење на закони кои биле успешно обжалени, паричен надомест од £ 10.000, како и писмена изјава од Владата дека, доколку некогаш г. Dudgeon аплицира за вработување во државната администрација, тој нема да биде дискриминиран врз основа на неговата хомосексуалност или поради тоа што поднел претставка до Комисијата; - надомест за детално наведените трошоци во висина од £ 4.655. Дополнителни детали во врска со барањето се дадени подолу во делот „Во однос на правото“. 5. Врз основа на пресудата на Судот од 22 октомври 1981 година и на иницијативата на Владата, беше изготвена Уредба, насловена како Уредба за хомосексуални кривични дела (Северна Ирска) од 1982 година (The Homosexual Offences (Northern Ireland) Order 1982). Со одредени исклучоци во однос на пациентите со нарушено ментално здравје, припадниците на вооружените сили и морнарите - трговци, крајниот резултат на оваа Уредба, која стапи во сила на 9 декември 1982 година, беше „декриминализација“ во Северна Ирска на хомосексуалните акти извршени во приватност меѓу двајца согласни мажи на возраст од 21 година и повеќе. Со Уредбата се усогласува релевантното законодавство во Северна Ирска со она законодавство кое се применува во останатиот дел на Обединетото Кралство (види ја гореспоменатата пресуда од 22 октомври 1981 година, стр. 9-10, § § 16-18). 6. По консултациите, преку Секретарот, со владиниот Агент и Делегатите на Комисијата, Големиот судски совет одлучи на 1 Октомври 1982 година дека не било побарано да се свикаат и одржат рочиштата. 7. г. J. Cremona, г. F. Matscher и г. B. Walsh, во својство на судии - заменици, ги заменија г. Thór Vilhjálmsson, г. G. Lagergren и г. L. Liesch, кои беа спречени да учествуваат во натамошното разгледување на случајот (правило 22 § 1 и правило 24 § 1 од Деловникот на Судот).     ВО ОДНОС НА ПРАВОТО   8. Член 50 (чл. 50) од Конвенцијата предвидува:   „Кога Судот ќе утврди дека одлуката или мерката преземена од страна на судскиот орган или било кој друг орган на Високата договорна страна е целосно или делумно во судир со обврските кои произлегуваат од оваа Конвенција, и доколку внатрешното право на засегнатата страна овозможува само делумна репарација на штетата на последиците од оваа одлука или мерка, со одлуката на Судот, доколку е потребно, ќе се додели правичен надомест на оштетената страна.“   9. Жалителот побарал правичен надомест за штетата која наводно тој ја претрпел поради постоењето на оспорената законска регулатива како и поради полициската истрага врз него спроведена во 1976 година, но и за направените судски и други трошоци. Ваквите различни ставки ќе бидат разгледани одделно.     I. ШТЕТА НАВОДНО ПРЕДИЗВИКАНА ОД САМОТО ПОСТОЕЊЕ НА ОСПОРЕНАТА ЗАКОНСКА РЕГУЛАТИВА   10. Жалителот тврди дека, како последица на законите за кои Судот утврдил дека не се во согласност со член 8 (чл. 8) од Конвенцијата, тој претрпел „значителна штета во текот на многу години“ во форма на: - психолошка штета, - штета во поглед на неговите односи со неговото семејство и со општеството, - неисполнување на личниот потенцијал, - повреда на угледот, и - губење на капацитетот за заработка. Жалителот ја предложил сумата од £ 10.000 како соодветна сума за надомест на штетата. Владата изрази сомнеж за степенот до кој наводната штета би можело да се рече дека произлегува од постоењето на оспорената законска регулатива; Владата упати на тоа дека многу од потешкотиите образложени во поднесоците на жалителот произлегуваат од неодобрувањето од страна на општеството на хомосексуалноста, а не од постоењето на законите кои се доведени во прашање. Како главен поднесок на Владата, таа го повика Судот да утврди дека со неговата пресуда од 22 октомври 1981 година е доделен правичен надомест на штета за жалителот, без потребата за паричен надомест. Од друга страна пак, Владата тврди дека сумата од £ 10.000 е прекумерно висока во дадените околности. 11. Постоењето на законите кои се доведени во прашање несомнено предизвика кај жалителот барем одреден степен на страв и психолошка вознемиреност; тоа е јасно од основите врз кои Судот утврди повреда на член 8 (чл. 8) (види стр. 17, 18 и 24, § § 37, 40, 41 и 60 од гореспоменатата пресуда од 22 октомври 1981 година, Серија А, бр. 45). Сепак, правичен надомест на штета ќе се додели само „доколку е потребно“, а за ова прашање Судот треба да одлучи во согласност со своето дискреционо право, имајќи го предвид она што е правично (види ја пресудата за случајот на Sunday Times од 6 ноември 1980 година, Серија А, бр. 38 , стр. 9, § 15, во заклучокот). 12. Неоправданото вмешување во врска со правото на г. Dudgeon за почитување на неговиот приватен живот се состои во „останувањето во сила на оспорената законска регулатива поради тоа што истата го има општиот ефект на криминализација на личните хомосексуални односи меѓу возрасни мажи способни за давање валидна согласност“ (Серија А, бр. 45, стр. 24, § 61). Владата заклучи од пресудата од 22 октомври 1981 година дека законите кои се доведени во прашање не може да се каже дека секогаш се спротивни на Конвенцијата, туку дека не се во чекор со менливите стандарди за почитување на приватниот живот според член 8 (чл. 8). Ставот 60, на кој Владата се потпира, навистина ги поддржа нивните тврдења (ibid., стр. 23-24). Врз основа на претходната пресуда на Судот, беше изготвена Уредба со која законодавството на Северна Ирска се усогласи со законодавството кое се применува во останатиот дел на Обединетото Кралство (види став 5 погоре). 13. Жалителот не прифати дека наведената возраст од 21 година во новиот закон целосно го задоволува неговото барање врз основа на член 8 (чл. 8). Сепак, во рамките на постапката за примената на член 50 (чл. 50), задачата на Судот е ограничена на донесување на одлука за доделување на правичен надомест на штета, доколку постои можност за тоа, врз основа на неговата одлука во врска со суштинските прашања на овој случај. 14. Во врска со прашањето за возраста за давање на согласност, треба да се смета дека г. Dudgeon ја постигнал својата цел со тоа што осигурал измени на законодавството на Северна Ирска. Со тоа, но исто така имајќи ја предвид и природата на утврдената повреда, Судот смета дека во однос на овој основ од барањето, пресудата од 22 октомври 1981 година предвидува соодветен правичен надомест на штета за целите на член 50 (чл. 50), без да биде „неопходно“ да се додели паричен надомест (види ја, на пример, mutatis mutandis, пресудата за случајот Le Compte, Van Leuven и De Meyere од 18 октомври 1982 година, Серија А, бр. 54, стр. 8, § 16). 15. Покрај паричниот надомест, жалителот првично побарал и формална писмена изјава од Владата дека доколку тој некогаш аплицира за вработување во државната администрација во Северна Ирска, нема да биде дискриминиран врз основа на неговата хомосексуалност или поради тоа што поднел претставка до Комисијата. По доставувањето на овој поднесок, тој бил поставен на работно место во државната администрација на Северна Ирска. Тој, сепак, останал на неговото барање, сметајќи дека истото „не е неразумно во услови на актуелна несигурна економска состојба во Обединетото Кралство во целост, но и конкретно во Северна Ирска“. Судот не е овластен според Конвенцијата да и нареди на договорната држава да даде писмена изјава каква што бара жалителот (види ја, на пример, mutatis mutandis, горенаведената пресуда за случајот Le Compte, Van Leuven и De Meyere од 18 октомври 1982 година, Серија А, бр. 54, стр. 7, § 13).     II. ШТЕТА НАВОДНО ПРЕДИЗВИКАНА ОД ПОЛИЦИСКАТА ИСТРАГА   16. Жалителот тврди дека полициската истрагата врз него спроведена во 1976 година (види ја пресудата од 22 октомври 1981 година, Серија А, бр. 45, стр. 15, § 33) предизвикала кај него болка, страдање, вознемиреност и непријатност. Тој ја предложил сумата од £ 5.000 како соодветна сума за надомест на штетата. Како главен поднесок на Владата, таа го повика Судот да утврди дека, исто така по овој основ, пресудата од 22 октомври 1981 година предвидува доволен правичен надомест на штета. Од друга страна пак, Владата тврди дека сумата од £ 5.000 била прекумерно висока. 17. Како последица од постоењето на оспорената законска регулатива, полицијата имаше задача да го испита можното сторување на кривично дело. Не постои упатување дека во овој конкретен случај полицијата воопшто постапувала незаконски според домашното законодавство. Исто така, г. Dudgeon, кој не бил под никаква правна принуда, можел да го одбие нивното барање да ги придружува до полициската станица. Оттука, Судот не го прифати тврдењето на жалителот дека неговата позиција била слична на онаа на лицата кои се неправедно притворени. Сепак, испрашувањето на жалителот во врска со тоа дали тој лично извршил незаконски хомосексуални акти со други мажи на возраст над 21 година, како и за заплената на неговите лични документи, претставува упад во неговиот приватен живот. Произлегува, од пресудата на Судот од 22 октомври 1981 година, дека ваквиот упад бил неоправдан, во смисла на член 8 (чл. 8) од Конвенцијата. Покрај тоа, тој бил соочен со можноста за кривично гонење повеќе од една година. Оттука, Судот е убеден дека барем одреден степен на наводната болка, страдање, вознемиреност и непријатност бил претрпен. 18. Полициската истрага спроведена во 1976 година, сепак, едноставно била посебна мерка на имплементација во согласност со законите кои овозможуваат ваков вид на упад во приватниот живот на жалителот; нејзиното значење се состои во тоа што било утврдено дека заканата против него била вистинска (ibid., стр. 19, § 41, во заклучокот). Пресудата од 22 октомври 1981 година предизвика измена на законите кои беа доведени во прашање (види став 5 погоре) и, ако навистина се смета дека имало повреда на член 8 (чл. 8), му додели на г. Dudgeon соодветен правичен надомест за штетата предизвикана од нивното постоење (види став 14 погоре). Во овие посебни околности, дополнителниот елемент на штетата претрпена како последица на полициската истрага не е таков за да се побара дополнителен надомест преку можноста за правичен надомест на штета.     III. ТРОШОЦИ   19. Жалителот побарал вкупна сума од £ 4.655 за судски и други трошоци кои се однесуваат на постапките водени пред Комисијата и Судот.   А. Вовед   20. Трошоците и издатоците се надоместуваат во согласност со член 50 (чл. 50), под услов истите да се направени од страна на оштетената страна, со цел да се побара, преку домашниот правен поредок, спречување или отстранување на повреда и истите да се утврдени од страна на Комисијата, а подоцна и од страна на Судот или да се добие надомест за истите (види ја, меѓу другото, пресудата за случајот Neumeister од 7 мај 1974 година, Серија А, бр. 17, стр. 20-21, § 43). Покрај тоа, мора да се утврди дека трошоците и издатоците биле направени вистински, дека истите биле неопходни, но исто така и разумни по обем (види ја, меѓу другото, горенаведената пресуда за случајот на Sunday Times, Серија А, бр. 38, стр. 13 - 18, § § 23-42). 21. Во поднесокот на Владата, поради тоа што одредени ставки од трошоците биле всушност подмирени од страна на Асоцијацијата за правата на хомосексуалците во Северна Ирска („NIGRA“), таквите трошоци не може да бидат надоместени бидејќи истите не биле направени лично од страна на жалителот. Судот не се согласува со ваквиот начин на расудување и аргументирање. Како што посочил г. Dudgeon и врз основа на ставот наведен веднаш подолу, судските трошоци за неговиот случај биле направени од негова страна, во смисла дека тој, како клиент, бил законски должен да ги исплати своите адвокати на договорена основа. Во целост приватните договори кои тој ги направил за да ги покрие своите финансиски обврски кон своите адвокати не се предмет на разгледување за целите на член 50 (чл. 50). Таквите приватни договори треба да се разликуваат од ситуацијата во која адвокатот ќе прифати да постапува на основа на исплата само на оние трошоци утврдени од страна на Комисијата според шемата за правна помош, така што жалителот нема никаква должност да плати било каков трошок или било каков дополнителен трошок (види го прилогот кон Деловникот за работа на Комисијата и пресудата за случајот Luedicke, Belkacem и Koç од 10 март 1980 година, Серија А, бр. 36, стр. 8, § 15). Слично расудување важи и за другите побарани трошоци.   Б. Судски трошоци   1. Пред Комисијата   22. Жалителот побарал сума од £ 1.805 за професионални услуги добиени од неговите тогашни правни советници пред да му се додели правна помош од страна на Комисијата, која била ефикасна само од датумот на донесување на одлуката за допуштеност (3 март 1978 година). Од таа сума, трошоци во висина од £ 1.290 биле исплатени врз основа на договорот за исплата по видување, односно, тие трошоци можеле да бидат исплатени само ако жалбата е прогласена за допуштена. Според домашното законодавство на Северна Ирска, договорот за исплата на судски трошоци за спорни предмети по видување би бил неприменлив за клиентот. Следствено, г. Dudgeon нема никаква правна обврска да ги плати тие трошоци, ниту пак, поради тоа што истите биле подмирени во негово име од страна на NIGRA, тој воопшто ги платил. Оттука, не може да се каже дека, во која било смисла, тој всушност ги направил овие трошоци. Во однос на останатите ставки, Судот нема причина да се сомнева дека истите биле направени вистински, дека биле неопходни и разумни по обем. Накусо, по овој основ, Судот доделува £ 515.   2. Пред Судот   23. Жалителот побарал надомест на трошоци во износ од £ 500 за исплата на помладиот правен советник и £ 1.150 за исплата на вишиот правен советник во фазата на утврдување на основаноста на случајот, како и £ 460 за исплата на помладиот правен советник во фазата која се однесува на примената на член 50 (чл. 50). Првите две побарани ставки, според договорот, биле наплатени во прилог на вкупниот износ од 11,835.92 француски франци доделени од страна на Комисијата како правна помош; не било извршено плаќање за правната помош во врска со постапката која се однесува на примената на член 50 (чл. 50). 24. Ниту Комисијата, освен како што е наведено погоре (во став 21), ниту Владата не укажа на тоа дека жалителот нема никаква одговорност за трошоците кои ја надминуваат висината и се повисоки од оние суми опфатени со правната помош (види ја, меѓу другото, пресудата за случајот Airey од 6 февруари 1981 година, Серија А, бр. 41, стр. 9, § 13). Во вакви околности, Судот нема причина да се сомнева дека бараните трошоци всушност биле направени вистински, дека истите биле неопходни и разумни по обем. Во врска со второнаведеното, треба да се напомене дека сумата од 11,835.92 француски франци наведена погоре вклучува и сума од 10,135.92 француски франци за трошоци и расходи, споредена со сумата од 1.700 француски франци наменета само за исплата на трошоци за адвокатите, при што адвокатот назначен од страна на жалителот постапувал без надомест.   В. Административни трошоци   25. Износ од £ 150, покрај сумата од 230 француски франци добиени како правна помош од Комисијата за исплати во готово, бил побаран за покривање на трошоците за фотокопирање, поштенски и телефонски трошоци во врска со подготовките за рочиштата пред Судот и за поднесоците според член 50 (чл. 50). Во вакви околности, Судот нема причина да се сомнева дека дополнителните трошоци всушност биле направени вистински, дека истите биле неопходни и разумни по обем.   Г. Други трошоци   26. По овој основ, жалителот побарал најпрво сума од £ 540 за надомест на трошоци за патување и сместување направени заради учество на четири конференции во Лондон заедно со неговите правни советници. Владата не ја оспори потребата од нивно присуство на три конференции и соодветно на тоа ја изрази својата подготвеност да ги покрие направените трошоци, под услов тие трошоци да биле всушност платени од страна на жалителот, а не од страна на NIGRA (повеќе за ова, види став 21 погоре). Во вакви околности, Судот нема причина да се сомнева дека сите побарани трошоци всушност биле направени вистински, дека истите биле неопходни и разумни по обем. 27. На крајот, износ од £ 50 бил побаран за надомест на трошоци за патување и сместување на експертот кој дошол во Стразбур по барање на жалителот за рочиштето кое се одржало на 23 април 1981 година. Барањето на жалителот експертот за кој станува збор да биде сослушан како сведок било поднесено краток временски рок пред одржување на рочиштето и истото не било поддржано ниту од Комисијата ниту од Владата. Судот не се согласи со предлогот, но дури и да дадеше согласност, постоеше можност да се прибават докази од експертот подоцна, или на датумот на сослушување, пред Судот во целосен состав (правило 38 § 1 во врска со правилото 48 § 3) или преку еден од нејзините членови кој би бил испратен за таа цел (правило 38 § 2 во врска со правилото 48 § 3). Оттука, присуството на експертот во Стразбур на 23 април 1981 година не било од суштинско значење, а дополнителните трошоци не може да се смета дека биле неопходни.     ОД ОВИЕ ПРИЧИНИ, СУДОТ ЕДНОГЛАСНО   1. Го прогласи за недопуштено барањето за правичен надомест на штетата поради тоа што во него се бара наредба за давање писмена изјава од страна на Обединетото Кралство;   2. Смета дека Обединетото Кралство треба да му исплати на жалителот, за направените трошоци и издатоци, износ од три илјади триста и петнаесет фунти (£ 3.315);   3. Го отфрли останатиот дел од барањето.     Изготвена на англиски и француски јазик, при што англискиот текст е автентичен, во Зградата на човековите права во Стразбур, на 24 февруари 1983 година.       Rolv RYSSDAL Претседател Marc-André EISSEN Секретар [*] Забелешка од страна на Секретарот: Тоа е, верзијата на Деловникот на Судот која се применувала кога била поведена постапката. Ревидираната верзија на Деловникот на Судот стапи на сила на 1 јануари 1983 година, но се применува само за оние случаи кои биле доставени до Судот по тој датум.

© Rada Europy / Europejski Trybunał Praw Człowieka, źródło: HUDOC (hudoc.echr.coe.int), pozyskano 13.07.2026. · Źródło